свр Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svr-ohrid/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Apr 2024 16:27:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свр Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svr-ohrid/ 32 32 Мицкоски: Просторот на СВР Охрид ќе се уреди со убав парк, а подземно ќе има катна гаража https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-prostorot-na-svr-ohrid-ke-se-uredi-so-ubav-park-a-podzemno-ke-ima-katna-garazha/ Thu, 25 Apr 2024 16:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=771064

Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража, oбјави лидеро Христијан Мицкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=NZFPuF58Lfo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните. Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека. Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија.

 

The post Мицкоски: Просторот на СВР Охрид ќе се уреди со убав парк, а подземно ќе има катна гаража appeared first on Република.

]]>

Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража, oбјави лидеро Христијан Мицкоски. https://www.youtube.com/watch?v=NZFPuF58Lfo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните. Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека. Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија.
 

The post Мицкоски: Просторот на СВР Охрид ќе се уреди со убав парк, а подземно ќе има катна гаража appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Преземаме мерки со цел СВР Охрид да биде преместен во нови посоодветни простории https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-prezemame-merki-so-tsel-svr-ohrid-da-bide-premesten-vo-novi-posoodvetni-prostorii/ Sun, 21 Apr 2024 17:56:08 +0000 https://republika.mk/?p=768998

„При неодамнешната посета на СВР Охрид од страна на раководството бев запознаен со проблемот со просторните услови за работа на вработените, како и недостатокот на паркинг простор и тесниот пристап до постоечкиот објект особено во летниот период кога има голем број на туристи во градот. Воедно, бев инфомиран дека со одлука на Владата во 2022 година на МВР се доделени дел од објектите во касарната во Охрид кои не се користат.

Во тој контекст заедно со Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид и пратеникот и носител на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5, Ѓорѓија Сајкоски извршивме увид на објектите во касарната и заклучивме дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во координација со МВР и Општина Охрид ќе ги преземе сите неопходни мерки за реконструкција на објектот со цел СВР Охрид да биде преместен во нови, подобрени и посоодветни простории за работа, а на местото на постоечкиот објект каде во моментот се наоѓа СВР Охрид да се изгради катна гаража и парк за рекреација на граѓаните“, објави Тошковски.

The post Тошковски: Преземаме мерки со цел СВР Охрид да биде преместен во нови посоодветни простории appeared first on Република.

]]>

„При неодамнешната посета на СВР Охрид од страна на раководството бев запознаен со проблемот со просторните услови за работа на вработените, како и недостатокот на паркинг простор и тесниот пристап до постоечкиот објект особено во летниот период кога има голем број на туристи во градот. Воедно, бев инфомиран дека со одлука на Владата во 2022 година на МВР се доделени дел од објектите во касарната во Охрид кои не се користат. Во тој контекст заедно со Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид и пратеникот и носител на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5, Ѓорѓија Сајкоски извршивме увид на објектите во касарната и заклучивме дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во координација со МВР и Општина Охрид ќе ги преземе сите неопходни мерки за реконструкција на објектот со цел СВР Охрид да биде преместен во нови, подобрени и посоодветни простории за работа, а на местото на постоечкиот објект каде во моментот се наоѓа СВР Охрид да се изгради катна гаража и парк за рекреација на граѓаните“, објави Тошковски.

The post Тошковски: Преземаме мерки со цел СВР Охрид да биде преместен во нови посоодветни простории appeared first on Република.

]]>
Тошковски: СВР Охрид треба да биде во поголем објект, кој ќе биде на соодветна локација која ќе овозможи поефикасно работење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-svr-ohrid-treba-da-bide-vo-pogolem-objekt-koj-ke-bide-na-soodvetna-lokatsija-koja-ke-ovozmozhi-poefikasno-rabotene/ Fri, 19 Apr 2024 16:44:33 +0000 https://republika.mk/?p=768141

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работни посети на Секторот за внатрешни работи Охрид, Езерската и Сообраќајната полиција како и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Свети Наум каде одржа работни состаноци со раководствата на овие организациски единици.

СВР Охрид покрива 7 општини и во првото тромесечие од 2024 година се забележува стабилна безбедносна состојба со намалување од 13.5% на бројот на кривични дела во однос на првото тромесечиче во 2023 година на подрачјето кое го покрива.

„Во делот на спроведувањето на изборите кои ни претстојат, СВР Охрид има изготвено план и е спремен за справување со безбедносните предизвици кои ги носат изборите. Од аспект на човечки ресурси, пополнетоста е на незадоволителни 52%. Имајќи го предвид фактот дека Охрид е популарна туристичка дестинација во летниот период, има потреба од дополнителн број на полициски службеници и проширување на капацитетите, особено на полициската канцеларија во Пештани. Исто така, треба да се размислува за дислоцирање на СВР Охрид во поголем објект кој ќе биде на соодветна локација која ќе овозможи поефикасно работење“, потенцираше министерот Тошковски.

Што се однесува до Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, министерот Тошковски беше информиран дека ја покриваат сината граница во должина од 23.4 километри и постапуваат во делот на илегална миграција, прекуграничен криминал по воден пат на охридското езеро, контрола на внатрешната пловидба како и санкционирање на незаконит риболов. Во тој контекст се соочуваат со недостиг на обучени полициски службеници со соодветни дозволи за управување на пловни објекти, како и немање на договор со економски оператор за сервисирање на пловните објекти.

„Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Свети Наум покрај тековните активности во летниот период врши проверки и на езерскиот сообраќај преку отворање на привремен граничен премин за туристички посети. Се соочуваат со недостаток на човечки ресурси, а ја истакнаа и потребата од подобра едукација и обука на кадрите кои се распоредуваат во организациските единици кои се дел од граничната полиција.“, подвлече Тошковски.

The post Тошковски: СВР Охрид треба да биде во поголем објект, кој ќе биде на соодветна локација која ќе овозможи поефикасно работење appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работни посети на Секторот за внатрешни работи Охрид, Езерската и Сообраќајната полиција како и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Свети Наум каде одржа работни состаноци со раководствата на овие организациски единици. СВР Охрид покрива 7 општини и во првото тромесечие од 2024 година се забележува стабилна безбедносна состојба со намалување од 13.5% на бројот на кривични дела во однос на првото тромесечиче во 2023 година на подрачјето кое го покрива. „Во делот на спроведувањето на изборите кои ни претстојат, СВР Охрид има изготвено план и е спремен за справување со безбедносните предизвици кои ги носат изборите. Од аспект на човечки ресурси, пополнетоста е на незадоволителни 52%. Имајќи го предвид фактот дека Охрид е популарна туристичка дестинација во летниот период, има потреба од дополнителн број на полициски службеници и проширување на капацитетите, особено на полициската канцеларија во Пештани. Исто така, треба да се размислува за дислоцирање на СВР Охрид во поголем објект кој ќе биде на соодветна локација која ќе овозможи поефикасно работење“, потенцираше министерот Тошковски. Што се однесува до Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, министерот Тошковски беше информиран дека ја покриваат сината граница во должина од 23.4 километри и постапуваат во делот на илегална миграција, прекуграничен криминал по воден пат на охридското езеро, контрола на внатрешната пловидба како и санкционирање на незаконит риболов. Во тој контекст се соочуваат со недостиг на обучени полициски службеници со соодветни дозволи за управување на пловни објекти, како и немање на договор со економски оператор за сервисирање на пловните објекти. „Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Свети Наум покрај тековните активности во летниот период врши проверки и на езерскиот сообраќај преку отворање на привремен граничен премин за туристички посети. Се соочуваат со недостаток на човечки ресурси, а ја истакнаа и потребата од подобра едукација и обука на кадрите кои се распоредуваат во организациските единици кои се дел од граничната полиција.“, подвлече Тошковски.

The post Тошковски: СВР Охрид треба да биде во поголем објект, кој ќе биде на соодветна локација која ќе овозможи поефикасно работење appeared first on Република.

]]>