СВР Битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svr-bitola/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 08:55:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СВР Битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svr-bitola/ 32 32 Kривични пријави за подметнати пожари против осум лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichni-prijavi-za-podmetnati-pozhari-protiv-osum-litsa/ Tue, 24 Sep 2024 08:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=819204

СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, сторени во периодот од 15.06.2024 до 23.09.2024.

СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Г.А.(75) од Битола затоа што на 17.08.2024 запалил оган во просторот помеѓу дворот и градината до неговата куќа во с.Облаково, битолско, со намера да го изгори сметот, со што предизвикал пожар. СВР Битола поднесе кривична пријава и против Л.М.(53) од Битола затоа што на 10.08.2024, додека заварувал со апарат за заварување и сечел со брусалка, не го обезбедил местото и од искра предизвикал пожар на сува трева на гробиштата во с.Кременица, битолско.

ОВР Крушево, до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ш.(56) од с.Пуста Река, крушевско, затоа што во дворот истурила пепелник од шпорет со жар, при што настанал пожар на сува трева, кој зафатил и плевна и борова шума над с.Пуста Река.

ОВР Македонски Брод до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Т.Д.(57) од Прилеп затоа што на 05.08.2024 бил затекнат на место каде настанал пожар и кај него биле пронајдени предмети со кои го предизвикал пожарот. ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К.(54) од с.Штавица, прилепско, затоа што на 05.08.2024 запалил сува трева во својот имот, а огнот се проширил и зафатил сува трева во соседните парцели.

ОВР Ресен, до ОЈО Ресен поднесе кривична пријава против A.М.(43), М.П.(40) од Ресен и Ф.А.(52) од с.Алданци, крушевско. На 16.08.2024 ,А.М. ,поттикнат од второ и трето осомничениот, со шише бензин подметнал пожар кај помошната просторија кај место викано „Старски дом“, каде што живеат повеќе семејства. На тој начин тој го сторил делото „предизвикување на општа опасност“, казниво по член 288 во врска со член 23 од Кривичниот законик.

The post Kривични пријави за подметнати пожари против осум лица appeared first on Република.

]]>

СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, сторени во периодот од 15.06.2024 до 23.09.2024. СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Г.А.(75) од Битола затоа што на 17.08.2024 запалил оган во просторот помеѓу дворот и градината до неговата куќа во с.Облаково, битолско, со намера да го изгори сметот, со што предизвикал пожар. СВР Битола поднесе кривична пријава и против Л.М.(53) од Битола затоа што на 10.08.2024, додека заварувал со апарат за заварување и сечел со брусалка, не го обезбедил местото и од искра предизвикал пожар на сува трева на гробиштата во с.Кременица, битолско. ОВР Крушево, до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ш.(56) од с.Пуста Река, крушевско, затоа што во дворот истурила пепелник од шпорет со жар, при што настанал пожар на сува трева, кој зафатил и плевна и борова шума над с.Пуста Река. ОВР Македонски Брод до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Т.Д.(57) од Прилеп затоа што на 05.08.2024 бил затекнат на место каде настанал пожар и кај него биле пронајдени предмети со кои го предизвикал пожарот. ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К.(54) од с.Штавица, прилепско, затоа што на 05.08.2024 запалил сува трева во својот имот, а огнот се проширил и зафатил сува трева во соседните парцели. ОВР Ресен, до ОЈО Ресен поднесе кривична пријава против A.М.(43), М.П.(40) од Ресен и Ф.А.(52) од с.Алданци, крушевско. На 16.08.2024 ,А.М. ,поттикнат од второ и трето осомничениот, со шише бензин подметнал пожар кај помошната просторија кај место викано „Старски дом“, каде што живеат повеќе семејства. На тој начин тој го сторил делото „предизвикување на општа опасност“, казниво по член 288 во врска со член 23 од Кривичниот законик.  

The post Kривични пријави за подметнати пожари против осум лица appeared first on Република.

]]>
За пожарите во Битола ќе се гонат четири лица и една фирма https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-pozharite-vo-bitola-ke-se-gonat-chetiri-litsa-i-edna-firma/ Sat, 14 Sep 2024 09:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=816270

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице за пожари предизвикани во периодот од 15 јуни до 10 септември годинава. Според Министерството за внатрешни работи, пријавите се за „предизвикување општа опасност“.

Првата кривична пријава е поднесена против Ѓ.Д. (70) од Битола, кој на 29 јули запалил оган во своја нива во село Братиндол, со цел да уништи инсекти, по што поради ветрот огнот се проширил и во соседните ниви.

Втората пријава е против Т.И. (27) од село Кременица, кој на 4 септември запалил стрниште во атарот на селото, а третата е против правно лице, бидејќи на 3 август во село Стрежево од искрење на жиците кои биле паднати од бандера во сопственост на пријавеното правно лице, предизвикан е пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја.

Четвртата пријава е против Р.Р. (58) со привремен престој во Битола, кој на 4 август запалил плевна во село Црнеец, а пожарот се проширил на околната сува трева. Пријава е поднесена и против П.Б. (46) од Битола, кој на 4 август 2024 година запалил скара во близина на своето лозје во село Лопатица, што предизвикало пожар.

Сите пријавени се товарат за „предизвикување општа опасност“ според член 288, став 1 од Кривичниот законик.

The post За пожарите во Битола ќе се гонат четири лица и една фирма appeared first on Република.

]]>

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице за пожари предизвикани во периодот од 15 јуни до 10 септември годинава. Според Министерството за внатрешни работи, пријавите се за „предизвикување општа опасност“. Првата кривична пријава е поднесена против Ѓ.Д. (70) од Битола, кој на 29 јули запалил оган во своја нива во село Братиндол, со цел да уништи инсекти, по што поради ветрот огнот се проширил и во соседните ниви. Втората пријава е против Т.И. (27) од село Кременица, кој на 4 септември запалил стрниште во атарот на селото, а третата е против правно лице, бидејќи на 3 август во село Стрежево од искрење на жиците кои биле паднати од бандера во сопственост на пријавеното правно лице, предизвикан е пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја. Четвртата пријава е против Р.Р. (58) со привремен престој во Битола, кој на 4 август запалил плевна во село Црнеец, а пожарот се проширил на околната сува трева. Пријава е поднесена и против П.Б. (46) од Битола, кој на 4 август 2024 година запалил скара во близина на своето лозје во село Лопатица, што предизвикало пожар. Сите пријавени се товарат за „предизвикување општа опасност“ според член 288, став 1 од Кривичниот законик.

The post За пожарите во Битола ќе се гонат четири лица и една фирма appeared first on Република.

]]>
Поднесена кривична пријава против раководителите на СВР Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/podnesena-krivichna-prijava-protiv-rakovoditelite-na-svr-bitola/ Tue, 14 Nov 2023 12:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=701444

Синдикатот на полиција во Македонија денеска поднесе кривична пријава против три лица од СВР Битола заради, како што велат, основано сомнение дека сите пријавени сториле исто кривично дело „повреда на правата од работен однос“ по член 166 став 1 и кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ.

Пријавените во својство на службени лица – раководители во Министерство за внатрешни работи – СВР Битола и тоа првопријавениот како командир на ПО за БПС Крушево, второпријавениот како началник на СВР Битола и третопријавениот како началник на ОВР Крушево со тоа што свесно не се придржувале кон закон или друг пропис на оштетената М.В. од Крушево и повредиле, одземале и ограничиле право што му припаѓа на работникот. Со тоа и нанеле материјална штета, со неизвршување и пречекорување на службената положба и овластувања кои ги имале како раководни лица во организациската единица во рамките на Министерството за внатрешни работи - СВР Битола, ОВР Крушево, ПО за БПС Крушево, соопшти Синдикатот.

Според нив, во конкретниот случај иако до тој момент од страна на надлежниот јавен обвинител воопшто немало никаков основ за започнување на кривична постапка сите наведени незаконито преземале мерки и дејствија спротивно на одредбите од ЗКП.

Ја повикуваме внатрешната контрола во МВР да го истражи случајот, да преземе мерки лично, а не да задолжи друга организациона единица во МВР да и ја врши нејзината работа како што до сега и е пракса. Го повикуваме министерот за внатрешни работи и директорот на БЈБ исто така да го истражат случајот и што побргу да добие разрешница, потенцираат од Синдикатот.

The post Поднесена кривична пријава против раководителите на СВР Битола appeared first on Република.

За два месеца уапсени 62 дилери на дрога во Битола и Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-dva-mesetsa-uapseni-62-dileri-na-droga-vo-bitola-i-prilep/ Thu, 23 Mar 2023 10:09:05 +0000 https://republika.mk/?p=622772

МВР информира дека во текот на првите два месеци од 2023 година на подрачјето на СВР Битола, во врска со недозволена трговија со дрога, од слобода биле лишени од слобода 62 лица (40 во Битола и 22 во Прилеп), биле извршени 13 претреси на домови и други простории (осум во Битола и пет во Прилеп) и биле извршени 97 прегледи на лица и возила во Битола.

Во овој период, исто така за сторени кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, поднесени се вкупно 24 кривични пријави (Битола-14, Прилеп 9, Крушево1) за сторени 29 кривични дела против 35 сторители (Битола 22, Прилеп 10, Крушево 3) при што пронајдени и одземени се марихуана, хероин, кокаин, амфетамин, метамфетамин, таблети МДМА и друго, соопштуваат од МВР.

The post За два месеца уапсени 62 дилери на дрога во Битола и Прилеп appeared first on Република.