своерачен потпис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svoerachen-potpis/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Oct 2023 17:39:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png своерачен потпис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svoerachen-potpis/ 32 32 Мизрахи за Онкологија: Директорот без стручен колегиум со своерачен потпис одлучувал кои пациенти ќе добијат биолошка терапија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-za-onkologija-direktorot-bez-struchen-kolegium-so-svoerachen-potpis-odluchuval-koi-patsienti-ke-dobijat-bioloshka-terapija/ Fri, 20 Oct 2023 17:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=693419

Претседателката на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека Анкетната комисија не бара кривична туку политичка одговорност и дека при сведочењето пред комисијата двајцата министри Беким Сали и Фатмир Меџити велеле дека доколку тоа се случувало во времетраење на нивните мандати, тие се подготвени да сносат лична одговорност, додека пак екс министерот Венко Филипче имал плејада на одговори „Не знам“, меѓу кои и дека не знаел за постоењето на КАТО системот за следење и контрола на лековите, а бил советник на тогашниот министерот за здравство, Никола Тодоров кога системот е набавен.

За мене интересно беше што, во однос на тројцата министри за кои разговараме, министрите Беким Сали и Фатмир Меџити рекоа ‘доколку ова се случувало во времетраење на моето раководење со министерството, ќе сносев лична одговорност, ќе сметав дека сум одговорен и ќе сносев политичка одговорност напуштајќи ја функцијата‘, само еден министер Венко Филипче на многу од прашањата во времетраење од 2 часа и 45 минути имаше плејада на одговори „Не знам, не знам, не знам“ меѓу кои и беше и одговорот не знам за постоењето на КАТО системот, што е исклучително интересно со оглед на тоа дека бил советник на тогашниот министер Тодоров кога е набавуван самиот КАТО систем, вели Мизрахи.

Додаде дека за нејзе, „Не знам“ е најстрашниот одговор за политичка фигура која што била на раководна позиција, каде што политичката функција не ви овозможува да правите што сакате, туку ви овозможува да раководите политички во рамки на законите кои што се предвидени во дадениот сектор, значи се раководи согласно закони.

Минситерот за многу работи е должен, така е пропишано во законот, тука го имаме Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и други подзаконски акти и документи во кој што тој е должен да знае што се случува во неговиот сектор. Одговорот „Не знам“ за мене е апсолутно неприфатлив и сметам дека господинот Венко Филипче, и можеби и подоцна во текот на сослушувањата ќе биде уште еднаш повикан, согласно документацијата која што ќе ја разгледуваме, да можеби се потсети на некои од работи од минатото. Интересно е што на пример од раководителите на ФЗО имавме убави солидни одговори, меѓутоа кои што не се поклопуваа во делот на контролната улога на ФЗО. Значи министерот бил должен да знае и бил должен да знае за функционирањето на целокупниот систем, вклучувајќи го и Фондот за здравствено осигурување, меѓутоа и директорите на фондот биле должни, преку своите надлежности, да знаат што се случува. Зошто? Заради тоа што во фондот имате сектор ‘контрола’, истакна Мизрахи.

Мизрахи посочи дека, согласно извештајот на ДЗР, кој што е доставен до сите членови и заменици членови на комисијата, директорот со свој потпис одлучувал кои пациенти ќе добијат биолошка терапија на Онкологија.

Во извештајот на Државниот завод за ревизија, ние допрва ќе ја отвориме и целата документација на онкологија која што е доставена до сите членови, заменици членови на Анкетната комисија. Јас лично ја имам разгледувано, меѓутоа не е помината на седница формално за да давам исказ по истата. Согласно извештајот на Државниот завод за ревизија кога терапијата била препишувана за одреден пациент, зборувам за биолошката терапија, не стигало до требување во депо на самата терапија, туку се барало, била централизирана моќта, директорот конечно да овласти со своерачен потпис преку целиот лист хартија, дали тој пациент ќе ја добие или нема да ја добие“, рече Мизрахи на што новинарот запраша, значи директорот на клиниката одлучувал кој пациент ќе добие терапија, а кој не, при што Мизрахи одговори „Биолошка терапија, да, апсолутно да“.

Понатаму новинарот констатира дека сепак за тоа морало да има стручен колегиум, на што Мизрахи јасно посочи дека во овој случај таков колегиум немало, што, меѓу другото, преставува прекршување на статутот на самата клиника.

Таа додаде дека остава можност, Анкетната комисија да утврди што точно се случувало на клиниката, ќе ги видат документи и ќе ги ислушаат сите сведоци, меѓутоа согласно документацијата од ДЗР е ова што до сега го кажува.

The post Мизрахи за Онкологија: Директорот без стручен колегиум со своерачен потпис одлучувал кои пациенти ќе добијат биолошка терапија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека Анкетната комисија не бара кривична туку политичка одговорност и дека при сведочењето пред комисијата двајцата министри Беким Сали и Фатмир Меџити велеле дека доколку тоа се случувало во времетраење на нивните мандати, тие се подготвени да сносат лична одговорност, додека пак екс министерот Венко Филипче имал плејада на одговори „Не знам“, меѓу кои и дека не знаел за постоењето на КАТО системот за следење и контрола на лековите, а бил советник на тогашниот министерот за здравство, Никола Тодоров кога системот е набавен.
За мене интересно беше што, во однос на тројцата министри за кои разговараме, министрите Беким Сали и Фатмир Меџити рекоа ‘доколку ова се случувало во времетраење на моето раководење со министерството, ќе сносев лична одговорност, ќе сметав дека сум одговорен и ќе сносев политичка одговорност напуштајќи ја функцијата‘, само еден министер Венко Филипче на многу од прашањата во времетраење од 2 часа и 45 минути имаше плејада на одговори „Не знам, не знам, не знам“ меѓу кои и беше и одговорот не знам за постоењето на КАТО системот, што е исклучително интересно со оглед на тоа дека бил советник на тогашниот министер Тодоров кога е набавуван самиот КАТО систем, вели Мизрахи.
Додаде дека за нејзе, „Не знам“ е најстрашниот одговор за политичка фигура која што била на раководна позиција, каде што политичката функција не ви овозможува да правите што сакате, туку ви овозможува да раководите политички во рамки на законите кои што се предвидени во дадениот сектор, значи се раководи согласно закони.
Минситерот за многу работи е должен, така е пропишано во законот, тука го имаме Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и други подзаконски акти и документи во кој што тој е должен да знае што се случува во неговиот сектор. Одговорот „Не знам“ за мене е апсолутно неприфатлив и сметам дека господинот Венко Филипче, и можеби и подоцна во текот на сослушувањата ќе биде уште еднаш повикан, согласно документацијата која што ќе ја разгледуваме, да можеби се потсети на некои од работи од минатото. Интересно е што на пример од раководителите на ФЗО имавме убави солидни одговори, меѓутоа кои што не се поклопуваа во делот на контролната улога на ФЗО. Значи министерот бил должен да знае и бил должен да знае за функционирањето на целокупниот систем, вклучувајќи го и Фондот за здравствено осигурување, меѓутоа и директорите на фондот биле должни, преку своите надлежности, да знаат што се случува. Зошто? Заради тоа што во фондот имате сектор ‘контрола’, истакна Мизрахи.
Мизрахи посочи дека, согласно извештајот на ДЗР, кој што е доставен до сите членови и заменици членови на комисијата, директорот со свој потпис одлучувал кои пациенти ќе добијат биолошка терапија на Онкологија.
Во извештајот на Државниот завод за ревизија, ние допрва ќе ја отвориме и целата документација на онкологија која што е доставена до сите членови, заменици членови на Анкетната комисија. Јас лично ја имам разгледувано, меѓутоа не е помината на седница формално за да давам исказ по истата. Согласно извештајот на Државниот завод за ревизија кога терапијата била препишувана за одреден пациент, зборувам за биолошката терапија, не стигало до требување во депо на самата терапија, туку се барало, била централизирана моќта, директорот конечно да овласти со своерачен потпис преку целиот лист хартија, дали тој пациент ќе ја добие или нема да ја добие“, рече Мизрахи на што новинарот запраша, значи директорот на клиниката одлучувал кој пациент ќе добие терапија, а кој не, при што Мизрахи одговори „Биолошка терапија, да, апсолутно да“.
Понатаму новинарот констатира дека сепак за тоа морало да има стручен колегиум, на што Мизрахи јасно посочи дека во овој случај таков колегиум немало, што, меѓу другото, преставува прекршување на статутот на самата клиника. Таа додаде дека остава можност, Анкетната комисија да утврди што точно се случувало на клиниката, ќе ги видат документи и ќе ги ислушаат сите сведоци, меѓутоа согласно документацијата од ДЗР е ова што до сега го кажува.  