свлечиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svlechishte/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 20:01:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свлечиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svlechishte/ 32 32 Во Сараево наредена евакуација на жителите поради свлечиште на Требевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-saraevo-naredena-evakuatsija-na-zhitelite-poradi-svlechishte-na-trebevik/ Fri, 01 Nov 2024 20:01:18 +0000 https://republika.mk/?p=833302

Во петокот вечерта штабот на службата за цивилна заштита на округот Сараево нареди евакуација на населението од делови на општината Стари град поради опасност од активирање на лизгање на земјиштето откриено претходно на падините на Требевиќ.

Според наредбата потпишана од командантот на цивилната заштита Бојан Бошњак, жителите на сите куќи во населбата Широкача над која се наоѓа свлечиштето, привремено ќе бидат сместени во колективни сместувачки капацитети во другите делови на Сараево.

На падините на Требевиќ под местото каде што се гради луксузен станбено-хотелски комплекс наречен „Требевиќ Хилс“ претходно беше откриен потенцијално опасен одрон. Изградбата ја финансираат инвеститори од Турција, а спорната мегаградба се подига на само 50 метри од просторот кој е прогласен за парк на природата.

На градилиштето беше исечена шума, а дел од ископаниот материјал и почвата завршија во коритото на потокот Бистрица, кој се влева во Миљацка во центарот на Сараево. Трупците и наносите земја го спречија нормалното течење на водата, а жупанискиот инспекторат претходно предупреди дека поради тоа сега се закануваат поплави.

„Пукнатината која се појави на земјиштето и која се заканува да прерасне во свлечиште е создадена недалеку од зградата Требевиќ Хилс, која е во изградба, но и поради депонијата која беше формирана и каде што беше фрлен материјалот при изградбата на оваа зграда“, изјави Бошњак за локалните медиуми објаснувајќи дека проблемот настанал на дел од територијата што ѝ припаѓа на Република Српска и каде властите од Федерацијата БиХ немаат овластување да дејствуваат.

Градоначалникот на општина Стари Град, Ирфан Ченгиќ, изјави дека нема потреба од итна евакуација и паника бидејќи свлечиштето сè уште не започнало.

„Ситуацијата сега е иста како и пред 15 дена“, тврди Ченгиќ, додавајќи дека конечната одлука е на граѓаните дали ќе ја почитуваат наредбата на окружниот штаб и ќе ги напуштат своите домови.

The post Во Сараево наредена евакуација на жителите поради свлечиште на Требевиќ appeared first on Република.

]]>

Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/obilnite-dozhdovi-predizvikaa-svlechishte-vo-nepal-zaginaa-najmalku-14-litsa-devet-se-vodat-za-ischeznati/ Sun, 07 Jul 2024 09:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=794203

Најмалку 14 лица загинаа во свлечиште и поплави по обилните дождови во Непал во последните 36 часа. Во болница се примени 12 повредени, додека девет лица се водат како исчезнати.

-Клучните автопати во земјата се блокирани, а спасувачите се обидуваат да ги одблокираат патиштата, изјави портпаролот на непалската полиција Дан Бахадур Карки, пренесуваат британските меидуми.

Тој изјави дека на југоисточниот дел на Непал, реката Коши, која речиси секоја година предизвикува смртоносни поплави во источната индиска држава Бихар, достигнува опасни нивоа на вода.

Карки додаде дека населението долж течението на реката Коши е предупредено за можни поплави, како и за пораст на водостојот на реките Нарајани, Рапти и Махакали на западот од земјата.

Во околината на непалската престолнина Катманду се излеаја неколку реки и поплавија патишта и бројни станбени згради

The post Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати appeared first on Република.

]]>

Најмалку 14 лица загинаа во свлечиште и поплави по обилните дождови во Непал во последните 36 часа. Во болница се примени 12 повредени, додека девет лица се водат како исчезнати. -Клучните автопати во земјата се блокирани, а спасувачите се обидуваат да ги одблокираат патиштата, изјави портпаролот на непалската полиција Дан Бахадур Карки, пренесуваат британските меидуми. Тој изјави дека на југоисточниот дел на Непал, реката Коши, која речиси секоја година предизвикува смртоносни поплави во источната индиска држава Бихар, достигнува опасни нивоа на вода. Карки додаде дека населението долж течението на реката Коши е предупредено за можни поплави, како и за пораст на водостојот на реките Нарајани, Рапти и Махакали на западот од земјата. Во околината на непалската престолнина Катманду се излеаја неколку реки и поплавија патишта и бројни станбени згради

The post Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати appeared first on Република.

]]>
Германски воз на долги релации со 185 патници излета од шините по свлечиште предизвикано од обилни дождови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanski-voz-na-dolgi-relatsii-so-185-patnitsi-izleta-od-shinite-po-svlechishte-predizvikano-od-obilni-dozhdovi/ Sun, 02 Jun 2024 14:48:33 +0000 https://republika.mk/?p=784189

Делови од воз на долги релации со 185 патници излетаа од шините во југозападна Германија доцна синоќа, откако железничките пруги беа погодени од лизгање на земјиштето предизвикано од обилни врнежи.

Никој не е повреден, а патниците се евакуирани од возот уште утрово, изјави портпаролот на националниот железнички оператор, јави ДПА.

До пладне тимовите за поправки ја исчистија едната страна од пругата, но линијата сè уште е затворена за сообраќај со голема брзина.

Свлечиштето се случи во градот Швабиш Гмунд, на околу 50 километри источно од Штутгарт.
Според портпаролот на железницата, првите два вагони на возот излетале од шините околу 23:20 часот (21:20 часот по Гринич), но не се превртеле.

Свлечиштето било широко околу 30 метри, а исто така зафати и пат паралелен со железничката пруга, рече портпаролот.

Еден автомобил бил погоден, но возачот не е повреден, додаде тој.

Долгиот воз кој излета од шините се врати на шините и треба да биде влечен, изјави портпаролката на железницата. Таа додаде дека возот бил пренасочен меѓу градовите Улм и Штутгарт поради поплавите во регионот.

По лизгањето на земјиштето, сите долги линии меѓу Штутгарт и Минхен се прекинати. Сè уште не е јасно колку долго ќе трае нарушувањето на возниот ред.

Големи делови од јужна Германија вчера беа зафатени од обилни дождови, поради што многу градови прогласија вонредна состојба поради надојдени реки и поплави.

The post Германски воз на долги релации со 185 патници излета од шините по свлечиште предизвикано од обилни дождови appeared first on Република.

]]>

Делови од воз на долги релации со 185 патници излетаа од шините во југозападна Германија доцна синоќа, откако железничките пруги беа погодени од лизгање на земјиштето предизвикано од обилни врнежи. Никој не е повреден, а патниците се евакуирани од возот уште утрово, изјави портпаролот на националниот железнички оператор, јави ДПА. До пладне тимовите за поправки ја исчистија едната страна од пругата, но линијата сè уште е затворена за сообраќај со голема брзина. Свлечиштето се случи во градот Швабиш Гмунд, на околу 50 километри источно од Штутгарт. Според портпаролот на железницата, првите два вагони на возот излетале од шините околу 23:20 часот (21:20 часот по Гринич), но не се превртеле. Свлечиштето било широко околу 30 метри, а исто така зафати и пат паралелен со железничката пруга, рече портпаролот. Еден автомобил бил погоден, но возачот не е повреден, додаде тој. Долгиот воз кој излета од шините се врати на шините и треба да биде влечен, изјави портпаролката на железницата. Таа додаде дека возот бил пренасочен меѓу градовите Улм и Штутгарт поради поплавите во регионот. По лизгањето на земјиштето, сите долги линии меѓу Штутгарт и Минхен се прекинати. Сè уште не е јасно колку долго ќе трае нарушувањето на возниот ред. Големи делови од јужна Германија вчера беа зафатени од обилни дождови, поради што многу градови прогласија вонредна состојба поради надојдени реки и поплави.  

The post Германски воз на долги релации со 185 патници излета од шините по свлечиште предизвикано од обилни дождови appeared first on Република.

]]>
Возила пропаднаа во свлечиште на автопат во Шведска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vozila-propadnaa-vo-svlechishte-na-avtopat-vo-shvedska/ Sat, 23 Sep 2023 11:01:06 +0000 https://republika.mk/?p=684350

Свлечиштето го оштети автопатот меѓу вториот по големина град во Шведска, Гетеборг и главниот град на Норвешка Осло, во близина на малиот град Стенунгсунд, на околу 50 километри северно од Гетеборг, пренесува Индипендент.

Одронот затрупа десетина возила, шумска површина и деловен простор со бензинска пумпа и ресторан за брза храна, соопштија од спасувачките служби.

Одреден број лица ги напуштија возилата со помош на противпожарни екипи и хеликоптери и беа евакуирани од зоната на свлечиште. Неколку автомобили и камион пропаднале во дупки и пукнатини предизвикани од одронот, јави шведската новинска агенција ТТ.

Портпаролот на спасувачката служба за јавниот радиодифузен сервис СВТ изјави дека на сите луѓе во возилата им била укажана помош.

„Најтешко погодените делови од областа на свлечиштето се со големина од околу 150 x 100 метри. Сепак, свлечиштето зафати површина од вкупно околу 700 x 200 метри“, се вели во соопштението на спасувачката служба во Гетеборг.

Се додава дека специјално обучен персонал и кучиња трагачи ќе ја пребаруваат областа и дека не може да се исклучи можноста за нови лизгања на земјиштето.

https://www.youtube.com/watch?v=U5FvD85c7iQ&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Возила пропаднаа во свлечиште на автопат во Шведска appeared first on Република.

]]>

Свлечиштето го оштети автопатот меѓу вториот по големина град во Шведска, Гетеборг и главниот град на Норвешка Осло, во близина на малиот град Стенунгсунд, на околу 50 километри северно од Гетеборг, пренесува Индипендент. Одронот затрупа десетина возила, шумска површина и деловен простор со бензинска пумпа и ресторан за брза храна, соопштија од спасувачките служби. Одреден број лица ги напуштија возилата со помош на противпожарни екипи и хеликоптери и беа евакуирани од зоната на свлечиште. Неколку автомобили и камион пропаднале во дупки и пукнатини предизвикани од одронот, јави шведската новинска агенција ТТ. Портпаролот на спасувачката служба за јавниот радиодифузен сервис СВТ изјави дека на сите луѓе во возилата им била укажана помош. „Најтешко погодените делови од областа на свлечиштето се со големина од околу 150 x 100 метри. Сепак, свлечиштето зафати површина од вкупно околу 700 x 200 метри“, се вели во соопштението на спасувачката служба во Гетеборг. Се додава дека специјално обучен персонал и кучиња трагачи ќе ја пребаруваат областа и дека не може да се исклучи можноста за нови лизгања на земјиштето. https://www.youtube.com/watch?v=U5FvD85c7iQ&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Возила пропаднаа во свлечиште на автопат во Шведска appeared first on Република.

]]>
Свлечиште го отсече село Луке од Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/svlechishte-go-otseche-selo-luke-od-kriva-palanka/ Fri, 16 Jun 2023 20:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=652295

Поради свлечиште целосно е во прекин сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – село Луке.

Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин во двата правци од 21:00 часот.

По денешните интензивни врнежи од дожд забележан е зголемен водостој на реката Пчиња во Пелинце и на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред вливот во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња, информира ЦУК.

The post Свлечиште го отсече село Луке од Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Поради свлечиште целосно е во прекин сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – село Луке. Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин во двата правци од 21:00 часот. По денешните интензивни врнежи од дожд забележан е зголемен водостој на реката Пчиња во Пелинце и на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред вливот во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња, информира ЦУК.

The post Свлечиште го отсече село Луке од Крива Паланка appeared first on Република.

]]>
Надојдената вода од обилните врнежи однесе регионален пат во Кривопаланечко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nadojdenata-voda-od-obilnite-vrnezhi-odnese-regionalen-pat-vo-krivopalanechko/ Wed, 14 Jun 2023 20:54:05 +0000 https://republika.mk/?p=651498

Надојдените води од обилните врнежи од дожд што попладнево непрекинато врне во Крива Паланка и околината, однесоа дел од регионалниот пат од селото Огут кон село Нерав. Станува збор за пат кон планинското село Нерав оддалечено повеќе од дваесет километри од градот.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, вечерва излезе на терен со жителите на селото Огут, аедно со службите од ЈП Државни патишта -Македонија пат, согледувајќи ги состојбите.

Проблемите на граѓаните се и наши, заеднички и затоа меѓу нив сум во секое време. За жал против природните сили, природните непогоди, не може ништо да се направи, но наша обврска е да се справуваме со последиците, со настанатите штети во најбрз можен рок. Крива Паланка деновиве е погодена од засилени дождови кои во рок од 48 часа бележат околу 55 литри на метар квадратен. Оваа водена маса предизвика појава на повеќе од десет свлечишта на територијата на општината за чиешто санирање се мобилизирани сите надлежни служби и одржан е состанок на општинскиот кризен штаб со изречни заклучоци, изјави Митовски.

Тој истакна дека дел од службите веќе работат на санирање на неколку локации, останатите свлечишта ќе се решаваат по создавање соодветни услови за тоа, бидејќи постои ризик од нивна поголема активност.

The post Надојдената вода од обилните врнежи однесе регионален пат во Кривопаланечко appeared first on Република.

]]>

Надојдените води од обилните врнежи од дожд што попладнево непрекинато врне во Крива Паланка и околината, однесоа дел од регионалниот пат од селото Огут кон село Нерав. Станува збор за пат кон планинското село Нерав оддалечено повеќе од дваесет километри од градот. Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, вечерва излезе на терен со жителите на селото Огут, аедно со службите од ЈП Државни патишта -Македонија пат, согледувајќи ги состојбите.
Проблемите на граѓаните се и наши, заеднички и затоа меѓу нив сум во секое време. За жал против природните сили, природните непогоди, не може ништо да се направи, но наша обврска е да се справуваме со последиците, со настанатите штети во најбрз можен рок. Крива Паланка деновиве е погодена од засилени дождови кои во рок од 48 часа бележат околу 55 литри на метар квадратен. Оваа водена маса предизвика појава на повеќе од десет свлечишта на територијата на општината за чиешто санирање се мобилизирани сите надлежни служби и одржан е состанок на општинскиот кризен штаб со изречни заклучоци, изјави Митовски.
Тој истакна дека дел од службите веќе работат на санирање на неколку локации, останатите свлечишта ќе се решаваат по создавање соодветни услови за тоа, бидејќи постои ризик од нивна поголема активност.

The post Надојдената вода од обилните врнежи однесе регионален пат во Кривопаланечко appeared first on Република.

]]>
Во Делчево активни две свлечишта, се бара начин за нивно санирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-delchevo-aktivni-dve-svlechishta-se-bara-nachin-za-nivno-sanirane/ Wed, 14 Jun 2023 11:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=651307

Во моментот во Делчево по невремето кое го зафати градот минатиот четврток има две активни свлечишта, од кои загрозени се неколку куќи на жители на Делчево.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски информираше дека од таа причина локалната самоуправа со поддршка на ЦУК и други институции бара начин како правилно да се постапи на терен, со цел да не дојде до несакани последици по семејствата кои живеат во загрозените домови.

После невремето и поплавите во Делчево имаме две свлечишта при што загрозени се две куќи. Тоа се домови на истиот ендек кој го викаме Грозданец. Стабилноста таму се утврдува од статиката на куќите, испративме барања до ЦУК и други институции за да ни дадат насоки што и ние би можеле на тие свлечишта да направиме, бидејки станува збор за понор од околу 20 метри кој од куќите е оддалечен 10 и 20 метри. Како што кажав тоа се куќи на две страни од истиот ендек и затоа бараме препораки за да можеме навремено да реагираме за да не дојде до несакано рушење на куќите, вели Трајковски.

Делчевскиот градоначалник очекува дека по праќањето на извештајот за првичните штети од невремето до Владата ќе следуваат и конкретни информации на кој начин ќе се одвива санирањето на штетите.

Го испратив извештајот за штетите, тој е разгледан на синоќешна седница на Влада, по што одлуките кои ќе ги носи Владата во наредните два три дена ќе бидат испратени до нас како локална самоуправа и ќе се постапи во најбрз можен рок. Значи се бара најбрзото решение да можат сите настанати штети во најбрз временски период да бидат санирани. За тоа ќе бидат потребни услуги од Македонија Пат или некое друго претпријатие да ги извршува работите, се со цел за да немаме некои постапки кои ќе се одолговлечат и затоа како што имам информација, од Владата се бара законска можност да задолжат јавно претпријатие кое ќе може да ги санира штетите, додаде Трајковски.

Според Трајковски досегашната проценка на штетите е околу милион евра, средства кои најмнгу ќе бидат потребни за реконстуркции на оштетената пат на инфраструктура која најмногу настрада од невремето кое го зафати градот изминатиот четврток.

The post Во Делчево активни две свлечишта, се бара начин за нивно санирање appeared first on Република.

]]>

Во моментот во Делчево по невремето кое го зафати градот минатиот четврток има две активни свлечишта, од кои загрозени се неколку куќи на жители на Делчево. Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски информираше дека од таа причина локалната самоуправа со поддршка на ЦУК и други институции бара начин како правилно да се постапи на терен, со цел да не дојде до несакани последици по семејствата кои живеат во загрозените домови.
После невремето и поплавите во Делчево имаме две свлечишта при што загрозени се две куќи. Тоа се домови на истиот ендек кој го викаме Грозданец. Стабилноста таму се утврдува од статиката на куќите, испративме барања до ЦУК и други институции за да ни дадат насоки што и ние би можеле на тие свлечишта да направиме, бидејки станува збор за понор од околу 20 метри кој од куќите е оддалечен 10 и 20 метри. Како што кажав тоа се куќи на две страни од истиот ендек и затоа бараме препораки за да можеме навремено да реагираме за да не дојде до несакано рушење на куќите, вели Трајковски.
Делчевскиот градоначалник очекува дека по праќањето на извештајот за првичните штети од невремето до Владата ќе следуваат и конкретни информации на кој начин ќе се одвива санирањето на штетите.
Го испратив извештајот за штетите, тој е разгледан на синоќешна седница на Влада, по што одлуките кои ќе ги носи Владата во наредните два три дена ќе бидат испратени до нас како локална самоуправа и ќе се постапи во најбрз можен рок. Значи се бара најбрзото решение да можат сите настанати штети во најбрз временски период да бидат санирани. За тоа ќе бидат потребни услуги од Македонија Пат или некое друго претпријатие да ги извршува работите, се со цел за да немаме некои постапки кои ќе се одолговлечат и затоа како што имам информација, од Владата се бара законска можност да задолжат јавно претпријатие кое ќе може да ги санира штетите, додаде Трајковски.
Според Трајковски досегашната проценка на штетите е околу милион евра, средства кои најмнгу ќе бидат потребни за реконстуркции на оштетената пат на инфраструктура која најмногу настрада од невремето кое го зафати градот изминатиот четврток.

The post Во Делчево активни две свлечишта, се бара начин за нивно санирање appeared first on Република.

]]>
Големо свлечиште вечерва целосно го затвори автопатот Скопје – Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/https-4news-mk-video-haos-na-avtopatot-skopje-veles-blokirani-avtomobili-so-tseli-semejstva-kamioni/ Tue, 04 Apr 2023 20:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=627322

Големо свлечиште, пред патарината Сопот, вечерва целосно го затвори автопатот Скопје – Велес, јавува репортерот на 4news.mk.

Десетици автомобили со цели семејства се заглавени, а некои се обидуваат по шумски пат преку село Ветерско да излезат од хаосот, но камионите сепак остануваат заглавени.

На терен се и полициски службеници.

The post Големо свлечиште вечерва целосно го затвори автопатот Скопје – Велес appeared first on Република.

]]>

Големо свлечиште, пред патарината Сопот, вечерва целосно го затвори автопатот Скопје – Велес, јавува репортерот на 4news.mk.
Десетици автомобили со цели семејства се заглавени, а некои се обидуваат по шумски пат преку село Ветерско да излезат од хаосот, но камионите сепак остануваат заглавени. На терен се и полициски службеници.

The post Големо свлечиште вечерва целосно го затвори автопатот Скопје – Велес appeared first on Република.

]]>
Свлечиште во Италија затрупа згради и автомобили, 13 лица се исчезнати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svlechishte-vo-italija-zatrupa-zgradi-i-avtomobili-13-lica-se-ischeznati/ Sat, 26 Nov 2022 12:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=578485

Неколку лица се водат за исчезнати на италијанскиот остров Искија по лизгање на земјиштето рано утринава предизвикано од силен дожд, свлечиштето затрупа неколку згради и автомобили, објави новинската агенција Анса, повикувајќи се на локалната полиција.

Италијанската противпожарна бригада од градот Казамичоли на Твитер објави дека „во тек е потрагата по исчезнатите лица“.

Свлечиштето повлече еден автомобил во морето, а двајцата патници се спасени, додаваат пожарникарите. Италијанските медиуми објавија дека се трага по вкупно 13 лица, а властите ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

The post Свлечиште во Италија затрупа згради и автомобили, 13 лица се исчезнати appeared first on Република.

]]>

Неколку лица се водат за исчезнати на италијанскиот остров Искија по лизгање на земјиштето рано утринава предизвикано од силен дожд, свлечиштето затрупа неколку згради и автомобили, објави новинската агенција Анса, повикувајќи се на локалната полиција. Италијанската противпожарна бригада од градот Казамичоли на Твитер објави дека „во тек е потрагата по исчезнатите лица“. Свлечиштето повлече еден автомобил во морето, а двајцата патници се спасени, додаваат пожарникарите. Италијанските медиуми објавија дека се трага по вкупно 13 лица, а властите ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

The post Свлечиште во Италија затрупа згради и автомобили, 13 лица се исчезнати appeared first on Република.

]]>
ЕСМ: Во тешки услови на терен се санира свлечиштето и каналот на хидроелектраната Врбен на ХЕС Маврово https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/esm-vo-teshki-uslovi-na-teren-se-sanira-svlechishteto-i-kanalot-na-hidroelektranata-vrben-na-hes-mavrovo/ Sat, 29 Oct 2022 12:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=567116

Се санира свлечиштето и се гради нов бетонски канал по настанатите штети на еден од каналите за собирање води за хидроелектраната Врбен на хидросистемот Маврово во септември, соопштија од АД Електрани на Македонија.

Оттаму наведоа дека во моментот се изведуваат ископи, насипи, поставување цевки за пропусти, кршење на стариот канал и изведба на нов тунел во должина од 29 метри. Се работи со булдожери, багери, утоварачи, кршачи на бетон, транспортери итн. Условите за работа се тешки, се работи на 1500м надморска виина, на ризичен терен со можни нови одрони на карпи и лизгања на земјиштето.

Лизгање на земјиштето од обилните врнежи на 27 септември предизвика попуштање на бетонскиот канал, изграден уште во 1950г при пробивањето на тунелите и градењето на мрежата за собирање на водите од планинскио масив на Кораб и горнорадички слив, за потребите на хидроелектраните на ХЕС Маврово. Со дозвола на Бирото за јавни набавки, по итна постапка веднаш по настанот, избран е изведувач на работите, градежна фирма од Тетово, која почна да работи на терен, со проценка за завршување на зафатот за 30 дена, информираа од ЕСМ.

Хидроелектраната Врбен во текот на целиот период е функционална, има довод на води од другите канали, додека водата која не може да помине преку каналот каде сега се работи, се испушта во реката Радика и оди во акумулацијата Шпилје

The post ЕСМ: Во тешки услови на терен се санира свлечиштето и каналот на хидроелектраната Врбен на ХЕС Маврово appeared first on Република.

]]>

Се санира свлечиштето и се гради нов бетонски канал по настанатите штети на еден од каналите за собирање води за хидроелектраната Врбен на хидросистемот Маврово во септември, соопштија од АД Електрани на Македонија. Оттаму наведоа дека во моментот се изведуваат ископи, насипи, поставување цевки за пропусти, кршење на стариот канал и изведба на нов тунел во должина од 29 метри. Се работи со булдожери, багери, утоварачи, кршачи на бетон, транспортери итн. Условите за работа се тешки, се работи на 1500м надморска виина, на ризичен терен со можни нови одрони на карпи и лизгања на земјиштето. Лизгање на земјиштето од обилните врнежи на 27 септември предизвика попуштање на бетонскиот канал, изграден уште во 1950г при пробивањето на тунелите и градењето на мрежата за собирање на водите од планинскио масив на Кораб и горнорадички слив, за потребите на хидроелектраните на ХЕС Маврово. Со дозвола на Бирото за јавни набавки, по итна постапка веднаш по настанот, избран е изведувач на работите, градежна фирма од Тетово, која почна да работи на терен, со проценка за завршување на зафатот за 30 дена, информираа од ЕСМ. Хидроелектраната Врбен во текот на целиот период е функционална, има довод на води од другите канали, додека водата која не може да помине преку каналот каде сега се работи, се испушта во реката Радика и оди во акумулацијата Шпилје

The post ЕСМ: Во тешки услови на терен се санира свлечиштето и каналот на хидроелектраната Врбен на ХЕС Маврово appeared first on Република.

]]>
На патот Свети Николе – Миладиновци сообраќајот се одвива по една лента https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/na-patot-sveti-nikole-miladinovci-soobrakjajot-se-odviva-po-edna-lenta/ Tue, 04 Jan 2022 08:14:23 +0000 https://republika.mk/?p=440275

На патниот правец А2 Свети Николе - Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post На патот Свети Николе – Миладиновци сообраќајот се одвива по една лента appeared first on Република.

]]>

На патниот правец А2 Свети Николе - Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post На патот Свети Николе – Миладиновци сообраќајот се одвива по една лента appeared first on Република.

]]>
Свлечиште и голем одрон на патот Свети Николе-Миладиновци, сообраќајот пренасочен https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/svlechishte-i-golem-odron-na-patot-sveti-nikole-miladinovci-soobrakjajot-prenasochen/ Mon, 03 Jan 2022 07:45:09 +0000 https://republika.mk/?p=439822

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На местото е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на патниот правец А2 Струга – Ќафасан, од бензинската пумпа „ОКТА“ до излез на село Франгово, кај месноста Добра вода, поради оштетувања на коловозот брзината се ограничува на 40 километри на час.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Свлечиште и голем одрон на патот Свети Николе-Миладиновци, сообраќајот пренасочен appeared first on Република.

]]>

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На местото е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење. Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на патниот правец А2 Струга – Ќафасан, од бензинската пумпа „ОКТА“ до излез на село Франгово, кај месноста Добра вода, поради оштетувања на коловозот брзината се ограничува на 40 километри на час. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Свлечиште и голем одрон на патот Свети Николе-Миладиновци, сообраќајот пренасочен appeared first on Република.

]]>
Поради свлечиште и голем одрон сообраќајот на А2 пред Миладиновци се пренасочува по една лента https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/poradi-svlechishte-i-golem-odron-soobrakjajot-na-a2-pred-miladinovci-se-prenasochuva-po-edna-lenta/ Sat, 01 Jan 2022 17:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=439376

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на десет километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информираат од АМСМ.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

The post Поради свлечиште и голем одрон сообраќајот на А2 пред Миладиновци се пренасочува по една лента appeared first on Република.

]]>

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на десет километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информираат од АМСМ. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

The post Поради свлечиште и голем одрон сообраќајот на А2 пред Миладиновци се пренасочува по една лента appeared first on Република.

]]>