свинско месо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svinsko-meso/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Sep 2023 13:09:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свинско месо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svinsko-meso/ 32 32 Цената на свинското покачена за 40 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tsenata-na-svinskoto-pokachena-za-40-denari/ Wed, 06 Sep 2023 13:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=679353

Цената на свинското месо е зголемена за 40 денари, потврди за МИА потпретседателот на Асоцијација на земјоделци Гоце Сарафимов.

Тој посочи дека цената на свинското месо е зголемена од пред пет дена, а причина за тоа е зголемувањето на цената на свинското месо на светските берзи и во соседна Cрбија, но, како што дополни, удел има и појавата на афринската свинска чума на фарма во Општина Карбинци, каде што во тек е угинување и закопување на околу 9.000 свињи.

Цената е покачена со 40 денари, заради тоа што се покачи на светските берзи. Меѓутоа кај нас не требаше да се покаче цената, заради тоа што оваа година многу евтино го откупија јачменот, пченицата за исхрана на свињите. Струјата е намалена, немаме кој знае какви покачени трошкови, но се следат трендовите, овде најблиско е Србија, вели Сарафимов.

Во моментов жива мера свинско е 150 денари, додека во месарниците и продавниците се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата на месото.

Тој истакна дека со угинувањето на 9.000 свињи на приватна фарма во карбинскиот регион, нашата држава ќе го изгуби вишокот на месо, кој завршуваше во преработувачката индустрија. Очекува свињарските фарми во текот на овој период да го зголемат бројот на свињи

The post Цената на свинското покачена за 40 денари appeared first on Република.

]]>

Цената на свинското месо е зголемена за 40 денари, потврди за МИА потпретседателот на Асоцијација на земјоделци Гоце Сарафимов. Тој посочи дека цената на свинското месо е зголемена од пред пет дена, а причина за тоа е зголемувањето на цената на свинското месо на светските берзи и во соседна Cрбија, но, како што дополни, удел има и појавата на афринската свинска чума на фарма во Општина Карбинци, каде што во тек е угинување и закопување на околу 9.000 свињи.
Цената е покачена со 40 денари, заради тоа што се покачи на светските берзи. Меѓутоа кај нас не требаше да се покаче цената, заради тоа што оваа година многу евтино го откупија јачменот, пченицата за исхрана на свињите. Струјата е намалена, немаме кој знае какви покачени трошкови, но се следат трендовите, овде најблиско е Србија, вели Сарафимов.
Во моментов жива мера свинско е 150 денари, додека во месарниците и продавниците се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата на месото. Тој истакна дека со угинувањето на 9.000 свињи на приватна фарма во карбинскиот регион, нашата држава ќе го изгуби вишокот на месо, кој завршуваше во преработувачката индустрија. Очекува свињарските фарми во текот на овој период да го зголемат бројот на свињи

The post Цената на свинското покачена за 40 денари appeared first on Република.

]]>
Најголемиот европски производител на свинско месо најавува масовни откази поради кризата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najgolemiot-evropski-proizvoditel-na-svinsko-meso-najavuva-masovni-otkazi-poradi-krizata/ Fri, 16 Sep 2022 11:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=551388

Најголемиот европски производител на свинско месо, „Даниш краун“ (Danish Crown) најави укинување на 350 работни места во две фабрики во Данска.

Причината е тоа што одгледувачите, под притисок од високите трошоци, ги намалија испораките на животни.

Во соопштението на данскиот производител се наведува дека поради војната во Украина, фармерите се принудени да плаќаат рекордно високи цени за енергија и добиточна храна.

Плаќањата на фармерите не го следеа темпото (на растот на цените), па испораката на свињи во „Даниш краун“ е значително намалена изминатите месеци - појаснуваат од данската компанија.

Изминатите две години, „Даниш краун“ речиси секогаш имаше повеќе свињи, отколку што нејзините фабрики можеа да обработат.

Ситуацијата драматично се промени - предупреди најголемиот европски производител на свинско месо.

The post Најголемиот европски производител на свинско месо најавува масовни откази поради кризата appeared first on Република.

]]>

Најголемиот европски производител на свинско месо, „Даниш краун“ (Danish Crown) најави укинување на 350 работни места во две фабрики во Данска. Причината е тоа што одгледувачите, под притисок од високите трошоци, ги намалија испораките на животни. Во соопштението на данскиот производител се наведува дека поради војната во Украина, фармерите се принудени да плаќаат рекордно високи цени за енергија и добиточна храна.
Плаќањата на фармерите не го следеа темпото (на растот на цените), па испораката на свињи во „Даниш краун“ е значително намалена изминатите месеци - појаснуваат од данската компанија.
Изминатите две години, „Даниш краун“ речиси секогаш имаше повеќе свињи, отколку што нејзините фабрики можеа да обработат.
Ситуацијата драматично се промени - предупреди најголемиот европски производител на свинско месо.

The post Најголемиот европски производител на свинско месо најавува масовни откази поради кризата appeared first on Република.

]]>
Одгледувачите на свињи бараат повисока цена на месото https://arhiva3.republika.mk/vesti/odgleduvachite-na-svinji-baraat-povisoka-cena-na-mesoto/ Wed, 18 May 2022 17:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=503976

Одгледувачите на свињи и производителите на свинско месо бараат зголемување на цената на свинското месо. Во моментов производната цена е 100 денари за килограм жива мера. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи, Гоце Сарафимов вели дека одгледувачите бараат производната цена на свинско месо да изнесува 150 денари.

-Ние како производители на свинско месо бараме да се покаче цената, но се уште нема ништо. По месарите и супер маркетите не знаеме што ќе се случува. Инаку трошоците се многу покачени во однос на лани, еве да речеме храната за свињите е покачена 100 посто, а исто така и стујата е покачена, а цената на свинското е уште иста. Лани беше 100 денари и сега е 100 денари. Реално производната цена треба да биде најмалку 150 денари, вели Сарафимов.

Посочи дека од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имале субвенции од 1.500 денари за продаден товеник, за месеците февруар, март и април, но зголемените трошоци веќе се чувствуваат со намалување на бројот на свињи. Сарафимов истакна дека трендот на намалување е почнат во велешкиот регион, каде што во три фарми е намален бројот на мајки.

Економистите сметаат дека увозната инфлација во државата граѓаните допрва ќе ја почувствуваат. Според штипскиот економист и аналитичар, Глигор Ивановски, покачувањето на цените на основните продукти за живот, влијаат врз џебот на граѓаните, но ова е состојба која не може да се избегне бидејќи е настаната заради случувањата надвор од државата. Основните производи за живот мора да се купат и покрај тоа што нивната цена е покачена, а идентична е ситуацијата и со нафтените деривати и струјата. Според Ивановски, сѐ што не е присутно во државата ќе го има, но по многу повисоки цени, инфлацијата е пожелна во одредени случаи, кога е во контролирани рамки од 1 до 2 отсто на годишно ниво. Но, сегашната состојба, истакнува, зборува за инфлација која е поголема и чии негативни влијанија обичниот граѓанин дополнително ќе ги чувствува.

The post Одгледувачите на свињи бараат повисока цена на месото appeared first on Република.

]]>

Одгледувачите на свињи и производителите на свинско месо бараат зголемување на цената на свинското месо. Во моментов производната цена е 100 денари за килограм жива мера. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи, Гоце Сарафимов вели дека одгледувачите бараат производната цена на свинско месо да изнесува 150 денари.
-Ние како производители на свинско месо бараме да се покаче цената, но се уште нема ништо. По месарите и супер маркетите не знаеме што ќе се случува. Инаку трошоците се многу покачени во однос на лани, еве да речеме храната за свињите е покачена 100 посто, а исто така и стујата е покачена, а цената на свинското е уште иста. Лани беше 100 денари и сега е 100 денари. Реално производната цена треба да биде најмалку 150 денари, вели Сарафимов.
Посочи дека од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имале субвенции од 1.500 денари за продаден товеник, за месеците февруар, март и април, но зголемените трошоци веќе се чувствуваат со намалување на бројот на свињи. Сарафимов истакна дека трендот на намалување е почнат во велешкиот регион, каде што во три фарми е намален бројот на мајки. Економистите сметаат дека увозната инфлација во државата граѓаните допрва ќе ја почувствуваат. Според штипскиот економист и аналитичар, Глигор Ивановски, покачувањето на цените на основните продукти за живот, влијаат врз џебот на граѓаните, но ова е состојба која не може да се избегне бидејќи е настаната заради случувањата надвор од државата. Основните производи за живот мора да се купат и покрај тоа што нивната цена е покачена, а идентична е ситуацијата и со нафтените деривати и струјата. Според Ивановски, сѐ што не е присутно во државата ќе го има, но по многу повисоки цени, инфлацијата е пожелна во одредени случаи, кога е во контролирани рамки од 1 до 2 отсто на годишно ниво. Но, сегашната состојба, истакнува, зборува за инфлација која е поголема и чии негативни влијанија обичниот граѓанин дополнително ќе ги чувствува.

The post Одгледувачите на свињи бараат повисока цена на месото appeared first on Република.

]]>
Одгледувачите на свињи бараат повисока производна цена на месото https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/odgleduvachite-na-svinji-baraat-povisoka-proizvodna-cena-na-mesoto/ Wed, 18 May 2022 12:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=503852

Одгледувачите на свињи и производителите на свинско месо бараат зголемување на цената на свинското месо. Во моментов производната цена е 100 денари за килограм жива мера. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи, Гоце Сарафимов вели дека одгледувачите бараат производната цена на свинско месо да изнесува 150 денари.

Ние како производители на свинско месо бараме да се покаче цената, но се уште нема ништо. По месарите и супер маркетите не знаеме што ќе се случува. Инаку трошоците се многу покачени во однос на лани, еве да речеме храната за свињите е покачена 100 посто, а исто така и стујата е покачена, а цената на свинското е уште иста. Лани беше 100 денари и сега е 100 денари. Реално производната цена треба да биде најмалку 150 денари - вели Сарафимов.

Посочи дека од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имале субвенции од 1.500 денари за продаден товеник, за месеците февруар, март и април, но зголемените трошоци веќе се чувствуваат со намалување на бројот на свињи. Сарафимов истакна дека трендот на намалување е почнат во велешкиот регион, каде што во три фарми е намален бројот на мајки.

Економистите сметаат дека увозната инфлација во државата граѓаните допрва ќе ја почувствуваат.

Според штипскиот економист и аналитичар, Глигор Ивановски, покачувањето на цените на основните продукти за живот, влијаат врз џебот на граѓаните, но ова е состојба која не може да се избегне бидејќи е настаната заради случувањата надвор од државата. Основните производи за живот мора да се купат и покрај тоа што нивната цена е покачена, а идентична е ситуацијата и со нафтените деривати и струјата. Според Ивановски, сѐ што не е присутно во државата ќе го има, но по многу повисоки цени, инфлацијата е пожелна во одредени случаи, кога е во контролирани рамки од 1 до 2 отсто на годишно ниво. Но, сегашната состојба, истакнува, зборува за инфлација која е поголема и чии негативни влијанија обичниот граѓанин дополнително ќе ги чувствува.

The post Одгледувачите на свињи бараат повисока производна цена на месото appeared first on Република.

]]>

Одгледувачите на свињи и производителите на свинско месо бараат зголемување на цената на свинското месо. Во моментов производната цена е 100 денари за килограм жива мера. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи, Гоце Сарафимов вели дека одгледувачите бараат производната цена на свинско месо да изнесува 150 денари.
Ние како производители на свинско месо бараме да се покаче цената, но се уште нема ништо. По месарите и супер маркетите не знаеме што ќе се случува. Инаку трошоците се многу покачени во однос на лани, еве да речеме храната за свињите е покачена 100 посто, а исто така и стујата е покачена, а цената на свинското е уште иста. Лани беше 100 денари и сега е 100 денари. Реално производната цена треба да биде најмалку 150 денари - вели Сарафимов.
Посочи дека од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имале субвенции од 1.500 денари за продаден товеник, за месеците февруар, март и април, но зголемените трошоци веќе се чувствуваат со намалување на бројот на свињи. Сарафимов истакна дека трендот на намалување е почнат во велешкиот регион, каде што во три фарми е намален бројот на мајки. Економистите сметаат дека увозната инфлација во државата граѓаните допрва ќе ја почувствуваат. Според штипскиот економист и аналитичар, Глигор Ивановски, покачувањето на цените на основните продукти за живот, влијаат врз џебот на граѓаните, но ова е состојба која не може да се избегне бидејќи е настаната заради случувањата надвор од државата. Основните производи за живот мора да се купат и покрај тоа што нивната цена е покачена, а идентична е ситуацијата и со нафтените деривати и струјата. Според Ивановски, сѐ што не е присутно во државата ќе го има, но по многу повисоки цени, инфлацијата е пожелна во одредени случаи, кога е во контролирани рамки од 1 до 2 отсто на годишно ниво. Но, сегашната состојба, истакнува, зборува за инфлација која е поголема и чии негативни влијанија обичниот граѓанин дополнително ќе ги чувствува.

The post Одгледувачите на свињи бараат повисока производна цена на месото appeared first on Република.

]]>
Црна Гора забрани увоз на свињи од Македонија и делови на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crna-gora-zabrani-uvoz-na-svinji-od-makedonija-i-delovi-na-srbija/ Mon, 10 Jan 2022 22:07:47 +0000 https://republika.mk/?p=442861

Црногорското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство објави список на земји од кои е забранет увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи, нивно месо и производи, со цел да се спречи свинската чума, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што се наведува во владината одлука за увоз и транзит, забранет е увоз на свињи од од Македонија и делови на Србија, односно од Пиротскиот, Зајечарскиот, Борскиот, Браничевскиот и Подунавскиот округ.

По исклучок, увозот може да се одобри за одредени месни производи и производи кои содржат месо со потекло од домашни свињи само доколку ги исполнуваат условите пропишани со наредбата за забрана за увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи, месо и месни производи, се додава во соопштението.

Забраната се однесува и на Филипини, Источен Тимор, Индонезија, Индија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Кина, Кенија, Лаос, Молдавија, Мјанмар, Намибија, Нигерија, Брегот на Слоновата Коска, Папуа Нова Гвинеја, Русија, Украина, Виетнам и Замбија.

The post Црна Гора забрани увоз на свињи од Македонија и делови на Србија appeared first on Република.

]]>

Црногорското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство објави список на земји од кои е забранет увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи, нивно месо и производи, со цел да се спречи свинската чума, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во владината одлука за увоз и транзит, забранет е увоз на свињи од од Македонија и делови на Србија, односно од Пиротскиот, Зајечарскиот, Борскиот, Браничевскиот и Подунавскиот округ. По исклучок, увозот може да се одобри за одредени месни производи и производи кои содржат месо со потекло од домашни свињи само доколку ги исполнуваат условите пропишани со наредбата за забрана за увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи, месо и месни производи, се додава во соопштението. Забраната се однесува и на Филипини, Источен Тимор, Индонезија, Индија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Кина, Кенија, Лаос, Молдавија, Мјанмар, Намибија, Нигерија, Брегот на Слоновата Коска, Папуа Нова Гвинеја, Русија, Украина, Виетнам и Замбија.

The post Црна Гора забрани увоз на свињи од Македонија и делови на Србија appeared first on Република.

]]>