свинска маст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svinska-mast/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Mar 2023 18:08:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свинска маст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svinska-mast/ 32 32 Да се јаде сало и сланина е многу поздраво од што нè лажеле https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/da-se-jade-salo-i-slanina-e-mnogu-pozdravo-od-shto-ne-lazhele/ Thu, 02 Mar 2023 17:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=614093

Не треба да ги исфрламе од исхраната свинската маст и сланината, вели нутриционистката Андреа Биланџија, објаснувајќи какви нутритивни вредности за нашето тело имаат овие намирници.

Иако со години ја плукаат како „лоша храна“, свинската маст има бројни придобивки ако се користи правилно и умерено. Таа е богата со витамините А, Д и Е, но покрај тоа, како и сите други масла и масти, содржи и многу калории, поради што треба да внимавате на количината. Дневниот калориски внес од масти не треба да надминува 30%. Всушност, салото е идеално за пржење и за термичка обработка на храната бидејќи има најголема отпорност на високи температури, поточно има висока точка на чадење, што го прави едно од најстабилните масла за термичка обработка на покачени температури, објаснува таа.

Додава и дека свинската маст содржи холестерол, кој во организмот под влијание на УВ зраците се претвора во витамин Д, важен за апсорпцијата на калциумот.

Што се однесува на сланината, пак, покрај протеините од месото, таа содржи и витамини од групата Б, селен, фосфор, железо, цинк итн.

Иако содржи околу 400 калории на 100 грама и околу 40% од тоа се масти, сланината е многу квалитетна храна која секако може да најде место во вашата чинија. Секако, сланината сепак е храна која не се јаде во големи количиним па клучот е умереноста, но и начинот на подготовка, вели Биланџија.

Таа објаснува дека нитратите и нитритите, кои ги содржат некои од пакуваните сланини, на високи температури се претвораат во канцерогени нитрозамини. Затоа, најдобро би било да јадете сланина во природна форма, а да избегнувате пржење на високи температури.

Друга работа што мора да ја имаме на ум при конзумирањето сланина е фактот дека содржи многу сол, поради што луѓето кои страдаат од висок крвен притисок мора да бидат внимателни.

The post Да се јаде сало и сланина е многу поздраво од што нè лажеле appeared first on Република.

]]>

Не треба да ги исфрламе од исхраната свинската маст и сланината, вели нутриционистката Андреа Биланџија, објаснувајќи какви нутритивни вредности за нашето тело имаат овие намирници.
Иако со години ја плукаат како „лоша храна“, свинската маст има бројни придобивки ако се користи правилно и умерено. Таа е богата со витамините А, Д и Е, но покрај тоа, како и сите други масла и масти, содржи и многу калории, поради што треба да внимавате на количината. Дневниот калориски внес од масти не треба да надминува 30%. Всушност, салото е идеално за пржење и за термичка обработка на храната бидејќи има најголема отпорност на високи температури, поточно има висока точка на чадење, што го прави едно од најстабилните масла за термичка обработка на покачени температури, објаснува таа.
Додава и дека свинската маст содржи холестерол, кој во организмот под влијание на УВ зраците се претвора во витамин Д, важен за апсорпцијата на калциумот. Што се однесува на сланината, пак, покрај протеините од месото, таа содржи и витамини од групата Б, селен, фосфор, железо, цинк итн.
Иако содржи околу 400 калории на 100 грама и околу 40% од тоа се масти, сланината е многу квалитетна храна која секако може да најде место во вашата чинија. Секако, сланината сепак е храна која не се јаде во големи количиним па клучот е умереноста, но и начинот на подготовка, вели Биланџија.
Таа објаснува дека нитратите и нитритите, кои ги содржат некои од пакуваните сланини, на високи температури се претвораат во канцерогени нитрозамини. Затоа, најдобро би било да јадете сланина во природна форма, а да избегнувате пржење на високи температури. Друга работа што мора да ја имаме на ум при конзумирањето сланина е фактот дека содржи многу сол, поради што луѓето кои страдаат од висок крвен притисок мора да бидат внимателни.

The post Да се јаде сало и сланина е многу поздраво од што нè лажеле appeared first on Република.

]]>
Свинска маст измиена во девет води – моќниот лек на нашите баби https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/svinska-mast-izmiena-vo-devet-vodi-mokniot-lek-na-nashite-babi/ Sun, 08 Jan 2023 19:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=594698

Во минатото, лековите во 90 отсто од случаите биле природни. Па така, нашите прабаби се лекувале со чуваркуќа, лековити билки, домашно млеко и супа.

Една аптека во старите времиња задолжително содржела бројни природни лекови против кашлица, а меѓу нив била и свинската маст, „премиена“ во девет води.

Имено, домаќинките приготвува маст за лекување на посебен начин, така што одвојувале одредена количина по топењето и темелно ја миеле. На лажица маст се сипува половина чаша ладна вода, се мати сето тоа со дрвена лажица десетина секунди, се остава кратко да отстои, па водата се одлива од површината. Постапката се повторува девет пати и така се добива исклучително бела маст.

За болни бели дробови, таа се користи на повеќе начини. За деца, може само малку да се загрее па да се намачка на градниот кош, да се покрие со газа, па со фолија, па потоа да се облече детето во маица и пижама. Така треба да преспие, а утредента навечер може да се повтори целата постапка.

За повозрасните, може прво да се намачка кожата со премиената маст, па потоа се ставаат облоги. Може да се остави така и прекуноќ.

Според третиот старински рецепт, премиената маст може да се измеша со малку ракија, па да се натопи облогата со оваа мешавина.

Се смета дека маста ги смирува воспалителните процеси и ја „извлекува“ температурата, а се препорачува и за воспаление на синуси, хемороиди и мозолчиња на кожата.

The post Свинска маст измиена во девет води – моќниот лек на нашите баби appeared first on Република.

]]>

Во минатото, лековите во 90 отсто од случаите биле природни. Па така, нашите прабаби се лекувале со чуваркуќа, лековити билки, домашно млеко и супа. Една аптека во старите времиња задолжително содржела бројни природни лекови против кашлица, а меѓу нив била и свинската маст, „премиена“ во девет води. Имено, домаќинките приготвува маст за лекување на посебен начин, така што одвојувале одредена количина по топењето и темелно ја миеле. На лажица маст се сипува половина чаша ладна вода, се мати сето тоа со дрвена лажица десетина секунди, се остава кратко да отстои, па водата се одлива од површината. Постапката се повторува девет пати и така се добива исклучително бела маст. За болни бели дробови, таа се користи на повеќе начини. За деца, може само малку да се загрее па да се намачка на градниот кош, да се покрие со газа, па со фолија, па потоа да се облече детето во маица и пижама. Така треба да преспие, а утредента навечер може да се повтори целата постапка. За повозрасните, може прво да се намачка кожата со премиената маст, па потоа се ставаат облоги. Може да се остави така и прекуноќ. Според третиот старински рецепт, премиената маст може да се измеша со малку ракија, па да се натопи облогата со оваа мешавина. Се смета дека маста ги смирува воспалителните процеси и ја „извлекува“ температурата, а се препорачува и за воспаление на синуси, хемороиди и мозолчиња на кожата.

The post Свинска маст измиена во девет води – моќниот лек на нашите баби appeared first on Република.

]]>