свинска чума Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svinska-chuma/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Aug 2023 14:55:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свинска чума Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svinska-chuma/ 32 32 Ново жариште на свинска чума регистрирано во Делчевско https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/novo-zharishte-na-svinska-chuma-registrirano-vo-delchevsko/ Thu, 24 Aug 2023 14:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=675458

Ново жариште на свинска чума е регистрирано во делчевското село Тработивиште. Екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа денеска спроведуваат мерки за контрола и спречување на ширење на болеста.

Дописникот на МИА, кој бил на лице место го регистрира чинот на вршење еутаназија на заболените животни и нивно отстранување од одгледувалиштето каде е потврдена болеста.

Во моментот екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа спроведуваат мерки за контрола и спречувањена ширење на болеста. Се врши еутаназија на заболените животни и нивно не штетно отстранување од одгледувалиштето каде е потврдена болеста, како и од контактните одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болест, освен во комерцијалните фарми кои се категоризирани со низок ризик, информираа од АХВ.

Како што додаваат оттаму, се спроведуваат и мерки за епидемиолошко испитување за утврдување на можниот извор на заразата, попис и идентификација на сите свињи во одгледувалиштата, не штетно отстранување и уништување на опремата која не може да се дезинфицира, како и на слама, храна и шталско ѓубре.

Под надзор на официјален ветеринар се спроведуваат и мерки за чистење и дезинфекција на опремата и возилата. На сила е забраната за чување на свињи на отворено и забраната задвижење и превоз на свињи во и од зоната, освен кога се носат воодобрена кланица за колење, велат од АХВ.

Попис и регистрација ќе се спроведе и за свињите во одгледувалиштата во зоната под надзор каде исто е забрането чување свињи на отворено, движење и превоз во и од зоната освен кога се движат во одобрена кланица за колење.

The post Ново жариште на свинска чума регистрирано во Делчевско appeared first on Република.

]]>

Ново жариште на свинска чума е регистрирано во делчевското село Тработивиште. Екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа денеска спроведуваат мерки за контрола и спречување на ширење на болеста. Дописникот на МИА, кој бил на лице место го регистрира чинот на вршење еутаназија на заболените животни и нивно отстранување од одгледувалиштето каде е потврдена болеста.
Во моментот екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа спроведуваат мерки за контрола и спречувањена ширење на болеста. Се врши еутаназија на заболените животни и нивно не штетно отстранување од одгледувалиштето каде е потврдена болеста, како и од контактните одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болест, освен во комерцијалните фарми кои се категоризирани со низок ризик, информираа од АХВ.
Како што додаваат оттаму, се спроведуваат и мерки за епидемиолошко испитување за утврдување на можниот извор на заразата, попис и идентификација на сите свињи во одгледувалиштата, не штетно отстранување и уништување на опремата која не може да се дезинфицира, како и на слама, храна и шталско ѓубре.
Под надзор на официјален ветеринар се спроведуваат и мерки за чистење и дезинфекција на опремата и возилата. На сила е забраната за чување на свињи на отворено и забраната задвижење и превоз на свињи во и од зоната, освен кога се носат воодобрена кланица за колење, велат од АХВ.
Попис и регистрација ќе се спроведе и за свињите во одгледувалиштата во зоната под надзор каде исто е забрането чување свињи на отворено, движење и превоз во и од зоната освен кога се движат во одобрена кланица за колење.

The post Ново жариште на свинска чума регистрирано во Делчевско appeared first on Република.

]]>
Вонредна состојба во Република Српска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vonredna-sostojba-vo-republika-srpska/ Mon, 10 Jul 2023 15:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=659814

Владата на Република Српска денеска прогласи вонредна состојба во регионот на Семберија поради африканска свинска чума.

Во Бјелина и општините Лопаре и Угљевиќ е прогласена вонредна состојба. Ваква одлука донесе Владата на Република Српска на телефонска седница.

Првите случаи на африканска свинска чума во Бјелина се регистрирани пред петнаесетина дена

The post Вонредна состојба во Република Српска appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Српска денеска прогласи вонредна состојба во регионот на Семберија поради африканска свинска чума. Во Бјелина и општините Лопаре и Угљевиќ е прогласена вонредна состојба. Ваква одлука донесе Владата на Република Српска на телефонска седница. Првите случаи на африканска свинска чума во Бјелина се регистрирани пред петнаесетина дена  

The post Вонредна состојба во Република Српска appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Неотповикливи оставки од Бабовски и Николовски заради катастрофалната ситуација со ширењето на свинската чума! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-neotpoviklivi-ostavki-od-babovski-i-nikolovski-zaradi-katastrofalnata-situacija-so-shirenjeto-na-svinskata-chuma/ Fri, 12 Aug 2022 11:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=539624

Состојбата со ширењето на африканската свинска чума е катастрофална, свињарскиот сектор е загрозен, а под знак прашалник е безбедноста на храната на граѓаните, а директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и министерот Љупчо збор не изустиле кои мерки ќе ги преземаат и како ќе се справат со настанатата ситуацијата, се вели во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа барам неотповиклива оставка ВЕДНАШ! Прво оставка од Бабовски и Николовски, а потоа одговорност! Доста е од негрижа. Доста е од неспособност и неодговорност. Време е за промени! Истакна Трупуновски.

The post Трипуновски: Неотповикливи оставки од Бабовски и Николовски заради катастрофалната ситуација со ширењето на свинската чума! appeared first on Република.

Бабовски: Засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во Моштица https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/babovski-zasileni-merkite-protiv-afrikanskata-svinska-chuma-po-potvrdeniot-nov-sluchaj-vo-moshtica/ Wed, 27 Jul 2022 13:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=533849

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски соопшти дека се засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во селото Моштица.

Бабовски, кој денеска веднаш замина на терен и имаше средба со надлежните од локалната самоуправа, порача граѓаните да бидат мирни и спокојни зашто болеста, нагласи, не е зооноза, односно се јавува само кај домашните и дивите свињи, а не и кај луѓето. Опасноста, подвлече, е во несовесното однесување – ако некој посетува ловишта и фарми каде има африканска чума, па може лесно да ја пренесе на друга фарма или ловиште.

Како што информира директорот на АХВ, издадено е ново Решение со кои се наложува преземање контролни и заштитни мерки за сузбивање на африканската свинска чума во заштитната зона околу жариштето, кое ги вклучува населените места Моштица, Македонска Каменица, Косевица, Саса, Цера и Костин Дол во Македонска Каменица.

АХВ ги презема сите потребни активности, а за новото жариште се известени и Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) и Европската комисија. Нашите стручни лица се на терен. Знаеме како да се справиме со оваа подмолна болест која во поновата историја е најголемата пандемија кај домашните и дивите животни. Ако е веќе еднаш присутна, поради високата отпорност на вирусот, секогаш претставува опасност. Но, досега реагиравме навреме, сигурен сум дека и овој пат успешно ќе се справиме - нагласи Бабовски по враќањето во Скопје.

Тој рече дека на одгледувалиштето во Моштица се спроведени сите потребни мерки за уништување на вирусот, а во тек е и спроведување епидемиолошка истрага за утврдување на причинителот. Мерки се преземаат и во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу жариштето, која ги опфаќа општините Виница (со населеното место Калиманци), Кочани (со населените места Пресека, Небојани, Главовица, Костин Дол, Безиково и Ново Село), Делчево (со населените места Илиово и Вратиславци), како и Македонска Каменица (со населените места, Луковица, Дулица, и Тодоровци).

Во заштитната зона околу потврденото жариште се спроведуваат следниве мерки: попис на сите одгледувалишта на свињи и идентификација на сите свињи во рок од пет дена, епидемиолошко испитување во сите заразени и сомнителни одгледувалишта на свињи за да се утврди можниот извор и ширење на болеста, како и одземање, убивање и нештетно отстранување (депопулација) на сите свињи кои се наоѓаат во заштитната зона - нагласи Бабовски и додаде дека од одземените свињи ќе се земаат мостри за лабораториско испитување.

Согласно мерките, нештетно, рече директорот на АХВ, се отстранува опремата која не може да се дезинфицира (слама, храна и шталско ѓубре како и кујнскиот отпад – помии), а предвидено е и чистење, дезинфекција и дезинсекција на објектите, просториите и возилата кои влегуваат и излегуваат од одгледувалиштата.

Според Бабовски, високоризичната зона на болеста ги опфаќа сите општини во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија.

The post Бабовски: Засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во Моштица appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски соопшти дека се засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во селото Моштица. Бабовски, кој денеска веднаш замина на терен и имаше средба со надлежните од локалната самоуправа, порача граѓаните да бидат мирни и спокојни зашто болеста, нагласи, не е зооноза, односно се јавува само кај домашните и дивите свињи, а не и кај луѓето. Опасноста, подвлече, е во несовесното однесување – ако некој посетува ловишта и фарми каде има африканска чума, па може лесно да ја пренесе на друга фарма или ловиште. Како што информира директорот на АХВ, издадено е ново Решение со кои се наложува преземање контролни и заштитни мерки за сузбивање на африканската свинска чума во заштитната зона околу жариштето, кое ги вклучува населените места Моштица, Македонска Каменица, Косевица, Саса, Цера и Костин Дол во Македонска Каменица.
АХВ ги презема сите потребни активности, а за новото жариште се известени и Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) и Европската комисија. Нашите стручни лица се на терен. Знаеме како да се справиме со оваа подмолна болест која во поновата историја е најголемата пандемија кај домашните и дивите животни. Ако е веќе еднаш присутна, поради високата отпорност на вирусот, секогаш претставува опасност. Но, досега реагиравме навреме, сигурен сум дека и овој пат успешно ќе се справиме - нагласи Бабовски по враќањето во Скопје.
Тој рече дека на одгледувалиштето во Моштица се спроведени сите потребни мерки за уништување на вирусот, а во тек е и спроведување епидемиолошка истрага за утврдување на причинителот. Мерки се преземаат и во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу жариштето, која ги опфаќа општините Виница (со населеното место Калиманци), Кочани (со населените места Пресека, Небојани, Главовица, Костин Дол, Безиково и Ново Село), Делчево (со населените места Илиово и Вратиславци), како и Македонска Каменица (со населените места, Луковица, Дулица, и Тодоровци).
Во заштитната зона околу потврденото жариште се спроведуваат следниве мерки: попис на сите одгледувалишта на свињи и идентификација на сите свињи во рок од пет дена, епидемиолошко испитување во сите заразени и сомнителни одгледувалишта на свињи за да се утврди можниот извор и ширење на болеста, како и одземање, убивање и нештетно отстранување (депопулација) на сите свињи кои се наоѓаат во заштитната зона - нагласи Бабовски и додаде дека од одземените свињи ќе се земаат мостри за лабораториско испитување.
Согласно мерките, нештетно, рече директорот на АХВ, се отстранува опремата која не може да се дезинфицира (слама, храна и шталско ѓубре како и кујнскиот отпад – помии), а предвидено е и чистење, дезинфекција и дезинсекција на објектите, просториите и возилата кои влегуваат и излегуваат од одгледувалиштата. Според Бабовски, високоризичната зона на болеста ги опфаќа сите општини во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија.

The post Бабовски: Засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во Моштица appeared first on Република.

]]>
АХВ ги олабави мерките поради поволната епидемиолошка состојба со афиканската чума https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ahv-gi-olabavi-merkite-poradi-povolnata-epidemioloshka-sostojba-so-afikanskata-chuma/ Fri, 04 Mar 2022 12:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=467769

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое се олабавуваат мерките за заштита од африканска чума кај свињите поради поволната епидемиолошка состојба.

Според АХВ, се укинуваат заштитната зона (во радиус од три километри) и зоната под надзор (во радиус од десет километри) околу двете жаришта во Делчевско, каде, во координација и соработка со локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, ветеринарните друштва и одгледувачите на свињи успешно беа спроведени мерките за ерадикација (убивање и нештетно закопување на свињите во заштитната зона) и депопулација со економско искористување на месото во зоната под надзор и другите мерки за заштита, дефинирани во претходно донесените решенија.

За ставање на состојбата со болеста под контрола, од нејзиното појавување досега, АХВ веднаш го активира Националниот центар за контрола на болести, спроведен беше вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и проверка на воспоставената категоризација на фармите во однос на воведените безбедносни мерки, а засилена беше и соработката со Ловечката федерација, здруженијата на одгледувачи на свињи, Ветеринарната комора и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство со кои се одржаа неколку работни состаноци - вели директорот на АХВ, Николче Бабовски.

Комерцијалните фарми и некомерцијалните одгледувалишта во високоризичната зона во која влегуваат општините во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија, заклучно со 1 април, нагласува директорот, треба да воспостават високи биосигурносни стандарди.

Доколку тие не се категоризираат како одгледувалишта со низок или среден ризик, кај нив ќе се спроведе мерка за депопулација на трошок на одгледувачите. Со последното решение се засилува пасивниот надзор на одгледувалиштата, во големите свињарски фарми и во ловиштата, на целата територија на земјава - потенцира Бабовски.

Тој додава и дека одгледувачите на свињи се должни да ја следат здравствената состојба на грлата и за секоја промена да го информираат официјалниот ветеринар или надлежното ветеринарно друштво, а големите фарми имаат обврска од секоја угината свиња да испратат мостри за лабораториско испитување. Ловните друштва, пак, треба еднаш неделно да вршат пребарување на ловиштата за пронаоѓање угинати диви свињи и за тоа да пратат извештај до официјален ветеринар. Од секоја угината дива свиња која ќе биде пронајдена, задолжително треба да се прати мостра за лабораториско испитување за утврдување на присуство на вирусот на африканска чума кај свињите.

Се засилува отстрелот на диви свињи во сите ловишта, независно од дозволениот број за отстрел со ловностопанските основи. Мостра од секоја застрелана дива свиња задолжително треба да се прати за лабораториско испитување, а месото ќе може да се консумира само откако ќе се добие негативен резултат од анализата за утврдување на присуство на вирусот. Во текот на ловот мора да се почитуваат бисигурносните мерки при лов, а обработката на месото од застреланите диви свињи да се врши исклучиво во строго определени градежно уредени објекти/простори за расекување, обработка и чување на труповите - подвлекува Бабовски.

Се забранува, вели, и прихранување диви свињи, освен за намамување за отстрел. Останува и забраната за работа на добиточните пазари, организирање на изложби и други настани во присуство на животни од видот свињи.

Нема промени и во однос на забраната за држење свињи на отворено и колење на свињи во домашни услови. Повторно населување (репопулација) во одгледувалиштата на свињи согласно решението, е дозволено по укинување на наредените мерки за контрола и ерадикација на болеста, само во одгледувалишта кои се категоризирани со низок и среден ризик. Доколку се утврди дека е вршена репопулација пред укинување на наредените мерки, или репопулацијата е извршена во нерегистрирани одгледувалишта односно одгледувалишта кои се категоризирани со висок ризик, но и ако се затекнат свињи без доказ за потеклото (неидентификувани и без сертификат за здравствена состојба) ќе се изврши нивно одземање, убивање и нештетно отстранување без надомест, на товар на одгледувачот- информира директорот на АХВ, Бабовски.

The post АХВ ги олабави мерките поради поволната епидемиолошка состојба со афиканската чума appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое се олабавуваат мерките за заштита од африканска чума кај свињите поради поволната епидемиолошка состојба. Според АХВ, се укинуваат заштитната зона (во радиус од три километри) и зоната под надзор (во радиус од десет километри) околу двете жаришта во Делчевско, каде, во координација и соработка со локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, ветеринарните друштва и одгледувачите на свињи успешно беа спроведени мерките за ерадикација (убивање и нештетно закопување на свињите во заштитната зона) и депопулација со економско искористување на месото во зоната под надзор и другите мерки за заштита, дефинирани во претходно донесените решенија.
За ставање на состојбата со болеста под контрола, од нејзиното појавување досега, АХВ веднаш го активира Националниот центар за контрола на болести, спроведен беше вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и проверка на воспоставената категоризација на фармите во однос на воведените безбедносни мерки, а засилена беше и соработката со Ловечката федерација, здруженијата на одгледувачи на свињи, Ветеринарната комора и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство со кои се одржаа неколку работни состаноци - вели директорот на АХВ, Николче Бабовски.
Комерцијалните фарми и некомерцијалните одгледувалишта во високоризичната зона во која влегуваат општините во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија, заклучно со 1 април, нагласува директорот, треба да воспостават високи биосигурносни стандарди.
Доколку тие не се категоризираат како одгледувалишта со низок или среден ризик, кај нив ќе се спроведе мерка за депопулација на трошок на одгледувачите. Со последното решение се засилува пасивниот надзор на одгледувалиштата, во големите свињарски фарми и во ловиштата, на целата територија на земјава - потенцира Бабовски.
Тој додава и дека одгледувачите на свињи се должни да ја следат здравствената состојба на грлата и за секоја промена да го информираат официјалниот ветеринар или надлежното ветеринарно друштво, а големите фарми имаат обврска од секоја угината свиња да испратат мостри за лабораториско испитување. Ловните друштва, пак, треба еднаш неделно да вршат пребарување на ловиштата за пронаоѓање угинати диви свињи и за тоа да пратат извештај до официјален ветеринар. Од секоја угината дива свиња која ќе биде пронајдена, задолжително треба да се прати мостра за лабораториско испитување за утврдување на присуство на вирусот на африканска чума кај свињите.
Се засилува отстрелот на диви свињи во сите ловишта, независно од дозволениот број за отстрел со ловностопанските основи. Мостра од секоја застрелана дива свиња задолжително треба да се прати за лабораториско испитување, а месото ќе може да се консумира само откако ќе се добие негативен резултат од анализата за утврдување на присуство на вирусот. Во текот на ловот мора да се почитуваат бисигурносните мерки при лов, а обработката на месото од застреланите диви свињи да се врши исклучиво во строго определени градежно уредени објекти/простори за расекување, обработка и чување на труповите - подвлекува Бабовски.
Се забранува, вели, и прихранување диви свињи, освен за намамување за отстрел. Останува и забраната за работа на добиточните пазари, организирање на изложби и други настани во присуство на животни од видот свињи.
Нема промени и во однос на забраната за држење свињи на отворено и колење на свињи во домашни услови. Повторно населување (репопулација) во одгледувалиштата на свињи согласно решението, е дозволено по укинување на наредените мерки за контрола и ерадикација на болеста, само во одгледувалишта кои се категоризирани со низок и среден ризик. Доколку се утврди дека е вршена репопулација пред укинување на наредените мерки, или репопулацијата е извршена во нерегистрирани одгледувалишта односно одгледувалишта кои се категоризирани со висок ризик, но и ако се затекнат свињи без доказ за потеклото (неидентификувани и без сертификат за здравствена состојба) ќе се изврши нивно одземање, убивање и нештетно отстранување без надомест, на товар на одгледувачот- информира директорот на АХВ, Бабовски.

The post АХВ ги олабави мерките поради поволната епидемиолошка состојба со афиканската чума appeared first on Република.

]]>
Во Делчево продолжуваат активностите за сузбивање на африканската свинска чума https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-delchevo-prodolzuvaat-aktivnostite-za-suzbivanje-na-afrikanskata-svinska-chuma/ Tue, 11 Jan 2022 13:41:00 +0000 https://republika.mk/?p=443191

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски имаше работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. Единствена точка на разговорите беше појавата на африканска авинска чума на подрачјето на Општина Делчево и мерките што се преземаат за нејзино сузбивање.

Како што истакна Бабовски, по првичното констатирање на вирусот кај единки во одгледувалиште во делчевското село Драмче, спроведена е акција за депопулација на домашните свињи во радиус од три километри од првичното жариште, за што сопствениците ќе добијат финансиско обештетување.

Тоа нема да биде на нивна штета и нема да има финансиски негативен ефект врз ,,држателите” на овие животни. Во останатата надзорна зона, која се протега во радиус од 10 километри исто така ќе се изврши депопулација. Кај оние свињи кај кои ќе се дијагностицира дека се во добра здравствена состојба и дека кај нив не е присутен вирусот, од секоја една свиња ќе се земе примерок за испитување, ќе одат на економско искористување во кланиците, каде што на сопствениците ќе им биде надоместено, исто така финансиски се она што претставува пазарна вредност на овие животни - изјави Бабовски.

Според него, целта на мерките што ги презема АХВ деновиве преку активирање на Националниот центар за контрола на болести заедно со сите институции и локалната самоуправа, е државата што побрзо да си го поврати статусот на земја слободна од африканска свинска чума.

Досега се боревме и ја заштитивме државата од влијанијата од соседните држави, каде веќе беше констатирана оваа болест која е доста контагиозна, завршува со летален исход по свињите и претставува голема економска штета која може да се јави во свињарството. Заради тоа уште од првиот ден, 6 јануари 2022, имаме комплетна мобилност на Агенцијата, на локалната самоуправа и на сите членки во Националниот центар за контрола на болести - додава Бабовски.

Градоначалникот Трајковски додаде дека во изминатите пет дена се мобилизирала и Општината. Во координација со АХВ и Кризниот штаб секојдневно се одржуваат координативни состаноци.

Трајковски апелираше на зголемена свест на сите засегнати, односно да се почитуваат мерките утврдени со цел спречување на натамошно ширење на болеста.

Иако ова жариште, за жал, е на територија на нашата општина, да придонесеме сите да не се рашири на територијата на други општини и цела држава, зашто би имале многу поголеми финансиски импликации и како држава и како луѓе. Како локална самоуправа ќе работиме на подигање на свеста на фармерие - изјави Трајковски.

Тој најави дека заедно со Јавното комунално претпријатие, МВР и сите останати, Општината во координација со АХВ, ќе продолжи да ги презема сите потребни активности за болеста да се стави под контрола.

The post Во Делчево продолжуваат активностите за сузбивање на африканската свинска чума appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски имаше работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. Единствена точка на разговорите беше појавата на африканска авинска чума на подрачјето на Општина Делчево и мерките што се преземаат за нејзино сузбивање. Како што истакна Бабовски, по првичното констатирање на вирусот кај единки во одгледувалиште во делчевското село Драмче, спроведена е акција за депопулација на домашните свињи во радиус од три километри од првичното жариште, за што сопствениците ќе добијат финансиско обештетување.
Тоа нема да биде на нивна штета и нема да има финансиски негативен ефект врз ,,држателите” на овие животни. Во останатата надзорна зона, која се протега во радиус од 10 километри исто така ќе се изврши депопулација. Кај оние свињи кај кои ќе се дијагностицира дека се во добра здравствена состојба и дека кај нив не е присутен вирусот, од секоја една свиња ќе се земе примерок за испитување, ќе одат на економско искористување во кланиците, каде што на сопствениците ќе им биде надоместено, исто така финансиски се она што претставува пазарна вредност на овие животни - изјави Бабовски.
Според него, целта на мерките што ги презема АХВ деновиве преку активирање на Националниот центар за контрола на болести заедно со сите институции и локалната самоуправа, е државата што побрзо да си го поврати статусот на земја слободна од африканска свинска чума.
Досега се боревме и ја заштитивме државата од влијанијата од соседните држави, каде веќе беше констатирана оваа болест која е доста контагиозна, завршува со летален исход по свињите и претставува голема економска штета која може да се јави во свињарството. Заради тоа уште од првиот ден, 6 јануари 2022, имаме комплетна мобилност на Агенцијата, на локалната самоуправа и на сите членки во Националниот центар за контрола на болести - додава Бабовски.
Градоначалникот Трајковски додаде дека во изминатите пет дена се мобилизирала и Општината. Во координација со АХВ и Кризниот штаб секојдневно се одржуваат координативни состаноци. Трајковски апелираше на зголемена свест на сите засегнати, односно да се почитуваат мерките утврдени со цел спречување на натамошно ширење на болеста.