свињарски фарми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svinarski-farmi/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jan 2024 14:39:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свињарски фарми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svinarski-farmi/ 32 32 Починатиот работник од свињарската фарма немал респираторна заштитна, колегата кој притрчал да му помогне се бори за живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochinatiot-rabotnik-od-svinarskata-farma-nemal-respiratorna-zashtitna-kolegata-koj-pritrchal-da-mu-pomogne-se-bori-za-zhivot/ Tue, 09 Jan 2024 14:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=731193

На повик на Министерството за внатрешни работи (МВР), официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), извршил увид на свињарската фарма во село Амзибегово, информираат во пименото соопштение АХВ.

Од аспект на надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство, со надзорот не е утврден проблем во однос на здравствената заштита на животните – свињите кои се одгледуваат на фармата, односно, не е евидентирана смртност кај животните. АХВ изразува жалење за несреќниот настан, пишува во соопштението на АХВ.

МИА претходно информираше дека Инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) вчера излегоа на терен по трагедијата во свињарска фарма во светиниколското село Амзабегово, во која еден работник на 45 годишна возраст почина на лице место, а неговиот 53 годишен колега, кој притрчал да го извади од дупката е на Клиниката за токсикологија во Скопје. Се чекаат да поминат 48 часа за да му се направи компјутерска томографија на мозокот. Директорката на Државниот трудов инспекторат, Весна Томовска за МИА вели дека извршен е инспекциски увид по несреќниот случај, извештајот од нивна страна ќе биде комплетиран откако од сопственикот на свињарската фарма ќе биде предадена потребната документација. Инспекторите утврдиле дека починатиот работник немал респираторна заштита.

Државниот инспекторат за труд веднаш по добивањето на пријавата излезе на увид на лице место и од самиот увид утврди дека е случена несреќа при работа, со фатална последица за еден од работниците, а другиот работник е со потешки повреди и истиот е транспортиран на Клиниката за токсикологија во Скопје. Со оглед на тоа што во моментов на надзорот од страна на работодавачот не е презентирана потребната документација врз основа на која би се утврдила целата целокупната фактичка состојба од страна на инспекторите е задолжено работодавачот во текот на денешниот ден да ја презентира на увид потребната документација, вели Томовска.

Таа посочува дека по утврдување и разгледување на документацијата ДИТ ќе излезе и ќе го презентира случајот на јавноста. Според првичните информации починатиот работник ја отворил решетката која ги поврзува халата со дупката. Тој се симнал во дупката, за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од халата, кон дупката. Инспекторите утврдиле дека во моментот на несреќата починатиот работник немал респираторна заштита.

Од каков гас починал работникот О.Т, а неговиот колега С.Ј се бори за живот на Клиниката за токсикологија треба да утврди обудкцијата на починатиот работник. Трагедијата се случи вчера, а во СВР-Штип беше пријавена во 11.01 часот.

The post Починатиот работник од свињарската фарма немал респираторна заштитна, колегата кој притрчал да му помогне се бори за живот appeared first on Република.

]]>

На повик на Министерството за внатрешни работи (МВР), официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), извршил увид на свињарската фарма во село Амзибегово, информираат во пименото соопштение АХВ.
Од аспект на надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство, со надзорот не е утврден проблем во однос на здравствената заштита на животните – свињите кои се одгледуваат на фармата, односно, не е евидентирана смртност кај животните. АХВ изразува жалење за несреќниот настан, пишува во соопштението на АХВ.
МИА претходно информираше дека Инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) вчера излегоа на терен по трагедијата во свињарска фарма во светиниколското село Амзабегово, во која еден работник на 45 годишна возраст почина на лице место, а неговиот 53 годишен колега, кој притрчал да го извади од дупката е на Клиниката за токсикологија во Скопје. Се чекаат да поминат 48 часа за да му се направи компјутерска томографија на мозокот. Директорката на Државниот трудов инспекторат, Весна Томовска за МИА вели дека извршен е инспекциски увид по несреќниот случај, извештајот од нивна страна ќе биде комплетиран откако од сопственикот на свињарската фарма ќе биде предадена потребната документација. Инспекторите утврдиле дека починатиот работник немал респираторна заштита.
Државниот инспекторат за труд веднаш по добивањето на пријавата излезе на увид на лице место и од самиот увид утврди дека е случена несреќа при работа, со фатална последица за еден од работниците, а другиот работник е со потешки повреди и истиот е транспортиран на Клиниката за токсикологија во Скопје. Со оглед на тоа што во моментов на надзорот од страна на работодавачот не е презентирана потребната документација врз основа на која би се утврдила целата целокупната фактичка состојба од страна на инспекторите е задолжено работодавачот во текот на денешниот ден да ја презентира на увид потребната документација, вели Томовска.
Таа посочува дека по утврдување и разгледување на документацијата ДИТ ќе излезе и ќе го презентира случајот на јавноста. Според првичните информации починатиот работник ја отворил решетката која ги поврзува халата со дупката. Тој се симнал во дупката, за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од халата, кон дупката. Инспекторите утврдиле дека во моментот на несреќата починатиот работник немал респираторна заштита. Од каков гас починал работникот О.Т, а неговиот колега С.Ј се бори за живот на Клиниката за токсикологија треба да утврди обудкцијата на починатиот работник. Трагедијата се случи вчера, а во СВР-Штип беше пријавена во 11.01 часот.

The post Починатиот работник од свињарската фарма немал респираторна заштитна, колегата кој притрчал да му помогне се бори за живот appeared first on Република.

]]>
Помалите свињарски фарми во карбинскиот регион стравуваат од африканската чума https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pomalite-svinarski-farmi-vo-karbinskiot-region-stravuvaat-od-afrikanskata-chuma/ Sat, 09 Sep 2023 14:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=680284

Сопствениците на мали фарми стравуваат од африканската свинска чума. Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци Гоце Сарафимов вели дека никому не му е јасно како болеста успеала да зафати една од најголемите фарми, па од таа причина стравуваат дека малите фарми се многу полесна мета. Преземени се и сите мерки за поголема заштита на фармите.

– Стравуваме, како не. Таа е најголема фарма за свинско месо и е една со најголемите био-сигурносни мерки, со најдобро обезбеден режим на движење, меѓутоа и таму се појави. Од што дојде и како дојде, никому не му е јасно. Моментално, во малите фарми што се околу фармата, уште нема никаде појавено од свинската чума, па ќе видиме натаму, вели Сарафимов.

Тој посочува дека болеста не е опасност за луѓето, туку само за животните, а нејзини преносители најчесто се дивите свињи. Од таа причина, смета Сарафимов, требало да се преземат мерки со цел да се спречи ризикот од болеста.

– И таа африканска свинска чума не е нешто страшно за луѓето, да не се плашат за исхраната, всушност, од тоа не се ни дава на исхрана, тие свињи се нештетно уништуваат. Меѓутоа, да не се крева паника, не е тоа нешто заразно за луѓето, таа се пренесува само од животни на животни, најмногу ја пренесуваат дивите свињи. Требаше уште поодамна да се преземе нешто за намалување на бројот на дивите свињи, уништувањето на дивите свињи и на тој начин да се намали ризикот од африканската свинска чума, додава Сарафимов.

Инаку, на 25 претходниот месец, болеста африканска свинска чума беше потврдена во поголема фарма во селото Таринци, а закопувањето на околу 9.000 свињи започна во средата. Од АХВ посочија дека евтаназијата се спроведува со претходно обезбедување на сите потребни услови за безбедна евтаназија на животните и соодветно нештетно отстранување на мршите.

The post Помалите свињарски фарми во карбинскиот регион стравуваат од африканската чума appeared first on Република.