свифт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svift/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Mar 2022 13:05:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свифт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svift/ 32 32 Седум руски банки исклучени од СВИФТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sedum-ruski-banki-isklucheni-od-svift/ Wed, 02 Mar 2022 13:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=466489

Како дел од зајакнувањето на санкциите на Европска Унија против Русија по воената акција во Украина, седум руски банки се исклучени од меѓународната мрежа за размена на пораки за банкарски трансакции СВИФТ (SWIFT), објавено е во службен весник на ЕУ.

Исклучените банки сега имаат десет дена да го напуштат СВИФТ. Мерката се однесува и на втората по големина руска банка ВТБ, а потоа следат Банка Откритие, Новикомбанк, Промсвјазбанк, Банката Росија, Совкомбанк и ВЕБ.

Најголемата руска банка, Сбербанк и Газпромбанк, трета по големина, не се на листата на санкционирани банки бидејќи преку нив се одвива најголемиот дел од плаќањата за руски гас и нафта, кои земјите-членки продолжуваат да ги увезуваат од Русија.

Исклучувањето од СВИФТ не значи дека тие банки не можат да вршат плаќања и повлекувања, бидејќи тоа не е платен систем, туку систем за пораки за плаќање.

The post Седум руски банки исклучени од СВИФТ appeared first on Република.

]]>

Како дел од зајакнувањето на санкциите на Европска Унија против Русија по воената акција во Украина, седум руски банки се исклучени од меѓународната мрежа за размена на пораки за банкарски трансакции СВИФТ (SWIFT), објавено е во службен весник на ЕУ. Исклучените банки сега имаат десет дена да го напуштат СВИФТ. Мерката се однесува и на втората по големина руска банка ВТБ, а потоа следат Банка Откритие, Новикомбанк, Промсвјазбанк, Банката Росија, Совкомбанк и ВЕБ. Најголемата руска банка, Сбербанк и Газпромбанк, трета по големина, не се на листата на санкционирани банки бидејќи преку нив се одвива најголемиот дел од плаќањата за руски гас и нафта, кои земјите-членки продолжуваат да ги увезуваат од Русија. Исклучувањето од СВИФТ не значи дека тие банки не можат да вршат плаќања и повлекувања, бидејќи тоа не е платен систем, туку систем за пораки за плаќање.

The post Седум руски банки исклучени од СВИФТ appeared first on Република.

]]>