свидетелства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svidetelstva/ За подобро да се разбереме Mon, 22 May 2023 08:21:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свидетелства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svidetelstva/ 32 32 Учениците ќе добијат свидетелства на време, уверува МОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenitsite-ke-dobijat-svidetelstva-na-vreme-uveruva-mon/ Mon, 22 May 2023 08:21:27 +0000 https://republika.mk/?p=643483

Учениците од основните и средните училишта навремено ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, односно во текот на месец јуни. Бирото за развој на образованието под чија надлежност е спроведувањето на постапката за набавка на педагошка документација за училиштата, вклучително и свидетелства, веќе ја реализираше оваа обврска, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).

Според информациите од БРО, склучен е договор со економски оператор и истиот веќе ги испорачува свидетелствата за сите одделенија, а завршена е доставата за учениците од четврто и деветто одделение во основното образование, како и за учениците од завршните години во средното образование.

По целосната испорака, секое училиште индивидуално ги одредува датумите за доделување на свидетелствата за секое одделение. Апелираме тоа да се случи што поскоро по завршување на наставната година, која согласно Календарите за организација на работата на училиштата, за основците трае до 14 јуни, додека за средношколците до 9 јуни, соопшти МОН.

The post Учениците ќе добијат свидетелства на време, уверува МОН appeared first on Република.

]]>

Учениците од основните и средните училишта навремено ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, односно во текот на месец јуни. Бирото за развој на образованието под чија надлежност е спроведувањето на постапката за набавка на педагошка документација за училиштата, вклучително и свидетелства, веќе ја реализираше оваа обврска, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН). Според информациите од БРО, склучен е договор со економски оператор и истиот веќе ги испорачува свидетелствата за сите одделенија, а завршена е доставата за учениците од четврто и деветто одделение во основното образование, како и за учениците од завршните години во средното образование.
По целосната испорака, секое училиште индивидуално ги одредува датумите за доделување на свидетелствата за секое одделение. Апелираме тоа да се случи што поскоро по завршување на наставната година, која согласно Календарите за организација на работата на училиштата, за основците трае до 14 јуни, додека за средношколците до 9 јуни, соопшти МОН.

The post Учениците ќе добијат свидетелства на време, уверува МОН appeared first on Република.

]]>
Спонзорот на ДУИ, печатницата Арберија, не обезбеди ниту главни книги за учебната 2022/2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sponzorot-na-dui-pechatnicata-arberija-ne-obezbedi-nitu-glavni-knigi-za-uchebnata-2022-2023-godina/ Wed, 24 Aug 2022 11:01:24 +0000 https://republika.mk/?p=543597

Школската година едвај заврши во август, ако за крај на година се смета церемонијата за доделување на свидетелствата, уписите во средно се одвиваа скандалозно, наместо свидетелства се приложуваа слики од Е-дневникот, и сега годината може да доцни со почеток затоа што нема главни книги за училиштата!, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска, претседател на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

– Имено, во ист работен ден, училиштата добија известување од Бирото за развој на образованието дека треба да ги подигнат главните книги за учебната 2022/2023 година, за потоа доцна попладне повторно да се известуваат да не бараат Главни книги, бидејќи има грешки во печатењето и поради тоа главните книги ќе треба да се прпечатат. За печатењето, почитувани, повторно е фирмата Арберија, спонзорот на ДУИ!

Грешката во Главните книги е испревртени страници без никаков редослед на описно и бројчано оценување, без редослед на реден број на учениците, со еден збор целосен хаос.

Според договорот од први август годинава, Арберија Дизајн од Тетово, омилената печатница на ДУИ/СДСМ се обврзува дека педагошката документација и евиденција ќе испорача за 5 дена по нарачката од Бирото за образование.

Бирото како нарачател се обврзува да направи претходна контрола на техничката подготовка за печатење, квалитетот на печатените материјали и писмено одобрение за дистрибуција, вели Јаневска и додава дека „или Арберија не сработела како што треба по контролата од МОН или контролата на МОН потфрлила.“

– Доколку Арберија не го испочитувала договорот за квалитетна навремена испорака, според договорот тоа повлекува реализација на членот 7 од договорот, односно банкарската гаранција којашто се активира, цитирам: во случај на несовпаѓање на техничките и квалитативните карактеристики на испорачаните печатени материјали, се повлекува сериозна одговорност! Прво повлекување на банкараската гаранција, а потоа одговорност на печатницата.

Доколку Министерството односно Бирото не направиле контрола, тогаш повторно потребна е сериозна персонална одговорност кој тоа дозволил печатење на ваков неупотреблив материјал и на чиј трошок ќе се спроведе препечатува на главните книги?!

Образованието тоне, Македонија тоне, криминалот цвета! Доста е! Образованието во Македонија не смее повеќе да биде жртва на бизнис интересите на ДУИ и СДСМ! Образованието не смее да биде зад журките и спонзорите на ДУИ и СДСМ, тоа треба да биде на прво место. На ова мора да има крај, истакна Јаневска.

The post Спонзорот на ДУИ, печатницата Арберија, не обезбеди ниту главни книги за учебната 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>

Школската година едвај заврши во август, ако за крај на година се смета церемонијата за доделување на свидетелствата, уписите во средно се одвиваа скандалозно, наместо свидетелства се приложуваа слики од Е-дневникот, и сега годината може да доцни со почеток затоа што нема главни книги за училиштата!, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска, претседател на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
– Имено, во ист работен ден, училиштата добија известување од Бирото за развој на образованието дека треба да ги подигнат главните книги за учебната 2022/2023 година, за потоа доцна попладне повторно да се известуваат да не бараат Главни книги, бидејќи има грешки во печатењето и поради тоа главните книги ќе треба да се прпечатат. За печатењето, почитувани, повторно е фирмата Арберија, спонзорот на ДУИ!
Грешката во Главните книги е испревртени страници без никаков редослед на описно и бројчано оценување, без редослед на реден број на учениците, со еден збор целосен хаос. Според договорот од први август годинава, Арберија Дизајн од Тетово, омилената печатница на ДУИ/СДСМ се обврзува дека педагошката документација и евиденција ќе испорача за 5 дена по нарачката од Бирото за образование. Бирото како нарачател се обврзува да направи претходна контрола на техничката подготовка за печатење, квалитетот на печатените материјали и писмено одобрение за дистрибуција, вели Јаневска и додава дека „или Арберија не сработела како што треба по контролата од МОН или контролата на МОН потфрлила.“
– Доколку Арберија не го испочитувала договорот за квалитетна навремена испорака, според договорот тоа повлекува реализација на членот 7 од договорот, односно банкарската гаранција којашто се активира, цитирам: во случај на несовпаѓање на техничките и квалитативните карактеристики на испорачаните печатени материјали, се повлекува сериозна одговорност! Прво повлекување на банкараската гаранција, а потоа одговорност на печатницата.
Доколку Министерството односно Бирото не направиле контрола, тогаш повторно потребна е сериозна персонална одговорност кој тоа дозволил печатење на ваков неупотреблив материјал и на чиј трошок ќе се спроведе препечатува на главните книги?! Образованието тоне, Македонија тоне, криминалот цвета! Доста е! Образованието во Македонија не смее повеќе да биде жртва на бизнис интересите на ДУИ и СДСМ! Образованието не смее да биде зад журките и спонзорите на ДУИ и СДСМ, тоа треба да биде на прво место. На ова мора да има крај, истакна Јаневска.

The post Спонзорот на ДУИ, печатницата Арберија, не обезбеди ниту главни книги за учебната 2022/2023 година appeared first on Република.

]]>
Проф. д-р Јаневска: Министре Шаќири, свидителства уште нема, се надевам по организацијата на вчерашната прослава „Арберија“ ќе се позабави и со нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-d-r-janevska-ministre-shakjiri-sviditelstva-ushte-nema-se-nadevam-po-organizacijata-na-vcherashnata-proslava-arberija-kje-se-pozabavi-i-so-niv/ Sun, 14 Aug 2022 20:50:26 +0000 https://republika.mk/?p=540363

Проф д-р Весна Јаневска јавно му се обрати на министерот Јетон Шаќири за состојбата во образованието.

Министре Шаќири,

 

1. Свидителства уште нема. Се надевам по организацијата на вчерашната прослава „Арберија“ ќе се позабави и со нив.

 

2. Школскиот прибор е поскапен околу 50-тина проценти, а бидејчи учебници нема на тоа треба да се додадат дополнителни трошоци за скрипти и други материјали за учење, ИТ уреди, ранци и така натаму.

 

3. Вчерашното исвиркување на македонскиот јазик, на ваш голем срам, покажува дека проектот за меѓуетничка интехрација (МИО) не функционира. Мислите нешто да превземете?

17 дена пред почеток на новата учебна година - пишува проф. д-р Јаневска.

 

The post Проф. д-р Јаневска: Министре Шаќири, свидителства уште нема, се надевам по организацијата на вчерашната прослава „Арберија“ ќе се позабави и со нив appeared first on Република.

]]>

Проф д-р Весна Јаневска јавно му се обрати на министерот Јетон Шаќири за состојбата во образованието.
Министре Шаќири,   1. Свидителства уште нема. Се надевам по организацијата на вчерашната прослава „Арберија“ ќе се позабави и со нив.   2. Школскиот прибор е поскапен околу 50-тина проценти, а бидејчи учебници нема на тоа треба да се додадат дополнителни трошоци за скрипти и други материјали за учење, ИТ уреди, ранци и така натаму.   3. Вчерашното исвиркување на македонскиот јазик, на ваш голем срам, покажува дека проектот за меѓуетничка интехрација (МИО) не функционира. Мислите нешто да превземете? 17 дена пред почеток на новата учебна година - пишува проф. д-р Јаневска.
 

The post Проф. д-р Јаневска: Министре Шаќири, свидителства уште нема, се надевам по организацијата на вчерашната прослава „Арберија“ ќе се позабави и со нив appeared first on Република.

]]>
Хасипи: Од следната недела ќе почне дистрибуција на свидителствата до сите училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hasipi-od-slednata-nedela-kje-pochne-distribucija-na-sviditelstvata-do-site-uchilishta/ Thu, 11 Aug 2022 11:48:24 +0000 https://republika.mk/?p=539103

Жалбената постапка веќе заврши и од следната недела ќе почнеме со дистрибуирање на свидителствата до сите училишта во државата, изјави денеска за МИА директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи.

– Уште во текот на јуни беа дистрибуирани свидителствата и дипломите за матурантите кои завршија тригодишно и четиригодишно образование, како и за учениците од  деветто одделение со цел непречено да можат да го продолжат своето натамошно образование. Дистрибуцијата на свидителствата за останатите ученици доцнеше поради жалбена постапка која веќе заврши, така што од следната недела ќе почнеме и со нивна распределба по сите училишта во државава, вели Хасипи во изјавата за МИА.

The post Хасипи: Од следната недела ќе почне дистрибуција на свидителствата до сите училишта appeared first on Република.

]]>

Жалбената постапка веќе заврши и од следната недела ќе почнеме со дистрибуирање на свидителствата до сите училишта во државата, изјави денеска за МИА директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи. – Уште во текот на јуни беа дистрибуирани свидителствата и дипломите за матурантите кои завршија тригодишно и четиригодишно образование, како и за учениците од  деветто одделение со цел непречено да можат да го продолжат своето натамошно образование. Дистрибуцијата на свидителствата за останатите ученици доцнеше поради жалбена постапка која веќе заврши, така што од следната недела ќе почнеме и со нивна распределба по сите училишта во државава, вели Хасипи во изјавата за МИА.

The post Хасипи: Од следната недела ќе почне дистрибуција на свидителствата до сите училишта appeared first on Република.

]]>
МOН: Немаме свидетелства, па ќе доцни нивното издавање, меѓутоа учениците ќе ги добијат пред почетокот на новата учебна година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-nemame-svidetelstva-pa-kje-docni-nivnoto-izdavanje-megjutoa-uchenicite-kje-gi-dobijat-pred-pochetokot-na-novata-uchebna-godina/ Thu, 30 Jun 2022 10:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=521531

Министерството за образование ги извести директорите на сите средни и основни училишта во Македонија дека годинава ќе се доцни со издавањето на свидетелствата, неофицијално бидејќи државата нема обезбедно хартија и материјали потребни за нивна изработка.

Учениците годинава ќе ги добијат свидетелствата дури пред почетокот на новата учебна година во август. Свидителства во вообичаениот рок ќе им се издаваат само на учениците на кои им се потребни за упис во средно и високо образование или за оние кои имаат итна потреба од други причини.

Училиштата дополнително ќе бидат контактирани и известени за начинот и дистрибувцијата на свидетелства годинава.

Министер за образование е Јетон Шаќири, кадар на ДУИ, кој во рекорден рок од 3 години добил диплома од Економскиот факултет при Државниот универзитетот во Тетово.

Шаќири имал среќа што во тоа време во Македонија и во Министерството за образование имало доволно хартија и за свидетелства и за дипломи, па тој навреме ја добил дипломата.

The post МOН: Немаме свидетелства, па ќе доцни нивното издавање, меѓутоа учениците ќе ги добијат пред почетокот на новата учебна година appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование ги извести директорите на сите средни и основни училишта во Македонија дека годинава ќе се доцни со издавањето на свидетелствата, неофицијално бидејќи државата нема обезбедно хартија и материјали потребни за нивна изработка. Учениците годинава ќе ги добијат свидетелствата дури пред почетокот на новата учебна година во август. Свидителства во вообичаениот рок ќе им се издаваат само на учениците на кои им се потребни за упис во средно и високо образование или за оние кои имаат итна потреба од други причини. Училиштата дополнително ќе бидат контактирани и известени за начинот и дистрибувцијата на свидетелства годинава. Министер за образование е Јетон Шаќири, кадар на ДУИ, кој во рекорден рок од 3 години добил диплома од Економскиот факултет при Државниот универзитетот во Тетово. Шаќири имал среќа што во тоа време во Македонија и во Министерството за образование имало доволно хартија и за свидетелства и за дипломи, па тој навреме ја добил дипломата.

The post МOН: Немаме свидетелства, па ќе доцни нивното издавање, меѓутоа учениците ќе ги добијат пред почетокот на новата учебна година appeared first on Република.

]]>
Наместо во јуни, свидетелствата пак ќе се делат во август https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/namesto-vo-juni-svidetelstvata-pak-kje-se-delat-vo-avgust/ Thu, 23 Jun 2022 13:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=518978

И годинава како и лани свидетелствата на учениците од основните и средните училишта ќе се делат во август. Иако училиштата имаа закажани термини во јуни, вчера од Бирото за развој на образованието директорите добиле допис делењето на свидетелствата да го организираат во август, објави СДК.мк.

Лани првпат свидетелствата наместо на крајот на јуни се делеа во август. Тогаш од Бирото за образование рекоа дека одреден е нов термин, бидејќи тогаш ќе била порелаксирана ситуацијата со ковид пандемијата. Негираат дека имаат проблеми со тендерот за печатење на свидетелства како што тврдеше претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

The post Наместо во јуни, свидетелствата пак ќе се делат во август appeared first on Република.

]]>

И годинава како и лани свидетелствата на учениците од основните и средните училишта ќе се делат во август. Иако училиштата имаа закажани термини во јуни, вчера од Бирото за развој на образованието директорите добиле допис делењето на свидетелствата да го организираат во август, објави СДК.мк. Лани првпат свидетелствата наместо на крајот на јуни се делеа во август. Тогаш од Бирото за образование рекоа дека одреден е нов термин, бидејќи тогаш ќе била порелаксирана ситуацијата со ковид пандемијата. Негираат дека имаат проблеми со тендерот за печатење на свидетелства како што тврдеше претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

The post Наместо во јуни, свидетелствата пак ќе се делат во август appeared first on Република.

]]>