Светско првенство во скијање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetsko-prvenstvo-vo-skijane/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Feb 2023 12:58:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светско првенство во скијање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetsko-prvenstvo-vo-skijane/ 32 32 Четврто Светско првенство во скијање за гостиварецот Виктор Петков https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/chetvrto-svetsko-prvenstvo-vo-skijane-za-gostivaretsot-viktor-petkov/ Tue, 14 Feb 2023 12:58:20 +0000 https://republika.mk/?p=608887

Од 5 до 19 февруари, во француските ски-центри Куршевел и Мерибел се одржува 47-то Светско првенство во алпско скијање.

Дел од овој светски настан ќе биде и 23-годишниот скијач од Гостивар, Виктор Петков кој денеска замина за Франција, под водство на селекторот Антонио Ристески.

На Петков ова ќе му биде четврто Светско првенство. На последното кое се одржа во Италија имаше најдобар резултат, освојувајќи го 36 место во дисциплината велеслалом.

Натпреварите во техничките дисциплини слалом и велеслалом каде ќе настапува Петков ќе се одржат од четврток до недела.

„Секој постигнат резултат во официјалните натпревари на овој Светски Куп ќе го сметаме за голем успех. Направивме голем напор што подобро да се подготвиме за претстојните предизвици. Лошото време и состојбата со мали количини на снег ги надополнивме со подготовки во Австрија. Искрено се надеваме на добри резултати, со оглед на условите кои ги имаме“, изјави за Gostivarpress.mk, Гоце Петков, претседател на Ски клубот Сноу Спорт каде и Виктор е член.

Виктор е студент на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје во Скопје, а со скијање се бави од својата трета година.

The post Четврто Светско првенство во скијање за гостиварецот Виктор Петков appeared first on Република.

]]>

Од 5 до 19 февруари, во француските ски-центри Куршевел и Мерибел се одржува 47-то Светско првенство во алпско скијање. Дел од овој светски настан ќе биде и 23-годишниот скијач од Гостивар, Виктор Петков кој денеска замина за Франција, под водство на селекторот Антонио Ристески. На Петков ова ќе му биде четврто Светско првенство. На последното кое се одржа во Италија имаше најдобар резултат, освојувајќи го 36 место во дисциплината велеслалом. Натпреварите во техничките дисциплини слалом и велеслалом каде ќе настапува Петков ќе се одржат од четврток до недела. „Секој постигнат резултат во официјалните натпревари на овој Светски Куп ќе го сметаме за голем успех. Направивме голем напор што подобро да се подготвиме за претстојните предизвици. Лошото време и состојбата со мали количини на снег ги надополнивме со подготовки во Австрија. Искрено се надеваме на добри резултати, со оглед на условите кои ги имаме“, изјави за Gostivarpress.mk, Гоце Петков, претседател на Ски клубот Сноу Спорт каде и Виктор е член. Виктор е студент на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје во Скопје, а со скијање се бави од својата трета година.

The post Четврто Светско првенство во скијање за гостиварецот Виктор Петков appeared first on Република.

]]>