Светско првенство во латино танци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetsko-prvenstvo-vo-latino-tanci/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Nov 2023 09:48:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светско првенство во латино танци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetsko-prvenstvo-vo-latino-tanci/ 32 32 Почна СП во латино танци, Скопје е домаќин на 2000 танчери од 22 земји https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochna-sp-vo-latino-tantsi-skopje-e-domakin-na-2000-tancheri-od-22-zemji/ Tue, 07 Nov 2023 09:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=699074

Динамичниот дух на латино танците го размрда ноемвриското есенско сивило во главниот град. Светското првенство во латино танци вчера започна во хотел „Александар Палас“ во Скопје и предвидено е да трае до 10-ти ноември 2023. Скопје е почесен домаќин на годинешното Светско првенство во латино танци, на коешто учествуваат над 2.000 танчери од 22 различни земји во светот, а истите се натпреваруваат во повеќе категории, како соло изведби, рутини за парови и возбудливи групни прикази.

Наградуваните македонски танцови студија, „Eat the Beat“ и „Break a leg“, како организатори на годинешното првенство и постигнатиот успех Скопје да е домаќин на настан од глобален размер, успеаа да ја мапираат Македонија на почесната мапа на светски метрополи и градови, каде се организира ова традиционално, но сепак модерно танцово натпреварување во латино.

„Овие денови Скопје дефинитивно танцува во латино ритам, а со истото горди сме што сме дел од една убава уметничка приказна, доловена од бројни талентирани латино танчери од целиот свет, дојдени во Македонија за да ја пренесат токму моќта на танцот. Ги покануваме сите љубители на танго, самба, бачата, салса, ча-ча-ча, или пак, меренге, да дојдат и да се сведоци на уникатната глетка на изведбата на искусните учесници на најпознатите латино танци во светот. Како домаќини, ветуваме дека ќе оставиме траен впечаток кај сите посетители и учесници. И покрај културните разлики на 22-те земји учеснички, сигурни сме дека страста и љубовта кон латино танците е заедничкиот јазик, којшто ги спојува и зближува сите земји, кои се присутни деновиве во главниот град. Долгогодишното искуство и високото ниво на професионализам на „Eat the Beat“ и „Break a leg“ е и повеќе од доволна причина и потврда дека Македонија има капацитет да ѝ биде доделена палката за организација на првенство од ваков светски размер. За нас е голем предизвик да се создаде ваква платформа во срцето на Балканот, каде очите на светот ќе го видат квалитетот и вложениот труд на 22 земји учеснички во Скопје. За нас, а се надеваме и за целата јавност, ова првенство претставува многу повеќе од еден обичен традиционален натпревар. Светското првенство во латино танци овие денови има главна улога во танцовата изведба на славење на љубовта кон ритмичкиот израз на културата, историјата и традицијата на латино танците, - нешто коешто се негува многу одамна низ целиот свет, а и во Македонија,“ изјавија организаторите на годинешното светско првенство.

 

The post Почна СП во латино танци, Скопје е домаќин на 2000 танчери од 22 земји appeared first on Република.

]]>

Динамичниот дух на латино танците го размрда ноемвриското есенско сивило во главниот град. Светското првенство во латино танци вчера започна во хотел „Александар Палас“ во Скопје и предвидено е да трае до 10-ти ноември 2023. Скопје е почесен домаќин на годинешното Светско првенство во латино танци, на коешто учествуваат над 2.000 танчери од 22 различни земји во светот, а истите се натпреваруваат во повеќе категории, како соло изведби, рутини за парови и возбудливи групни прикази. Наградуваните македонски танцови студија, „Eat the Beat“ и „Break a leg“, како организатори на годинешното првенство и постигнатиот успех Скопје да е домаќин на настан од глобален размер, успеаа да ја мапираат Македонија на почесната мапа на светски метрополи и градови, каде се организира ова традиционално, но сепак модерно танцово натпреварување во латино.
„Овие денови Скопје дефинитивно танцува во латино ритам, а со истото горди сме што сме дел од една убава уметничка приказна, доловена од бројни талентирани латино танчери од целиот свет, дојдени во Македонија за да ја пренесат токму моќта на танцот. Ги покануваме сите љубители на танго, самба, бачата, салса, ча-ча-ча, или пак, меренге, да дојдат и да се сведоци на уникатната глетка на изведбата на искусните учесници на најпознатите латино танци во светот. Како домаќини, ветуваме дека ќе оставиме траен впечаток кај сите посетители и учесници. И покрај културните разлики на 22-те земји учеснички, сигурни сме дека страста и љубовта кон латино танците е заедничкиот јазик, којшто ги спојува и зближува сите земји, кои се присутни деновиве во главниот град. Долгогодишното искуство и високото ниво на професионализам на „Eat the Beat“ и „Break a leg“ е и повеќе од доволна причина и потврда дека Македонија има капацитет да ѝ биде доделена палката за организација на првенство од ваков светски размер. За нас е голем предизвик да се создаде ваква платформа во срцето на Балканот, каде очите на светот ќе го видат квалитетот и вложениот труд на 22 земји учеснички во Скопје. За нас, а се надеваме и за целата јавност, ова првенство претставува многу повеќе од еден обичен традиционален натпревар. Светското првенство во латино танци овие денови има главна улога во танцовата изведба на славење на љубовта кон ритмичкиот израз на културата, историјата и традицијата на латино танците, - нешто коешто се негува многу одамна низ целиот свет, а и во Македонија,“ изјавија организаторите на годинешното светско првенство.
 

The post Почна СП во латино танци, Скопје е домаќин на 2000 танчери од 22 земји appeared first on Република.

]]>
Скопје подготвено да ги пречека танчерите од цел свет на Светскиот шампионат во латино танц https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/skopje-podgotveno-da-gi-precheka-tancherite-od-tsel-svet-na-svetskiot-shampionat-vo-latino-tants/ Wed, 04 Oct 2023 08:18:07 +0000 https://republika.mk/?p=687717

Од 6 до 10 ноеврми Скопје ќе биде домаќин на претстојниот Светски шампионат во латино танц.

Скопје ќе биде домаќин на над 2000 танчери од повеќе од 20 земји од светот. Танчерите ќе се натпреваруваат во повеќе категории, вклучувајќи соло изведби, рутини за парови и возбудливи групни прикази.

Организатори на ова првенство се танцовите студија „Eat the Beat“ и „Break a Leg“, кои во своето портфолио имаат организирано голем број на вакви светски настани.

Тие велат дека Скопје е подготвено да ги пречека највештите и најстрасните танчери во светот, зошто Светскиот шампионат во латино танц претставува многу повеќе од само натпреварување, ја отелотворува суштината на латино танцот, тој е страстен и ритмички израз на културата и традицијата.

Светското првенство во латино танци ќе послужи како платформа за изразување на талентите во Скопје. Тоа е можност за танцовите училишта и уметници во градот да ја покажат својата моќ на глобалната сцена, демонстрирајќи дека Скопје не е само извонреден домаќин туку и град со изобилство на таленти за танц кои чекаат да бидат откриени. Скопското топло гостопримство, богатата историја и енергичната атмосфера несомнено ќе остават траен впечаток кај сите оние кои присуствуваат на Светското првенство во латино танц. Како што се приближува настанот, возбудата на градот е опиплива, а неговите жители се подготвени да ги пречекаат танчерите, ентузијастите и посетителите од целиот свет, велат организаторите.

The post Скопје подготвено да ги пречека танчерите од цел свет на Светскиот шампионат во латино танц appeared first on Република.

]]>

Од 6 до 10 ноеврми Скопје ќе биде домаќин на претстојниот Светски шампионат во латино танц. Скопје ќе биде домаќин на над 2000 танчери од повеќе од 20 земји од светот. Танчерите ќе се натпреваруваат во повеќе категории, вклучувајќи соло изведби, рутини за парови и возбудливи групни прикази. Организатори на ова првенство се танцовите студија „Eat the Beat“ и „Break a Leg“, кои во своето портфолио имаат организирано голем број на вакви светски настани. Тие велат дека Скопје е подготвено да ги пречека највештите и најстрасните танчери во светот, зошто Светскиот шампионат во латино танц претставува многу повеќе од само натпреварување, ја отелотворува суштината на латино танцот, тој е страстен и ритмички израз на културата и традицијата.
Светското првенство во латино танци ќе послужи како платформа за изразување на талентите во Скопје. Тоа е можност за танцовите училишта и уметници во градот да ја покажат својата моќ на глобалната сцена, демонстрирајќи дека Скопје не е само извонреден домаќин туку и град со изобилство на таленти за танц кои чекаат да бидат откриени. Скопското топло гостопримство, богатата историја и енергичната атмосфера несомнено ќе остават траен впечаток кај сите оние кои присуствуваат на Светското првенство во латино танц. Како што се приближува настанот, возбудата на градот е опиплива, а неговите жители се подготвени да ги пречекаат танчерите, ентузијастите и посетителите од целиот свет, велат организаторите.

The post Скопје подготвено да ги пречека танчерите од цел свет на Светскиот шампионат во латино танц appeared first on Република.

]]>
Македонија домаќин на Светското првенство во латино танци https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonija-domakin-na-svetskoto-prvenstvo-vo-latino-tantsi-2/ Thu, 21 Sep 2023 07:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=683640

Македонија е домаќин на Светското првенство во латино танци, кое ќе се оддржи од 6 до 11 ноември во хотел „Александар Палас“ во Скопје. Светското првенство во латино танци ќе биде прво од оваа категорија коe ќе се организира кај нас и прогнозите се дека ќе учествуваат повеќе од 20 земји и над 1.000 учесници, кои ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини.

Организатори на првенството се танцовите студија „Eat the Beat“и „Break a Leg“. Овие две танцови студија во минатото имаат организирано низа европски и светски првенства под палката на Интернационалната танцова организација, преку кои се промовира нашата држава во најдобро светло.

Првото првенство организирано од страна на танцовите студија „Eat the Beat“и „Break a Leg“ беше Европското првенство во Street dance show во 2018 година. Во 2021 година го организираа Европското првенство во модерен и класичен балет, а во 2022 и 2023 година беа домаќини на Европското првенство во хип-хоп танци.

Поради добрата организација на овие првенства, Интернационалната танцова организација им ја додели довербата на танцовите студија „Eat the Beat“и „Break a Leg“да го организираат и Светското првенство во латино танци оваа година, но и Светското првенство во хип-хоп 2024.

 

The post Македонија домаќин на Светското првенство во латино танци appeared first on Република.

]]>

Македонија е домаќин на Светското првенство во латино танци, кое ќе се оддржи од 6 до 11 ноември во хотел „Александар Палас“ во Скопје. Светското првенство во латино танци ќе биде прво од оваа категорија коe ќе се организира кај нас и прогнозите се дека ќе учествуваат повеќе од 20 земји и над 1.000 учесници, кои ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини. Организатори на првенството се танцовите студија „Eat the Beat“и „Break a Leg“. Овие две танцови студија во минатото имаат организирано низа европски и светски првенства под палката на Интернационалната танцова организација, преку кои се промовира нашата држава во најдобро светло. Првото првенство организирано од страна на танцовите студија „Eat the Beat“и „Break a Leg“ беше Европското првенство во Street dance show во 2018 година. Во 2021 година го организираа Европското првенство во модерен и класичен балет, а во 2022 и 2023 година беа домаќини на Европското првенство во хип-хоп танци. Поради добрата организација на овие првенства, Интернационалната танцова организација им ја додели довербата на танцовите студија „Eat the Beat“и „Break a Leg“да го организираат и Светското првенство во латино танци оваа година, но и Светското првенство во хип-хоп 2024.  

The post Македонија домаќин на Светското првенство во латино танци appeared first on Република.

]]>