светско првенство во хип хоп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetsko-prvenstvo-vo-hip-hop/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 13:13:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png светско првенство во хип хоп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetsko-prvenstvo-vo-hip-hop/ 32 32 Почнува Светското првенство во хип-хоп во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochnuva-svetskoto-prvenstvo-vo-hip-hop-vo-skopje/ Wed, 09 Oct 2024 13:13:17 +0000 https://republika.mk/?p=824731

Од денеска, 9 октомври па се до 17 октомври во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржува Светското првенство (СП) во хип-хоп.

Во организација на клубот „Брејк а Лег“, во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе се одржат натпревари во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории. Најавено е учество на пет илјади танчери. Покрај натпреварувањата, како дел од овој спектакл, се најавува и концертот на Пајак, за кој влезот ќе биде бесплатен.

Горди сме што имаме ваква прилика Македонија да ја претставиме во одлично светло пред светската публика. Очекуваната бројка на посетители е доказ дека танцот и спортот се одлична алатка за сплотување на народите од различните страни на светот. Предизвикот кој го прифативме беше поттикнат од нашата желба да докажеме дека преку заедничката страст кон танцот, сите учесници умеат да ги негуваат меѓусебната почит, толеранција и размена на културни вредности, со што се градат мостови помеѓу различните нации и традиции. Оваа манифестација го прави токму тоа; ја потврдува силата на танцот, кој како универзален јазик ги поврзува луѓето на глобално ниво, изјави Трајче Петковски, организатор на настанот и основач на „Брејк а Лег“.

 

The post Почнува Светското првенство во хип-хоп во Скопје appeared first on Република.

]]>

Од денеска, 9 октомври па се до 17 октомври во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржува Светското првенство (СП) во хип-хоп. Во организација на клубот „Брејк а Лег“, во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе се одржат натпревари во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории. Најавено е учество на пет илјади танчери. Покрај натпреварувањата, како дел од овој спектакл, се најавува и концертот на Пајак, за кој влезот ќе биде бесплатен.
Горди сме што имаме ваква прилика Македонија да ја претставиме во одлично светло пред светската публика. Очекуваната бројка на посетители е доказ дека танцот и спортот се одлична алатка за сплотување на народите од различните страни на светот. Предизвикот кој го прифативме беше поттикнат од нашата желба да докажеме дека преку заедничката страст кон танцот, сите учесници умеат да ги негуваат меѓусебната почит, толеранција и размена на културни вредности, со што се градат мостови помеѓу различните нации и традиции. Оваа манифестација го прави токму тоа; ја потврдува силата на танцот, кој како универзален јазик ги поврзува луѓето на глобално ниво, изјави Трајче Петковски, организатор на настанот и основач на „Брејк а Лег“.
 

The post Почнува Светското првенство во хип-хоп во Скопје appeared first on Република.

]]>
Македонија во 2024 година ќе биде домаќин на хип хоп и стрит денс шоу https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonija-vo-2024-godina-ke-bide-domakin-na-hip-hop-i-strit-dens-shou/ Wed, 01 Nov 2023 15:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=697143

Клубот „Брејк а Лег“ следната година, од 8 до 17 октомври го организира Светското првенство во хип хоп и стрит денс шоу, што ќе се одржи во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Основачот на најуспешното студио за хип хоп и модерни танци во Македонија „Брејк а Лег“ Трајче Петковски го потпиша договорот за организирање на светското првенство на прес-конференцијата на Светската танцова организација (ИДО) што се одржа во Полска, во присуство на претседателот на ИДО Д-р Велибор Срдич, организаторите Ана Биали и Валдемар Кречко.

Петковски истакна дека повеќе од 4500 натпреварувачи, од над 30 земји од 5 континенти ќе се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории.

Светското првенство е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини и страст за танц. Упатувам голема благодарност до Светската танцова организација која искрено го препозна нашиот долгогодишен труд, но и заложба за развивање на модерните танци во земјава. Горд сум што следната година ќе бидеме организатори на овој важен настан и ветувам дека ќе понудиме одлична програма која ќе го привлече вниманието на љубителите на танцот и на сите граѓани, рече Петковски.

Во своето 15 годишно постоење, „Брејк а Лег“ има освоено бројни награди на меѓународни натпревари. Во 2016 година, беа светски вице шампион, една година подоцна европски шампион и во периодот од 2010 до 2023, секоја година се финалисти на светското првенство.

https://youtu.be/mX_BW9WI4qA?si=20kYEPd0Gm20nOom

The post Македонија во 2024 година ќе биде домаќин на хип хоп и стрит денс шоу appeared first on Република.

]]>

Клубот „Брејк а Лег“ следната година, од 8 до 17 октомври го организира Светското првенство во хип хоп и стрит денс шоу, што ќе се одржи во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Основачот на најуспешното студио за хип хоп и модерни танци во Македонија „Брејк а Лег“ Трајче Петковски го потпиша договорот за организирање на светското првенство на прес-конференцијата на Светската танцова организација (ИДО) што се одржа во Полска, во присуство на претседателот на ИДО Д-р Велибор Срдич, организаторите Ана Биали и Валдемар Кречко. Петковски истакна дека повеќе од 4500 натпреварувачи, од над 30 земји од 5 континенти ќе се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории.
Светското првенство е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини и страст за танц. Упатувам голема благодарност до Светската танцова организација која искрено го препозна нашиот долгогодишен труд, но и заложба за развивање на модерните танци во земјава. Горд сум што следната година ќе бидеме организатори на овој важен настан и ветувам дека ќе понудиме одлична програма која ќе го привлече вниманието на љубителите на танцот и на сите граѓани, рече Петковски.
Во своето 15 годишно постоење, „Брејк а Лег“ има освоено бројни награди на меѓународни натпревари. Во 2016 година, беа светски вице шампион, една година подоцна европски шампион и во периодот од 2010 до 2023, секоја година се финалисти на светското првенство. https://youtu.be/mX_BW9WI4qA?si=20kYEPd0Gm20nOom

The post Македонија во 2024 година ќе биде домаќин на хип хоп и стрит денс шоу appeared first on Република.

]]>