Ракометарките на Јужна Кореја ја освоија титулата на Светското првенство за девојки до 18 години што изминатите две недели се играше во Скопје.
Во СЦ „Борис Трајковски“, корејските јуниорки во финалето славеа победа над врсничките од Данска со 31:28.
Во предигра на големото финале, Унгарија ја победи Холандија со 27:26, со што го освои бронзениот медал.
На овој шампионат во добро издание се покажаа македонските ракометарки кои беа многу блиску до пласман во четвртфиналето, но на крајот го освоија 12. место.
The post Јужна Кореја го освои ракометниот Мундијал за девојки до 18 години одржан во Скопје appeared first on Република.
]]>The post Јужна Кореја го освои ракометниот Мундијал за девојки до 18 години одржан во Скопје appeared first on Република.
]]>