Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetskiot-den-za-podignuvane-na-svesnosta-za-rastot-kaj-detsata/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Sep 2023 10:39:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetskiot-den-za-podignuvane-na-svesnosta-za-rastot-kaj-detsata/ 32 32 Ако детето носи ист број на облека подолго од една година, пониско е од неговите врсници, консултирајте лекар, велат од Здружението РАСТ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ako-deteto-nosi-ist-broj-na-obleka-podolgo-od-edna-godina-ponisko-e-od-negovite-vrsnitsi-konsultirajte-lekar-velat-od-zdruzhenieto-rast/ Wed, 20 Sep 2023 10:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=683411

Ако забележите дека детето носи ист број на облека подолго од една година, пониско е од неговите врсници, децата на помала возраст од помалите групи или одделенија го надминуваат со висината, консултирајте лекар, апелираат од Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – РАСТ.

Тие денеска по десетти пат се придружија на глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата чие мото годинава е „Гласно НЕ, за дискриминација на децата/лицата со нарушен раст“.

Барајте од матичните педијатри и семејни лекари бројот од добиените сантиметри да го внесат во табелата со крива раст која покажува каде е висината на вашето дете во однос на очекуваната нормална висина за неговата возраст. Раните знаци можете и вие како родители и старатели да ги процените едноставно и сами, рече Александар Петровски од Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – РАСТ, на денешниот настан одржан во „Порта Македонија“ по повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.

Претставниците на здружението укажаа дека доцната дијагноза и ненавременото лекување се сериозен проблем со кој се соочуваат децата со нарушување на растот. Ненавременото лекување на ова заболување доведува до сериозни последици кои не се само проблем на детето и семејството, туку проблем на целиот систем. Нарушувањето на растот е многу често најраниот симптом кој ни открива многу други заболувања кои стојат во позадина како причина.

Од Здружението упатија порака до родителите и старателите да се контролира висината на детето барем два пати годишно, притоа, како што велат, контрола на висината не значи детето да биде измерено и да добиете нумерички број.

-Досега на секој светски ден зборувавме за дикриминација во лекувањето, едни деца имаат право на лекување, а други со години се на листите за чекање. Трета година по ред е обезбеден буџет од страна на ФЗОМ и реализирана набавка во вредност од 61,8 милиони денари и раст од 6 проценти споредено со минатата година. Оваа терапија сега овозможува во просек лекување на 150-160 деца. Ова е голем чекор напред за децата, а сатисфакција на Здружението дека заложбите и макотрпната борба од една деценија финализраа со зголемување на буџетот, рече Петровски.

Оваа година, посочи Петровски, ќе зборуваме за друг вид на дискриминација, односно општествена дискриминација на лицата со нарушен раст. Испровоцирани од последните збиднувања во Битола, донесовме одлука оваа година Светскиот ден за за подигнување на свесноста за растот кај децата да го посветиме на правата на детето и борбата против дискриминацијата. Токму поради тоа ова година Интернационалниот светски ден ќе се одбележи под мотото ,,Гласно НЕ, за дискриминација на децата/лицата со нарушен раст, рече Петровски.

The post Ако детето носи ист број на облека подолго од една година, пониско е од неговите врсници, консултирајте лекар, велат од Здружението РАСТ appeared first on Република.

]]>

Ако забележите дека детето носи ист број на облека подолго од една година, пониско е од неговите врсници, децата на помала возраст од помалите групи или одделенија го надминуваат со висината, консултирајте лекар, апелираат од Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – РАСТ. Тие денеска по десетти пат се придружија на глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата чие мото годинава е „Гласно НЕ, за дискриминација на децата/лицата со нарушен раст“.
Барајте од матичните педијатри и семејни лекари бројот од добиените сантиметри да го внесат во табелата со крива раст која покажува каде е висината на вашето дете во однос на очекуваната нормална висина за неговата возраст. Раните знаци можете и вие како родители и старатели да ги процените едноставно и сами, рече Александар Петровски од Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – РАСТ, на денешниот настан одржан во „Порта Македонија“ по повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.
Претставниците на здружението укажаа дека доцната дијагноза и ненавременото лекување се сериозен проблем со кој се соочуваат децата со нарушување на растот. Ненавременото лекување на ова заболување доведува до сериозни последици кои не се само проблем на детето и семејството, туку проблем на целиот систем. Нарушувањето на растот е многу често најраниот симптом кој ни открива многу други заболувања кои стојат во позадина како причина. Од Здружението упатија порака до родителите и старателите да се контролира висината на детето барем два пати годишно, притоа, како што велат, контрола на висината не значи детето да биде измерено и да добиете нумерички број. -Досега на секој светски ден зборувавме за дикриминација во лекувањето, едни деца имаат право на лекување, а други со години се на листите за чекање. Трета година по ред е обезбеден буџет од страна на ФЗОМ и реализирана набавка во вредност од 61,8 милиони денари и раст од 6 проценти споредено со минатата година. Оваа терапија сега овозможува во просек лекување на 150-160 деца. Ова е голем чекор напред за децата, а сатисфакција на Здружението дека заложбите и макотрпната борба од една деценија финализраа со зголемување на буџетот, рече Петровски.