Светскиот ден на грчкиот јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetskiot-den-na-grchkiot-jazik/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Feb 2024 13:26:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светскиот ден на грчкиот јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetskiot-den-na-grchkiot-jazik/ 32 32 Во Битола одбележан Светскиот ден на грчкиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-bitola-odbelezhan-svetskiot-den-na-grchkiot-jazik/ Sat, 10 Feb 2024 13:45:10 +0000 https://republika.mk/?p=742535

Генералниот Конзулат на Грција во Битола и Здружението за пријателство и соработка со Грција, „Пелагонија“, на 9 февруари организираа настан за одбележување на Светскиот ден на грчкиот јазик со тема „Грчкиот јазик надвор од границите на Грција: неговиот придонес и перспективи“.

Главен говорник на настанот беше професорката по применета лингвистика на Универзитетот на Западна Македонија, Елени Грива. Воведно излагање имаше раководителот на настава и сертифицирање на познавањето на грчкиот јазик на Здружението „Пелагонија“,Кристијан Велјанов.

На настанот беше прикажана видео порака од Заменик Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Коцирас, како и видео поздрав од Генералниот Секретар за грчката дијаспора и јавна дипломатија при грчкото Министерство за надворешни работи, Јанис Хрисулакис, додека Амбасадорката на Грција, Софиа Филипиду, го поздрави настанот преку интернет конекција. Настанот го поздравија исто така Генералниот Конзул на Грција во Битола, Александрос Видурис и Претседателот на Здружението „Пелагонија“, Евгениј Ристевски.

На крајот од настанот следеше церемонија за доделување сертификати за познавање на грчкиот јазик за 2023 година, како и почесни плакети на професорката Елени Грива и Кристина Петалоти, раководителка на Катедрата за меѓународни односи и односи со јавност на Универзитетот на Западна Македонија за нивниот придонес во ширењето на наставата по грчкиот јазик.

The post Во Битола одбележан Светскиот ден на грчкиот јазик appeared first on Република.

]]>

Генералниот Конзулат на Грција во Битола и Здружението за пријателство и соработка со Грција, „Пелагонија“, на 9 февруари организираа настан за одбележување на Светскиот ден на грчкиот јазик со тема „Грчкиот јазик надвор од границите на Грција: неговиот придонес и перспективи“. Главен говорник на настанот беше професорката по применета лингвистика на Универзитетот на Западна Македонија, Елени Грива. Воведно излагање имаше раководителот на настава и сертифицирање на познавањето на грчкиот јазик на Здружението „Пелагонија“,Кристијан Велјанов. На настанот беше прикажана видео порака од Заменик Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Коцирас, како и видео поздрав од Генералниот Секретар за грчката дијаспора и јавна дипломатија при грчкото Министерство за надворешни работи, Јанис Хрисулакис, додека Амбасадорката на Грција, Софиа Филипиду, го поздрави настанот преку интернет конекција. Настанот го поздравија исто така Генералниот Конзул на Грција во Битола, Александрос Видурис и Претседателот на Здружението „Пелагонија“, Евгениј Ристевски. На крајот од настанот следеше церемонија за доделување сертификати за познавање на грчкиот јазик за 2023 година, како и почесни плакети на професорката Елени Грива и Кристина Петалоти, раководителка на Катедрата за меѓународни односи и односи со јавност на Универзитетот на Западна Македонија за нивниот придонес во ширењето на наставата по грчкиот јазик.

The post Во Битола одбележан Светскиот ден на грчкиот јазик appeared first on Република.

]]>