светски рекорд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-rekord/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Oct 2024 16:10:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png светски рекорд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-rekord/ 32 32 Светски рекорд за кениската атлетичарка Рут Чепнгетич https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/svetski-rekord-za-keniskata-atleticharka-rut-chepngetich/ Sun, 13 Oct 2024 16:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=826189

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич постави нов светски рекорд во женски маратон со време од 2:09:56 часа на денешната трка низ улиците на Чикаго.

Овој резултат на 30-годишната Кенијка е за речиси две минути подобар од претходниот рекорд што го постави Етиопјанката Тигст Асефа (2:11:53) на минатогодишното издание на Берлинскиот маратон.

Чепнгетич уште на самиот старт наметна силен ритам, а на половина од трката се оддели од конкурентките и дојде до својата трета титула на маратонот во Чикаго.

Ова е четврти пат во историјата да биде подобрен светскиот рекорд на маратонската трка во Чикаго.

Во 2001 година, Кенијката Кетрин Недереба стана првата маратонка која истрча 42 километри и 195 метри за помалку од два часа и 19 минути (2:18:47).

Една година подоцна, Британката Пола Редклиф го постави првото „најдобро време во историјата“ (2:17:18) официјално признаено од Меѓународната атлетска федерација, додека Кенијката Бригид Косгеи ја спушти границата на рекордот под два часа и 15 минути во 2019 година (2:14:04).

The post Светски рекорд за кениската атлетичарка Рут Чепнгетич appeared first on Република.

]]>

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич постави нов светски рекорд во женски маратон со време од 2:09:56 часа на денешната трка низ улиците на Чикаго. Овој резултат на 30-годишната Кенијка е за речиси две минути подобар од претходниот рекорд што го постави Етиопјанката Тигст Асефа (2:11:53) на минатогодишното издание на Берлинскиот маратон. Чепнгетич уште на самиот старт наметна силен ритам, а на половина од трката се оддели од конкурентките и дојде до својата трета титула на маратонот во Чикаго. Ова е четврти пат во историјата да биде подобрен светскиот рекорд на маратонската трка во Чикаго. Во 2001 година, Кенијката Кетрин Недереба стана првата маратонка која истрча 42 километри и 195 метри за помалку од два часа и 19 минути (2:18:47). Една година подоцна, Британката Пола Редклиф го постави првото „најдобро време во историјата“ (2:17:18) официјално признаено од Меѓународната атлетска федерација, додека Кенијката Бригид Косгеи ја спушти границата на рекордот под два часа и 15 минути во 2019 година (2:14:04).

The post Светски рекорд за кениската атлетичарка Рут Чепнгетич appeared first on Република.

]]>
Да, да, да: Светски рекорд на Дуплантис во скок со стап! https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/da-da-da-svetski-rekord-na-duplantis-vo-skok-so-stap/ Mon, 05 Aug 2024 20:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=803695

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап на Олимписките игри во Париз.

Откако релативно лесно го обезбеди златниот медал, неверојатниот Швеѓанец продолжи сам да се бори со височината. Со целосна поддршка од полниот „Стад д Франс“, Дуплантис во својот трет и последен обид успеа да ја надмине летвичката со што постигна историја.

Претходно, сребрениот медал го освои Американецот Сем Кендрикс со прескокната височина од 5,95 метри, додека бронзата заврши на градите на Гркот Еманол Каралис, кој прескокна 5,90 метри.

The post Да, да, да: Светски рекорд на Дуплантис во скок со стап! appeared first on Република.

]]>

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап на Олимписките игри во Париз. Откако релативно лесно го обезбеди златниот медал, неверојатниот Швеѓанец продолжи сам да се бори со височината. Со целосна поддршка од полниот „Стад д Франс“, Дуплантис во својот трет и последен обид успеа да ја надмине летвичката со што постигна историја. Претходно, сребрениот медал го освои Американецот Сем Кендрикс со прескокната височина од 5,95 метри, додека бронзата заврши на градите на Гркот Еманол Каралис, кој прескокна 5,90 метри.

The post Да, да, да: Светски рекорд на Дуплантис во скок со стап! appeared first on Република.

]]>
Американката Волш постави нов светски рекорд на 100 метри пеперутка https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/amerikankata-volsh-postavi-nov-svetski-rekord-na-100-metri-peperutka/ Sun, 16 Jun 2024 13:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=788158

Првиот ден од американските пливачки квалификации за Олимписките игри во Париз, што се одржуваат во Индијанаполис, донесе нов светски рекорд на 100 метри пеперутка кој го постави 21-годишната Гретчен Волш.

Оваа студентка од Универзитетот во Вирџинија во полуфиналето постигна време од 55,18 секунди, што е за 30 стотинки побрзо од досегашниот најдобар резултат во светот, кој го држеше легендарната Швеѓанка Сара Сјостром, поставен на Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Волш го имаше своето деби на големите натпреварувања на Светското првенство минатата година во Фукуока, каде што беше членка на американските штафети на 4×100 метри слободно и 4×100 метри мешано, со кои освои злато и сребро, додека нејзиниот единствен поединечен медал беше бронзениот медал на 50 метри пеперутка.

The post Американката Волш постави нов светски рекорд на 100 метри пеперутка appeared first on Република.

]]>

Првиот ден од американските пливачки квалификации за Олимписките игри во Париз, што се одржуваат во Индијанаполис, донесе нов светски рекорд на 100 метри пеперутка кој го постави 21-годишната Гретчен Волш. Оваа студентка од Универзитетот во Вирџинија во полуфиналето постигна време од 55,18 секунди, што е за 30 стотинки побрзо од досегашниот најдобар резултат во светот, кој го држеше легендарната Швеѓанка Сара Сјостром, поставен на Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2016 година. Волш го имаше своето деби на големите натпреварувања на Светското првенство минатата година во Фукуока, каде што беше членка на американските штафети на 4×100 метри слободно и 4×100 метри мешано, со кои освои злато и сребро, додека нејзиниот единствен поединечен медал беше бронзениот медал на 50 метри пеперутка.

The post Американката Волш постави нов светски рекорд на 100 метри пеперутка appeared first on Република.

]]>
Кенијката Перес Јепчирчир постави нов светски рекорд во маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kenijkata-peres-jepchirchir-postavi-nov-svetski-rekord-vo-maraton/ Sun, 21 Apr 2024 14:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=768903

Кениската атлетичарка Перес Јепчирчир постави нов светски рекорд во маратон, откако трката во Лондон ја заврши за два часа, 16 минути и 16 секунди.

Второто место на трката во главниот град на Англија, еден од најмасовните маратони на планетата, ѝ припадна на Тигст Асефи од Етиопија, додека третопласирана е Џојселин Џепкосгеи од Кенија.

И второпласираната и третопласираната ја завршија трката за помалку од два часа и 17 минути, што ги натера да ја завршат трката побрзо од претходниот светски рекорд поставен од Кенијката Мери Кеитани со време од 2 часа, 17 минути и една секунда. Тој рекорд беше на сила од 2017 година, а беше поставен исто така во Лондон.

Пред трката во машка и женска конкуренција, натпреварувачите му оддадоа почит на големиот шампион Келвин Киптум кој неодамна загина во сообраќајна несреќа во родната Кенија.

 

The post Кенијката Перес Јепчирчир постави нов светски рекорд во маратон appeared first on Република.

]]>

Кениската атлетичарка Перес Јепчирчир постави нов светски рекорд во маратон, откако трката во Лондон ја заврши за два часа, 16 минути и 16 секунди. Второто место на трката во главниот град на Англија, еден од најмасовните маратони на планетата, ѝ припадна на Тигст Асефи од Етиопија, додека третопласирана е Џојселин Џепкосгеи од Кенија. И второпласираната и третопласираната ја завршија трката за помалку од два часа и 17 минути, што ги натера да ја завршат трката побрзо од претходниот светски рекорд поставен од Кенијката Мери Кеитани со време од 2 часа, 17 минути и една секунда. Тој рекорд беше на сила од 2017 година, а беше поставен исто така во Лондон. Пред трката во машка и женска конкуренција, натпреварувачите му оддадоа почит на големиот шампион Келвин Киптум кој неодамна загина во сообраќајна несреќа во родната Кенија.  

The post Кенијката Перес Јепчирчир постави нов светски рекорд во маратон appeared first on Република.

]]>
Кенијката Нгетич го урна светскиот рекорд на 10 километри https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kenijkata-ngetich-go-urna-svetskiot-rekord-na-10-kilometri/ Sun, 10 Sep 2023 13:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=680613

Кенијката Агнес Нгетич постави светски рекорд на 10 километри со време 29:24 на уличната трка од серијата „Ворлд Атлетик Елит Лејбл“ во романскиот град Брашов.

Досегашниот рекорд (30:01) беше во сопственост на нејзината сонародничка Агнес Тироп од 2021 година

Покрај тоа што е најбрзата жена на 10 километри, Нгетич има и трето најбрзо време во женската атлетика. Етиопјанката Јалемзерф Јехуалав истрча 29:14 во микс трката во Кастељон лани, а 29:19 во Валенсија претходно оваа година“, соопшти „Ворлд Атлетик“.

The post Кенијката Нгетич го урна светскиот рекорд на 10 километри appeared first on Република.

]]>

Кенијката Агнес Нгетич постави светски рекорд на 10 километри со време 29:24 на уличната трка од серијата „Ворлд Атлетик Елит Лејбл“ во романскиот град Брашов. Досегашниот рекорд (30:01) беше во сопственост на нејзината сонародничка Агнес Тироп од 2021 година Покрај тоа што е најбрзата жена на 10 километри, Нгетич има и трето најбрзо време во женската атлетика. Етиопјанката Јалемзерф Јехуалав истрча 29:14 во микс трката во Кастељон лани, а 29:19 во Валенсија претходно оваа година“, соопшти „Ворлд Атлетик“.

The post Кенијката Нгетич го урна светскиот рекорд на 10 километри appeared first on Република.

]]>
Австралијката МекКион постави нов светски рекорд на 200 метри грбно https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/avstralijkata-mekkion-postavi-nov-svetski-rekord-na-200-metri-grbno/ Fri, 10 Mar 2023 22:20:13 +0000 https://republika.mk/?p=618336

Трикратната олимписка победничка, Австралијката Кејли МекКион (21) постави нов светски рекорд на 200 метри грбно, испливувајќи ја патеката на првенството на Нов Јужен Велс во Сиднеј, за 2:03, 14 минути.

Со таквата трка, МекКион за 0.21 секунди го подобри досегашниот светски рекорд на Американката Реган Смит од Светското првенство во Гвангжу во 2019 година.

Младата Австралијка на последните Олимписки игри во Токио освои три златни медали на 100 метри грбно, 200 метри грбно и во штафетата 4×100 мешано, како и бронза на 4×100 мешано.

По Олимписките игри ми беше тешко повторно да се вратам во базенот. Не бев сигурна, меѓутоа, најдов нова љубов кон спортот и тоа само покажува дека среќен пливач е брз пливач. Ништо не сменив во својата програма или тренинзите, само што сум посреќна“, изјави МекКион, која е и актуелната светска првенка на 200 метри грбно.

The post Австралијката МекКион постави нов светски рекорд на 200 метри грбно appeared first on Република.

]]>

Трикратната олимписка победничка, Австралијката Кејли МекКион (21) постави нов светски рекорд на 200 метри грбно, испливувајќи ја патеката на првенството на Нов Јужен Велс во Сиднеј, за 2:03, 14 минути. Со таквата трка, МекКион за 0.21 секунди го подобри досегашниот светски рекорд на Американката Реган Смит од Светското првенство во Гвангжу во 2019 година. Младата Австралијка на последните Олимписки игри во Токио освои три златни медали на 100 метри грбно, 200 метри грбно и во штафетата 4×100 мешано, како и бронза на 4×100 мешано.
По Олимписките игри ми беше тешко повторно да се вратам во базенот. Не бев сигурна, меѓутоа, најдов нова љубов кон спортот и тоа само покажува дека среќен пливач е брз пливач. Ништо не сменив во својата програма или тренинзите, само што сум посреќна“, изјави МекКион, која е и актуелната светска првенка на 200 метри грбно.

The post Австралијката МекКион постави нов светски рекорд на 200 метри грбно appeared first on Република.

]]>
Дуплантис го воодушеви светот: Шестипат го подобри светскиот рекорд https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/duplantis-go-voodushevi-svetot-shestipat-go-podobri-svetskiot-rekord/ Sun, 26 Feb 2023 21:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=613497

Шведскиот атлетичар, Арманд „Мондо“ Дуплантис, уште еднаш покажа дека е „кралот“ во дисциплината скок со стап, поставувајќи нов светски рекорд од 6.22 метри на митингот во Клермон-Феран, Франција.

Со таквиот скок, 23-годишниот олимписки и светски шампион го подобри својот претходен рекорд за еден сантиметар, откако скокна 6.21 метри на минатогодишното Светско првенство во САД.

Ова е шести пат тој да го подобрува светскиот рекорд, откако скокна 6.17 метри во февруари 2020 соборувајќи го рекордот на Французинт Рену Лавилени. Тој сега има 60 скока над 6 метри во својата кариера.

Украинскиот великан Сергеј Бубка беше првиот кој скокна шест метри во 1985 година, по што 12 пати го сруши рекордот, поставувајќи го на 6.15 метри, рекорд кој стоеше до 2014 година.

https://twitter.com/FirstpostSports/status/1629713902111178752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1629714299542446081%7Ctwgr%5E2ca83b81fb902b4ebcc7ac7d1e771754c39ec18e%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsport%2Fduplantis-ne-zastanuva-nov-svetski-rekord-od-6-22-metri%2F

The post Дуплантис го воодушеви светот: Шестипат го подобри светскиот рекорд appeared first on Република.

]]>

Шведскиот атлетичар, Арманд „Мондо“ Дуплантис, уште еднаш покажа дека е „кралот“ во дисциплината скок со стап, поставувајќи нов светски рекорд од 6.22 метри на митингот во Клермон-Феран, Франција. Со таквиот скок, 23-годишниот олимписки и светски шампион го подобри својот претходен рекорд за еден сантиметар, откако скокна 6.21 метри на минатогодишното Светско првенство во САД. Ова е шести пат тој да го подобрува светскиот рекорд, откако скокна 6.17 метри во февруари 2020 соборувајќи го рекордот на Французинт Рену Лавилени. Тој сега има 60 скока над 6 метри во својата кариера. Украинскиот великан Сергеј Бубка беше првиот кој скокна шест метри во 1985 година, по што 12 пати го сруши рекордот, поставувајќи го на 6.15 метри, рекорд кој стоеше до 2014 година. https://twitter.com/FirstpostSports/status/1629713902111178752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1629714299542446081%7Ctwgr%5E2ca83b81fb902b4ebcc7ac7d1e771754c39ec18e%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsport%2Fduplantis-ne-zastanuva-nov-svetski-rekord-od-6-22-metri%2F

The post Дуплантис го воодушеви светот: Шестипат го подобри светскиот рекорд appeared first on Република.

]]>
Кипчоге го урна сопствениот светски рекорд на маратон во Берлин https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kipchoge-go-urna-sopstveniot-svetski-rekord-na-maraton-vo-berlin/ Sun, 25 Sep 2022 18:34:13 +0000 https://republika.mk/?p=554154

Кенискиот атлетичар Елиуд Кипчоге на денешниот маратон во Берлин, успеа да го урне сопствениот светски рекорд, истрча 42,195 метри за два часа, една минута и девет секунди што е за 30 секунди побрзо од претходниот негов рекорд.

Од самиот почеток на маратонот беше видливо дека Кипчоге ќе победи со добро време, па публиката му даваше поддршка да го урне рекордот кој самиот тој го држи.

На крајот Кениецот успеа, постави нов Светски рекорд со време од два часа, една минута и девет секунди.

Второто место го освои Марк Корир со време од два часа, пет минути и 58 секунди, додека трет беше Таду Абате со два часа, шест минути и 28 секунди.

The post Кипчоге го урна сопствениот светски рекорд на маратон во Берлин appeared first on Република.

]]>

Кенискиот атлетичар Елиуд Кипчоге на денешниот маратон во Берлин, успеа да го урне сопствениот светски рекорд, истрча 42,195 метри за два часа, една минута и девет секунди што е за 30 секунди побрзо од претходниот негов рекорд. Од самиот почеток на маратонот беше видливо дека Кипчоге ќе победи со добро време, па публиката му даваше поддршка да го урне рекордот кој самиот тој го држи. На крајот Кениецот успеа, постави нов Светски рекорд со време од два часа, една минута и девет секунди. Второто место го освои Марк Корир со време од два часа, пет минути и 58 секунди, додека трет беше Таду Абате со два часа, шест минути и 28 секунди.

The post Кипчоге го урна сопствениот светски рекорд на маратон во Берлин appeared first on Република.

]]>
Сензационално лизгање на Швеѓанецот Нилс ван дер Пул: Нов светски рекорд на 10 километри https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/senzacionalno-lizganje-na-shvegjanecot-nils-van-der-pul-nov-svetski-rekord-na-10-kilometri/ Fri, 11 Feb 2022 10:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=457106

Швеѓанецот Нилс ван дер Пул, го имаше еден од највпечатливите настапи на Зимските олимписки игри во Пекинг, рушејќи го сопствениот светски рекорд на 10.000 метри брзо лизгање, со што дојде до двојна круна во долгите лизгачки дисциплини. Ван дер Пул претходно, го освои и залтниот медал на трката на 5.000 метри.

Својата одлична форма, Швеѓанецот ја прикажа со тоа што трката ја заврши со време 12:30.74, над две секунди побрзо од претходното најдобро време во историјата, што го постави минатата година во Херенвен.

Холанѓанецот Патрик Рост го освои среброто (12:44.59), додека Италијанецот Давиде Ѓото, кој лизгаше во пар со Ван дер Пул, стигна до бронзениот медал (12:45.98).

The post Сензационално лизгање на Швеѓанецот Нилс ван дер Пул: Нов светски рекорд на 10 километри appeared first on Република.

]]>

Швеѓанецот Нилс ван дер Пул, го имаше еден од највпечатливите настапи на Зимските олимписки игри во Пекинг, рушејќи го сопствениот светски рекорд на 10.000 метри брзо лизгање, со што дојде до двојна круна во долгите лизгачки дисциплини. Ван дер Пул претходно, го освои и залтниот медал на трката на 5.000 метри. Својата одлична форма, Швеѓанецот ја прикажа со тоа што трката ја заврши со време 12:30.74, над две секунди побрзо од претходното најдобро време во историјата, што го постави минатата година во Херенвен. Холанѓанецот Патрик Рост го освои среброто (12:44.59), додека Италијанецот Давиде Ѓото, кој лизгаше во пар со Ван дер Пул, стигна до бронзениот медал (12:45.98).

The post Сензационално лизгање на Швеѓанецот Нилс ван дер Пул: Нов светски рекорд на 10 километри appeared first on Република.

]]>