светски пазар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-pazar/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Apr 2022 09:51:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png светски пазар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-pazar/ 32 32 Испораката на оружје за Европа се зголемила многу пред војната во Украина: Ова се главните играчи на светскиот пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/isporakata-na-oruzje-za-evropa-se-zgolemila-mnogu-pred-vojnata-vo-ukraina-ova-se-glavnite-igrachi-na-svetskiot-pazar/ Tue, 05 Apr 2022 09:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=483498

Во последниот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ), кој ја следи трговијата со оружје, се наведува дека од 2017 до 2021 година трговијата со оружје во Европа е зголемена, дека земјите од Персискиот залив се водечки увозници и дека Израел останува главен играч на пазарот.

Во извештајот објавен минатиот месец се вели дека Израел учествувал со 2,4 отсто во меѓународниот извоз на оружје и воена опрема (АМЕ) меѓу 2017 и 2021 година, а главни примачи се Индија, Азербејџан и Виетнам. Сепак, извозот на оружје на Израел паднал за 5,6% во тој период во споредба со претходните пет години.

Единствените други земји на Блискиот Исток меѓу 25-те најголеми извозници на AME биле Турција (12-то), Обединетите Арапски Емирати (18-то) и Јордан (25-то).

Првите пет земји кои доминираат во светската трговија со 77% од вкупниот извоз: САД со 39%, Русија (19%), а потоа следуваат Франција, Кина и Германија во многу помала мера. Други земји во првите десет добавувачи на оружје на странските пазари биле Италија, Обединетото Кралство, Јужна Кореја и Шпанија.

Според СИПРИ, кој идентификувал 60 земји извознички на оружје во тој период, Европа и Cеверна Америка учествуваат со 87% од вкупниот извоз на оружје.

Во студијата се наведува дека во наведениот период светската трговија со оружје и воена опрема паднала за 4,6 отсто. Но, испораката на оружје за Европа се зголемила за 19% поради тензиите со Русија, а тоа се случило многу пред почетокот на воената операција во Украина. Обединетото Кралство, Норвешка и Холандија биле најголемите увозници на оружје во Европа.

https://www.youtube.com/watch?v=UjiFzmYVG7w&feature=emb_title

САД го зголемиле својот удел на глобалниот пазар на оружје за 7% и се далеку пред Русија, вториот најголем извозник. Помеѓу 2017 и 2021 година,САД доставиле оружје во 103 земји, а повеќето од тие испораки биле борбени авиони, а потоа ракети и оклопни возила.

Најголем дел од американските испораки на воени производи бил на Блискиот Исток. Русија главно испорачувала оружје на Индија, Кина, Египет и Алжир, додека нејзиниот вкупен извоз на оружје е намален за 26 отсто, се вели во студијата.

Израел бил 14-ти најголем увозник на оружје со 1,9 отсто светски удел. 92% од израелскиот увоз доаѓа од САД, главно ловци од петтата генерација Ф-35 и и наведувани бомби,  а потоа следат испораките од Германија и Италија. Германија на Израел му доставува подморници.

Вкупниот израелски увоз скокнал за 19 отсто во однос на претходните пет години.

The post Испораката на оружје за Европа се зголемила многу пред војната во Украина: Ова се главните играчи на светскиот пазар appeared first on Република.

]]>

Во последниот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ), кој ја следи трговијата со оружје, се наведува дека од 2017 до 2021 година трговијата со оружје во Европа е зголемена, дека земјите од Персискиот залив се водечки увозници и дека Израел останува главен играч на пазарот. Во извештајот објавен минатиот месец се вели дека Израел учествувал со 2,4 отсто во меѓународниот извоз на оружје и воена опрема (АМЕ) меѓу 2017 и 2021 година, а главни примачи се Индија, Азербејџан и Виетнам. Сепак, извозот на оружје на Израел паднал за 5,6% во тој период во споредба со претходните пет години. Единствените други земји на Блискиот Исток меѓу 25-те најголеми извозници на AME биле Турција (12-то), Обединетите Арапски Емирати (18-то) и Јордан (25-то). Првите пет земји кои доминираат во светската трговија со 77% од вкупниот извоз: САД со 39%, Русија (19%), а потоа следуваат Франција, Кина и Германија во многу помала мера. Други земји во првите десет добавувачи на оружје на странските пазари биле Италија, Обединетото Кралство, Јужна Кореја и Шпанија. Според СИПРИ, кој идентификувал 60 земји извознички на оружје во тој период, Европа и Cеверна Америка учествуваат со 87% од вкупниот извоз на оружје. Во студијата се наведува дека во наведениот период светската трговија со оружје и воена опрема паднала за 4,6 отсто. Но, испораката на оружје за Европа се зголемила за 19% поради тензиите со Русија, а тоа се случило многу пред почетокот на воената операција во Украина. Обединетото Кралство, Норвешка и Холандија биле најголемите увозници на оружје во Европа. https://www.youtube.com/watch?v=UjiFzmYVG7w&feature=emb_title САД го зголемиле својот удел на глобалниот пазар на оружје за 7% и се далеку пред Русија, вториот најголем извозник. Помеѓу 2017 и 2021 година,САД доставиле оружје во 103 земји, а повеќето од тие испораки биле борбени авиони, а потоа ракети и оклопни возила. Најголем дел од американските испораки на воени производи бил на Блискиот Исток. Русија главно испорачувала оружје на Индија, Кина, Египет и Алжир, додека нејзиниот вкупен извоз на оружје е намален за 26 отсто, се вели во студијата. Израел бил 14-ти најголем увозник на оружје со 1,9 отсто светски удел. 92% од израелскиот увоз доаѓа од САД, главно ловци од петтата генерација Ф-35 и и наведувани бомби,  а потоа следат испораките од Германија и Италија. Германија на Израел му доставува подморници. Вкупниот израелски увоз скокнал за 19 отсто во однос на претходните пет години.

The post Испораката на оружје за Европа се зголемила многу пред војната во Украина: Ова се главните играчи на светскиот пазар appeared first on Република.

]]>