светски лидери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-lideri/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jul 2024 08:35:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png светски лидери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-lideri/ 32 32 Светските лидери го осудија обидот за атентат врз Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetskite-lideri-go-osudija-obidot-za-atentat-vrz-tramp/ Sun, 14 Jul 2024 09:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=796590

Светските лидери го осудија обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија.

- Генералниот секретар (Антонио Гутереш) недвосмислено го осудува овој чин на политичко насилство. Тој ги испраќа своите најдобри желби до претседателот Трамп за брзо закрепнување, изјави портпаролот на шефот на ОН.

Претседателот на Франција Емануел Макрон обидот за атентат врз Трамп го оцени како „драма за нашите демократии“ и му посака брзо закрепнување на поранешниот американски претседател.

- Франција го споделува шокот и гневот на американскиот народ, истакна Емануел Макрон.

Додека премиерката на Италија, Џорџа Мелони изрази солидарност со Трамп и повика дијалогот и одговорноста да надвладеат над омразата и насилството.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е ужаснат од шокантните сцени на митингот на Трамп во Пенсилванија, при што поранешниот претседател е повреден во десното уво.

Политичкото насилство во која било форма нема место во нашите општества и моите мисли се со сите жртви на овој напад, напиша Стармер на Икс.

Претседателот на Аргентина, Хавиер и за обидот за атентат врз Трамп ја обвини „меѓународната левица“ и нејзината „ужасна идеологија“.

- Левицата е подготвена да ги дестабилизира демократиите за да дојде на власт. Опседнати со стравот од губење на изборите, тие прибегнуваат кон тероризам за да ја наметнат својата ретроградна и авторитарна агенда, објави Милеи на Икс.

Обидот за атентат го осуди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакнувајќи оти треба „да престане лудилото на омразата што се шири низ светот“.

- Му посакувам добро здравје и брзо закрепнување и се надевам дека ќе престане ова лудило на омраза што се шири низ целиот свет, дека ќе има повеќе почит кон различното мислење и дека ќе има помала агресија, особено од оние кои секогаш другите ги обвинуваат за агресија, а нападите обично доаѓаат од таа страна, посочи Вучиќ.

И премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател, посочувајќи оти политичкото насилство е најголемата опасност за демократијата.

- Политичкото насилство е неприфатливо. Силно го осудувам нападот врз поранешниот претседател Трамп и му посакувам брзо закрепнување. Политичкото насилство е неприфатливо и е најголемата опасност за демократијата, објави Пленковиќ на Икс.

The post Светските лидери го осудија обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>

Светските лидери го осудија обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија. - Генералниот секретар (Антонио Гутереш) недвосмислено го осудува овој чин на политичко насилство. Тој ги испраќа своите најдобри желби до претседателот Трамп за брзо закрепнување, изјави портпаролот на шефот на ОН. Претседателот на Франција Емануел Макрон обидот за атентат врз Трамп го оцени како „драма за нашите демократии“ и му посака брзо закрепнување на поранешниот американски претседател. - Франција го споделува шокот и гневот на американскиот народ, истакна Емануел Макрон. Додека премиерката на Италија, Џорџа Мелони изрази солидарност со Трамп и повика дијалогот и одговорноста да надвладеат над омразата и насилството. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е ужаснат од шокантните сцени на митингот на Трамп во Пенсилванија, при што поранешниот претседател е повреден во десното уво. Политичкото насилство во која било форма нема место во нашите општества и моите мисли се со сите жртви на овој напад, напиша Стармер на Икс. Претседателот на Аргентина, Хавиер и за обидот за атентат врз Трамп ја обвини „меѓународната левица“ и нејзината „ужасна идеологија“. - Левицата е подготвена да ги дестабилизира демократиите за да дојде на власт. Опседнати со стравот од губење на изборите, тие прибегнуваат кон тероризам за да ја наметнат својата ретроградна и авторитарна агенда, објави Милеи на Икс. Обидот за атентат го осуди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакнувајќи оти треба „да престане лудилото на омразата што се шири низ светот“. - Му посакувам добро здравје и брзо закрепнување и се надевам дека ќе престане ова лудило на омраза што се шири низ целиот свет, дека ќе има повеќе почит кон различното мислење и дека ќе има помала агресија, особено од оние кои секогаш другите ги обвинуваат за агресија, а нападите обично доаѓаат од таа страна, посочи Вучиќ. И премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател, посочувајќи оти политичкото насилство е најголемата опасност за демократијата. - Политичкото насилство е неприфатливо. Силно го осудувам нападот врз поранешниот претседател Трамп и му посакувам брзо закрепнување. Политичкото насилство е неприфатливо и е најголемата опасност за демократијата, објави Пленковиќ на Икс.

The post Светските лидери го осудија обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>
Путин, Зеленски, Обама, папата Франциск, па и НАСА упатија сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета Втора https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-zelenski-obama-papata-francisk-pa-i-nasa-upatija-sochuvstvo-po-povod-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora/ Thu, 08 Sep 2022 20:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=548860

Папата Франциск порача дека е длабоко погоден поради смртта на кралицата Елизабета Втора. Тој и оддаде почит на нејзината „неуморна служба за доброто на Британија и Комонвелтот“.

Кралицата се сретна со папата Франциск во Ватикан во април 2014 година и му даде корпа со храна полна со локални деликатеси и шише виски Балморал. За време на нејзиното долго владеење, кралицата се сретна со пет папи.

Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел и оддадоа искрена почит на кралицата, опишувајќи ја како „светилник на надеж и стабилност“. Имавме среќа што ја запознавме и таа ни значеше многу“, велат тие. „Кога самошто ги започнувавме нашите должности како претседател и прва дама, таа не пречека на светската сцена со раширени раце и беше исклучително дарежлива“, велат тие. „Постојано бевме воодушевени од нејзината топлина, начинот на кој ги смируваше луѓето и како го внесуваше својот посебен хумор и шарм во моментите на голема помпа.“, истакнаа Барак и Мишел Обама.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се заблагодари на „необичниот живот на покојната кралица“. „За време на нејзиното извонредно 70-годишно владеење, таа ја водеше Британија низ трансформации со непрекината благодат, достоинство и искрена грижа за благосостојбата на целиот нејзин народ“, истакна Клинтон.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изрази сочувство за смртта на британската кралица Елизабета Втора, велејќи дека монархот оставил наследство на мир и просперитет за Обединетото Кралство. Според него, Елизабета Втора со своите напори „ги зајакнала сојузничките врски со САД и со другите земји во светот“.

Воедно, Трамп го пофали новиот крал Чарлс Трети. „Кралот Чарлс Трети, кого добро го запознав, ќе биде голем и прекрасен крал“, напиша тој на социјалните мрежи. „Тој има голема љубов кон Обединетото Кралство и сето она што го претставува за светот. Тој ќе се покаже како инспирација за сите. „Кралицата Елизабета беше, и ќе биде многу горда на кралот Чарлс Трети“.

По повод смртта. се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Со длабока тага ја примивме вестта за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Во име на народот, изразуваме искрено сочувство до кралското семејство, целото Обединето Кралство и Комонвелтот за оваа ненадоместлива загуба. Нашите мисли и молитви се со вас“, истакна Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин, во пораката со сочувство во врска со смртта на кралицата Елизабета Втора, го истакна нејзиниот авторитет на меѓународната сцена, како и љубовта и почитта на нејзините поданици. „Најважните настани во поновата историја на Обединетото Кралство се нераскинливо поврзани со името на Нејзиното Височество. Многу децении, Елизабета Втора со право уживаше во љубовта и почитта на своите поданици, како и авторитет на светската сцена“, рече рускиот лидер во пораката до кралот Чарлс Трети.

„Елизабета Втора беше историска личност, нејзината смрт означува крај на една ера“. изјави израелскиот претседател Јицак Херцог, изразувајќи сочувство до британскиот народ за смртта на монархот.

„Владеењето на кралицата Елизабета Втора ги опфати вселенските летови пред Спутник и Експлорер 1. Додека му се придружуваме на светот во одбележувањето на нејзиното заминување, трогнати сме од љубопитноста што Нејзиното кралско височество им ја покажуваше на нашите истражувачи низ годините“, објави на Твитер НАСА.

The post Путин, Зеленски, Обама, папата Франциск, па и НАСА упатија сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск порача дека е длабоко погоден поради смртта на кралицата Елизабета Втора. Тој и оддаде почит на нејзината „неуморна служба за доброто на Британија и Комонвелтот“. Кралицата се сретна со папата Франциск во Ватикан во април 2014 година и му даде корпа со храна полна со локални деликатеси и шише виски Балморал. За време на нејзиното долго владеење, кралицата се сретна со пет папи. Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел и оддадоа искрена почит на кралицата, опишувајќи ја како „светилник на надеж и стабилност“. Имавме среќа што ја запознавме и таа ни значеше многу“, велат тие. „Кога самошто ги започнувавме нашите должности како претседател и прва дама, таа не пречека на светската сцена со раширени раце и беше исклучително дарежлива“, велат тие. „Постојано бевме воодушевени од нејзината топлина, начинот на кој ги смируваше луѓето и како го внесуваше својот посебен хумор и шарм во моментите на голема помпа.“, истакнаа Барак и Мишел Обама. Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се заблагодари на „необичниот живот на покојната кралица“. „За време на нејзиното извонредно 70-годишно владеење, таа ја водеше Британија низ трансформации со непрекината благодат, достоинство и искрена грижа за благосостојбата на целиот нејзин народ“, истакна Клинтон. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изрази сочувство за смртта на британската кралица Елизабета Втора, велејќи дека монархот оставил наследство на мир и просперитет за Обединетото Кралство. Според него, Елизабета Втора со своите напори „ги зајакнала сојузничките врски со САД и со другите земји во светот“. Воедно, Трамп го пофали новиот крал Чарлс Трети. „Кралот Чарлс Трети, кого добро го запознав, ќе биде голем и прекрасен крал“, напиша тој на социјалните мрежи. „Тој има голема љубов кон Обединетото Кралство и сето она што го претставува за светот. Тој ќе се покаже како инспирација за сите. „Кралицата Елизабета беше, и ќе биде многу горда на кралот Чарлс Трети“. По повод смртта. се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Со длабока тага ја примивме вестта за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Во име на народот, изразуваме искрено сочувство до кралското семејство, целото Обединето Кралство и Комонвелтот за оваа ненадоместлива загуба. Нашите мисли и молитви се со вас“, истакна Зеленски. Рускиот претседател Владимир Путин, во пораката со сочувство во врска со смртта на кралицата Елизабета Втора, го истакна нејзиниот авторитет на меѓународната сцена, како и љубовта и почитта на нејзините поданици. „Најважните настани во поновата историја на Обединетото Кралство се нераскинливо поврзани со името на Нејзиното Височество. Многу децении, Елизабета Втора со право уживаше во љубовта и почитта на своите поданици, како и авторитет на светската сцена“, рече рускиот лидер во пораката до кралот Чарлс Трети. „Елизабета Втора беше историска личност, нејзината смрт означува крај на една ера“. изјави израелскиот претседател Јицак Херцог, изразувајќи сочувство до британскиот народ за смртта на монархот. „Владеењето на кралицата Елизабета Втора ги опфати вселенските летови пред Спутник и Експлорер 1. Додека му се придружуваме на светот во одбележувањето на нејзиното заминување, трогнати сме од љубопитноста што Нејзиното кралско височество им ја покажуваше на нашите истражувачи низ годините“, објави на Твитер НАСА.

The post Путин, Зеленски, Обама, папата Франциск, па и НАСА упатија сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>