Светски ден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 14:01:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светски ден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den/ 32 32 18-ти мај Светски ден на ретката болест порфирија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/18-ti-maj-svetski-den-na-retkata-bolest-porfirija/ Sat, 18 May 2024 14:01:38 +0000 https://republika.mk/?p=779557

Денеска е 18 мај, Светски ден на ретката болест порфирија.

ПОРФИРИЈА/ PORPHYRIA
MKB-10 Е80.0/ Е80.1/ Е80.2

ПРЕВАЛЕНЦА

Според статистичките податоци, преваленцата е 2 случаи на 100 000 жители. Во северноевропските земји како Англија, Ирска и Шведска, порфиријата се јавува малку почесто – 2 жители на 10 000 жители.

Порфиријата претставува група од најмалку осум различни болести (наследни или стекнати), чии карактеристики значително се разликуваат. Заедничката карактеристика на сите порфирии е акумулацијата на „порфирините“ или нивните претходници (прекурсори) во организмот. Иако тие нормално се наоѓаат во организмот, не се акумулираат во здраво тело. Развојот на порфиријата е предизвикан од нарушување, односно недостаток на ензим (протеин кој ги стимулира реакциите во организмот) кој учествува во биосинтезата на хем, што резултира со акумулација на молекули на порфирин во организмот. Доаѓа од грчкиот збор „порфирус“ што значи виолетова (светло црвено-виолетова боја). Порфиријата е позната како вампирска болест од 1985 година кога биохемичарот Дејвид Долфин утврдил дека приказните за вампири се всушност приказни за луѓе кои страдаат од порфирија. Неговите аргументи се следниве: пациентите се исклучително чувствителни на светлина затоа што истата може да доведе до развој на осип (дури и умерена изложеност – честопати излегуваат само ноќе), кожата може да биде полна со лузни, кучешките заби можат да бидат впечатливи (непцата и забите можат да бидат многу напнати).

ЕТИОЛОГИЈА

Причина се мутации на гените кои се одговорни за/ или кои ги контролираат синтезата и функцијата на ензимите кои учествуваат во создавањето/синтезата на хемот. Секој од 7-те ензими е кодиран од специфичен ген. Имено, за секој ензим е одговорен посебен ген. Евентуалните мутации влијаат на/или ја менуваат активноста на одреден ензим. Повеќето порфирии се наследни. Можно е да се наследи абнормален ген од едниот или од двајцата родители. Сепак, тоа не значи дека ќе се развие порфирија, туку дека станува збор за личност која го носи мутираниот ген. Оваа состојба е позната како латентна порфирија.

СИМПТОМИ И ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ

Тие можат да се категоризираат во две групи врз основа на местото на производство на порфирин:
еритропоетски порфирии, кои се карактеризираат со оштетување на кожата и минимална невролошка инволвираност, и
хепатални порфирии, карактеризирани со невролошки и висцерални знаци и симптоми (или мултисистемско засегање, со тешки невролошки манифестации од централниот, периферниот и автономниот нервен систем).
Хепаталните порфирии се поделени на акутна хепатална порфирија и хронична хепатална порфирија.
Акутната интермитентна порфирија (АИП) се класифицира како подтип на акутна хепатална порфирија и е најчеста од оваа група на заболувања.
АИП е наследна болест која произлегува од дефекти во генот HMBS (за хидроксиметилбилан синтетаза) кој ја кодира порфобилиноген деаминаза (PBG деаминаза), третиот клучен ензим во патеката на синтезата на хем. Недостатокот на овој ензим води до акумулација на токсични прекурсори на порфирин, првенствено δ-аминолевулинска киселина (ALA) и порфобилиноген (PBG). –ова можеби и не е неопходно

Постојат два главни вида порфирија – акутна (хепатална) и кожна порфирија.

Акутната (хепатална) порфирија главно влијае на нервниот систем, додека кожната порфирија, како што сугерира името, доведува до абнормалности на кожата. Некои видови порфирија можат да бидат комбинации од овие типови и можат да влијаат и на кожата и нервниот систем.

Акутната интермитентна порфирија е карактеристична за жените во (репродуктивниот период) периодот од првата менструација до менопаузата.

Главните симптоми на акутна порфирија се:
 силна/интензивна болка во стомакот (константна или во вид на колика)
 надуеност
 запек
 гадење и повраќање
 тахикардија (брзо чукање на срцето)
 висок крвен притисок
 анксиозност
 можни, но ретки, промени во однесувањето (дезориентација или параноја)
 болка во градите, нозете или грбот
 респираторни проблеми
 црвена или кафеава урина

Т.н. "класична тријада" –клиничка манифестација од три пошироки категории: интензивна болка во стомакот, периферна невропатија, автономна дисфункција и засегање на централниот нервен систем.

Кожната порфирија главно се однесува на болести чии симптоми се резултат на преосетливост од сончева светлина. Нападите кај овој вид порфирија можат да траат неколку дена, а симптомите на оваа болест се појавуваат уште во детството. Симптоми на кожната порфирија се:
 преосетливост на кожата на сончева светлина
 болно црвенило на кожата (еритем) и оток (едем)
 плускавци
 чешање
 чувствителна и кревка/нежна фрагилна кожа
 лузни
 засилена хигроскопност (способност за задржување на вода) со тенденција/склоност за ретенција/зардршка на вода
 црвена или кафеава урина

Дијагнозата се поставува врз база на докажување на порфирин во урината и крвта. Оваа анализа може да го одреди и видот на порфирија. Некои пациенти имаат нормални или малку покачени вредности на порфиринот, така што примероците треба да се земат за време или кратко време по нападот. Генетската анализа е сигурен фактор и најмногу го фаворизира дијагностичкиот третман на семејствата со познати мутации во гените. Пренаталното испитување за порфирија е исто така можно, но ретко се изведува.

ПОСЛЕДИЦИ

Прогнозата на пациенти со симптоми на порфирија е значително поповолна со подобрување на терапијата и самоконтролата. Сепак, голем број луѓе кои страдаат од порфирија, се повторуваат атаките/нападите на болеста продолжуваат да паѓаат во повторливи кризи, каде се јавува прогресивно оштетување со трајни последици, како што е откажување на бубрезите. Потребата за аналгетици кај порфиријата може да прерасне во зависност. Гликозата, која се внесува во телото на пациентот преку централен венски катетер, помага во олеснување и модификација на симптомите

ТРЕТМАН

Третманот на порфирија ќе зависи од формата на болеста.
Потешките случаи на порфирија имаат потреба од хоспитализација. Третманот на атаките на акутната порфирија се одвива , или изискува престој во Единица за интензивно лекување, и вклучува:
-прекин на порфириногени лекови (кои се потенцијални предизвикувачи)

 употреба на аналгетици (обично се опоиди дозволени) и лекови против гадење и повраќање (антиеметици)- не се сите дозволени
 третман на инфекции и други болести што можат да предизвикаат симптоми
 интравенска администрација на гликоза, електролити и др. раствори за соодветна балансирана надокнада на течности
 балансирана исхрана, богата со јаглехидрати
 следење на нивото на натриум
 администрација на хемин/ (Fe)

Лекување на рекурентните атаки/влошувања: терапија со хемин, трансплантација на хепар, и нови лекови кои се одобрени во последните неколку години.??

Третманот на кожна порфирија на кожата вклучува избегнување на подолго изложување на сонце (УВ-светлина) и следните третмани:
 флеботомија (ослободување на крв од вените)???
 употреба на антималарици
 бета-каротен
 додатоци на витамин Д

Болните од порфирија најчесто добиваат психолошка помош. Промените на телото се постојан извор на фрустрација, депресија, тага, страв, но и неизвесност на оваа болест. Пациентите со тешките и прогресивни форми на порфирија особено тешко ја прифаќаат болеста и, од ден на ден, се обидуваат да научат да живеат со „новата болест“.

Принципи на лекување на АИП:
1. елиминација на причината за атаката;
2. лекување на акутната фаза на егзацербација;
3. лекување на рекурентните епизоди (повторувани епизоди на болеста);
3. превенција, и лекување на компликациите.

ИСХРАНА

Луѓето кои имаат генетска предиспозиција кон развој на порфирија, сигурно треба ја избегнуваат храната што содржи:
 мононатриум глутамат
 сулфурни соединенија (кромид, лук, брокула, зелка и друг зеленчук)
 салицилати (многу видови овошје)
 оксалати (многу видови овошје, зеленчук и растителна храна)
 сијалинска киселина
 храна која ослободува хистамин,
 глутен, лецитин (добиен од јајца и соја)
 зелечнук (домати, компири, пиперки)
 масти и/или масла

Преципитирачки фактори: фактори од околината, нутритивни, метаболни и хормоналнии промени, голем број лекови (во кои спаѓаат и некои хормонални препарати), стрес, инфекции, хируршки зафати, злоупотреба на алкохол, пушење, рестрикции во исхраната (диета) се препознаваат како предизвикувачи на акутни напади.

Пишува: Доц .д-р Николина Тановска ЈЗУУ Клиника за неврологија, Скопјe

The post 18-ти мај Светски ден на ретката болест порфирија appeared first on Република.

]]>

Денеска е 18 мај, Светски ден на ретката болест порфирија. ПОРФИРИЈА/ PORPHYRIA MKB-10 Е80.0/ Е80.1/ Е80.2 ПРЕВАЛЕНЦА Според статистичките податоци, преваленцата е 2 случаи на 100 000 жители. Во северноевропските земји како Англија, Ирска и Шведска, порфиријата се јавува малку почесто – 2 жители на 10 000 жители. Порфиријата претставува група од најмалку осум различни болести (наследни или стекнати), чии карактеристики значително се разликуваат. Заедничката карактеристика на сите порфирии е акумулацијата на „порфирините“ или нивните претходници (прекурсори) во организмот. Иако тие нормално се наоѓаат во организмот, не се акумулираат во здраво тело. Развојот на порфиријата е предизвикан од нарушување, односно недостаток на ензим (протеин кој ги стимулира реакциите во организмот) кој учествува во биосинтезата на хем, што резултира со акумулација на молекули на порфирин во организмот. Доаѓа од грчкиот збор „порфирус“ што значи виолетова (светло црвено-виолетова боја). Порфиријата е позната како вампирска болест од 1985 година кога биохемичарот Дејвид Долфин утврдил дека приказните за вампири се всушност приказни за луѓе кои страдаат од порфирија. Неговите аргументи се следниве: пациентите се исклучително чувствителни на светлина затоа што истата може да доведе до развој на осип (дури и умерена изложеност – честопати излегуваат само ноќе), кожата може да биде полна со лузни, кучешките заби можат да бидат впечатливи (непцата и забите можат да бидат многу напнати). ЕТИОЛОГИЈА Причина се мутации на гените кои се одговорни за/ или кои ги контролираат синтезата и функцијата на ензимите кои учествуваат во создавањето/синтезата на хемот. Секој од 7-те ензими е кодиран од специфичен ген. Имено, за секој ензим е одговорен посебен ген. Евентуалните мутации влијаат на/или ја менуваат активноста на одреден ензим. Повеќето порфирии се наследни. Можно е да се наследи абнормален ген од едниот или од двајцата родители. Сепак, тоа не значи дека ќе се развие порфирија, туку дека станува збор за личност која го носи мутираниот ген. Оваа состојба е позната како латентна порфирија. СИМПТОМИ И ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ Тие можат да се категоризираат во две групи врз основа на местото на производство на порфирин: еритропоетски порфирии, кои се карактеризираат со оштетување на кожата и минимална невролошка инволвираност, и хепатални порфирии, карактеризирани со невролошки и висцерални знаци и симптоми (или мултисистемско засегање, со тешки невролошки манифестации од централниот, периферниот и автономниот нервен систем). Хепаталните порфирии се поделени на акутна хепатална порфирија и хронична хепатална порфирија. Акутната интермитентна порфирија (АИП) се класифицира како подтип на акутна хепатална порфирија и е најчеста од оваа група на заболувања. АИП е наследна болест која произлегува од дефекти во генот HMBS (за хидроксиметилбилан синтетаза) кој ја кодира порфобилиноген деаминаза (PBG деаминаза), третиот клучен ензим во патеката на синтезата на хем. Недостатокот на овој ензим води до акумулација на токсични прекурсори на порфирин, првенствено δ-аминолевулинска киселина (ALA) и порфобилиноген (PBG). –ова можеби и не е неопходно Постојат два главни вида порфирија – акутна (хепатална) и кожна порфирија. Акутната (хепатална) порфирија главно влијае на нервниот систем, додека кожната порфирија, како што сугерира името, доведува до абнормалности на кожата. Некои видови порфирија можат да бидат комбинации од овие типови и можат да влијаат и на кожата и нервниот систем. Акутната интермитентна порфирија е карактеристична за жените во (репродуктивниот период) периодот од првата менструација до менопаузата. Главните симптоми на акутна порфирија се:  силна/интензивна болка во стомакот (константна или во вид на колика)  надуеност  запек  гадење и повраќање  тахикардија (брзо чукање на срцето)  висок крвен притисок  анксиозност  можни, но ретки, промени во однесувањето (дезориентација или параноја)  болка во градите, нозете или грбот  респираторни проблеми  црвена или кафеава урина Т.н. "класична тријада" –клиничка манифестација од три пошироки категории: интензивна болка во стомакот, периферна невропатија, автономна дисфункција и засегање на централниот нервен систем. Кожната порфирија главно се однесува на болести чии симптоми се резултат на преосетливост од сончева светлина. Нападите кај овој вид порфирија можат да траат неколку дена, а симптомите на оваа болест се појавуваат уште во детството. Симптоми на кожната порфирија се:  преосетливост на кожата на сончева светлина  болно црвенило на кожата (еритем) и оток (едем)  плускавци  чешање  чувствителна и кревка/нежна фрагилна кожа  лузни  засилена хигроскопност (способност за задржување на вода) со тенденција/склоност за ретенција/зардршка на вода  црвена или кафеава урина Дијагнозата се поставува врз база на докажување на порфирин во урината и крвта. Оваа анализа може да го одреди и видот на порфирија. Некои пациенти имаат нормални или малку покачени вредности на порфиринот, така што примероците треба да се земат за време или кратко време по нападот. Генетската анализа е сигурен фактор и најмногу го фаворизира дијагностичкиот третман на семејствата со познати мутации во гените. Пренаталното испитување за порфирија е исто така можно, но ретко се изведува. ПОСЛЕДИЦИ Прогнозата на пациенти со симптоми на порфирија е значително поповолна со подобрување на терапијата и самоконтролата. Сепак, голем број луѓе кои страдаат од порфирија, се повторуваат атаките/нападите на болеста продолжуваат да паѓаат во повторливи кризи, каде се јавува прогресивно оштетување со трајни последици, како што е откажување на бубрезите. Потребата за аналгетици кај порфиријата може да прерасне во зависност. Гликозата, која се внесува во телото на пациентот преку централен венски катетер, помага во олеснување и модификација на симптомите ТРЕТМАН Третманот на порфирија ќе зависи од формата на болеста. Потешките случаи на порфирија имаат потреба од хоспитализација. Третманот на атаките на акутната порфирија се одвива , или изискува престој во Единица за интензивно лекување, и вклучува: -прекин на порфириногени лекови (кои се потенцијални предизвикувачи)  употреба на аналгетици (обично се опоиди дозволени) и лекови против гадење и повраќање (антиеметици)- не се сите дозволени  третман на инфекции и други болести што можат да предизвикаат симптоми  интравенска администрација на гликоза, електролити и др. раствори за соодветна балансирана надокнада на течности  балансирана исхрана, богата со јаглехидрати  следење на нивото на натриум  администрација на хемин/ (Fe) Лекување на рекурентните атаки/влошувања: терапија со хемин, трансплантација на хепар, и нови лекови кои се одобрени во последните неколку години.?? Третманот на кожна порфирија на кожата вклучува избегнување на подолго изложување на сонце (УВ-светлина) и следните третмани:  флеботомија (ослободување на крв од вените)???  употреба на антималарици  бета-каротен  додатоци на витамин Д Болните од порфирија најчесто добиваат психолошка помош. Промените на телото се постојан извор на фрустрација, депресија, тага, страв, но и неизвесност на оваа болест. Пациентите со тешките и прогресивни форми на порфирија особено тешко ја прифаќаат болеста и, од ден на ден, се обидуваат да научат да живеат со „новата болест“. Принципи на лекување на АИП: 1. елиминација на причината за атаката; 2. лекување на акутната фаза на егзацербација; 3. лекување на рекурентните епизоди (повторувани епизоди на болеста); 3. превенција, и лекување на компликациите. ИСХРАНА Луѓето кои имаат генетска предиспозиција кон развој на порфирија, сигурно треба ја избегнуваат храната што содржи:  мононатриум глутамат  сулфурни соединенија (кромид, лук, брокула, зелка и друг зеленчук)  салицилати (многу видови овошје)  оксалати (многу видови овошје, зеленчук и растителна храна)  сијалинска киселина  храна која ослободува хистамин,  глутен, лецитин (добиен од јајца и соја)  зелечнук (домати, компири, пиперки)  масти и/или масла Преципитирачки фактори: фактори од околината, нутритивни, метаболни и хормоналнии промени, голем број лекови (во кои спаѓаат и некои хормонални препарати), стрес, инфекции, хируршки зафати, злоупотреба на алкохол, пушење, рестрикции во исхраната (диета) се препознаваат како предизвикувачи на акутни напади. Пишува: Доц .д-р Николина Тановска ЈЗУУ Клиника за неврологија, Скопјe

The post 18-ти мај Светски ден на ретката болест порфирија appeared first on Република.

]]>
Целодневен џез хепенинг по повод Светскиот ден на џезот https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tselodneven-dhez-hepening-po-povod-svetskiot-den-na-dhezot/ Mon, 29 Apr 2024 07:01:45 +0000 https://republika.mk/?p=772064

На 30ти април, во паркот "Ибни Пајко," со почеток од 13 часот, ќе се одржи осмото по ред издание на нашиот целодневен џез хепенинг со кој се приклучуваме кон глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот.

Годинава на сцената ќе ги видиме следните артисти:
Сашко Николовски Септет (МК)
Фани Поса Квартет (ХУ/СРБ/ДЕ)
Гоце Стевковски - Богданци Реунион квартет (МК)
Лана Јањанин Квартет (ХР)
Џијан Емин и Магичниот оркестар (МК)
Карлос Сардуј Грув Месинџерс (КУБА).
На настапите им претходи работилницата Џез за деца која се одржува секоја година, наменета за деца од 3 години па нагоре, на која најмладите ќе имаат можност да се запознаат музичките инструменти кои се користат во нашиот оркестар, како и да учествуваат во заедничка композиција.
Оваа меѓународна манифестација, поддржана од Генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулеј, и легендарниот џез-пијанист и композитор Херби Хенкок, кој е амбасадор на УНЕСКО за меѓукултурен дијалог и претседател на Институтот за џез Херби Хенкок, секоја година поврзува заедници, училишта, уметници, историчари, академици и џез ентузијасти ширум светот да слават и да научат нешто повеќе за џезот и неговите корени, за неговата иднина и влијание, истакнувајќи ја потребата од меѓукултурен дијалог и меѓусебно разбирање, и зајакнување на меѓународната соработка и комуникација.

Секоја година, на 30 април, џезот како меѓународна уметничка форма е препознаен како алатка за промовирање на мир и дијалог меѓу културите; почитување на различноста, човековите права и достоинство; алатка за искоренување на дискриминацијата; негување родова еднаквост и промовирање на слободата на изразување.

Ден пред 1ви мај, ве покануваме да заборавите на секојдневните рутини и обврски и да ни се придружите на настанот по кој е препознатлива пролетта во Скопје - глобалната прослава на џезот и неговите придобивки!

Бидете дел од ова случување, заедно да уживаме во радоста на џез музиката бидејќи на овој ден, сѐ е џез! велат организаторите.

 

The post Целодневен џез хепенинг по повод Светскиот ден на џезот appeared first on Република.

]]>

На 30ти април, во паркот "Ибни Пајко," со почеток од 13 часот, ќе се одржи осмото по ред издание на нашиот целодневен џез хепенинг со кој се приклучуваме кон глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот.
Годинава на сцената ќе ги видиме следните артисти:
Сашко Николовски Септет (МК)
Фани Поса Квартет (ХУ/СРБ/ДЕ)
Гоце Стевковски - Богданци Реунион квартет (МК)
Лана Јањанин Квартет (ХР)
Џијан Емин и Магичниот оркестар (МК)
Карлос Сардуј Грув Месинџерс (КУБА).
На настапите им претходи работилницата Џез за деца која се одржува секоја година, наменета за деца од 3 години па нагоре, на која најмладите ќе имаат можност да се запознаат музичките инструменти кои се користат во нашиот оркестар, како и да учествуваат во заедничка композиција.
Оваа меѓународна манифестација, поддржана од Генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулеј, и легендарниот џез-пијанист и композитор Херби Хенкок, кој е амбасадор на УНЕСКО за меѓукултурен дијалог и претседател на Институтот за џез Херби Хенкок, секоја година поврзува заедници, училишта, уметници, историчари, академици и џез ентузијасти ширум светот да слават и да научат нешто повеќе за џезот и неговите корени, за неговата иднина и влијание, истакнувајќи ја потребата од меѓукултурен дијалог и меѓусебно разбирање, и зајакнување на меѓународната соработка и комуникација.
Секоја година, на 30 април, џезот како меѓународна уметничка форма е препознаен како алатка за промовирање на мир и дијалог меѓу културите; почитување на различноста, човековите права и достоинство; алатка за искоренување на дискриминацијата; негување родова еднаквост и промовирање на слободата на изразување.
Ден пред 1ви мај, ве покануваме да заборавите на секојдневните рутини и обврски и да ни се придружите на настанот по кој е препознатлива пролетта во Скопје - глобалната прослава на џезот и неговите придобивки!
Бидете дел од ова случување, заедно да уживаме во радоста на џез музиката бидејќи на овој ден, сѐ е џез! велат организаторите.
 

The post Целодневен џез хепенинг по повод Светскиот ден на џезот appeared first on Република.

]]>
Не мрзи и да го славиме: Денеска е Светски ден на мрзата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ne-mrzi-i-da-go-slavime-deneska-e-svetski-den-na-mrzata/ Thu, 10 Aug 2023 11:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=670749

На 10 август се одбележува Светскиот ден на мрзеливоста. Преданијата велат дека овој „празник“ се слави повеќе од 100 години, но никој не знае од кога точно... Претпоставките говорат дека „првите ентузијасти“ биле премногу мрзливи за да ја запишат и обележат првата година.

Слоганот на „славениците“ денеска гласи: „Да му се ​​препуштиме на бесмисленото безделничење, а умот и телото да ни бидат мрзеливи цел ден. Да не правиме ништо овој ден“. Некој друг пак, ќе рече: „Ова му дава нов поттик на духот. Запомнете, секогаш може да се открие нов, подобар начин да не се прави ништо“.

Ова се само дел од шегите на интернет-просторот запишани под датумот 10 август од оние кои се потрудиле да ја овековечат својата мрзеливост.

Според Црквата, сепак, мрзеливоста, т.e. безволностa за работа и творење, е седмиот смртен грев. Во минатото тоа се сметало за „привилегија“ на богатите.

Апсолутна неактивност на 10 август, сепак, дозволува сладолед, чоколадо, (без)алкохолни пијалаци и која било храна што некој би Ви ја подал додека си лежите на каучот пред телевизорот или на плажа.

На крајот на краиштата, кој го измислил далечинскиот управувач, подвижните скали, машината за перење, за миење садови или лифтот? За многумина, мрзеливоста всушност е „движечка сила“ на развојот и напредокот.

Датумот 10 август може да послужи и како ден за пресметки околу тоа колку сме биле мрзливи последнава година.

The post Не мрзи и да го славиме: Денеска е Светски ден на мрзата appeared first on Република.

]]>

На 10 август се одбележува Светскиот ден на мрзеливоста. Преданијата велат дека овој „празник“ се слави повеќе од 100 години, но никој не знае од кога точно... Претпоставките говорат дека „првите ентузијасти“ биле премногу мрзливи за да ја запишат и обележат првата година. Слоганот на „славениците“ денеска гласи: „Да му се ​​препуштиме на бесмисленото безделничење, а умот и телото да ни бидат мрзеливи цел ден. Да не правиме ништо овој ден“. Некој друг пак, ќе рече: „Ова му дава нов поттик на духот. Запомнете, секогаш може да се открие нов, подобар начин да не се прави ништо“. Ова се само дел од шегите на интернет-просторот запишани под датумот 10 август од оние кои се потрудиле да ја овековечат својата мрзеливост. Според Црквата, сепак, мрзеливоста, т.e. безволностa за работа и творење, е седмиот смртен грев. Во минатото тоа се сметало за „привилегија“ на богатите. Апсолутна неактивност на 10 август, сепак, дозволува сладолед, чоколадо, (без)алкохолни пијалаци и која било храна што некој би Ви ја подал додека си лежите на каучот пред телевизорот или на плажа. На крајот на краиштата, кој го измислил далечинскиот управувач, подвижните скали, машината за перење, за миење садови или лифтот? За многумина, мрзеливоста всушност е „движечка сила“ на развојот и напредокот. Датумот 10 август може да послужи и како ден за пресметки околу тоа колку сме биле мрзливи последнава година.

The post Не мрзи и да го славиме: Денеска е Светски ден на мрзата appeared first on Република.

]]>