Светски ден против пушењето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den-protiv-pushenjeto/ За подобро да се разбереме Tue, 31 May 2022 10:33:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светски ден против пушењето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den-protiv-pushenjeto/ 32 32 Македонците лидери по бројот на пушачи во регионот и во Европа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/makedoncite-lideri-po-brojot-na-pushachi-vo-regionot-i-vo-evropa/ Tue, 31 May 2022 10:33:22 +0000 https://republika.mk/?p=509197

Денес е 31 Мај, Светски ден за борба против пушење. Секоја година на овој ден, Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите го одбележуваат Светскиот ден за борба против пушење, потенцирајќи ги здравствените ризици поврзани со употребата на тутунот и промовирајќи ефективни политики за намалување на употребата на тутунот.

Светскиот ден за борба против пушење се одбележува уште од 1987 година. Статистичките податоци покажуваат дека една испушена цигара го скратува животот за 12 минути.

Придобивките од откажувањето од пушење се речиси моментални. Така, пулсот паѓа по само 20 минути од откажувањето. Во рок од 12 часа, нивото на јаглерод моноксид во крвта се намалува до нормална вредност. Во рок од две до 12 недели се подобрува циркулацијата и се зголемува функцијата на белите дробови. Во рок од еден до девет месеци се намалуваат проблемите со кашлање и отежнато дишење. Во рок од пет до 15 години ризикот од мозочен удар се намалува на вредност карактеристична за непушач. Во рок од 10 години стапката на смртност од рак на белите дробови е околу половина од таа кај пушачите. Во рок од 15 години ризикот од срцево заболување е ист како и кај непушачите.

Тутунот е значаен фактор на ризик за заболување од незаразни болести како што се кардиоваскуларните, малигните и респираторните заболувања и дијабетесот.

Светската здравствена организација секоја година укажува на штетните последици од употребата на тутун и од пасивната изложеност на чадот од тутунските производи, и советува да не се употребува тутун во каква било форма.

Македонија е лидер по бројот на пушачи во регионот и во Европа. Дури 48,4 проценти од населението посегнува по цигара, со што државата успеа да се искачи високо иа светската топ 10- листа на земји најголеми зависници од тутун. Македонците во просек пушат по 20 цигари на ден, а најбројни меѓу пушачите се мажите. Како земја којашто има најниски цени на цигари во регионот и во Европа, како и најниско даночно оптоварување, не е ни чудо што тутунот е лесно достапен до секого. Особено загрижува тоа што над 30 отсто од младите пушат. Само кај 11 отсто од пушачите во земјава не се пуши дома, а непушачите се изложени на чадот од цигарите не само во угостителските објекти, туку и во јавните институции, и покрај законската забрана, пренесува dw.com.

Мажите пушат повеќе цигари од жените – соодносот е 57,9 проценти кај мажите наспрема 39 проценти кај жените. 51,3% од мажите пушат најмалку 20 цигари во денот, 16,6% од 10 до 20 цигари, додека на 32,1% им се доволни по 10 цигари на ден. Кај жените пушачи, една кутија или повеќе пушат 34,7% од испитаничките. Помалку од 20, но повеќе од 10 цигари дневно пушат 29% од жените пушачи, а 36,4% можат да поминат и со 10 цигари на ден, пренесува dw.com.

Македонците пушат најевтини цигари, не само во регионот, туку и во Европа. Ако просечна цена на кутија цигари во земјата е 1,7 евра, во регионот е околу 2,1 евро, додека на европското ниво е 4,9 евра. Сепак, 83% од возрасните во земјата сметаат дека цигарите се скапи, а повеќе од половината пушачи се категорично против цигарите повторно да поскапат за 5%, пренесува dw.com.

The post Македонците лидери по бројот на пушачи во регионот и во Европа appeared first on Република.

]]>

Денес е 31 Мај, Светски ден за борба против пушење. Секоја година на овој ден, Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите го одбележуваат Светскиот ден за борба против пушење, потенцирајќи ги здравствените ризици поврзани со употребата на тутунот и промовирајќи ефективни политики за намалување на употребата на тутунот. Светскиот ден за борба против пушење се одбележува уште од 1987 година. Статистичките податоци покажуваат дека една испушена цигара го скратува животот за 12 минути. Придобивките од откажувањето од пушење се речиси моментални. Така, пулсот паѓа по само 20 минути од откажувањето. Во рок од 12 часа, нивото на јаглерод моноксид во крвта се намалува до нормална вредност. Во рок од две до 12 недели се подобрува циркулацијата и се зголемува функцијата на белите дробови. Во рок од еден до девет месеци се намалуваат проблемите со кашлање и отежнато дишење. Во рок од пет до 15 години ризикот од мозочен удар се намалува на вредност карактеристична за непушач. Во рок од 10 години стапката на смртност од рак на белите дробови е околу половина од таа кај пушачите. Во рок од 15 години ризикот од срцево заболување е ист како и кај непушачите. Тутунот е значаен фактор на ризик за заболување од незаразни болести како што се кардиоваскуларните, малигните и респираторните заболувања и дијабетесот. Светската здравствена организација секоја година укажува на штетните последици од употребата на тутун и од пасивната изложеност на чадот од тутунските производи, и советува да не се употребува тутун во каква било форма. Македонија е лидер по бројот на пушачи во регионот и во Европа. Дури 48,4 проценти од населението посегнува по цигара, со што државата успеа да се искачи високо иа светската топ 10- листа на земји најголеми зависници од тутун. Македонците во просек пушат по 20 цигари на ден, а најбројни меѓу пушачите се мажите. Како земја којашто има најниски цени на цигари во регионот и во Европа, како и најниско даночно оптоварување, не е ни чудо што тутунот е лесно достапен до секого. Особено загрижува тоа што над 30 отсто од младите пушат. Само кај 11 отсто од пушачите во земјава не се пуши дома, а непушачите се изложени на чадот од цигарите не само во угостителските објекти, туку и во јавните институции, и покрај законската забрана, пренесува dw.com. Мажите пушат повеќе цигари од жените – соодносот е 57,9 проценти кај мажите наспрема 39 проценти кај жените. 51,3% од мажите пушат најмалку 20 цигари во денот, 16,6% од 10 до 20 цигари, додека на 32,1% им се доволни по 10 цигари на ден. Кај жените пушачи, една кутија или повеќе пушат 34,7% од испитаничките. Помалку од 20, но повеќе од 10 цигари дневно пушат 29% од жените пушачи, а 36,4% можат да поминат и со 10 цигари на ден, пренесува dw.com. Македонците пушат најевтини цигари, не само во регионот, туку и во Европа. Ако просечна цена на кутија цигари во земјата е 1,7 евра, во регионот е околу 2,1 евро, додека на европското ниво е 4,9 евра. Сепак, 83% од возрасните во земјата сметаат дека цигарите се скапи, а повеќе од половината пушачи се категорично против цигарите повторно да поскапат за 5%, пренесува dw.com.

The post Македонците лидери по бројот на пушачи во регионот и во Европа appeared first on Република.

]]>