Светски ден на водата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den-na-vodata/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Mar 2022 18:52:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светски ден на водата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den-na-vodata/ 32 32 Перински на Светскиот ден на водата: Водата е живот, да ја заштитиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/perinski-na-svetskiot-den-na-vodata-vodata-e-zivot-da-ja-zashtitime/ Tue, 22 Mar 2022 18:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=476835

Денес во просториите на ЕУ Хаус, се одржа прес конференција по повод одбележување на Светскиот ден на водата 22 Март 2022, каде се презентираа активностите кои се спроведоа, а вклучуваат дистриуција на видео материјали под слоганот „Водата е живот, квалитет кој трае“, како и дистрибуција на едукативно – информативен постер и видео до сите основни училишта на територија на град Скопје.

На денешната прес конференција, свое обраќање имаа: Проф. Д-р. Милорад Јовановски, Градежен факултет, Златко Перински, директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Насер Нуредини, Министер за животна средина и просторно планирање, Н.Е. Анке Холштајн, Амбасадорка на Сојузна Република Германија и Н.Е. Вероник Улман, Амбасадорка на Швајцарија, кои едногласно ја потврдија потребата од зголемување на свеста и одговорноста кон водата како природен ресурс и нејзиното бесценето значење, како и потребата од заеднички пристап кон нејзината заштита.

Повеќе од 100 години, невидливото го правиме видливо. Подземната вода, за нас како претпријатие, за нас како граѓани на град Скопје е од огромно и непроценливо значење. Секоја наша активност е во насока на зачувавање, токму на ова природно богатство, негова заштита од сите фактори кои може да делуваат негативно, негова рационализација во употребата, одржливост и изнаоѓање алтернативни извори на водоснабдување, како одговор на брзиот раст на градот, урбанизацијата и секако климатските промени, истакна Златко Перински, директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Перински додаде дека со слоганот водата е живот, квалитет кој трае, се испраќа порака за важноста на ресурсот, кој е од непроценливо значење за скопјани, како и дека ЈП Водовод и канализација – Скопје останува посветено во обезбедување на квалитетна вода, истакнувајќи дека од сите нас зависи, колку ќе го зачуваме.

Иницијативата на Здружението за Третман на води и Отпадни води на Македонија ЗТВ-МК и Друштвото за геотехника на Македонија при Градежниот факултет – Скопје, за спроведување на едукативно информативната кампања, со цел одбележување на Светскиот ден на водата 2022 под мотото „Подземни води – невидливото станува видливо“, освен од ЈП Водовод и канализација – Скопје, беше поддржана од ЕУ Делегацијата, Министерството за животна средина, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Европската Асоцијација за води и „5+ Фамилија“.

The post Перински на Светскиот ден на водата: Водата е живот, да ја заштитиме appeared first on Република.

]]>

Денес во просториите на ЕУ Хаус, се одржа прес конференција по повод одбележување на Светскиот ден на водата 22 Март 2022, каде се презентираа активностите кои се спроведоа, а вклучуваат дистриуција на видео материјали под слоганот „Водата е живот, квалитет кој трае“, како и дистрибуција на едукативно – информативен постер и видео до сите основни училишта на територија на град Скопје. На денешната прес конференција, свое обраќање имаа: Проф. Д-р. Милорад Јовановски, Градежен факултет, Златко Перински, директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Насер Нуредини, Министер за животна средина и просторно планирање, Н.Е. Анке Холштајн, Амбасадорка на Сојузна Република Германија и Н.Е. Вероник Улман, Амбасадорка на Швајцарија, кои едногласно ја потврдија потребата од зголемување на свеста и одговорноста кон водата како природен ресурс и нејзиното бесценето значење, како и потребата од заеднички пристап кон нејзината заштита.
Повеќе од 100 години, невидливото го правиме видливо. Подземната вода, за нас како претпријатие, за нас како граѓани на град Скопје е од огромно и непроценливо значење. Секоја наша активност е во насока на зачувавање, токму на ова природно богатство, негова заштита од сите фактори кои може да делуваат негативно, негова рационализација во употребата, одржливост и изнаоѓање алтернативни извори на водоснабдување, како одговор на брзиот раст на градот, урбанизацијата и секако климатските промени, истакна Златко Перински, директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Перински додаде дека со слоганот водата е живот, квалитет кој трае, се испраќа порака за важноста на ресурсот, кој е од непроценливо значење за скопјани, како и дека ЈП Водовод и канализација – Скопје останува посветено во обезбедување на квалитетна вода, истакнувајќи дека од сите нас зависи, колку ќе го зачуваме. Иницијативата на Здружението за Третман на води и Отпадни води на Македонија ЗТВ-МК и Друштвото за геотехника на Македонија при Градежниот факултет – Скопје, за спроведување на едукативно информативната кампања, со цел одбележување на Светскиот ден на водата 2022 под мотото „Подземни води – невидливото станува видливо“, освен од ЈП Водовод и канализација – Скопје, беше поддржана од ЕУ Делегацијата, Министерството за животна средина, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Европската Асоцијација за води и „5+ Фамилија“.

The post Перински на Светскиот ден на водата: Водата е живот, да ја заштитиме appeared first on Република.

]]>