Светски ден на уметноста Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den-na-umetnosta/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Apr 2024 14:01:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светски ден на уметноста Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den-na-umetnosta/ 32 32 Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 Април https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/besplaten-vlez-vo-muzeite-i-na-lokalitetite-po-povod-svetskiot-den-na-spomenitsite-i-lokalitetite-18-april/ Wed, 17 Apr 2024 14:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=767191

По повод 18 Април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, утре е обезбеден слободен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе бидат отворени во текот на целиот ден, со што граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државава.

Отворени ќе бидат вратите на националните установи: заводи и музеи во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и во Струмица; Стоби и Хераклеја; Спомен-куќа на Тоше Проески; Археолошки музеј; Национална галерија со сите свои објекти; Музеј на современата уметност; Музеј на македонската борба; Историски музеј во Крушево; Музеј на албанската азбука; Уметничка галерија во Тетово; „Д-р Никола Незлобински“ во Струга; Музеј на Западна Македонија во НОВ – Кичево; Музеј на тетовскиот крај; Природонаучен музеј; Музеј на Македонија; музеите во Куманово и во Гевгелија.

Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) во 1982 година го прогласи 18 Април за Светски ден на културното наследство, а ИКОМОС секоја година препорачува тема за прославата и активностите на тој ден организирани од страна на националните и меѓународните научни комитети.

Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигнување на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, за заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата.

Годинашна тема за Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите е „Катастрофи и конфликти низ призмата на Венецијанската повелба“.

На тригодишното генерално собрание на ИКОМОС во 2023 година во Синдеј, темата „Наследство отпорно на катастрофи и конфликти – подготвеност, одговор и закрепнување“ беше избрана како тема за Тригодишниот научен план 2024 – 2027 година. За таа цел, ИКОМОС Македонија во текот на април го разгледува скопскиот земјотрес во 1963 година и неговиот ефект врз културното наследство низ призмата на годинашната тема.

The post Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 Април appeared first on Република.

]]>

По повод 18 Април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, утре е обезбеден слободен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе бидат отворени во текот на целиот ден, со што граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државава. Отворени ќе бидат вратите на националните установи: заводи и музеи во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и во Струмица; Стоби и Хераклеја; Спомен-куќа на Тоше Проески; Археолошки музеј; Национална галерија со сите свои објекти; Музеј на современата уметност; Музеј на македонската борба; Историски музеј во Крушево; Музеј на албанската азбука; Уметничка галерија во Тетово; „Д-р Никола Незлобински“ во Струга; Музеј на Западна Македонија во НОВ – Кичево; Музеј на тетовскиот крај; Природонаучен музеј; Музеј на Македонија; музеите во Куманово и во Гевгелија. Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) во 1982 година го прогласи 18 Април за Светски ден на културното наследство, а ИКОМОС секоја година препорачува тема за прославата и активностите на тој ден организирани од страна на националните и меѓународните научни комитети. Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигнување на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, за заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата. Годинашна тема за Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите е „Катастрофи и конфликти низ призмата на Венецијанската повелба“. На тригодишното генерално собрание на ИКОМОС во 2023 година во Синдеј, темата „Наследство отпорно на катастрофи и конфликти – подготвеност, одговор и закрепнување“ беше избрана како тема за Тригодишниот научен план 2024 – 2027 година. За таа цел, ИКОМОС Македонија во текот на април го разгледува скопскиот земјотрес во 1963 година и неговиот ефект врз културното наследство низ призмата на годинашната тема.  

The post Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 Април appeared first on Република.

]]>
МКЦ и Асоцијацијата за култура ИКОН одлучија Светскиот ден на уметноста да му го посветат на Денис Боувен, британски уметник и македонски културен амбасадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mkts-i-asotsijatsijata-za-kultura-ikon-odluchija-svetskiot-den-na-umetnosta-da-mu-go-posvetat-na-denis-bouven-britanski-umetnik-i-makedonski-kulturen-ambasador/ Mon, 15 Apr 2024 08:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=766153

Светскиот ден на уметноста и роденден на Леонардо да Винчи, се празнува и во нашата земја од самото негово воспоставување, а годинава Младинскиот културен центар и Асоцијацијата за култура ИКОН се одлучија да му го посветат овој празник на Денис Боувен (1921-2006), британски уметник и македонски културен амбасадор. Изложбата во негова чест ќе биде отворена на 15 април во 19 часот, во галеријата на МКЦ. Боувен пишуваше за македонската ликовна сцена во Лондон, но и неуморно работеше на собирањето уметнички дела од британски автори.

Со својата оригиналност и непосредност, со извонредното чувство за перцепција, уште во годините по Втората светска војна, Боувен се ослободува од влијанијата на традицијата. Прави голем исчекор, градејќи модерен начин на изразување и определувајќи се за апстрактната уметност. Впрочем, 20 век го смета за столетие на технолошки напредок, кој влијае и во неговото сликарство преку употребата на нестандардни материјали и форми. За својата уметност велеше дека е експлозија од бои сликани со нестандардни материјали, се вели во најавата на изложбата, која ќе биде отворена до 30 април.

Инаку, Боувен беше чест гостин на ликовните колонии во Струмица, Кичево, Крива Паланка, Охрид и остави зад себе стотици дела што сега се во јавни и во приватни колекции. За неговата работа, Град Скопје му ја додели наградата „13 Ноември“ во 2003 година, која не треба да се сфати само како награда за придонесот што го има направено за нашиот град туку и како македонска награда што му се доделува за пријателството со ликовните уметници, критичарите, поетите, но и со обичните луѓе од Македонија.

Денис Боувен е роден во 1921, во Кимберли, Јужна Африка. Студирал сликарство на „Ројал колеџ оф арт“, а по 1940 предавал во повеќе уметнички школи во Британија. Изложувал на големи национални и интернационални изложби и соработувал со уметнички списанија во Британија и во странство. Во 1954 г. бил избран за член на Кралската академија на Камбрија. Влијанијата од Париската школа, футуристите, Кандински и Макс Ернст, како и неговата опсесија со откривањето на просторот, се следат понатаму во негов сопствен, апстрактен стил. Во 1952 г., заедно со други уметници членови на Институтот за современа уметност, Боувен ја основал групата на слободни сликари и скулптори. Секогаш во центарот на новите идеи и техники, незадоволен од ограничувањата што ги наметнувале постојните галерии, Боувен и неговите колеги ја отвориле „Њу вижн сенр галери“, во 1954 г. Тоа била првата галерија посветена на апстрактната уметност. Во 1984 г., заедно со уметниците Џон Белани и Дерек Кули, ја основал „Келтик вижн“, претставувајќи ги современите уметници од Келтскиот Регион на Ирска, Шкотска, Велс, Корнвол, Британија и Галиција во северозападна Шпанија. Во 1997 г., Боувен изложувал во „Даорама арт галери“ во Лондон, заедно со Нино Спалоне, Пиндарос Михеладес и со Стефан Корт, во чест на „КОСМОПОЛИС – Артист оф д скул оф Лондон“. Изложбата била поставена во 1964 г., во „Витворт галери“ во Манчестер. Впрочем, негови дела се наоѓаат во голем број јавни и приватни колекции во светот.

Денис Боувен ги истражуваше другите култури поради своето убедување дека постои заедничка основа за човечкото искуство. Градеше врски и пријателства со уметници од земјите од Третиот Свет, од Африка до Средниот Исток, од Европа до Далечниот Исток. Уметниците може значајно да ги збогатат естетските дебати само ако се почитуваат ставовите на другите култури, напиша, меѓу другото, историчарката на уметноста Стела Сантакатерина во каталогот за изложбата „Денис Боувен 1921-2006, Уметноста како универзална димензија“, одржана во галеријата на Тутунска банка во Скопје, во 2011 година.

Марија Коробар, програмски раководител на ИКОН, ќе ја отвори изложбата.

The post МКЦ и Асоцијацијата за култура ИКОН одлучија Светскиот ден на уметноста да му го посветат на Денис Боувен, британски уметник и македонски културен амбасадор appeared first on Република.

]]>

Светскиот ден на уметноста и роденден на Леонардо да Винчи, се празнува и во нашата земја од самото негово воспоставување, а годинава Младинскиот културен центар и Асоцијацијата за култура ИКОН се одлучија да му го посветат овој празник на Денис Боувен (1921-2006), британски уметник и македонски културен амбасадор. Изложбата во негова чест ќе биде отворена на 15 април во 19 часот, во галеријата на МКЦ. Боувен пишуваше за македонската ликовна сцена во Лондон, но и неуморно работеше на собирањето уметнички дела од британски автори.
Со својата оригиналност и непосредност, со извонредното чувство за перцепција, уште во годините по Втората светска војна, Боувен се ослободува од влијанијата на традицијата. Прави голем исчекор, градејќи модерен начин на изразување и определувајќи се за апстрактната уметност. Впрочем, 20 век го смета за столетие на технолошки напредок, кој влијае и во неговото сликарство преку употребата на нестандардни материјали и форми. За својата уметност велеше дека е експлозија од бои сликани со нестандардни материјали, се вели во најавата на изложбата, која ќе биде отворена до 30 април.
Инаку, Боувен беше чест гостин на ликовните колонии во Струмица, Кичево, Крива Паланка, Охрид и остави зад себе стотици дела што сега се во јавни и во приватни колекции. За неговата работа, Град Скопје му ја додели наградата „13 Ноември“ во 2003 година, која не треба да се сфати само како награда за придонесот што го има направено за нашиот град туку и како македонска награда што му се доделува за пријателството со ликовните уметници, критичарите, поетите, но и со обичните луѓе од Македонија. Денис Боувен е роден во 1921, во Кимберли, Јужна Африка. Студирал сликарство на „Ројал колеџ оф арт“, а по 1940 предавал во повеќе уметнички школи во Британија. Изложувал на големи национални и интернационални изложби и соработувал со уметнички списанија во Британија и во странство. Во 1954 г. бил избран за член на Кралската академија на Камбрија. Влијанијата од Париската школа, футуристите, Кандински и Макс Ернст, како и неговата опсесија со откривањето на просторот, се следат понатаму во негов сопствен, апстрактен стил. Во 1952 г., заедно со други уметници членови на Институтот за современа уметност, Боувен ја основал групата на слободни сликари и скулптори. Секогаш во центарот на новите идеи и техники, незадоволен од ограничувањата што ги наметнувале постојните галерии, Боувен и неговите колеги ја отвориле „Њу вижн сенр галери“, во 1954 г. Тоа била првата галерија посветена на апстрактната уметност. Во 1984 г., заедно со уметниците Џон Белани и Дерек Кули, ја основал „Келтик вижн“, претставувајќи ги современите уметници од Келтскиот Регион на Ирска, Шкотска, Велс, Корнвол, Британија и Галиција во северозападна Шпанија. Во 1997 г., Боувен изложувал во „Даорама арт галери“ во Лондон, заедно со Нино Спалоне, Пиндарос Михеладес и со Стефан Корт, во чест на „КОСМОПОЛИС – Артист оф д скул оф Лондон“. Изложбата била поставена во 1964 г., во „Витворт галери“ во Манчестер. Впрочем, негови дела се наоѓаат во голем број јавни и приватни колекции во светот.
Денис Боувен ги истражуваше другите култури поради своето убедување дека постои заедничка основа за човечкото искуство. Градеше врски и пријателства со уметници од земјите од Третиот Свет, од Африка до Средниот Исток, од Европа до Далечниот Исток. Уметниците може значајно да ги збогатат естетските дебати само ако се почитуваат ставовите на другите култури, напиша, меѓу другото, историчарката на уметноста Стела Сантакатерина во каталогот за изложбата „Денис Боувен 1921-2006, Уметноста како универзална димензија“, одржана во галеријата на Тутунска банка во Скопје, во 2011 година.
Марија Коробар, програмски раководител на ИКОН, ќе ја отвори изложбата.

The post МКЦ и Асоцијацијата за култура ИКОН одлучија Светскиот ден на уметноста да му го посветат на Денис Боувен, британски уметник и македонски културен амбасадор appeared first on Република.

]]>
По повод Светскиот ден на уметноста, изложба на дела од британскиот уметник Денис Боувен во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/po-povod-svetskiot-den-na-umetnosta-izlozhba-na-dela-od-britanskiot-umetnik-denis-bouven-vo-mkts/ Tue, 09 Apr 2024 12:42:37 +0000 https://republika.mk/?p=764291

По повод Светскиот ден на уметноста, Асоцијацијата за култура ИКОН и Младинскиот културен центар - Скопје организираат изложба на делата на британскиот уметник Денис Боувен (1921-2006). Изложбата ќе биде отворена од 15-25 април 2024

Денис Боувен (5 април 1921 – 23 март 2006 година) е јужноафрикански уметник и промотор на апстрактната и авангардна уметност во Британија. Тој бил основач на New Vision Group и New Vision Center Gallery во Лондон, кои одиграле важна улога на британската уметничка сцена во повоениот период.
Неговите дела се чуваат во бројни збирки во Македонија и во странство, вклучувајќи ги TATE Gallery, V&A, Британскиот музеј и Националните галерии на Израел, Италија, Полска и Македонија.
Во текот на неговата кариера, Денис Боувен ја задржал посветеноста во духот на експерименталната уметност. Тој е еден од главните поборници на ташистичката апстрактна уметност или неформална уметност (Art informel).
Длабоката наклонетост на Денис Боуен кон Македонија е очигледна во наследството што тој го остави преку неговата обемна работа во земјата. Неговата љубов кон Македонија, нејзиното културно богатство, му послужи како постојана муза за неговиот уметнички израз. Тој беше чест гостин на ликовните колонии во Македонија и зад себе остави стотици дела што сега се дел од јавни и во приватни колекции. Град Скопје за неговата активност му ја додели наградата „13 Ноември“ во 2003 година. Придонесите на Боувен за македонската уметничка сцена оставија неизбришлива трага, збогатувајќи го културното наследство во земјата. Делата на Боувен продолжуваат да бидат извор на инспирација, повикувајќи ги гледачите да ја ценат убавината и сложеноста на уметноста преку неговиот уметнички објектив.

The post По повод Светскиот ден на уметноста, изложба на дела од британскиот уметник Денис Боувен во МКЦ appeared first on Република.

]]>

По повод Светскиот ден на уметноста, Асоцијацијата за култура ИКОН и Младинскиот културен центар - Скопје организираат изложба на делата на британскиот уметник Денис Боувен (1921-2006). Изложбата ќе биде отворена од 15-25 април 2024

Денис Боувен (5 април 1921 – 23 март 2006 година) е јужноафрикански уметник и промотор на апстрактната и авангардна уметност во Британија. Тој бил основач на New Vision Group и New Vision Center Gallery во Лондон, кои одиграле важна улога на британската уметничка сцена во повоениот период. Неговите дела се чуваат во бројни збирки во Македонија и во странство, вклучувајќи ги TATE Gallery, V&A, Британскиот музеј и Националните галерии на Израел, Италија, Полска и Македонија. Во текот на неговата кариера, Денис Боувен ја задржал посветеноста во духот на експерименталната уметност. Тој е еден од главните поборници на ташистичката апстрактна уметност или неформална уметност (Art informel). Длабоката наклонетост на Денис Боуен кон Македонија е очигледна во наследството што тој го остави преку неговата обемна работа во земјата. Неговата љубов кон Македонија, нејзиното културно богатство, му послужи како постојана муза за неговиот уметнички израз. Тој беше чест гостин на ликовните колонии во Македонија и зад себе остави стотици дела што сега се дел од јавни и во приватни колекции. Град Скопје за неговата активност му ја додели наградата „13 Ноември“ во 2003 година. Придонесите на Боувен за македонската уметничка сцена оставија неизбришлива трага, збогатувајќи го културното наследство во земјата. Делата на Боувен продолжуваат да бидат извор на инспирација, повикувајќи ги гледачите да ја ценат убавината и сложеноста на уметноста преку неговиот уметнички објектив.

The post По повод Светскиот ден на уметноста, изложба на дела од британскиот уметник Денис Боувен во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Одбележување на Светскиот ден на уметноста: Чаршијата галерија на занает и уметност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/odbelezhuvane-na-svetskiot-den-na-umetnosta-charshijata-galerija-na-zanaet-i-umetnost/ Thu, 06 Apr 2023 11:43:37 +0000 https://republika.mk/?p=627950

Europe House Skopje и Факултетот за ликовни уметности – Скопје, по повод Светскиот ден на уметноста, ве носат низ сокаците на Старата скопска чаршија, како низ галерија на уметности и занаети. Светскиот ден на уметноста го одбележуваме славејќи ја креативноста и генијалноста на локалните уметници и занаетчии.

Придружете ни се на прошетка низ дуќаните со стари традиции на изработување на шарен текстил, керамика, шапки и накит, а овој пат и придружени од уметничките дела на студентите од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Чаршијата како галерија е концепт на кој сакаме да му го вратиме стариот сјај на нераскинливото проткајување на занаетчиството и уметноста. Контрастот е препознатлив белег за Скопје, па во таквиот дух ќе ја извеземе прошетката низ занаетчиските дуќани со стари традиционални занаети и уметнички поставки на младата современа критичка мисла.

На 06.04.2023 година (Сули-ан), со почеток од 13 часот, чаршијата ги отвора вратите, поканувајќи ги посетителите да ја споделат нејзината магија и да го истражат чудото на традиционалните занаети и современиот уметнички израз од прва рака.

Изложбата ќе биде отворена до 12.04.2023 година.

По повод Светскиот ден на уметноста „Чаршијата галерија на занает и уметност“, денеска, 6 април 2023 (четврток) од 13 до 16 часот, Сули ан и занаетчиски дуќани.

Учесници студенти на ФЛУ: Стефан Јакимовски, Милена Петковска, Ивона Петрова, Евгенија Трајковска, Михаил Паскоски, Дамјан Јанкоски, Славчо Павлоски, Сергеј Калеников, Павел Николов, Габриела Живковска и Марија Јаќовска

The post Одбележување на Светскиот ден на уметноста: Чаршијата галерија на занает и уметност appeared first on Република.

Студентите со филмови, перформанс и изложба во Сули-ан го одбележаа Светскиот ден на уметноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/studentite-so-filmovi-performans-i-izlozba-vo-suli-an-go-odbelezaa-svetskiot-den-na-umetnosta/ Mon, 18 Apr 2022 07:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=489809

Во чест на Светскиот ден на уметноста во Сули ан беше отворена изложбата на дела од студентите на Факултетот за ликовни уметности кои се претставија со слики, графики, цртежи, инсталации и дигитални дела.

Во дворот и на терасата на горниот кат свои дела изложија: Славчо Павлоски, Благоја Грозданоски, Андриана Милошевска, Ивона Петрова, Лусиана Ампева, Марта Патлиџанковска, Марија Ќурчиева, Ивона Младеновска, Горјана Калевска, Сара Милошевска, Никола Станковски, Валон Идризи, Ванеса Ода, Филип Ристевски, Мартин Калков, Мартин Буровски, Сихана Сејфулаи, Благица Трајкоска, Стефан Божиновски, Марко Печеновиќ, Марија Јаќовска, Теона Милева, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Сара Митковска, Габриела Живковска, Теодора Андоноска, Ева Симевска, Елена Стојкова, Симона Трајановиќ, Ангела Манчевска и Ивана Секулоска.

Се одржаа и проекции на студентски филмови од студенти на Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, како и Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Филмските проекции ќе се одржат во периодот од 15:00 – 16:00, во едно од ателјеата на горниот кат од Сули ан.

Со свои филмови учествуваа: Тина Величковиќ („Филм за Марјан Величковиќ – Мачор“, документарен филм, 2021, 17′ 25″), Розе Симоновска („Автопортрет“, 2021, 5′), Стефан Божиновски („Тука сум“, 2021, 22′ 05″), Ана Андонова („Малечка“, 2020, 14′ 56″).

По повод Денот на уметностите, група студенти од катедрата за графика на Факултетот за ликовни уметности припреми едно дополнително колективно дело. „Графичарски експонати“ е концептуален перформанс кој го посочува чувството кое го имаат студентите за време на својата работа во печатницата, која како дел од просторот на Сули ан е често посетувано место од љубопитни минувачи.

Учесници во перформансот „Графичарски експонати“ беа: Стефан Божиновски, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Габриела Живковска, Ева Симевска, Сара Митковска, Евгенија Трајковска, Теона Милева.

The post Студентите со филмови, перформанс и изложба во Сули-ан го одбележаа Светскиот ден на уметноста appeared first on Република.

]]>

Во чест на Светскиот ден на уметноста во Сули ан беше отворена изложбата на дела од студентите на Факултетот за ликовни уметности кои се претставија со слики, графики, цртежи, инсталации и дигитални дела. Во дворот и на терасата на горниот кат свои дела изложија: Славчо Павлоски, Благоја Грозданоски, Андриана Милошевска, Ивона Петрова, Лусиана Ампева, Марта Патлиџанковска, Марија Ќурчиева, Ивона Младеновска, Горјана Калевска, Сара Милошевска, Никола Станковски, Валон Идризи, Ванеса Ода, Филип Ристевски, Мартин Калков, Мартин Буровски, Сихана Сејфулаи, Благица Трајкоска, Стефан Божиновски, Марко Печеновиќ, Марија Јаќовска, Теона Милева, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Сара Митковска, Габриела Живковска, Теодора Андоноска, Ева Симевска, Елена Стојкова, Симона Трајановиќ, Ангела Манчевска и Ивана Секулоска. Се одржаа и проекции на студентски филмови од студенти на Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, како и Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Филмските проекции ќе се одржат во периодот од 15:00 – 16:00, во едно од ателјеата на горниот кат од Сули ан. Со свои филмови учествуваа: Тина Величковиќ („Филм за Марјан Величковиќ – Мачор“, документарен филм, 2021, 17′ 25″), Розе Симоновска („Автопортрет“, 2021, 5′), Стефан Божиновски („Тука сум“, 2021, 22′ 05″), Ана Андонова („Малечка“, 2020, 14′ 56″). По повод Денот на уметностите, група студенти од катедрата за графика на Факултетот за ликовни уметности припреми едно дополнително колективно дело. „Графичарски експонати“ е концептуален перформанс кој го посочува чувството кое го имаат студентите за време на својата работа во печатницата, која како дел од просторот на Сули ан е често посетувано место од љубопитни минувачи. Учесници во перформансот „Графичарски експонати“ беа: Стефан Божиновски, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Габриела Живковска, Ева Симевска, Сара Митковска, Евгенија Трајковска, Теона Милева.  

The post Студентите со филмови, перформанс и изложба во Сули-ан го одбележаа Светскиот ден на уметноста appeared first on Република.

]]>
Бисера Костадиновска-Стојчевска: Уметноста повторно има тешка и одговорна задача – да ни помогне да останеме луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-umetnosta-povtorno-ima-teshka-i-odgovorna-zadacha-da-ni-pomogne-da-ostaneme-lugje/ Fri, 15 Apr 2022 13:25:41 +0000 https://republika.mk/?p=489013

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Министерството за култура, денеска ја отворија изложбата „Поместени граници“ во дворот на Министерството, со што се одбележа 15.април – Светскиот ден на уметноста.

Светскиот ден на уметноста, 15 април, всушност е родениот ден на неповторливиот, генијалниот Леонардо да Винчи. Неговите дела го направија бесмртен, а неговата оставина е светско богатство, истакнува министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во својата порака.

На 570-годишнината од неговото раѓање, повторно ја повикуваме на помош магијата на уметноста. Да нè избави, барем за миг, од вестите во кои луѓето се или бројки или само иницијали.

Живееме во чудни, во тешки и непредвидливи времиња. Уметноста повторно има тешка и одговорна задача – да ни помогне да останеме луѓе, да нè опомене дека сме создадени за добро и да го пробуди најдоброто во нас.

Бездните на животот и онака се длабоки. Наместо да копаме во нив, ние треба да изградиме мост над нив. Уметноста е секогаш НАД и секогаш ИН.

Така ја доживувам и оваа  6-та изложба на ДЛУМ по повод Светскиот ден на уметноста востановен пред 11 години. Ви благодарам што ги поместувате границите, ви благодарам што сте во хармонија со просторот и што му давате боја на ова сивило.

Нашите животи почнуваат како празно, бело платно. Од дарбата на човека зависи дали тоа ќе стане уметност или отпечаток.

Врамувањетo доаѓа на крајот. Но, рамката, за разлика од животот, во уметноста не значи крај. Напротив.

Ви благодарам за ова задоволство!

Овогодишното издание на годишната изложба на ДЛУМ ,,Поместени граници” ја има можноста на користење на  отворениот простор-паркот на Министерството за култура и со тоа се вклучува во заедничко празнувањето на овој светски датум на Уметноста.

Денеска го одбележуваме светскиот ден на уметноста со претставување на изложбата „Поместени граници“ во сорабтока со Министерството за култура. Оваа година изложбата ја поставиваме во Министерството за култура и на тој начин ја продвиживме уметноста до минувачите до пошироката публика. Ова е шесто издание на „Поместени граници“ и е тематска изложба која има за концепт промовирање на мултумедијални проекти или традиционални техники со кои се експериментира на нов начин. „Поместени граници“ како тема не значи само географско поместување, границите се во секој од нас, со предрасудите, ставовите, нашите чувства и мисли. Уметноста е таа која ги поместува границите, која не зближува без разлика од каде потекнуваме, на која религија и припаѓаме или на која јазик зборуваме. Може да се каже дека уметноста е движење со кое се внесува светлина во нашите животи, позитивни вибрации, љубов кон ближниот, хармонија со природата и целиот универзум, истакна Марија Светиева на денешното отворање на изложбата „Поместени граници“.

На изложбата со свои дела се претставени осум уметници: Марија Светиева, Ненад Тонкин, Ива Станковска, Дарко Базерко, Ана Трајковска, Јана Јакимовска, Славчо Максимовски и Ана Ивановска.

The post Бисера Костадиновска-Стојчевска: Уметноста повторно има тешка и одговорна задача – да ни помогне да останеме луѓе appeared first on Република.

]]>

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Министерството за култура, денеска ја отворија изложбата „Поместени граници“ во дворот на Министерството, со што се одбележа 15.април – Светскиот ден на уметноста. Светскиот ден на уметноста, 15 април, всушност е родениот ден на неповторливиот, генијалниот Леонардо да Винчи. Неговите дела го направија бесмртен, а неговата оставина е светско богатство, истакнува министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во својата порака.
На 570-годишнината од неговото раѓање, повторно ја повикуваме на помош магијата на уметноста. Да нè избави, барем за миг, од вестите во кои луѓето се или бројки или само иницијали. Живееме во чудни, во тешки и непредвидливи времиња. Уметноста повторно има тешка и одговорна задача – да ни помогне да останеме луѓе, да нè опомене дека сме создадени за добро и да го пробуди најдоброто во нас. Бездните на животот и онака се длабоки. Наместо да копаме во нив, ние треба да изградиме мост над нив. Уметноста е секогаш НАД и секогаш ИН. Така ја доживувам и оваа  6-та изложба на ДЛУМ по повод Светскиот ден на уметноста востановен пред 11 години. Ви благодарам што ги поместувате границите, ви благодарам што сте во хармонија со просторот и што му давате боја на ова сивило. Нашите животи почнуваат како празно, бело платно. Од дарбата на човека зависи дали тоа ќе стане уметност или отпечаток. Врамувањетo доаѓа на крајот. Но, рамката, за разлика од животот, во уметноста не значи крај. Напротив. Ви благодарам за ова задоволство!  
Овогодишното издание на годишната изложба на ДЛУМ ,,Поместени граници” ја има можноста на користење на  отворениот простор-паркот на Министерството за култура и со тоа се вклучува во заедничко празнувањето на овој светски датум на Уметноста.
Денеска го одбележуваме светскиот ден на уметноста со претставување на изложбата „Поместени граници“ во сорабтока со Министерството за култура. Оваа година изложбата ја поставиваме во Министерството за култура и на тој начин ја продвиживме уметноста до минувачите до пошироката публика. Ова е шесто издание на „Поместени граници“ и е тематска изложба која има за концепт промовирање на мултумедијални проекти или традиционални техники со кои се експериментира на нов начин. „Поместени граници“ како тема не значи само географско поместување, границите се во секој од нас, со предрасудите, ставовите, нашите чувства и мисли. Уметноста е таа која ги поместува границите, која не зближува без разлика од каде потекнуваме, на која религија и припаѓаме или на која јазик зборуваме. Може да се каже дека уметноста е движење со кое се внесува светлина во нашите животи, позитивни вибрации, љубов кон ближниот, хармонија со природата и целиот универзум, истакна Марија Светиева на денешното отворање на изложбата „Поместени граници“.
На изложбата со свои дела се претставени осум уметници: Марија Светиева, Ненад Тонкин, Ива Станковска, Дарко Базерко, Ана Трајковска, Јана Јакимовска, Славчо Максимовски и Ана Ивановска.  

The post Бисера Костадиновска-Стојчевска: Уметноста повторно има тешка и одговорна задача – да ни помогне да останеме луѓе appeared first on Република.

]]>
Детска уметничка галерија на отворено по повод Светскиот ден на уметноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/detska-umetnichka-galerija-na-otvoreno-po-povod-svetskiot-den-na-umetnosta/ Fri, 15 Apr 2022 10:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=488896

Боемската улица во Дебар Маало во Скопје беше претворена во уметничка галерија на отворено. На неа се изложени двесте детски цртежи кои пристигнаа на конкурсот „Пролетните авантури на Халки“, а е организирана по повод одбележувањето на 15 Април - Светскиот ден на уметноста.

Еднодневната изложба потсетува дека креативноста е темел за здраво општество, а уметноста има високо и значајно место во него. Децата преку цртеж праќаат клучни пораки кои возрасните треба да се потрудат да ги прочитаат. Тие се идните творци и уметници, тие се и публиката која ќе знае да ги цени вистинските вредности. Создавањето услови и слобода за детското креативно изразување, значи и градење почит кон уметноста.

Изложбата за сите случајни минувачи во срцето на градот е вистинско пролетно изненадување. Пријатна музичка поддршка даде дуото виолини Петар Поповски и Олгица Шундиќ, а Арта Ќаили од студиото Dancers United изведе модерен балет во слободна импровизација.

15 Април низ светот се одбележува од 2012 година со најразлични изложби, претстави, перформанси и трибини на кои се истакнува значењето на уметноста и во зачувувањето на мирот и слободата.

The post Детска уметничка галерија на отворено по повод Светскиот ден на уметноста appeared first on Република.

]]>

Боемската улица во Дебар Маало во Скопје беше претворена во уметничка галерија на отворено. На неа се изложени двесте детски цртежи кои пристигнаа на конкурсот „Пролетните авантури на Халки“, а е организирана по повод одбележувањето на 15 Април - Светскиот ден на уметноста. Еднодневната изложба потсетува дека креативноста е темел за здраво општество, а уметноста има високо и значајно место во него. Децата преку цртеж праќаат клучни пораки кои возрасните треба да се потрудат да ги прочитаат. Тие се идните творци и уметници, тие се и публиката која ќе знае да ги цени вистинските вредности. Создавањето услови и слобода за детското креативно изразување, значи и градење почит кон уметноста. Изложбата за сите случајни минувачи во срцето на градот е вистинско пролетно изненадување. Пријатна музичка поддршка даде дуото виолини Петар Поповски и Олгица Шундиќ, а Арта Ќаили од студиото Dancers United изведе модерен балет во слободна импровизација. 15 Април низ светот се одбележува од 2012 година со најразлични изложби, претстави, перформанси и трибини на кои се истакнува значењето на уметноста и во зачувувањето на мирот и слободата.

The post Детска уметничка галерија на отворено по повод Светскиот ден на уметноста appeared first on Република.

]]>
Europe House Скопје и студентите на ДЛУ и ФДУ: Младите уметници го одбележуваат Светскиот ден на уметноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/europe-house-skopje-i-studentite-na-dlu-i-fdu-mladite-umetnici-go-odbelezuvaat-svetskiot-den-na-umetnosta/ Fri, 15 Apr 2022 07:07:50 +0000 https://republika.mk/?p=488693

Europe House Скопје во соработка со  Студентите од Факултетот за ликовни уметности и Факултетот за драмски уметности, го одбележуваат Светскиот ден на уметноста.

Преку целодневен настан кој ќе се одржи во Сули ан на 15 април (петок) љубителите на уметноста ќе може да  уживаат во над 40 ликовни дела на студентите од ФЛУ,  во проекциите на неколку студентски филмови од ФДУ,  перформанси, разговори за уметноста и културата... проследени со  музика.

Почетокот на настанот е предвиден за 14.00 часот, влезот ќе биде слободен за сите посетител.

Изложба ФЛУ

Изложбата на уметнички дела од студентите на Факултетот за ликовни уметности ќе биде официјално отворена заедно со отворањето на настанот во 14:00 во дворот на Сули ан. На изложбата ќе може да се видат слики, графики, цртежи, инсталации и дигитални дела. Делата ќе бидат поставени во дворот на Сули ан, како и на терасата на горниот кат. Изложбата ќе трае до крајот на настанот, до 19:00.

Учесници на изложбата се: Славчо Павлоски, Благоја Грозданоски, Андриана Милошевска, Ивона Петрова, Лусиана Ампева, Марта Патлиџанковска, Марија Ќурчиева, Ивона Младеновска, Горјана Калевска, Сара Милошевска, Никола Станковски, Валон Идризи, Ванеса Ода, Филип Ристевски, Мартин Калков, Мартин Буровски, Сихана Сејфулаи, Благица Трајкоска, Стефан Божиновски, Марко Печеновиќ, Марија Јаќовска, Теона Милева, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Сара Митковска, Габриела Живковска, Теодора Андоноска, Ева Симевска, Елена Стојкова, Симона Трајановиќ, Ангела Манчевска, Ивана Секулоска.

Студентски филмски проекции

Во рамки на настанот по повод Денот на уметностите ќе се одржат и проекции на студентски филмови од студенти на Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, како и Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Филмските проекции ќе се одржат во периодот од 15:00 – 16:00, во едно од ателјеата на горниот кат од Сули ан.

Учесници со свои филмови се: Тина Величковиќ („Филм за Марјан Величковиќ – Мачор“, документарен филм, 2021, 17' 25"), Розе Симоновска („Автопортрет“, 2021, 5'), Стефан Божиновски („Тука сум“, 2021, 22' 05"), Ана Андонова („Малечка“, 2020, 14' 56").

Перформанс „Графичарски експонати“

По повод Денот на уметностите, група студенти од катедрата за графика на Факултетот за ликовни уметности припреми едно дополнително колективно дело. „Графичарски експонати“ е концептуален перформанс кој го посочува чувството кое го имаат студентите за време на својата работа во печатницата, која како дел од просторот на Сули ан е често посетувано место од љубопитни минувачи. Перформансот ќе трае од 17:00 – 18:30 и ќе биде изведен во и околу печатницата на долниот кат од Сули ан.

Учесници во перформансот „Графичарски експонати“ се: Стефан Божиновски, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Габриела Живковска, Ева Симевска, Сара Митковска, Евгенија Трајковска, Теона Милева.

Агенда:

14:00 - отворање на настанот и изложбата

14:00 - 18:30 - музичка атмосфера во двор

15:00 - 16:00 - студентски филмски проекции

17:00 - 18:30 - перформанс "Графичарски експонати"

19:00 - затворање на настанот

The post Europe House Скопје и студентите на ДЛУ и ФДУ: Младите уметници го одбележуваат Светскиот ден на уметноста appeared first on Република.

]]>

Europe House Скопје во соработка со  Студентите од Факултетот за ликовни уметности и Факултетот за драмски уметности, го одбележуваат Светскиот ден на уметноста.

Преку целодневен настан кој ќе се одржи во Сули ан на 15 април (петок) љубителите на уметноста ќе може да  уживаат во над 40 ликовни дела на студентите од ФЛУ,  во проекциите на неколку студентски филмови од ФДУ,  перформанси, разговори за уметноста и културата... проследени со  музика. Почетокот на настанот е предвиден за 14.00 часот, влезот ќе биде слободен за сите посетител. Изложба ФЛУ Изложбата на уметнички дела од студентите на Факултетот за ликовни уметности ќе биде официјално отворена заедно со отворањето на настанот во 14:00 во дворот на Сули ан. На изложбата ќе може да се видат слики, графики, цртежи, инсталации и дигитални дела. Делата ќе бидат поставени во дворот на Сули ан, како и на терасата на горниот кат. Изложбата ќе трае до крајот на настанот, до 19:00. Учесници на изложбата се: Славчо Павлоски, Благоја Грозданоски, Андриана Милошевска, Ивона Петрова, Лусиана Ампева, Марта Патлиџанковска, Марија Ќурчиева, Ивона Младеновска, Горјана Калевска, Сара Милошевска, Никола Станковски, Валон Идризи, Ванеса Ода, Филип Ристевски, Мартин Калков, Мартин Буровски, Сихана Сејфулаи, Благица Трајкоска, Стефан Божиновски, Марко Печеновиќ, Марија Јаќовска, Теона Милева, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Сара Митковска, Габриела Живковска, Теодора Андоноска, Ева Симевска, Елена Стојкова, Симона Трајановиќ, Ангела Манчевска, Ивана Секулоска.   Студентски филмски проекции Во рамки на настанот по повод Денот на уметностите ќе се одржат и проекции на студентски филмови од студенти на Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, како и Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Филмските проекции ќе се одржат во периодот од 15:00 – 16:00, во едно од ателјеата на горниот кат од Сули ан. Учесници со свои филмови се: Тина Величковиќ („Филм за Марјан Величковиќ – Мачор“, документарен филм, 2021, 17' 25"), Розе Симоновска („Автопортрет“, 2021, 5'), Стефан Божиновски („Тука сум“, 2021, 22' 05"), Ана Андонова („Малечка“, 2020, 14' 56").   Перформанс „Графичарски експонати“ По повод Денот на уметностите, група студенти од катедрата за графика на Факултетот за ликовни уметности припреми едно дополнително колективно дело. „Графичарски експонати“ е концептуален перформанс кој го посочува чувството кое го имаат студентите за време на својата работа во печатницата, која како дел од просторот на Сули ан е често посетувано место од љубопитни минувачи. Перформансот ќе трае од 17:00 – 18:30 и ќе биде изведен во и околу печатницата на долниот кат од Сули ан. Учесници во перформансот „Графичарски експонати“ се: Стефан Божиновски, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Габриела Живковска, Ева Симевска, Сара Митковска, Евгенија Трајковска, Теона Милева.   Агенда: 14:00 - отворање на настанот и изложбата 14:00 - 18:30 - музичка атмосфера во двор 15:00 - 16:00 - студентски филмски проекции 17:00 - 18:30 - перформанс "Графичарски експонати" 19:00 - затворање на настанот  

The post Europe House Скопје и студентите на ДЛУ и ФДУ: Младите уметници го одбележуваат Светскиот ден на уметноста appeared first on Република.

]]>