Светски ден на театарот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den-na-teatarot/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Mar 2024 08:35:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светски ден на театарот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den-na-teatarot/ 32 32 Уметноста е мир, вели во пораката за Светскиот ден на театарот Нобеловецот Јон Фосе https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/umetnosta-e-mir-veli-vo-porakata-za-svetskiot-den-na-teatarot-nobelovetsot-jon-fose/ Wed, 27 Mar 2024 08:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=759155

Секој човек е уникатен, неповторлив, посебен, а сепак ист како и секој друг. Нашата видлива, надворешна појава, е различна од сечија друга. И се разбира, сето тоа е добро и убаво, но исто така во секој човек има нешто што му припаѓа само и единствено нему – а тоа е самиот тој. Односно, тоа нешто можеме да го наречеме неговиот дух или неговата душа. Или може да одлучиме, воопшто да не го именуваме со зборови, да го оставиме тоа нешто на мира, се вели во светската порака по повод Светски ден на театарот – 27 Март што ја упати норвешкиот писател, драматичар, драматург, и добитник на Нобеловата награда за литература за 2023, Јон Фосе.

Но колку и да сме различни едни со други, сепак сме слични. Од било кој дел од светот, луѓето сме во основа слични едни на други, без разлика на тоа на каков јазик зборуваме или каква боја на кожа или коса имаме.
Како некој парадокс: потполно исти, а истовремено сосема различни. Можеби човекот е парадоксален во суштина, со поврзаноста помеѓу телото и душата – исто умееме да владееме и со најземните, материјални граници на физичкото постоење, како и со оние кои се надвор од физичката реалност на материјалното ограничување.

Уметноста, добрата уметност успева на свој, чудесен начин, да ги соедини уникатното со универзалното. Но ни допушта да разбереме каде е разликата, на она што би се рекло – што е уникатно, а што универзално; и со тоа, уметноста ги пробива јазичните бариери, географските граници на сите земји, држави; и ги соединува, не само индивидуалните квалитети на луѓето, туку и индивидуалните особености на сите групи на народи, од сите нации.

Уметноста не го прави тоа со изедначување на различностите, за да нè направи исти или еднакви, туку напротив, го прави со покажување на различното во нас, на другото, туѓото. Секое добро уметничко дело се состои од – токму тоа – од нешто туѓо, нешто необично, нешто што не можеме да го разбереме целосно, но на некој начин, сепак го разбираме. Содржи мистерија, би рекол. Содржи нешто што нè воодушевува и што нè тера да ги надминеме нашите поставени бариери, и со тоа го создава тоа себе надминување, што нè носи над земните и материјални потреби од физичката реалност, што секое уметничко дело мора да го содржи во себе и да нè води кон тоа.

Не знам за подобар начин, кој сплотува спротивности. Ова е точно обратниот пристап од оној на насилните конфликти, што ги гледаме премногу често во светот, што подлегнуваат на искушенијата за уништување на сè што е друго и посебно, сè што е различно и најчесто користејќи нај-нехумани изуми, што технологијата ги нуди на располагање. Постои тероризам во светот. Постојат војни. Затоа што луѓето исто така имаат и животинска страна, водена од инстинкт кој другото, различното, туѓото го доживува повеќе како закана за своето постоење, наместо како една фасцинантна мистерија.

Ете како посебноста и разликите што сите ние можеме да ги воочиме – исчезнуваат, оставајќи зад себе една колективна изедначена отапеност, каде што секое различно нешто, претставува закана која треба да се искорени. И сè она што навидум изгледа различно, како на пример во религиите или политичките идеологии, станува нешто што треба да се победи и да се уништи.

Војната е борба против сè што е длабоко во нас, против посебното и уникатното. И е борба против уметноста и против она што е длабоко во неа. Овде зборував за уметноста во општи рамки, не посебно за театарот или за драмското пишување, затоа што како што напишав, секое уметничко дело длабоко во себе се врти околу едно единствено нешто: земајќи ги сосема посебните и комплетно уникатните нешта, правејќи ги универзални. Соединувајќи ги, посебното со уникатното со помош на уметничка експресија и не со елиминирање на нивната особеност, туку со потенцирање на нивната различност, за да може сè што е туѓо и друго и непознато да свети силно и продорно. Војната и уметноста се спротивности, исто како што се и војната и мирот – толку едноставно. Уметноста е мир.

Превод: Здравко Стојмиров – актер; преведувач на драмски текстови

https://youtu.be/6FG9OSjpQWk?si=xF5KZmBOdpSxDAKq

Јон Фосе е реномиран норвешки писател, роден во 1959 година. Тој е познат по неговата обемна работа, која вклучува драми, романи, збирки поезија, книги за деца и преводи. Неговиот стил на пишување се одликува со минимализам и емоционална длабочина, што го прави еден од најизведуваните драмски писатели во светот. Во 2023 година му беше доделена Нобеловата награда за литература, за неговите иновативни драми и проза, што му даваат глас на неискажливото.

Делата на Фосе се преведени на повеќе од педесет јазици, со продукции поставени на илјадници сцени во светот. Неговите минималистички и интроспективни драми, кои се често на граница со лиска проза и поезија, ја продолжуваат драмската традиција воспоставена од Хенрик Ибзен во деветнаесеттиот век. Неговата работа е поврзана со пост-драмскиот театар, а неговите истакнати романи се опишани како постмодернистички и авангардни поради нивниот минимализам, лиричност и неконвенционалната употреба на синтакса.

Во целост, делата на Јон Фосе навлегуваат во суштината на човековата состојба,
обработувајќи теми на неизвесност, анксиозност, љубов и загуба. Со својот уникатен стил
на пишување и длабокото истражување на секојдневните ситуации, успева да се етаблира
како важна фигура во современата литература и театар.

The post Уметноста е мир, вели во пораката за Светскиот ден на театарот Нобеловецот Јон Фосе appeared first on Република.

]]>

Секој човек е уникатен, неповторлив, посебен, а сепак ист како и секој друг. Нашата видлива, надворешна појава, е различна од сечија друга. И се разбира, сето тоа е добро и убаво, но исто така во секој човек има нешто што му припаѓа само и единствено нему – а тоа е самиот тој. Односно, тоа нешто можеме да го наречеме неговиот дух или неговата душа. Или може да одлучиме, воопшто да не го именуваме со зборови, да го оставиме тоа нешто на мира, се вели во светската порака по повод Светски ден на театарот – 27 Март што ја упати норвешкиот писател, драматичар, драматург, и добитник на Нобеловата награда за литература за 2023, Јон Фосе. Но колку и да сме различни едни со други, сепак сме слични. Од било кој дел од светот, луѓето сме во основа слични едни на други, без разлика на тоа на каков јазик зборуваме или каква боја на кожа или коса имаме. Како некој парадокс: потполно исти, а истовремено сосема различни. Можеби човекот е парадоксален во суштина, со поврзаноста помеѓу телото и душата – исто умееме да владееме и со најземните, материјални граници на физичкото постоење, како и со оние кои се надвор од физичката реалност на материјалното ограничување. Уметноста, добрата уметност успева на свој, чудесен начин, да ги соедини уникатното со универзалното. Но ни допушта да разбереме каде е разликата, на она што би се рекло – што е уникатно, а што универзално; и со тоа, уметноста ги пробива јазичните бариери, географските граници на сите земји, држави; и ги соединува, не само индивидуалните квалитети на луѓето, туку и индивидуалните особености на сите групи на народи, од сите нации. Уметноста не го прави тоа со изедначување на различностите, за да нè направи исти или еднакви, туку напротив, го прави со покажување на различното во нас, на другото, туѓото. Секое добро уметничко дело се состои од – токму тоа – од нешто туѓо, нешто необично, нешто што не можеме да го разбереме целосно, но на некој начин, сепак го разбираме. Содржи мистерија, би рекол. Содржи нешто што нè воодушевува и што нè тера да ги надминеме нашите поставени бариери, и со тоа го создава тоа себе надминување, што нè носи над земните и материјални потреби од физичката реалност, што секое уметничко дело мора да го содржи во себе и да нè води кон тоа. Не знам за подобар начин, кој сплотува спротивности. Ова е точно обратниот пристап од оној на насилните конфликти, што ги гледаме премногу често во светот, што подлегнуваат на искушенијата за уништување на сè што е друго и посебно, сè што е различно и најчесто користејќи нај-нехумани изуми, што технологијата ги нуди на располагање. Постои тероризам во светот. Постојат војни. Затоа што луѓето исто така имаат и животинска страна, водена од инстинкт кој другото, различното, туѓото го доживува повеќе како закана за своето постоење, наместо како една фасцинантна мистерија. Ете како посебноста и разликите што сите ние можеме да ги воочиме – исчезнуваат, оставајќи зад себе една колективна изедначена отапеност, каде што секое различно нешто, претставува закана која треба да се искорени. И сè она што навидум изгледа различно, како на пример во религиите или политичките идеологии, станува нешто што треба да се победи и да се уништи. Војната е борба против сè што е длабоко во нас, против посебното и уникатното. И е борба против уметноста и против она што е длабоко во неа. Овде зборував за уметноста во општи рамки, не посебно за театарот или за драмското пишување, затоа што како што напишав, секое уметничко дело длабоко во себе се врти околу едно единствено нешто: земајќи ги сосема посебните и комплетно уникатните нешта, правејќи ги универзални. Соединувајќи ги, посебното со уникатното со помош на уметничка експресија и не со елиминирање на нивната особеност, туку со потенцирање на нивната различност, за да може сè што е туѓо и друго и непознато да свети силно и продорно. Војната и уметноста се спротивности, исто како што се и војната и мирот – толку едноставно. Уметноста е мир. Превод: Здравко Стојмиров – актер; преведувач на драмски текстови https://youtu.be/6FG9OSjpQWk?si=xF5KZmBOdpSxDAKq Јон Фосе е реномиран норвешки писател, роден во 1959 година. Тој е познат по неговата обемна работа, која вклучува драми, романи, збирки поезија, книги за деца и преводи. Неговиот стил на пишување се одликува со минимализам и емоционална длабочина, што го прави еден од најизведуваните драмски писатели во светот. Во 2023 година му беше доделена Нобеловата награда за литература, за неговите иновативни драми и проза, што му даваат глас на неискажливото. Делата на Фосе се преведени на повеќе од педесет јазици, со продукции поставени на илјадници сцени во светот. Неговите минималистички и интроспективни драми, кои се често на граница со лиска проза и поезија, ја продолжуваат драмската традиција воспоставена од Хенрик Ибзен во деветнаесеттиот век. Неговата работа е поврзана со пост-драмскиот театар, а неговите истакнати романи се опишани како постмодернистички и авангардни поради нивниот минимализам, лиричност и неконвенционалната употреба на синтакса. Во целост, делата на Јон Фосе навлегуваат во суштината на човековата состојба, обработувајќи теми на неизвесност, анксиозност, љубов и загуба. Со својот уникатен стил на пишување и длабокото истражување на секојдневните ситуации, успева да се етаблира како важна фигура во современата литература и театар.  

The post Уметноста е мир, вели во пораката за Светскиот ден на театарот Нобеловецот Јон Фосе appeared first on Република.

]]>
„Демонот од Дебармаало“ во Театар Штип во повод Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/demonot-od-debarmaalo-vo-teatar-shtip-vo-povod-svetskiot-den-na-teatarot/ Wed, 27 Mar 2024 08:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=758866

Во Театар Штип со почеток во 20:00 часот, вечерва, по повод Светскиот ден на театарот ќе биде изведена трагикомедијата „Демонот од Дебармаало“ од Горан Стефановски, а во режија на Наташа Поплавска.

“Демонот од Дебармаало” е приказна за „бивши луѓе, во бивша држава, со бившо минато и бивша иднина“. Тоа е приказна за берберинот Коце од скопското Дебармаало, кој по една несреќна случка во Штип, невино завршил во затвор.

По петнаесет години затвор, тој се враќа дома, но не може да го препознае својот град, ниту своето маало, не ја наоѓа својата куќа, ниту својата жена, ниту својата ќерка. Затоа тој решава да се одмазди и да го ослободи Дебармаало од сомнителни типови, протуви, наркодилери, криминалци, народни душмани, изроди и останат општествен отпад. Коце за едните станува Херојот на Дебармаало, а за другите тој е Демонот на Дебармаало. Тој е човек кој решава да ја одржи општествената хигиена во своето маало, во својот град, во својата држава. “Коце е еден обичен човек фатен во необични услови, еден нормален човек, фатен во ненормални услови, еден човек во транзиција” како што вели самиот Горан Стефановски. Со него е Мара, сосетка и сопственичка на ќебапчилница, која целиот свој живот го сака и го чека и, која сега му помага во оваа општествена чистка. Тие заедно го чистат маалото од општествениот отпад.

Преку приказната на маалскиот берберин и губењето на душата на Дебармаало, Стефановски ни раскажува приказна за губењето на општествените вредности: Нема држава, без маало! Во претставата “Демонот од Дебармаало” единствен простор и време се маалото и кафеаните. Преку животот во транзиција на Коце и Мара, ќе се сретнеме и со транзиционите профитери каков што е судијата Тасе кој е на врвот на урбаната мафија и неговиот телохрантел Џоџо, потоа ќерката на Коце, Бисера и нејзината љубов Иљо, двајца млади кои се борат да се снајдат во овие матни времиња одбивајќи да живеат во бивша иднина. Потоа тука се, Жената Претседател на државата, сомнителниот Шенген кој има има лепеза на понуди и Газдата кој руши и гради, како во село, така и во град.

„Демонот од Дебармаало“ е приказна за бивши луѓе, за нашите транзициски демони, за уништувањето на традицијата, за потребата да се живее минатото, за будењето на маалските духови кои чекаат да сториме нешто и да го направиме ова наше мало парче земја, подобро место за живеење. Стефановски во Скопје доаѓа на десет годиншна возраст по земјотресот во 1963 г. Тој живеел во Тафталиџе, но сепак, како свој вистински дом во Скопје, ја сметал куќата на дедо му во Дебармаало, каде се собирале сите пет синови на Стрезо и Алтана со семејствата за секој празник, особено за Свети Никола, нивната слава.

Во Дебармаало, Горан го започнал својот младешки живот каде се запознал со многу од неговите другари и пријатели, меѓу кои и со неговиот најдобар пријател до крајот на животот со кој делел многу нешта, посебно љубовта кон „Битлси“ и друга музика од 60-тите. Синот на партизанскиот херој Даме Крапчев, Владимир, кого сите го викаа Крап, му станал еден вид заштитник на Горан и тој имал посебно место во неговото срце. Тој бил, во одредена мера, инспирацијата за ликот на Коце во „Демонот од Дебармаало“ – пиеса што Горан ја пишува во 2006-та, непосредно по смртта на Крап.

Самиот Стефановски за „Демонот од Дебармаало“ ќе каже дека преку оваа пиеса тој го расчистува товарот од слатко – горчливите години на транзиција кои ги преживува нашиот народ. Дебармаало за Горан Стефановски беше точка на носталгија и фасцинација. Тој велеше: „Дебармаало е утопија. Место кое не постои.”

Автор: Горан Стефановски
Режија / дизајн на сцена и костими:
Наташа Поплавска
Драматург: Габриела Коцева Тулиев
Сценски движења: Ирена Лозинска
Музички соработник: Ристо Вртев
Видео анимации: Емил Петро – Aртериа

Улоги:
Пеце Ристевски – Коце
Марија Минчева Андонов – Мара
Стефанија Митовска – Бисера
Даријан Петров – Иљо
Владимир Тулиев – Судијата
Миле Вратеовски – Џоџо
Ефтим Трајчов-Ѓаурски – Газдата
Анѓелка Нашкова – Шенген
Елена Шорова Дербов – Претседателот
Раде Рогожарев – Старецот
Валентина Ѓоргиевска – Старицата

Цена на влезница: 200 денари.

The post „Демонот од Дебармаало“ во Театар Штип во повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

Во Театар Штип со почеток во 20:00 часот, вечерва, по повод Светскиот ден на театарот ќе биде изведена трагикомедијата „Демонот од Дебармаало“ од Горан Стефановски, а во режија на Наташа Поплавска. “Демонот од Дебармаало” е приказна за „бивши луѓе, во бивша држава, со бившо минато и бивша иднина“. Тоа е приказна за берберинот Коце од скопското Дебармаало, кој по една несреќна случка во Штип, невино завршил во затвор. По петнаесет години затвор, тој се враќа дома, но не може да го препознае својот град, ниту своето маало, не ја наоѓа својата куќа, ниту својата жена, ниту својата ќерка. Затоа тој решава да се одмазди и да го ослободи Дебармаало од сомнителни типови, протуви, наркодилери, криминалци, народни душмани, изроди и останат општествен отпад. Коце за едните станува Херојот на Дебармаало, а за другите тој е Демонот на Дебармаало. Тој е човек кој решава да ја одржи општествената хигиена во своето маало, во својот град, во својата држава. “Коце е еден обичен човек фатен во необични услови, еден нормален човек, фатен во ненормални услови, еден човек во транзиција” како што вели самиот Горан Стефановски. Со него е Мара, сосетка и сопственичка на ќебапчилница, која целиот свој живот го сака и го чека и, која сега му помага во оваа општествена чистка. Тие заедно го чистат маалото од општествениот отпад. Преку приказната на маалскиот берберин и губењето на душата на Дебармаало, Стефановски ни раскажува приказна за губењето на општествените вредности: Нема држава, без маало! Во претставата “Демонот од Дебармаало” единствен простор и време се маалото и кафеаните. Преку животот во транзиција на Коце и Мара, ќе се сретнеме и со транзиционите профитери каков што е судијата Тасе кој е на врвот на урбаната мафија и неговиот телохрантел Џоџо, потоа ќерката на Коце, Бисера и нејзината љубов Иљо, двајца млади кои се борат да се снајдат во овие матни времиња одбивајќи да живеат во бивша иднина. Потоа тука се, Жената Претседател на државата, сомнителниот Шенген кој има има лепеза на понуди и Газдата кој руши и гради, како во село, така и во град.   „Демонот од Дебармаало“ е приказна за бивши луѓе, за нашите транзициски демони, за уништувањето на традицијата, за потребата да се живее минатото, за будењето на маалските духови кои чекаат да сториме нешто и да го направиме ова наше мало парче земја, подобро место за живеење. Стефановски во Скопје доаѓа на десет годиншна возраст по земјотресот во 1963 г. Тој живеел во Тафталиџе, но сепак, како свој вистински дом во Скопје, ја сметал куќата на дедо му во Дебармаало, каде се собирале сите пет синови на Стрезо и Алтана со семејствата за секој празник, особено за Свети Никола, нивната слава. Во Дебармаало, Горан го започнал својот младешки живот каде се запознал со многу од неговите другари и пријатели, меѓу кои и со неговиот најдобар пријател до крајот на животот со кој делел многу нешта, посебно љубовта кон „Битлси“ и друга музика од 60-тите. Синот на партизанскиот херој Даме Крапчев, Владимир, кого сите го викаа Крап, му станал еден вид заштитник на Горан и тој имал посебно место во неговото срце. Тој бил, во одредена мера, инспирацијата за ликот на Коце во „Демонот од Дебармаало“ – пиеса што Горан ја пишува во 2006-та, непосредно по смртта на Крап.   Самиот Стефановски за „Демонот од Дебармаало“ ќе каже дека преку оваа пиеса тој го расчистува товарот од слатко – горчливите години на транзиција кои ги преживува нашиот народ. Дебармаало за Горан Стефановски беше точка на носталгија и фасцинација. Тој велеше: „Дебармаало е утопија. Место кое не постои.” Автор: Горан Стефановски Режија / дизајн на сцена и костими: Наташа Поплавска Драматург: Габриела Коцева Тулиев Сценски движења: Ирена Лозинска Музички соработник: Ристо Вртев Видео анимации: Емил Петро – Aртериа Улоги: Пеце Ристевски – Коце Марија Минчева Андонов – Мара Стефанија Митовска – Бисера Даријан Петров – Иљо Владимир Тулиев – Судијата Миле Вратеовски – Џоџо Ефтим Трајчов-Ѓаурски – Газдата Анѓелка Нашкова – Шенген Елена Шорова Дербов – Претседателот Раде Рогожарев – Старецот Валентина Ѓоргиевска – Старицата Цена на влезница: 200 денари.

The post „Демонот од Дебармаало“ во Театар Штип во повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>
Бесплатни претстави во чест на Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/besplatni-pretstavi-vo-chest-na-svetskiot-den-na-teatarot/ Wed, 27 Mar 2024 08:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=759143

Со бесплатни претстави во Македонски народен театар и Драмски театар и премиера во Театар Комедија, денеска во Скопје ќе биде одбележан 27 март - Светски ден на театарот.

По тој повод, Македонскиот народен театар организира две бесплатни претстави. Станува збор за детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12 часот и изведбата на претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, која ќе биде со вечерна изведба на 6 април со почеток во 20 часот. Како што информираат од МНТ, гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.

Во Драмски театар Скопје одбележувањето на овој ден започнува со организирана посета на театарот од страна на неколку групи на ученици од основните училишта кои ќе имаат можност да се запознаат со сите аспекти од работењето на театарот.

Во рамките на одбележувањето во 18 часот во фоајето на театарот ќе се одржи и промоција на монографијата Ристо Стефановски, основачот на Драмски театар. Промотор на монографското издание ќе биде Искра Гешовска теоретичарка на книжевност и уметност, додека, актерите Александар Степанулески, Предраг Павловски, Маја Вељковиќ Пановска и Јована Спасиќ пред посетителите ќе прочитаат делови од книгата. Програмската активност продолжува со именување на големата театарска сала во Сала Ристо Стефановски.

Во Драмски влезот ќе биде слободен за изведбите на претставите „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ вечер од 20 часот и „Пикник на фронтот“ во режија на Андреј Цветановски на 4 април. Резервација и подигнување на бесплатните билети за овие две претстави ќе се реализира преку билетарницата на Драмски театар Скопје.

Пред почетокот на претставата „Мојот маж“ ќе се прочитаат и две пораки по повод Светскиот ден на театарот, и тоа, македонската порака изготвена од театарскиот режисер, Коле Ангеловски, и светската порака за денот на театарот од Јон Фосе, норвешки писател, драматичар, драматург и добитник на Нобеловата награда за книжевност.

Во Театар Комедија Светскиот ден на театарот ќе биде прославен со првата премиера за оваа година каде со почеток во 20 часот на големата сцена ќе биде премиерно изведена претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, во режија на Нина Николиќ и во превод на македонски јазик на Маја Трајаноска Ивановска.

Инициран во 1961 година од страна на Меѓународниот театарски институт, Светскиот ден на театарот се одбележува насекаде низ светот со различни национални и меѓународни театарски настани.

The post Бесплатни претстави во чест на Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

Со бесплатни претстави во Македонски народен театар и Драмски театар и премиера во Театар Комедија, денеска во Скопје ќе биде одбележан 27 март - Светски ден на театарот. По тој повод, Македонскиот народен театар организира две бесплатни претстави. Станува збор за детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12 часот и изведбата на претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, која ќе биде со вечерна изведба на 6 април со почеток во 20 часот. Како што информираат од МНТ, гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите. Во Драмски театар Скопје одбележувањето на овој ден започнува со организирана посета на театарот од страна на неколку групи на ученици од основните училишта кои ќе имаат можност да се запознаат со сите аспекти од работењето на театарот. Во рамките на одбележувањето во 18 часот во фоајето на театарот ќе се одржи и промоција на монографијата Ристо Стефановски, основачот на Драмски театар. Промотор на монографското издание ќе биде Искра Гешовска теоретичарка на книжевност и уметност, додека, актерите Александар Степанулески, Предраг Павловски, Маја Вељковиќ Пановска и Јована Спасиќ пред посетителите ќе прочитаат делови од книгата. Програмската активност продолжува со именување на големата театарска сала во Сала Ристо Стефановски. Во Драмски влезот ќе биде слободен за изведбите на претставите „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ вечер од 20 часот и „Пикник на фронтот“ во режија на Андреј Цветановски на 4 април. Резервација и подигнување на бесплатните билети за овие две претстави ќе се реализира преку билетарницата на Драмски театар Скопје. Пред почетокот на претставата „Мојот маж“ ќе се прочитаат и две пораки по повод Светскиот ден на театарот, и тоа, македонската порака изготвена од театарскиот режисер, Коле Ангеловски, и светската порака за денот на театарот од Јон Фосе, норвешки писател, драматичар, драматург и добитник на Нобеловата награда за книжевност. Во Театар Комедија Светскиот ден на театарот ќе биде прославен со првата премиера за оваа година каде со почеток во 20 часот на големата сцена ќе биде премиерно изведена претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, во режија на Нина Николиќ и во превод на македонски јазик на Маја Трајаноска Ивановска. Инициран во 1961 година од страна на Меѓународниот театарски институт, Светскиот ден на театарот се одбележува насекаде низ светот со различни национални и меѓународни театарски настани.

The post Бесплатни претстави во чест на Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>
Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јордан Плевнеш во Парискиот театарски центар во пресрет на Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramata-kiril-i-metodij-who-are-you-od-jordan-plevnesh-vo-pariskiot-teatarski-tsentar-vo-presret-na-svetskiot-den-na-teatarot/ Tue, 26 Mar 2024 13:06:00 +0000 https://republika.mk/?p=758938

Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш синоќа, во очи на Светскиот ден на театарот, во Парискиот театарски центар Шарентон беше презентирана заедно со десетина познати автори од европските земји во организација на издавачот „Куќа на Европа и Ориентот“.

На презентацијата беа изведени повеќе сцени од драмата од француски актери, во режија на Доминик Долмие, а исто така беше презентиран и предговотот на Жорж Бани, еден од најзначајните светски театролози, кој го наслови својот текст „Јордан Плевнеш е планетарен автор”.

Драмата предизвика голем интерес кај бројната публика и бидејќи е базирана на приказна за враќањето на Свети Кирил и Методиј во нашево време, на големи политички, воени, терористички и хуманитарни катастрофи, кои се одвиваат насекаде во светот меѓу Киев, Москва, Блискиот Исток, Њујорк и Баканот, беше доживеана како уметничко истражување низ драмска форма на прашањето, дали може да биде уништена човечката надеж на сите меридијани или ќе победи духовната визија на Кирил и Методиј, кои беа прогласени за заштитници на Европа од Папата Јован Павле Втори во 1980 година, единаесет векови по нивната смрт.

Имено, нивната визија се состои во нивното уверување дека човештвото треба повторно да ја пронајде смислата на постоењето низ определбата „Цивилизација на љубовта и Носталгија по единството”.

The post Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јордан Плевнеш во Парискиот театарски центар во пресрет на Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш синоќа, во очи на Светскиот ден на театарот, во Парискиот театарски центар Шарентон беше презентирана заедно со десетина познати автори од европските земји во организација на издавачот „Куќа на Европа и Ориентот“. На презентацијата беа изведени повеќе сцени од драмата од француски актери, во режија на Доминик Долмие, а исто така беше презентиран и предговотот на Жорж Бани, еден од најзначајните светски театролози, кој го наслови својот текст „Јордан Плевнеш е планетарен автор”. Драмата предизвика голем интерес кај бројната публика и бидејќи е базирана на приказна за враќањето на Свети Кирил и Методиј во нашево време, на големи политички, воени, терористички и хуманитарни катастрофи, кои се одвиваат насекаде во светот меѓу Киев, Москва, Блискиот Исток, Њујорк и Баканот, беше доживеана како уметничко истражување низ драмска форма на прашањето, дали може да биде уништена човечката надеж на сите меридијани или ќе победи духовната визија на Кирил и Методиј, кои беа прогласени за заштитници на Европа од Папата Јован Павле Втори во 1980 година, единаесет векови по нивната смрт. Имено, нивната визија се состои во нивното уверување дека човештвото треба повторно да ја пронајде смислата на постоењето низ определбата „Цивилизација на љубовта и Носталгија по единството”.

The post Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јордан Плевнеш во Парискиот театарски центар во пресрет на Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>
Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава, вели актерот и режисер Коле Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/golem-praznik-za-nas-teatardhiite-ni-doaga-kako-kukna-slava-veli-akterot-i-rezhiser-kole-angelovski-vo-porakata-po-povod-svetskiot-den-na-teatarot/ Tue, 26 Mar 2024 11:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=758873

27 Март - Меѓународен ден на театарот. Голем празник за нас театарџиите. Тој ни доаѓа како куќна слава. И тогаш театрите се обидуваат, на тој ден, да дадат премиера (по можност добра) па потоа коктелче, баш како на куќна слава, вели Коле Ангеловски, актер и режисер, кој е автор на македонската порака по повод Светскиот ден на театарот.

Јас имав посебна среќа што нa 27 Март два нови театри се отворија со мои претстави. Театарот за деца и млади со преставата „ Чудовиштата од нашиот град“ според текст на Русомир Богдановски, тогаш македонската порака за денот на театарот со специјален хелио балон беше испратена во вселената. По неколку години се отвори и Театарот комедија со „Ах љубов моја“ со мои текст и режија.

Долго време сум во театарот и имав прилика да доживеам два радикално различни периоди во животот на Македонскиот театар.

Првиот, кога Македонија, во склоп на Југославија, водеше сметка за културата, сакаше да се покаже пред другите републики, беше горда кога ние правевме добри претстави, победувавме на меѓународни фестивали и фестивалите во Југославија, патувавме по турнеи во разни земји по светот. Тогаш, ниту еден од режисерите на знаеше колкав му е буџетот на преставата. Сценограф, костимограф, композитор ( за секоја престава специјално се компонираше музика) нормално беше да ги имаш најдобрите, секое работно место беше покриено со соодветно квалификуван човек. Имаше работилници што изработуваа се’ што е потребно да се опреми една претстава. Тогаш театрите ги водеа компетентни и значајни личности и се’ функционираше како што треба, вели Ангеловски во пораката.

Југославија се распадна, Македонија имаше среќа да помине без војна.

Во тоа време во независна Република Македонија имаше околу 20 национални установи кои целосно беа финансирани од Министерството за култура. Дојде демократијата, во театрите дојдоа партиски директори, кои си носеа партиски режисери, кои си бираа партиски глумци и соработници и со големи буџети правеа големи проекти, не претстави,проекти според големи автори. Големи најави, мали резултати.

Ќе се променеше власта, нови партиски директори, нови партиски режисери, нови соработници, големи автори, големи најави, а се помалку публика, помалку репризи. Сонувавме за некогашните 200, 300, 470 репризи, преставите кои се играа по десет, дваесет, дваесет и девет години, пред полни салони, со редици пред билетарата, со среќна и насмеана публика.

Секоја година со ребалансот на буџетот, парите во културата се намалуваа за 10 %, 20 %, а бројот на националните установи се зголемуваше. На последниот конкурс на Министерството за култура имало 3132 барања за финансирање на проекти. Комисиите составени, барем како што велат, од компетентни и стручни луѓе (повеќе партиски, отколку компетентни) како само да ги протрчале насловите, без суштински да навлезат во проектите; инаку би им требало најмалку година дена, но и тогаш средствата би ги поделиле за да се задоволат народите и народностите, партиите, во секое гратче, општина, село - тежнеејќи да имa барем по две национални установи, за да се почитува принципот на двојазичност и сите да бидат задоволни.

Една мала дигресија, Франција, држава со 80 милиони жители, има само 5 државни театри кои се комплетно финансирани од Министерството за култура на Р. Франција, и само театарот Комеди Франсез има постојано вработена трупа.

Да се добие статус на Национлна институција на културата – тоа мора да се заслужи.

И сега со овие средства што ги добија театрите, со исклучок на две, три претстави што имаат пристојни буџети, ќе крпарат со сценографии и костимографии од фундус, музика ќе симнуваат од Јутјуб, хонорарите, ако воопшто ги има, ќе бидат минимални. Ќе гледаме, по кој знае кој пат нови видувања на „Тартиф“, на дела од Шекспир, Стефановски... Ќе „измислиме нов правец’’ во театарот - „Гол театар“: празна сцена, две столици, црни завеси...

Зградите на театрите ќе се распаѓаат, вода ќе тече од сите страни, греење ќе нема, стотина дипломирани млади актери ќе чекаат некој од театрите да респише конкурс , за евентуално да бидат примени...

Но, затоа ќе имаме фестивали во секој град и село, дури ќе финансираме фестивал во друга држава...

Ама немајте гајле, догодина, како што рече еден наш хуморист: Тумороу ит вил би БЕТЕР!, вели Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот.

https://youtu.be/AmT1DBERqNc?si=vFmkcK97JwznJbZp

The post Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава, вели актерот и режисер Коле Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

27 Март - Меѓународен ден на театарот. Голем празник за нас театарџиите. Тој ни доаѓа како куќна слава. И тогаш театрите се обидуваат, на тој ден, да дадат премиера (по можност добра) па потоа коктелче, баш како на куќна слава, вели Коле Ангеловски, актер и режисер, кој е автор на македонската порака по повод Светскиот ден на театарот.
Јас имав посебна среќа што нa 27 Март два нови театри се отворија со мои претстави. Театарот за деца и млади со преставата „ Чудовиштата од нашиот град“ според текст на Русомир Богдановски, тогаш македонската порака за денот на театарот со специјален хелио балон беше испратена во вселената. По неколку години се отвори и Театарот комедија со „Ах љубов моја“ со мои текст и режија. Долго време сум во театарот и имав прилика да доживеам два радикално различни периоди во животот на Македонскиот театар. Првиот, кога Македонија, во склоп на Југославија, водеше сметка за културата, сакаше да се покаже пред другите републики, беше горда кога ние правевме добри претстави, победувавме на меѓународни фестивали и фестивалите во Југославија, патувавме по турнеи во разни земји по светот. Тогаш, ниту еден од режисерите на знаеше колкав му е буџетот на преставата. Сценограф, костимограф, композитор ( за секоја престава специјално се компонираше музика) нормално беше да ги имаш најдобрите, секое работно место беше покриено со соодветно квалификуван човек. Имаше работилници што изработуваа се’ што е потребно да се опреми една претстава. Тогаш театрите ги водеа компетентни и значајни личности и се’ функционираше како што треба, вели Ангеловски во пораката.
Југославија се распадна, Македонија имаше среќа да помине без војна. Во тоа време во независна Република Македонија имаше околу 20 национални установи кои целосно беа финансирани од Министерството за култура. Дојде демократијата, во театрите дојдоа партиски директори, кои си носеа партиски режисери, кои си бираа партиски глумци и соработници и со големи буџети правеа големи проекти, не претстави,проекти според големи автори. Големи најави, мали резултати.
Ќе се променеше власта, нови партиски директори, нови партиски режисери, нови соработници, големи автори, големи најави, а се помалку публика, помалку репризи. Сонувавме за некогашните 200, 300, 470 репризи, преставите кои се играа по десет, дваесет, дваесет и девет години, пред полни салони, со редици пред билетарата, со среќна и насмеана публика. Секоја година со ребалансот на буџетот, парите во културата се намалуваа за 10 %, 20 %, а бројот на националните установи се зголемуваше. На последниот конкурс на Министерството за култура имало 3132 барања за финансирање на проекти. Комисиите составени, барем како што велат, од компетентни и стручни луѓе (повеќе партиски, отколку компетентни) како само да ги протрчале насловите, без суштински да навлезат во проектите; инаку би им требало најмалку година дена, но и тогаш средствата би ги поделиле за да се задоволат народите и народностите, партиите, во секое гратче, општина, село - тежнеејќи да имa барем по две национални установи, за да се почитува принципот на двојазичност и сите да бидат задоволни. Една мала дигресија, Франција, држава со 80 милиони жители, има само 5 државни театри кои се комплетно финансирани од Министерството за култура на Р. Франција, и само театарот Комеди Франсез има постојано вработена трупа. Да се добие статус на Национлна институција на културата – тоа мора да се заслужи. И сега со овие средства што ги добија театрите, со исклучок на две, три претстави што имаат пристојни буџети, ќе крпарат со сценографии и костимографии од фундус, музика ќе симнуваат од Јутјуб, хонорарите, ако воопшто ги има, ќе бидат минимални. Ќе гледаме, по кој знае кој пат нови видувања на „Тартиф“, на дела од Шекспир, Стефановски... Ќе „измислиме нов правец’’ во театарот - „Гол театар“: празна сцена, две столици, црни завеси... Зградите на театрите ќе се распаѓаат, вода ќе тече од сите страни, греење ќе нема, стотина дипломирани млади актери ќе чекаат некој од театрите да респише конкурс , за евентуално да бидат примени... Но, затоа ќе имаме фестивали во секој град и село, дури ќе финансираме фестивал во друга држава... Ама немајте гајле, догодина, како што рече еден наш хуморист: Тумороу ит вил би БЕТЕР!, вели Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот.
https://youtu.be/AmT1DBERqNc?si=vFmkcK97JwznJbZp

The post Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава, вели актерот и режисер Коле Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>
Драмски колаж во Дом на културата во Кавадарци по повод Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramski-kolazh-vo-dom-na-kulturata-vo-kavadartsi-po-povod-svetskiot-den-na-teatarot/ Mon, 27 Mar 2023 08:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=624106

Во Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци денеска во 12 часот по повод Светскиот ден на Театарот ќе изведе специјален Драмски колаж.

Во понеделник, 10 април во 19 часот Театарот при Домот на културата во сорабатка со Балетското студио „Венус“ Кавадарци премиерно ке ја изведе театарско - танцовата претстава за деца и младинци „Синг“, во режија на Микица Илова.
Во среда, 12 април во 19 часот, во Галеријата при Домот на култура „Иван Мазов – Климе“  е закажано отворање на ретроспективна изложба на уметникот Владимир Темков

The post Драмски колаж во Дом на културата во Кавадарци по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

Во Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци денеска во 12 часот по повод Светскиот ден на Театарот ќе изведе специјален Драмски колаж. Во понеделник, 10 април во 19 часот Театарот при Домот на културата во сорабатка со Балетското студио „Венус“ Кавадарци премиерно ке ја изведе театарско - танцовата претстава за деца и младинци „Синг“, во режија на Микица Илова. Во среда, 12 април во 19 часот, во Галеријата при Домот на култура „Иван Мазов – Климе“  е закажано отворање на ретроспективна изложба на уметникот Владимир Темков

The post Драмски колаж во Дом на културата во Кавадарци по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>
Нашиот акт на сцената е акт на животот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nashiot-akt-na-stsenata-e-akt-na-zhivotot/ Mon, 27 Mar 2023 07:44:04 +0000 https://republika.mk/?p=624068

Египетска актерка Самиха Ајуб ја напиша пораката за Светскиот ден на театарот – 27 Март. Родена е во Египет, во Шубра, во близина на Каиро. Своите студии ги завршила на Високиот институт за драмски уметности во 1953 година, каде што студирала под менторство на драмскиот автор Заки Тулајмат. Нејзините сценски настапи во кариерата се сведуваат на приближно 170 театарски претстави. За себе има и многу филмски и ТВ улоги. Добитничка е на многу награди.

Нејзината порка од англиски на македонски ја преведе Иванка Апостолова-Баскар.

„За сите мои пријатели – театарските уметници од целиот свет.

Ја пишувам оваа порака за вас по повод Светскиот ден на театарот, и се чувствувам обземена од среќа, дека вам ви се обраќам; секој нерв во моето битие трепери под притисокот на она низ што сите ние минуваме – страдањето на театарските и нетеатарските уметници – страдањето од големите притисоци и мешаните емоции кои се надвиснати над светот сега и тука, денес.

Нестабилноста е директен резултат на она низ што поминува нашиот свет; конфликти, војни, природни катастрофи кои имаат очаен ефект не само врз нашиот материјален свет, туку и врз нашиот духовен свет и нашиот психички мир.

Денес вам ви се обраќам додека имам чувство дека целиот свет стана изолиран остров, или како бродовите кои се губат во маглата над хоризонтот, секој од нив ги шири своите едра и испловува според водство, кое не гледа насока во хоризонтот пред него, и покрај тоа, продолжува да плови, надевајќи се дека ќе стигне безбедно до пристаништето; по долгото преиспитување на непредвидливоста на разбурканото море.

Нашиот свет никогаш не бил толку блиску поврзан меѓусебе како што е денес, но во исто време никогаш не бил ниту повеќе одалечен и дисхармоничен каков што е денес. Тука лежи драмскиот парадокс кој современиот свет го истакнува пред нас. И покрај тоа што сме изложени на совремниот начин на размена на вести и пренос на информации и комуникации кои ги кршат сите географски бариери, напротив светот сведочи конфликт кои ги надминува границите на логичката перцепција и креира, одразува очигледно зближување. Сепак фундаменталното разидување не дистанцира сите нас од есенцијалното во хуманоста – од едноставната суштинска форма.

Театарот во својата суштина е чист и хуман акт кој базира на есенцијалното хумано, а тоа е животот. Со зборовите на големиот Константин Станиславски, „никогаш не доаѓај во театар со кал на чевлите. Остави ја прашината и валканоста надвор. Преиспитај си ги своите мали грижи, караници, проблеми и остави ги на закачалка како твојот капут – сите работи кои ти го уништуваат животот и ти го усмеруваат вниманието далеку од уметноста – таму кај вратата.’’ Кога се качуваме на сцената, се качуваме само со еден живот во нас, оној на човечкото битие, но токму овој живот има способност да се подели и репродуцира претворајќи се во многу други животи кои ние ги изведуваме на сцената, пред светот, ги оживуваме, тие цветаат и се шират како парфем кои допира до другите.

Тоа што ние го правиме во театарот како драмски автори, режисери, актери, сценографи, поети, музичари, кореографи и техничари, сите ние без исклучок сме во чинот на создавањето живот кој не постоел пред да стапнеме на сцената. Овој живот заслужува грижа и рамо на љубовта кое ќе го прегрне, љубезно срце кое симпатизира, и трезен ум кој го овозможува тоа, кој овоможува континуитет и опстој.

Не претерувам кога велат дека нашиот акт на сцената е акт на животот, генериран од ништо; како килибар кој свети во темнината, осветлувајќи ја темнината и затоплувајќи го студенилото. Ние сме тие кои на тој живот му го овозможуваме неговиот сјај. Ние сме тие кои го отелотворуваат тоа. Ние сме тие кои го прават вибрантен и со смисла. И ние сме тие кои ја создаваат причината тоа да се разбере. Ние сме тие кои ја користат светлината на уметноста за конфронтирање со темнината на игнорирањето и не знаењето. Ние сме тие кои ја прегрнуваат доктрината на животот, за животот да може да се шири во овој свет. Затоа ние ги издигнуваме нашите заложби, време, солзи, крв и нерви, се’ што треба да направиме со цел да ја пренесеме ваквата силна порака, бранејќи ги вредностите на вистината, добрината и убавината, навистина верувајќи дека животот заслужува да се живее.

Денес вам ви се обраќам, но не само за да се каже нешто или да се прослави таткото на сите уметности, „театарот’’, на неговиот ден. Туку повеќе од се’ сакам да ве поканам да застанеме заедно, сите ние, рака за рака, рамо до рамо, да вреснеме од длабочината на нашите гласови, онака како што сме навикнати на сцената тоа да го правиме, и да овозможиме зборовите да излезат будејќи ја совеста на целиот свет, барајќи ја во себе изгубената човечка суштина. Барајќи слободен,толерантен, сакан, емпатичен, нежен и достапен човек. И да си дозволиме да не напушти ова непријатно опкружување на бруталноста, расизмот, крвавите пресметки, едноумието и екстремизмот. Човекот чекорел на земјава, под сонцево, со илјадници години, и ќе продолжи да чекори понатаму. Затоа зграпчи му ги стапалата од вртлогот на војната и крвавите конфликти, предложи му да ги напушти, пред вратите на сцената. Можеби нашата хуманост, која стана засенчена и заглавена во сомнежи, повторно категорично ќе зацврсти, хуманост со која сме квалификувани да бидеме горди што сме луѓе и дека сите сме браќа и сестри во просторот на хуманоста.

Нашата мисија е, нам драматичарите, носителите на факелот на светлината, од првата појава на првиот актер на сцената, да бидеме фронтално конфронтирани кон се’ што е грдо, крваво, и нечовечно. Се конфронтираме со се’ што е убаво, чисто и хумано. Ние и никој друг, ја имаме способноста да го афирмираме животот. Затоа да го шириме животот заедно за доброто на светот и човечноста“, вели во пораката египетска актерка Ајуб по повод Светскиот ден на театарот.

The post Нашиот акт на сцената е акт на животот appeared first on Република.

]]>

Египетска актерка Самиха Ајуб ја напиша пораката за Светскиот ден на театарот – 27 Март. Родена е во Египет, во Шубра, во близина на Каиро. Своите студии ги завршила на Високиот институт за драмски уметности во 1953 година, каде што студирала под менторство на драмскиот автор Заки Тулајмат. Нејзините сценски настапи во кариерата се сведуваат на приближно 170 театарски претстави. За себе има и многу филмски и ТВ улоги. Добитничка е на многу награди. Нејзината порка од англиски на македонски ја преведе Иванка Апостолова-Баскар. „За сите мои пријатели – театарските уметници од целиот свет. Ја пишувам оваа порака за вас по повод Светскиот ден на театарот, и се чувствувам обземена од среќа, дека вам ви се обраќам; секој нерв во моето битие трепери под притисокот на она низ што сите ние минуваме – страдањето на театарските и нетеатарските уметници – страдањето од големите притисоци и мешаните емоции кои се надвиснати над светот сега и тука, денес. Нестабилноста е директен резултат на она низ што поминува нашиот свет; конфликти, војни, природни катастрофи кои имаат очаен ефект не само врз нашиот материјален свет, туку и врз нашиот духовен свет и нашиот психички мир. Денес вам ви се обраќам додека имам чувство дека целиот свет стана изолиран остров, или како бродовите кои се губат во маглата над хоризонтот, секој од нив ги шири своите едра и испловува според водство, кое не гледа насока во хоризонтот пред него, и покрај тоа, продолжува да плови, надевајќи се дека ќе стигне безбедно до пристаништето; по долгото преиспитување на непредвидливоста на разбурканото море. Нашиот свет никогаш не бил толку блиску поврзан меѓусебе како што е денес, но во исто време никогаш не бил ниту повеќе одалечен и дисхармоничен каков што е денес. Тука лежи драмскиот парадокс кој современиот свет го истакнува пред нас. И покрај тоа што сме изложени на совремниот начин на размена на вести и пренос на информации и комуникации кои ги кршат сите географски бариери, напротив светот сведочи конфликт кои ги надминува границите на логичката перцепција и креира, одразува очигледно зближување. Сепак фундаменталното разидување не дистанцира сите нас од есенцијалното во хуманоста – од едноставната суштинска форма. Театарот во својата суштина е чист и хуман акт кој базира на есенцијалното хумано, а тоа е животот. Со зборовите на големиот Константин Станиславски, „никогаш не доаѓај во театар со кал на чевлите. Остави ја прашината и валканоста надвор. Преиспитај си ги своите мали грижи, караници, проблеми и остави ги на закачалка како твојот капут – сите работи кои ти го уништуваат животот и ти го усмеруваат вниманието далеку од уметноста – таму кај вратата.’’ Кога се качуваме на сцената, се качуваме само со еден живот во нас, оној на човечкото битие, но токму овој живот има способност да се подели и репродуцира претворајќи се во многу други животи кои ние ги изведуваме на сцената, пред светот, ги оживуваме, тие цветаат и се шират како парфем кои допира до другите. Тоа што ние го правиме во театарот како драмски автори, режисери, актери, сценографи, поети, музичари, кореографи и техничари, сите ние без исклучок сме во чинот на создавањето живот кој не постоел пред да стапнеме на сцената. Овој живот заслужува грижа и рамо на љубовта кое ќе го прегрне, љубезно срце кое симпатизира, и трезен ум кој го овозможува тоа, кој овоможува континуитет и опстој. Не претерувам кога велат дека нашиот акт на сцената е акт на животот, генериран од ништо; како килибар кој свети во темнината, осветлувајќи ја темнината и затоплувајќи го студенилото. Ние сме тие кои на тој живот му го овозможуваме неговиот сјај. Ние сме тие кои го отелотворуваат тоа. Ние сме тие кои го прават вибрантен и со смисла. И ние сме тие кои ја создаваат причината тоа да се разбере. Ние сме тие кои ја користат светлината на уметноста за конфронтирање со темнината на игнорирањето и не знаењето. Ние сме тие кои ја прегрнуваат доктрината на животот, за животот да може да се шири во овој свет. Затоа ние ги издигнуваме нашите заложби, време, солзи, крв и нерви, се’ што треба да направиме со цел да ја пренесеме ваквата силна порака, бранејќи ги вредностите на вистината, добрината и убавината, навистина верувајќи дека животот заслужува да се живее. Денес вам ви се обраќам, но не само за да се каже нешто или да се прослави таткото на сите уметности, „театарот’’, на неговиот ден. Туку повеќе од се’ сакам да ве поканам да застанеме заедно, сите ние, рака за рака, рамо до рамо, да вреснеме од длабочината на нашите гласови, онака како што сме навикнати на сцената тоа да го правиме, и да овозможиме зборовите да излезат будејќи ја совеста на целиот свет, барајќи ја во себе изгубената човечка суштина. Барајќи слободен,толерантен, сакан, емпатичен, нежен и достапен човек. И да си дозволиме да не напушти ова непријатно опкружување на бруталноста, расизмот, крвавите пресметки, едноумието и екстремизмот. Човекот чекорел на земјава, под сонцево, со илјадници години, и ќе продолжи да чекори понатаму. Затоа зграпчи му ги стапалата од вртлогот на војната и крвавите конфликти, предложи му да ги напушти, пред вратите на сцената. Можеби нашата хуманост, која стана засенчена и заглавена во сомнежи, повторно категорично ќе зацврсти, хуманост со која сме квалификувани да бидеме горди што сме луѓе и дека сите сме браќа и сестри во просторот на хуманоста. Нашата мисија е, нам драматичарите, носителите на факелот на светлината, од првата појава на првиот актер на сцената, да бидеме фронтално конфронтирани кон се’ што е грдо, крваво, и нечовечно. Се конфронтираме со се’ што е убаво, чисто и хумано. Ние и никој друг, ја имаме способноста да го афирмираме животот. Затоа да го шириме животот заедно за доброто на светот и човечноста“, вели во пораката египетска актерка Ајуб по повод Светскиот ден на театарот.

The post Нашиот акт на сцената е акт на животот appeared first on Република.

]]>
Невозможно е за театарот да зборуваш спокојно, вели Теута Ајдини-Јегени во пораката по повод Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nevozmozhno-e-za-teatarot-da-zboruvash-spokojno-veli-teuta-ajdini-jegeni-vo-porakata-po-povod-svetskiot-den-na-teatarot/ Mon, 27 Mar 2023 07:33:22 +0000 https://republika.mk/?p=624053

Македонскиот центар ИТИ/Продукција секоја година го одбележува Светскиот ден на театарот – 27 март со избор на авторот на националната порака и превод на светската порака, кои се читаат пред секоја претстава што се изведува во македонските театри на тој ден.

Првенката на Албански театар во Скопје, Теута Ајдини-Јегени е авторка на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот – 27 март. Ајдини - Јегени играла во триесетина театарски претстави (во матичниот театар во Скопје, во Националниот театар во Косово и во независни продукции), како и во десетина играни и телевизиски филмови и серии. Добитничка е на повеќе театарски и филмски награди.

Кога ја добив поканата од Македонскиот центар на Интернационален театарски институт, да ја пренесам годинешната порака за Светскиот ден на театарот, со што сум исклучително почестена, се сетив на една мисла која ја прочитав некаде, а која вели дека е невозможно за театарот да зборуваш спокојно. И мислам дека тоа е највистинскиот одговор на прашањето „што е за тебе театарот?“, посебно за некој кој што е со театарот буквално од кога знае за себе; некој кој што растел и старее со него. Накратко, јас не можам мирно и ладнокрвно да речам „знаете, театарот за мене е…“ тоа и тоа… Не можам, затоа што тоа прашање за мене е исто како да ме прашате „што е за тебе животот“? Дури и повеќе од тоа – како да ме прашате „што е за тебе љубовта“?
Љубов! Тоа е вистинскиот збор за театарот – кој ми доаѓа на ум кога мислам на театарот, кога сум во него, на сцената, во публиката, додека ја подготвувам улогата… А чувствата – е, тие не можат да се опишат така лесно со зборови… тука се испреплетени и срцето и душата, и умот и телото, тука се и потта и солзите, и смеата и лутината, и болката и радоста… Тоа е, сигурна сум, она што му се случува на секој театарски деец, затоа што без тие чувства не секој еден учесник во создавањето на идниот живот на една претстава, не ќе може да ја пренесе драмската магија до публиката. Секој еден од нас кој работи и живее со театарот, ја има таа љубов во себе.
Но, да не должам со емоциите…

Се разбира дека театарот не постои единствено за да ѝ ја пренесе на публиката магијата која ја создаваат драмските автори, заедно со режисерите, актерите и сите други театарски творци и работници. Неговата задача и мисија е и да го следи животот, да реагира на случувањата во општеството, во светот, да укаже на опасностите и девијациите во нормалноста и хуманоста, да ги соопшти пораките кои светот и човекот има потреба да ги слушне во времиња на кризи.
Затоа, ќе ја искористам оваа прилика за една порака по повод Светскиот ден на театарот, а за која сум сигурна дека ја испраќам во името на сите мои колеги, сите театарски творци и работници во Република Македонија:

Да ги оставиме драмите да се играат на театарските штици, во костуми, со сценографија, кореографија, под рефлекторите на сцена, со музика… со сето она што ја создава театарската магија пред театарската публика. Нека се смее таа публика, нека се замисли и загрижи, па и нека заплаче… но нека заплаче за судбините на Антигона и Офелија, за оние трагични ликови, кои ние актерите и другите театарски дејци им ги пренесуваме на сцена, од делата на драмските уметници… Да ги отстраниме драмите од нашето секојдневие, од улиците, градовите, селата, каде што поради болните амбиции на некои ликови со моќ и диктаторски амбиции; терористи, екстремисти и манипулатори со верските и етничкитете чувства, страдаат нечии деца, браќа и сестри, родители, љубени, блиски, соседи, сограѓани, сонародници… луѓе од крв и месо.
Драмите, трагедиите, не треба да се одвиваат на ниедно друго место, освен на театарската сцена. Затоа, кажете им не! на тие што прават светот да крвари; бидејќи секое наше противење се брои.

И, се разбира: повелете во театар, вели во пораката по повод Светскиот ден на театарот акттерката Ајдини-Јегени.

The post Невозможно е за театарот да зборуваш спокојно, вели Теута Ајдини-Јегени во пораката по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

Македонскиот центар ИТИ/Продукција секоја година го одбележува Светскиот ден на театарот – 27 март со избор на авторот на националната порака и превод на светската порака, кои се читаат пред секоја претстава што се изведува во македонските театри на тој ден. Првенката на Албански театар во Скопје, Теута Ајдини-Јегени е авторка на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот – 27 март. Ајдини - Јегени играла во триесетина театарски претстави (во матичниот театар во Скопје, во Националниот театар во Косово и во независни продукции), како и во десетина играни и телевизиски филмови и серии. Добитничка е на повеќе театарски и филмски награди.
Кога ја добив поканата од Македонскиот центар на Интернационален театарски институт, да ја пренесам годинешната порака за Светскиот ден на театарот, со што сум исклучително почестена, се сетив на една мисла која ја прочитав некаде, а која вели дека е невозможно за театарот да зборуваш спокојно. И мислам дека тоа е највистинскиот одговор на прашањето „што е за тебе театарот?“, посебно за некој кој што е со театарот буквално од кога знае за себе; некој кој што растел и старее со него. Накратко, јас не можам мирно и ладнокрвно да речам „знаете, театарот за мене е…“ тоа и тоа… Не можам, затоа што тоа прашање за мене е исто како да ме прашате „што е за тебе животот“? Дури и повеќе од тоа – како да ме прашате „што е за тебе љубовта“? Љубов! Тоа е вистинскиот збор за театарот – кој ми доаѓа на ум кога мислам на театарот, кога сум во него, на сцената, во публиката, додека ја подготвувам улогата… А чувствата – е, тие не можат да се опишат така лесно со зборови… тука се испреплетени и срцето и душата, и умот и телото, тука се и потта и солзите, и смеата и лутината, и болката и радоста… Тоа е, сигурна сум, она што му се случува на секој театарски деец, затоа што без тие чувства не секој еден учесник во создавањето на идниот живот на една претстава, не ќе може да ја пренесе драмската магија до публиката. Секој еден од нас кој работи и живее со театарот, ја има таа љубов во себе. Но, да не должам со емоциите… Се разбира дека театарот не постои единствено за да ѝ ја пренесе на публиката магијата која ја создаваат драмските автори, заедно со режисерите, актерите и сите други театарски творци и работници. Неговата задача и мисија е и да го следи животот, да реагира на случувањата во општеството, во светот, да укаже на опасностите и девијациите во нормалноста и хуманоста, да ги соопшти пораките кои светот и човекот има потреба да ги слушне во времиња на кризи. Затоа, ќе ја искористам оваа прилика за една порака по повод Светскиот ден на театарот, а за која сум сигурна дека ја испраќам во името на сите мои колеги, сите театарски творци и работници во Република Македонија: Да ги оставиме драмите да се играат на театарските штици, во костуми, со сценографија, кореографија, под рефлекторите на сцена, со музика… со сето она што ја создава театарската магија пред театарската публика. Нека се смее таа публика, нека се замисли и загрижи, па и нека заплаче… но нека заплаче за судбините на Антигона и Офелија, за оние трагични ликови, кои ние актерите и другите театарски дејци им ги пренесуваме на сцена, од делата на драмските уметници… Да ги отстраниме драмите од нашето секојдневие, од улиците, градовите, селата, каде што поради болните амбиции на некои ликови со моќ и диктаторски амбиции; терористи, екстремисти и манипулатори со верските и етничкитете чувства, страдаат нечии деца, браќа и сестри, родители, љубени, блиски, соседи, сограѓани, сонародници… луѓе од крв и месо. Драмите, трагедиите, не треба да се одвиваат на ниедно друго место, освен на театарската сцена. Затоа, кажете им не! на тие што прават светот да крвари; бидејќи секое наше противење се брои. И, се разбира: повелете во театар, вели во пораката по повод Светскиот ден на театарот акттерката Ајдини-Јегени.
 
The post Невозможно е за театарот да зборуваш спокојно, вели Теута Ајдини-Јегени во пораката по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>
МНТ ги отвора вратите по повод Светскиот ден на театарот: Публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-gi-otvora-vratite-po-povod-svetskiot-den-na-teatarot-publikata-ke-ima-mozhnost-besplatno-da-ja-gleda-pretstavata-samo-glas/ Tue, 21 Mar 2023 12:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=622025

По повод Светскиот ден на театарот, 27 март, Македонскиот народен театар ги отвора вратите за сите граѓани.

Публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во која играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски.

Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската порака од Самиха Ајуб, египетска актерка, и македонската порака од Теута Ајдини-Јегени, актерка.

Билетите се подигнуваат на денот на изведбата од 14:00 часот на билетарницата на МНТ.

The post МНТ ги отвора вратите по повод Светскиот ден на театарот: Публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ appeared first on Република.

]]>

По повод Светскиот ден на театарот, 27 март, Македонскиот народен театар ги отвора вратите за сите граѓани. Публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во која играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски. Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската порака од Самиха Ајуб, египетска актерка, и македонската порака од Теута Ајдини-Јегени, актерка. Билетите се подигнуваат на денот на изведбата од 14:00 часот на билетарницата на МНТ.

The post МНТ ги отвора вратите по повод Светскиот ден на театарот: Публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ appeared first on Република.

]]>
Повик до театарската заедница за пишување на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/povik-do-teatarskata-zaednitsa-za-pishuvane-na-domashnata-poraka-po-povod-svetskiot-den-na-teatarot/ Thu, 02 Feb 2023 11:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=603792

Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА отвори повик до театарската заедница во земјава за пишување на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот.

Повикот се однесува до сите драмски академии, театри, фестивали, независни организации, индивидуалци кои треба да предложат свој кандидат (театарски режисери, актери, драматурзи, драмски автори, продуценти, менаџери, театролози, сценографи, костимографи) за пишување порака.

Светскиот ден на театарот се одбележува на 27 март, а досега редовно се одбележувал и во Македонија.

Номинациите за кандидатите треба да се испратат на е-адресата: macedoniancenterofiti@gmail.com со ознака „За Светскиот ден на театарот – 27 март 2023 година“ најдоцна до 10 февруари.

The post Повик до театарската заедница за пишување на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА отвори повик до театарската заедница во земјава за пишување на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот. Повикот се однесува до сите драмски академии, театри, фестивали, независни организации, индивидуалци кои треба да предложат свој кандидат (театарски режисери, актери, драматурзи, драмски автори, продуценти, менаџери, театролози, сценографи, костимографи) за пишување порака. Светскиот ден на театарот се одбележува на 27 март, а досега редовно се одбележувал и во Македонија. Номинациите за кандидатите треба да се испратат на е-адресата: macedoniancenterofiti@gmail.com со ознака „За Светскиот ден на театарот – 27 март 2023 година“ најдоцна до 10 февруари.
 
The post Повик до театарската заедница за пишување на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>
Театарот е пиреј, преживува и преживеал сѐ: Пораки за Светскиот ден на театарот од Ана Стојаноска и Питер Селарс https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatarot-e-pirej-prezivuva-i-preziveal-s-poraki-za-svetskiot-den-na-teatarot-od-ana-stojanoska-i-piter-selars/ Sun, 27 Mar 2022 10:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=479229

По повод Светскиот ден на театарот кој се одбележува на 27 март, во организација на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА беше отворен повик до сите членови на театарската заедница во Македонија за креирање на македонската театарска порака за 2022 година.

Официјален победник во изборот на театарска порака од Македонија е д-р Ана Стојаноска, театролог, писател и професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ – Скопје.

Живееме предизвик од време, живееме изместено и од координатите на општото
добро, но и од координатите на личните достигнувања. Не само пандемијата туку и
промените во светот, животот, дома, придонесе и на театарот да му се измести комоцијата. Како и секогаш, кога имало вакви разбурботени времиња, театарот се обидувал да се снајде. Театарот е пиреј. Преживува и преживеал сѐ. Не само болести, војни, уништувања, туку и печатот, радиото, телевизијата, видеото, дури и интернетот. Театарот ја носи во себе интимната човекова доблест – да се снајде!

Ана Стојаноска дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала и докторирала. Работела како координатор во Институтот за театрологија при ФДУ. Активно се занимава со истражување и проучување на драмата и театарот. Специјализирала театарска музеологија. Авторка е на романот „Ние“, „Лебед“ кој влезе во потесниот круг за наградата „Роман на годината“ годинава; драмата „Трогледало“ која беше објавена во изборот на ЕУРОДРАМ како нова македонска драма, збирката поезија „Трепетлика“ за која ја доби наградата Антево перо за 2020 и многу други. Од 2019 година, таа е членка на Друштвото на писателите на Македонија. Таа пишува континуирано и постојано, не сакајќи да се „вкалапува“ во ниту еден жанр (научен или книжевен), затоа пишува и проза и поезија и драмски текстови.

Автор на светската театарска порака за оваа година е Питер Селарс, режисер на театарски претстави и опери и програмски директор на фестивали од Пенсилванија, САД.

Додека светот во секоја минута и час, виси зависен од храната на дневните медиумски
репортажи, смеам ли да ве поканам, како креатор, да влеземе во, за нас соодветниот
простор и перспектива на епско време, епска промена, епска свесност и епска визија? Ние
живееме во епски период и човечка историја, со длабоки и последични промени во кои
ги искусуваме меѓусебните релациите типични за човечките суштества; и оние, кон
нечовечките светови кои се над нашите способности да ги досегнеме, да ги артикулираме,
да зборуваме за нив и да ги изразиме.
Ние не живееме во 24 часовниот циклус на вестите, ние живееме на работ на времето.
Весниците и медиумите се целосно не екипирани и неспособни да се справат со она што
ние го доживуваме.
Каде е јазикот, што се движењата и што се сликите кои можат да ни овозможат да ги
разбереме длабоките преминувања и вознемирувања кои ги доживуваме? И како можеме
да ги премостиме содржините на нашите животи, токму сега, но не како репортажи туку
како доживувања?
Театарот е уметничка форма на доживување.
Во светот преоптеретен од празни пресс кампањи, симулирани искуства, одвратни
прогнозирања, како да се издигнеме над бесконечното повторување на броеви за да го
искусиме квалитетот и едноставноста на животот, суштината на екосистемот,
пријателството, квалитетот на светлината на чудното небо? Две години КОВИД-19, кој ги отапе сетилата на луѓето, го ограничи животот на луѓето, ги скрши врските, и не постави на чудна нулта точка во човечкиот хабитат.
Кои семиња се потребни да се посадат и повторно насадат во овие години, и што е
надраснувањето на инвазивните видови кои потребно е конечно и засекогаш да се
отстранат? Толку многу луѓе се на работ. Толку многу насилство проникнува,
ирационално или неочекувано. Толку многу етаблирани системи се покажаа како
структури на перпетуална суровост.

Каде се нашите церемонии на сеќавањето? Што ни е потребно за да запамтиме? Кои се
ритуалите кои ни овозможуваат конечно и повторно да ги замислиме истите, и да
почнеме да ги вежбаме чекорите кои никогаш претходно не сме ги направиле?
Театарот на епската визија, цел, обнова, исцелување и грижа има потреба од нови
ритуали. Нам не ни треба да не забавуваат. Нам ни треба да се собереме. Ни треба да
споделиме простор, и ни треба да го култивираме споделениот простор. Нам ни требаат
заштитени простори за длабоко слушање и балансирање.
Театарот е креација на земјата, простор на баланс помеѓу луѓето, боговите, растенијата,
животните, капките дожд, солзите и регенерацијата. Просторот на еднаквоста и
длабокото слушање е осветлено од скриената убавина, која се одржува жива во длабока
интеракција со опасноста, балансот, мудроста, активноста и трпението.
Цветот на орнаментираната Сутра на Буда содржи десет видови на големото трпение
во животот на човекот. Една од најмоќните се нарекува Стрпливост и Перцепирање на
Се’ како чудо. Театарот отсекогаш го претставувал животот на овој свет како чудо,
овозможувајќи ни да прогледаме низ човечката илузија, дезилузија, слепило, и
одрекување со ослободувачка јасност и сила.
Ние сме толку сигурни во тоа што го гледаме и на начинот на кој го гледаме тоа, така што
не сме способни да видиме и почувствуваме поинакви реалности, нови можности,
различни пристапи, невидливи поврзувања и безвременски конекции.
Ова е време за длабоко освежување на нашите умови, сетила, нашата имагинација,
нашите истории и нашите иднини. Оваа работа не може да ја направат изолирани луѓе
кои работат сами. Оваа работа треба да ја направиме заедно. Театарот е покана да ја
направиме оваа работа заедно.
Длабоко Ви благодарам за Вашата работа, ќе напише во својата порака, Селарс.

Пораката на Селарс прочитана на македонски од страна на актерката Симона Димковска во превод на режисерката и професорка која при изборот на македонската порака беше програмски продуцент од ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, д-р Иванка Апостолова Баскар.

Питер Селарс се занимава со режирање на опера, театар и фестивали. Досега се здобил со меѓународно признание за неговите револуционерни и трансформативни интерпретации на класиците; интерпретирањето на 20-тиот век и современата музика и колаборативните проекти со извонреден опсег на креативни и изведувачки уметници. Неговото дело ја осветлува моќта на уметноста како средство за морално изразување и општествено дејствување.

Тој има поставувано опери и театарски претстави на најразлични светски сцени и локации. Како што се вели во неговата биографија, тој е исклучително продуктивна и инспиративна фигура од светската сцена. Добитник е на стипендијата „MacArthur Fellowship“, наградата „Erasmus Prize“ за придонес во европската култура, наградата „Gish Prize“ и член е на Американската академија за уметности и науки. Селарс е добитник и на престижната награда за музика „Polar Music Prize“ и прогласен е за уметник на годината од Musical America.

The post Театарот е пиреј, преживува и преживеал сѐ: Пораки за Светскиот ден на театарот од Ана Стојаноска и Питер Селарс appeared first on Република.

]]>

По повод Светскиот ден на театарот кој се одбележува на 27 март, во организација на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА беше отворен повик до сите членови на театарската заедница во Македонија за креирање на македонската театарска порака за 2022 година. Официјален победник во изборот на театарска порака од Македонија е д-р Ана Стојаноска, театролог, писател и професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ – Скопје.
Живееме предизвик од време, живееме изместено и од координатите на општото добро, но и од координатите на личните достигнувања. Не само пандемијата туку и промените во светот, животот, дома, придонесе и на театарот да му се измести комоцијата. Како и секогаш, кога имало вакви разбурботени времиња, театарот се обидувал да се снајде. Театарот е пиреј. Преживува и преживеал сѐ. Не само болести, војни, уништувања, туку и печатот, радиото, телевизијата, видеото, дури и интернетот. Театарот ја носи во себе интимната човекова доблест – да се снајде!
  Ана Стојаноска дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала и докторирала. Работела како координатор во Институтот за театрологија при ФДУ. Активно се занимава со истражување и проучување на драмата и театарот. Специјализирала театарска музеологија. Авторка е на романот „Ние“, „Лебед“ кој влезе во потесниот круг за наградата „Роман на годината“ годинава; драмата „Трогледало“ која беше објавена во изборот на ЕУРОДРАМ како нова македонска драма, збирката поезија „Трепетлика“ за која ја доби наградата Антево перо за 2020 и многу други. Од 2019 година, таа е членка на Друштвото на писателите на Македонија. Таа пишува континуирано и постојано, не сакајќи да се „вкалапува“ во ниту еден жанр (научен или книжевен), затоа пишува и проза и поезија и драмски текстови. Автор на светската театарска порака за оваа година е Питер Селарс, режисер на театарски претстави и опери и програмски директор на фестивали од Пенсилванија, САД.
Додека светот во секоја минута и час, виси зависен од храната на дневните медиумски репортажи, смеам ли да ве поканам, како креатор, да влеземе во, за нас соодветниот простор и перспектива на епско време, епска промена, епска свесност и епска визија? Ние живееме во епски период и човечка историја, со длабоки и последични промени во кои ги искусуваме меѓусебните релациите типични за човечките суштества; и оние, кон нечовечките светови кои се над нашите способности да ги досегнеме, да ги артикулираме, да зборуваме за нив и да ги изразиме. Ние не живееме во 24 часовниот циклус на вестите, ние живееме на работ на времето. Весниците и медиумите се целосно не екипирани и неспособни да се справат со она што ние го доживуваме. Каде е јазикот, што се движењата и што се сликите кои можат да ни овозможат да ги разбереме длабоките преминувања и вознемирувања кои ги доживуваме? И како можеме да ги премостиме содржините на нашите животи, токму сега, но не како репортажи туку како доживувања? Театарот е уметничка форма на доживување. Во светот преоптеретен од празни пресс кампањи, симулирани искуства, одвратни прогнозирања, како да се издигнеме над бесконечното повторување на броеви за да го искусиме квалитетот и едноставноста на животот, суштината на екосистемот, пријателството, квалитетот на светлината на чудното небо? Две години КОВИД-19, кој ги отапе сетилата на луѓето, го ограничи животот на луѓето, ги скрши врските, и не постави на чудна нулта точка во човечкиот хабитат. Кои семиња се потребни да се посадат и повторно насадат во овие години, и што е надраснувањето на инвазивните видови кои потребно е конечно и засекогаш да се отстранат? Толку многу луѓе се на работ. Толку многу насилство проникнува, ирационално или неочекувано. Толку многу етаблирани системи се покажаа како структури на перпетуална суровост.
Каде се нашите церемонии на сеќавањето? Што ни е потребно за да запамтиме? Кои се ритуалите кои ни овозможуваат конечно и повторно да ги замислиме истите, и да почнеме да ги вежбаме чекорите кои никогаш претходно не сме ги направиле? Театарот на епската визија, цел, обнова, исцелување и грижа има потреба од нови ритуали. Нам не ни треба да не забавуваат. Нам ни треба да се собереме. Ни треба да споделиме простор, и ни треба да го култивираме споделениот простор. Нам ни требаат заштитени простори за длабоко слушање и балансирање. Театарот е креација на земјата, простор на баланс помеѓу луѓето, боговите, растенијата, животните, капките дожд, солзите и регенерацијата. Просторот на еднаквоста и длабокото слушање е осветлено од скриената убавина, која се одржува жива во длабока интеракција со опасноста, балансот, мудроста, активноста и трпението. Цветот на орнаментираната Сутра на Буда содржи десет видови на големото трпение во животот на човекот. Една од најмоќните се нарекува Стрпливост и Перцепирање на Се’ како чудо. Театарот отсекогаш го претставувал животот на овој свет како чудо, овозможувајќи ни да прогледаме низ човечката илузија, дезилузија, слепило, и одрекување со ослободувачка јасност и сила. Ние сме толку сигурни во тоа што го гледаме и на начинот на кој го гледаме тоа, така што не сме способни да видиме и почувствуваме поинакви реалности, нови можности, различни пристапи, невидливи поврзувања и безвременски конекции. Ова е време за длабоко освежување на нашите умови, сетила, нашата имагинација, нашите истории и нашите иднини. Оваа работа не може да ја направат изолирани луѓе кои работат сами. Оваа работа треба да ја направиме заедно. Театарот е покана да ја направиме оваа работа заедно. Длабоко Ви благодарам за Вашата работа, ќе напише во својата порака, Селарс.
Пораката на Селарс прочитана на македонски од страна на актерката Симона Димковска во превод на режисерката и професорка која при изборот на македонската порака беше програмски продуцент од ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, д-р Иванка Апостолова Баскар. Питер Селарс се занимава со режирање на опера, театар и фестивали. Досега се здобил со меѓународно признание за неговите револуционерни и трансформативни интерпретации на класиците; интерпретирањето на 20-тиот век и современата музика и колаборативните проекти со извонреден опсег на креативни и изведувачки уметници. Неговото дело ја осветлува моќта на уметноста како средство за морално изразување и општествено дејствување. Тој има поставувано опери и театарски претстави на најразлични светски сцени и локации. Како што се вели во неговата биографија, тој е исклучително продуктивна и инспиративна фигура од светската сцена. Добитник е на стипендијата „MacArthur Fellowship“, наградата „Erasmus Prize“ за придонес во европската култура, наградата „Gish Prize“ и член е на Американската академија за уметности и науки. Селарс е добитник и на престижната награда за музика „Polar Music Prize“ и прогласен е за уметник на годината од Musical America.

The post Театарот е пиреј, преживува и преживеал сѐ: Пораки за Светскиот ден на театарот од Ана Стојаноска и Питер Селарс appeared first on Република.

]]>
Ана Стојаноска и Питер Селарс- упатија македонска и светска театарска порака за Светскиот ден на театарот: Театарот е пиреј, преживува и преживеал сѐ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ana-stojanoska-i-piter-selars-upatija-makedonska-i-svetska-teatarska-poraka-za-svetskiot-den-na-teatarot-teatarot-e-pirej-prezivuva-i-preziveal-s/ Tue, 22 Mar 2022 09:01:05 +0000 https://republika.mk/?p=476460

По повод Светскиот ден на театарот кој се одбележува на 27 март, во организација на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА беше отворен повик до сите членови на театарската заедница во Македонија за креирање на македонската театарска порака за 2022 година.

Официјален победник во изборот на театарска порака од Македонија е д-р Ана Стојаноска, театролог, писател и професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ – Скопје.

Живееме предизвик од време, живееме изместено и од координатите на општото
добро, но и од координатите на личните достигнувања. Не само пандемијата туку и
промените во светот, животот, дома, придонесе и на театарот да му се измести комоцијата. Како и секогаш, кога имало вакви разбурботени времиња, театарот се обидувал да се снајде. Театарот е пиреј. Преживува и преживеал сѐ. Не само болести, војни, уништувања, туку и печатот, радиото, телевизијата, видеото, дури и интернетот. Театарот ја носи во себе интимната човекова доблест – да се снајде!

Ана Стојаноска дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала и докторирала. Работела како координатор во Институтот за театрологија при ФДУ. Активно се занимава со истражување и проучување на
драмата и театарот. Специјализирала театарска музеологија. Авторка е на романот „Ние“, „Лебед“ кој влезе во потесниот круг за наградата „Роман на годината“ годинава; драмата „Трогледало“ која беше објавена во изборот на ЕУРОДРАМ како нова македонска драма, збирката поезија „Трепетлика“ за која ја доби наградата Антево перо за 2020 и многу други. Од 2019 година, таа е членка на Друштвото на писателите на Македонија. Таа пишува континуирано и постојано, не сакајќи да се „вкалапува“ во ниту еден жанр (научен или книжевен), затоа пишува и проза и поезија и драмски текстови.

Автор на светската театарска порака за оваа година е Питер Селарс, режисер на театарски претстави и опери и програмски директор на фестивали од Пенсилванија, САД.

Додека светот во секоја минута и час, виси зависен од храната на дневните медиумски
репортажи, смеам ли да ве поканам, како креатор, да влеземе во, за нас соодветниот
простор и перспектива на епско време, епска промена, епска свесност и епска визија? Ние
живееме во епски период и човечка историја, со длабоки и последични промени во кои
ги искусуваме меѓусебните релациите типични за човечките суштества; и оние, кон
нечовечките светови кои се над нашите способности да ги досегнеме, да ги артикулираме,
да зборуваме за нив и да ги изразиме.
Ние не живееме во 24 часовниот циклус на вестите, ние живееме на работ на времето.
Весниците и медиумите се целосно не екипирани и неспособни да се справат со она што
ние го доживуваме.
Каде е јазикот, што се движењата и што се сликите кои можат да ни овозможат да ги
разбереме длабоките преминувања и вознемирувања кои ги доживуваме? И како можеме
да ги премостиме содржините на нашите животи, токму сега, но не како репортажи туку
како доживувања?
Театарот е уметничка форма на доживување.
Во светот преоптеретен од празни пресс кампањи, симулирани искуства, одвратни
прогнозирања, како да се издигнеме над бесконечното повторување на броеви за да го
искусиме квалитетот и едноставноста на животот, суштината на екосистемот,
пријателството, квалитетот на светлината на чудното небо? Две години КОВИД-19, кој ги
отапе сетилата на луѓето, го ограничи животот на луѓето, ги скрши врските, и не постави
на чудна нулта точка во човечкиот хабитат.
Кои семиња се потребни да се посадат и повторно насадат во овие години, и што е
надраснувањето на инвазивните видови кои потребно е конечно и засекогаш да се
отстранат? Толку многу луѓе се на работ. Толку многу насилство проникнува,
ирационално или неочекувано. Толку многу етаблирани системи се покажаа како
структури на перпетуална суровост.

Каде се нашите церемонии на сеќавањето? Што ни е потребно за да запамтиме? Кои се
ритуалите кои ни овозможуваат конечно и повторно да ги замислиме истите, и да
почнеме да ги вежбаме чекорите кои никогаш претходно не сме ги направиле?
Театарот на епската визија, цел, обнова, исцелување и грижа има потреба од нови
ритуали. Нам не ни треба да не забавуваат. Нам ни треба да се собереме. Ни треба да
споделиме простор, и ни треба да го култивираме споделениот простор. Нам ни требаат
заштитени простори за длабоко слушање и балансирање.
Театарот е креација на земјата, простор на баланс помеѓу луѓето, боговите, растенијата,
животните, капките дожд, солзите и регенерацијата. Просторот на еднаквоста и
длабокото слушање е осветлено од скриената убавина, која се одржува жива во длабока
интеракција со опасноста, балансот, мудроста, активноста и трпението.
Цветот на орнаментираната Сутра на Буда содржи десет видови на големото трпение
во животот на човекот. Една од најмоќните се нарекува Стрпливост и Перцепирање на
Се’ како чудо. Театарот отсекогаш го претставувал животот на овој свет како чудо,
овозможувајќи ни да прогледаме низ човечката илузија, дезилузија, слепило, и
одрекување со ослободувачка јасност и сила.
Ние сме толку сигурни во тоа што го гледаме и на начинот на кој го гледаме тоа, така што
не сме способни да видиме и почувствуваме поинакви реалности, нови можности,
различни пристапи, невидливи поврзувања и безвременски конекции.
Ова е време за длабоко освежување на нашите умови, сетила, нашата имагинација,
нашите истории и нашите иднини. Оваа работа не може да ја направат изолирани луѓе
кои работат сами. Оваа работа треба да ја направиме заедно. Театарот е покана да ја
направиме оваа работа заедно.
Длабоко Ви благодарам за Вашата работа, ќе напише во својата порака, Селарс.

Пораката на Селарс прочитана на македонски од страна на актерката Симона Димковска во превод на режисерката и професорка која при изборот на македонската порака беше програмски продуцент од ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, д-р Иванка Апостолова Баскар.

Питер Селарс се занимава со режирање на опера, театар и фестивали. Досега се здобил со меѓународно признание за неговите револуционерни и трансформативни интерпретации на класиците; интерпретирањето на 20-тиот век и современата музика и колаборативните проекти со извонреден опсег на креативни и изведувачки уметници. Неговото дело ја осветлува моќта на уметноста како средство за морално изразување и општествено дејствување.

Тој има поставувано опери и театарски претстави на најразлични светски сцени и локации. Како што се вели во неговата биографија, тој е исклучително продуктивна и инспиративна фигура од светската сцена. Добитник е на стипендијата „MacArthur Fellowship“, наградата „Erasmus Prize“ за придонес во европската култура, наградата „Gish Prize“ и член е на Американската академија за уметности и науки. Селарс е добитник и на престижната награда за музика „Polar Music Prize“ и прогласен е за уметник на годината од Musical America.

The post Ана Стојаноска и Питер Селарс- упатија македонска и светска театарска порака за Светскиот ден на театарот: Театарот е пиреј, преживува и преживеал сѐ appeared first on Република.