Светски ден на книгата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den-na-knigata/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Apr 2024 09:30:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светски ден на книгата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den-na-knigata/ 32 32 Europe House го прославува Светскиот ден на книгата со две предавања https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/europe-house-go-proslavuva-svetskiot-den-na-knigata-so-dve-predavana/ Mon, 22 Apr 2024 09:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=769219

На 23 април (вторник) љубителите на литературата ќе имаат можност да го прослават Денот на книгата и на авторското право и да ги проследат предавањата на два истакнати претставници Дејвид Гир, Амбасадорот на Европа во Македонија и Жосе’ Луис Лозано Гарсиа, Амбасадор на Кралството Шпанија во Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Датумот 23 април или „Денот на розите“ не е случаен. Во 1923 година, книжарите во Шпанија се собраа да му оддадат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, кој починал токму на 23 април. Идејата била да се поттикне размената на книги наместо рози, како што се празнувало. А, датумот беше официјално признат како „Светски ден на книгата“ од УНЕСКО во 1995 година, поради фактот што се совпаѓа со смртта на авторот, како и на најголемиот драмски автор на сите времиња – Вилијам Шекспир.

Тие ќе ја отелотворат симболичната приказна, генијалноста и влијанието на овие безвременски автори чии дела резонираат кај читателите од сите возрасти.

The post Europe House го прославува Светскиот ден на книгата со две предавања appeared first on Република.

]]>

На 23 април (вторник) љубителите на литературата ќе имаат можност да го прослават Денот на книгата и на авторското право и да ги проследат предавањата на два истакнати претставници Дејвид Гир, Амбасадорот на Европа во Македонија и Жосе’ Луис Лозано Гарсиа, Амбасадор на Кралството Шпанија во Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Датумот 23 април или „Денот на розите“ не е случаен. Во 1923 година, книжарите во Шпанија се собраа да му оддадат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, кој починал токму на 23 април. Идејата била да се поттикне размената на книги наместо рози, како што се празнувало. А, датумот беше официјално признат како „Светски ден на книгата“ од УНЕСКО во 1995 година, поради фактот што се совпаѓа со смртта на авторот, како и на најголемиот драмски автор на сите времиња – Вилијам Шекспир. Тие ќе ја отелотворат симболичната приказна, генијалноста и влијанието на овие безвременски автори чии дела резонираат кај читателите од сите возрасти.  

The post Europe House го прославува Светскиот ден на книгата со две предавања appeared first on Република.

]]>
Инспириран од стариот каталонски обичај: Светски ден на книгата и авторското право https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/inspiriran-od-stariot-katalonski-obichaj-svetski-den-na-knigata-i-avtorskoto-pravo/ Sun, 23 Apr 2023 06:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=627449

Во светот денеска се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право - 23 Април, востановен од УНЕСКО во 1995 година.

Овој датум се празнува секоја година глобално, како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.

Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ - Скопје традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, со настан кој ќе се одржи утре во просториите на Библиотеката со читање извадоци од романот „Дон Кихот“, а ќе биде отворена изложба на книги „Сеќавање на Хусто Хорхе Падрон“, која ќе ја отвори неговата сопруга Клеопатра Филипова.

НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток и е коoрдинатор на активностите низ државата. Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО. Да се обединиме заедно во празнувањето на книгата, порачуваат од Националната и универзитетска библиотека.

Поддршка и оваа година НУБ доби од Амбасадата на Кралството Шпанија, Амбасадата на Германија и издавачките куќи Арс ламина и Арс – студио.

The post Инспириран од стариот каталонски обичај: Светски ден на книгата и авторското право appeared first on Република.

]]>

Во светот денеска се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право - 23 Април, востановен од УНЕСКО во 1995 година. Овој датум се празнува секоја година глобално, како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза. Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ - Скопје традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, со настан кој ќе се одржи утре во просториите на Библиотеката со читање извадоци од романот „Дон Кихот“, а ќе биде отворена изложба на книги „Сеќавање на Хусто Хорхе Падрон“, која ќе ја отвори неговата сопруга Клеопатра Филипова.
НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток и е коoрдинатор на активностите низ државата. Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО. Да се обединиме заедно во празнувањето на книгата, порачуваат од Националната и универзитетска библиотека.
Поддршка и оваа година НУБ доби од Амбасадата на Кралството Шпанија, Амбасадата на Германија и издавачките куќи Арс ламина и Арс – студио.

The post Инспириран од стариот каталонски обичај: Светски ден на книгата и авторското право appeared first on Република.

]]>
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денес ќе ги прогласи најредовните читатели за 2021 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nu-biblioteka-grigor-prlichev-od-ohrid-denes-kje-gi-proglasi-najredovnite-chitateli-za-2021-godina/ Tue, 26 Apr 2022 06:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=493594

Во чест на Светскиот ден на книгата и на авторското право во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денес ќе бидат прогласени најредовните читателите за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како најчитаните домашни и странски автори и книги.

На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период ќе им се оддолжи со благодарници кои ќе им бидат врачени во рамките на настанот, информираат од Библиотеката.

Во чест на празникот на книгата, велат во Библиотеката ќе бидат прочитани пораките од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и од проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, која ја напиша македонската порака.

The post НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денес ќе ги прогласи најредовните читатели за 2021 година appeared first on Република.

Книгите се сила за справување со современите предизвици: Денеска се прославува Светскиот ден на книгата и авторското право https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knigite-se-sila-za-spravuvanje-so-sovremenite-predizvici-deneska-se-proslavuva-svetskiot-den-na-knigata-i-avtorskoto-pravo/ Sat, 23 Apr 2022 08:39:40 +0000 https://republika.mk/?p=492553

Книгите се сила за справување со современите предизвици, за разбирање на политичката и економската реалност и за борба со нееднаквостите и дезинформациите.

Раскажувањето приказни е неверојатно ефикасна алатка за едукација на помладите генерации, вели Одре Азуле, генерална директорка на УНЕСКО, во годишната порака по повод Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април.

Во ова време кога многумина од нас работат од дома, се самоизолираат и се оддалечуваат од социјално ниво, читањето има навистина важна улога во одржувањето на нас поврзани со другите и внимавањето на нашето ментално здравје. Исто така е одлична можност да уживате во прекрасно споделено искуство со вашите деца, па зошто да не се вклучите во Читањето час (7-8 часот на 23 април) и да го приближите целото семејство да чита заедно? Без разлика дали секоја ја читате својата книга, читате на деца пред спиење или слушате аудио книга додека ја подготвувате вечерата, поминете го овој час со книга. Фотографирајте и споделете го на социјалните медиуми користејќи го #ReadingHour за да видите што читаат другите и се придружуваат на прославата“, велат од World Book Day.

The post Книгите се сила за справување со современите предизвици: Денеска се прославува Светскиот ден на книгата и авторското право appeared first on Република.

]]>

Книгите се сила за справување со современите предизвици, за разбирање на политичката и економската реалност и за борба со нееднаквостите и дезинформациите. Раскажувањето приказни е неверојатно ефикасна алатка за едукација на помладите генерации, вели Одре Азуле, генерална директорка на УНЕСКО, во годишната порака по повод Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април.
Во ова време кога многумина од нас работат од дома, се самоизолираат и се оддалечуваат од социјално ниво, читањето има навистина важна улога во одржувањето на нас поврзани со другите и внимавањето на нашето ментално здравје. Исто така е одлична можност да уживате во прекрасно споделено искуство со вашите деца, па зошто да не се вклучите во Читањето час (7-8 часот на 23 април) и да го приближите целото семејство да чита заедно? Без разлика дали секоја ја читате својата книга, читате на деца пред спиење или слушате аудио книга додека ја подготвувате вечерата, поминете го овој час со книга. Фотографирајте и споделете го на социјалните медиуми користејќи го #ReadingHour за да видите што читаат другите и се придружуваат на прославата“, велат од World Book Day.

The post Книгите се сила за справување со современите предизвици: Денеска се прославува Светскиот ден на книгата и авторското право appeared first on Република.

]]>
Во пресрет на Светскиот ден на книгата, охридската библиотека преминува во отворен тип https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-presret-na-svetskiot-den-na-knigata-ohridskata-biblioteka-preminuva-vo-otvoren-tip/ Tue, 19 Apr 2022 15:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=490622

Во пресрет на 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од утре 20 април од затворен преминува во отворен тип на Библиотека.

Читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите.

Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот.

Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.

Работното време на Библиотеката со читатели останува исто од понеделник до петок од 8.30 до 18.30 часот.

На 26 април, вторник во 12 часот,  во чест на Светскиот ден на книгата на посебен настан во библиотеката ќе бидат прогласени најредовните читателите за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател , како најчитаните домашни и странски автори и книги.

На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период ќе им се оддолжи со благодарници кои ќе им бидат врачени во рамките на настанот.

The post Во пресрет на Светскиот ден на книгата, охридската библиотека преминува во отворен тип appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од утре 20 април од затворен преминува во отворен тип на Библиотека. Читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели. Работното време на Библиотеката со читатели останува исто од понеделник до петок од 8.30 до 18.30 часот. На 26 април, вторник во 12 часот,  во чест на Светскиот ден на книгата на посебен настан во библиотеката ќе бидат прогласени најредовните читателите за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател , како најчитаните домашни и странски автори и книги. На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период ќе им се оддолжи со благодарници кои ќе им бидат врачени во рамките на настанот.

The post Во пресрет на Светскиот ден на книгата, охридската библиотека преминува во отворен тип appeared first on Република.

]]>