Светски ден на детето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den-na-deteto/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 11:12:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светски ден на детето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den-na-deteto/ 32 32 ВО ЖИВО: Прес конференција на премиерот Мицкоски по повод Светскиот ден на детето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-pres-konferentsija-na-premierot-mitskoski-po-povod-svetskiot-den-na-deteto/ Wed, 20 Nov 2024 11:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=839876

Прес конференција на премиерот Христијан Мицкоски по повод Светскиот ден на детето.

https://www.youtube.com/live/lYninFSL5KM?si=X9icomi9m6S1H17e

The post ВО ЖИВО: Прес конференција на премиерот Мицкоски по повод Светскиот ден на детето appeared first on Република.

]]>

Прес конференција на премиерот Христијан Мицкоски по повод Светскиот ден на детето. https://www.youtube.com/live/lYninFSL5KM?si=X9icomi9m6S1H17e

The post ВО ЖИВО: Прес конференција на премиерот Мицкоски по повод Светскиот ден на детето appeared first on Република.

]]>
УНИЦЕФ и Собранието ќе го одбележат Светскиот ден на детето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/unitsef-i-sobranieto-ke-go-odbelezhat-svetskiot-den-na-deteto/ Mon, 20 Nov 2023 09:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=714295

По повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември, Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Собранието на Република Македонија ќе организираат настан насловен „Децата го преземаат Собранието“.

На настанот ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери и претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани, а потоа е предвидено децата да ја преземат собраниската седница на која ќе се говори на теми кои тие ги избрале како најважни.

Меѓу нив се прашањата за квалитетно образование, учество во донесувањето одлуки што го засегаат нивниот живот и состојбата со менталното здравје.

Целта на настанот, кој на децата и младите ќе им даде простор да ги споделат своите гледишта, е пратениците одблизу да слушнат за напредокот поврзан со нивните права. Децата и младите пред народните избраници ќе ги претстават нивните најгорливи прашања, потреби и загрижености. „Децата го преземаат Собранието“ претставува можност да се зборува и за некои од препораките од последните Заклучни согледувања на Комитетот за правата на децата, наведуваат Собранието и УНИЦЕФ.

Оваа година земјава одбележува 30 години од ратификувањето на Конвенцијата за правата на децата и 30 години од работата на УНИЦЕФ.

За датум на Светскиот ден на детето е избран 20 ноември кога е годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата. Се одбележува како ден за акција од децата за децата на глобално ниво.

The post УНИЦЕФ и Собранието ќе го одбележат Светскиот ден на детето appeared first on Република.

]]>

По повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември, Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Собранието на Република Македонија ќе организираат настан насловен „Децата го преземаат Собранието“. На настанот ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери и претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани, а потоа е предвидено децата да ја преземат собраниската седница на која ќе се говори на теми кои тие ги избрале како најважни. Меѓу нив се прашањата за квалитетно образование, учество во донесувањето одлуки што го засегаат нивниот живот и состојбата со менталното здравје.
Целта на настанот, кој на децата и младите ќе им даде простор да ги споделат своите гледишта, е пратениците одблизу да слушнат за напредокот поврзан со нивните права. Децата и младите пред народните избраници ќе ги претстават нивните најгорливи прашања, потреби и загрижености. „Децата го преземаат Собранието“ претставува можност да се зборува и за некои од препораките од последните Заклучни согледувања на Комитетот за правата на децата, наведуваат Собранието и УНИЦЕФ.
Оваа година земјава одбележува 30 години од ратификувањето на Конвенцијата за правата на децата и 30 години од работата на УНИЦЕФ. За датум на Светскиот ден на детето е избран 20 ноември кога е годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата. Се одбележува како ден за акција од децата за децата на глобално ниво.

The post УНИЦЕФ и Собранието ќе го одбележат Светскиот ден на детето appeared first on Република.

]]>
Само дете што ги знае своите права може да препознае кога некое право му е повредено: Денеска е Светски ден на детето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-dete-shto-gi-znae-svoite-prava-moze-da-prepoznae-koga-nekoe-pravo-mu-e-povredeno-deneska-e-svetski-den-na-deteto/ Sun, 20 Nov 2022 08:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=575998

Овој ден може да ни послужи сите нам како инспирација да ги промовираме, застапуваме и славиме правата на децата, така што ќе почнеме да разговараме и да преземаме акции што ќе направат подобар и поправеден свет за децата, се наведува во пораката на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ по повод Светскиот ден на детето - 20 Ноември.

Сите: мајки, татковци, наставници, медицински сестри и доктори, водачи и граѓански активисти, религиозни и лидери во заедниците, деловни могули и медиумски професионалци, како и самите млади и деца, може да имаат важна улога во тоа да го направат Светскиот ден на децата важен во своето општество, заедница и држава. Од климатски промени, образование и ментално здравје, се до стоп за расизам и дискриминација, децата и младите го креваат својот глас за прашања важни за нивната генерација и повик до возрасните да создадат подобра иднина, стои во пораката.

Светскиот ден на детето, востановен во 1954 година, ги промовира меѓународното заедништво и свест меѓу децата низ целиот свет и добросостојбата на децата. На 20 ноември 1959 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, а на 20 ноември 1989 година Генералното собрание на ОН ја усвои Конвенцијата за правата на детето.

Во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на детето, Народниот правобранител завчера презентираше наоди од истражување по анонимен онлајн-прашалник на 1147 средношколци од 14 училишта во Скопје, кое покажува дека 68 отсто од испитаниците не препознаваат орган/институција каде што би се обратиле за заштита при повреда на некое право.

На прашањето колку се охрабрени да пријават повреда на правото – 84 отсто од учениците се охрабрени, што е навистина добар показател. Но, разочарувачки е податокот што дури 68 отсто од одговорите покажуваат непрепознавање орган или институција во државата каде што би можеле да се обратат за повреда на правата, изјави на презентацијата заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.

Според истражувањето, најчести причини за непријавување на повредата се страв или срам, недоверба дека би имало позитивен ефект или затоа што не знае каде да пријави.

Заменик народната правобранителка нагласи дека од особена важност е децата да ги знаат своите права, содржани во Конвенцијата за правата на детето, да ги знаат механизмите за заштита бидејќи само детето што го знае правото може да препознае кога му е повредено.

Само дете кое знае дека се забранети физичкото, психичкото и емоционалното  насилство или сексуалната злоупотреба, ќе знае дека со некоја постапка му се прави булинг, му се врши повреда на правото и, знаејќи ги органите, ќе знае каде треба да го пријави тоа. Не да молчи и да очекува, како што има одговори во истражувањето: „Никој  нема да му посвети внимание на 16-годишно дете“ или „Не сум сигурен дека некој од органите ќе го земе тоа сериозно“, изјави Бајрамовска-Мустафа.

Таа апелираше до учениците да се обратат за секаков вид повреда или за совет во Народен правобранител  и дека институцијата многу сериозно ќе ги сфати нивните пријави.

Повика и да им се посвети големо внимание на стручните служби во училиштата, тие да бидат екипирани и соодветно обучени за препознавање на повредите на правата на децата и да ги охрабруваат за пријавување.

The post Само дете што ги знае своите права може да препознае кога некое право му е повредено: Денеска е Светски ден на детето appeared first on Република.

]]>

Овој ден може да ни послужи сите нам како инспирација да ги промовираме, застапуваме и славиме правата на децата, така што ќе почнеме да разговараме и да преземаме акции што ќе направат подобар и поправеден свет за децата, се наведува во пораката на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ по повод Светскиот ден на детето - 20 Ноември.
Сите: мајки, татковци, наставници, медицински сестри и доктори, водачи и граѓански активисти, религиозни и лидери во заедниците, деловни могули и медиумски професионалци, како и самите млади и деца, може да имаат важна улога во тоа да го направат Светскиот ден на децата важен во своето општество, заедница и држава. Од климатски промени, образование и ментално здравје, се до стоп за расизам и дискриминација, децата и младите го креваат својот глас за прашања важни за нивната генерација и повик до возрасните да создадат подобра иднина, стои во пораката.
Светскиот ден на детето, востановен во 1954 година, ги промовира меѓународното заедништво и свест меѓу децата низ целиот свет и добросостојбата на децата. На 20 ноември 1959 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, а на 20 ноември 1989 година Генералното собрание на ОН ја усвои Конвенцијата за правата на детето. Во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на детето, Народниот правобранител завчера презентираше наоди од истражување по анонимен онлајн-прашалник на 1147 средношколци од 14 училишта во Скопје, кое покажува дека 68 отсто од испитаниците не препознаваат орган/институција каде што би се обратиле за заштита при повреда на некое право.
На прашањето колку се охрабрени да пријават повреда на правото – 84 отсто од учениците се охрабрени, што е навистина добар показател. Но, разочарувачки е податокот што дури 68 отсто од одговорите покажуваат непрепознавање орган или институција во државата каде што би можеле да се обратат за повреда на правата, изјави на презентацијата заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.
Според истражувањето, најчести причини за непријавување на повредата се страв или срам, недоверба дека би имало позитивен ефект или затоа што не знае каде да пријави. Заменик народната правобранителка нагласи дека од особена важност е децата да ги знаат своите права, содржани во Конвенцијата за правата на детето, да ги знаат механизмите за заштита бидејќи само детето што го знае правото може да препознае кога му е повредено.
Само дете кое знае дека се забранети физичкото, психичкото и емоционалното  насилство или сексуалната злоупотреба, ќе знае дека со некоја постапка му се прави булинг, му се врши повреда на правото и, знаејќи ги органите, ќе знае каде треба да го пријави тоа. Не да молчи и да очекува, како што има одговори во истражувањето: „Никој  нема да му посвети внимание на 16-годишно дете“ или „Не сум сигурен дека некој од органите ќе го земе тоа сериозно“, изјави Бајрамовска-Мустафа.
Таа апелираше до учениците да се обратат за секаков вид повреда или за совет во Народен правобранител  и дека институцијата многу сериозно ќе ги сфати нивните пријави. Повика и да им се посвети големо внимание на стручните служби во училиштата, тие да бидат екипирани и соодветно обучени за препознавање на повредите на правата на децата и да ги охрабруваат за пријавување.

The post Само дете што ги знае своите права може да препознае кога некое право му е повредено: Денеска е Светски ден на детето appeared first on Република.

]]>