Светски ден на аутизмот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den-na-autizmot/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Apr 2022 08:59:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светски ден на аутизмот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-den-na-autizmot/ 32 32 Општина Центар ќе изработи регистар за лица со аутизам и посебни потреби и ќе отвори дневни центри https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-centar-kje-izraboti-registar-za-lica-so-autizam-i-posebni-potrebi-i-kje-otvori-dnevni-centri/ Sat, 02 Apr 2022 08:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=482238

Поинакви, но не и помалку вредни. Децата и возрасните лица со аутизам и секоја друга попреченост имаат потреба од квалитетни услуги и поголема грижа, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски по повод денешниот Светски ден за подигнување на свеста за аутизмот.

Ребека Јанковска Ристески, застапник на лицата со попреченост и борец за правата на децата со попреченост и ретки болести ме запозна со најголемите потреби на децата и возрасните. Токму затоа во Општина Центар ќе биде изработен регистар за лица со аутизам и посебни потреби по кој ќе се водиме при следните наши активности но и ќе бидат отворени дневни центри за престој на лицата со попреченост за поголема социјализација но и работа на различни активности кои ќе им го исполнат секојдневието.
Дополнително по барање на родителите ја продолжуваме и програмата за финансиска поддршка на личните асистенти на ученици со посебни образовни потреби и во месеците јуни и јули.
Заедно создаваме подобро и похумано општество, порача градоначалникот.

The post Општина Центар ќе изработи регистар за лица со аутизам и посебни потреби и ќе отвори дневни центри appeared first on Република.

]]>

Поинакви, но не и помалку вредни. Децата и возрасните лица со аутизам и секоја друга попреченост имаат потреба од квалитетни услуги и поголема грижа, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски по повод денешниот Светски ден за подигнување на свеста за аутизмот.
Ребека Јанковска Ристески, застапник на лицата со попреченост и борец за правата на децата со попреченост и ретки болести ме запозна со најголемите потреби на децата и возрасните. Токму затоа во Општина Центар ќе биде изработен регистар за лица со аутизам и посебни потреби по кој ќе се водиме при следните наши активности но и ќе бидат отворени дневни центри за престој на лицата со попреченост за поголема социјализација но и работа на различни активности кои ќе им го исполнат секојдневието. Дополнително по барање на родителите ја продолжуваме и програмата за финансиска поддршка на личните асистенти на ученици со посебни образовни потреби и во месеците јуни и јули. Заедно создаваме подобро и похумано општество, порача градоначалникот.

The post Општина Центар ќе изработи регистар за лица со аутизам и посебни потреби и ќе отвори дневни центри appeared first on Република.

]]>
Одбележување на Светскиот ден на аутизмот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odbelezuvanje-na-svetskiot-den-na-autizmot/ Sat, 02 Apr 2022 06:36:21 +0000 https://republika.mk/?p=482184

Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) и Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет” денеска ќе го одбележат 2 април, Светскиот ден на аутизмот.

По тој повод МНЗА во Кинотеката организира настан насловен „Дружење, дружење и само дружење“. Ќе биде прикажан и филмот „Стела“. Од МНЗА посочуваат дека годинава повторно се вклучиле и во онлајн кампања на Аутизам Европа што се спроведува ширум Европа, а е наречена „Среќно патување низ животот“ за да се нагласи дека е потребен холистички пристап во текот на целиот животен век и за да се осигуриме дека лицата со аутизам можат да ги уживаат своите права и да живеат среќни и исполнети животи.

Се проценува дека седум милиони луѓе се во спектарот на аутизам во Европската унија. Повеќето од нив доживуваат дискриминација во многу области од животот. Кампањата „Среќно патување низ животот“ има за цел да ги истакне грижите и желбите на лицата со аутизам и нивните семејства во однос на различни клучни прашања како што се пристап до образование, вработување, соодветна поддршка за инклузија, самостоен живот, пристапност и политичко учество, меѓу другите. Оваа недела на нашите социјални медиуми Фејсбук, Твитер, Линкедин, Инстаграм беа споделени многу банери и постери со интересна содржина. Луѓето кои сакаат да ја подржат кампањата можат слободно да ги споделуваат овие пораки користејќи го хаштагот #AutismDay2022, информираат од МНЗА.

Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет” по повод Светскиот ден на аутизмот организира настан во Зоолошката Градина – Скопје.

Во програмата, како што информираат од Здружението, освен едукативниот дел ќе има и забава за најмладите, проследена со интересна програма во која се вклучија децата од Златно Славејче, танцовото студио Еурека, зумба со Ирена Лозана, тетарска претстава со уличните акробати и жонглери од ФАЗБАБЛ, куклено мега шоу со Валентино и откачениот пантомимичар Мето.

Целта е подигнување на свесноста за аутизмот и годинава е 10-то одбележување на овој значаен ден. Затоа годинава во подготовка и реализација се вклучија и Здружение на родители на деца и возрасни со аутизам и сродни состојби „Сплотени срца” – Штип, Здружение на граѓани за едукација, инклузија и ран третман на лица со посебни потреби, невладина организација „Боиме сино – Илинден“, Маргарет Курт Талеска од Здружението „Куќа на среќата“ и Ирена Лозана од компанијата „Смартер Гаиа“ иницијатори и организатори на проектот Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост под мотото „Разбери, прифати, сакај…создади инклузивна свесност…, посочуваат од Здружението.

Со резолуција на Генералното собрание на ОН од 2007 година, 2 Април се одбележува како Меѓународен ден на свесноста за аутизмот, а симболично многу објекти во светот се осветлуваат во сина боја.

The post Одбележување на Светскиот ден на аутизмот appeared first on Република.

]]>

Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) и Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет” денеска ќе го одбележат 2 април, Светскиот ден на аутизмот. По тој повод МНЗА во Кинотеката организира настан насловен „Дружење, дружење и само дружење“. Ќе биде прикажан и филмот „Стела“. Од МНЗА посочуваат дека годинава повторно се вклучиле и во онлајн кампања на Аутизам Европа што се спроведува ширум Европа, а е наречена „Среќно патување низ животот“ за да се нагласи дека е потребен холистички пристап во текот на целиот животен век и за да се осигуриме дека лицата со аутизам можат да ги уживаат своите права и да живеат среќни и исполнети животи.
Се проценува дека седум милиони луѓе се во спектарот на аутизам во Европската унија. Повеќето од нив доживуваат дискриминација во многу области од животот. Кампањата „Среќно патување низ животот“ има за цел да ги истакне грижите и желбите на лицата со аутизам и нивните семејства во однос на различни клучни прашања како што се пристап до образование, вработување, соодветна поддршка за инклузија, самостоен живот, пристапност и политичко учество, меѓу другите. Оваа недела на нашите социјални медиуми Фејсбук, Твитер, Линкедин, Инстаграм беа споделени многу банери и постери со интересна содржина. Луѓето кои сакаат да ја подржат кампањата можат слободно да ги споделуваат овие пораки користејќи го хаштагот #AutismDay2022, информираат од МНЗА.
Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет” по повод Светскиот ден на аутизмот организира настан во Зоолошката Градина – Скопје. Во програмата, како што информираат од Здружението, освен едукативниот дел ќе има и забава за најмладите, проследена со интересна програма во која се вклучија децата од Златно Славејче, танцовото студио Еурека, зумба со Ирена Лозана, тетарска претстава со уличните акробати и жонглери од ФАЗБАБЛ, куклено мега шоу со Валентино и откачениот пантомимичар Мето.