светски берзи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-berzi/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Nov 2023 21:36:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png светски берзи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetski-berzi/ 32 32 Паднаа цените на нафтата на светските берзи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/padnaa-tsenite-na-naftata-na-svetskite-berzi/ Thu, 16 Nov 2023 21:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=702349

На лондонската берза цената на барелот по пладне беше пониска за 2,60 долари во однос на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 78,58 долари. Речиси за исто толку барелот поевтини на американскиот пазар и се лизна на 74,01 долар.

Трговците се загрижени од зголемувањето на залихите во САД минатата недела, за 3,6 милиони барели, според владините податоци во Вашингтон, многу посилни отколку што очекуваа аналитичарите.

Производството останало на рекордни 13,2 милиони барели дневно.

Падот на цената на суровата нафта е во спротивност со проценките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), кои прогнозираат тесна понуда во четвртиот квартал, забележува Тамас Варга од PVM.

Економската активност на Кина зајакна во октомври, при што растот на продажбата на мало ги надмина очекувањата, но аналитичарите предвидуваа забавување на рафинериското производство поради послабата побарувачка за гориво и пониските маржи на рафинериите.

„Цените на нафтата моментално паѓаат и покрај навидум поволното опкружување, што доведува до заклучок дека инвеститорите едноставно не веруваат во проценките за „раст во четвртиот квартал“, а тие не беа поддржани од новите неделни извештаи на американската влада“, вели Варга.

Во посебен извештај, ОПЕК објави дека вчера цената на барел на нафтената кошничка на нејзините членки се намалила за 61 цент на 84,86 долари.

 

The post Паднаа цените на нафтата на светските берзи appeared first on Република.

]]>

На лондонската берза цената на барелот по пладне беше пониска за 2,60 долари во однос на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 78,58 долари. Речиси за исто толку барелот поевтини на американскиот пазар и се лизна на 74,01 долар. Трговците се загрижени од зголемувањето на залихите во САД минатата недела, за 3,6 милиони барели, според владините податоци во Вашингтон, многу посилни отколку што очекуваа аналитичарите. Производството останало на рекордни 13,2 милиони барели дневно. Падот на цената на суровата нафта е во спротивност со проценките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), кои прогнозираат тесна понуда во четвртиот квартал, забележува Тамас Варга од PVM. Економската активност на Кина зајакна во октомври, при што растот на продажбата на мало ги надмина очекувањата, но аналитичарите предвидуваа забавување на рафинериското производство поради послабата побарувачка за гориво и пониските маржи на рафинериите. „Цените на нафтата моментално паѓаат и покрај навидум поволното опкружување, што доведува до заклучок дека инвеститорите едноставно не веруваат во проценките за „раст во четвртиот квартал“, а тие не беа поддржани од новите неделни извештаи на американската влада“, вели Варга. Во посебен извештај, ОПЕК објави дека вчера цената на барел на нафтената кошничка на нејзините членки се намалила за 61 цент на 84,86 долари.  

The post Паднаа цените на нафтата на светските берзи appeared first on Република.

]]>
Падот на азиските берзи го следи падот на Волстрит https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/padot-na-aziskite-berzi-go-sledi-padot-na-volstrit/ Thu, 17 Nov 2022 15:18:24 +0000 https://republika.mk/?p=575021

На азиските берзи паднаа цените на акциите, најмногу во технолошкиот сектор, по предупредувањето на „Микрон“ дека ќе го намали производството на чипови поради преголемите резерви и послабата потрошувачка.

Азиско-пацифичкиот индекс на акции МСЦИ, без јапонските, околу седум часот беше во минус 0,6 проценти.

Јапонскиот индекс Никеј ослаби за 0,30 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Хонгконг се „лизнаа“ меѓу 0,7 и 2,2 проценти. Во Австралија, пак, пораснаа за 0,2 отсто.

The post Падот на азиските берзи го следи падот на Волстрит appeared first on Република.

]]>

На азиските берзи паднаа цените на акциите, најмногу во технолошкиот сектор, по предупредувањето на „Микрон“ дека ќе го намали производството на чипови поради преголемите резерви и послабата потрошувачка. Азиско-пацифичкиот индекс на акции МСЦИ, без јапонските, околу седум часот беше во минус 0,6 проценти. Јапонскиот индекс Никеј ослаби за 0,30 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Хонгконг се „лизнаа“ меѓу 0,7 и 2,2 проценти. Во Австралија, пак, пораснаа за 0,2 отсто.

The post Падот на азиските берзи го следи падот на Волстрит appeared first on Република.

]]>
Утрово драстично намалување на цената на нафтата на светските берзи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/utrovo-drastichno-namaluvanje-na-cenata-na-naftata-na-svetskite-berzi/ Sun, 19 Jun 2022 15:25:33 +0000 https://republika.mk/?p=517302

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 113 долари, што е значителен пад во однос на претходните денови кога цената беше 121 долар за барел.

Освен нафтата од утрово и цената на пченицата е во минус. Цената на пченицата е 1.046 долари за тон, што е пад од околу 3 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 784 долари, што е слична вредност како и претходните денови.

Во минус е и пазарот на криптовалути. Цената на биткоинот денеска падна на 18.303 долари, за прв пат од декември 2020 година.

 

The post Утрово драстично намалување на цената на нафтата на светските берзи appeared first on Република.

]]>

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 113 долари, што е значителен пад во однос на претходните денови кога цената беше 121 долар за барел. Освен нафтата од утрово и цената на пченицата е во минус. Цената на пченицата е 1.046 долари за тон, што е пад од околу 3 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 784 долари, што е слична вредност како и претходните денови. Во минус е и пазарот на криптовалути. Цената на биткоинот денеска падна на 18.303 долари, за прв пат од декември 2020 година.  

The post Утрово драстично намалување на цената на нафтата на светските берзи appeared first on Република.

]]>
Цената на нафтата на светските берзи пак се зголеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/cenata-na-naftata-na-svetskite-berzi-pak-se-zgolemi/ Wed, 23 Mar 2022 16:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=477268

Цената на нафтата во средата се зголеми на меѓународните пазари до 122 долари за барел, поттикната од прекинот на извозот на руска и казахстанска нафта преку каспискиот нафтовод.

На лондонската берза цената за барел нафта се зголеми за 6.35 долари во однос на претходниот ден, достигнувајќи 121,8 долари. На американскиот пазар барел нафта денеска се тргуваше по цена од 115 долари, или 5,72 долари повеќе во однос на претходниот ден.

Пазарите ги размрда предупредувањето на Русија дека пореди оштетувањето на каспискиот нафтовод СПС, нејзиниот извоз на нафта ќе биде намален до милион барели на ден, што одговaра на еден процент од светското производство.

Испораките преку СПС нафтоводот денеска се целосно прекинати, а поправката ќе трае најмалку месец и половина.

„Цените на нафтата растат првенствено поради загубата на СПС извозот на нафта од Новоросијск, кој изнесува околу 1,3 милиони извезени барели дневно“, објаснува Мет Смит од Кплер.

Пазарите, истовремено, ги вознемирува и можноста од нови санкции кон Русија, вториот најголем извозник на сурова нафта во светот, поради нејзината инвазија во Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден, се очекува да најави нови санкции во четврток на состанокот со европските лидери во Брисел, вклучително и вонредниот НАТО самит.

Забраната за увоз на руска нафта и деривати, се уште предизвикува поделби меѓу земјите од ЕУ, но тоа може да се промени по истекот на краткорочните договори.

Нервоза предизвикува и значителниот пад на резервите во САД, најголемиот потрошувач во светот, што го нагласува стравот од недостаток. Според податоците на Американскиот институт за нафта, резервите на сурова нафта минатата недела биле 4,3 милиони барели. Официјалните податоци на американската влада ќе бидат објавени во текот на неделава.

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) денеска објави дека барел нафта од нејзините земји членки вчера се тргувал по 114,60 долари, што значи дека поскапел за 79 центи во однос на претходниот ден.

 

The post Цената на нафтата на светските берзи пак се зголеми appeared first on Република.

]]>

Цената на нафтата во средата се зголеми на меѓународните пазари до 122 долари за барел, поттикната од прекинот на извозот на руска и казахстанска нафта преку каспискиот нафтовод. На лондонската берза цената за барел нафта се зголеми за 6.35 долари во однос на претходниот ден, достигнувајќи 121,8 долари. На американскиот пазар барел нафта денеска се тргуваше по цена од 115 долари, или 5,72 долари повеќе во однос на претходниот ден. Пазарите ги размрда предупредувањето на Русија дека пореди оштетувањето на каспискиот нафтовод СПС, нејзиниот извоз на нафта ќе биде намален до милион барели на ден, што одговaра на еден процент од светското производство. Испораките преку СПС нафтоводот денеска се целосно прекинати, а поправката ќе трае најмалку месец и половина. „Цените на нафтата растат првенствено поради загубата на СПС извозот на нафта од Новоросијск, кој изнесува околу 1,3 милиони извезени барели дневно“, објаснува Мет Смит од Кплер. Пазарите, истовремено, ги вознемирува и можноста од нови санкции кон Русија, вториот најголем извозник на сурова нафта во светот, поради нејзината инвазија во Украина. Американскиот претседател Џо Бајден, се очекува да најави нови санкции во четврток на состанокот со европските лидери во Брисел, вклучително и вонредниот НАТО самит. Забраната за увоз на руска нафта и деривати, се уште предизвикува поделби меѓу земјите од ЕУ, но тоа може да се промени по истекот на краткорочните договори. Нервоза предизвикува и значителниот пад на резервите во САД, најголемиот потрошувач во светот, што го нагласува стравот од недостаток. Според податоците на Американскиот институт за нафта, резервите на сурова нафта минатата недела биле 4,3 милиони барели. Официјалните податоци на американската влада ќе бидат објавени во текот на неделава. Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) денеска објави дека барел нафта од нејзините земји членки вчера се тргувал по 114,60 долари, што значи дека поскапел за 79 центи во однос на претходниот ден.  

The post Цената на нафтата на светските берзи пак се зголеми appeared first on Република.

]]>
Цената на нафтата на светските берзи урива рекорди, ќе има ли ново зголемување и кај нас? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cenata-na-naftata-na-svetskite-berzi-uriva-rekordi-kje-ima-li-novo-zgolemuvanje-i-kaj-nas/ Mon, 07 Mar 2022 07:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=468717

Цените на нафтата се искачија на највисоко ниво од 2008 година, откако САД соопштија дека разговараат за потенцијално ембарго на руските испораки со своите сојузници. Суровата нафта „брент“ – глобалниот репер за нафта – се искачи над 139 долари за барел во азиската трговија, пред да се намали на под 130 долари.

Пазарите на енергија беа потресени во последните денови поради стравувањата за снабдување предизвикани од руската инвазија врз Украина. Потрошувачите веќе го чувствуваат влијанието на повисоките трошоци за енергија бидејќи скокаат цените на горивата и сметките за домаќинствата, јави Би-Би-Си.

И Македонија е погодена од ова. Цената на горивата достигнуваат маскимум па може да се очекува на следната седница Регулаторната комисија да објави ново зголемување.

 

The post Цената на нафтата на светските берзи урива рекорди, ќе има ли ново зголемување и кај нас? appeared first on Република.

]]>

Цените на нафтата се искачија на највисоко ниво од 2008 година, откако САД соопштија дека разговараат за потенцијално ембарго на руските испораки со своите сојузници. Суровата нафта „брент“ – глобалниот репер за нафта – се искачи над 139 долари за барел во азиската трговија, пред да се намали на под 130 долари. Пазарите на енергија беа потресени во последните денови поради стравувањата за снабдување предизвикани од руската инвазија врз Украина. Потрошувачите веќе го чувствуваат влијанието на повисоките трошоци за енергија бидејќи скокаат цените на горивата и сметките за домаќинствата, јави Би-Би-Си. И Македонија е погодена од ова. Цената на горивата достигнуваат маскимум па може да се очекува на следната седница Регулаторната комисија да објави ново зголемување.  

The post Цената на нафтата на светските берзи урива рекорди, ќе има ли ново зголемување и кај нас? appeared first on Република.

]]>