Светска туристичка организација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetska-turistichka-organizacija/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Jun 2022 06:54:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светска туристичка организација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetska-turistichka-organizacija/ 32 32 Русија официјално ја напушта Светската туристичка организација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-oficijalno-ja-napushta-svetskata-turistichka-organizacija/ Sat, 11 Jun 2022 06:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=513726

Руските власти синоќа соопштија дека земјата официјално се повлекува од Светската туристичка организација, од која беше исфрлена во април поради инвазијата врз Украина.

Владата „го прифаќа предлогот на Министерството за надворешни работи на Русија за повлекување на Русија од Светската туристичка организација“, се наведува во указот потпишан од рускиот премиер Михаил Мишустин.

Светската туристичка организација, агенција на ОН одговорна за промовирање на туризмот со седиште во Мадрид, на 27 април соопшти дека ја исклучува Русија поради нејзината интервенција во Украина, за која смета дека е спротивна на нејзините вредности.

The post Русија официјално ја напушта Светската туристичка организација appeared first on Република.

]]>

Руските власти синоќа соопштија дека земјата официјално се повлекува од Светската туристичка организација, од која беше исфрлена во април поради инвазијата врз Украина. Владата „го прифаќа предлогот на Министерството за надворешни работи на Русија за повлекување на Русија од Светската туристичка организација“, се наведува во указот потпишан од рускиот премиер Михаил Мишустин. Светската туристичка организација, агенција на ОН одговорна за промовирање на туризмот со седиште во Мадрид, на 27 април соопшти дека ја исклучува Русија поради нејзината интервенција во Украина, за која смета дека е спротивна на нејзините вредности.

The post Русија официјално ја напушта Светската туристичка организација appeared first on Република.

]]>
Русија суспендирана од Светската туристичка организација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-suspendirana-od-svetskata-turistichka-organizacija/ Thu, 28 Apr 2022 08:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=494616

Руската Федерација е суспендирана од Светската туристичка организација (UNWTO), со што веднаш ги губи правата и привилегиите како членка на специјализираната агенција на ОН за туризам.

Одлуката за суспензијата што беше предложена минатиот месец од Извршниот совет на UNWTO, е донесена на вонредното Генерално собрание на организацијата што се одржува во Мадрид.

На најавите од Извршниот совет на UNWTO за суспензија, руската делегација одби да ја брани својата позиција, најавувајќи повлекување од Организацијата уште пред дебатата по предлогот.

Собранието на UNWTO со повеќе од двотретинско мнозинство ја изгласа суспензијата, така што одлуката стапува во сила веднаш, додека доброволното повлекување стапува во сила една година откако членката преку соодветни канали ќе поднесе такво официјално барање.

Генералниот секретар на UNWTO, Зураб Пололикашвили, истакна дека членството на Организацијата со одлуката испратило јасна порака дека туризмот е столб на мирот и меѓународното пријателство, а членките на UNWTO без исклучок мора да ги почитуваат тие вредности или да се соочат со последиците.

Ова вонредно Генерално собрание покажува дека дејствијата на Русија се неодбранливи и спротивни на принципите на UNWTO и меѓународното раководење, рече тој.

Од UNWTO се нагласува дека сите членки се посветени на развојот на туризмот „со намера да придонесат за економски развој, меѓународно разбирање, мир, напредок и универзална перспектива и почитување на човековите права“.

Притоа се појаснува дека со губењето на правата и привилегиите за членство Русија нема да да може да добива услуги од UNWTO – вклучувајќи техничка помош, ниту пак ќе може да учествуваат на какви било состаноци или активности организирани од Организацијата. Исто така, на Русија нема да и биде дозволено да предлага свои кандидати за членови на телата на UNWTO.

Одлуката за суспендирање на членството на Руската Федерација е донесена согласно Статутот на UNWTO во кој, меѓу другото, се наведува дека секоја земја-членка може да биде суспендирана доколку две третини од членките проценат дека некоја држава опстојуваа во политиките спротивни на основните цели на организација.

Суспензијата е привремена и може да биде укината, но само со одлука на Генералното собрание и според истата процедура.

The post Русија суспендирана од Светската туристичка организација appeared first on Република.

]]>

Руската Федерација е суспендирана од Светската туристичка организација (UNWTO), со што веднаш ги губи правата и привилегиите како членка на специјализираната агенција на ОН за туризам. Одлуката за суспензијата што беше предложена минатиот месец од Извршниот совет на UNWTO, е донесена на вонредното Генерално собрание на организацијата што се одржува во Мадрид. На најавите од Извршниот совет на UNWTO за суспензија, руската делегација одби да ја брани својата позиција, најавувајќи повлекување од Организацијата уште пред дебатата по предлогот. Собранието на UNWTO со повеќе од двотретинско мнозинство ја изгласа суспензијата, така што одлуката стапува во сила веднаш, додека доброволното повлекување стапува во сила една година откако членката преку соодветни канали ќе поднесе такво официјално барање. Генералниот секретар на UNWTO, Зураб Пололикашвили, истакна дека членството на Организацијата со одлуката испратило јасна порака дека туризмот е столб на мирот и меѓународното пријателство, а членките на UNWTO без исклучок мора да ги почитуваат тие вредности или да се соочат со последиците. Ова вонредно Генерално собрание покажува дека дејствијата на Русија се неодбранливи и спротивни на принципите на UNWTO и меѓународното раководење, рече тој. Од UNWTO се нагласува дека сите членки се посветени на развојот на туризмот „со намера да придонесат за економски развој, меѓународно разбирање, мир, напредок и универзална перспектива и почитување на човековите права“. Притоа се појаснува дека со губењето на правата и привилегиите за членство Русија нема да да може да добива услуги од UNWTO – вклучувајќи техничка помош, ниту пак ќе може да учествуваат на какви било состаноци или активности организирани од Организацијата. Исто така, на Русија нема да и биде дозволено да предлага свои кандидати за членови на телата на UNWTO. Одлуката за суспендирање на членството на Руската Федерација е донесена согласно Статутот на UNWTO во кој, меѓу другото, се наведува дека секоја земја-членка може да биде суспендирана доколку две третини од членките проценат дека некоја држава опстојуваа во политиките спротивни на основните цели на организација. Суспензијата е привремена и може да биде укината, но само со одлука на Генералното собрание и според истата процедура.

The post Русија суспендирана од Светската туристичка организација appeared first on Република.

]]>