светска премиера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetska-premiera/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 07:06:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png светска премиера Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetska-premiera/ 32 32 Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец вечерва на Сараевскиот филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-filmot-ubij-gi-prvo-detsata-na-dimitar-orovchanets-vecherva-na-saraevskiot-filmski-festival/ Mon, 19 Aug 2024 07:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=807791

На 30. Сараевскиот филмски фестивал вечер во амфитеатарот Open Air ќе се одржи премиера на македонскиот долгометражен филм „Убиј ги прво децата“, по сценарио и во режија на Димитар Оровчанец.

Филмот, кој ќе се прикажува во официјалната програма, е комична приказна за тинејџерка-балерина, нејзиното лудо вљубено момче и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.

„Убиј ги прво децата“ е дебитантски игран филм на Димитар Оровчанец, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а во продукција на „Трис филмс“ и „ДМФ филмс“. Продуценти на филмот се Атанас Георгиев и Дејан Илиев.

Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Во другите улоги играат Александар Ѓорѓиевски, Стефан Вујисиќ, Марко Трајковиќ, Адријан Азири, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Атанас Тановски, Марија Јанчевска, Ненад Нацев, Александар Микиќ и други.

Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Илина Чолак, монтажер е Софија Самоиловска Јовановиќ, а композитори на музиката се Дарко Спасовски и Игор Василев-Новоградска.

Филмскиот фестивал во Сараево е од „А“ класа и е еден од најголемите и највлијателни фестивали во поширокиот регион. Ова е неговото 30-то издание. Годинешните лауреати на фестивалот се актерката Мег Рајан, оскаровецот, режисер, сценарист и продуцент Александар Пејн и актерот Џон Туртуро.

Програмата Open Air, а воедно и фестивалот ќе го отвори последниот филм на оскаровецот Данис Тановиќ – „По летото“. Покрај филмовите на Тановиќ и Оровчанец, ќе бидат прикажани и последните остварувања на Квентин Дупие, Емануел Коркол, Рајко Грлиќ и други.

The post Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец вечерва на Сараевскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

На 30. Сараевскиот филмски фестивал вечер во амфитеатарот Open Air ќе се одржи премиера на македонскиот долгометражен филм „Убиј ги прво децата“, по сценарио и во режија на Димитар Оровчанец. Филмот, кој ќе се прикажува во официјалната програма, е комична приказна за тинејџерка-балерина, нејзиното лудо вљубено момче и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео. „Убиј ги прво децата“ е дебитантски игран филм на Димитар Оровчанец, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а во продукција на „Трис филмс“ и „ДМФ филмс“. Продуценти на филмот се Атанас Георгиев и Дејан Илиев. Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Во другите улоги играат Александар Ѓорѓиевски, Стефан Вујисиќ, Марко Трајковиќ, Адријан Азири, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Атанас Тановски, Марија Јанчевска, Ненад Нацев, Александар Микиќ и други. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Илина Чолак, монтажер е Софија Самоиловска Јовановиќ, а композитори на музиката се Дарко Спасовски и Игор Василев-Новоградска. Филмскиот фестивал во Сараево е од „А“ класа и е еден од најголемите и највлијателни фестивали во поширокиот регион. Ова е неговото 30-то издание. Годинешните лауреати на фестивалот се актерката Мег Рајан, оскаровецот, режисер, сценарист и продуцент Александар Пејн и актерот Џон Туртуро. Програмата Open Air, а воедно и фестивалот ќе го отвори последниот филм на оскаровецот Данис Тановиќ – „По летото“. Покрај филмовите на Тановиќ и Оровчанец, ќе бидат прикажани и последните остварувања на Квентин Дупие, Емануел Коркол, Рајко Грлиќ и други.

The post Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец вечерва на Сараевскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
„Последниот каубој“ на македонскиот копродуцент „Круг Филм” ќе има светска премиера на Сараево Филм Фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/posledniot-kauboj-na-makedonskiot-koprodutsent-krug-film-ke-ima-svetska-premiera-na-saraevo-film-festival/ Thu, 08 Aug 2024 07:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=804446

Документарниот филм „Последниот каубој“, во кој македонски копродуцент е „Круг филм“, ќе ја има својата светска премиера на 30. издание на Сараевски филмски фестивал, што ќе се одржи од 16 до 22 август.

Режисер на филмот е Тадеј Чатер од Словенија. Филмот ја раскажува приказната на славниот каубој од Бјелина, Хари Џексон – што го живеел својот сон да биде каубој и да снима филмови за каубои. За него велат дека го сонувал својот сон и во исто време си го отсонувал својот цел живот. Тој го сменил и својот идентитет од Аљуш Мусли до Хери Џексон.

The post „Последниот каубој“ на македонскиот копродуцент „Круг Филм” ќе има светска премиера на Сараево Филм Фестивал appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм „Последниот каубој“, во кој македонски копродуцент е „Круг филм“, ќе ја има својата светска премиера на 30. издание на Сараевски филмски фестивал, што ќе се одржи од 16 до 22 август. Режисер на филмот е Тадеј Чатер од Словенија. Филмот ја раскажува приказната на славниот каубој од Бјелина, Хари Џексон – што го живеел својот сон да биде каубој и да снима филмови за каубои. За него велат дека го сонувал својот сон и во исто време си го отсонувал својот цел живот. Тој го сменил и својот идентитет од Аљуш Мусли до Хери Џексон.

The post „Последниот каубој“ на македонскиот копродуцент „Круг Филм” ќе има светска премиера на Сараево Филм Фестивал appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на 30. Сараевски филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-filmot-ubij-gi-prvo-detsata-na-30-saraevski-filmski-festival/ Tue, 06 Aug 2024 07:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=803738

Долгометражниот игран филм „Убиј ги прво децата“, по сценарио и во режија на Димитар Оровчанец, е во официјалната програма „Open Air“ на 30. Сараевски филмски фестивал. Светската премиера на филмот ќе се одржи во амфитеатарот „Open Air“ на 19 август, со почеток во 21:45 часот.

Се работи за комична приказна за тинејџерка-балерина, нејзиното лудо вљубено момче и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео, објаснуваат од „Трис филмс“.

„’Убиј ги прво децата’ е дебитантски игран филм на Оровчанец, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а во продукција на ‘Трис филмс’ и ‘ДМФ филмс’. Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Во другите улоги играат Александар Ѓорѓиевски, Стефан Вујисиќ, Марко Трајковиќ, Адријан Азири, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Атанас Тановски, Марија Јанчевска, Ненад Нацев, Александар Микиќ и други. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Илина Чолак, монтажер е Софија Самоиловска Јовановиќ, а композитори на музиката се Дарко Спасовски и Игор Василев-Новоградска. Продуценти на филмот се Атанас Георгиев и Дејан Илиев“, велат од „Трис филмс“.

Филмскиот фестивал во Сараево е од „А“ класа и е еден од најголемите и највлијателни фестивали во поширокиот регион, посочуваат од продукцијата и додаваат дека годинешните лауреати на фестивалот се актерката Мег Рајан, оскаровецот, режисер, сценарист и продуцент Александар Пејн и актерот Џон Туртуро.

The post Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на 30. Сараевски филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Долгометражниот игран филм „Убиј ги прво децата“, по сценарио и во режија на Димитар Оровчанец, е во официјалната програма „Open Air“ на 30. Сараевски филмски фестивал. Светската премиера на филмот ќе се одржи во амфитеатарот „Open Air“ на 19 август, со почеток во 21:45 часот. Се работи за комична приказна за тинејџерка-балерина, нејзиното лудо вљубено момче и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео, објаснуваат од „Трис филмс“. „’Убиј ги прво децата’ е дебитантски игран филм на Оровчанец, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а во продукција на ‘Трис филмс’ и ‘ДМФ филмс’. Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Во другите улоги играат Александар Ѓорѓиевски, Стефан Вујисиќ, Марко Трајковиќ, Адријан Азири, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Атанас Тановски, Марија Јанчевска, Ненад Нацев, Александар Микиќ и други. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Илина Чолак, монтажер е Софија Самоиловска Јовановиќ, а композитори на музиката се Дарко Спасовски и Игор Василев-Новоградска. Продуценти на филмот се Атанас Георгиев и Дејан Илиев“, велат од „Трис филмс“. Филмскиот фестивал во Сараево е од „А“ класа и е еден од најголемите и највлијателни фестивали во поширокиот регион, посочуваат од продукцијата и додаваат дека годинешните лауреати на фестивалот се актерката Мег Рајан, оскаровецот, режисер, сценарист и продуцент Александар Пејн и актерот Џон Туртуро.

The post Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на 30. Сараевски филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на „Крал Лир“ во режија на Џон Блондел на „Охридско лето“: Претстава за внатрешното слепило на луѓето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svetska-premiera-na-kral-lir-vo-rezhija-na-dhon-blondel-na-ohridsko-leto-pretstava-za-vnatreshnoto-slepilo-na-lugeto/ Mon, 29 Jul 2024 10:35:38 +0000 https://republika.mk/?p=801308

Актерите од „Lit Moon Theatre“ од Санта Барбара, САД, вчера во рамки на Американската вечер на „Охридско лето“ ја одиграа светската премиера на претставата „Крал Лир“, од Вилијам Шекспир.

Создадена од уметници од Македонија, Ерменија, Финска и САД, претставата е режирана од извонредниот Џон Блондел по импресии од сцената на предворјето на црквата „Света Софија“. Сценографијата и костимите пак, се дело на нашиот познат костимограф Благој Мицевски кому ова му е втора премиера годинава на „Охридско лето“, по неодамнешната „Галеб“ со Битолскиот народен театар.

Преку играта на актерската екипа се прикажаа живописни слики и визуелно раскажување приказни, раскажани на јазикот на Шекспир. Изведбата евоцира изгубени светови и минати времиња, атмосфери преплавени со антички ритуали, духови и соништа, едноставно раскажување и оригинална музика.

Целата претстава е исполенета со референци за слепилото, не физичкото туку внатрешното слепило… трагедијата да се биде слеп при очи, рече главниот актер Ирвин Апел кој ја игра улогата на кралот Лир.

Претставата испреплете приказни за две семејства. Во едното, Лир го дели своето кралство меѓу двете ќерки кои му ласкаат, а ја прогонуваат најмладата ќерка која искрено го сака. Во другата приказна, војводата од Глостер му верува на синот кој е предавник, но се сомнева во неговата лојалност. Приказните на крајот се спојуваат во една со премногу болка.

Основан во 1991 година, „ Lit Moon Theatre Company“ е колектив на театарски уметници со седиште во Санта Барбара. Неговата мисија е да понуди театарски искуства кои го прошируваат и продлабочуваат разбирањето на светскиот театар и културните традиции и промовираат и инспирираат меѓукултурно разбирање преку театарска изведба во живо. Од 1992 година, Lit Moon создаде 45 нови театарски проекти, продуцира тринаесет меѓународни театарски фестивали, доби десетици награди за своите уметници.

Џон Блондел е добитник на 13 независни театарски награди а во 2003 година добитник е на награда за факултетско истражување од колеџот Вестмонд, во 2013 е именуван за учител на годината и „локален херој“за неговата „неуморна посветеност“ во меѓународната театарска заедница. До денес, Џон има режирано над 100 продукции во САД, Европа и Азија.

The post Светска премиера на „Крал Лир“ во режија на Џон Блондел на „Охридско лето“: Претстава за внатрешното слепило на луѓето appeared first on Република.

]]>

Актерите од „Lit Moon Theatre“ од Санта Барбара, САД, вчера во рамки на Американската вечер на „Охридско лето“ ја одиграа светската премиера на претставата „Крал Лир“, од Вилијам Шекспир.

Создадена од уметници од Македонија, Ерменија, Финска и САД, претставата е режирана од извонредниот Џон Блондел по импресии од сцената на предворјето на црквата „Света Софија“. Сценографијата и костимите пак, се дело на нашиот познат костимограф Благој Мицевски кому ова му е втора премиера годинава на „Охридско лето“, по неодамнешната „Галеб“ со Битолскиот народен театар.

Преку играта на актерската екипа се прикажаа живописни слики и визуелно раскажување приказни, раскажани на јазикот на Шекспир. Изведбата евоцира изгубени светови и минати времиња, атмосфери преплавени со антички ритуали, духови и соништа, едноставно раскажување и оригинална музика.

Целата претстава е исполенета со референци за слепилото, не физичкото туку внатрешното слепило… трагедијата да се биде слеп при очи, рече главниот актер Ирвин Апел кој ја игра улогата на кралот Лир.

Претставата испреплете приказни за две семејства. Во едното, Лир го дели своето кралство меѓу двете ќерки кои му ласкаат, а ја прогонуваат најмладата ќерка која искрено го сака. Во другата приказна, војводата од Глостер му верува на синот кој е предавник, но се сомнева во неговата лојалност. Приказните на крајот се спојуваат во една со премногу болка.

Основан во 1991 година, „ Lit Moon Theatre Company“ е колектив на театарски уметници со седиште во Санта Барбара. Неговата мисија е да понуди театарски искуства кои го прошируваат и продлабочуваат разбирањето на светскиот театар и културните традиции и промовираат и инспирираат меѓукултурно разбирање преку театарска изведба во живо. Од 1992 година, Lit Moon создаде 45 нови театарски проекти, продуцира тринаесет меѓународни театарски фестивали, доби десетици награди за своите уметници.

Џон Блондел е добитник на 13 независни театарски награди а во 2003 година добитник е на награда за факултетско истражување од колеџот Вестмонд, во 2013 е именуван за учител на годината и „локален херој“за неговата „неуморна посветеност“ во меѓународната театарска заедница. До денес, Џон има режирано над 100 продукции во САД, Европа и Азија.

The post Светска премиера на „Крал Лир“ во режија на Џон Блондел на „Охридско лето“: Претстава за внатрешното слепило на луѓето appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ на фестивал во Копенхаген https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-filmot-efterklang-makedonium-bend-na-festival-vo-kopenhagen/ Sat, 23 Mar 2024 09:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=757702

Скопје, 23 март 2024 (МИА) - Светска премиера на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм „CPH:DOX“ во Копенхаген, Данска денеска ќе има филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на Младински културен центар (МКЦ), Rosforth и Rumraket.

Премиерата на филмот ќе биде проследена со уникатен концерт на ансамблот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во кој членуваат 22 македонски музичари. Во рамките на концертот, ќе бидат отсвирени најпознатите песни од бендот Ефтеркланг, но и македонски песни и џез стандарди во препознатливиот народен ритам.

Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум“ во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност.

Филмот ја заокружува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ нашата земја. Во тој процес на регртурација на членови за новиот супер состав наречен „Ефтеркланг: Македониум бенд“, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски Грга, нивен пријател и посредник во целата авантура. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект.

Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.

-Неверојатно сме возбудени за приликата да ете, се испробаме и во филмот. МКЦ стои гордо како продуцент на овој музички документарен запис, чија идеја потекна токму од тука, од еден од настапите на Ефтеркланг на музичкиот фестивал Здраво Млади. Инспирацијата од Крушево, од монументалноста на споменикот „Македониум“ кој покрај државотворниот симболизам, буди и чувства на уметничка независност и израз беше токму вистинската линија за нарација на целиот филм. Веста дека премиерата на филмот ќе се случи на „CPH:DOX“ беше огромно изненадување, изјави Владица Младеновски од МКЦ.

Реализацијата на филмот е поддржана од Министерството за култура со 250.000 денари, како и од Данскиот уметнички совет и „Culture Moves Europe“ програмата на Европска Унија.

 

The post Светска премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ на фестивал во Копенхаген appeared first on Република.

]]>

Скопје, 23 март 2024 (МИА) - Светска премиера на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм „CPH:DOX“ во Копенхаген, Данска денеска ќе има филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на Младински културен центар (МКЦ), Rosforth и Rumraket. Премиерата на филмот ќе биде проследена со уникатен концерт на ансамблот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во кој членуваат 22 македонски музичари. Во рамките на концертот, ќе бидат отсвирени најпознатите песни од бендот Ефтеркланг, но и македонски песни и џез стандарди во препознатливиот народен ритам. Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум“ во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност. Филмот ја заокружува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ нашата земја. Во тој процес на регртурација на членови за новиот супер состав наречен „Ефтеркланг: Македониум бенд“, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски Грга, нивен пријател и посредник во целата авантура. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект. Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски. -Неверојатно сме возбудени за приликата да ете, се испробаме и во филмот. МКЦ стои гордо како продуцент на овој музички документарен запис, чија идеја потекна токму од тука, од еден од настапите на Ефтеркланг на музичкиот фестивал Здраво Млади. Инспирацијата од Крушево, од монументалноста на споменикот „Македониум“ кој покрај државотворниот симболизам, буди и чувства на уметничка независност и израз беше токму вистинската линија за нарација на целиот филм. Веста дека премиерата на филмот ќе се случи на „CPH:DOX“ беше огромно изненадување, изјави Владица Младеновски од МКЦ. Реализацијата на филмот е поддржана од Министерството за култура со 250.000 денари, како и од Данскиот уметнички совет и „Culture Moves Europe“ програмата на Европска Унија.  

The post Светска премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ на фестивал во Копенхаген appeared first on Република.

]]>
Документарецот на Тамара Котевска ќе има светска премиера во Њујорк на 9 ноември https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dokumentaretsot-na-tamara-kotevska-ke-ima-svetska-premiera-vo-nujork-na-9-noemvri/ Tue, 31 Oct 2023 14:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=696726

Документарниот филм „The Walk“ на македонската режисерка Тамара Котевска ќе ја има својата светска премиера во Њујорк, САД на 9 ноември годинава на DOC NYC, најголемиот американски фестивал за документарни филмови.

Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза која ја следи одисејата на Амал преку два континенти.

Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар.

Филмот се снимаше две години, на територија од повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот, покрај режисерката Котевска учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев.

Тамара Котевска постигна огромен успех како ко-режисер на документарниот филм „Медена Земја“ во 2019 година, кога филмот доби 3 награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории.

Главен продуцент на филмот е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, GRAIN MEDIA. Kако македонски копродуцент се јавува ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенцијата за Филм.

 

The post Документарецот на Тамара Котевска ќе има светска премиера во Њујорк на 9 ноември appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм „The Walk“ на македонската режисерка Тамара Котевска ќе ја има својата светска премиера во Њујорк, САД на 9 ноември годинава на DOC NYC, најголемиот американски фестивал за документарни филмови. Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза која ја следи одисејата на Амал преку два континенти. Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар. Филмот се снимаше две години, на територија од повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот, покрај режисерката Котевска учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Тамара Котевска постигна огромен успех како ко-режисер на документарниот филм „Медена Земја“ во 2019 година, кога филмот доби 3 награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории. Главен продуцент на филмот е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, GRAIN MEDIA. Kако македонски копродуцент се јавува ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенцијата за Филм.  

The post Документарецот на Тамара Котевска ќе има светска премиера во Њујорк на 9 ноември appeared first on Република.

]]>
Драмата за животот на легендарниот композитор Леонард Бернштајн предизвика седумминутни овации на светската премиера во театарот Сала Гранде https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dramata-za-zhivotot-na-legendarniot-kompozitor-leonard-bernshtajn-predizvika-sedumminutni-ovatsii-na-svetskata-premiera-vo-teatarot-sala-grande/ Tue, 05 Sep 2023 08:57:54 +0000 https://republika.mk/?p=678891

Пет години откако „Ѕвездата е родена“ дебитираше на Лидо, на пат до седум номинации за Оскар, „Маестро“ – долгоочекуваниот втор филм на Бредли Купер како режисер – прикажан на филмскиот фестивал во Венеција доби воодушевувачки аплауз. Драмата за животот на легендарниот сценски композитор Леонард Бернштајн предизвика седумминутни овации на нејзината светска премиера во театарот Сала Гранде во саботата навечер.

Купер, кој го игра Бернштајн во филмот на Нетфликс (со помош на протетика за нос) и неговата колешка Кери Малиган не присуствуваа на гала црвениот килим поради штрајкот на SAG-AFTRA. Но, трите деца на Бернштајн – Џејми Бернштајн, Александар Бернштајн и Нина Марија Фелисија Бернштајн – ја примија наклонетоста на публиката, плачејќи штом се запалија светлата. И тогаш тие уживаа во радоста на животот на нивниот татко. Како што заслугите се свртеа кон музиката на Бернштајн, тие почнаа да мавтаат со рацете како диригенти, да танцуваат и да слават.

Мала група директори на Нетфликс патуваа во Венеција, вклучително и Скот Стубер, претседател на филмскиот оддел на студиото за стриминг. Веројатно е дека „Маестро“ ќе биде големиот кандидат на Нетфликс за Оскар оваа година, бидејќи Купер ќе се натпреварува во четири категории – режисер, актер, продуцент и сценарио – додека Малиган сака да добие номинација за најдобра актерка за улогата на сопругата на Бернштајн, актерката Фелисија Монтеалегре.

„Маестро“ се фокусира на  некои од најпознатите животни моменти на Бернштајн, како што е компонирањето на „Западна приказна“, во корист на фокусирање на неговиот однос со Монтеалегре. Во споредната актерска екипа се Мет Бомер (како љубовницата на Бернштајн), Маја Хок (како ќерката на Бернштајн Џејми) и Сара Силверман (како Ширли сестрата на Бернштајн). Купер го напиша сценариото заедно со Џош Сингер. Филмот беше премиерно прикажан во конкуренција во Венеција заедно со два други оригинали на Нетфликс: „Убиецот“ на Дејвид Финчер и „Ел Конде“ на Пабло Ларен.

Упатувајќи се кон Венеција, голем дел од вревата околу „Маестро“ беше насочена кон одлуката на Купер да носи голем протетски нос за да го игра Бернштајн. Купер работеше со шминкерот Казу Хиро, добитник на Оскар („Како Гринч го украде Божиќ“, „Најмрачниот час“) за да го создаде контроверзниот реквизит, за кој некои луѓе на социјалните мрежи тврдат дека е антисемитски. Хиро се осврна на реакцијата за време на прес-конференцијата на филмот претходно денес.

„Не очекував тоа да се случи“, рече Хиро. „Жал ми е што ги повредив чувствата на некои луѓе“. Тој продолжи да објасни: „Мојата цел беше и целта на Бредли беше да го прикаже Лени што е можно поавтентично. Лени имаше навистина иконски изглед што сите го знаат – има толку многу слики бидејќи и тој е фотогеничен – толку голема личност и исто така инспирираше толку многу луѓе. Затоа сакавме да го почитуваме и изгледот, внатре. Затоа направивме неколку различни тестови и поминавме низ многу одлуки и тоа беше исходот во филмот“.

„Тоа е само толку досадно одвлекување на вниманието“, изјави Џејми Бернштајн за Vanity Fair пред премиерата во Венеција за реакциите. „Луѓето кои чекаа да се налутат поради нешто, само чекаа да се нафрлат“.

Во претходното интервју за Variety, Купер откри дека Стивен Спилберг првично бил приврзан да режира биографска драма на Бернштајн и го регрутирал Купер да глуми во неа. Купер во тоа време доаѓаше од „A Star Is Born“ и повеќе беше заинтересиран да пишува и режира филмови отколку да глуми за некој друг, дури и за Спилберг.

„Му реков на Спилберг: „Секогаш имав чувство дека можам да глумам диригент, но дали можам да го истражам материјалот и да видам дали можам да го напишам и да го режирам? Дали би ми дозволиле да го сторам тоа?“, рече Купер. „Стивен има многу интереси – тој само ќе избере една работа, а сите други работи ќе бидат на чекање. Мислам дека знаеше дека нема да го снима тој филм некое време. Тој беше доволно љубезен да ми го предаде“. (Спилберг е продуцент на „Маестро“).

Нетфликс често го користи Венецијанскиот филмски фестивал за да ги лансира своите најголеми кандидати за Оскар. „Рома“ го освои Златниот лав на фестивалот во 2018 година, пред да добие 10 номинации за Оскар и три победи, вклучувајќи го и најдобриот режисер за Алфонсо Куарон. „Приказна за брак“ на стримерот започна во Венеција во 2019 година, додека „Моќта на кучето“ и ја донесе на Џејн Кемпион наградата за најдобра режија во 2021 година. И двата филма продолжија со номинациите за Оскар за најдобар филм.

„Маестро“ ќе се емитува на Нетфликс почнувајќи од 20 декември.

 

The post Драмата за животот на легендарниот композитор Леонард Бернштајн предизвика седумминутни овации на светската премиера во театарот Сала Гранде appeared first on Република.

]]>

Пет години откако „Ѕвездата е родена“ дебитираше на Лидо, на пат до седум номинации за Оскар, „Маестро“ – долгоочекуваниот втор филм на Бредли Купер како режисер – прикажан на филмскиот фестивал во Венеција доби воодушевувачки аплауз. Драмата за животот на легендарниот сценски композитор Леонард Бернштајн предизвика седумминутни овации на нејзината светска премиера во театарот Сала Гранде во саботата навечер. Купер, кој го игра Бернштајн во филмот на Нетфликс (со помош на протетика за нос) и неговата колешка Кери Малиган не присуствуваа на гала црвениот килим поради штрајкот на SAG-AFTRA. Но, трите деца на Бернштајн – Џејми Бернштајн, Александар Бернштајн и Нина Марија Фелисија Бернштајн – ја примија наклонетоста на публиката, плачејќи штом се запалија светлата. И тогаш тие уживаа во радоста на животот на нивниот татко. Како што заслугите се свртеа кон музиката на Бернштајн, тие почнаа да мавтаат со рацете како диригенти, да танцуваат и да слават. Мала група директори на Нетфликс патуваа во Венеција, вклучително и Скот Стубер, претседател на филмскиот оддел на студиото за стриминг. Веројатно е дека „Маестро“ ќе биде големиот кандидат на Нетфликс за Оскар оваа година, бидејќи Купер ќе се натпреварува во четири категории – режисер, актер, продуцент и сценарио – додека Малиган сака да добие номинација за најдобра актерка за улогата на сопругата на Бернштајн, актерката Фелисија Монтеалегре. „Маестро“ се фокусира на  некои од најпознатите животни моменти на Бернштајн, како што е компонирањето на „Западна приказна“, во корист на фокусирање на неговиот однос со Монтеалегре. Во споредната актерска екипа се Мет Бомер (како љубовницата на Бернштајн), Маја Хок (како ќерката на Бернштајн Џејми) и Сара Силверман (како Ширли сестрата на Бернштајн). Купер го напиша сценариото заедно со Џош Сингер. Филмот беше премиерно прикажан во конкуренција во Венеција заедно со два други оригинали на Нетфликс: „Убиецот“ на Дејвид Финчер и „Ел Конде“ на Пабло Ларен. Упатувајќи се кон Венеција, голем дел од вревата околу „Маестро“ беше насочена кон одлуката на Купер да носи голем протетски нос за да го игра Бернштајн. Купер работеше со шминкерот Казу Хиро, добитник на Оскар („Како Гринч го украде Божиќ“, „Најмрачниот час“) за да го создаде контроверзниот реквизит, за кој некои луѓе на социјалните мрежи тврдат дека е антисемитски. Хиро се осврна на реакцијата за време на прес-конференцијата на филмот претходно денес. „Не очекував тоа да се случи“, рече Хиро. „Жал ми е што ги повредив чувствата на некои луѓе“. Тој продолжи да објасни: „Мојата цел беше и целта на Бредли беше да го прикаже Лени што е можно поавтентично. Лени имаше навистина иконски изглед што сите го знаат – има толку многу слики бидејќи и тој е фотогеничен – толку голема личност и исто така инспирираше толку многу луѓе. Затоа сакавме да го почитуваме и изгледот, внатре. Затоа направивме неколку различни тестови и поминавме низ многу одлуки и тоа беше исходот во филмот“. „Тоа е само толку досадно одвлекување на вниманието“, изјави Џејми Бернштајн за Vanity Fair пред премиерата во Венеција за реакциите. „Луѓето кои чекаа да се налутат поради нешто, само чекаа да се нафрлат“. Во претходното интервју за Variety, Купер откри дека Стивен Спилберг првично бил приврзан да режира биографска драма на Бернштајн и го регрутирал Купер да глуми во неа. Купер во тоа време доаѓаше од „A Star Is Born“ и повеќе беше заинтересиран да пишува и режира филмови отколку да глуми за некој друг, дури и за Спилберг. „Му реков на Спилберг: „Секогаш имав чувство дека можам да глумам диригент, но дали можам да го истражам материјалот и да видам дали можам да го напишам и да го режирам? Дали би ми дозволиле да го сторам тоа?“, рече Купер. „Стивен има многу интереси – тој само ќе избере една работа, а сите други работи ќе бидат на чекање. Мислам дека знаеше дека нема да го снима тој филм некое време. Тој беше доволно љубезен да ми го предаде“. (Спилберг е продуцент на „Маестро“). Нетфликс често го користи Венецијанскиот филмски фестивал за да ги лансира своите најголеми кандидати за Оскар. „Рома“ го освои Златниот лав на фестивалот во 2018 година, пред да добие 10 номинации за Оскар и три победи, вклучувајќи го и најдобриот режисер за Алфонсо Куарон. „Приказна за брак“ на стримерот започна во Венеција во 2019 година, додека „Моќта на кучето“ и ја донесе на Џејн Кемпион наградата за најдобра режија во 2021 година. И двата филма продолжија со номинациите за Оскар за најдобар филм. „Маестро“ ќе се емитува на Нетфликс почнувајќи од 20 декември.  

The post Драмата за животот на легендарниот композитор Леонард Бернштајн предизвика седумминутни овации на светската премиера во театарот Сала Гранде appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на „Тело“ на режисерката Петра Селишкар во рамките на официјалната програма на 29. Сараево филм фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-telo-na-rezhiserkata-petra-selishkar-vo-ramkite-na-ofitsijalnata-programa-na-29-saraevo-film-festival/ Thu, 03 Aug 2023 10:03:44 +0000 https://republika.mk/?p=668210

Светската премиера на долгометражниот документарен филм „Тело“ (Body) на режисерката Петра Селишкар ќе се одржи во рамките на официјалната програма на 29. Сараево филм фестивал.

Најновиот документарен филм на Петра Селишкар ќе се натпреварува за наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар документарен филм заедно со 20 документарни остварувања селектирани од Рада Шешиќ, која посочува: „Филмовите на многу начини се инспиративни за гледачите, па дури и кога прикажуваат многу трауматични вистини, во себе носат енергија на позитивност.“ Филмскиот фестивал во Сараево ќе се одржи од 11 до 18 август.

„Тело“ е трогателен долгометражен документарен филм на веќе потврдената режисерка Петра Селишкар, кој опфаќа период од две декади за необичниот живот на нејзината блиска пријателка Уршка, која се бори со ретки автоимуни болести. Некогаш манекенка, а денес професионална пијанистка, Уршка се соочува со огромен број предизвици, но никогаш не го губи својот нескротлив дух. Филмот е спој на интимни разговори, лична архива и креативна визуализација кој ги истражува мистериите на човечкото тело и моќта на уметноста и пријателството да допре до неговата суштина. Бурно патување кон исцелувањето и себеприфаќањето.

Петра Селишкар (родена 1978 г. во Љубљана) е режисерка, продуцентка и сценаристка. Има способност јасно да ја види суштината во скриените детали, а преку нив и суштината на уметноста, културата, природата и сите аспекти на животот. Затоа таа го посветува нејзиното време на оваа планета на малите животни задоволства, и секако, на документарниот филм. Како режисерка и сценаристка ги потпишува документарните филмови „Збогување“, „Мојот превртен свет“, „Мама Европа“, „Бабички на револуцијата“, а има и повеќе остварувања каде се појавува како продуцент.

Во креативната екипа со која режисерката Петра Селишкар го реализира документарниот филм „Тело“ се кинематограферот Бранд Ферро како директор на фотографија, монтажерите Сашко Потер Мицевски и Сандра Басташиќ, композиторот на музиката Владимир Ракиќ, додека дизајнери на звук се Владимир Ракиќ и Вера Галешев.

Продуцент на филмот е Петра Селишкар со „Петра Пан Филм“ (Словенија). Копродуценти се Сара Ферро од ППФП (Македонија) и Тамара Бабун од „Волфганг и Доли“ (Хрватска). Придружен продуцент е Виктор Еде од „Синефаж продукција“ (Франција).

Филмот е копродукција помеѓу Словенија, Хрватска и Македонија со поддршка од Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Агенција за филм на Република Македонија, „Еуримаж“, Програмата Медиа на „Креативна Европа“, Pегионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Светски дистрибутер на филмот е „Лајтдокс“ (Lightdox).

Поддршка за развој проектот доби од „Ex oriente Workshop“, „Eurodoc 2019“, „Last stop Trieste 2022“– Flow Digital Cinema Award, International Documentary Association (IDA).

„Петра Пан филм“ е словенечка продуцентска компанија основана во 2003 г. од словенечката режисерка Петра Селишкар и директорот на фотографија Бранд Ферро. Продуцира креативни документарни филмови и уметнички играни филмови кои се целосно посветени на индивидуалната визија и авторството, како и на долгорочни истражувачки теми.

ППФП е македонска продуцентска компанија основана во 2007 година, која е водена од Сара Ферро. Таа е една од малкуте продуцентски куќи во Македонија што се фокусира строго на авторските документарни филмови.

Македонската премиера на документарниот филм „Тело“ е планирано да се случи на 14. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Скопје.

The post Светска премиера на „Тело“ на режисерката Петра Селишкар во рамките на официјалната програма на 29. Сараево филм фестивал appeared first on Република.

]]>

Светската премиера на долгометражниот документарен филм „Тело“ (Body) на режисерката Петра Селишкар ќе се одржи во рамките на официјалната програма на 29. Сараево филм фестивал. Најновиот документарен филм на Петра Селишкар ќе се натпреварува за наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар документарен филм заедно со 20 документарни остварувања селектирани од Рада Шешиќ, која посочува: „Филмовите на многу начини се инспиративни за гледачите, па дури и кога прикажуваат многу трауматични вистини, во себе носат енергија на позитивност.“ Филмскиот фестивал во Сараево ќе се одржи од 11 до 18 август. „Тело“ е трогателен долгометражен документарен филм на веќе потврдената режисерка Петра Селишкар, кој опфаќа период од две декади за необичниот живот на нејзината блиска пријателка Уршка, која се бори со ретки автоимуни болести. Некогаш манекенка, а денес професионална пијанистка, Уршка се соочува со огромен број предизвици, но никогаш не го губи својот нескротлив дух. Филмот е спој на интимни разговори, лична архива и креативна визуализација кој ги истражува мистериите на човечкото тело и моќта на уметноста и пријателството да допре до неговата суштина. Бурно патување кон исцелувањето и себеприфаќањето. Петра Селишкар (родена 1978 г. во Љубљана) е режисерка, продуцентка и сценаристка. Има способност јасно да ја види суштината во скриените детали, а преку нив и суштината на уметноста, културата, природата и сите аспекти на животот. Затоа таа го посветува нејзиното време на оваа планета на малите животни задоволства, и секако, на документарниот филм. Како режисерка и сценаристка ги потпишува документарните филмови „Збогување“, „Мојот превртен свет“, „Мама Европа“, „Бабички на револуцијата“, а има и повеќе остварувања каде се појавува како продуцент. Во креативната екипа со која режисерката Петра Селишкар го реализира документарниот филм „Тело“ се кинематограферот Бранд Ферро како директор на фотографија, монтажерите Сашко Потер Мицевски и Сандра Басташиќ, композиторот на музиката Владимир Ракиќ, додека дизајнери на звук се Владимир Ракиќ и Вера Галешев. Продуцент на филмот е Петра Селишкар со „Петра Пан Филм“ (Словенија). Копродуценти се Сара Ферро од ППФП (Македонија) и Тамара Бабун од „Волфганг и Доли“ (Хрватска). Придружен продуцент е Виктор Еде од „Синефаж продукција“ (Франција). Филмот е копродукција помеѓу Словенија, Хрватска и Македонија со поддршка од Словенечкиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Агенција за филм на Република Македонија, „Еуримаж“, Програмата Медиа на „Креативна Европа“, Pегионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Светски дистрибутер на филмот е „Лајтдокс“ (Lightdox). Поддршка за развој проектот доби од „Ex oriente Workshop“, „Eurodoc 2019“, „Last stop Trieste 2022“– Flow Digital Cinema Award, International Documentary Association (IDA). „Петра Пан филм“ е словенечка продуцентска компанија основана во 2003 г. од словенечката режисерка Петра Селишкар и директорот на фотографија Бранд Ферро. Продуцира креативни документарни филмови и уметнички играни филмови кои се целосно посветени на индивидуалната визија и авторството, како и на долгорочни истражувачки теми. ППФП е македонска продуцентска компанија основана во 2007 година, која е водена од Сара Ферро. Таа е една од малкуте продуцентски куќи во Македонија што се фокусира строго на авторските документарни филмови. Македонската премиера на документарниот филм „Тело“ е планирано да се случи на 14. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Скопје.

The post Светска премиера на „Тело“ на режисерката Петра Селишкар во рамките на официјалната програма на 29. Сараево филм фестивал appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на „Кајмак“ на Милчо Манчевски на Фестивалот во Токио на 26 октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svetska-premiera-na-kajmak-na-milcho-manchevski-na-festivalot-vo-tokio-na-26-oktomvri/ Wed, 21 Sep 2022 11:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=552867

„Кајмак“, новиот филм на најнаградуваниот филмски режисер Милчо Манчевски ќе има светска премиера на 26 октомври на 35. Меѓународен филмски фестивал во Токио (ТИФФ). Филмот ќе биде дел од официјалната конкуренција, со што ќе се бори за награди, а ќе има три проекции во рамките на фестивалот.

Фестивалот почнува на 24 октомври и ќе трае до 2 ноември. Фестивалот во Токио е на А-листата заедно со Берлин, Кан и Венеција, најголем е во Азија и еден од најголемите во светот.

Манчевски и дел од актерската екипа на „Кајмак“ ќе продефилираат на црвениот килим во Токио и ќе учествуваат во два разговори со публиката. Манчевски ќе одржи и специјален мастерклас за јапонската стручна публика и за студенти.

Јане Ќортошев, македонскиот копродуцент на „Кајмак“ најави дека по светската премиера, македонската премиера се очекува да биде во средината на ноември.

Македонија до Токио! Филмот добива прекрасен старт на својот живот и сигурен сум дека ќе има богат фестивалски живот и понатаму, рече на денешната прес-конференција Ќортошев.

Манчевски, кој е многу популарен во Јапонија, беше првиот македонски автор кој ги проби границите за македонскиот филм и во Азија. Тој беше во селекцијата на Токио уште со „Пред дождот“ и со „Прашина“, а сите негови филмови се исклучително почитувани. Всушност во Азија, не само македонската кинематографија, туку и името Македонија, како и нејзиното место на светската мапа се директно поврзани со филмовите на Манчевски.

Кога првиот пат бев во Токио го држев во раце златниот лав од Венеција на Куросава (за „Рашомон“) и видов дека дизајнот на лавот се разликува од мојот – организаторите во Венеција ја промениле формата на трофејот во тие 30-тина години што поминале. Сега одам да проверам дали е сè во ред со лавот од Токио“, рече Манчевски.

На прес-конференцијата беше и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Манчевски повторно нè носи во Јапонија со неговиот најнов филм.

Во меѓувреме светот дозна за Македонија преку неговите филмови. Тие ги пренесоа на сите континенти, во стотина земји, убавините на нашата земја, ама – уште поважно – вредноста на македонската култура и македонскиот јазик, рече министерката.

„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.

Во „Кајмак“ поголем дел од финансиите доаѓаат од странство - 52 проценти се од државните фондови на Данска, Холандија и Хрватска, како и од најреномираниот европски фонд Еуроимаж. Агенцијата за филм на Македонија обезбеди 48 проценти од буџетот, а Македонската Радио Телевизија е копродуцент. Во екипата се вклучени и независни филмски работници од Англија, Италија и Србија.

По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Дански копродуцент на „Кајмак“ е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентка на филмовите „Антихрист“ и „Меланхолија“ на Ларс Фон Трир, како и на данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера“ и на „Сопругата“ со Глен Клоуз. Холандски копродуценти се Изабела Депевег и Елс Вандерворст, една од најискусните холандски продуценти („Мандерлеј“, „Догвил“ и „Танчер во мракот“ на Ларс Фон Трир и „Сè е тоа за љубов“ на Томас Винтерберг). Хрватски копродуцент е Синиша Јуричиќ. Извршен продуцент е Иан Прајор од британската Скала Продакшнс.

Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев. Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Емил Нунинга, дизајнер на звукот Херман Пиете, кастинг директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка е италијанската легенда Марио Микисанти. Музиката е на култниот Дејниш стринг квартет, а дополнителната музика на Игор Василев-Новоградска.

The post Светска премиера на „Кајмак“ на Милчо Манчевски на Фестивалот во Токио на 26 октомври appeared first on Република.

]]>

„Кајмак“, новиот филм на најнаградуваниот филмски режисер Милчо Манчевски ќе има светска премиера на 26 октомври на 35. Меѓународен филмски фестивал во Токио (ТИФФ). Филмот ќе биде дел од официјалната конкуренција, со што ќе се бори за награди, а ќе има три проекции во рамките на фестивалот. Фестивалот почнува на 24 октомври и ќе трае до 2 ноември. Фестивалот во Токио е на А-листата заедно со Берлин, Кан и Венеција, најголем е во Азија и еден од најголемите во светот. Манчевски и дел од актерската екипа на „Кајмак“ ќе продефилираат на црвениот килим во Токио и ќе учествуваат во два разговори со публиката. Манчевски ќе одржи и специјален мастерклас за јапонската стручна публика и за студенти. Јане Ќортошев, македонскиот копродуцент на „Кајмак“ најави дека по светската премиера, македонската премиера се очекува да биде во средината на ноември.
Македонија до Токио! Филмот добива прекрасен старт на својот живот и сигурен сум дека ќе има богат фестивалски живот и понатаму, рече на денешната прес-конференција Ќортошев.
Манчевски, кој е многу популарен во Јапонија, беше првиот македонски автор кој ги проби границите за македонскиот филм и во Азија. Тој беше во селекцијата на Токио уште со „Пред дождот“ и со „Прашина“, а сите негови филмови се исклучително почитувани. Всушност во Азија, не само македонската кинематографија, туку и името Македонија, како и нејзиното место на светската мапа се директно поврзани со филмовите на Манчевски.
Кога првиот пат бев во Токио го држев во раце златниот лав од Венеција на Куросава (за „Рашомон“) и видов дека дизајнот на лавот се разликува од мојот – организаторите во Венеција ја промениле формата на трофејот во тие 30-тина години што поминале. Сега одам да проверам дали е сè во ред со лавот од Токио“, рече Манчевски.
На прес-конференцијата беше и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска која рече дека Манчевски повторно нè носи во Јапонија со неговиот најнов филм.
Во меѓувреме светот дозна за Македонија преку неговите филмови. Тие ги пренесоа на сите континенти, во стотина земји, убавините на нашата земја, ама – уште поважно – вредноста на македонската култура и македонскиот јазик, рече министерката.
„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода. Во „Кајмак“ поголем дел од финансиите доаѓаат од странство - 52 проценти се од државните фондови на Данска, Холандија и Хрватска, како и од најреномираниот европски фонд Еуроимаж. Агенцијата за филм на Македонија обезбеди 48 проценти од буџетот, а Македонската Радио Телевизија е копродуцент. Во екипата се вклучени и независни филмски работници од Англија, Италија и Србија. По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други. Дански копродуцент на „Кајмак“ е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентка на филмовите „Антихрист“ и „Меланхолија“ на Ларс Фон Трир, како и на данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера“ и на „Сопругата“ со Глен Клоуз. Холандски копродуценти се Изабела Депевег и Елс Вандерворст, една од најискусните холандски продуценти („Мандерлеј“, „Догвил“ и „Танчер во мракот“ на Ларс Фон Трир и „Сè е тоа за љубов“ на Томас Винтерберг). Хрватски копродуцент е Синиша Јуричиќ. Извршен продуцент е Иан Прајор од британската Скала Продакшнс. Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев. Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Емил Нунинга, дизајнер на звукот Херман Пиете, кастинг директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка е италијанската легенда Марио Микисанти. Музиката е на култниот Дејниш стринг квартет, а дополнителната музика на Игор Василев-Новоградска.

The post Светска премиера на „Кајмак“ на Милчо Манчевски на Фестивалот во Токио на 26 октомври appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на филмот на Зоран Попоски во Лос Анџелес https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-filmot-na-zoran-poposki-vo-los-andzeles/ Thu, 12 May 2022 09:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=501367

Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е меѓу 125-те водечки глобални имиња во дигиталната продукција застапени на Филмскиот фестивал за нови медиуми во Лос Анџелес од 1 до 2 јуни 2022 година. На фестивалот ќе се реализира светската премиера на поетскиот филм на Попоски, „Уништен свет“, прв кус уметнички филм во целост создаден со користење на вештачка интелигенција.

На 13-тото издание на Филмскиот фестивал за нови медиуми во Лос Анџелес ќе бидат претставени вкупно 85 премиерни прикажувања од речиси 30 земји на дела создадени со најсовремени технологии од доменот на филмот, компјутерските игри, дополнетата реалност, виртуелната реалност и вештачката интелигенција. Жирито на фестивалот е составено од водечки светски експерти од глобални продукциски компании, како „Марвел“, Ејч-би-о, Би-би-си, наградите „Еми“, магазинот „Ролинг стоун“ и многу други.

Филмот на Попоски е номиниран за награда во категоријата дополнета реалност, вештачка интелигенција, емоционална реалност и 5Д.

Оваа номинација е признание за иновативноста и креативниот пристап кон користењето на вештачката интелигенција за кокреација на заокружено филмско дело во кое сите елементи – визуелни, текстуални и музички – се создадени со помош на вештачка интелигенција“, изјави Попоски.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе светски награди за уметност.

The post Светска премиера на филмот на Зоран Попоски во Лос Анџелес appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е меѓу 125-те водечки глобални имиња во дигиталната продукција застапени на Филмскиот фестивал за нови медиуми во Лос Анџелес од 1 до 2 јуни 2022 година. На фестивалот ќе се реализира светската премиера на поетскиот филм на Попоски, „Уништен свет“, прв кус уметнички филм во целост создаден со користење на вештачка интелигенција. На 13-тото издание на Филмскиот фестивал за нови медиуми во Лос Анџелес ќе бидат претставени вкупно 85 премиерни прикажувања од речиси 30 земји на дела создадени со најсовремени технологии од доменот на филмот, компјутерските игри, дополнетата реалност, виртуелната реалност и вештачката интелигенција. Жирито на фестивалот е составено од водечки светски експерти од глобални продукциски компании, како „Марвел“, Ејч-би-о, Би-би-си, наградите „Еми“, магазинот „Ролинг стоун“ и многу други. Филмот на Попоски е номиниран за награда во категоријата дополнета реалност, вештачка интелигенција, емоционална реалност и 5Д.
Оваа номинација е признание за иновативноста и креативниот пристап кон користењето на вештачката интелигенција за кокреација на заокружено филмско дело во кое сите елементи – визуелни, текстуални и музички – се создадени со помош на вештачка интелигенција“, изјави Попоски.
Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Австрија и САД, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано над 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе светски награди за уметност.

The post Светска премиера на филмот на Зоран Попоски во Лос Анџелес appeared first on Република.

]]>