светска банка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetska-banka/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 09:04:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png светска банка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetska-banka/ 32 32 Димитриеска-Кочоска: Ги стабилизираме состојбите, растот на економијата ќе го поттикнеме со инвестиции, а тоа ќе влијае на намалување на јавниот долг https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-gi-stabilizirame-sostojbite-rastot-na-ekonomijata-ke-go-pottikneme-so-investitsii-a-toa-ke-vlijae-na-namaluvane-na-javniot-dolg/ Sat, 26 Oct 2024 09:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=831213

Состојбата со јавните финансии ќе ја стабилизираме. Буџетскиот дефицит за наредната година е планиран на пониско ниво, а истовремено очекуваме растот за годинава да го надмине проектираниот од 2,1%, и во следната да забрза на 3,7%. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на ТВ Сител од Вашингтон, каде учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

„Проекцијата за раст за оваа година е 2,1% и остануваме на таа проекција, но јас сум повеќе оптимист дека на крајот на годината ќе имаме раст над 2,1%. Тоа го темелиме на ефикасноста во работатата на институциите, на раздвижување на активностите на реализацијата на проектите од Коридорот 8 и 10Д.,како и на реализација на проектите на општините. Како резултат на сето тоа ќе има раст“, рече министерката Димитриеска-Кочоска, која додаде дека во наредната година се очекува раст од 3,7%, имајќи ги предвид очекувањата за раст на глобалната економија, особено на Германија како наш најголем трговски партнер, како и политиките на Владата.

Според министерката важно е дека на среден рок растот на БДП ќе влијае на намалување на нивото на јавениот долг.

„Секое задолжување значи раст на јавниот долг. Но ако се задолжиме за инвестиции коишто ќе дадат додадена вредност на економијата, во еден краток период ќе има повисоко ниво на јавен долг, но на еден среден рок како ќе расте економијата , нивото на јавен долг ќе се намалува. Оттука приоритет треба да бидат задолжувања коишто треба да завршуваат во квалитетни проекти коишто ќе додадат вредност на БДП и ќе имаме раст“, рече министерката за финансии.

Посочувајќи на податоци за реализација на буџетскиот дефицит на месечно ниво годинава и дека во периодот до преземање на власта има реализација на 71% од планираниот дефицит, истакна дека за следната година е планирано пониско ниво на буџетски дефицит.

Се осврна на средбите коишто ги реализира во Вашингтон, при што наведе дека се важни состаноците коишто ги одржа со финансиските институции коишто се вклучени во процесот на издавање на еврообврзниците на нашата земја и дека е важно тие да бидат редовно информирани за состојбите, а со цел, како што рече, кога ќе излеземе на пазарот со нова еврообврзница да добиеме многу подобри услови.

The post Димитриеска-Кочоска: Ги стабилизираме состојбите, растот на економијата ќе го поттикнеме со инвестиции, а тоа ќе влијае на намалување на јавниот долг appeared first on Република.

]]>

Состојбата со јавните финансии ќе ја стабилизираме. Буџетскиот дефицит за наредната година е планиран на пониско ниво, а истовремено очекуваме растот за годинава да го надмине проектираниот од 2,1%, и во следната да забрза на 3,7%. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на ТВ Сител од Вашингтон, каде учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка. „Проекцијата за раст за оваа година е 2,1% и остануваме на таа проекција, но јас сум повеќе оптимист дека на крајот на годината ќе имаме раст над 2,1%. Тоа го темелиме на ефикасноста во работатата на институциите, на раздвижување на активностите на реализацијата на проектите од Коридорот 8 и 10Д.,како и на реализација на проектите на општините. Како резултат на сето тоа ќе има раст“, рече министерката Димитриеска-Кочоска, која додаде дека во наредната година се очекува раст од 3,7%, имајќи ги предвид очекувањата за раст на глобалната економија, особено на Германија како наш најголем трговски партнер, како и политиките на Владата. Според министерката важно е дека на среден рок растот на БДП ќе влијае на намалување на нивото на јавениот долг. „Секое задолжување значи раст на јавниот долг. Но ако се задолжиме за инвестиции коишто ќе дадат додадена вредност на економијата, во еден краток период ќе има повисоко ниво на јавен долг, но на еден среден рок како ќе расте економијата , нивото на јавен долг ќе се намалува. Оттука приоритет треба да бидат задолжувања коишто треба да завршуваат во квалитетни проекти коишто ќе додадат вредност на БДП и ќе имаме раст“, рече министерката за финансии. Посочувајќи на податоци за реализација на буџетскиот дефицит на месечно ниво годинава и дека во периодот до преземање на власта има реализација на 71% од планираниот дефицит, истакна дека за следната година е планирано пониско ниво на буџетски дефицит. Се осврна на средбите коишто ги реализира во Вашингтон, при што наведе дека се важни состаноците коишто ги одржа со финансиските институции коишто се вклучени во процесот на издавање на еврообврзниците на нашата земја и дека е важно тие да бидат редовно информирани за состојбите, а со цел, како што рече, кога ќе излеземе на пазарот со нова еврообврзница да добиеме многу подобри услови.

The post Димитриеска-Кочоска: Ги стабилизираме состојбите, растот на економијата ќе го поттикнеме со инвестиции, а тоа ќе влијае на намалување на јавниот долг appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Да работиме за да ја надминеме проекцијата на Светска банка за македонската економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-da-rabotime-za-da-ja-nadmineme-proektsijata-na-svetska-banka-za-makedonskata-ekonomija/ Fri, 25 Oct 2024 19:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=831078

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека се легитимни проекциите за македоската економија од Светска банка бидејќи во минатото имавме многу ниски стапки на раст на БДП и порачува да покажеме дека работиме за СБ да ги исправи своите проекции. Уверува дека државата ќе го оствари планираното ниво на растот на економијата  од 2,1 процент до крајот на годинава и е оптимист дека можеби и ќе се надмине.

При учеството на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, во интервју за ТВ Сител, министерката рече дека очекувањата за растот ги темели на раздвижувањето на работите на коридорите 8 и 10, инфраструктурните проекти на општините со финансиска поддршка од Владата...

– Ние нашата проекција си ја кажавме со ребалансот на Буџетот, а тоа е 2,1 процент и остануваме на тоа, дури сум и повеќе оптимист да кажам дека можеби на крајот ќе бидеме и над 2,1 процент раст на БДП. Ова го темелиме на фактот дека сите институции работат и еве, ако некој некого му било спорно дека Коридорот 8 и Коридорот 10д не се работи сега во изминатиот период, барем во комуникација сум постојано со министерот за транспорт, многу активно работи, и тука имаме веќе реализација, имаме раздвижување. Инфраструктурните проекти на општините исто така повикот се продолжи со цел што повеќе општини да се опфатат, но и тој ќе почне да се реализира и мислам дека како резултат на ова ќе има раст.  Легитимно е и тоа што Светската банка го проектира затоа што нивните проекции ги темелат и на минатото и на искуството од минатото, а во минатото ние навистина имавме многу ниски стапки на раст на БДП. Сега СБ кога го гледа тоа легитимно е и поконзервативно сценарио да има во однос на растот. Зошто би ни верувала? Треба да покажеме дека работиме за да може да ги исправи своите проекции.  Јас велам да не зборувам многу, да работиме и да покажеме дека навистина ќе ја надминеме нивната проекција за 2024 година, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Посочува оти секое поголемо ниво на раст на БДП на среден рок ќе го намали јавниот долг.

- Доколку станува збор за задолжување кое што ќе подразбере дека парите ќе се инвестираат и ќе додадат некоја вредност на економијата тогаш апсолутно на краток рок вие ќе бидете со поголемо ниво на јавен долг, но на среден рок кога ќе имаме поголем раст на економијата и тогаш се очекува намалување на јавниот долг.  Имајќи предвид дека последните задолжувања коишто, или последното големо задолжување кое што го направивме како Влада е насочено кон инфраструктурни проекти, кон проекти за општините, кон поддршка на стопанството очекувам дека на некој среден рок иако и за 2025 дефинитивно имаме проекции над 3,5 проценти, односно 3,7 проценти раст на БДП и сега гледано од аспект на глобалната економија и на она што се случува во Германија и на политиките на Владата насочени кон инвестиција, не потрошувачка, повеќе од јасно кажуваат дека ќе можеме да го оствариме тоа ниво на раст кое што ни е планирано, а секое поголемо ниво на раст на БДП дефинитивно на некој среден рок ќе даде намалување на јавниот долг, рече Димитриеска-Кочоска.

Истакна дека откако е министерка за финансии има помали износи на буџетскиот дефицит во однос на првите месеци од годината, притоа во услови на избори.

- Вообичаено е во период на избори се е заглавено, ништо не функционира, ама и во тоа се е заглавено и ништо не функционира поприлично големи буџетски дефицити сме имале, што значи дека состојбата ја контролираме. Притоа не гледам од аспект само на расходна страна, на приходна страна со она што го прави Царината, со она што прави УЈП во однос на поголема наплата, така што ќе се стабилизира. Треба време затоа што ако во изминатите години сте фаворизирале во континуитет потрошувачка и притоа сте носеле мерки, сте подддржувале инвестиции коишто во моментот никаков апсолутно резултат не даваат затоа што сте ги давале парите не сте контролирале дали тие компании на коишто сте им дале навистина инвестирале имаат некое зголемено производство, додадена вредност итн., легитимно односно се случува еве ова што се случува сега имаме уште поголеми задолжувања барем во планот како што им беше за следната година буџетскиот дефицит веќе е проектиран на пониско ниво од оваа година, така што ќе го консолидираме, но не може се преку ноќ и доколку сакаме инвестиции нормално е дека ќе треба да одиме со задолжувања. Секогаш, пак ќе кажам, приоритетно треба да биде тие задолжувања да завршуваат во квалитетни проекти коишто ќе додадат вредност на БДП или ќе имаме раст. Како расте повеќе БДП во однос на задолжувања така и јавниот долг ќе се намалува, наведе министерката за финансии Димитриеска-Кочоска.

The post Димитриеска-Кочоска: Да работиме за да ја надминеме проекцијата на Светска банка за македонската економија appeared first on Република.

]]>

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека се легитимни проекциите за македоската економија од Светска банка бидејќи во минатото имавме многу ниски стапки на раст на БДП и порачува да покажеме дека работиме за СБ да ги исправи своите проекции. Уверува дека државата ќе го оствари планираното ниво на растот на економијата  од 2,1 процент до крајот на годинава и е оптимист дека можеби и ќе се надмине. При учеството на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, во интервју за ТВ Сител, министерката рече дека очекувањата за растот ги темели на раздвижувањето на работите на коридорите 8 и 10, инфраструктурните проекти на општините со финансиска поддршка од Владата...
– Ние нашата проекција си ја кажавме со ребалансот на Буџетот, а тоа е 2,1 процент и остануваме на тоа, дури сум и повеќе оптимист да кажам дека можеби на крајот ќе бидеме и над 2,1 процент раст на БДП. Ова го темелиме на фактот дека сите институции работат и еве, ако некој некого му било спорно дека Коридорот 8 и Коридорот 10д не се работи сега во изминатиот период, барем во комуникација сум постојано со министерот за транспорт, многу активно работи, и тука имаме веќе реализација, имаме раздвижување. Инфраструктурните проекти на општините исто така повикот се продолжи со цел што повеќе општини да се опфатат, но и тој ќе почне да се реализира и мислам дека како резултат на ова ќе има раст.  Легитимно е и тоа што Светската банка го проектира затоа што нивните проекции ги темелат и на минатото и на искуството од минатото, а во минатото ние навистина имавме многу ниски стапки на раст на БДП. Сега СБ кога го гледа тоа легитимно е и поконзервативно сценарио да има во однос на растот. Зошто би ни верувала? Треба да покажеме дека работиме за да може да ги исправи своите проекции.  Јас велам да не зборувам многу, да работиме и да покажеме дека навистина ќе ја надминеме нивната проекција за 2024 година, рече министерката Димитриеска-Кочоска.
Посочува оти секое поголемо ниво на раст на БДП на среден рок ќе го намали јавниот долг.
- Доколку станува збор за задолжување кое што ќе подразбере дека парите ќе се инвестираат и ќе додадат некоја вредност на економијата тогаш апсолутно на краток рок вие ќе бидете со поголемо ниво на јавен долг, но на среден рок кога ќе имаме поголем раст на економијата и тогаш се очекува намалување на јавниот долг.  Имајќи предвид дека последните задолжувања коишто, или последното големо задолжување кое што го направивме како Влада е насочено кон инфраструктурни проекти, кон проекти за општините, кон поддршка на стопанството очекувам дека на некој среден рок иако и за 2025 дефинитивно имаме проекции над 3,5 проценти, односно 3,7 проценти раст на БДП и сега гледано од аспект на глобалната економија и на она што се случува во Германија и на политиките на Владата насочени кон инвестиција, не потрошувачка, повеќе од јасно кажуваат дека ќе можеме да го оствариме тоа ниво на раст кое што ни е планирано, а секое поголемо ниво на раст на БДП дефинитивно на некој среден рок ќе даде намалување на јавниот долг, рече Димитриеска-Кочоска.
Истакна дека откако е министерка за финансии има помали износи на буџетскиот дефицит во однос на првите месеци од годината, притоа во услови на избори.
- Вообичаено е во период на избори се е заглавено, ништо не функционира, ама и во тоа се е заглавено и ништо не функционира поприлично големи буџетски дефицити сме имале, што значи дека состојбата ја контролираме. Притоа не гледам од аспект само на расходна страна, на приходна страна со она што го прави Царината, со она што прави УЈП во однос на поголема наплата, така што ќе се стабилизира. Треба време затоа што ако во изминатите години сте фаворизирале во континуитет потрошувачка и притоа сте носеле мерки, сте подддржувале инвестиции коишто во моментот никаков апсолутно резултат не даваат затоа што сте ги давале парите не сте контролирале дали тие компании на коишто сте им дале навистина инвестирале имаат некое зголемено производство, додадена вредност итн., легитимно односно се случува еве ова што се случува сега имаме уште поголеми задолжувања барем во планот како што им беше за следната година буџетскиот дефицит веќе е проектиран на пониско ниво од оваа година, така што ќе го консолидираме, но не може се преку ноќ и доколку сакаме инвестиции нормално е дека ќе треба да одиме со задолжувања. Секогаш, пак ќе кажам, приоритетно треба да биде тие задолжувања да завршуваат во квалитетни проекти коишто ќе додадат вредност на БДП или ќе имаме раст. Како расте повеќе БДП во однос на задолжувања така и јавниот долг ќе се намалува, наведе министерката за финансии Димитриеска-Кочоска.

The post Димитриеска-Кочоска: Да работиме за да ја надминеме проекцијата на Светска банка за македонската економија appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Економијата може и мора да се опорави https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-ekonomijata-mozhe-i-mora-da-se-oporavi/ Sat, 19 Oct 2024 10:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=828767

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција изјави дека Светската банка во својот најнов извештај за Македонија изнесе аларамантни и поразителни податоци за економската состојба на земјава, дека извештајот не е технички документ туку слика на секојдневието од втората половина на тековната година – раст на цените, уништување на животниот стандард, откажување од планот за раст на платите.

Според Битиќи, нашата економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, според Светска Банка, ќе ја завршиме со само 1,8 отсто раст на БДП што е јасен сигнал дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се целосно неуспешни.

- Во извештајот јасно се забележува дека главната причина за овој пад е „топло-ладниот” однос према реализирањето на клучните инфраструктурни проекти – Коридорите 8 и 10Д, кои требаше да донесат економски бенефит, но ВМРО-ДПМНЕ ги држи на хартија. Наместо да се движиме напред, владата дозволи овие проекти да останат закочени, а тоа има катастрофални последици за БДП. Дополнително, додека слушаме за големи ветувања за инвестиции во енергетскиот сектор, според Светска банка овде се таложат проблеми кои се реален ризик да го забрзаат падот на економијата, рече Битиќи.

Пратеникот на СДСМ посочува дека во ваква ситуација, светлото на крајот на тунелот, според Светска банка, може да биде само Планот за раст на Европската унија, кој заедно со веќе воспоставените мерки за раст на платите и поддршката на компаниите (домашни и странски) би донел позитивен импулс во македонската економија.

- Ова е патот кој треба да го следиме – патот кон Европа, кон стабилност и модернизација. Но, наместо тоа, Владата продолжува да се задолжува неконтролирано со кредити кои ќе ја донесат државата во компромитирана ситуација не само на економски туку и на геополитички план, рече Битиќи.

На крајот од годинава, како што рече, фискалниот дефицит ќе достигне  4,9 проценти, а јавниот долг ќе скокне на загрижувачки 63,5 проценти од БДП.

- Со ново најавените 500 милиони евра дополнително задолжување од Унгарија, може да очекуваме јавниот долг да се приближи на 70% од БДП. Патека која води во економски пропаст. Се создава долг што економијата нема капацитет да го поддржи преку создавање на нова вредност. Каматната стапка од 3,25%, кој е толку фалена од власта, е повисока од очекуваниот раст на БДП за 1,45 процентни поени.

Според него, Владата не може да ја контролира ситуацијата, а луѓето едвај врзуваат крај со крај. Владините мерки за ограничување на маржите на мал дел од прехранбените производи, вели Битиќи, се апсолутен неуспех.

- Економијата може и мора да се опорави, но за тоа е потребна влада која знае како да управува со ресурсите на државата, која е транспарентна и која ќе ги штити интересите на сите граѓани, а не интересите на привилегирани малкумина, рече Битиќи на прес-конференцијата.

Пратеникот на СДСМ кажа и дека повратот на ДДВ станува сериозен проблем за македонската економија, особено што, како што вели, повратот на ДДВ директно влијае врз ликвидноста на самите компании.

-Според моите информации, некаде 1.500 компании чекаат повеќе од еден месец, а некои и до три месеци и вкупниот долг коишто компаниите треба да го добијат од страна на УЈП е од 250 до 300 милиони денари, нешто што не се случувало во последните седум години. Дополнително, советот коишто би требало да се свикува за поврат на ДДВ во рамки на УЈП не е свикана веќе четири месеци, рече Битиќи.

Ова, според него. покажува дека се враќаме во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ коешто беше карактеристика и пракса до 2016 година.

The post Битиќи: Економијата може и мора да се опорави appeared first on Република.

]]>

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција изјави дека Светската банка во својот најнов извештај за Македонија изнесе аларамантни и поразителни податоци за економската состојба на земјава, дека извештајот не е технички документ туку слика на секојдневието од втората половина на тековната година – раст на цените, уништување на животниот стандард, откажување од планот за раст на платите. Според Битиќи, нашата економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, според Светска Банка, ќе ја завршиме со само 1,8 отсто раст на БДП што е јасен сигнал дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се целосно неуспешни. - Во извештајот јасно се забележува дека главната причина за овој пад е „топло-ладниот” однос према реализирањето на клучните инфраструктурни проекти – Коридорите 8 и 10Д, кои требаше да донесат економски бенефит, но ВМРО-ДПМНЕ ги држи на хартија. Наместо да се движиме напред, владата дозволи овие проекти да останат закочени, а тоа има катастрофални последици за БДП. Дополнително, додека слушаме за големи ветувања за инвестиции во енергетскиот сектор, според Светска банка овде се таложат проблеми кои се реален ризик да го забрзаат падот на економијата, рече Битиќи. Пратеникот на СДСМ посочува дека во ваква ситуација, светлото на крајот на тунелот, според Светска банка, може да биде само Планот за раст на Европската унија, кој заедно со веќе воспоставените мерки за раст на платите и поддршката на компаниите (домашни и странски) би донел позитивен импулс во македонската економија. - Ова е патот кој треба да го следиме – патот кон Европа, кон стабилност и модернизација. Но, наместо тоа, Владата продолжува да се задолжува неконтролирано со кредити кои ќе ја донесат државата во компромитирана ситуација не само на економски туку и на геополитички план, рече Битиќи. На крајот од годинава, како што рече, фискалниот дефицит ќе достигне  4,9 проценти, а јавниот долг ќе скокне на загрижувачки 63,5 проценти од БДП. - Со ново најавените 500 милиони евра дополнително задолжување од Унгарија, може да очекуваме јавниот долг да се приближи на 70% од БДП. Патека која води во економски пропаст. Се создава долг што економијата нема капацитет да го поддржи преку создавање на нова вредност. Каматната стапка од 3,25%, кој е толку фалена од власта, е повисока од очекуваниот раст на БДП за 1,45 процентни поени. Според него, Владата не може да ја контролира ситуацијата, а луѓето едвај врзуваат крај со крај. Владините мерки за ограничување на маржите на мал дел од прехранбените производи, вели Битиќи, се апсолутен неуспех. - Економијата може и мора да се опорави, но за тоа е потребна влада која знае како да управува со ресурсите на државата, која е транспарентна и која ќе ги штити интересите на сите граѓани, а не интересите на привилегирани малкумина, рече Битиќи на прес-конференцијата. Пратеникот на СДСМ кажа и дека повратот на ДДВ станува сериозен проблем за македонската економија, особено што, како што вели, повратот на ДДВ директно влијае врз ликвидноста на самите компании. -Според моите информации, некаде 1.500 компании чекаат повеќе од еден месец, а некои и до три месеци и вкупниот долг коишто компаниите треба да го добијат од страна на УЈП е од 250 до 300 милиони денари, нешто што не се случувало во последните седум години. Дополнително, советот коишто би требало да се свикува за поврат на ДДВ во рамки на УЈП не е свикана веќе четири месеци, рече Битиќи. Ова, според него. покажува дека се враќаме во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ коешто беше карактеристика и пракса до 2016 година.

The post Битиќи: Економијата може и мора да се опорави appeared first on Република.

]]>
Светска Банка: Македонија годинава со најнизок раст во регионот, од само 1,8% https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/svetska-banka-makedonija-godinava-so-najnizok-rast-vo-regionot-od-samo-1-8/ Fri, 18 Oct 2024 08:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=828326

Македонија според извештајот на Светска банка (СБ) годинава ќе биде со најмал економски раст од земјите на Западен Балкан.
Според СБ, Македонија ќе ја заврши годинава со раст од само 1,8 наместо проектираните 2,5% напролет.
Светската банка очекува економскиот раст за следната година да биде на ниво од 2,7 отсто, со услови да се реализираат капиталните инвестиции на државата, да продолжи потрошувачката на домаќинствата, но и доколку се подобри извозот на државата.

Оваа меѓународна финансиска институција предвидува дека инфлацијата во следната година ќе биде на ниво од три отсто, во долгорочен просек 2 отсто. Сепак економистите предупредуваат дека земјава ќе се соочи со огромни ризици, спопред нив тоа се – ниската продуктивност, неефикасното распоредување на капиталот и слабата надворешна побарувачка, надополнети со ограничен фискален простор и зголемени фискални ризици во услови на високи каматни стапки кои претставуваат опасност за економскиот раст.

Во однос на јавниот долг, банкарите само ја потврдија загрижувачката состојба – тој веќе достигна 62% од БДПто, а тое според нив е одраз на лошата ефикасност на трошењето на јавните пари и слабата фискална дисциплина. Од Светска банка велат дека фискалниот дефицит и јавниот долг остануваат зголемени на среден рок поради повисоките задолжителни трошења и зголемување на фискалните ризици поврзани со заостанатите долгови, пензиите и финансиските трошоци пред локалните избори.

Заедничкиот економски раст во земјите од Западен Балкан, пак, се очекува да достигне 3,7%, но регионот мора да усвои структурни реформи вклучувајќи ги и тие во Планост за раст на ЕУ.

Раст на БДП 2024

Македонија 1,8%

Босна и Херцеговина 2,8%

Албанија 3,3%

Црна Гора 3,4%

Косово 3,8%

Србија 3,8%

 

 

The post Светска Банка: Македонија годинава со најнизок раст во регионот, од само 1,8% appeared first on Република.

]]>

Македонија според извештајот на Светска банка (СБ) годинава ќе биде со најмал економски раст од земјите на Западен Балкан. Според СБ, Македонија ќе ја заврши годинава со раст од само 1,8 наместо проектираните 2,5% напролет. Светската банка очекува економскиот раст за следната година да биде на ниво од 2,7 отсто, со услови да се реализираат капиталните инвестиции на државата, да продолжи потрошувачката на домаќинствата, но и доколку се подобри извозот на државата. Оваа меѓународна финансиска институција предвидува дека инфлацијата во следната година ќе биде на ниво од три отсто, во долгорочен просек 2 отсто. Сепак економистите предупредуваат дека земјава ќе се соочи со огромни ризици, спопред нив тоа се – ниската продуктивност, неефикасното распоредување на капиталот и слабата надворешна побарувачка, надополнети со ограничен фискален простор и зголемени фискални ризици во услови на високи каматни стапки кои претставуваат опасност за економскиот раст. Во однос на јавниот долг, банкарите само ја потврдија загрижувачката состојба – тој веќе достигна 62% од БДПто, а тое според нив е одраз на лошата ефикасност на трошењето на јавните пари и слабата фискална дисциплина. Од Светска банка велат дека фискалниот дефицит и јавниот долг остануваат зголемени на среден рок поради повисоките задолжителни трошења и зголемување на фискалните ризици поврзани со заостанатите долгови, пензиите и финансиските трошоци пред локалните избори. Заедничкиот економски раст во земјите од Западен Балкан, пак, се очекува да достигне 3,7%, но регионот мора да усвои структурни реформи вклучувајќи ги и тие во Планост за раст на ЕУ. Раст на БДП 2024 Македонија 1,8% Босна и Херцеговина 2,8% Албанија 3,3% Црна Гора 3,4% Косово 3,8% Србија 3,8%    

The post Светска Банка: Македонија годинава со најнизок раст во регионот, од само 1,8% appeared first on Република.

]]>
Светска банка предвидува дека Балканот умерено ќе се развива https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/svetska-banka-predviduva-deka-balkanot-umereno-ke-se-razviva/ Thu, 17 Oct 2024 13:12:36 +0000 https://republika.mk/?p=828079

Економскиот раст во земјите од Западен Балкан се предвидува умерено да се забрза во текот на 2025 година, главно под влијание на зголемената потрошувачка и инвестициите, потпомогнати со зголемената куповна моќ, се вели во Редовниот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан.

Светска банка предвидува дека заедничкиот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија во 2025 година ќе достигне 3,7 отсто, што е за 0,2 процентни поени повеќе од предвидувањата дадени во пролетното издание на извештајот. Растот во 2024 година се очекува да достигне 3,3 отсто, што претставува зголемување за 0,1 процентен поен од претходните проекции.

-Домашните фактори и понатаму го поддржуваат умереното забрзување на растот во Западен Балкан. Дополнително, на среден рок, постепеното закрепнување на економската активност во Европската Унија се очекува да игра огромна улога во поттикнувањето на извозот од регионот, вели Изолина Роси, економистка во Светска банка и главен автор на извештајот.

И покрај позитивните изгледи, како што посочува, регионот и понатаму е ранлив од повеќе ризици, вклучувајќи ги слабиот раст на светско ниво, враќањето на инфлацијата, политичката несигурност и екстремните временски појави.

Посочува дека со зајакнувањето на економскиот раст во Западен Балкан, животниот стандард и понатаму се приближува до стандардот во понапредните економии во Европската Унија. Меѓутоа, задржувањето на моментот на раст и забрзувањето на темпото на приближување бараат структурни реформи, вклучувајќи ги и оние наведени во Планот за раст на Европската Унија.

-Економската интеграција е клучен двигател на растот за малите економии како што се оние во Западен Балкан, вели директорката за регионот при Светска банка, Шиаочин Ју.

За да го поттикнат овој раст, земјите треба да ја подобрат регионалната трговија и трговијата со Европската Унија, да го намалат времето на чекање на границите и да ги интегрираат платежните системи. Исто така, справувањето со демографските предизвици и со предизвиците на пазарот на труд бара силен фокус врз развојот на човечкиот капитал. Подобрување на образовните и здравствените системи е од суштинско значење, за напредок  од земја со средни приходи во земја со високи приходи.

Речиси еден од четири жители од Западен Балкан живее во странство, и затоа подоброто управување со глобалната работна сила во Западен Балкан би можело да биде клучен двигател на економскиот раст во регионот. Иако отселувањето може да доведе до други предизвици, како што е недостигот на работна сила, постојат и јасни можности за искористување на миграцијата за добивање на економски придобивки.

Според извештајот, со ефикасно управување, миграцијата може да помогне во ублажување на сиромаштијата, стимулирање на извозот и привлекување на инвестиции, што во крајна линија ќе доведе до отворање на работни места и пренос на знаења. На пример, дознаките може да ги подобрат финансиските ресурси на мигрантските домаќинства. Исто така, враќањето на обучените мигранти може да доведе до „прилив на мозоци“ во нивните домашни земји, додека привлечноста на повисоките плати во странство може да го мотивира образованието и подобрувањето на вештините кај оние што ќе останат.

За да се максимизираат придобивките од миграцијата, во извештајот се препорачува повеќе мерки за Западен Балкан, како развивање програми за обука за вештини и мобилност во партнерство со одредишните земји и проширување на билатералните договори за социјално осигурување.

Во извештајот се препорачува и подобрување на заштитата на мигрантите низ нивниот пат на миграција заради ублажување на ризиците со кои може да се соочат и заради поттикнување на враќањето, олеснување на преносот на капитал, стручност и најсовремени технологии од членовите на дијаспората, како и користење на дигитални алатки и подобрување на прибирањето податоци за ефективно управување и креирање политики за миграциите

The post Светска банка предвидува дека Балканот умерено ќе се развива appeared first on Република.

]]>

Економскиот раст во земјите од Западен Балкан се предвидува умерено да се забрза во текот на 2025 година, главно под влијание на зголемената потрошувачка и инвестициите, потпомогнати со зголемената куповна моќ, се вели во Редовниот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан. Светска банка предвидува дека заедничкиот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија во 2025 година ќе достигне 3,7 отсто, што е за 0,2 процентни поени повеќе од предвидувањата дадени во пролетното издание на извештајот. Растот во 2024 година се очекува да достигне 3,3 отсто, што претставува зголемување за 0,1 процентен поен од претходните проекции. -Домашните фактори и понатаму го поддржуваат умереното забрзување на растот во Западен Балкан. Дополнително, на среден рок, постепеното закрепнување на економската активност во Европската Унија се очекува да игра огромна улога во поттикнувањето на извозот од регионот, вели Изолина Роси, економистка во Светска банка и главен автор на извештајот. И покрај позитивните изгледи, како што посочува, регионот и понатаму е ранлив од повеќе ризици, вклучувајќи ги слабиот раст на светско ниво, враќањето на инфлацијата, политичката несигурност и екстремните временски појави. Посочува дека со зајакнувањето на економскиот раст во Западен Балкан, животниот стандард и понатаму се приближува до стандардот во понапредните економии во Европската Унија. Меѓутоа, задржувањето на моментот на раст и забрзувањето на темпото на приближување бараат структурни реформи, вклучувајќи ги и оние наведени во Планот за раст на Европската Унија.
-Економската интеграција е клучен двигател на растот за малите економии како што се оние во Западен Балкан, вели директорката за регионот при Светска банка, Шиаочин Ју.
За да го поттикнат овој раст, земјите треба да ја подобрат регионалната трговија и трговијата со Европската Унија, да го намалат времето на чекање на границите и да ги интегрираат платежните системи. Исто така, справувањето со демографските предизвици и со предизвиците на пазарот на труд бара силен фокус врз развојот на човечкиот капитал. Подобрување на образовните и здравствените системи е од суштинско значење, за напредок  од земја со средни приходи во земја со високи приходи. Речиси еден од четири жители од Западен Балкан живее во странство, и затоа подоброто управување со глобалната работна сила во Западен Балкан би можело да биде клучен двигател на економскиот раст во регионот. Иако отселувањето може да доведе до други предизвици, како што е недостигот на работна сила, постојат и јасни можности за искористување на миграцијата за добивање на економски придобивки. Според извештајот, со ефикасно управување, миграцијата може да помогне во ублажување на сиромаштијата, стимулирање на извозот и привлекување на инвестиции, што во крајна линија ќе доведе до отворање на работни места и пренос на знаења. На пример, дознаките може да ги подобрат финансиските ресурси на мигрантските домаќинства. Исто така, враќањето на обучените мигранти може да доведе до „прилив на мозоци“ во нивните домашни земји, додека привлечноста на повисоките плати во странство може да го мотивира образованието и подобрувањето на вештините кај оние што ќе останат. За да се максимизираат придобивките од миграцијата, во извештајот се препорачува повеќе мерки за Западен Балкан, како развивање програми за обука за вештини и мобилност во партнерство со одредишните земји и проширување на билатералните договори за социјално осигурување. Во извештајот се препорачува и подобрување на заштитата на мигрантите низ нивниот пат на миграција заради ублажување на ризиците со кои може да се соочат и заради поттикнување на враќањето, олеснување на преносот на капитал, стручност и најсовремени технологии од членовите на дијаспората, како и користење на дигитални алатки и подобрување на прибирањето податоци за ефективно управување и креирање политики за миграциите

The post Светска банка предвидува дека Балканот умерено ќе се развива appeared first on Република.

]]>
СБ: Најсиромашните земји во светот се соочуваат со рекордна задолженост и ранливост https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sb-najsiromashnite-zemji-vo-svetot-se-soochuvaat-so-rekordna-zadolzhenost-i-ranlivost/ Mon, 14 Oct 2024 09:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=826450

Дваесетте најсиромашни земји во светот, дом на 40 отсто од најсиромашните луѓе, се најзадолжени од 2006 година и се поранливи на природните катастрофи и економските шокови, покажува новиот извештај на Светската банка.

Извештајот укажува дека овие земји денес, во просек, се посиромашни отколку пред пандемијата Ковид-19, иако остатокот од светот во голема мера се опорави.

Објавен една недела пред годишните состаноци на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, извештајот ја нагласува сериозната пречка за напорите за искоренување на екстремната сиромаштија и ги истакнува напорите на Светската банка да собере 100 милијарди долари оваа година за да го надополни својот фонд за финансирање на најсиромашните земји – Меѓународната асоцијација за развој (ИДА).

Најслабите економии, со годишен приход по глава на жител под 1.145 долари, сè повеќе се потпираат на грантови и заеми од ИДА со речиси нула каматни стапки, откако финансирањето базирано на пазарот речиси престанало, информира Светската банка. Нивниот просечен сооднос меѓу долгот и БДП од 72% е на највисоко ниво во последните 18 години, а половина од овие земји се или во должнички проблеми или се изложени на висок ризик да станат такви.

Повеќето од земјите опфатени во студијата се наоѓаат во субсахарска Африка, од Етиопија до Чад и Конго, но на листата се вклучени и Авганистан и Јемен.

Две третини од 26-те најсиромашни земји се во вооружен конфликт или имаат потешкотии да го одржуваат редот поради институционалната и социјалната кревкост што ги попречува странските инвестиции и речиси го блокира извозот, се наведува во извештајот.

Асоцијацијата за меѓународен развој се надополнува на секои три години со придонеси од земјите членки на Светската банка. Во 2021 година беа собрани рекордни 93 милијарди долари, а претседателот на Светската банка, Ајај Банга, има за цел оваа сума да ја надмине 100 милијарди долари.

Природните катастрофи предизвикаа хаос во овие земји во последната деценија. Од 2011 до 2023 година, природните катастрофи предизвикуваа просечни годишни загуби од 2% од БДП – пет пати повеќе од просекот за земјите со пониски средни приходи, што укажува на потребата од значително поголеми инвестиции, се наведува во извештајот.

Во извештајот се препорачува земјите со значителна сива економија да преземат мерки за реформирање. Тоа вклучува подобрување на наплатата на даноци преку поедноставување на регистрацијата на даночните обврзници и даночната администрација, како и зголемување на ефикасноста на јавната потрошувачка.

The post СБ: Најсиромашните земји во светот се соочуваат со рекордна задолженост и ранливост appeared first on Република.

]]>

Дваесетте најсиромашни земји во светот, дом на 40 отсто од најсиромашните луѓе, се најзадолжени од 2006 година и се поранливи на природните катастрофи и економските шокови, покажува новиот извештај на Светската банка. Извештајот укажува дека овие земји денес, во просек, се посиромашни отколку пред пандемијата Ковид-19, иако остатокот од светот во голема мера се опорави. Објавен една недела пред годишните состаноци на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, извештајот ја нагласува сериозната пречка за напорите за искоренување на екстремната сиромаштија и ги истакнува напорите на Светската банка да собере 100 милијарди долари оваа година за да го надополни својот фонд за финансирање на најсиромашните земји – Меѓународната асоцијација за развој (ИДА). Најслабите економии, со годишен приход по глава на жител под 1.145 долари, сè повеќе се потпираат на грантови и заеми од ИДА со речиси нула каматни стапки, откако финансирањето базирано на пазарот речиси престанало, информира Светската банка. Нивниот просечен сооднос меѓу долгот и БДП од 72% е на највисоко ниво во последните 18 години, а половина од овие земји се или во должнички проблеми или се изложени на висок ризик да станат такви. Повеќето од земјите опфатени во студијата се наоѓаат во субсахарска Африка, од Етиопија до Чад и Конго, но на листата се вклучени и Авганистан и Јемен. Две третини од 26-те најсиромашни земји се во вооружен конфликт или имаат потешкотии да го одржуваат редот поради институционалната и социјалната кревкост што ги попречува странските инвестиции и речиси го блокира извозот, се наведува во извештајот. Асоцијацијата за меѓународен развој се надополнува на секои три години со придонеси од земјите членки на Светската банка. Во 2021 година беа собрани рекордни 93 милијарди долари, а претседателот на Светската банка, Ајај Банга, има за цел оваа сума да ја надмине 100 милијарди долари. Природните катастрофи предизвикаа хаос во овие земји во последната деценија. Од 2011 до 2023 година, природните катастрофи предизвикуваа просечни годишни загуби од 2% од БДП – пет пати повеќе од просекот за земјите со пониски средни приходи, што укажува на потребата од значително поголеми инвестиции, се наведува во извештајот. Во извештајот се препорачува земјите со значителна сива економија да преземат мерки за реформирање. Тоа вклучува подобрување на наплатата на даноци преку поедноставување на регистрацијата на даночните обврзници и даночната администрација, како и зголемување на ефикасноста на јавната потрошувачка.

The post СБ: Најсиромашните земји во светот се соочуваат со рекордна задолженост и ранливост appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-ja-primi-direktorkata-na-svetska-banka-za-zapaden-balkan-shiaochin-ju/ Tue, 16 Jul 2024 09:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=797297

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју.

На средбата беше изразено задоволство од тековната соработка и партнерството фокусирано на економскиот раст и севкупниот развој на македонското општество.

Нагласувајќи ја непроценливата улога на Светска банка во изминативе три децении, претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за континуираните проекти и иницијативи насочени кон клучните области, деловната клима, вработеноста, социјалната заштита и промовирањето одржлив зелен раст.

Двете соговорнички разменија мислења за Рамката за партнерство за периодот 2024-2028 година, која претставува одлична можност за натамошно продлабочување на меѓусебната соработка, директно придонесувајќи кон надминување на актуелните предизвици и подобрувајќи го квалитетот на животот на македонските граѓани.

Во таа насока, претседателката ја изрази нејзината подготвеност за актуелизирање на овие цели, натамошно промовирање на нашите економски интереси и искористување на идните потенцијали.

 

The post Претседателката Сиљановска Давкова ја прими директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју. На средбата беше изразено задоволство од тековната соработка и партнерството фокусирано на економскиот раст и севкупниот развој на македонското општество. Нагласувајќи ја непроценливата улога на Светска банка во изминативе три децении, претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за континуираните проекти и иницијативи насочени кон клучните области, деловната клима, вработеноста, социјалната заштита и промовирањето одржлив зелен раст. Двете соговорнички разменија мислења за Рамката за партнерство за периодот 2024-2028 година, која претставува одлична можност за натамошно продлабочување на меѓусебната соработка, директно придонесувајќи кон надминување на актуелните предизвици и подобрувајќи го квалитетот на животот на македонските граѓани. Во таа насока, претседателката ја изрази нејзината подготвеност за актуелизирање на овие цели, натамошно промовирање на нашите економски интереси и искористување на идните потенцијали.  

The post Претседателката Сиљановска Давкова ја прими директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју appeared first on Република.

]]>
Светска банка очекува благо намалување на цените на енергијата во 2024 и 2025 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetska-banka-ochekuva-blago-namaluvane-na-tsenite-na-energijata-vo-2024-i-2025-godina/ Tue, 14 May 2024 11:25:24 +0000 https://republika.mk/?p=777957

Светската банка очекува цените на енергијата да се намалат за еден процент во 2024 година, бидејќи пониските цени на природниот гас и јагленот ги компензираат повисоките цени на нафтата, по што ќе следи дополнителен пад од четири проценти во 2025 година, пренесува „Обсервер“.

Цените на суровата нафта од типот „брент“ надминаа 91 долар за барел на почетокот на април, поттикнати од ескалацијата на геополитичките тензии и дополнителното намалување на производството од ОПЕК плус.

Цените на природниот гас паднаа во првиот квартал од 2024 година на речиси 40 отсто пониски од претходната година.

Европската референтна вредност се намали за 35 отсто, со што се променија добивките во претходниот квартал.

The post Светска банка очекува благо намалување на цените на енергијата во 2024 и 2025 година appeared first on Република.

]]>

Светската банка очекува цените на енергијата да се намалат за еден процент во 2024 година, бидејќи пониските цени на природниот гас и јагленот ги компензираат повисоките цени на нафтата, по што ќе следи дополнителен пад од четири проценти во 2025 година, пренесува „Обсервер“. Цените на суровата нафта од типот „брент“ надминаа 91 долар за барел на почетокот на април, поттикнати од ескалацијата на геополитичките тензии и дополнителното намалување на производството од ОПЕК плус. Цените на природниот гас паднаа во првиот квартал од 2024 година на речиси 40 отсто пониски од претходната година. Европската референтна вредност се намали за 35 отсто, со што се променија добивките во претходниот квартал.

The post Светска банка очекува благо намалување на цените на енергијата во 2024 и 2025 година appeared first on Република.

]]>
Светска банка: Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/svetska-banka-namesto-zamrznuvane-na-tsenite-da-se-obezbedat-podobro-plateni-rabotni-mesta/ Thu, 11 Apr 2024 12:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=764967

Замрзнувањето на цените на храната се краткорочна, а не структурна мерка која може да се користи на долг рок. Со неа само привремено, вештачки, одржувате некое ценовно ниво кое не ги отсликува реалните производни трошоци и реалните текови во економијата, порачаа денеска експертите од Светска банка.

Според нив, наместо замрзнување на цените, треба да се обезбедат подобро платени работни места, да се зголеми конкуренцијата во малопродажниот сектор и да се произведува повеќе храна дома, отколку што се увезува.

И покрај тоа замрзнувањето на цените помогна да се одржи животниот стандард на населението во Македонија, особено при поинтензивните поскапувања, тоа не е мерка која може да се користи на долг рок. Во тој случај би требало да преминете на некои структурни мерки кои би можеле да го подобрат стандардот. Една од тие е обезбедување поквалитетни и повисоко платени работни места, рече економистот Јоана Маџоска, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на редовниот Економски извештај за Западен Балкан.

Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист, истакна дека сите земји во регионот, но и државите на европско ниво, воведуваа одредени ценовни контроли во 2022-ра и на почетокот на 2023 година, даваа субвенции за електрична енергија и тоа кракторочно помогна.

Но, тоа чини пари, особено кога обезбедувате универзални субвенции. Вашата земја намени многу средства за да ја задржи цената на електричната енергија на најниско ниво во регионот и ова има влијание врз буџетот. Гледаме дека дефицитот е многу поголем од други земји во Западен Балкан. Има трошок што треба да се плати за спроведување на овие мерки, но дали се тие одржливи на долг период? Најверојатно не, бидејќи чинат пари, а не го менуваат однесувањето, ниту структурата на економијата. Затоа, треба да се поддржи преминувањето кон обновливи извори на енергија, помалку потпирање на увозот и на поскапите извори на енергија. Имаше доста остро придвижување минатата година, можете да го видите однесувањето на фирмите, тие кои немаа придобивки од цените на електричната енергија, почнаа да инвестираат во соларни панели. Можеби сега е времето, кога се намалени цените на нафтата и храната, да бараме поструктурни мерки за да се подобри продуктивноста на земјоделството каде имаме компаративна предност во смисла на достапност на земјиште, доста луѓе кои се вклучени во земјоделството и на тоа како да се забрза енергетската транзиција во насока на обновливите извори, но и како да се зајакне конкуренцијата меѓу трговците, бидејќи овие ценовни трошоци доаѓаат и од зголемувањето на профитните маржи над она што би можело да се оправда, подвлече Маџаревиќ-Шујстер.

Сега, дополни, кога е во тек растот на деловниот циклус, треба да се направат соодветните реформи.

Во тек е растот на деловниот циклус. Тука се прават соодветните реформи и се оддалечуваме од краткорочните мерки кои чинат пари, а не придонесуваат за промена во однесувањето, односно на структурата на економијата, потенцира Маџаревиќ-Шујстер.

Во однос на електричната енергија, таа укажа дека цените во европските земји се зголемени, но поради тоа е сменето и однесувањето на потрошувачите. Тие водат сметка како и колку трошат струја. Таква промена, напомена, кај луѓето во Македонија нема.

Во европските земји има многу големи покачувања. Земјата каде што јас живеам имаше зголемување од преку 25 отсто само лани, мојата лична сметка за струја сега е 50 отсто поглема од онаа во 2021 година. Ние многу внимаваме како ја користиме струјата, но таква промена во однесувањето не сум видела тука. Имавме многу големо намалување на искористеноста на електричната енргија во Европа, кога било ладно не се користела енергија за греење, луѓето живееле на пониски температури, но ваква промена на однесување не сме виделе тука. Затоа не се гледаат толку многу влијанијата на глобалното намалување на цените. Ова најмногу ќе се забележи во економиите во земјите во Западна Европа кои виделе навистина големо зголемување на цените на електричната енергија во овој период. Но, она што се случува тука, е дека многу се потпираме на земјоделството како извор на раст и вработување, сепак сте доста голем увозник, посебно на зеленчук, а претходно сте биле извозници. Ако се навратиме на структурните причини, треба да се прашаме, зошто се потпираме на увоз на храна кога имаме компаративна предност храната да се произведува тука. Значи, треба да се види што може да се направи за земјоделството да биде поголем придонесувач, попродуктивен, извезувач и да се намалат на тој начин цените, наместо храната да се увезува, рече Маџаревиќ-Шујстер.

Таа се осврна и на конкуренцијата во малопродажниот сектор.

Тука имаме простор за подобрување и како резултат на тоа да се намалат цените, нагласи Маџаревиќ-Шујстер.

The post Светска банка: Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места appeared first on Република.

]]>

Замрзнувањето на цените на храната се краткорочна, а не структурна мерка која може да се користи на долг рок. Со неа само привремено, вештачки, одржувате некое ценовно ниво кое не ги отсликува реалните производни трошоци и реалните текови во економијата, порачаа денеска експертите од Светска банка. Според нив, наместо замрзнување на цените, треба да се обезбедат подобро платени работни места, да се зголеми конкуренцијата во малопродажниот сектор и да се произведува повеќе храна дома, отколку што се увезува.
И покрај тоа замрзнувањето на цените помогна да се одржи животниот стандард на населението во Македонија, особено при поинтензивните поскапувања, тоа не е мерка која може да се користи на долг рок. Во тој случај би требало да преминете на некои структурни мерки кои би можеле да го подобрат стандардот. Една од тие е обезбедување поквалитетни и повисоко платени работни места, рече економистот Јоана Маџоска, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на редовниот Економски извештај за Западен Балкан.
Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист, истакна дека сите земји во регионот, но и државите на европско ниво, воведуваа одредени ценовни контроли во 2022-ра и на почетокот на 2023 година, даваа субвенции за електрична енергија и тоа кракторочно помогна.
Но, тоа чини пари, особено кога обезбедувате универзални субвенции. Вашата земја намени многу средства за да ја задржи цената на електричната енергија на најниско ниво во регионот и ова има влијание врз буџетот. Гледаме дека дефицитот е многу поголем од други земји во Западен Балкан. Има трошок што треба да се плати за спроведување на овие мерки, но дали се тие одржливи на долг период? Најверојатно не, бидејќи чинат пари, а не го менуваат однесувањето, ниту структурата на економијата. Затоа, треба да се поддржи преминувањето кон обновливи извори на енергија, помалку потпирање на увозот и на поскапите извори на енергија. Имаше доста остро придвижување минатата година, можете да го видите однесувањето на фирмите, тие кои немаа придобивки од цените на електричната енергија, почнаа да инвестираат во соларни панели. Можеби сега е времето, кога се намалени цените на нафтата и храната, да бараме поструктурни мерки за да се подобри продуктивноста на земјоделството каде имаме компаративна предност во смисла на достапност на земјиште, доста луѓе кои се вклучени во земјоделството и на тоа како да се забрза енергетската транзиција во насока на обновливите извори, но и како да се зајакне конкуренцијата меѓу трговците, бидејќи овие ценовни трошоци доаѓаат и од зголемувањето на профитните маржи над она што би можело да се оправда, подвлече Маџаревиќ-Шујстер.
Сега, дополни, кога е во тек растот на деловниот циклус, треба да се направат соодветните реформи.
Во тек е растот на деловниот циклус. Тука се прават соодветните реформи и се оддалечуваме од краткорочните мерки кои чинат пари, а не придонесуваат за промена во однесувањето, односно на структурата на економијата, потенцира Маџаревиќ-Шујстер.
Во однос на електричната енергија, таа укажа дека цените во европските земји се зголемени, но поради тоа е сменето и однесувањето на потрошувачите. Тие водат сметка како и колку трошат струја. Таква промена, напомена, кај луѓето во Македонија нема.
Во европските земји има многу големи покачувања. Земјата каде што јас живеам имаше зголемување од преку 25 отсто само лани, мојата лична сметка за струја сега е 50 отсто поглема од онаа во 2021 година. Ние многу внимаваме како ја користиме струјата, но таква промена во однесувањето не сум видела тука. Имавме многу големо намалување на искористеноста на електричната енргија во Европа, кога било ладно не се користела енергија за греење, луѓето живееле на пониски температури, но ваква промена на однесување не сме виделе тука. Затоа не се гледаат толку многу влијанијата на глобалното намалување на цените. Ова најмногу ќе се забележи во економиите во земјите во Западна Европа кои виделе навистина големо зголемување на цените на електричната енергија во овој период. Но, она што се случува тука, е дека многу се потпираме на земјоделството како извор на раст и вработување, сепак сте доста голем увозник, посебно на зеленчук, а претходно сте биле извозници. Ако се навратиме на структурните причини, треба да се прашаме, зошто се потпираме на увоз на храна кога имаме компаративна предност храната да се произведува тука. Значи, треба да се види што може да се направи за земјоделството да биде поголем придонесувач, попродуктивен, извезувач и да се намалат на тој начин цените, наместо храната да се увезува, рече Маџаревиќ-Шујстер.
Таа се осврна и на конкуренцијата во малопродажниот сектор.
Тука имаме простор за подобрување и како резултат на тоа да се намалат цените, нагласи Маџаревиќ-Шујстер.

The post Светска банка: Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места appeared first on Република.

]]>
Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/svetska-banka-planira-da-odvoi-okolu-700-milioni-evra-za-sproveduvane-na-novata-strategija-za-sorabotka-so-makedonija/ Wed, 24 Jan 2024 09:28:56 +0000 https://republika.mk/?p=736223 Светска банка денеска соопшти дека Бордот на извршни директори ја разгледал новата стратегија за соработка со  Македонија 2024-2028 во која...

The post Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија appeared first on Република.

]]>
Светска банка денеска соопшти дека Бордот на извршни директори ја разгледал новата стратегија за соработка со  Македонија 2024-2028 во која фокусот ќе биде ставен на зајакнување на конкурентноста на земјата, развивање на човечкиот капитал и зајакнување на отпорноста на климатските промени.

Стратегијата ја истакнува потребата за Македонија да го поттикне растот во создавање на повеќе работни места во контекст кој продолжува да се потпира на микро и мали претпријатија со ограничен пристап до вештини и финансии потребни за иновации и раст на сѐ поконкуретни домашни, регионални и глобални пазари. Немањето доволно можности за динамични работни места ја поттикнува имиграцијата, ги продлабочува демографските предизвици и го попречува подобрувањето на продуктивноста, се вели во соопштението од Светска банка.

Според директорот на Канцеларијата на Светска банка за Македонија и за Косово, Масимилиано Паолучи, за да се одржи развојот на Македонија, приоритет е создавањето на привлечни работни места, особено за младите, а за тоа треба да се создадат услови за приватниот сектор да биде двигател за раст и за создавање работни места.

Стратегијата, како што се посочува во соопштението, предвидува и обновени напори за промовирање на поголема поврзаност на земјава со регионалните и глобалните пазари за да се олесни трговијата и пристапот кон Европската унија.

За спроведување на Стратегијата, Светска банка планира да обезбеди околу 700 милиони евра за финансирање во следните пет години, придружено со советодавни програми и техничка помош.

Стратегијата потврдува дека поттикнувањето на растот и создавањето нови работни места ќе бара дополнителни реформи за подобрување на конкурентноста. Таа ќе поддржи насочени интервенции во областите на одговорност на јавните институции и фискална одржливост за подобрување на квалитетот на испораката на јавните услуги. Стратегијата, исто така, ќе го поддржи преминот кон почисти извори на енергија, имајќи предвид дека Македонија во моментов се потпира на високо загадувачки лигнит и нафта за 70 отсто од своите енергетски потреби и за проширување на климатски отпорна инфраструктура за да се ублажи влијанието на поплави, лизгање на земјиштето и шумски пожари, велат од Светска банка.

Зелената транзиција, се посочува во соопштението, ќе добие значителен поттик и од зголемената поддршка од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка.

Регионалниот директор за Западен Балкан при ИФЦ, Никола Маркие смета дека е потребно вклучување на приватниот капитал во инвестирање во обновлива енергија и енергетска ефикасност, за да се одржи траекторијата на одржлив развој на Македонија.

Бордот на извршни директори на Светска банка минатата недела одобри и два нови инвестициски проекти за земјата – за подобрување на социјалните услуги во износ од 27,5 милиони евра и 31 милион евра за Проектот за надградба и развој на патиштата којшто треба да помогне во подобрување на транспортната поврзаност долж делницата од Коридор VIII, меѓу Скопје и Деве Баир.

 

The post Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија appeared first on Република.

]]>
И Косово не претрка: Македонска економија годинава со раст од 2,5 проценти, прогнозира Светска банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-kosovo-ne-pretrka-makedonska-ekonomija-godinava-so-rast-od-2-5-protsenti-prognozira-svetska-banka/ Wed, 10 Jan 2024 07:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=731344

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи.

Во регионот на Западен Балкан, највисок раст годинава ќе има Косово 3,9 (4,0% во 2025), Албанија 3,2 (3,2% во 2025), Црна Гора 3,2 (3,1% во 2025), Србија 3,0 (3,8% во 2025), БиХ 2,8 (3,4% во 2025), Хрватска 2,7 (3,0% во 2025) и Бугарија 2,4 проценти (3,3% во 2025).

Светска банка во извештајот оценува дека во 2023 година економиите во Западен Балкан беа засегнати од намалената надворешна побарувачка, последиците од војната во Украина, зголемената инфлација и од цените на енергенсите и храната. Дополнително влијание, како што се наведува, има и одложувањето на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ.

Според Светска банка, глобалниот економски раст во 2024 година ќе продолжи да се забавува и ќе биде 2,4 отсто, што е помалку од 2,6 проценти во 2023, 3,0 отсто во 2022 и 6,2 во 2021 година.

Се очекува Еврозоната годинава да постигне раст од 0,7 отсто, што е скромно подобрување во однос на минатогодишните 0,4 отсто.

Американската економија, пак, во 2024 година ќе го забави растот од 2,5 на 1,6 отсто, а кинеската од 5,2 на 4,5 отсто.

Во прогнозата се наведува и дека глобалната стапка на инфлација ќе падне од ланските 5,3 отсто на 3,7 отсто во 2024 и на 3,4 отсто во 2025 година.

The post И Косово не претрка: Македонска економија годинава со раст од 2,5 проценти, прогнозира Светска банка appeared first on Република.

]]>

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи. Во регионот на Западен Балкан, највисок раст годинава ќе има Косово 3,9 (4,0% во 2025), Албанија 3,2 (3,2% во 2025), Црна Гора 3,2 (3,1% во 2025), Србија 3,0 (3,8% во 2025), БиХ 2,8 (3,4% во 2025), Хрватска 2,7 (3,0% во 2025) и Бугарија 2,4 проценти (3,3% во 2025). Светска банка во извештајот оценува дека во 2023 година економиите во Западен Балкан беа засегнати од намалената надворешна побарувачка, последиците од војната во Украина, зголемената инфлација и од цените на енергенсите и храната. Дополнително влијание, како што се наведува, има и одложувањето на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ. Според Светска банка, глобалниот економски раст во 2024 година ќе продолжи да се забавува и ќе биде 2,4 отсто, што е помалку од 2,6 проценти во 2023, 3,0 отсто во 2022 и 6,2 во 2021 година. Се очекува Еврозоната годинава да постигне раст од 0,7 отсто, што е скромно подобрување во однос на минатогодишните 0,4 отсто. Американската економија, пак, во 2024 година ќе го забави растот од 2,5 на 1,6 отсто, а кинеската од 5,2 на 4,5 отсто. Во прогнозата се наведува и дека глобалната стапка на инфлација ќе падне од ланските 5,3 отсто на 3,7 отсто во 2024 и на 3,4 отсто во 2025 година.

The post И Косово не претрка: Македонска економија годинава со раст од 2,5 проценти, прогнозира Светска банка appeared first on Република.

]]>
Светска банка предвидува раст на македонската економија од 2.5 отсто, Koсово се развива подобро од нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/svetska-banka-predviduva-rast-na-makedonskata-ekonomija-od-2-5-otsto-kosovo-se-razviva-podobro-od-nas/ Wed, 10 Jan 2024 07:17:26 +0000 https://republika.mk/?p=731324

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи.

Во регионот на Западен Балкан, највисок раст годинава ќе има Косово 3,9 (4,0% во 2025), Албанија 3,2 (3,2% во 2025), Црна Гора 3,2 (3,1% во 2025), Србија 3,0 (3,8% во 2025), БиХ 2,8 (3,4% во 2025), Хрватска 2,7 (3,0% во 2025) и Бугарија 2,4 проценти (3,3% во 2025).

Светска банка во извештајот оценува дека во 2023 година економиите во Западен Балкан беа засегнати од намалената надворешна побарувачка, последиците од војната во Украина, зголемената инфлација и од цените на енергенсите и храната. Дополнително влијание, како што се наведува, има и одложувањето на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ.

Според Светска банка, глобалниот економски раст во 2024 година ќе продолжи да се забавува и ќе биде 2,4 отсто, што е помалку од 2,6 проценти во 2023, 3,0 отсто во 2022 и 6,2 во 2021 година.

Се очекува Еврозоната годинава да постигне раст од 0,7 отсто, што е скромно подобрување во однос на минатогодишните 0,4 отсто.

Американската економија, пак, во 2024 година ќе го забави растот од 2,5 на 1,6 отсто, а кинеската од 5,2 на 4,5 отсто.

Во прогнозата се наведува и дека глобалната стапка на инфлација ќе падне од ланските 5,3 отсто на 3,7 отсто во 2024 и на 3,4 отсто во 2025 година

The post Светска банка предвидува раст на македонската економија од 2.5 отсто, Koсово се развива подобро од нас appeared first on Република.

]]>

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи. Во регионот на Западен Балкан, највисок раст годинава ќе има Косово 3,9 (4,0% во 2025), Албанија 3,2 (3,2% во 2025), Црна Гора 3,2 (3,1% во 2025), Србија 3,0 (3,8% во 2025), БиХ 2,8 (3,4% во 2025), Хрватска 2,7 (3,0% во 2025) и Бугарија 2,4 проценти (3,3% во 2025). Светска банка во извештајот оценува дека во 2023 година економиите во Западен Балкан беа засегнати од намалената надворешна побарувачка, последиците од војната во Украина, зголемената инфлација и од цените на енергенсите и храната. Дополнително влијание, како што се наведува, има и одложувањето на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ. Според Светска банка, глобалниот економски раст во 2024 година ќе продолжи да се забавува и ќе биде 2,4 отсто, што е помалку од 2,6 проценти во 2023, 3,0 отсто во 2022 и 6,2 во 2021 година. Се очекува Еврозоната годинава да постигне раст од 0,7 отсто, што е скромно подобрување во однос на минатогодишните 0,4 отсто. Американската економија, пак, во 2024 година ќе го забави растот од 2,5 на 1,6 отсто, а кинеската од 5,2 на 4,5 отсто. Во прогнозата се наведува и дека глобалната стапка на инфлација ќе падне од ланските 5,3 отсто на 3,7 отсто во 2024 и на 3,4 отсто во 2025 година

The post Светска банка предвидува раст на македонската економија од 2.5 отсто, Koсово се развива подобро од нас appeared first on Република.

]]>
Светска банка ќе даде заем од 93,8 милиони евра за макроекономски и климатски реформи во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/svetska-banka-ke-dade-zaem-od-93-8-milioni-evra-za-makroekonomski-i-klimatski-reformi-vo-makedonija/ Sat, 16 Dec 2023 09:55:26 +0000 https://republika.mk/?p=723567

Светска банка ќе обезбеди заем во вредност од 93,8 милиони евра за Македонија, со цел зајакнување на фискалната позиција и финансискиот сектор во земјата, како и поддржување на нејзината зелена транзиција.

Како што соопштија од Светската банка, новото финансирање во рамките на Операцијата за развојна политика на одржливост и отпорност на Македонија, одобрена од страна на Бордот на директори на Светска банка, е во согласност со макроекономските приоритети на земјава, според Фискалната стратегија 2024-2028 и Програмата за економски реформи 2023-2025 на Владата.

Македонија, како и други земји во Европа, се соочува со континуирани инфлаторни притисоци, што ги оптоварува јавните финансии во услови на монетарно затегање и зголемени трошоци за задолжување. Со оваа поддршка, наша цел е да обезбедиме брзи финансиски средства за зајакнување на фискалната одржливост, истовремено поддржувајќи ги неопходните климатски реформи и енергетската транзиција на земјата, вели Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светка банка за Македонија и Косово.

Новата операција на Светска банка ги поддржува напорите за намалување на зависноста од фосилни горива на Македонија преку подобрена енергетска ефикасност во јавниот сектор, зголемени инвестиции во обновливи извори на енергија и подобро собирање на податоци во врска со изложеноста на банкарскиот сектор на климатските ризици.

Во соопштението се посочува дека реформите може да ѝ помогнат на земјата во привлекување на околу 45 милиони евра приватни инвестиции за обновлива енергија, вклучително и инсталација на соларни панели, до 2026 година.

-Соработувавме заедно со меѓународните партнери за да се осигуриме дека нашата поддршка на политики и техничка помош се комплементарни и усогласени со агендата за пристапување кон Европската унија. Се надеваме дека оваа соработка ќе ја зајакне посветеноста на Владата за реформи во здрави макроекономски политики и стабилност на финансискиот сектор, навела Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист за Западен Балкан при Светска банка.

Заемот од Светска банка се состои од единечна транша за повлекување од 93,8 милиони евра со рок на доспевање од 11 години, вклучувајќи 4,5 години грејс период, стои во соопштението.

The post Светска банка ќе даде заем од 93,8 милиони евра за макроекономски и климатски реформи во Македонија appeared first on Република.

]]>

Светска банка ќе обезбеди заем во вредност од 93,8 милиони евра за Македонија, со цел зајакнување на фискалната позиција и финансискиот сектор во земјата, како и поддржување на нејзината зелена транзиција. Како што соопштија од Светската банка, новото финансирање во рамките на Операцијата за развојна политика на одржливост и отпорност на Македонија, одобрена од страна на Бордот на директори на Светска банка, е во согласност со макроекономските приоритети на земјава, според Фискалната стратегија 2024-2028 и Програмата за економски реформи 2023-2025 на Владата.
Македонија, како и други земји во Европа, се соочува со континуирани инфлаторни притисоци, што ги оптоварува јавните финансии во услови на монетарно затегање и зголемени трошоци за задолжување. Со оваа поддршка, наша цел е да обезбедиме брзи финансиски средства за зајакнување на фискалната одржливост, истовремено поддржувајќи ги неопходните климатски реформи и енергетската транзиција на земјата, вели Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светка банка за Македонија и Косово.
Новата операција на Светска банка ги поддржува напорите за намалување на зависноста од фосилни горива на Македонија преку подобрена енергетска ефикасност во јавниот сектор, зголемени инвестиции во обновливи извори на енергија и подобро собирање на податоци во врска со изложеноста на банкарскиот сектор на климатските ризици. Во соопштението се посочува дека реформите може да ѝ помогнат на земјата во привлекување на околу 45 милиони евра приватни инвестиции за обновлива енергија, вклучително и инсталација на соларни панели, до 2026 година. -Соработувавме заедно со меѓународните партнери за да се осигуриме дека нашата поддршка на политики и техничка помош се комплементарни и усогласени со агендата за пристапување кон Европската унија. Се надеваме дека оваа соработка ќе ја зајакне посветеноста на Владата за реформи во здрави макроекономски политики и стабилност на финансискиот сектор, навела Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист за Западен Балкан при Светска банка. Заемот од Светска банка се состои од единечна транша за повлекување од 93,8 милиони евра со рок на доспевање од 11 години, вклучувајќи 4,5 години грејс период, стои во соопштението.

The post Светска банка ќе даде заем од 93,8 милиони евра за макроекономски и климатски реформи во Македонија appeared first on Република.

]]>
Гувернерката на НБРМ на средба со Светска банка: Народната банка ќе продолжи со успешно спроведување на реформите во финансискиот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/guvernerkata-na-nbrm-na-sredba-so-svetska-banka-narodnata-banka-ke-prodolzhi-so-uspeshno-sproveduvane-na-reformite-vo-finansiskiot-sektor/ Sat, 02 Dec 2023 10:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=718622

Во изминативе неколку години беше постигнат натамошен значаен напредок во зајакнување на финансискиот сектор. Беше донесен Закон за финансиска стабилност со кој на Народната банка и се даде макропрудентен мандат, а истовремено се поставија механизми за зајакната координација помеѓу сите финансиски регулатори, како и зајакната рамка за следење на системските ризици.

 

Исто така, беше донесен и нов Закон за решавање на банки, а тековно се работи на подзаконска регулатива која произлегува од овој закон. Со цел соодветно вградување на ризиците од климатските промени во банкарскиот систем беше донесена првата Национална стратегија за зелени финансии, а беше подготвен и циркулар за банките.

 

За сите овие активности Светската банка обезбеди значајна поддршка.

Ова беше заеднички констатирано на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и нејзиниот тим со делегацијата на Светската банка, предводена од потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, директорката за Западен Балкан, Шаочинг Ју, како и директорот за Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, при што беше изразена благодарност од двете страни за досегашната соработка и изразена надеж и заложба за продолжување на успешните релации.

Посетата на потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани беше во рамки на активностите за одбележување на триесет години на партнерство на земјава со Светската банка.

Во изминатите три децении Светската банка претставува значаен партнер на Народната банка, во развојот на капацитетите и градењето на функционалната рамка за воспоставување и одржување на макроекономската стабилност. Соработката помеѓу двете институции ќе продолжи и во идниот период, особено преку понатамошното јакнење на макропрудентната рамка, подготовка на подзаконски акти со цел операционализација на Законот за решавање банки, унапредување на платежната сфера, како и справување со предизвиците од климатските промени.

The post Гувернерката на НБРМ на средба со Светска банка: Народната банка ќе продолжи со успешно спроведување на реформите во финансискиот сектор appeared first on Република.

]]>

Во изминативе неколку години беше постигнат натамошен значаен напредок во зајакнување на финансискиот сектор. Беше донесен Закон за финансиска стабилност со кој на Народната банка и се даде макропрудентен мандат, а истовремено се поставија механизми за зајакната координација помеѓу сите финансиски регулатори, како и зајакната рамка за следење на системските ризици.   Исто така, беше донесен и нов Закон за решавање на банки, а тековно се работи на подзаконска регулатива која произлегува од овој закон. Со цел соодветно вградување на ризиците од климатските промени во банкарскиот систем беше донесена првата Национална стратегија за зелени финансии, а беше подготвен и циркулар за банките.   За сите овие активности Светската банка обезбеди значајна поддршка.
Ова беше заеднички констатирано на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и нејзиниот тим со делегацијата на Светската банка, предводена од потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, директорката за Западен Балкан, Шаочинг Ју, како и директорот за Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, при што беше изразена благодарност од двете страни за досегашната соработка и изразена надеж и заложба за продолжување на успешните релации. Посетата на потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани беше во рамки на активностите за одбележување на триесет години на партнерство на земјава со Светската банка. Во изминатите три децении Светската банка претставува значаен партнер на Народната банка, во развојот на капацитетите и градењето на функционалната рамка за воспоставување и одржување на макроекономската стабилност. Соработката помеѓу двете институции ќе продолжи и во идниот период, особено преку понатамошното јакнење на макропрудентната рамка, подготовка на подзаконски акти со цел операционализација на Законот за решавање банки, унапредување на платежната сфера, како и справување со предизвиците од климатските промени.

The post Гувернерката на НБРМ на средба со Светска банка: Народната банка ќе продолжи со успешно спроведување на реформите во финансискиот сектор appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ветуваше 5% раст на БДП годишно, а годинава ќе завршиме со мизерни 1,8% – убедливо најлош економски ефект во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-vetuvashe-5-rast-na-bdp-godishno-a-godinava-ke-zavrshime-so-mizerni-1-8-ubedlivo-najlosh-ekonomski-efekt-vo-regionot/ Sat, 21 Oct 2023 07:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=693498

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека премиерот Димитар Ковачевски ветуваше просечен годишен раст на БДП од 5%, а годинава според извештајот на Светска Банка ќе завршиме со најнизок економски раст во регионот со само 1,8%.

Ковачевски и СДС зборуваа за инфлација од 5,6% инфлација, а Светска Банка прогнозира двојно повисока.

 

Очигледно дека извештајот на Светска Банка е најдобриот демант за сите лаги кои ги пушта владата на ДУИ и СДС. ПОразителен е фактот кој го потенцира Светската Банка, дека Македонија ќе има најнизок раст, највисок дефицит и огромна инфлација.

 

Ова се резултатите од катастрофалната економска политика на ДУИ и СДС. Народот во Македонија 4 пати побрзо ќе осиромашува, затоа што кај нас цените на основните продукти се 4 пати повеќе поскапени, за разлика од растот на цените во Европа. Затоа црните прогнози за до крајот на годината велат дека над 600 илјади граѓани ќе живеат во сиромаштија, а најмалку 80 илјади лица ќе бидат во екстремна сиромаштија со само 60 денари на ден.

 

Само политичари без срам, какви што се овие во владата, на вакви економски параметри може да речат дека македонската економија блеска. За доброто на Македонија оваа власт треба да замине час поскоро. Секој ден со оваа власт стопанството ќе тоне, а народот ќе осиромашува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ковачевски ветуваше 5% раст на БДП годишно, а годинава ќе завршиме со мизерни 1,8% – убедливо најлош економски ефект во регионот appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека премиерот Димитар Ковачевски ветуваше просечен годишен раст на БДП од 5%, а годинава според извештајот на Светска Банка ќе завршиме со најнизок економски раст во регионот со само 1,8%.
Ковачевски и СДС зборуваа за инфлација од 5,6% инфлација, а Светска Банка прогнозира двојно повисока.   Очигледно дека извештајот на Светска Банка е најдобриот демант за сите лаги кои ги пушта владата на ДУИ и СДС. ПОразителен е фактот кој го потенцира Светската Банка, дека Македонија ќе има најнизок раст, највисок дефицит и огромна инфлација.   Ова се резултатите од катастрофалната економска политика на ДУИ и СДС. Народот во Македонија 4 пати побрзо ќе осиромашува, затоа што кај нас цените на основните продукти се 4 пати повеќе поскапени, за разлика од растот на цените во Европа. Затоа црните прогнози за до крајот на годината велат дека над 600 илјади граѓани ќе живеат во сиромаштија, а најмалку 80 илјади лица ќе бидат во екстремна сиромаштија со само 60 денари на ден.   Само политичари без срам, какви што се овие во владата, на вакви економски параметри може да речат дека македонската економија блеска. За доброто на Македонија оваа власт треба да замине час поскоро. Секој ден со оваа власт стопанството ќе тоне, а народот ќе осиромашува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ковачевски ветуваше 5% раст на БДП годишно, а годинава ќе завршиме со мизерни 1,8% – убедливо најлош економски ефект во регионот appeared first on Република.

]]>
Светска Банка ѝ влепи шлаканица на власта: За Македонија предвидува најмал раст на БДП во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/svetska-banka-i-vlepi-shamar-na-vlasta-za-makedonija-predviduvaat-najmal-rast-na-bdp-vo-regionot/ Fri, 20 Oct 2023 06:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=693057

Извештајот на Светската Банка за Македонија е „шамариште„ за владата на Ковачевски. Беа потопени сите лаги на ДУИ и СДС дека македонската економија цвета.

Извештајот на Светска Банка ја отсликува реалноста дека Македонија е на економското дно во регионот, позади сите други земји. Според Светската Банка за 2023 година ќе имаме убедливо најнизок раст на БДП од само 1,8%, двојно понизок од Црна Гора, Косово и Албанија, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ

Во исто време буџетскиот дефицит ќе се зголемува што значи дека ќе расте и долгот, а високата инфлација од 9,1% ќе продолжи да го уништува стандардот на граѓаните. Патем и Светската Банка, како и ММФ претходно, ги демантираа шарените лаги на владата и прогнозираат инфлација повисока за дупло повеќе од тоа што го прогнозираат неспособната власт.

Оваа инфлација е резултат на задоцнетите мерки на власта и истото е нотирано од страна на овој извештај. Да потсетиме дека само пред некој ден беше презентирана проекција според која постои опасност до крајот на годината 600 илјади граѓани да западнат во сиромаштија, а дури 80 илјади граѓани се во екстремна сиромаштија само со 60 денари на ден. Затоа се повеќе граѓани купуваат производи на парче, затоа се поголеми се редиците пред пекарите за бајат леб.

Тотално фијаско доживува македонската економија со оваа власт на Ковачевски. Што побрзо си заминат, толку подобро за македонското стопанство, за македонскиот работник и општо за граѓаните. Нивната неспособност е епска и тоа предизвикува катастрофални последици.

The post Светска Банка ѝ влепи шлаканица на власта: За Македонија предвидува најмал раст на БДП во регионот appeared first on Република.

]]>

Извештајот на Светската Банка за Македонија е „шамариште„ за владата на Ковачевски. Беа потопени сите лаги на ДУИ и СДС дека македонската економија цвета. Извештајот на Светска Банка ја отсликува реалноста дека Македонија е на економското дно во регионот, позади сите други земји. Според Светската Банка за 2023 година ќе имаме убедливо најнизок раст на БДП од само 1,8%, двојно понизок од Црна Гора, Косово и Албанија, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ
Во исто време буџетскиот дефицит ќе се зголемува што значи дека ќе расте и долгот, а високата инфлација од 9,1% ќе продолжи да го уништува стандардот на граѓаните. Патем и Светската Банка, како и ММФ претходно, ги демантираа шарените лаги на владата и прогнозираат инфлација повисока за дупло повеќе од тоа што го прогнозираат неспособната власт.
Оваа инфлација е резултат на задоцнетите мерки на власта и истото е нотирано од страна на овој извештај. Да потсетиме дека само пред некој ден беше презентирана проекција според која постои опасност до крајот на годината 600 илјади граѓани да западнат во сиромаштија, а дури 80 илјади граѓани се во екстремна сиромаштија само со 60 денари на ден. Затоа се повеќе граѓани купуваат производи на парче, затоа се поголеми се редиците пред пекарите за бајат леб. Тотално фијаско доживува македонската економија со оваа власт на Ковачевски. Што побрзо си заминат, толку подобро за македонското стопанство, за македонскиот работник и општо за граѓаните. Нивната неспособност е епска и тоа предизвикува катастрофални последици.

The post Светска Банка ѝ влепи шлаканица на власта: За Македонија предвидува најмал раст на БДП во регионот appeared first on Република.

]]>
Само Бугарија е полоша од нас: Македонската економија годинава со раст од 1,8 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/samo-bugarija-e-polosha-od-nas-makedonskata-ekonomija-godinava-so-rast-od-1-8-protsenti/ Thu, 05 Oct 2023 12:44:39 +0000 https://republika.mk/?p=688226

Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде 1,8 отсто, во 2024 ќе изнесува 2,5, а во 2025 година ќе се зголеми на 2,9 проценти. Инфлацијата, пак, во 2023 ќе се задржи на ниво од 9,1 процент, за во наредната година да се намали на три, а во 2025 на два отсто, прогнозира Светска банка во најновиот извештај за економските показатели на земјите од Европа и Централна Азија.

СБ оценува дека среднорочните економски изгледи на земјава се позитивни, но остануваат ризиците.

Растот во 2023 година се очекува скромно да се зголеми до 1,8 отсто, како одраз на забавувањето на надворешната побарувачка и постојаната криза на трошоците на живот, делумно неутрализирани од влијанието на изградбата на автопат. Растот се очекува умерено да се забрза на среден рок поради порастот на јавните инвестиции, закрепнатата потрошувачка и извоз. Се предвидува дека годишната инфлација ќе остане на ниво од 9,1 отсто во 2023 година, но долгорочно да се намалува до 2 отсто во 2025 година, се наведува во извештајот за земјава.

СБ забележува дека остануваат и натаму основните ризици кои во голема мера ќе зависат од економската состојба во земјите кои се најголеми трговски партнери и продолжувањето на процесот на пристапување во ЕУ, што може да ги забрза критичните реформи.

Сепак, зголемената политичка неизвесност и продолжениот парламентарен ќор-сокак поради недостаток на консензус за уставни измени, како и претстојните избори може да ја одложат имплеметацијата на реформите. Конечно, политичките проблеми носат ризик и за фискалната одржливост и инфлацијата, што ќе бара дополнително монетарно затегнување, кое, пак, може дополнително да ги ограничи опциите за финансирање и да ја забави економската активност, оценува СБ.

Банката прогнозира дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе забележи раст од 2,5 проценти, за разлика од лани кога изнесуваше 3,2 отсто.

Највисок економски раст во 2023 година ќе има Црна Гора од 4,8 проценти, потоа Албанија 3,6 проценти, Косово 3,2 проценти, Хрватска 2,7 проценти, Босна и Херцеговина 2,2 проценти, Србија, 2 проценти и Бугарија 1,4 проценти.

The post Само Бугарија е полоша од нас: Македонската економија годинава со раст од 1,8 проценти appeared first on Република.

]]>

Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде 1,8 отсто, во 2024 ќе изнесува 2,5, а во 2025 година ќе се зголеми на 2,9 проценти. Инфлацијата, пак, во 2023 ќе се задржи на ниво од 9,1 процент, за во наредната година да се намали на три, а во 2025 на два отсто, прогнозира Светска банка во најновиот извештај за економските показатели на земјите од Европа и Централна Азија. СБ оценува дека среднорочните економски изгледи на земјава се позитивни, но остануваат ризиците. Растот во 2023 година се очекува скромно да се зголеми до 1,8 отсто, како одраз на забавувањето на надворешната побарувачка и постојаната криза на трошоците на живот, делумно неутрализирани од влијанието на изградбата на автопат. Растот се очекува умерено да се забрза на среден рок поради порастот на јавните инвестиции, закрепнатата потрошувачка и извоз. Се предвидува дека годишната инфлација ќе остане на ниво од 9,1 отсто во 2023 година, но долгорочно да се намалува до 2 отсто во 2025 година, се наведува во извештајот за земјава. СБ забележува дека остануваат и натаму основните ризици кои во голема мера ќе зависат од економската состојба во земјите кои се најголеми трговски партнери и продолжувањето на процесот на пристапување во ЕУ, што може да ги забрза критичните реформи. Сепак, зголемената политичка неизвесност и продолжениот парламентарен ќор-сокак поради недостаток на консензус за уставни измени, како и претстојните избори може да ја одложат имплеметацијата на реформите. Конечно, политичките проблеми носат ризик и за фискалната одржливост и инфлацијата, што ќе бара дополнително монетарно затегнување, кое, пак, може дополнително да ги ограничи опциите за финансирање и да ја забави економската активност, оценува СБ. Банката прогнозира дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе забележи раст од 2,5 проценти, за разлика од лани кога изнесуваше 3,2 отсто. Највисок економски раст во 2023 година ќе има Црна Гора од 4,8 проценти, потоа Албанија 3,6 проценти, Косово 3,2 проценти, Хрватска 2,7 проценти, Босна и Херцеговина 2,2 проценти, Србија, 2 проценти и Бугарија 1,4 проценти.

The post Само Бугарија е полоша од нас: Македонската економија годинава со раст од 1,8 проценти appeared first on Република.

]]>
Светска банка препорачува: Ако Македонија ги вклучи хомосексуалците во економијата земјата ќе биде поуспешна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/svetska-banka-preporachuva-ako-makedonija-gi-vkluchi-homoseksualtsite-vo-ekonomijata-zemjata-ke-bide-pouspeshna/ Tue, 26 Sep 2023 10:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=685284

 Светската банка денеска соопшти дека политиките насочени кон зајакнување на социјалното вклучување на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите и интерсексуалните (ЛГБТИ) луѓе би можеле да помогнат во градењето поправедни и рамноправни општества и да имаат корист за економиите на Македонија и Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Годишниот бруто домашен производ (БДП) на двете земји би се зголемил во просек за 0,6 отсто, или вкупно 360 милиони американски долари, според студијата на Светска банка, „доколку се намалат бариерите за влез на пазарот на трудот за ЛГБТИ луѓето кои се соочуваат со дискриминација поради нечија сексуална ориентација, родов идентитет и изразување и родови карактеристики“.

Како што се наведува во соопштението, поверојатно е дека ЛГБТИ лицата во Србија ќе бидат во понеповолна економска положба од општата популација.

Еден од седум ЛГБТИ лица во Македонија сè уште се соочува со дискриминација на работното место во однос на вработување, отпуштање и професионално напредување.

-Пристапот до основните услуги и пазари и можноста за достоинствен живот се темелите на успешниот и одржлив развој, рече директорот на Светска банка за Западен Балкан Шаочинг Ју.

Тој оцени дека истражувањето покажува дека „вклучувањето на ЛГБТИ луѓето не само што е вистинската работа, туку и основа за стабилна економија“.

Македонија и Србија спроведоа важни реформи кои ги штитат правата на ЛГБТИ луѓето, соопшти Светска банка, додавајќи дека е неопходно да се спроведат клучните реформи договорени како дел од процесот на пристапување во Европската унија

The post Светска банка препорачува: Ако Македонија ги вклучи хомосексуалците во економијата земјата ќе биде поуспешна appeared first on Република.

]]>

 Светската банка денеска соопшти дека политиките насочени кон зајакнување на социјалното вклучување на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите и интерсексуалните (ЛГБТИ) луѓе би можеле да помогнат во градењето поправедни и рамноправни општества и да имаат корист за економиите на Македонија и Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Годишниот бруто домашен производ (БДП) на двете земји би се зголемил во просек за 0,6 отсто, или вкупно 360 милиони американски долари, според студијата на Светска банка, „доколку се намалат бариерите за влез на пазарот на трудот за ЛГБТИ луѓето кои се соочуваат со дискриминација поради нечија сексуална ориентација, родов идентитет и изразување и родови карактеристики“. Како што се наведува во соопштението, поверојатно е дека ЛГБТИ лицата во Србија ќе бидат во понеповолна економска положба од општата популација. Еден од седум ЛГБТИ лица во Македонија сè уште се соочува со дискриминација на работното место во однос на вработување, отпуштање и професионално напредување.
-Пристапот до основните услуги и пазари и можноста за достоинствен живот се темелите на успешниот и одржлив развој, рече директорот на Светска банка за Западен Балкан Шаочинг Ју.
Тој оцени дека истражувањето покажува дека „вклучувањето на ЛГБТИ луѓето не само што е вистинската работа, туку и основа за стабилна економија“. Македонија и Србија спроведоа важни реформи кои ги штитат правата на ЛГБТИ луѓето, соопшти Светска банка, додавајќи дека е неопходно да се спроведат клучните реформи договорени како дел од процесот на пристапување во Европската унија

The post Светска банка препорачува: Ако Македонија ги вклучи хомосексуалците во економијата земјата ќе биде поуспешна appeared first on Република.

]]>
Наместо еврообврзница, власта ќе се задолжи кај Светска банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/namesto-evroobvrznitsa-vlasta-ke-se-zadolzhi-kaj-svetska-banka/ Thu, 14 Sep 2023 11:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=681877

Нова еврообврзница до крајот на годината нема да се издава, а со ново задолжување во Светска банка ќе бидат достапни средства за значајни проекти, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за издавањето на последната еврообврзница.

Тој појасни дека задолжувањето на домашниот и меѓународниот пазар на државата е регулирано со Стратегијата за јавен долг којашто се одобрува во Собранието кога се одобрува и буџетот.

- Еврообврзница издадовме на почетокот на годината, на крајот од првиот квартал и се искористи за раздолжување на еврообврзница која беше земена во 2016 година. Таа беше искористена за плаќање на сите оние стиропори кои се распаѓаат, палми во Вардар, статуи на мостовите кои ги плаќаа под два-три милиони евра. Така што, таа веќе ја раздолживме. Нова еврообврзница нема да се издава до крајот на годината, а задолжувањето ќе биде согласно со Стратегијата за јавен долг, било тоа да е со државни обврзници или проектно финансирање, рече премиерот Ковачевски.

Тој најави дека идната недела ќе патува за САД на состанок во Светска банка на високо ниво за добивање средства за финансирање на проекти во земјава.

– Веќе разговараме за проекти значајни за унапредување голем број области во државата кои ќе бидат финансирани од Светска банка. Преговорите се финализирани и по состанокот оттаму очекувам добри вести во однос на процедурите кои ќе отпочнат. Со ова на Македонија ќе ѝ бидат достапни средства, чиј износ во оваа прилика не сакал да ги кажам, но ќе биде навистина значаен. Со тие средства ќе се работат проекти на државно но и локално ниво, подвлече премиерот Ковачевски.

The post Наместо еврообврзница, власта ќе се задолжи кај Светска банка appeared first on Република.

]]>

Нова еврообврзница до крајот на годината нема да се издава, а со ново задолжување во Светска банка ќе бидат достапни средства за значајни проекти, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за издавањето на последната еврообврзница. Тој појасни дека задолжувањето на домашниот и меѓународниот пазар на државата е регулирано со Стратегијата за јавен долг којашто се одобрува во Собранието кога се одобрува и буџетот.
- Еврообврзница издадовме на почетокот на годината, на крајот од првиот квартал и се искористи за раздолжување на еврообврзница која беше земена во 2016 година. Таа беше искористена за плаќање на сите оние стиропори кои се распаѓаат, палми во Вардар, статуи на мостовите кои ги плаќаа под два-три милиони евра. Така што, таа веќе ја раздолживме. Нова еврообврзница нема да се издава до крајот на годината, а задолжувањето ќе биде согласно со Стратегијата за јавен долг, било тоа да е со државни обврзници или проектно финансирање, рече премиерот Ковачевски.
Тој најави дека идната недела ќе патува за САД на состанок во Светска банка на високо ниво за добивање средства за финансирање на проекти во земјава.
– Веќе разговараме за проекти значајни за унапредување голем број области во државата кои ќе бидат финансирани од Светска банка. Преговорите се финализирани и по состанокот оттаму очекувам добри вести во однос на процедурите кои ќе отпочнат. Со ова на Македонија ќе ѝ бидат достапни средства, чиј износ во оваа прилика не сакал да ги кажам, но ќе биде навистина значаен. Со тие средства ќе се работат проекти на државно но и локално ниво, подвлече премиерот Ковачевски.

The post Наместо еврообврзница, власта ќе се задолжи кај Светска банка appeared first on Република.

]]>
Светска банка: Се поголем е јазот помеѓу богатите и сиромашните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/svetska-banka-se-pogolem-e-jazot-pomegu-bogatite-i-siromashnite/ Tue, 18 Jul 2023 09:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=662595

Нoвиот шеф на Светска банка изјави на состанокот на министрите за финансии на Г20 во Индија дека растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните нации ризикува да ја продлабочи сиромаштијата во земјите во развој.

Многу земји сè уште се опоравуваат од двојниот удар на пандемијата на коронавирус и последиците од руската војна во Украина, која ги погоди глобалните цени на горивата и суровините. Во меѓувреме, климатските промени ги погодуваат некои од најсиромашните земји со кои најтешко се справуваат.

Ајај Банга, претседател на Светската банка, рече дека стравува дека недостатокот на напредок може да доведе до поширок јаз во глобалната економија, на штета на најсиромашните во светот.

„Она што ме буди ноќе е недовербата што тивко ги дели глобалниот Север и Југ во време кога треба да се обединиме“, рече Банга на дводневниот состанок на министрите за финансии и гувернерите на централните банки во Гандинагар, државата Гуџарат.

„Фрустрацијата на глобалниот југ е разбирлива. На многу начини, тие ја плаќаат цената за нашиот просперитет“, рече Банга со индиско потекло, натурализиран американски државјанин кој ја презеде банката минатиот месец откако беше номиниран од американскиот претседател Џо Бајден. .

 

The post Светска банка: Се поголем е јазот помеѓу богатите и сиромашните appeared first on Република.

]]>

Нoвиот шеф на Светска банка изјави на состанокот на министрите за финансии на Г20 во Индија дека растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните нации ризикува да ја продлабочи сиромаштијата во земјите во развој. Многу земји сè уште се опоравуваат од двојниот удар на пандемијата на коронавирус и последиците од руската војна во Украина, која ги погоди глобалните цени на горивата и суровините. Во меѓувреме, климатските промени ги погодуваат некои од најсиромашните земји со кои најтешко се справуваат. Ајај Банга, претседател на Светската банка, рече дека стравува дека недостатокот на напредок може да доведе до поширок јаз во глобалната економија, на штета на најсиромашните во светот.
„Она што ме буди ноќе е недовербата што тивко ги дели глобалниот Север и Југ во време кога треба да се обединиме“, рече Банга на дводневниот состанок на министрите за финансии и гувернерите на централните банки во Гандинагар, државата Гуџарат. „Фрустрацијата на глобалниот југ е разбирлива. На многу начини, тие ја плаќаат цената за нашиот просперитет“, рече Банга со индиско потекло, натурализиран американски државјанин кој ја презеде банката минатиот месец откако беше номиниран од американскиот претседател Џо Бајден. .
 

The post Светска банка: Се поголем е јазот помеѓу богатите и сиромашните appeared first on Република.

]]>