Свето Преображение Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveto-preobrazenie/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Aug 2022 10:29:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Свето Преображение Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveto-preobrazenie/ 32 32 Македонците во Ербеле, Албанија го одбележаа празникот Преображение Господово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedoncite-vo-erbele-albanija-go-odbelezaa-praznikot-preobrazenie-gospodovo/ Fri, 19 Aug 2022 10:29:40 +0000 https://republika.mk/?p=541966

Македонците од селото Ербеле, област Поле или Долни Дебар, кое се наоѓа во близина на албанско-македонската граница кај Дебар, и неколку други околни населени места, го одбележаа денешниот голем христијански празник, Преображение Господово.

По  две години, поради пандемијата, овој пат во црквата „Свето Преображение“ која датира од 12 век, присуствуваа поголем број верници, меѓу кои и оние по потекло од овој крај, а сега живеат во Македонија, во други градови во Албанија и во западноевропските земји.

Ја продолжуваме вековната традиција, годинава со поголемо присуство. По повеќе години по првпат  беше одржана и богослужба од страна на Миле Ангеловски, намесник на Дебарската парохија. Тука беа локални жители од повеќе села од оваа област, Македонци по потекло од Ербеле, кои денес  живеат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, како и во Дебар и други градови во Македонија, но и во други земји, изјави за МИА, Ернест Постоли, чие семејство се грижи за црквата.

Додава дека при кршењето на погачата, што ја подготвила Руска Богдани, од село Крчиште, каде лани се паднала паричката, најсреќна била Гента Траја, која ќе ја подготви погачата за празникот до година.

Жителите од поширокиот крај од двете страни на границата, независно од верската припадност веруваат дека црквата има исцелителна моќ.

Во црквата доаѓаме спроти прзникот, значи синоќа, а одбележувањето продолжи денеска. По традиција и верување, ноќта спроти празникот, во оваа црква доаѓале не само православни туку и муслимани. Ноќта ја минувале во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ. Голем број луѓе тука го нашле лекот за својата болест, вели Постоли.

Во октомври 2018 година познатото македонско древно светилиште, Бигорски манастир и подари 12 икони на црквата, што се реализираше по средбата на игуменот на манастирот, владиката Партениј и Никола Ѓурѓај претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Црквата „Свето Преображение“ во 1970 година, со одлука на албанските власти,  е прогласена за споменик на културата.

The post Македонците во Ербеле, Албанија го одбележаа празникот Преображение Господово appeared first on Република.

]]>

Македонците од селото Ербеле, област Поле или Долни Дебар, кое се наоѓа во близина на албанско-македонската граница кај Дебар, и неколку други околни населени места, го одбележаа денешниот голем христијански празник, Преображение Господово. По  две години, поради пандемијата, овој пат во црквата „Свето Преображение“ која датира од 12 век, присуствуваа поголем број верници, меѓу кои и оние по потекло од овој крај, а сега живеат во Македонија, во други градови во Албанија и во западноевропските земји.
Ја продолжуваме вековната традиција, годинава со поголемо присуство. По повеќе години по првпат  беше одржана и богослужба од страна на Миле Ангеловски, намесник на Дебарската парохија. Тука беа локални жители од повеќе села од оваа област, Македонци по потекло од Ербеле, кои денес  живеат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, како и во Дебар и други градови во Македонија, но и во други земји, изјави за МИА, Ернест Постоли, чие семејство се грижи за црквата.
Додава дека при кршењето на погачата, што ја подготвила Руска Богдани, од село Крчиште, каде лани се паднала паричката, најсреќна била Гента Траја, која ќе ја подготви погачата за празникот до година. Жителите од поширокиот крај од двете страни на границата, независно од верската припадност веруваат дека црквата има исцелителна моќ.
Во црквата доаѓаме спроти прзникот, значи синоќа, а одбележувањето продолжи денеска. По традиција и верување, ноќта спроти празникот, во оваа црква доаѓале не само православни туку и муслимани. Ноќта ја минувале во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ. Голем број луѓе тука го нашле лекот за својата болест, вели Постоли.
Во октомври 2018 година познатото македонско древно светилиште, Бигорски манастир и подари 12 икони на црквата, што се реализираше по средбата на игуменот на манастирот, владиката Партениј и Никола Ѓурѓај претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана. Црквата „Свето Преображение“ во 1970 година, со одлука на албанските власти,  е прогласена за споменик на културата.

The post Македонците во Ербеле, Албанија го одбележаа празникот Преображение Господово appeared first on Република.

]]>
Манастирот Зрзе е чувар на приказната за мачеништвото, за монаштвото и за зачетоците на христијанството на овие простори https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/manastirot-zrze-e-chuvar-na-prikaznata-za-machenishtvoto-za-monashtvoto-i-za-zachetocite-na-hristijanstvoto-na-ovie-prostori/ Sun, 24 Apr 2022 07:43:29 +0000 https://republika.mk/?p=492950

Mанастирот во Зрзе, здание извишено на бигорна карпа, на 1000 метри надморска височина е со вековна историја. Манастирот „Свето Преображение“ - Зрзе ги носи сведоштвата за најраните корени на Христијанството на овие простори.

И на мачеништвото. И на монаштвото. Како основа на Христијанството.

Лесно се стигнува до Манастирот. Има асфалтен пат. Од портите под манастирот и малку пеш. Потоа,се отвораат вратите на мирот, спокојството, духовноста. На ненадминливата глетка на Пелагонија, љубезно ќе ве пречека еден од 7-те монаси. Кафето и чајот со благослов е од монахот Јов. И, не сака да се фотографира.

Зданието со обновените конаци е блаженство за окото. Црквата, пак, за духовното спокојство.

Друштво ни прават луѓето од прилепскиот Институт за старословенска култура, кои се најповикани да ни ја објаснат историјата, археологијата, уникатноста. Не само на манастирското здание, на црквата со фрескоживописот и со иконата на Богородица Пелагонитиса која, според легендата, си го сменила местото кај олтарот. И не само за монашките ќелии под манастирот, кои како очи ја допираат вашата душа. Туку, и за артефактите до манастирот со остатоците од гробницата на непознат маченик од 4 и 5 век и ранохристијанска црква.

Со поглед на расцветаните магнолии, со прекрасни лилави цветови на 1000 метри височина, историчарот на уметност д-р Александар Василески, научен соработник во Институтот потсетува на уникатноста на манастирската црква. Биле три, денес ги има двете под ист покрив.

Црквата Свето Преображение всушност е три цркви под еден покрив. Сите се од различен временски период. Она што го имаме зачувано како најстаро сликарство, според историските извори, знаеме дека најстарата црква потекнува уште од средината на 14-тиот век. Најстарото фрескосликарство е од 1368-9 година и е најстариот сочуван живопис, генерално, во овие предели, како целина. Денес се сочувани двете. Средната црква е посветена на Светото Преображение, а таа од десната страна е, всушност, посветена на Светите апостоли Петар и Павле. Позната е како „овчарска црква“ бидејќи е поврзана со легендата за едно овчарче кое маченички го завршило животот кон крајот на 18-тиот век. Црквата денес ја носи таа посвета - објаснува Василески.

Црквата го носи и најстариот живопис на овие простори, а ги има и од неколку века. Осликана е и страсната недела, неделата пред Велигден со последните настани од животот на Исус Христос. Ама тука се  најзначајните икони, на Христос спас и животодавец и Богородица Пелагонитиса. Се сместуваат во антологиски дела на византискиот иконопис, воопшто на овие простори.

Во периодот што следува овој е еден од најзначајните центри, и културни, и уметнички. Имаме живопис од 16-тиот, од 17-тиот век. Оттогаш е претставата на Страшниот суд, а имаме икони од 19 век. Најзначајни и највредни се имињата на браќата Јован и Макариј, односно минтрополитот Јован и брат му, јеромонахот Макариј, кои биле и семејно и интимно поврзани со манастирот. Биле и негови ктитори. Биле и сликари. Нивни се иконите Христос Спас и животодавец и Богородица Пелагонитиса кои се сместуваат во антологиските дела на византискиот иконопис. Тоа се копии, оригиналите се во Музејот на Македонија - вели Василески.

Манастирот со возвишеност ги носи легендите низ вековоте. До ден-денес зачувани. Луѓето сакаат да веруваат. Особено дека престојот таму е и лек и за плодноста и раѓањето.

Но, знаејќи дека под манастирот во бигорната карпа се монашките ќелии од 9 век како основен облик на монашкиот живот на овие простори, а и дека десно од манастирот (ако гледате кон  манастирот, во спротивно се од левата страна) се остатоците од надсводена гробница на непознат маченик и ранохристијанска црква од крајот на 4 и почетокот на 5 век, љубопитството е разбудено.

Има и втора етапа, крајот на 5 и почетокот на 6 век. Веднаш се упатуваме  на тоа свето место од раното христијанство. Би рекле, свето е до денес. Уште поголема е возбудата што археологот и директор на Институтот за старословенска култура Бранислав Ристески недвосмислено укажува - тоа се единствени, уникатни примероци на најраните манифестации на христијанството. Со саможртвата - мачеништвото и со облиците на монаштвото.

За Ристески мистериозна е приказната што се крие зад животот и смртта на непознатиот маченик од крајот на 4 и почетокот на 5 век чија гробница е на тоа свето место. Пронајдениот скелет на археолозите им укажал дека маченикот имал воени рани, но не умрел од тоа.

Антрополошката анализа на скелетот на маченикот укажува на значителни оштетувања од копје, од воени орудија на главата, на рацете, на нозете. Тоа упатува на очигледна претпроставка дека станува збор за лице од воената каста. Но, анализата покажува дека овие повреди не биле причина за неговата смрт, бидејќи тој, во поодминатата доба, во 6 деценија од својот живот, се упокоил во овој комплекс на Манастирото во Зрзе - вели Ристески.

Возвишено нѝ делува сознанието дека на централно-балканскиот простор, посебно во регионите на Мариово и Пелагонија, ова е еден од трите најсочувани комплекси на најраните пројави и манифестации на христијанството, заедно со Градешница и Градок во селото Манастир, Мариово. Но, овој комплекс е еден од најрепрезентативните.

Не само што е сведоштво за мачеништвото, туку е и индиректен показарел за најраната етапа на христијанството, кога сѐ уште не се воспоставени севкупните богослужбени поставки. Втората димензија која укажува на најраното конституирање на христијанството е тоа што покрај олтарниот простор, како сакрален се наметнува источниот простор од олтарот. Покрај погребувањето на непознатиот маченик, подоцна се погребуваат сите значајни личности. Тоа е издвоено како значен простор во христијанската заедница - констатира археологот Ристески.

Фасцинирани сме од сознанијата и доказите дека Манастирот Зрзе ја чува приказната за најраните зачетоци на христијанството на овие простори, за мачеништвото и за монаштвото.

Напуштајќи го манастирскиот комплекс во Зрзе низ змиоликиот пат, последниот поглед го опфаќа целото здание. И, пак, како во почетокот, се издвојуваат монашките ќелии под манастирот. Ги има 40-тина.

Првата форма на монашкото живеење се монашките ќелии.  Од крајот на 9, па до 15 век. Според содржината, има најголеми сличности со монашкото живеење на Света Гора. Ова е единствен пример на овие простори, а монашкото живеење потоа се финализира со манастирското - објаснува Ристески.

Ја завршуваме посетата на манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе. Неговата посебност е недвосмислена. За уште еден печат за корените на христијанството.

За уште една потврда на вечната потрага по спокојството. А и на духовната рамнотежа.

Извор: МИА

The post Манастирот Зрзе е чувар на приказната за мачеништвото, за монаштвото и за зачетоците на христијанството на овие простори appeared first on Република.

]]>

Mанастирот во Зрзе, здание извишено на бигорна карпа, на 1000 метри надморска височина е со вековна историја. Манастирот „Свето Преображение“ - Зрзе ги носи сведоштвата за најраните корени на Христијанството на овие простори. И на мачеништвото. И на монаштвото. Како основа на Христијанството. Лесно се стигнува до Манастирот. Има асфалтен пат. Од портите под манастирот и малку пеш. Потоа,се отвораат вратите на мирот, спокојството, духовноста. На ненадминливата глетка на Пелагонија, љубезно ќе ве пречека еден од 7-те монаси. Кафето и чајот со благослов е од монахот Јов. И, не сака да се фотографира. Зданието со обновените конаци е блаженство за окото. Црквата, пак, за духовното спокојство. Друштво ни прават луѓето од прилепскиот Институт за старословенска култура, кои се најповикани да ни ја објаснат историјата, археологијата, уникатноста. Не само на манастирското здание, на црквата со фрескоживописот и со иконата на Богородица Пелагонитиса која, според легендата, си го сменила местото кај олтарот. И не само за монашките ќелии под манастирот, кои како очи ја допираат вашата душа. Туку, и за артефактите до манастирот со остатоците од гробницата на непознат маченик од 4 и 5 век и ранохристијанска црква. Со поглед на расцветаните магнолии, со прекрасни лилави цветови на 1000 метри височина, историчарот на уметност д-р Александар Василески, научен соработник во Институтот потсетува на уникатноста на манастирската црква. Биле три, денес ги има двете под ист покрив.
Црквата Свето Преображение всушност е три цркви под еден покрив. Сите се од различен временски период. Она што го имаме зачувано како најстаро сликарство, според историските извори, знаеме дека најстарата црква потекнува уште од средината на 14-тиот век. Најстарото фрескосликарство е од 1368-9 година и е најстариот сочуван живопис, генерално, во овие предели, како целина. Денес се сочувани двете. Средната црква е посветена на Светото Преображение, а таа од десната страна е, всушност, посветена на Светите апостоли Петар и Павле. Позната е како „овчарска црква“ бидејќи е поврзана со легендата за едно овчарче кое маченички го завршило животот кон крајот на 18-тиот век. Црквата денес ја носи таа посвета - објаснува Василески.
Црквата го носи и најстариот живопис на овие простори, а ги има и од неколку века. Осликана е и страсната недела, неделата пред Велигден со последните настани од животот на Исус Христос. Ама тука се  најзначајните икони, на Христос спас и животодавец и Богородица Пелагонитиса. Се сместуваат во антологиски дела на византискиот иконопис, воопшто на овие простори.
Во периодот што следува овој е еден од најзначајните центри, и културни, и уметнички. Имаме живопис од 16-тиот, од 17-тиот век. Оттогаш е претставата на Страшниот суд, а имаме икони од 19 век. Најзначајни и највредни се имињата на браќата Јован и Макариј, односно минтрополитот Јован и брат му, јеромонахот Макариј, кои биле и семејно и интимно поврзани со манастирот. Биле и негови ктитори. Биле и сликари. Нивни се иконите Христос Спас и животодавец и Богородица Пелагонитиса кои се сместуваат во антологиските дела на византискиот иконопис. Тоа се копии, оригиналите се во Музејот на Македонија - вели Василески.
Манастирот со возвишеност ги носи легендите низ вековоте. До ден-денес зачувани. Луѓето сакаат да веруваат. Особено дека престојот таму е и лек и за плодноста и раѓањето. Но, знаејќи дека под манастирот во бигорната карпа се монашките ќелии од 9 век како основен облик на монашкиот живот на овие простори, а и дека десно од манастирот (ако гледате кон  манастирот, во спротивно се од левата страна) се остатоците од надсводена гробница на непознат маченик и ранохристијанска црква од крајот на 4 и почетокот на 5 век, љубопитството е разбудено. Има и втора етапа, крајот на 5 и почетокот на 6 век. Веднаш се упатуваме  на тоа свето место од раното христијанство. Би рекле, свето е до денес. Уште поголема е возбудата што археологот и директор на Институтот за старословенска култура Бранислав Ристески недвосмислено укажува - тоа се единствени, уникатни примероци на најраните манифестации на христијанството. Со саможртвата - мачеништвото и со облиците на монаштвото. За Ристески мистериозна е приказната што се крие зад животот и смртта на непознатиот маченик од крајот на 4 и почетокот на 5 век чија гробница е на тоа свето место. Пронајдениот скелет на археолозите им укажал дека маченикот имал воени рани, но не умрел од тоа.
Антрополошката анализа на скелетот на маченикот укажува на значителни оштетувања од копје, од воени орудија на главата, на рацете, на нозете. Тоа упатува на очигледна претпроставка дека станува збор за лице од воената каста. Но, анализата покажува дека овие повреди не биле причина за неговата смрт, бидејќи тој, во поодминатата доба, во 6 деценија од својот живот, се упокоил во овој комплекс на Манастирото во Зрзе - вели Ристески.
Возвишено нѝ делува сознанието дека на централно-балканскиот простор, посебно во регионите на Мариово и Пелагонија, ова е еден од трите најсочувани комплекси на најраните пројави и манифестации на христијанството, заедно со Градешница и Градок во селото Манастир, Мариово. Но, овој комплекс е еден од најрепрезентативните.
Не само што е сведоштво за мачеништвото, туку е и индиректен показарел за најраната етапа на христијанството, кога сѐ уште не се воспоставени севкупните богослужбени поставки. Втората димензија која укажува на најраното конституирање на христијанството е тоа што покрај олтарниот простор, како сакрален се наметнува источниот простор од олтарот. Покрај погребувањето на непознатиот маченик, подоцна се погребуваат сите значајни личности. Тоа е издвоено како значен простор во христијанската заедница - констатира археологот Ристески.
Фасцинирани сме од сознанијата и доказите дека Манастирот Зрзе ја чува приказната за најраните зачетоци на христијанството на овие простори, за мачеништвото и за монаштвото. Напуштајќи го манастирскиот комплекс во Зрзе низ змиоликиот пат, последниот поглед го опфаќа целото здание. И, пак, како во почетокот, се издвојуваат монашките ќелии под манастирот. Ги има 40-тина.
Првата форма на монашкото живеење се монашките ќелии.  Од крајот на 9, па до 15 век. Според содржината, има најголеми сличности со монашкото живеење на Света Гора. Ова е единствен пример на овие простори, а монашкото живеење потоа се финализира со манастирското - објаснува Ристески.
Ја завршуваме посетата на манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе. Неговата посебност е недвосмислена. За уште еден печат за корените на христијанството. За уште една потврда на вечната потрага по спокојството. А и на духовната рамнотежа. Извор: МИА

The post Манастирот Зрзе е чувар на приказната за мачеништвото, за монаштвото и за зачетоците на христијанството на овие простори appeared first on Република.

]]>