Светиот апостол Филип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetiot-apostol-filip/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 07:43:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светиот апостол Филип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetiot-apostol-filip/ 32 32 Денеска е Св. апостол Филип, а утре почнуваат Божиќните пости https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-sv-apostol-filip-a-utre-pochnuvaat-bozhiknite-posti/ Wed, 27 Nov 2024 07:43:35 +0000 https://republika.mk/?p=842105

На 28 ноември започнуваат Божиќните пости кои траат 40 дена, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7 јануари. Денешниот ден, 27 ноември, се нарекува уште божикни поклади. Овој ден е и денот на споменот на Апостол Филип.

Апостол Филип беше родум од Витсаида, крај Галилејското Езеро. Тој проповедаше во разни делови од Азија и во Грција. Беше распнат од незнабошците во фригискиот град Ерапол, за време на Дометијан, во 86 година. Подоцна моштите му се пренесени во Рим. Денес, Црквата го слави и свети Григориј Палама, прво светогорски монах, а потоа солунски архиепископ. Се слави и во втората недела од Великиот пост. Против калабриецот Варлаам го бранеше и го одбрани мистичното искуство на реалното единство со Бога. Се успокои мирно во 1360 година. Моштите му се наоѓаат во Солун, во црквата што го носи неговото име.

Православната црква запишала дека Божиќниот пост е востановен за верниците да можат, во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.

Секој пост има правила, во кои денови се пости стого, а во кои денови е дозволено масло, вино и/или риба. Верниците строго се придржуваат на црковните правила.

 

The post Денеска е Св. апостол Филип, а утре почнуваат Божиќните пости appeared first on Република.

]]>

На 28 ноември започнуваат Божиќните пости кои траат 40 дена, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7 јануари. Денешниот ден, 27 ноември, се нарекува уште божикни поклади. Овој ден е и денот на споменот на Апостол Филип.
Апостол Филип беше родум од Витсаида, крај Галилејското Езеро. Тој проповедаше во разни делови од Азија и во Грција. Беше распнат од незнабошците во фригискиот град Ерапол, за време на Дометијан, во 86 година. Подоцна моштите му се пренесени во Рим. Денес, Црквата го слави и свети Григориј Палама, прво светогорски монах, а потоа солунски архиепископ. Се слави и во втората недела од Великиот пост. Против калабриецот Варлаам го бранеше и го одбрани мистичното искуство на реалното единство со Бога. Се успокои мирно во 1360 година. Моштите му се наоѓаат во Солун, во црквата што го носи неговото име.
Православната црква запишала дека Божиќниот пост е востановен за верниците да можат, во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење. Секој пост има правила, во кои денови се пости стого, а во кои денови е дозволено масло, вино и/или риба. Верниците строго се придржуваат на црковните правила.  

The post Денеска е Св. апостол Филип, а утре почнуваат Божиќните пости appeared first on Република.

]]>
Денеска е Св. апостол Филип https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-sv-apostol-filip/ Thu, 24 Oct 2024 06:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=830367

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври.

Денеска е Св. апостол Филип.

Свети апостол Филип потекнуваше од Кесарија Палестинска. Беше женет и имаше четири ќерки. Кога светите апостоли ги бираа ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижат за бедните и болните и да ги организираат вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив беше избран и Филип. А кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, тој се повлече во Самарија и таму го проповедаше Евангелието, и не само што го проповедаше, туку и го сведочеше со многу чуда, изгонување на демони и исцелување на болни. Го заврши овој живот мирно и во длабока старост и се пресели во радоста на својот Господ.

The post Денеска е Св. апостол Филип appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври. Денеска е Св. апостол Филип. Свети апостол Филип потекнуваше од Кесарија Палестинска. Беше женет и имаше четири ќерки. Кога светите апостоли ги бираа ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижат за бедните и болните и да ги организираат вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив беше избран и Филип. А кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, тој се повлече во Самарија и таму го проповедаше Евангелието, и не само што го проповедаше, туку и го сведочеше со многу чуда, изгонување на демони и исцелување на болни. Го заврши овој живот мирно и во длабока старост и се пресели во радоста на својот Господ.

The post Денеска е Св. апостол Филип appeared first on Република.

]]>
Го славиме Светиот апостол Филип https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/go-slavime-svetiot-apostol-filip/ Tue, 24 Oct 2023 07:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=694365

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Светиот апостол Филип

Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Св. Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Тралија. Се упокои мирно во длабока старост.

Тропар

Апостоле Христов Филипе, тебе Господ ти дарува пород од телото, и преку тебе Духот Свети приведе мнозина кон спасение, Христов чудотворче, на ангелите собеседниче, моли се пред Спасителот во борбата да не омлитавиме.

Спомен на Седмиот Вселенски Собор

Овој Собор се одржа во 787 година во Никеја, во времето на царувањето на благочестивата Ирина и нејзиниот син Константин, а за време на патријархот Тарасиј. Овој Собор конечно го утврди иконопочитувањето образложувајќи го со Светото Писмо, со сведоштвото на Светите отци и со достоверни примери на чуда пројавени од Светите икони. Меѓу другите наведени примери на чуда Кипарскиот епископ Константин го наведе и овој што ќе биде предаден овде. Некој овчар од градот Констанца еднаш штом го истера стадото на пасење ја виде иконата на Пресвета Богородица целата украсена со цвеќе од правоверните. „Зошто толкава чест да ? се оддава на една карпа?“, си рече овчарот (очигледно воспитан во иконоборство), па со својот железен стап удри по иконата и го расипа десното око на ликот на Богомајката. Но штотуку тргна од она место, се сопна и со истиот оној стап си го изби себеси десното око. Кога се врати ќор во градот плачејќи викаше и говореше дека го постигнала казна од Светата Пречиста. Овој Собор уште реши во антиминсот неизоставно да се вложуваат Свети мошти на маченици. На Соборот учествуваа 367 отци. По нивните молитви Бог нека не помилува и спаси. Амин.

Тропар

Препрославен си, Христе Боже наш, Кој на земјата за светила си ни ги дал Отците наши, и преку нив си не упатил сите во вистинската вера; Многумилостиве, слава Ти.

Кондак

Синот, Кој засветли од Отецот неискажливо, се роди од жена во две природи; а ние, гледајќи Го Него, не се одрекуваме од ликот на Неговите црти, туку чесно сликајќи Го, верно Го почитуваме. Поради тоа Црквата, пазејќи ја вистинската вера, ја целива иконата на Христовото вочовечување.

Преподобен Теофан Начертани

Исповедник и писател на канони. Роден е во Арабија од богати и побожни родители. Заедно со неговиот брат Теодор (под 27 декември) се замонаши во манастирот на Св. Сава Осветен. Како многу образовани монаси ерусалимскиот патријарх Тома ги испрати кај царот Лав Ерменин за да му го образложат и да го одбранат пред царот иконопочитувањето. Свирепиот цар ужасно ги намачи овие Свети браќа и ги фрли во затвор. Подоцна царот иконоборец Теофил продолжи да ги мачи и за да ги изложи на потсмев на светот нареди на нивните лица да се нацртаат некои шегобијни зборови. По завршувањето на иконоборството Св. Теофан беше пуштен на слобода и наскоро посветен за епископ. Се упокои мирно во 847 година. За иконите страдаше дваесет и пет години. Напиша сто четириесет и пет канони и се удостои со наследството на вечната радост на својот Господ.

Св. Нектариј патријарх Цариградски

Како мирјанин и висок царски чиновник беше едногласно избран за патријарх после Св. Григориј Богослов, во 381 година. Се одликуваше со длабок разум, такт и ревност за Црквата. Се упокои мирно во 397 година.

Светите маченички Зинаида и Филонида

Родени сестри, родум од Тарс. Велат дека му се роднини на Св. апостол Павле. Како девојки се одрекоа од светот заради Христа и се повлекоа во една пештера на подвиг. Ја познаваа лекарската вештина и им помагаа на многумина болни. Особено Филонида, заради големиот пост, се удостои со дар на чудотворство. Но некои неверни ги нападнаа ноќе и ги убија со камења.

Тропар

Отфрлени од светот како болест неизлечлива, но обележани од ангелите како жртва жива на Господа угодна, свети маченички Зинаидо и Филонило, поука станавте на сите кои евангелска мудрост побараа, и Господа Го прославуваат по вашите свети молитви, Кој со венец маченички ве закити.

The post Го славиме Светиот апостол Филип appeared first on Република.

]]>

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Светиот апостол Филип Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Св. Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Тралија. Се упокои мирно во длабока старост. Тропар Апостоле Христов Филипе, тебе Господ ти дарува пород од телото, и преку тебе Духот Свети приведе мнозина кон спасение, Христов чудотворче, на ангелите собеседниче, моли се пред Спасителот во борбата да не омлитавиме. Спомен на Седмиот Вселенски Собор Овој Собор се одржа во 787 година во Никеја, во времето на царувањето на благочестивата Ирина и нејзиниот син Константин, а за време на патријархот Тарасиј. Овој Собор конечно го утврди иконопочитувањето образложувајќи го со Светото Писмо, со сведоштвото на Светите отци и со достоверни примери на чуда пројавени од Светите икони. Меѓу другите наведени примери на чуда Кипарскиот епископ Константин го наведе и овој што ќе биде предаден овде. Некој овчар од градот Констанца еднаш штом го истера стадото на пасење ја виде иконата на Пресвета Богородица целата украсена со цвеќе од правоверните. „Зошто толкава чест да ? се оддава на една карпа?“, си рече овчарот (очигледно воспитан во иконоборство), па со својот железен стап удри по иконата и го расипа десното око на ликот на Богомајката. Но штотуку тргна од она место, се сопна и со истиот оној стап си го изби себеси десното око. Кога се врати ќор во градот плачејќи викаше и говореше дека го постигнала казна од Светата Пречиста. Овој Собор уште реши во антиминсот неизоставно да се вложуваат Свети мошти на маченици. На Соборот учествуваа 367 отци. По нивните молитви Бог нека не помилува и спаси. Амин. Тропар Препрославен си, Христе Боже наш, Кој на земјата за светила си ни ги дал Отците наши, и преку нив си не упатил сите во вистинската вера; Многумилостиве, слава Ти. Кондак Синот, Кој засветли од Отецот неискажливо, се роди од жена во две природи; а ние, гледајќи Го Него, не се одрекуваме од ликот на Неговите црти, туку чесно сликајќи Го, верно Го почитуваме. Поради тоа Црквата, пазејќи ја вистинската вера, ја целива иконата на Христовото вочовечување. Преподобен Теофан Начертани Исповедник и писател на канони. Роден е во Арабија од богати и побожни родители. Заедно со неговиот брат Теодор (под 27 декември) се замонаши во манастирот на Св. Сава Осветен. Како многу образовани монаси ерусалимскиот патријарх Тома ги испрати кај царот Лав Ерменин за да му го образложат и да го одбранат пред царот иконопочитувањето. Свирепиот цар ужасно ги намачи овие Свети браќа и ги фрли во затвор. Подоцна царот иконоборец Теофил продолжи да ги мачи и за да ги изложи на потсмев на светот нареди на нивните лица да се нацртаат некои шегобијни зборови. По завршувањето на иконоборството Св. Теофан беше пуштен на слобода и наскоро посветен за епископ. Се упокои мирно во 847 година. За иконите страдаше дваесет и пет години. Напиша сто четириесет и пет канони и се удостои со наследството на вечната радост на својот Господ. Св. Нектариј патријарх Цариградски Како мирјанин и висок царски чиновник беше едногласно избран за патријарх после Св. Григориј Богослов, во 381 година. Се одликуваше со длабок разум, такт и ревност за Црквата. Се упокои мирно во 397 година. Светите маченички Зинаида и Филонида Родени сестри, родум од Тарс. Велат дека му се роднини на Св. апостол Павле. Како девојки се одрекоа од светот заради Христа и се повлекоа во една пештера на подвиг. Ја познаваа лекарската вештина и им помагаа на многумина болни. Особено Филонида, заради големиот пост, се удостои со дар на чудотворство. Но некои неверни ги нападнаа ноќе и ги убија со камења. Тропар Отфрлени од светот како болест неизлечлива, но обележани од ангелите како жртва жива на Господа угодна, свети маченички Зинаидо и Филонило, поука станавте на сите кои евангелска мудрост побараа, и Господа Го прославуваат по вашите свети молитви, Кој со венец маченички ве закити.

The post Го славиме Светиот апостол Филип appeared first on Република.

]]>