Светилка за Ханука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetilka-za-hanuka/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Apr 2022 09:32:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светилка за Ханука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/svetilka-za-hanuka/ 32 32 Томислав Османли за белградски „Данас“: Воспитувањето по предметот „Човечност“ станува неопходно https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tomislav-osmanli-za-belgradski-danas-vospituvanjeto-po-predmetot-chovechnost-stanuva-neophodno/ Sat, 23 Apr 2022 09:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=492583

Под насловот „Воспитувањето по предметот ‘Човечност’ станува неопходно“, угледниот белградски весник „Danas во неделниот прилог (Naslovna za 23. april 2022.  ), на две страници донесува интервју со нашиот писател Томислав Османли. Истакнатата српска новинарка,  уредничка и книжевна критичарка Анѓелка Цвијиќ овој разговор со нашиот автор го реализира фокусирајќи низа теми и аспекти за загрозувањето на хуманите вредности во историјата како и во современиот светРазговорот со македонскиот писател весникот Danas“ го објавува во празничниот број, што се појавува помеѓу еврејски Песах и православниот Велигден. Повод за интервју со македонскиот автор е неодамнешната објава на неговата книга „Светилка за Ханука“, што покрај големиот број меѓународни објави, неодамна, во превод на Зоран Ж. Пауновиќ, се појави во издание на реномираната куќа „Прометеј“ од Нови Сад.

Инаку, по неодамнешниот, получасовен разговор на Османли со уредникот на емисијата посветена на регионалните култури „Околу Балканот“ на Радио Белград 2 Светиљка за Хануку и Задња рука  - неговата книга, среде бујната книгоиздателска дејност на соседната култура, по втор пат го свртува вниманието на српските книжевни проследувачи.

Претставувајќи ја збирката раскази „Светилка за Ханука“ низ почетното објаснување на нашиот писател, авторката на интервјуто ги наведува и мотвите за нејзиното новинарско интересирање: „Книгата Светилка за Ханука – пишува таа –  спаѓа во редот на оние што не се забораваат. Со богат јазик, префинет стил и во неа се раскажаните притеснетите судбини на Евреите од балканските простори… Османли во расказите ја внел сета трагика на невините што страдаат во дијаболичните походи на оние, бесрамно убедените во своето месијанство. А кои, сведоци сме, и денес се неуморни во злосторите против човечноста...“

                Белградската авторка бележи дека Османли со „Светилката за Ханука“ започнал универзална тема на која тој ѝ го споветува и своето најновово дело, неговиот нов, штотуку завршен роман насловен „Столб што пее“ што наскоро треба да биде објавен во Македонија и што низ сложен наратив зборува за драстичната несогласност што постои меѓу миротворната свест на уметниците, филозофите од хуманиот дел на светот и - „сосем спротивната, насилна, ратоборна, масовно убиствена реалност“ како на минатите времиња, така и на ова отуѓено совремие…

                Со тоа белградската уредничка и книжевна критичарка интервјуто го постанува врз и живи теми и врз ангажирани содржини. Така, на нејзиното прашање: „Колку се знае за страдањето на Евреите од Балканот“, нашиот автор истакнува:

                „Се знае многу, но многу и се заборава. Среде овие, повторно многу 'етницифицирани' времиња, брзо бледнее сочувството за страдањето на Другиот. Тоа е ненаучената лекција од приказните за страдањата ширум светот, а посебно на Балканот. Многу е важно, особено книжевно да се потсетува на страдањата на другите, на блиските, кои се забораваат среде меркантилизмот на секојдневието свртено кон профитот и его-триповите на поединци меѓу политичките и деловните моќници, но веќе и меѓу обичните луѓе што животот сѐ почесто гопреживуваат без скрупули, и низ брзите бришење на историските сеќавања спрема Другиот. Медиумите, почнувајќи од пристрасните инфо-портали до високобуџетните  филмови, ја поттикнуваат таа цивилизација на самодоволноста во која речиси и да нема примери на алтруизам“, вели Османли и објаснува:

                „Во хибридниве времиња на пост-вистината, односно на легитимираните пропагандни лаги, разорно се развиваат не само средствата за масовното физичко, туку и оние за масмедиумското и духовното уништување на вистината. И Ковид е вкупната метафора за отровната пандемија на завладеаната карантинска и медиумска социопатија, спротивственоста помеѓу неконтролираната надмоќ и растечката масовна слабост и кревкост на поединците, на општествените слоеви, групи и народи. Ова некогаш жестоко го искусиле Евреите, но и Ромите и Србите, како и другите Словени, сите тие тевтонски проскрибирани и осудени на бескрупулозни исчезнувања. На овој начин, кога се пишува за страдањата на Евреите, дури и на Балканот, па и во минатото, тука по пат на уметничка дедукција нужно се подразбираат и современите Палестинци, Сиријци, Ирачани, Украинци... , луѓето од Донбас и Луганск па сѐ до Либија и до останатите, уште пострадални делови на светот. Во хипермедиумски покорените времиња кои создаваат расцепена свест, литературата е последниот бастион за чеситата, катарзична индивидуалност на авторите.“

                Авторката на интервјуто се интересира за причините за така масовното страдање на еврејското население, за тоа колку е тешко да се пишува на тема на холокаустот, за луѓето од други припадности што спасувале Евреи, на што писателот на книгата „Светилка за Ханука“ потсетува на позитивната улога на православните цркви во Втората светска војна, укажувајќи на примерите на владиците, Хрисостом од островот Закинтос и на Кирил од Пловдив, подоцна прв бугарски патријарх, кои со енергично спротивставување кон окупаторските нацисти од едната и на фашистичките власти на својата земја во другиот случај, ги спасиле комплетните еврејски заедници што живееле во нивние епархии.  

                По повеќе занимливо илустрирани одговори, на прашањето „Која вредност е најважна за да се спречи страдањето?“, писателот го дава следниот одговор:

                „ Човечноста, во секоја нејзина дименија. Социјална и индивидуална. Апсолутизираниот приватен интерес и немилосрдната алчност на новите моќници, домашните тајкуни и нивните корумпирани заштитници од државните „индустрии на моќта“ со новите, брендирани, 'fancy'  чизми на веќе легитимизираниот егоизам - газат сѐ пред себе. Човечноста пред сѐ; човечката сочувственост, солидарноста; а, меѓу учениците, пак, и доброто воспитание. Наместо социјална држава, на која бевме свикнати и покрај сите нејини недостатоци, ние - во новокомпонираново, распарчено општество за кое нѐ уверуваат дека тоа претставува демократски капитализам - добивме социјални држави. Не треба да си либерален марксист за да разбереш како воспитанувањето по предметот 'Човечност' станува неопходно...“

                Има ли доволно музеи кои би ги опоменувале луѓето, прашува новинараката на „Danas“:     „Ги има. И тие имаат многу важна улога. Го проблематиираат антисемитисмот и сите негови отворени или прикриени модалитети. Генерациите се учат како не смее да се постапува со Другите и со Различните. Но, во овој свет потопен во нови, масовни омрази и злочини, тие се на некој начин…доста осамени музеи…. Вистинскиот музеј што го чува интегритетот на луѓето, е човекот сам. Освестената иднивидуа, одново поопштествениот човек. Очовечениот човек, како основа на очовеченото општество.“ – заклучува македонскиот писател Томислав Османли во своето најново, белградско интервју.           

The post Томислав Османли за белградски „Данас“: Воспитувањето по предметот „Човечност“ станува неопходно appeared first on Република.

]]>

Под насловот „Воспитувањето по предметот ‘Човечност’ станува неопходно“, угледниот белградски весник „Danas во неделниот прилог (Naslovna za 23. april 2022.  ), на две страници донесува интервју со нашиот писател Томислав Османли. Истакнатата српска новинарка,  уредничка и книжевна критичарка Анѓелка Цвијиќ овој разговор со нашиот автор го реализира фокусирајќи низа теми и аспекти за загрозувањето на хуманите вредности во историјата како и во современиот светРазговорот со македонскиот писател весникот Danas“ го објавува во празничниот број, што се појавува помеѓу еврејски Песах и православниот Велигден. Повод за интервју со македонскиот автор е неодамнешната објава на неговата книга „Светилка за Ханука“, што покрај големиот број меѓународни објави, неодамна, во превод на Зоран Ж. Пауновиќ, се појави во издание на реномираната куќа „Прометеј“ од Нови Сад. Инаку, по неодамнешниот, получасовен разговор на Османли со уредникот на емисијата посветена на регионалните култури „Околу Балканот“ на Радио Белград 2 Светиљка за Хануку и Задња рука  - неговата книга, среде бујната книгоиздателска дејност на соседната култура, по втор пат го свртува вниманието на српските книжевни проследувачи. Претставувајќи ја збирката раскази „Светилка за Ханука“ низ почетното објаснување на нашиот писател, авторката на интервјуто ги наведува и мотвите за нејзиното новинарско интересирање: „Книгата Светилка за Ханука – пишува таа –  спаѓа во редот на оние што не се забораваат. Со богат јазик, префинет стил и во неа се раскажаните притеснетите судбини на Евреите од балканските простори… Османли во расказите ја внел сета трагика на невините што страдаат во дијаболичните походи на оние, бесрамно убедените во своето месијанство. А кои, сведоци сме, и денес се неуморни во злосторите против човечноста...“                 Белградската авторка бележи дека Османли со „Светилката за Ханука“ започнал универзална тема на која тој ѝ го споветува и своето најновово дело, неговиот нов, штотуку завршен роман насловен „Столб што пее“ што наскоро треба да биде објавен во Македонија и што низ сложен наратив зборува за драстичната несогласност што постои меѓу миротворната свест на уметниците, филозофите од хуманиот дел на светот и - „сосем спротивната, насилна, ратоборна, масовно убиствена реалност“ како на минатите времиња, така и на ова отуѓено совремие…                 Со тоа белградската уредничка и книжевна критичарка интервјуто го постанува врз и живи теми и врз ангажирани содржини. Така, на нејзиното прашање: „Колку се знае за страдањето на Евреите од Балканот“, нашиот автор истакнува:                 „Се знае многу, но многу и се заборава. Среде овие, повторно многу 'етницифицирани' времиња, брзо бледнее сочувството за страдањето на Другиот. Тоа е ненаучената лекција од приказните за страдањата ширум светот, а посебно на Балканот. Многу е важно, особено книжевно да се потсетува на страдањата на другите, на блиските, кои се забораваат среде меркантилизмот на секојдневието свртено кон профитот и его-триповите на поединци меѓу политичките и деловните моќници, но веќе и меѓу обичните луѓе што животот сѐ почесто гопреживуваат без скрупули, и низ брзите бришење на историските сеќавања спрема Другиот. Медиумите, почнувајќи од пристрасните инфо-портали до високобуџетните  филмови, ја поттикнуваат таа цивилизација на самодоволноста во која речиси и да нема примери на алтруизам“, вели Османли и објаснува:                 „Во хибридниве времиња на пост-вистината, односно на легитимираните пропагандни лаги, разорно се развиваат не само средствата за масовното физичко, туку и оние за масмедиумското и духовното уништување на вистината. И Ковид е вкупната метафора за отровната пандемија на завладеаната карантинска и медиумска социопатија, спротивственоста помеѓу неконтролираната надмоќ и растечката масовна слабост и кревкост на поединците, на општествените слоеви, групи и народи. Ова некогаш жестоко го искусиле Евреите, но и Ромите и Србите, како и другите Словени, сите тие тевтонски проскрибирани и осудени на бескрупулозни исчезнувања. На овој начин, кога се пишува за страдањата на Евреите, дури и на Балканот, па и во минатото, тука по пат на уметничка дедукција нужно се подразбираат и современите Палестинци, Сиријци, Ирачани, Украинци... , луѓето од Донбас и Луганск па сѐ до Либија и до останатите, уште пострадални делови на светот. Во хипермедиумски покорените времиња кои создаваат расцепена свест, литературата е последниот бастион за чеситата, катарзична индивидуалност на авторите.“                 Авторката на интервјуто се интересира за причините за така масовното страдање на еврејското население, за тоа колку е тешко да се пишува на тема на холокаустот, за луѓето од други припадности што спасувале Евреи, на што писателот на книгата „Светилка за Ханука“ потсетува на позитивната улога на православните цркви во Втората светска војна, укажувајќи на примерите на владиците, Хрисостом од островот Закинтос и на Кирил од Пловдив, подоцна прв бугарски патријарх, кои со енергично спротивставување кон окупаторските нацисти од едната и на фашистичките власти на својата земја во другиот случај, ги спасиле комплетните еврејски заедници што живееле во нивние епархии.                   По повеќе занимливо илустрирани одговори, на прашањето „Која вредност е најважна за да се спречи страдањето?“, писателот го дава следниот одговор:                 „ Човечноста, во секоја нејзина дименија. Социјална и индивидуална. Апсолутизираниот приватен интерес и немилосрдната алчност на новите моќници, домашните тајкуни и нивните корумпирани заштитници од државните „индустрии на моќта“ со новите, брендирани, 'fancy'  чизми на веќе легитимизираниот егоизам - газат сѐ пред себе. Човечноста пред сѐ; човечката сочувственост, солидарноста; а, меѓу учениците, пак, и доброто воспитание. Наместо социјална држава, на која бевме свикнати и покрај сите нејини недостатоци, ние - во новокомпонираново, распарчено општество за кое нѐ уверуваат дека тоа претставува демократски капитализам - добивме социјални држави. Не треба да си либерален марксист за да разбереш како воспитанувањето по предметот 'Човечност' станува неопходно...“                 Има ли доволно музеи кои би ги опоменувале луѓето, прашува новинараката на „Danas“:     „Ги има. И тие имаат многу важна улога. Го проблематиираат антисемитисмот и сите негови отворени или прикриени модалитети. Генерациите се учат како не смее да се постапува со Другите и со Различните. Но, во овој свет потопен во нови, масовни омрази и злочини, тие се на некој начин…доста осамени музеи…. Вистинскиот музеј што го чува интегритетот на луѓето, е човекот сам. Освестената иднивидуа, одново поопштествениот човек. Очовечениот човек, како основа на очовеченото општество.“ – заклучува македонскиот писател Томислав Османли во своето најново, белградско интервју.           

The post Томислав Османли за белградски „Данас“: Воспитувањето по предметот „Човечност“ станува неопходно appeared first on Република.

]]>