Свети Василиј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-vasilij/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jan 2024 11:09:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Свети Василиј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-vasilij/ 32 32 Верниците се поклонуваат пред изложените мошти на Свети Василиј во Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vernitsite-se-poklonuvaat-pred-izlozhenite-moshti-na-sveti-vasilij-vo-strumitsa/ Sun, 14 Jan 2024 11:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=732841

Православните верници од синоќа се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј Велики. Во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, во чест на големиот празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, традиционално се изложуваат на поклонение дел од моштите на овој светец.

Долги години ја имаме таа благодат да бидеме дел од молитвите на Свети Василиј Велики. Ние можеме да се поклониме на светите мошти, кои секоја година пред празникот на Свети Василиј Велики се изнесуваат на поклонение овде, во црквата „Свети Кирил и Методиј“, велат од Струмичката епархија.

По синоќешната Вечерна археирејска служба, на која присуствуваше и Викарниот епископ Јаков Стобиски, на верниците им беа подеделени лебчиња со паричка.

За православната црква, Свети Василиј Велики е еден од нејзините столбови или како што бил наречен „око на православната црква и уста на Светиот Дух“.

Според преданијата, моштите се донесени во Струмица во 1830 година од Кападохија од војник од овие краишта кој служел во војската на Турската империја.

The post Верниците се поклонуваат пред изложените мошти на Свети Василиј во Струмица appeared first on Република.

]]>

Православните верници од синоќа се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј Велики. Во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, во чест на големиот празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, традиционално се изложуваат на поклонение дел од моштите на овој светец.
Долги години ја имаме таа благодат да бидеме дел од молитвите на Свети Василиј Велики. Ние можеме да се поклониме на светите мошти, кои секоја година пред празникот на Свети Василиј Велики се изнесуваат на поклонение овде, во црквата „Свети Кирил и Методиј“, велат од Струмичката епархија.
По синоќешната Вечерна археирејска служба, на која присуствуваше и Викарниот епископ Јаков Стобиски, на верниците им беа подеделени лебчиња со паричка. За православната црква, Свети Василиј Велики е еден од нејзините столбови или како што бил наречен „око на православната црква и уста на Светиот Дух“. Според преданијата, моштите се донесени во Струмица во 1830 година од Кападохија од војник од овие краишта кој служел во војската на Турската империја.

The post Верниците се поклонуваат пред изложените мошти на Свети Василиј во Струмица appeared first on Република.

]]>
Откриени крадците во црквата „Свети Василиј” во селото Леска во Мала Преспа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/otkrieni-kradtsite-vo-tsrkvata-sveti-vasilij-vo-seloto-leska-vo-mala-prespa/ Sun, 12 Feb 2023 14:01:13 +0000 https://republika.mk/?p=608027

Полицијата од албанскиот град Корча приведе три лица осомничени за кражба во црквата „Свети Василиј” во општина Пустец, Мала Преспа.

Според полицијата, уапсени се Р.Л.(22), К.А.(25) и И.П. (69) жители на селото Полени, општина Малиќ, кои во меѓусебна соработка украле одредена сума пари од црквата во Леска.

Материјалите се предадени на Обвинителството при Основниот суд Корча за понатамошна постапка.

Според отец Алексo Темелко, црквата била цел на крадци дури десетпати и ова е прв расветлен случај.

– Последната кражба беше пет дена. Крадците не можејќи да влезат низ вратите, насилно, со оштетување на покривот и таванот на црквата влегле, предизвикувајќи голема штета. Ова беше 10-ти пат како се краде црквата „Свети Василиj“ во село Лескa. За жал, крадците до сега не беа откриени, вели отец Темелко.

Покрај Леска, каде има околу 350 жители, општина Пустец ја сочинуваат и селата Глобочани, Горна Горица, Долна Горица, Зрновско, Пустец, Туминец, Шулин и Церје.

 

The post Откриени крадците во црквата „Свети Василиј” во селото Леска во Мала Преспа appeared first on Република.

]]>

Полицијата од албанскиот град Корча приведе три лица осомничени за кражба во црквата „Свети Василиј” во општина Пустец, Мала Преспа. Според полицијата, уапсени се Р.Л.(22), К.А.(25) и И.П. (69) жители на селото Полени, општина Малиќ, кои во меѓусебна соработка украле одредена сума пари од црквата во Леска. Материјалите се предадени на Обвинителството при Основниот суд Корча за понатамошна постапка. Според отец Алексo Темелко, црквата била цел на крадци дури десетпати и ова е прв расветлен случај. – Последната кражба беше пет дена. Крадците не можејќи да влезат низ вратите, насилно, со оштетување на покривот и таванот на црквата влегле, предизвикувајќи голема штета. Ова беше 10-ти пат како се краде црквата „Свети Василиj“ во село Лескa. За жал, крадците до сега не беа откриени, вели отец Темелко. Покрај Леска, каде има околу 350 жители, општина Пустец ја сочинуваат и селата Глобочани, Горна Горица, Долна Горица, Зрновско, Пустец, Туминец, Шулин и Церје.  

The post Откриени крадците во црквата „Свети Василиј” во селото Леска во Мала Преспа appeared first on Република.

]]>