свети тома Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-toma/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Oct 2022 06:50:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свети тома Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-toma/ 32 32 Свети Тома, седи дома: Според обичаите денеска се оди само на едно место https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/sveti-toma-sedi-doma-spored-obichaite-deneska-se-odi-samo-na-edno-mesto/ Wed, 19 Oct 2022 06:50:39 +0000 https://republika.mk/?p=562765

Православните верници денеска го прославуваат светиот апостол Тома. Тој во народот е познат како Томинден, сеќавање на светиот Тома, еден од дванаесетте апостоли кој го ширел Христијанството најпрвин во Палестина, а потоа и во Персија и во Индија каде бил убиен.

Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии , ѕидарите… Се верувало дека тој штити од волци.

Најважното е дека на овој празник важи „Свети Тома седи дома“, па така не се оди никаде, освен во црква и тоа е најважниот обичај кој треба да се испочитува денеска.

Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите. Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение.

Да се потсетиме дека апостол Тома ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело, истото тело кое претходно умре на крстот. Подоцна, кога апостолите се распрснаа по целиот свет да го проповедаат Евангелието, на свети Тома му падна да отиде во Индија. Таму пострада маченички и со тоа уште еднаш, и сега најасно, ја посведочи својата вера во воскреснатиот Спасител.

The post Свети Тома, седи дома: Според обичаите денеска се оди само на едно место appeared first on Република.

]]>

Православните верници денеска го прославуваат светиот апостол Тома. Тој во народот е познат како Томинден, сеќавање на светиот Тома, еден од дванаесетте апостоли кој го ширел Христијанството најпрвин во Палестина, а потоа и во Персија и во Индија каде бил убиен. Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии , ѕидарите… Се верувало дека тој штити од волци. Најважното е дека на овој празник важи „Свети Тома седи дома“, па така не се оди никаде, освен во црква и тоа е најважниот обичај кој треба да се испочитува денеска. Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите. Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение. Да се потсетиме дека апостол Тома ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело, истото тело кое претходно умре на крстот. Подоцна, кога апостолите се распрснаа по целиот свет да го проповедаат Евангелието, на свети Тома му падна да отиде во Индија. Таму пострада маченички и со тоа уште еднаш, и сега најасно, ја посведочи својата вера во воскреснатиот Спасител.

The post Свети Тома, седи дома: Според обичаите денеска се оди само на едно место appeared first on Република.

]]>