свети спас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-spas/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Mar 2024 11:09:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свети спас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-spas/ 32 32 Внимавајте: Со лажни легитимации од „Свети Спас“ измамници бараат пари за деца со хендикеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vnimavajte-so-lazhni-legitimatsii-od-sveti-spas-izmamnitsi-baraat-pari-za-detsa-so-hendikep/ Tue, 26 Mar 2024 15:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=759011

Организирана група измамници оди од врата на врата во домовите на луѓето низ скопските населби, претставувајќи се како да се членови од хуманитарната организација „Свети Спас“. За претстојниот христијански празник Велигден тие бараат финансиска помош, наводно за „хендикепирани дечиња“. Од организацијата предупредуваат граѓаните да не им веруваат на лицата кои ги користат овие беџови со нивното име.

Овака изгледаат лажните беџови кои што ги користат измамниците (нормално без наш печат), а личноста на сликата е член на организираната група.
Наводно личноста којашто е главна на организираната група е извесна Габриела Станојковска и наводно имале канцеларија негде кај Универзална сала.
Благодарност до поддржувачот којашто ни ги даде овие информации, велат од „Свети Спас“.

Измамниците се пријавени во полиција.

The post Внимавајте: Со лажни легитимации од „Свети Спас“ измамници бараат пари за деца со хендикеп appeared first on Република.

]]>

Организирана група измамници оди од врата на врата во домовите на луѓето низ скопските населби, претставувајќи се како да се членови од хуманитарната организација „Свети Спас“. За претстојниот христијански празник Велигден тие бараат финансиска помош, наводно за „хендикепирани дечиња“. Од организацијата предупредуваат граѓаните да не им веруваат на лицата кои ги користат овие беџови со нивното име.
Овака изгледаат лажните беџови кои што ги користат измамниците (нормално без наш печат), а личноста на сликата е член на организираната група. Наводно личноста којашто е главна на организираната група е извесна Габриела Станојковска и наводно имале канцеларија негде кај Универзална сала. Благодарност до поддржувачот којашто ни ги даде овие информации, велат од „Свети Спас“.
Измамниците се пријавени во полиција.

The post Внимавајте: Со лажни легитимации од „Свети Спас“ измамници бараат пари за деца со хендикеп appeared first on Република.

]]>
Бугарската делегација пристигна во црквата „Св. Спас“ на чествувањето на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskata-delegatsija-pristigna-vo-tsrkvata-sv-spas-na-chestvuvaneto-na-gotse-delchev/ Sat, 04 Feb 2023 13:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=604785

Во секој момент се очекува да пристигнат и бугарските граѓани кои утринава со автомобили тргнаа кон Скопје.

Бугарската делегација предводена од бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, пристигна во црквата „Св. Спас“ на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Во секој момент се очекува да пристигнат и бугарските граѓани кои утринава со автомобили тргнаа кон Скопје.

Како што информираа од МВР, отстранет е дефектот на системот на сите гранични премини и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава.

Од утринава неколку часа беше во прекин протокот на возила на граничните премини поради пад на системот. Поради тоа, на бугарските државјани кои денеска тргнаа кон Скопје да се поклонат на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев им беше оневозможен влез во Македонија.

Ова предизвика тензии и расправии на граничниот премин „Деве Баир“ каде што бугарски државјани, поради неможноста да ја преминат границата, упатуваа навреди и недолично се однесуваа кон македонската гранична полиција.

The post Бугарската делегација пристигна во црквата „Св. Спас“ на чествувањето на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Во секој момент се очекува да пристигнат и бугарските граѓани кои утринава со автомобили тргнаа кон Скопје. Бугарската делегација предводена од бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, пристигна во црквата „Св. Спас“ на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Во секој момент се очекува да пристигнат и бугарските граѓани кои утринава со автомобили тргнаа кон Скопје. Како што информираа од МВР, отстранет е дефектот на системот на сите гранични премини и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава. Од утринава неколку часа беше во прекин протокот на возила на граничните премини поради пад на системот. Поради тоа, на бугарските државјани кои денеска тргнаа кон Скопје да се поклонат на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев им беше оневозможен влез во Македонија. Ова предизвика тензии и расправии на граничниот премин „Деве Баир“ каде што бугарски државјани, поради неможноста да ја преминат границата, упатуваа навреди и недолично се однесуваа кон македонската гранична полиција.

The post Бугарската делегација пристигна во црквата „Св. Спас“ на чествувањето на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Завршија строгите протоколи: Полицијата дозволи пристап за сите до гробот на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshija-strogite-protokoli-politsijata-dozvoli-pristap-za-site-do-grobot-na-gotse-delchev/ Sat, 04 Feb 2023 11:44:44 +0000 https://republika.mk/?p=604755

Полицијата почна да дозволува и граѓани кои не се пријавиле досега да се поклонат на гробот на Гоце Делчев.

Барикадите на надвозникот кај Кале остануваат и контролниот пункт мора да го поминат сите на кои одат кон црквата Св. Спас. Полицијата не дозволува групирање на повеќе од тројца луѓе, по тројца најмногу се пропуштаат и кон црквата.

Видео од пред црквата Свети Спас на следниот линк

The post Завршија строгите протоколи: Полицијата дозволи пристап за сите до гробот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Полицијата почна да дозволува и граѓани кои не се пријавиле досега да се поклонат на гробот на Гоце Делчев. Барикадите на надвозникот кај Кале остануваат и контролниот пункт мора да го поминат сите на кои одат кон црквата Св. Спас. Полицијата не дозволува групирање на повеќе од тројца луѓе, по тројца најмногу се пропуштаат и кон црквата. Видео од пред црквата Свети Спас на следниот линк

The post Завршија строгите протоколи: Полицијата дозволи пристап за сите до гробот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Мицкоски се поклони пред гробот на Гоце Делчев, надвор останаа стотици граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-se-pokloni-pred-grobot-na-gotse-delchev-nadvor-ostanaa-stotitsi-gragani/ Sat, 04 Feb 2023 10:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=604728

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со тричлена партиска делегација денеска се поклони пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 151 година од неговото раѓање.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-razocharan-sum-shto-chestvuvaneto-pominuva-vo-atmosfera-na-podelenost/

Сепак, на стоитиците грашани, партиски функционери и симпатизери кои ги предводеше, поради протоколот за обезбедување настан од висок ризик, не им беше дозволено да влезат во црквата „Свети Спас“, што создаде нервоза кај насобраните.

За владиниот протокол денеска имаше доста реакции, пред сè од новинарите, на кои иако акредитирани, не им беше дозволено соодветно да го проследат настанот. Голем дел медиумски куќи, меѓу кои и „Република“, без образложение добија забрана за влез на честувањето.

The post Мицкоски се поклони пред гробот на Гоце Делчев, надвор останаа стотици граѓани appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со тричлена партиска делегација денеска се поклони пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 151 година од неговото раѓање. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-razocharan-sum-shto-chestvuvaneto-pominuva-vo-atmosfera-na-podelenost/ Сепак, на стоитиците грашани, партиски функционери и симпатизери кои ги предводеше, поради протоколот за обезбедување настан од висок ризик, не им беше дозволено да влезат во црквата „Свети Спас“, што создаде нервоза кај насобраните. За владиниот протокол денеска имаше доста реакции, пред сè од новинарите, на кои иако акредитирани, не им беше дозволено соодветно да го проследат настанот. Голем дел медиумски куќи, меѓу кои и „Република“, без образложение добија забрана за влез на честувањето.

The post Мицкоски се поклони пред гробот на Гоце Делчев, надвор останаа стотици граѓани appeared first on Република.

]]>
ССНМ: Владата покажа елементарно непознавање на системот на работа и потребите на новинарските екипи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ssnm-vladata-pokazha-elementarno-nepoznavane-na-sistemot-na-rabota-i-potrebite-na-novinarskite-ekipi/ Sat, 04 Feb 2023 10:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=604705

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) бара итна реакција од владините служби за овозможување услови и пристап за соодветна работа на новинарите и снимателите при следење на одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев.

Протоколот за следење на овој настан претставува елементарно непознавање на системот на работа и потребите на новинарските екипи и службите на Владата мора да имаат предвид дека новинарите и снимателите работат во тим и не смее да бидат одвоени, бидејќи на тој начин им се оневозможува да работат согласно професионалните стандарди и систем на дејствување на новинарските екипи со цел известувањето да биде објективно и професионално. Одговорните за организација на настанот во црквата св. Спас во Скопје се уште имаат време да ги исправат погрешно утврдените протоколи за движење на медиумските екипи, се вели во реакцијата.

Со првично предвидениот протокол, како што наведува ССНМ, Владата и нејзините служби ги попречуваат новинарите во извршување на нивната основна работа, а со тоа се попречува и слободата на информирање.

The post ССНМ: Владата покажа елементарно непознавање на системот на работа и потребите на новинарските екипи appeared first on Република.

Мицкоски: Разочаран сум што чествувањето поминува во атмосфера на поделеност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-razocharan-sum-shto-chestvuvaneto-pominuva-vo-atmosfera-na-podelenost/ Sat, 04 Feb 2023 09:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=604677

Денеска е голем ден за секој чесен, честит Македонец кој што може на ваков начин да го одбележи денот на раѓањето на титанот, на великанот Гоце Делчев. И ние како ВМРО-ДПМНЕ, зад нас е Патриотскиот институт кој што е составен дел од структурата на ВМРО-ДПМНЕ, со овој марш сакаме да го одбележиме овој ден, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска ја предводеше делегацијата по која одела и стотици македонски граѓани кои сакаат да оддадат почит во црквата „Свети Спас“.

Но, она што ме разочарува и она што создава едно би рекол посебно чувство на гнев е што после 68 месеци откако оваа Влада е избрана со ветување за живот, со ветување дека ќе ги решат сите отворени проблеми посебно со соседите, можете да видите денеска имаме во главниот град на нашата Македонија мерки за обезбедување од највисок степен, од прв степен, хеликоптери летаат или може да заклучам дека не само што не ги решиле туку ги продлабочиле.

Ја опљачкаа, ја уништија, ја ограбија Македонија и ја поделија Македонија.

Колку побргу заминат толку подобро ќе биде за сите нас, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Разочаран сум што чествувањето поминува во атмосфера на поделеност appeared first on Република.

]]>

Денеска е голем ден за секој чесен, честит Македонец кој што може на ваков начин да го одбележи денот на раѓањето на титанот, на великанот Гоце Делчев. И ние како ВМРО-ДПМНЕ, зад нас е Патриотскиот институт кој што е составен дел од структурата на ВМРО-ДПМНЕ, со овој марш сакаме да го одбележиме овој ден, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска ја предводеше делегацијата по која одела и стотици македонски граѓани кои сакаат да оддадат почит во црквата „Свети Спас“.
Но, она што ме разочарува и она што создава едно би рекол посебно чувство на гнев е што после 68 месеци откако оваа Влада е избрана со ветување за живот, со ветување дека ќе ги решат сите отворени проблеми посебно со соседите, можете да видите денеска имаме во главниот град на нашата Македонија мерки за обезбедување од највисок степен, од прв степен, хеликоптери летаат или може да заклучам дека не само што не ги решиле туку ги продлабочиле. Ја опљачкаа, ја уништија, ја ограбија Македонија и ја поделија Македонија. Колку побргу заминат толку подобро ќе биде за сите нас, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Разочаран сум што чествувањето поминува во атмосфера на поделеност appeared first on Република.

]]>
Апасиев: Ах, тие прекрасни европски плодови од договорите на нашите визионери Заев, Таче и СДС https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-ah-tie-prekrasni-evropski-plodovi-od-dogovorite-na-nashite-vizioneri-zaev-tache-i-sds/ Sat, 04 Feb 2023 09:30:13 +0000 https://republika.mk/?p=604672

Прв роденден на Гоце со специјалци, барикади и полициски хеликоптери, коментира лидерот на Левица Димитар Апасиев за денешните скандали околу честувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев.

Ах, тие прекрасни европски плодови од договорите на нашите визионери Заев, Таче и СДС, пишува тој.

The post Апасиев: Ах, тие прекрасни европски плодови од договорите на нашите визионери Заев, Таче и СДС appeared first on Република.

ВО ЖИВО: Стотици граѓани пред барикадите на „Свети Спас“, не се знае дали ќе влезат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-stotitsi-gragani-pred-barikadite-na-sveti-spas-ne-se-znae-dali-ke-vlezat/ Sat, 04 Feb 2023 09:17:59 +0000 https://republika.mk/?p=604655

Следете во живо:

https://republika.mk/vesti/makedonija/stotitsi-makedonski-gragani-marshiraat-kon-sveti-spas/

The post ВО ЖИВО: Стотици граѓани пред барикадите на „Свети Спас“, не се знае дали ќе влезат appeared first on Република.

]]>

Следете во живо: https://republika.mk/vesti/makedonija/stotitsi-makedonski-gragani-marshiraat-kon-sveti-spas/

The post ВО ЖИВО: Стотици граѓани пред барикадите на „Свети Спас“, не се знае дали ќе влезат appeared first on Република.

]]>
Стотици македонски граѓани маршираат кон Свети Спас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stotitsi-makedonski-gragani-marshiraat-kon-sveti-spas/ Sat, 04 Feb 2023 09:08:02 +0000 https://republika.mk/?p=604646

Стотици македонски граѓани со знамња и пароли со „Гоце е Македонија“ утрово се собираa на плоштадот пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ и на плоштадот Македонија, од каде веќе маршираат кон црквата „Свети Спас“ за да оддадат почит пред гробот на Гоце Делчев по повод 151 година од неговото раѓање.

Дали ќе успеат да влезат е друго прашање.

Околу црквата и по целата должина на улиците кои водат до храмот, има засилено полициско обезбедување, а хеликоптери од рано утрово прелетуваат над градот.

Полицијата ги контролира пристапите до црквата, а пристап имаат само акредитираните новинари кои поминуваат низ неколку безбедносни проверки. Владата доцна вчера забрани присуство на неколку медиумски куќи, меѓу кои и на „Република“, без никакво образложение. На оние кои успеаја да влезат, пак, не им се дозволува слободно информирање.

The post Стотици македонски граѓани маршираат кон Свети Спас appeared first on Република.

]]>

Стотици македонски граѓани со знамња и пароли со „Гоце е Македонија“ утрово се собираa на плоштадот пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ и на плоштадот Македонија, од каде веќе маршираат кон црквата „Свети Спас“ за да оддадат почит пред гробот на Гоце Делчев по повод 151 година од неговото раѓање. Дали ќе успеат да влезат е друго прашање. Околу црквата и по целата должина на улиците кои водат до храмот, има засилено полициско обезбедување, а хеликоптери од рано утрово прелетуваат над градот. Полицијата ги контролира пристапите до црквата, а пристап имаат само акредитираните новинари кои поминуваат низ неколку безбедносни проверки. Владата доцна вчера забрани присуство на неколку медиумски куќи, меѓу кои и на „Република“, без никакво образложение. На оние кои успеаја да влезат, пак, не им се дозволува слободно информирање.

The post Стотици македонски граѓани маршираат кон Свети Спас appeared first on Република.

]]>
Него шо е работава со хеликоптеров? Барат летечки Бугари? https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/nego-sho-e-rabotava-so-helikopterov-barat-letechki-bugari/ Sat, 04 Feb 2023 08:57:21 +0000 https://republika.mk/?p=604631

The post Него шо е работава со хеликоптеров? Барат летечки Бугари? appeared first on Република.

]]>

The post Него шо е работава со хеликоптеров? Барат летечки Бугари? appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Е*ате нација држава во која народ не може да е горд на своето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-e-ate-natsija-drzhava-vo-koja-narod-ne-mozhe-da-e-gord-na-svoeto/ Sat, 04 Feb 2023 08:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=604627

Владата им кажува на новинарите како да работат и каде смеат да стојат и да снимаат. Боже какви незналици се ова и кои драма кралици, дозволија масовна хистерија да се создаде, не поделија како народ и држава околу славењето на најголемиот национален револуционер, дополнително не поделија политички, пошто нивниот идиотски протокол е замислен секој оделно, со своја минутажа, наместо заедно да се поклонат пред гробот, коментира Ивор Мицковски за денешното честување на Гоце Делчев, кое поминува во многу скандали.

Одамна имаме традиција да се плукаме и делиме на најголемите прослави и празници, но сега внесуваме еден нов квалитет, параноја и сенародна отуѓеност од државата и нејзините национални и историски обележја, личности или настани.
Одродени, поделени, разнебитени одвнатре и однадвор, ужасна слика и реалност сме секојдневно, ама за празници сме дупло.
Ебате нација држава во која народ не може да е горд на своето, на своите ебани национални конструкти и атрибути, него мора да е под опсада заради надвворешни и внатрешни иструментализации, конструкции и негации.
Кај реалноста е мизерна, кај надежта не постои, кај можностите се сведени на нула, ама ни трунка достоинство да немаме, е навистина крајот и смртта на оваа “независна” приказна, пишува тој.

The post Мицковски: Е*ате нација држава во која народ не може да е горд на своето appeared first on Република.

]]>

Владата им кажува на новинарите како да работат и каде смеат да стојат и да снимаат. Боже какви незналици се ова и кои драма кралици, дозволија масовна хистерија да се создаде, не поделија како народ и држава околу славењето на најголемиот национален револуционер, дополнително не поделија политички, пошто нивниот идиотски протокол е замислен секој оделно, со своја минутажа, наместо заедно да се поклонат пред гробот, коментира Ивор Мицковски за денешното честување на Гоце Делчев, кое поминува во многу скандали.
Одамна имаме традиција да се плукаме и делиме на најголемите прослави и празници, но сега внесуваме еден нов квалитет, параноја и сенародна отуѓеност од државата и нејзините национални и историски обележја, личности или настани. Одродени, поделени, разнебитени одвнатре и однадвор, ужасна слика и реалност сме секојдневно, ама за празници сме дупло. Ебате нација држава во која народ не може да е горд на своето, на своите ебани национални конструкти и атрибути, него мора да е под опсада заради надвворешни и внатрешни иструментализации, конструкции и негации. Кај реалноста е мизерна, кај надежта не постои, кај можностите се сведени на нула, ама ни трунка достоинство да немаме, е навистина крајот и смртта на оваа “независна” приказна, пишува тој.

The post Мицковски: Е*ате нација држава во која народ не може да е горд на своето appeared first on Република.

]]>
Демерџиев: Лично ќе ги чекам Бугарите во Скопје, заедно да положиме цвеќе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demerdhiev-lichno-ke-gi-chekam-bugarite-vo-skopje-zaedno-da-polozhime-tsveke/ Sat, 04 Feb 2023 08:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=604586

Бугарската делегација лично ќе ги чека Бугарите во Скопје да се соберат и „заедно да принесеме цвеќе на гробот на Гоце Делчев“, рече утрово бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев

Демерџиев се надева дека од македонска страна се создадени такви безбедносни мерки како во Благоевград, за сите што сакаат да имаат пристап до богослужбата.

Има стража, создадени се безбедносни мерки, допрва ќе дознаеме дали сите што сакаат ќе бидат без проблем примени на споменикот на Гоце Делчев. Има информации за запирање на бугарски државјани на граница, но тие не се толку многу. Има и список на лица на кои им е забранет влез во РСМ, потврди Демерџиев, наведува утринава news.bg.

The post Демерџиев: Лично ќе ги чекам Бугарите во Скопје, заедно да положиме цвеќе appeared first on Република.

]]>

Бугарската делегација лично ќе ги чека Бугарите во Скопје да се соберат и „заедно да принесеме цвеќе на гробот на Гоце Делчев“, рече утрово бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев Демерџиев се надева дека од македонска страна се создадени такви безбедносни мерки како во Благоевград, за сите што сакаат да имаат пристап до богослужбата. Има стража, создадени се безбедносни мерки, допрва ќе дознаеме дали сите што сакаат ќе бидат без проблем примени на споменикот на Гоце Делчев. Има информации за запирање на бугарски државјани на граница, но тие не се толку многу. Има и список на лица на кои им е забранет влез во РСМ, потврди Демерџиев, наведува утринава news.bg.

The post Демерџиев: Лично ќе ги чекам Бугарите во Скопје, заедно да положиме цвеќе appeared first on Република.

]]>
Како беше онаа шарена мантра – заробена држава, затворена држава или забегана држава? https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/kako-beshe-onaa-sharena-mantra-zarobena-drzhava-zatvorena-drzhava-ili-zabegana-drzhava/ Sat, 04 Feb 2023 07:56:15 +0000 https://republika.mk/?p=604556

Со барикади се „чува“ Свети Спас од граѓаните

The post Како беше онаа шарена мантра – заробена држава, затворена држава или забегана држава? appeared first on Република.

]]>

Со барикади се „чува“ Свети Спас од граѓаните

The post Како беше онаа шарена мантра – заробена држава, затворена држава или забегана држава? appeared first on Република.

]]>
МВР ја затвори за сообраќај „Самоилова“ кај гробот на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mvr-ja-zatvori-za-soobrakaj-samoilova-kaj-grobot-na-gotse-delchev/ Thu, 02 Feb 2023 15:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=603980

МВР соопшти дека од денеска се воведува посебен режим на сообраќај во Скопје, поради чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев во сабота, а улицата „Самоилова“ која минува долж тврдината Кале ќе биде затворена за сообраќај.

„Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу местото на одржување на настанот, при што ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот“, објави МВР.

Притоа, од денеска за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“, а на 04.02.2023 година (сабота) посебен режим на сообраќај ќе се спроведе на ул.„Лазар Личеновски“ и ул.„Самоилова“.

„Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот“, пренесува министерството.

The post МВР ја затвори за сообраќај „Самоилова“ кај гробот на Гоце Делчев appeared first on Република.

Уште сега врие од полиција околу „Свети Спас“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-sega-vrie-politsija-okolu-sveti-spas/ Thu, 02 Feb 2023 13:20:26 +0000 https://republika.mk/?p=603858

 По повод 151-годишнина од раѓањето на Гоце Делчев за в сабота е најавено повеќе делегации да положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Во пресрет на чествувањето на годишнината, кое е оквалификувано како настан од висок ризик, видливо е засилено полициско обезбедување.

Поради чествувањето, СВР - Скопје најави дека од денеска во 18 часот презема засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу црквата „Свети Спас“, како и воведување на посебен режим на сообраќајот во тој реон.

За таа цел за сообраќај ќе биде затворена улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Иљо Војвода“ до крстосницата со улица „Прохор Пчински“. Дополнително посебен режим на сообраќај в сабота ќе биде воведен на улицата „Лазар Личеноски“.

СВР - Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел осигурување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

[caption id="attachment_603861" align="aligncenter" width="730"] (фото: МИА)[/caption]

Според најавите, почит на великанот на македонската револуционерна борба ќе оддадат претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и претставници на повеќе други институции и политички партии. Засега нема најави дека на чествувањето ќе присуствуваат високи официјални државни претставници од Бугарија.

Премиерот Димитар Ковачевски уште минатата недела изјави дека Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите мерки согласно законите и Уставот, чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев да мине на достоинствен и мирен начин и дека ќе биде гарантирана безбедноста на сите граѓани во државата. Во тој правец Ковачевски во петокот имаше и телефонски разговор со неговиот бугарски колега Галаб Донев, на кој двајцата премиери се заложија за мирно и безбедно чествување на годишнината од раѓањето на Делчев.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати апел за достоинствено чествување на годишнината, порачувајќи дека секој поединец ја носи својата лична одговорност за заедничката безбедност и за демократско однесување. Тој нагласи дека македонската полиција е целосно подготвена да обезбеди услови за достоинствено чествување на годишнината без никакви нарушувања на јавниот ред и мир и дека има капацитети да ја задржи безбедноста, мирот и спокојот на граѓаните.

https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-graganite-mozhat-da-bidat-sigurni-nikako-nema-da-dozvolime-navredi-i-organizatsija-na-ponizhuvane-na-makedonskata-drzhava-i-makedonskiot-narod/

Околу најавите на претседателот на Здружението „Фондација Македонија“ Виктор Стојанов дека околу 150 лица од Бугарија ќе дојдат на чествувањето на Гоце Делчев, Спасовски вели дека МВР разменува податоци со бугарските колеги, додавајќи дека одлуката за евентуална забрана на одредени личности на настанот ќе зависи од анализите кои се прават и од податоците со кои располага полицијата, со цел да се обезбеди негово мирно и достоинствено одбележување.

The post Уште сега врие од полиција околу „Свети Спас“ appeared first on Република.