Свети Сава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-sava/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jan 2024 15:10:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Свети Сава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-sava/ 32 32 Вучиќ вечерва повторно во Скопје, ќе биде гостин на Светосавската академија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vuchik-vecherva-povtorno-vo-skopje-ke-bide-gostin-na-svetosavskata-akademija/ Sat, 27 Jan 2024 15:10:37 +0000 https://republika.mk/?p=737532

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Србија Александар Вучиќ вечер ќе се обратат на Светосавската академија на која по 15. пат ќе се одбележи националниот празник на Србите, денот на просветителот Свети Сава.

Настанот е во организација на Српскиот културен центар во Скопје. Во поканата се наведува дека на настанот официјални обраќања ќе имаат официјални претставници од Република Македонија, Република Србија и Република Српска, како и дека со богата културна-уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ своето доаѓање во Скопје го најави уште во понеделникот на 22 јануари, кога учествуваше на самитот за Планот за раст на Западен Балкан, заедно со останатите лидери од регионот.

За неколку дена повторно ќе дојдам во Македонија. Ќе се одржи Академијата по повод Свети Сава, каде што јас и претседателот Стево Пендаревски ќе се обратиме пред претставниците на српскиот народ. Ќе бидеме гости на свечената академија, рече Вучиќ.

 

The post Вучиќ вечерва повторно во Скопје, ќе биде гостин на Светосавската академија appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Србија Александар Вучиќ вечер ќе се обратат на Светосавската академија на која по 15. пат ќе се одбележи националниот празник на Србите, денот на просветителот Свети Сава. Настанот е во организација на Српскиот културен центар во Скопје. Во поканата се наведува дека на настанот официјални обраќања ќе имаат официјални претставници од Република Македонија, Република Србија и Република Српска, како и дека со богата културна-уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ. Српскиот претседател Александар Вучиќ своето доаѓање во Скопје го најави уште во понеделникот на 22 јануари, кога учествуваше на самитот за Планот за раст на Западен Балкан, заедно со останатите лидери од регионот.
За неколку дена повторно ќе дојдам во Македонија. Ќе се одржи Академијата по повод Свети Сава, каде што јас и претседателот Стево Пендаревски ќе се обратиме пред претставниците на српскиот народ. Ќе бидеме гости на свечената академија, рече Вучиќ.
 

The post Вучиќ вечерва повторно во Скопје, ќе биде гостин на Светосавската академија appeared first on Република.

]]>
Пендаровски, Ковачевски и Вучиќ ќе се соберат во Скопје по повод националниот празник на Србите – Свети Сава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-kovachevski-i-vuchik-ke-se-soberat-vo-skopje-po-povod-natsionalniot-praznik-na-srbite-sveti-sava/ Sat, 27 Jan 2024 10:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=737424

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Србија Александар Вучиќ, вечерва ќе се обратат на Светосавската академија на која по 15. пат ќе се одбележи националниот празник на Србите, денот на просветителот Свети Сава.

Настанот е во организација на Српскиот културен центар во Скопје. Во поканата се наведува дека на настанот официјални обраќања ќе имаат официјални претставници од Република Македонија, Република Србија и Република Српска, како и дека со богата културна-уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, при што посакувајќи му добредојде и успешни разговори, ја потврди важноста која земјава ја придава

Српскиот претседател Александар Вучиќ своето доаѓање во Скопје го најави уште во понеделникот на 22 јануари, кога учествуваше на самитот за Планот за раст на Западен Балкан, заедно со останатите лидери од регионот.

За неколку дена повторно ќе дојдам во Македонија. Ќе се одржи Академијата по повод Свети Сава, каде што јас и претседателот Стево Пендаревски ќе се обратиме пред претставниците на српскиот народ. Ќе бидеме гости на свечената академија, рече Вучиќ.

The post Пендаровски, Ковачевски и Вучиќ ќе се соберат во Скопје по повод националниот празник на Србите – Свети Сава appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Србија Александар Вучиќ, вечерва ќе се обратат на Светосавската академија на која по 15. пат ќе се одбележи националниот празник на Србите, денот на просветителот Свети Сава. Настанот е во организација на Српскиот културен центар во Скопје. Во поканата се наведува дека на настанот официјални обраќања ќе имаат официјални претставници од Република Македонија, Република Србија и Република Српска, како и дека со богата културна-уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ. Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, при што посакувајќи му добредојде и успешни разговори, ја потврди важноста која земјава ја придава Српскиот претседател Александар Вучиќ своето доаѓање во Скопје го најави уште во понеделникот на 22 јануари, кога учествуваше на самитот за Планот за раст на Западен Балкан, заедно со останатите лидери од регионот.
За неколку дена повторно ќе дојдам во Македонија. Ќе се одржи Академијата по повод Свети Сава, каде што јас и претседателот Стево Пендаревски ќе се обратиме пред претставниците на српскиот народ. Ќе бидеме гости на свечената академија, рече Вучиќ.

The post Пендаровски, Ковачевски и Вучиќ ќе се соберат во Скопје по повод националниот празник на Србите – Свети Сава appeared first on Република.

]]>
Пендаровски испраќа честитка по повод празникот Свети Сава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ispraka-chestitka-po-povod-praznikot-sveti-sava/ Sat, 27 Jan 2024 08:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=737367

Претседателот Стево Пендаровски, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.

Дозволете ми, во името на македонските граѓани, да ви го честитам 27 Јануари – Националниот ден на Србите во Република Македонија и да ви посакам мир и радост. Овој важен празник е посветен на големиот српски духовник, просветител и градител Св. Сава кој е инспирација за генерации Срби да го негуваат својот идентитет, јазик, писменост и култура и да создаваат трајни вредности.

 

Како уставно призната и општествено ценета, српската заедница придонесува за изградбата и за развојот на нашата заедничка татковина, и за негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество. За тоа сведочи и влогот на бројни истакнати припадници на српската заедница, кои го збогатуваат нашиот општествен, културен и политички живот.

 

Заедно со македонската заедница во соседна Република Србија, српската заедница во Македонија е цврст мост на пријателство меѓу двете држави чиишто односи се одликуваат со меѓусебно почитување и помагање, и во мирни и во турбулентни времиња. Нека е за многу години 27 Јануари – Денот на Свети Сава, се вели во честитката од Пендаровски.

The post Пендаровски испраќа честитка по повод празникот Свети Сава appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.
Дозволете ми, во името на македонските граѓани, да ви го честитам 27 Јануари – Националниот ден на Србите во Република Македонија и да ви посакам мир и радост. Овој важен празник е посветен на големиот српски духовник, просветител и градител Св. Сава кој е инспирација за генерации Срби да го негуваат својот идентитет, јазик, писменост и култура и да создаваат трајни вредности.   Како уставно призната и општествено ценета, српската заедница придонесува за изградбата и за развојот на нашата заедничка татковина, и за негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество. За тоа сведочи и влогот на бројни истакнати припадници на српската заедница, кои го збогатуваат нашиот општествен, културен и политички живот.   Заедно со македонската заедница во соседна Република Србија, српската заедница во Македонија е цврст мост на пријателство меѓу двете држави чиишто односи се одликуваат со меѓусебно почитување и помагање, и во мирни и во турбулентни времиња. Нека е за многу години 27 Јануари – Денот на Свети Сава, се вели во честитката од Пендаровски.

The post Пендаровски испраќа честитка по повод празникот Свети Сава appeared first on Република.

]]>
Денеска е голем празник – Свети Сава https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-golem-praznik-sveti-sava/ Sat, 27 Jan 2024 07:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=737343

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јануари.

Денеска се празнуват Света рамноапостолна Нина Грузиска и Свети Сава.

Света Нина потекнува од благородничко кападокиско семејство. Од мала била воспитана во Христовиот дух. Подоцна отишла во Грузија, го покрстила грузиското царско семејство и до крајот на животот (335 г.) ја обиколила цела Грузија, проповедајќи го Христос. Света Нина е просветителка на Грузија. Има слично значење како свети Кирил и Методиј словенските народи.

Денес се слави и Свети Сава, првиот српски архиепископ. Бил син на великиот жупан Стефан Немања. Ги презрел богатството, почестите и царското достоинство и се замонашил на Света Гора. Неговиот пример подоцна го следи и татко му, кој во монаштвото ќе го добие името Симеон. Свети Сава се упокоил во 1236 година.

The post Денеска е голем празник – Свети Сава appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јануари. Денеска се празнуват Света рамноапостолна Нина Грузиска и Свети Сава. Света Нина потекнува од благородничко кападокиско семејство. Од мала била воспитана во Христовиот дух. Подоцна отишла во Грузија, го покрстила грузиското царско семејство и до крајот на животот (335 г.) ја обиколила цела Грузија, проповедајќи го Христос. Света Нина е просветителка на Грузија. Има слично значење како свети Кирил и Методиј словенските народи. Денес се слави и Свети Сава, првиот српски архиепископ. Бил син на великиот жупан Стефан Немања. Ги презрел богатството, почестите и царското достоинство и се замонашил на Света Гора. Неговиот пример подоцна го следи и татко му, кој во монаштвото ќе го добие името Симеон. Свети Сава се упокоил во 1236 година.

The post Денеска е голем празник – Свети Сава appeared first on Република.

]]>
27 јануари е неработен ден за Србите во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/27-januari-e-neraboten-den-za-srbite-vo-makedonija/ Fri, 26 Jan 2024 08:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=736996

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2024 година (сабота), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.

 

The post 27 јануари е неработен ден за Србите во Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2024 година (сабота), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.  

The post 27 јануари е неработен ден за Србите во Македонија appeared first on Република.

]]>
Сакајте ја Македонија исто колку што ја сакате Србија, им порача Вучевиќ на Србите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sakajte-ja-makedonija-isto-kolku-shto-ja-sakate-srbija-im-poracha-vuchevik-na-srbite/ Sat, 28 Jan 2023 08:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=601854

Како што ја сакате и почитувате вашата држава Македонија, така сакајте ја својата матична Србија и како што говорите и треба да знаете македонски јазик и да пишувате македонско писмо, секаде и секогаш не заборавајте да говорите на српски јазик и да го знаете српското писмо, порача синоќа во Скопје српскиот вицепремиер и министер за одбрана Милош Вучевиќ на одбележувањето на Националниот ден на српската заедница во Македонија, Св. Сава.

Вучевиќ, во своето обраќање рече дека свети Сава не им припаѓа само на Србите, тој припаѓа на сите луѓе со добра волја, свети Сава им припаѓа на сите христијани, неговото дело е надвременско и денеска инспирира.

Тој се осврна и на билатералните односи помеѓу двете земји и поврзаноста на соседските народи.

Србија недвосмислено и силно е посветена на зачувување на политиката за мир, зачувување на слободниот дух, да живее братски и со љубов, и меѓусебно и со другите народи, да бидеме посветени на просперитетот на својот народ, да изгради подобра и посигурна иднина за своите потомци. Република Србија придава исклучиво значење на унапредувањето на билатералните односи со Република Македонија како добри соседи и пријатели, а јас би рекол и повеќе од тоа. Заедно ја покренавме иницијативата за Отворен Балкан, го решивме повеќедецениското прашање помеѓу двете цркви што дополнително ги зближи нашите братски народи, затоа што е добро и благородно сето тоа што не спојува“, истакна Вучевиќ.

На свеченоста чест на српската заедница во Македонија ѝ укажаа македонскиот премиер, министри и претставници на партии, на дипломатскиот кор, граѓански организации, здруженија, како и бројни гости од земјава и од странство.

The post Сакајте ја Македонија исто колку што ја сакате Србија, им порача Вучевиќ на Србите appeared first on Република.

]]>

Како што ја сакате и почитувате вашата држава Македонија, така сакајте ја својата матична Србија и како што говорите и треба да знаете македонски јазик и да пишувате македонско писмо, секаде и секогаш не заборавајте да говорите на српски јазик и да го знаете српското писмо, порача синоќа во Скопје српскиот вицепремиер и министер за одбрана Милош Вучевиќ на одбележувањето на Националниот ден на српската заедница во Македонија, Св. Сава.
Вучевиќ, во своето обраќање рече дека свети Сава не им припаѓа само на Србите, тој припаѓа на сите луѓе со добра волја, свети Сава им припаѓа на сите христијани, неговото дело е надвременско и денеска инспирира. Тој се осврна и на билатералните односи помеѓу двете земји и поврзаноста на соседските народи.
Србија недвосмислено и силно е посветена на зачувување на политиката за мир, зачувување на слободниот дух, да живее братски и со љубов, и меѓусебно и со другите народи, да бидеме посветени на просперитетот на својот народ, да изгради подобра и посигурна иднина за своите потомци. Република Србија придава исклучиво значење на унапредувањето на билатералните односи со Република Македонија како добри соседи и пријатели, а јас би рекол и повеќе од тоа. Заедно ја покренавме иницијативата за Отворен Балкан, го решивме повеќедецениското прашање помеѓу двете цркви што дополнително ги зближи нашите братски народи, затоа што е добро и благородно сето тоа што не спојува“, истакна Вучевиќ.
На свеченоста чест на српската заедница во Македонија ѝ укажаа македонскиот премиер, министри и претставници на партии, на дипломатскиот кор, граѓански организации, здруженија, како и бројни гости од земјава и од странство.

The post Сакајте ја Македонија исто колку што ја сакате Србија, им порача Вучевиќ на Србите appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Одбележувањето на националниот ден на српската заедница, за нас и за нашата држава значи негување на сите вредности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-odbelezhuvaneto-na-natsionalniot-den-na-srpskata-zaednitsa-za-nas-i-za-nashata-drzhava-znachi-neguvane-na-site-vrednosti/ Sat, 28 Jan 2023 08:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=601867

Одбележувањето на Св. Сава, националниот ден на српската заедница, за нас и за нашата држава значи негување на сите вредности по кои духовниот и интелектуалниот творец на идејата за српската државотворност ќе остане запаметен во историјата на народите на овие простори. Основоположникот и првиот архиепископ на Српската православна црква, Св. Сава учеше на трпеливост, помирување меѓу луѓето, ширење на љубов и почит кај народот. Неговото учење се засноваше на вера и вистина, истакна вечерва премиерот Димитар Ковачевски на Светосавската академија, по повод одбележувањето на Свети Сава, националниот ден на српската заедница.

Премиерот на своето обраќање рече дека наследството на Свети Сава не е мало, бидејќи вредностите за кои се бореше и ги застапуваше тој и неговото учење за почит кон другите и избор на мирот пред конфликтот, денес е аманет и за сите народи кои денес живеат пошироко од границите на неговата матична држава, Србија. Аманет за сите народи кои водејќи се од принципите на добрососедство и соживот, избираат да градат мир, взаемна доверба и меѓусебна соработка.

Токму затоа сме денес овде. Да ги негуваме тие вредности кои во светот нѐ истакнаа да бидеме препознатливи по почитувањето на културните вредности на сите народи кои живеат овде. Мултикултурализмот е наш посебен белег низ вековите, со помош на кој денес ги уживаме благодетите на мир и сожителство, трасирајќи стабилна иднина и за следните поколенија, нагласи Ковачевски.

Додаде дека заедничка иднина зависи од сите нас. Без разлика колку и да сме различни, сепак, имаме една цел кон која сите се стремиме – просперитетен, отворен и современ Балкан, ослободен од предрасуди, омраза и непријателства.

Нашите врати, вратите на Република Македонија секогаш ќе бидат отворени за сите народи кои се пријателски, а еден од тие народи е и нашиот братски, српски народ. Да градиме пријателства, да градиме мир во нашите држави и во нашето соседство, а преку тоа да придонесуваме и кон мирот во светот.

 

The post Ковачевски: Одбележувањето на националниот ден на српската заедница, за нас и за нашата држава значи негување на сите вредности appeared first on Република.

]]>

Одбележувањето на Св. Сава, националниот ден на српската заедница, за нас и за нашата држава значи негување на сите вредности по кои духовниот и интелектуалниот творец на идејата за српската државотворност ќе остане запаметен во историјата на народите на овие простори. Основоположникот и првиот архиепископ на Српската православна црква, Св. Сава учеше на трпеливост, помирување меѓу луѓето, ширење на љубов и почит кај народот. Неговото учење се засноваше на вера и вистина, истакна вечерва премиерот Димитар Ковачевски на Светосавската академија, по повод одбележувањето на Свети Сава, националниот ден на српската заедница. Премиерот на своето обраќање рече дека наследството на Свети Сава не е мало, бидејќи вредностите за кои се бореше и ги застапуваше тој и неговото учење за почит кон другите и избор на мирот пред конфликтот, денес е аманет и за сите народи кои денес живеат пошироко од границите на неговата матична држава, Србија. Аманет за сите народи кои водејќи се од принципите на добрососедство и соживот, избираат да градат мир, взаемна доверба и меѓусебна соработка.
Токму затоа сме денес овде. Да ги негуваме тие вредности кои во светот нѐ истакнаа да бидеме препознатливи по почитувањето на културните вредности на сите народи кои живеат овде. Мултикултурализмот е наш посебен белег низ вековите, со помош на кој денес ги уживаме благодетите на мир и сожителство, трасирајќи стабилна иднина и за следните поколенија, нагласи Ковачевски.
Додаде дека заедничка иднина зависи од сите нас. Без разлика колку и да сме различни, сепак, имаме една цел кон која сите се стремиме – просперитетен, отворен и современ Балкан, ослободен од предрасуди, омраза и непријателства.
Нашите врати, вратите на Република Македонија секогаш ќе бидат отворени за сите народи кои се пријателски, а еден од тие народи е и нашиот братски, српски народ. Да градиме пријателства, да градиме мир во нашите држави и во нашето соседство, а преку тоа да придонесуваме и кон мирот во светот.
 

The post Ковачевски: Одбележувањето на националниот ден на српската заедница, за нас и за нашата држава значи негување на сите вредности appeared first on Република.

]]>
Православниот детал кај Џони Деп го воодушеви регионот https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/pravoslavniot-detal-kaj-dzoni-dep-go-voodushevi-regionot/ Thu, 26 May 2022 17:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=507356

На последното рочиште во судењето против поранешната сопруга Амбер Херд, актерот Џони Деп се појави со српска вратоврска. Станува збор за свилена вратовска со принт од мозаичната збирка на храмот Свети Сава во Белград, која ја доби како подарок при посетата на Србија.

Овој детал го воодушеви српскиот актер Милош Биковиќ.

Скромен и полн со почит за сите, напиша актерот на Инстаграм.

The post Православниот детал кај Џони Деп го воодушеви регионот appeared first on Република.

]]>

На последното рочиште во судењето против поранешната сопруга Амбер Херд, актерот Џони Деп се појави со српска вратоврска. Станува збор за свилена вратовска со принт од мозаичната збирка на храмот Свети Сава во Белград, која ја доби како подарок при посетата на Србија. Овој детал го воодушеви српскиот актер Милош Биковиќ.
Скромен и полн со почит за сите, напиша актерот на Инстаграм.

The post Православниот детал кај Џони Деп го воодушеви регионот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Прославата на Националниот ден на Србите е сведоштво за заедништвото во нашата земја што го градиме низ вековите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-proslavata-na-nacionalniot-den-na-srbite-e-svedoshtvo-za-zaednishtvoto-vo-nashata-zemja-shto-go-gradime-niz-vekovite/ Fri, 28 Jan 2022 08:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=450550

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва се обрати на свечената академија по повод националниот ден на Србите во Република Македонија.

На свеченоста на која присуствуваа министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во Собранието на Македонија, господин Иван Стоиљковиќ, пратеникот во Собранието на Македонија Мирослав Јовановиќ, министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, и претседателката на Националниот совет на Србите во Македонија и претседателка на организациониот одбор за одбележување на националниот ден на Србите во Република Македонија, госпоѓа Гордана Јовиќ Стојковска, претседателот на Владата на Македонија Ковачевски им го честиташе празникот Национален ден на Србите во нашата земја кој секогаш се слави на денот на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава.

Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:

Ми претставува особена чест што имам можност од оваа свечена академија да го честитам Националниот ден на Србите во нашата земја. Овој ден е посветен на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава. Најсрдечни честитки по повод празникот им упатувам и на нашите ценети гости од Република Србија и Република Српска и на граѓаните што тие ги претставуваат. Свети Сава е втемелувач на самостојната српска православна црква и нејзин прв архиепископ. Тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска. Свети Сава е посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи. Неговите лик и дело инспирираат и осум века после неговата смрт. Неговата саможртва да се откаже од земските блага и да го прифати православното христијанство како негов личен живот, направија Свети Сава да им припаѓа на сите Христијани, без разлика на тоа во кои државни граници живеат. 

Затоа кога велиме дека неговото дело инспирира, пред нас ја имаме и нашата определба. Определбата на граѓаните на Република Македонија, да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Граѓанско, едно општество за сите, во кое ги афирмираме и воспоставуваме меѓусебната почит меѓу сите етнички заедници во нашата земја. Признавањето на етничките, националните, верските и културните разлики е посебноста и суштината на нашето заедништво. Во тоа наше заедништво што го градиме низ вековите и што го негуваме денеска, свој значаен придонес има и српската заедница во Македонија. Многу е значајно што тој придонес се прави по углед на големиот светител Свети Сава. Од неговата посветеност и подвиг, се родиле и неговите бележити и вековити остварувања во државничките и правните работи, во дипломатијата. Неговото наследство во образованието и во медицината. Бесмртно е делото на духовникот и светителот Свети Сава. Тој е темелот на кој се издига традицијата, културата и вредностите на српскиот народ кој го прифати и слави како духовен родител. Уште еднаш најсрдечно упатувам честитки по повод националниот ден на Србите во Република Македонија. Нека бидат вечни името и славата на Свети Сава, под чие духовно покровителство се одбележува денешниот ден.

The post Ковачевски: Прославата на Националниот ден на Србите е сведоштво за заедништвото во нашата земја што го градиме низ вековите appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва се обрати на свечената академија по повод националниот ден на Србите во Република Македонија. На свеченоста на која присуствуваа министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во Собранието на Македонија, господин Иван Стоиљковиќ, пратеникот во Собранието на Македонија Мирослав Јовановиќ, министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, и претседателката на Националниот совет на Србите во Македонија и претседателка на организациониот одбор за одбележување на националниот ден на Србите во Република Македонија, госпоѓа Гордана Јовиќ Стојковска, претседателот на Владата на Македонија Ковачевски им го честиташе празникот Национален ден на Србите во нашата земја кој секогаш се слави на денот на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава. Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:
Ми претставува особена чест што имам можност од оваа свечена академија да го честитам Националниот ден на Србите во нашата земја. Овој ден е посветен на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава. Најсрдечни честитки по повод празникот им упатувам и на нашите ценети гости од Република Србија и Република Српска и на граѓаните што тие ги претставуваат. Свети Сава е втемелувач на самостојната српска православна црква и нејзин прв архиепископ. Тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска. Свети Сава е посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи. Неговите лик и дело инспирираат и осум века после неговата смрт. Неговата саможртва да се откаже од земските блага и да го прифати православното христијанство како негов личен живот, направија Свети Сава да им припаѓа на сите Христијани, без разлика на тоа во кои државни граници живеат. 
Затоа кога велиме дека неговото дело инспирира, пред нас ја имаме и нашата определба. Определбата на граѓаните на Република Македонија, да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Граѓанско, едно општество за сите, во кое ги афирмираме и воспоставуваме меѓусебната почит меѓу сите етнички заедници во нашата земја. Признавањето на етничките, националните, верските и културните разлики е посебноста и суштината на нашето заедништво. Во тоа наше заедништво што го градиме низ вековите и што го негуваме денеска, свој значаен придонес има и српската заедница во Македонија. Многу е значајно што тој придонес се прави по углед на големиот светител Свети Сава. Од неговата посветеност и подвиг, се родиле и неговите бележити и вековити остварувања во државничките и правните работи, во дипломатијата. Неговото наследство во образованието и во медицината. Бесмртно е делото на духовникот и светителот Свети Сава. Тој е темелот на кој се издига традицијата, културата и вредностите на српскиот народ кој го прифати и слави како духовен родител. Уште еднаш најсрдечно упатувам честитки по повод националниот ден на Србите во Република Македонија. Нека бидат вечни името и славата на Свети Сава, под чие духовно покровителство се одбележува денешниот ден.

The post Ковачевски: Прославата на Националниот ден на Србите е сведоштво за заедништвото во нашата земја што го градиме низ вековите appeared first on Република.

]]>
Во Скопје се одржа свечена академија по повод националниот ден на Србите во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-skopje-se-odrza-svechena-akademija-po-povod-nacionalniot-den-na-srbite-vo-makedonija/ Thu, 27 Jan 2022 19:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=450481

Вечерва во МНТ во Скопје се одржа свечената академија по повод националниот ден на Србите во Република Македонија.

На свеченоста, покрај македонскиот премиер Димитар Ковачевски, присуствуваа министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник Иван Стоиљковиќ, пратеникот Мирослав Јовановиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателката на Националниот совет на Србите во Македонија Гордана Јовиќ Стојковска.

Ковачевски им го честиташе празникот Национален ден на Србите во нашата земја, кој секогаш се слави на денот на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава.

Свети Сава е втемелувач на самостојната српска православна црква и нејзин прв архиепископ. Тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска. Свети Сава е посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи. Неговите лик и дело инспирираат и осум века после неговата смрт. Затоа, кога велиме дека неговото дело инспирира, пред нас ја имаме и нашата определба, определбата на граѓаните на Република Македонија, да градиме и негуваме општество еднакво за сите.
Граѓанско, едно општество за сите, во кое ги афирмираме и воспоставуваме меѓусебната почит меѓу сите етнички заедници во нашата земја – истакна Ковачевски на академијата, додавајќи дека признавањето на етничките, националните, верските и културните разлики е посебноста и суштината на нашето заедништво.

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, ги поздрави присутните во свое име и во име на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Во Светосавието е собрана нашата желба да живееме заедно во мир и љубов, во братство со другите. И има ли поубаво место, има ли поубаво место на светот, драги пријатели, да се изговори оваа порака токму тука во Скопје? Има ли поцврст и поверодостоен начин да се обврзете некому на љубов и пријателство од Светосавскиот печат. Уверен сум дека нема – рече Селаковиќ.

Жељка Цвијановиќ, претседателка на Република Српска, рече дека Србите во Македонија се автохтон народ присутен со векови, со богато културно и историско наследство.

Средновековната, но, и современата историја на нашиот народ е непоимлива без Скопје, Куманово, Битола, Кајмакчалан, за што сведочат бројните споменици, преубавите цркви, манастири и вие, тука присутни, кои гордо го славите името на Свети Сава и својот национален празник – додаде таа.

 

The post Во Скопје се одржа свечена академија по повод националниот ден на Србите во Македонија appeared first on Република.

]]>

Вечерва во МНТ во Скопје се одржа свечената академија по повод националниот ден на Србите во Република Македонија. На свеченоста, покрај македонскиот премиер Димитар Ковачевски, присуствуваа министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник Иван Стоиљковиќ, пратеникот Мирослав Јовановиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателката на Националниот совет на Србите во Македонија Гордана Јовиќ Стојковска. Ковачевски им го честиташе празникот Национален ден на Србите во нашата земја, кој секогаш се слави на денот на една од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ – Свети Сава.
Свети Сава е втемелувач на самостојната српска православна црква и нејзин прв архиепископ. Тој е просветител, основач на училишта и болници, дипломат, пишувач на првите закони во државата српска. Свети Сава е посредник и помирител меѓу раскараните браќа и народи. Неговите лик и дело инспирираат и осум века после неговата смрт. Затоа, кога велиме дека неговото дело инспирира, пред нас ја имаме и нашата определба, определбата на граѓаните на Република Македонија, да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Граѓанско, едно општество за сите, во кое ги афирмираме и воспоставуваме меѓусебната почит меѓу сите етнички заедници во нашата земја – истакна Ковачевски на академијата, додавајќи дека признавањето на етничките, националните, верските и културните разлики е посебноста и суштината на нашето заедништво.
Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, ги поздрави присутните во свое име и во име на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
Во Светосавието е собрана нашата желба да живееме заедно во мир и љубов, во братство со другите. И има ли поубаво место, има ли поубаво место на светот, драги пријатели, да се изговори оваа порака токму тука во Скопје? Има ли поцврст и поверодостоен начин да се обврзете некому на љубов и пријателство од Светосавскиот печат. Уверен сум дека нема – рече Селаковиќ.
Жељка Цвијановиќ, претседателка на Република Српска, рече дека Србите во Македонија се автохтон народ присутен со векови, со богато културно и историско наследство.
Средновековната, но, и современата историја на нашиот народ е непоимлива без Скопје, Куманово, Битола, Кајмакчалан, за што сведочат бројните споменици, преубавите цркви, манастири и вие, тука присутни, кои гордо го славите името на Свети Сава и својот национален празник – додаде таа.
 

The post Во Скопје се одржа свечена академија по повод националниот ден на Србите во Македонија appeared first on Република.

]]>
Само сплотени можеме да ги решаваме проблемите кои не тиштат: Мицкоски го честита празникот Свети Сава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-so-chestitka-po-povod-praznikot-sveti-sava/ Thu, 27 Jan 2022 09:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=450116

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот на српската етничка заедница во Република Македонија, Свети Сава.

Дозволете ми во мое лично име и во име на партијата ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија припадници на српската етничка заедница да им го честитам празникот Свети Сава. Големиот светител има дадено огромен и непроценлив придонес за културата на Србите, а неговото дело за ширењето на писменоста и христијанството оставил траен белег.

Србите во Македонија се дел од културниот, јазичниот и општествениот мозаик на нашата земја, кои придонесувале и придонесуваат кон изградбата на заедничката иднина.

Духовните мостови помеѓу народите најдобро се симболизираат преку взаемната почит и соработка, а одбележувањето на ваквите празници овозможува продолжување на традицијата на заедничка доверба и негување на културни особености и обичаи. Македонија е горда на својата вековна историја на соживот и разбирање и тоа е нашиот темел за иднината. Само обединети можеме да ги надминуваме сите предизвици. Само сплотени можеме да ги решаваме сите проблеми кои не тиштат, без разлика на нашата верска и етничка припадност. Само заедно можеме да направиме подобра денешница и уште подобро утре.

Ви посакувам празничните мигови да ги поминете во радост, благосостојба и добро здравје.

Нека е честит празникот Свети Сава!, напиша во честитката Мицкоски.

The post Само сплотени можеме да ги решаваме проблемите кои не тиштат: Мицкоски го честита празникот Свети Сава appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот на српската етничка заедница во Република Македонија, Свети Сава. Дозволете ми во мое лично име и во име на партијата ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија припадници на српската етничка заедница да им го честитам празникот Свети Сава. Големиот светител има дадено огромен и непроценлив придонес за културата на Србите, а неговото дело за ширењето на писменоста и христијанството оставил траен белег. Србите во Македонија се дел од културниот, јазичниот и општествениот мозаик на нашата земја, кои придонесувале и придонесуваат кон изградбата на заедничката иднина. Духовните мостови помеѓу народите најдобро се симболизираат преку взаемната почит и соработка, а одбележувањето на ваквите празници овозможува продолжување на традицијата на заедничка доверба и негување на културни особености и обичаи. Македонија е горда на својата вековна историја на соживот и разбирање и тоа е нашиот темел за иднината. Само обединети можеме да ги надминуваме сите предизвици. Само сплотени можеме да ги решаваме сите проблеми кои не тиштат, без разлика на нашата верска и етничка припадност. Само заедно можеме да направиме подобра денешница и уште подобро утре. Ви посакувам празничните мигови да ги поминете во радост, благосостојба и добро здравје. Нека е честит празникот Свети Сава!, напиша во честитката Мицкоски.

The post Само сплотени можеме да ги решаваме проблемите кои не тиштат: Мицкоски го честита празникот Свети Сава appeared first on Република.

]]>
Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ гостин на Светосавската академја во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/srpskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-nikola-selakovikj-gostin-na-svetosavskata-akademja-vo-skopje/ Thu, 27 Jan 2022 08:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=450098

Министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, а ќе присуствува и на Светосавската академија по повод 27 Јануари – Националниот празник на Србите во земјава, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од српското МНР, предвидено е обраќање на министерот Селаковиќ на свечената Светосавска академија во Македонскиот народен театар. На свеченоста ќе се обрати и висок претставник од земјава, а со богата културно – уметничка програма ќе биде претставена културата и традицијата на српскиот народ.

Пред присутните се очекува да се обрати министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, како и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ. На Свечената академија ќе настапи и познатата српска пејачка, Јелена Томашевиќ.

Организатор на академојата е Регионалниот одбор на српската заедница. Свечената Светосавска академија ќе се одржи вечерва во Македонскиот народен театар (19 ч.) во Скопје.

На Свечената академија во МНТ ќе се обратат високи официјални претставници од Македонија, од Србија и од Република Српска. Со богата културно уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.

Пред присутните се очекува да се обрати и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ. Светосавска беседа ќе одржи д-р Славенко Терзиќ, академик и поранешен амбасадор.

Во културно-уметничката програма ќе учествуваат актерите од Белградскиот народен театар, Воениот оркестар при Министерството за одбрана на Република Србија.

„Свети Сава е симбол на нашето творештво низ векови, наш корен на животот, нашето чувство за време, историја и судбината на нашиот народ“, изјави претседателот на Демократска партија на Србите во Македонија и претседател на Организациониот одбор на Светосавската академија, Иван Стоилковиќ.

Свечена Светосавска академија се одржа вчера во Куманово.

Нема поблиски народи на овие простори од македонскиот и српскиот“, изјави синоќа градоначалникот на Кумановио Максим Димитриевски, во Занаетчиски дом, на свечената Светосавска академија, како меѓународно афирмирана манифестација по повод одбележување на Денот на Свети Сава, национален празник на Србите во Македонија.

Димитриевски го честиташе овој голем празник и информираше дека се работи на отворање на конзулат на Република Србија во Македонија во Куманово.

Куманово е Македонија во мало. Ние сме мултикултурно општество во коешто има место за сите, без разлика дали сме Македонци, Срби, Турци, Албанци, Роми, Власи или било која етничка заедница којашто опстојува на овие македонски и балкански простори. Вечерва за мене е голема чест, а уште поголемо задоволство да присуствувам на оваа свечена академија, Светосавска академија, во чест на човек којшто на овие простори го ширел христијанството, се залагал за мир, взаемно почитување, вреднување и секако за соживот. Тоа е нашето Куманово кое низ векови се ткаело, токму низ ваквите мисли и идеи. Затоа, со право можеме да кажеме дека сите ние сме потомци на овие простори, секој ја негува својата традиција, но мора да ја вреднува и туѓата. Нема поблизок народ на овие простори од македонскиот и српскиот. И тоа не го докажуваме ние политичарите, туку тоа всушност го докажуваат самите граѓани на дело, проткаени низ заеднички бракови, измешани традиции, создадена заедничка љубов којашто дополнително создава заеднички вредности, рече Димитриевски во обраќањето.

Ова е 15-ти пат како српската заедница во земјава го одбележува националниот празник на Србите 27 Јануари, Денот на српскиот просветител Свети Сава.

The post Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ гостин на Светосавската академја во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, а ќе присуствува и на Светосавската академија по повод 27 Јануари – Националниот празник на Србите во земјава, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од српското МНР, предвидено е обраќање на министерот Селаковиќ на свечената Светосавска академија во Македонскиот народен театар. На свеченоста ќе се обрати и висок претставник од земјава, а со богата културно – уметничка програма ќе биде претставена културата и традицијата на српскиот народ. Пред присутните се очекува да се обрати министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, како и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ. На Свечената академија ќе настапи и познатата српска пејачка, Јелена Томашевиќ. Организатор на академојата е Регионалниот одбор на српската заедница. Свечената Светосавска академија ќе се одржи вечерва во Македонскиот народен театар (19 ч.) во Скопје. На Свечената академија во МНТ ќе се обратат високи официјални претставници од Македонија, од Србија и од Република Српска. Со богата културно уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ. Пред присутните се очекува да се обрати и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ. Светосавска беседа ќе одржи д-р Славенко Терзиќ, академик и поранешен амбасадор. Во културно-уметничката програма ќе учествуваат актерите од Белградскиот народен театар, Воениот оркестар при Министерството за одбрана на Република Србија. „Свети Сава е симбол на нашето творештво низ векови, наш корен на животот, нашето чувство за време, историја и судбината на нашиот народ“, изјави претседателот на Демократска партија на Србите во Македонија и претседател на Организациониот одбор на Светосавската академија, Иван Стоилковиќ. Свечена Светосавска академија се одржа вчера во Куманово.
Нема поблиски народи на овие простори од македонскиот и српскиот“, изјави синоќа градоначалникот на Кумановио Максим Димитриевски, во Занаетчиски дом, на свечената Светосавска академија, како меѓународно афирмирана манифестација по повод одбележување на Денот на Свети Сава, национален празник на Србите во Македонија.
Димитриевски го честиташе овој голем празник и информираше дека се работи на отворање на конзулат на Република Србија во Македонија во Куманово.
Куманово е Македонија во мало. Ние сме мултикултурно општество во коешто има место за сите, без разлика дали сме Македонци, Срби, Турци, Албанци, Роми, Власи или било која етничка заедница којашто опстојува на овие македонски и балкански простори. Вечерва за мене е голема чест, а уште поголемо задоволство да присуствувам на оваа свечена академија, Светосавска академија, во чест на човек којшто на овие простори го ширел христијанството, се залагал за мир, взаемно почитување, вреднување и секако за соживот. Тоа е нашето Куманово кое низ векови се ткаело, токму низ ваквите мисли и идеи. Затоа, со право можеме да кажеме дека сите ние сме потомци на овие простори, секој ја негува својата традиција, но мора да ја вреднува и туѓата. Нема поблизок народ на овие простори од македонскиот и српскиот. И тоа не го докажуваме ние политичарите, туку тоа всушност го докажуваат самите граѓани на дело, проткаени низ заеднички бракови, измешани традиции, создадена заедничка љубов којашто дополнително создава заеднички вредности, рече Димитриевски во обраќањето.
Ова е 15-ти пат како српската заедница во земјава го одбележува националниот празник на Србите 27 Јануари, Денот на српскиот просветител Свети Сава.

The post Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ гостин на Светосавската академја во Скопје appeared first on Република.

]]>
Не носете црвено и молете се да не загрми: Верниците ги честуваат Нина Грузиска и Свети Сава https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ne-nosete-crveno-i-molete-se-da-ne-zagrmi-vernicite-gi-chestuvaat-nina-gruziska-i-sveti-sava/ Thu, 27 Jan 2022 08:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=450059

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јануари.

Денеска е Св. рамноапостолна Нина Грузиска и св. Сава.

Света Нина потекнува од благородничко кападокиско семејство. Од мала била воспитана во Христовиот дух. Подоцна отишла во Грузија, го покрстила грузиското царско семејство и до крајот на животот (335 г.) ја обиколила цела Грузија, проповедајќи го Христос. Света Нина е просветителка на Грузија. Има слично значење како свети Кирил и Методиј словенските народи.

Денес се слави и свети Сава, првиот српски архиепископ. Бил син на великиот жупан Стефан Немања. Ги презрел богатството, почестите и царското достоинство и се замонашил на Света Гора. Неговиот пример подоцна го следи и татко му, кој во монаштвото ќе го добие името Симеон. Свети Сава се упокоил во 1236 година.

Се верува дека Свети може да го смири морето и бурите како и да создаде вода од камен…

Постои и народно верување дека на овој ден не треба да се носи црвено, ниту да се острат ножеви, бричеви или алати… Ова верување потекнува од старо време, додека селаните стравувале волците да не им ја изедат стоката. Свети Сава се сметал за добар пастир и заштитник на стоката, па таа на овој ден се пуштала сама на пасење. меѓутоа, црвено не се носело зошто се верувало дека таа бојана крвта ги привлекува волците. Исто така на денешен ден не се отвара брич и не се острат ножеви или било кој алат за да им останат затворени устите на волците.

Постои и верување дека е лош знак ако загрми на Свети Сава и дека тогаш сигурно нешто лошо ќе се случи, бидејќи громовите се исклучително ретка појава во зима. Ако денеска е сончев ден ќе има благосостојба и среќна и родна година.

Денеска жените смеат да работат домашни работи, дури е пожелно и да направат големо чистење во куќата. Се смета дека и децата на Свети Сава треба да научат нешто ново, макар некоја нова песна, зошто во спротивно ќе бидат мрзливи и нема доволно да напредуваат цела година.

The post Не носете црвено и молете се да не загрми: Верниците ги честуваат Нина Грузиска и Свети Сава appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јануари. Денеска е Св. рамноапостолна Нина Грузиска и св. Сава. Света Нина потекнува од благородничко кападокиско семејство. Од мала била воспитана во Христовиот дух. Подоцна отишла во Грузија, го покрстила грузиското царско семејство и до крајот на животот (335 г.) ја обиколила цела Грузија, проповедајќи го Христос. Света Нина е просветителка на Грузија. Има слично значење како свети Кирил и Методиј словенските народи. Денес се слави и свети Сава, првиот српски архиепископ. Бил син на великиот жупан Стефан Немања. Ги презрел богатството, почестите и царското достоинство и се замонашил на Света Гора. Неговиот пример подоцна го следи и татко му, кој во монаштвото ќе го добие името Симеон. Свети Сава се упокоил во 1236 година. Се верува дека Свети може да го смири морето и бурите како и да создаде вода од камен… Постои и народно верување дека на овој ден не треба да се носи црвено, ниту да се острат ножеви, бричеви или алати… Ова верување потекнува од старо време, додека селаните стравувале волците да не им ја изедат стоката. Свети Сава се сметал за добар пастир и заштитник на стоката, па таа на овој ден се пуштала сама на пасење. меѓутоа, црвено не се носело зошто се верувало дека таа бојана крвта ги привлекува волците. Исто така на денешен ден не се отвара брич и не се острат ножеви или било кој алат за да им останат затворени устите на волците. Постои и верување дека е лош знак ако загрми на Свети Сава и дека тогаш сигурно нешто лошо ќе се случи, бидејќи громовите се исклучително ретка појава во зима. Ако денеска е сончев ден ќе има благосостојба и среќна и родна година. Денеска жените смеат да работат домашни работи, дури е пожелно и да направат големо чистење во куќата. Се смета дека и децата на Свети Сава треба да научат нешто ново, макар некоја нова песна, зошто во спротивно ќе бидат мрзливи и нема доволно да напредуваат цела година.

The post Не носете црвено и молете се да не загрми: Верниците ги честуваат Нина Грузиска и Свети Сава appeared first on Република.

]]>
Свечена Светосавска академија, по повод Националниот празник на Србите, на 27 јануари во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svechena-svetosavska-akademija-po-povod-nacionalniot-praznik-na-srbite-na-27-januari-vo-mnt/ Wed, 26 Jan 2022 09:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=449586

Српската заедница во земјава со свечена Светосавска академија во Македонскиот народен театар (19 ч.), традиционално ќе го одбележи 27 Јануари, Националниот празник на Србите – Денот на српскиот просветител Свети Сава.

Свети Сава е симбол на нашето творештво низ векови, наш корен на животот, нашето чувство за време, историја и судбината на нашиот народ, изјави по овој повод претседателот на Демократска партија на Србите во Македонија и претседател на Организациониот одбор на Светосавската академија, Иван Стоилковиќ.

На настанот во МНТ е најавено обраќање на претставници на делегации од Србија и Република Српска, а ќе се одржи и богата културно-уметничка програма.

Пред присутните се очекува да се обрати претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ.

Д-р Славенко Терзиќ, академик и поранешен амбасадор, ќе одржи светосавска беседа.

Во рамките на културно-уметничката програма, пак, ќе бидат одржани неколку претстави во изведба на актерите од Белградскиот народен театар. Исто така, во музичкиот дел ќе учествува и Воениот оркестар на Министерството за одбрана на Република Србија, а ќе настапи и познатата српска пејачка Јелена Томашевиќ.

Свечена Светосавска академија претходно (на 26 јануари) ќе се одржи во Куманово, а на денот на Националниот празник на Србите делегациите од Република Србија и Република Српска ќе го посетат градоначалникот и српските организации во Куманово. Во текот на денот тие ќе бидат примени и од претседателот Стево Пендаровски.

Директниот пренос на свечената Светосавска академија во Скопје, по повод националниот празник на Србите во Македонија, со почеток во 19 часот, ќе го врши Македонската радио-телевизија (Канал 4), најави Стоилковиќ.

Инаку, Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 27 јануари 2022 година (четврток), Свети Сава, е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија. Воедно, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани, припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.

The post Свечена Светосавска академија, по повод Националниот празник на Србите, на 27 јануари во МНТ appeared first on Република.

]]>

Српската заедница во земјава со свечена Светосавска академија во Македонскиот народен театар (19 ч.), традиционално ќе го одбележи 27 Јануари, Националниот празник на Србите – Денот на српскиот просветител Свети Сава.
Свети Сава е симбол на нашето творештво низ векови, наш корен на животот, нашето чувство за време, историја и судбината на нашиот народ, изјави по овој повод претседателот на Демократска партија на Србите во Македонија и претседател на Организациониот одбор на Светосавската академија, Иван Стоилковиќ.
На настанот во МНТ е најавено обраќање на претставници на делегации од Србија и Република Српска, а ќе се одржи и богата културно-уметничка програма. Пред присутните се очекува да се обрати претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ. Д-р Славенко Терзиќ, академик и поранешен амбасадор, ќе одржи светосавска беседа. Во рамките на културно-уметничката програма, пак, ќе бидат одржани неколку претстави во изведба на актерите од Белградскиот народен театар. Исто така, во музичкиот дел ќе учествува и Воениот оркестар на Министерството за одбрана на Република Србија, а ќе настапи и познатата српска пејачка Јелена Томашевиќ. Свечена Светосавска академија претходно (на 26 јануари) ќе се одржи во Куманово, а на денот на Националниот празник на Србите делегациите од Република Србија и Република Српска ќе го посетат градоначалникот и српските организации во Куманово. Во текот на денот тие ќе бидат примени и од претседателот Стево Пендаровски. Директниот пренос на свечената Светосавска академија во Скопје, по повод националниот празник на Србите во Македонија, со почеток во 19 часот, ќе го врши Македонската радио-телевизија (Канал 4), најави Стоилковиќ. Инаку, Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 27 јануари 2022 година (четврток), Свети Сава, е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија. Воедно, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани, припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.

The post Свечена Светосавска академија, по повод Националниот празник на Србите, на 27 јануари во МНТ appeared first on Република.

]]>