Свети Никола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-nikola/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Dec 2023 14:07:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Свети Никола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-nikola/ 32 32 Прилепчани имаат голема почит за светецот и треба да се угледаме на неговите големи дела, порача владиката Петар на прославата на градската слава Свети Никола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prilepchani-imaat-golema-pochit-za-svetetsot-i-treba-da-se-ugledame-na-negovite-golemi-dela-poracha-vladikata-petar-na-proslavata-na-gradskata-slava-sveti-nikola/ Tue, 19 Dec 2023 14:07:13 +0000 https://republika.mk/?p=724555

Со благослови, добра мисла и желби за здравје и да се одржуваат традициите, прилепчани на посна трпеза во центарот на градот ја одбележаа градската слава и оддадоа почит на светецот-заштитник на Прилеп – Свети Никола.

Прославата започна изутрината со света архиерејска литургија во прилепската црква „Свето Благовештение“ и со литија. Со богослужбата чиноначалствуваше владиката Петар. Централното чествување беше пред Параклисот посветен на светецот-заштитник во центарот на Прилеп.

Го почитуваме и го славиме големиот светец, Свети Никола миликијски кој не се откажувал, и покрај маките на кои бил изложен, од правдата за онеправданите. Прилепчани имаат голема почит за светецот и треба да се угледаме на неговите големи дела. Пред се, да се вратат моралните вредности, порача владиката Петар.

Според прилепскиот градоначалник Борче Ристески прославата на Свети Никола е дел од традициите кои градот ги негува.

„Свети Никола“ е посебен ден и добар патоказ за да се чуваат корените, особено кога ќе се земе предвид дека Свети Никола е заштитник на сиромашниоте, на немоќните, на морепловците. Традицијата е идентитет на секоја држава, а нас како прилепчани нѐ прави горди токму чувањето и негувањето на витинските вредности, верата, традицијата и историјата, им порача Јовчески на прилепчани.

Годинашниов домаќин, компанијата „комфи Ангел“ ги покани прилепчани на посна трпеза поставена на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на градот.

Прилепчани нагласија дека оваа традиција е убава и треба да се зачува, а на младите да им се укаже на чувањето на вредносите.

Годинава, организирано градската слава „Свети Никола“ во Прилеп се прослави по 18-ти пат. Востановена е во 2006 година. Во 2008 година Прилеп влезе во Гинисовата книга на рекорди со приготвени 80 191 мала посна сарма што е дел од посната трпеза за прославата на празникот.

В година, домаќин на прославата на градската слава е локалната самоуправа на Прилеп.

 

The post Прилепчани имаат голема почит за светецот и треба да се угледаме на неговите големи дела, порача владиката Петар на прославата на градската слава Свети Никола appeared first on Република.

]]>

Со благослови, добра мисла и желби за здравје и да се одржуваат традициите, прилепчани на посна трпеза во центарот на градот ја одбележаа градската слава и оддадоа почит на светецот-заштитник на Прилеп – Свети Никола. Прославата започна изутрината со света архиерејска литургија во прилепската црква „Свето Благовештение“ и со литија. Со богослужбата чиноначалствуваше владиката Петар. Централното чествување беше пред Параклисот посветен на светецот-заштитник во центарот на Прилеп.
Го почитуваме и го славиме големиот светец, Свети Никола миликијски кој не се откажувал, и покрај маките на кои бил изложен, од правдата за онеправданите. Прилепчани имаат голема почит за светецот и треба да се угледаме на неговите големи дела. Пред се, да се вратат моралните вредности, порача владиката Петар.
Според прилепскиот градоначалник Борче Ристески прославата на Свети Никола е дел од традициите кои градот ги негува.
„Свети Никола“ е посебен ден и добар патоказ за да се чуваат корените, особено кога ќе се земе предвид дека Свети Никола е заштитник на сиромашниоте, на немоќните, на морепловците. Традицијата е идентитет на секоја држава, а нас како прилепчани нѐ прави горди токму чувањето и негувањето на витинските вредности, верата, традицијата и историјата, им порача Јовчески на прилепчани.
Годинашниов домаќин, компанијата „комфи Ангел“ ги покани прилепчани на посна трпеза поставена на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на градот. Прилепчани нагласија дека оваа традиција е убава и треба да се зачува, а на младите да им се укаже на чувањето на вредносите. Годинава, организирано градската слава „Свети Никола“ во Прилеп се прослави по 18-ти пат. Востановена е во 2006 година. Во 2008 година Прилеп влезе во Гинисовата книга на рекорди со приготвени 80 191 мала посна сарма што е дел од посната трпеза за прославата на празникот. В година, домаќин на прославата на градската слава е локалната самоуправа на Прилеп.  

The post Прилепчани имаат голема почит за светецот и треба да се угледаме на неговите големи дела, порача владиката Петар на прославата на градската слава Свети Никола appeared first on Република.

]]>
Зошто Тито го мразел Свети Никола и Дедо Мраз? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zoshto-tito-go-mrazel-sveti-nikola-i-dedo-mraz/ Tue, 19 Dec 2023 13:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=724265

Познато е дека празниците секогаш ги легитимираат властите и исто како што објаснува кустосот на Музејот по историја на Југославија, Ана Паниќ, тие се тука да слават она што е на власт, па и Новата година и другите социјалистички празници биле тука да ги заменат старите религиозни празници како славите Божик, Велигден. Затоа во првите години на СФРЈ, Дедо Мраз бил осуден како болшевичко-клерикална творба бидејќи Јосип Броз Тито го потсетувал на свети Никола, слава која воопшто не ја сакал.

Имено, јавните празници и тоа како биле користени со цел за промоција на комунизмот и славење по партиска задача, се бришеле границите меѓу личното и општественото, а една од основните функции им била интеграцијата. Новата година, која до Втората светска војна не била премногу популарен празник меѓу Југословените, како што ни објасни кустосот, требала во јавниот живот на СФРЈ да го замени дотогашното одбележување на Божик, но и вешто да ја избегне подвоеноста на жителите со различна вероисповед и да создаде чувство на припадност на една заедница – на младата СФРЈ.

Секако, кога еден политичко-општествен правец има за цел бришење на верските разлики, во таа приказна никако не може да оди и Свети Никола. Прашање е само, како Маршалот Свети Никола го поврзал со Дедо Мраз?

Интересна е приказната за етимологијата на зборот Дедо Мраз и за неговата симболика. Таа објаснува зошто Тито не го сакал чичкото со бела брада во црвен капут. Името Дедо Мраз, како што го нарекуваме, е со потекло од руското име Дед Мороуз и во поранешната паганска руска традиција тој претставувал крал на зимата кој одел од куќа по куќа, а на него луѓето му подарувале подароци, како еден вид на молба студената зима да им помине полесно. А Дедо Мраз, каков што го знаеме од детските филмови, со долга, бела брада и црвен капут, нема врска со тој Дед Мороз, туку со Санта Клаус, кој е верзија на холандско старо божество, поврзано со свети Никола, објасни Ана Паниќ.

Тсс додава дека тие две струи се споиле преку Кока Кола.

Симпатичниот дедо со брада и црвена облека потсетува на Свети Никола, кој исто така има црвена облека, долга брада и на децата дели подароци, додека кралот на зимата секогаш бил во зелена облека и никогаш не бил толку дебел, туку е претставен како слаба фигура со долга сива брада. Кралот на зимата не делел подароци, луѓето на него му подарувале дарови во замена за безгрижен зимски период, рече кустосот на Музејот по историја на Југославија и додаде дека поради тоа во првите повоени години Дедо Мраз бил непосакуван на Титовите прослави на Нова година, а и меѓу народот, вели таа.

Антифашистичкиот фронт на жените, кој во Југославија бил задолжен за афирмација на Новата година, според Ана Паниќ, одел на тоа Дедо Мраз да го замени со млада девојка, бидејќи новата млада држава била во подем и млада девојка треба да ја симболизира и државата и Новата година.

Имено, постоело и цело сценарио според кое млада девојка ја сретнува старата година на која и кажува за тоа кој бил добар, а кој бил лош и како поминала таа претходна година. Потоа младата девојка, како персонификација на новото општество, дели подароци на децата, а во тоа можел и да и помага стар партизан. Меѓутоа, тоа сценарио никогаш не се остварило, вели Паниќ.

Верзиите на Дедо Мраз како лик варираат меѓу различни култури, религии и народи.

Потеклото на овој лик е од стари религии на германските и словенските народи. Со покрстувањето на овие народи, нивните верувања се комбинирале со ликот на христијанскиот епископ Никола.

Во Холандија и Белгија, Свети Никола (Sinerklaas) има помошници кои се викаат Црн Петар (Zwarte Pie” – на холандски или Père Fouettard – на француски).

Традицијата за Свети Никола има многу паралели со германската митологија, посебно со богот Один. Ова вклучува брада, шешир и копје (денес стап) и торба која ја држат неговите слуги да ги фатат немирните деца. И Свети Никола јава бел коњ како Один. Писмата од колачите кои Црн Петар ги дава на децата, асоцираат на Одиновото создавање на рунски букви. Песните кои се рецитираат во текот на прославата и песните кои ги пејат на децата се посветени на Один како бог на поезијата.

Верувањето дека Дедо Мраз влегува во домот низ оџак може да потекнува од приказната за Свети Никола кој фрла пари низ прозорец, а во поновата верзија на приказната, фрла пари низ оџакот ако наиде на затворени прозори.

Така, по повеќевековни верувања и доведува на Дедо Мраз во врска со Свети Никола, не е ни чудно што и доживотниот претседател на СФРЈ симпатичниот дедо го потсетувал на светец.

The post Зошто Тито го мразел Свети Никола и Дедо Мраз? appeared first on Република.

]]>

Познато е дека празниците секогаш ги легитимираат властите и исто како што објаснува кустосот на Музејот по историја на Југославија, Ана Паниќ, тие се тука да слават она што е на власт, па и Новата година и другите социјалистички празници биле тука да ги заменат старите религиозни празници како славите Божик, Велигден. Затоа во првите години на СФРЈ, Дедо Мраз бил осуден како болшевичко-клерикална творба бидејќи Јосип Броз Тито го потсетувал на свети Никола, слава која воопшто не ја сакал. Имено, јавните празници и тоа како биле користени со цел за промоција на комунизмот и славење по партиска задача, се бришеле границите меѓу личното и општественото, а една од основните функции им била интеграцијата. Новата година, која до Втората светска војна не била премногу популарен празник меѓу Југословените, како што ни објасни кустосот, требала во јавниот живот на СФРЈ да го замени дотогашното одбележување на Божик, но и вешто да ја избегне подвоеноста на жителите со различна вероисповед и да создаде чувство на припадност на една заедница – на младата СФРЈ. Секако, кога еден политичко-општествен правец има за цел бришење на верските разлики, во таа приказна никако не може да оди и Свети Никола. Прашање е само, како Маршалот Свети Никола го поврзал со Дедо Мраз?
Интересна е приказната за етимологијата на зборот Дедо Мраз и за неговата симболика. Таа објаснува зошто Тито не го сакал чичкото со бела брада во црвен капут. Името Дедо Мраз, како што го нарекуваме, е со потекло од руското име Дед Мороуз и во поранешната паганска руска традиција тој претставувал крал на зимата кој одел од куќа по куќа, а на него луѓето му подарувале подароци, како еден вид на молба студената зима да им помине полесно. А Дедо Мраз, каков што го знаеме од детските филмови, со долга, бела брада и црвен капут, нема врска со тој Дед Мороз, туку со Санта Клаус, кој е верзија на холандско старо божество, поврзано со свети Никола, објасни Ана Паниќ.
Тсс додава дека тие две струи се споиле преку Кока Кола.
Симпатичниот дедо со брада и црвена облека потсетува на Свети Никола, кој исто така има црвена облека, долга брада и на децата дели подароци, додека кралот на зимата секогаш бил во зелена облека и никогаш не бил толку дебел, туку е претставен како слаба фигура со долга сива брада. Кралот на зимата не делел подароци, луѓето на него му подарувале дарови во замена за безгрижен зимски период, рече кустосот на Музејот по историја на Југославија и додаде дека поради тоа во првите повоени години Дедо Мраз бил непосакуван на Титовите прослави на Нова година, а и меѓу народот, вели таа.
Антифашистичкиот фронт на жените, кој во Југославија бил задолжен за афирмација на Новата година, според Ана Паниќ, одел на тоа Дедо Мраз да го замени со млада девојка, бидејќи новата млада држава била во подем и млада девојка треба да ја симболизира и државата и Новата година.
Имено, постоело и цело сценарио според кое млада девојка ја сретнува старата година на која и кажува за тоа кој бил добар, а кој бил лош и како поминала таа претходна година. Потоа младата девојка, како персонификација на новото општество, дели подароци на децата, а во тоа можел и да и помага стар партизан. Меѓутоа, тоа сценарио никогаш не се остварило, вели Паниќ.
Верзиите на Дедо Мраз како лик варираат меѓу различни култури, религии и народи. Потеклото на овој лик е од стари религии на германските и словенските народи. Со покрстувањето на овие народи, нивните верувања се комбинирале со ликот на христијанскиот епископ Никола. Во Холандија и Белгија, Свети Никола (Sinerklaas) има помошници кои се викаат Црн Петар (Zwarte Pie” – на холандски или Père Fouettard – на француски). Традицијата за Свети Никола има многу паралели со германската митологија, посебно со богот Один. Ова вклучува брада, шешир и копје (денес стап) и торба која ја држат неговите слуги да ги фатат немирните деца. И Свети Никола јава бел коњ како Один. Писмата од колачите кои Црн Петар ги дава на децата, асоцираат на Одиновото создавање на рунски букви. Песните кои се рецитираат во текот на прославата и песните кои ги пејат на децата се посветени на Один како бог на поезијата. Верувањето дека Дедо Мраз влегува во домот низ оџак може да потекнува од приказната за Свети Никола кој фрла пари низ прозорец, а во поновата верзија на приказната, фрла пари низ оџакот ако наиде на затворени прозори. Така, по повеќевековни верувања и доведува на Дедо Мраз во врска со Свети Никола, не е ни чудно што и доживотниот претседател на СФРЈ симпатичниот дедо го потсетувал на светец.

The post Зошто Тито го мразел Свети Никола и Дедо Мраз? appeared first on Република.

]]>
Како Свети Никола станал „Дедо Мраз“? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kako-sveti-nikola-stanal-dedo-mraz/ Tue, 19 Dec 2023 10:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=724478

Свети Никола бил прогласен за светец за време на неговиот живот, но набргу по неговата смрт се верувало дека тој е всушност претходник на „Дедо Мраз“.
Свети Никола, епископ Мирски од четвртиот век, уште во текот на животот се сметал за светец и чудотворец и бил повикан да помогне во случај на болест или несреќи, а тој одговарал и им помагал на сите.

Се слави како заштитник на децата, учениците, морнарите, патниците, трговците и стрелците, а најпознат е по своите подароци за сиромашните.

Во многу христијански земји се слави како празник на децата, а децата потоа добиваат подароци, доколку биле послушни.

За разлика од западниот свет, кој најмногу го прифаќаше Дедо Мраз, кој беше создаден врз основа на приказната за Свети Никола, православниот дел од христијанството го слави Свети Никола како еден од најголемите светци, како симбол на дарежливост и тајно милосрдие.

Ликот на Свети Никола, познат по долгиот црвен капут и белата брада, во многу земји ширум светот послужил како пример за Дедо Мраз, кој во христијанската култура се смета за човек кој разнесува подароци на санка влечена од ирваси.

Легендата за Дедо Мраз потекнува од Свети Никола, кој бил бискуп познат по својата великодушност и љубов кон децата. Една од славните приказни за неговата великодушност кажува дека тој еднаш на еден сиромашен човек му фрлил цела вреќа со богатство, која требала да му послужи како мираз за неговите ќерки, кои инаку требало да бидат продадена како робинки.

Сиромавиот човек златото го криел во своите чизми, кои се сушеле покрај печката. Затоа денес децата ги оставаат своите чизми покрај врата, за Свети Никола да им даде некаков подарок.

Поврзаноста на Свети Никола и Дедо Мраз е видлива од англиското име кое гласи Santa Claus, а тој не е никој друг туку Saint Nicholas, односно Свети Никола.

Но, во повеќето христијански средина Свети Никола се задржал како делител на подароци низ светот, а тој период од годината е прилика за дружење, подарување и радост.

 

The post Како Свети Никола станал „Дедо Мраз“? appeared first on Република.

]]>

Свети Никола бил прогласен за светец за време на неговиот живот, но набргу по неговата смрт се верувало дека тој е всушност претходник на „Дедо Мраз“. Свети Никола, епископ Мирски од четвртиот век, уште во текот на животот се сметал за светец и чудотворец и бил повикан да помогне во случај на болест или несреќи, а тој одговарал и им помагал на сите. Се слави како заштитник на децата, учениците, морнарите, патниците, трговците и стрелците, а најпознат е по своите подароци за сиромашните. Во многу христијански земји се слави како празник на децата, а децата потоа добиваат подароци, доколку биле послушни. За разлика од западниот свет, кој најмногу го прифаќаше Дедо Мраз, кој беше создаден врз основа на приказната за Свети Никола, православниот дел од христијанството го слави Свети Никола како еден од најголемите светци, како симбол на дарежливост и тајно милосрдие. Ликот на Свети Никола, познат по долгиот црвен капут и белата брада, во многу земји ширум светот послужил како пример за Дедо Мраз, кој во христијанската култура се смета за човек кој разнесува подароци на санка влечена од ирваси. Легендата за Дедо Мраз потекнува од Свети Никола, кој бил бискуп познат по својата великодушност и љубов кон децата. Една од славните приказни за неговата великодушност кажува дека тој еднаш на еден сиромашен човек му фрлил цела вреќа со богатство, која требала да му послужи како мираз за неговите ќерки, кои инаку требало да бидат продадена како робинки. Сиромавиот човек златото го криел во своите чизми, кои се сушеле покрај печката. Затоа денес децата ги оставаат своите чизми покрај врата, за Свети Никола да им даде некаков подарок. Поврзаноста на Свети Никола и Дедо Мраз е видлива од англиското име кое гласи Santa Claus, а тој не е никој друг туку Saint Nicholas, односно Свети Никола. Но, во повеќето христијански средина Свети Никола се задржал како делител на подароци низ светот, а тој период од годината е прилика за дружење, подарување и радост.  

The post Како Свети Никола станал „Дедо Мраз“? appeared first on Република.

]]>
За да не навлечете грев на куќата и на домашните еве како правилно се слави Свети Никола според традицијата и обичаите https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/za-da-ne-navlechete-grev-na-kukata-i-na-domashnite-eve-kako-pravilno-se-slavi-sveti-nikola-spored-traditsijata-i-obichaite/ Mon, 18 Dec 2023 12:03:41 +0000 https://republika.mk/?p=724155

Православните верници утре, 19 декември, го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства во Македонија. Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…Во целото христијанство се почитува како светител и чудотворец кој за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите.

Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците. На овој ден сите бродови каде и да се наоѓале ги спуштале сидрата и до следниот ден одморале, оддавајќи му почит на тој начин на овој светител.

На овој ден според традицијата никако не треба да перете алишта, да се чисти куќата и да се прават било какви домашни работи.

Конзумирање на мрсна храна на овој ден не доаѓа предвид, бидејќи во тек е Божикниот пост, а игнорирање на задолжителниот пост е строго забрането!  На трпезата нека доминираат посна сарма, посно гравче, риба.

Во некои краеви се одржал обичајот да им се подаруваат подароци на децата бидејќи Свети Никола е нивен заштитник. Затоа, ако се добри децата израдувајте ги денеска со некаков ситен подарок - тие ќе бидат среќни, вам ќе ви биде убаво, а како што вели народот - така треба.

Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник.

 

 

The post За да не навлечете грев на куќата и на домашните еве како правилно се слави Свети Никола според традицијата и обичаите appeared first on Република.

]]>

Православните верници утре, 19 декември, го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства во Македонија. Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…Во целото христијанство се почитува како светител и чудотворец кој за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците. На овој ден сите бродови каде и да се наоѓале ги спуштале сидрата и до следниот ден одморале, оддавајќи му почит на тој начин на овој светител. На овој ден според традицијата никако не треба да перете алишта, да се чисти куќата и да се прават било какви домашни работи. Конзумирање на мрсна храна на овој ден не доаѓа предвид, бидејќи во тек е Божикниот пост, а игнорирање на задолжителниот пост е строго забрането!  На трпезата нека доминираат посна сарма, посно гравче, риба. Во некои краеви се одржал обичајот да им се подаруваат подароци на децата бидејќи Свети Никола е нивен заштитник. Затоа, ако се добри децата израдувајте ги денеска со некаков ситен подарок - тие ќе бидат среќни, вам ќе ви биде убаво, а како што вели народот - така треба. Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник.    

The post За да не навлечете грев на куќата и на домашните еве како правилно се слави Свети Никола според традицијата и обичаите appeared first on Република.

]]>
Доаѓа славата Свети Никола: На овој ден се носат подароци, но никако не правете го ова… https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/doaga-slavata-sveti-nikola-na-ovoj-den-se-nosat-podarotsi-no-nikako-ne-pravete-go-ova/ Sun, 10 Dec 2023 16:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=721510

Православните верници на 19 месецот го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства. На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере…

Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците.

Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

The post Доаѓа славата Свети Никола: На овој ден се носат подароци, но никако не правете го ова… appeared first on Република.

]]>

Православните верници на 19 месецот го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства. На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере… Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците. Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

The post Доаѓа славата Свети Никола: На овој ден се носат подароци, но никако не правете го ова… appeared first on Република.

]]>
Г.г. Стефан забрани погреби на Свети Никола, Божик и на Велигден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-zabrani-pogrebi-na-sveti-nikola-bozik-i-na-veligden/ Mon, 19 Dec 2022 16:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=587753

Владиката г.г. Стефан забрани погреби за време на празнувањето на Св. Никола и правилото почнува да се применува од оваа година. Починатите од сабота, недела и од понеделник ќе се погребуваат во вторник, пренесува А1он.

Скопската православна епархија за „А1он“ потврди дека нема погреби за време на празнувањето на Св. Никола, но верниците ќе треба да ги одложат погребите и за време на Божиќ и Велигден.

По барање на целокупното свештенство од Скопската православна епархија, а за што се известени и директорите на АД ‘Бутел’ – Скопје, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан дал благослов на денот на празнувањето на Св. Никола да не се извршуваат погребенија, пракса што црквата ќе ја применува и за саботните задушници, како и за празниците Божиќ и Велигден, кусо објаснуваат за „А1он“ од Скопската православна епархија.

Од управата на Градските гробишта „Бутел“ за „А1он“ неофицијално појаснија дека забраната се однесува на верските обреди поврзани со погребите, а не и на самиот чин на погребување. Доколку некој реши, погреб може да се организира, вклучително со изложување на починатиот во капела, но нема да има поп. Нивните служби се достапни за граѓаните без прекин во текот на целата година.

The post Г.г. Стефан забрани погреби на Свети Никола, Божик и на Велигден appeared first on Република.

]]>

Владиката г.г. Стефан забрани погреби за време на празнувањето на Св. Никола и правилото почнува да се применува од оваа година. Починатите од сабота, недела и од понеделник ќе се погребуваат во вторник, пренесува А1он. Скопската православна епархија за „А1он“ потврди дека нема погреби за време на празнувањето на Св. Никола, но верниците ќе треба да ги одложат погребите и за време на Божиќ и Велигден.
По барање на целокупното свештенство од Скопската православна епархија, а за што се известени и директорите на АД ‘Бутел’ – Скопје, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан дал благослов на денот на празнувањето на Св. Никола да не се извршуваат погребенија, пракса што црквата ќе ја применува и за саботните задушници, како и за празниците Божиќ и Велигден, кусо објаснуваат за „А1он“ од Скопската православна епархија.
Од управата на Градските гробишта „Бутел“ за „А1он“ неофицијално појаснија дека забраната се однесува на верските обреди поврзани со погребите, а не и на самиот чин на погребување. Доколку некој реши, погреб може да се организира, вклучително со изложување на починатиот во капела, но нема да има поп. Нивните служби се достапни за граѓаните без прекин во текот на целата година.

The post Г.г. Стефан забрани погреби на Свети Никола, Божик и на Велигден appeared first on Република.

]]>
Со благослови и посна трпеза Прилеп го прославува Свети Никола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-blagoslovi-i-posna-trpeza-prilep-go-proslavuva-sveti-nikola/ Mon, 19 Dec 2022 15:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=587735

Со благослови, осветување на славскиот колач, посна трпеза за прилепчани, во центарот на градот, пред параклисот посветен на светецот Свети Никола, Прилеп ги одбележа градската слава, празникот и светецот заштитник – Свети Никола.

Светецот Никола е за правдата и за заштита на неоправданите, нагласи владиката Петар кој изутрината чиноначалствуваше со светата литургија во прилепската црква „Свето Благовештение“.

Барањето правда за онеправданите е основното одличје на светецот Никола. Тој е заштитник на децата, на сиромашните, на морепловците. Треба да се раководиме од неговите достигнувања, а Прилеп ги одржува традициите и почитувањето на верата и доблестите, рече владиката Петар.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески нагласи дека градот по 17-ти пат организирано го слави светецот заштитник, а во 2008 година градот и државата се запишаа во книгата на Гинисовите рекорди со најголемата порција посни сарми.

Прилеп ги одржува традициите, а наше е да го развиваме градот, да ги цениме вредностите и да изградиме заедница според сите стандарди, рече Јовчески.

Годинашни домаќини на прославата се градежната компанија „Теракота инженеринг“ која обезбеди посно јадење за прилепчани на кои им се делеше на плоштадот „Александрија“.

Прилеп како ретко кој македонска средина знае да одговори на сите традиционални вредности, рече Гордан Бошкоски, косопственик на „Теракота инженеринг“.

Наредната година домаќини на прославата на градската слава во Прилеп се компанијата „Конфи ангел“. Сопственикот Ирена Јакимоска смета дека надежда и љубовта се чувства кои поврзуваат.

Ние сме тие кои може да обезбедиме континуитет на трдицијата и на сите вредности, рече Јакимоска.

Прилепчани се горди на традицијата. Сакаат да се одржат традиционалните вредности и да се вратат сите што заминале од земјава за да се поддржи заедништвото.

The post Со благослови и посна трпеза Прилеп го прославува Свети Никола appeared first on Република.

]]>

Со благослови, осветување на славскиот колач, посна трпеза за прилепчани, во центарот на градот, пред параклисот посветен на светецот Свети Никола, Прилеп ги одбележа градската слава, празникот и светецот заштитник – Свети Никола. Светецот Никола е за правдата и за заштита на неоправданите, нагласи владиката Петар кој изутрината чиноначалствуваше со светата литургија во прилепската црква „Свето Благовештение“.
Барањето правда за онеправданите е основното одличје на светецот Никола. Тој е заштитник на децата, на сиромашните, на морепловците. Треба да се раководиме од неговите достигнувања, а Прилеп ги одржува традициите и почитувањето на верата и доблестите, рече владиката Петар.
Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески нагласи дека градот по 17-ти пат организирано го слави светецот заштитник, а во 2008 година градот и државата се запишаа во книгата на Гинисовите рекорди со најголемата порција посни сарми.
Прилеп ги одржува традициите, а наше е да го развиваме градот, да ги цениме вредностите и да изградиме заедница според сите стандарди, рече Јовчески.
Годинашни домаќини на прославата се градежната компанија „Теракота инженеринг“ која обезбеди посно јадење за прилепчани на кои им се делеше на плоштадот „Александрија“.
Прилеп како ретко кој македонска средина знае да одговори на сите традиционални вредности, рече Гордан Бошкоски, косопственик на „Теракота инженеринг“.
Наредната година домаќини на прославата на градската слава во Прилеп се компанијата „Конфи ангел“. Сопственикот Ирена Јакимоска смета дека надежда и љубовта се чувства кои поврзуваат.
Ние сме тие кои може да обезбедиме континуитет на трдицијата и на сите вредности, рече Јакимоска.
Прилепчани се горди на традицијата. Сакаат да се одржат традиционалните вредности и да се вратат сите што заминале од земјава за да се поддржи заедништвото.

The post Со благослови и посна трпеза Прилеп го прославува Свети Никола appeared first on Република.

]]>
Правила кои мора да се почитуваат кога се прави куќна слава, една работа е строго забранета и претставува голем грев https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pravila-koi-mora-da-se-pochituvaat-koga-se-pravi-kukjna-slava-edna-rabota-e-strogo-zabraneta-i-pretstavuva-golem-grev/ Sun, 18 Dec 2022 11:28:49 +0000 https://republika.mk/?p=587164

Православниот заштитник на еден македонски дом се обележува со одредени правила и обичаи. Меѓутоа, многу од обичаите немаат никаква врска со нашата традиција.

Се повеќе има домаќини кои себеси си дозволуваат планирање на славата по сопствени убедувања, така што целата слава се претвора во обична пијанка.

Многу домаќини не знаат каде ѝ е местото на славската икона, па ја чуваат закачена на било кој ѕид или, пак, на некој ормар како украсен детаљ.

Иконата всушност, без никакво сомнение, треба да се чува закачена на источниот ѕид, бидејќи според православните учења од истокот доаѓа Спасителот.

Најголем грев е кога славата за време на големи пости се слави како мрсна слава. Затоа, свештениците велат, подобро воопшто не го славете Свети Никола, отколку да го славите со мрсна трпеза.

The post Правила кои мора да се почитуваат кога се прави куќна слава, една работа е строго забранета и претставува голем грев appeared first on Република.

]]>

Православниот заштитник на еден македонски дом се обележува со одредени правила и обичаи. Меѓутоа, многу од обичаите немаат никаква врска со нашата традиција. Се повеќе има домаќини кои себеси си дозволуваат планирање на славата по сопствени убедувања, така што целата слава се претвора во обична пијанка. Многу домаќини не знаат каде ѝ е местото на славската икона, па ја чуваат закачена на било кој ѕид или, пак, на некој ормар како украсен детаљ. Иконата всушност, без никакво сомнение, треба да се чува закачена на источниот ѕид, бидејќи според православните учења од истокот доаѓа Спасителот. Најголем грев е кога славата за време на големи пости се слави како мрсна слава. Затоа, свештениците велат, подобро воопшто не го славете Свети Никола, отколку да го славите со мрсна трпеза.

The post Правила кои мора да се почитуваат кога се прави куќна слава, една работа е строго забранета и претставува голем грев appeared first on Република.

]]>
На чекор сме до најголемата слава во Македонија: На Свети Никола никако не треба да се прават овие работи https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/na-chekor-sme-do-najgolemata-slava-vo-makedonija-na-sveti-nikola-nikako-ne-treba-da-se-pravat-ovie-raboti/ Sun, 18 Dec 2022 07:14:38 +0000 https://republika.mk/?p=587061

Свети Никола е голем македонски празник, а како слава го има речиси секое второ православно семејство. Трпезата е посна, а Свети Никола меѓу другото, се смета за заштитник на морињата.

Празникот Свети Никола, кој на 19 Декември го слават православните христијани во Македонија, заедно со Свети Димитрија (Митровден) и Пресвета Богородица, се трите најмасовни домашни слави што се прославуваат во Македонија.

Сепак, Свети Никола е еден од празниците што македонските православни верници најмногу го слават како домашна слава или, пак, како именден. Речиси секое второ семејство овој ден го празнува како слава. Свети Никола е најпразнуваниот светец и многу македонски семејства вечерта ќе го прослават празникот со богата посна трпеза, на која преовладуваат риба, посно гравче и посни сарми.

Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески посветени на овој светец. Овој светец имал многу возбудлива животна приказна, која со векови ги фасцинира христијаните.

Роден во малоазискиот град Патара, пристаниште на медитеранскиот брег на денешна Турција, свети Никола живеел во 4 век, многу пред расколот помеѓу Православната и Католичката црква од 1054 година.

Неговите богати родители Теофан и Нина, го добиле синот Никола во време на владеењето на римскиот цар Валеријан (253 – 260 година), алчен човек што поради страста за златото организирал воен поход на Персиското Царство. Младиот Никола растел во такво нестабилно опкружување.

Кога неговите родители умреле во големата епидемија, Никола го разделил целото наследено богатство. Никола е избран за архиепископ мирликиски. Бил и еден од архиепископите што се повикани пред царот Константин на саборот во Никеја во 325 година.

Свети Никола умрел на 19 декември 343 година. Погребан е во соборната црква „Мирликиска митрополија“, а кон крајот на 11 век неговите мошти се пренесени во Бари, во манастирот „Свети Јован Претеча“.

Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите. Во христијанскиот календар, свети Никола се слави на 6 декември според стариот Јулијански календар т.е. на 19 декември, според новиот Грегоријански календар.

И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како Св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината. Така на пр. во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник „Новини” кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на св. Никола затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога.

Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале во стреде море како крепи една гемија готова да потоне.

Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат ѓемијата на суво. Виделе-не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа.

Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како свети Никола треба да прават добри дела како што правел тој.

Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари.

За Свети Никола строго е забрането да се работи, да се шие, мие, пере, пегла, чисти, како и да се јаде мрсна храна бидејќи празникот е посен. Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник.

Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

The post На чекор сме до најголемата слава во Македонија: На Свети Никола никако не треба да се прават овие работи appeared first on Република.

]]>

Свети Никола е голем македонски празник, а како слава го има речиси секое второ православно семејство. Трпезата е посна, а Свети Никола меѓу другото, се смета за заштитник на морињата. Празникот Свети Никола, кој на 19 Декември го слават православните христијани во Македонија, заедно со Свети Димитрија (Митровден) и Пресвета Богородица, се трите најмасовни домашни слави што се прославуваат во Македонија. Сепак, Свети Никола е еден од празниците што македонските православни верници најмногу го слават како домашна слава или, пак, како именден. Речиси секое второ семејство овој ден го празнува како слава. Свети Никола е најпразнуваниот светец и многу македонски семејства вечерта ќе го прослават празникот со богата посна трпеза, на која преовладуваат риба, посно гравче и посни сарми. Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески посветени на овој светец. Овој светец имал многу возбудлива животна приказна, која со векови ги фасцинира христијаните. Роден во малоазискиот град Патара, пристаниште на медитеранскиот брег на денешна Турција, свети Никола живеел во 4 век, многу пред расколот помеѓу Православната и Католичката црква од 1054 година. Неговите богати родители Теофан и Нина, го добиле синот Никола во време на владеењето на римскиот цар Валеријан (253 – 260 година), алчен човек што поради страста за златото организирал воен поход на Персиското Царство. Младиот Никола растел во такво нестабилно опкружување. Кога неговите родители умреле во големата епидемија, Никола го разделил целото наследено богатство. Никола е избран за архиепископ мирликиски. Бил и еден од архиепископите што се повикани пред царот Константин на саборот во Никеја во 325 година. Свети Никола умрел на 19 декември 343 година. Погребан е во соборната црква „Мирликиска митрополија“, а кон крајот на 11 век неговите мошти се пренесени во Бари, во манастирот „Свети Јован Претеча“. Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите. Во христијанскиот календар, свети Никола се слави на 6 декември според стариот Јулијански календар т.е. на 19 декември, според новиот Грегоријански календар. И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како Св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината. Така на пр. во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник „Новини” кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на св. Никола затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога. Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале во стреде море како крепи една гемија готова да потоне. Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат ѓемијата на суво. Виделе-не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа. Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како свети Никола треба да прават добри дела како што правел тој. Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари. За Свети Никола строго е забрането да се работи, да се шие, мие, пере, пегла, чисти, како и да се јаде мрсна храна бидејќи празникот е посен. Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

The post На чекор сме до најголемата слава во Македонија: На Свети Никола никако не треба да се прават овие работи appeared first on Република.

]]>
Во Турција пронајдена гробницата на Свети Никола https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-turcija-pronajdena-grobnicata-na-sveti-nikola/ Fri, 21 Oct 2022 15:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=564107

Откриена е гробницата на Свети Никола откако археолози пронашле остатоци од древна црква во градот Демре во Турција.

Наодите на археолозите потврдиле дека Свети Никола живеел и умрел во 4. век, во подрачјето на денешна Турција. Црквата првично била потопена поради подигнување на нивото на морето во средниот век. Втората црква била изградена на врвот на старата базилика за да го заштити гробот на Свети Никола, но дури неодамна археолозите го откриле мозаикот и камениот под од претходното светилиште – што ги одвело до последното почивалиште на светителот, според Осман Еравсар, раководител на Комитетот за зачувување на културното наследство во Анталија. Откритието е објавено пред седум дена.

Сега стигнавме до остатоците од првата црква и подот по којшто одел Свети Никола - порача Еравсар.

Византиската црква изградена на постари темели била свето место за православните христијани меѓу 5. и 12. век и е опкружена со статуи на Свети Никола. Таа во 1982 година беше додадена на списокот Светско наследство на УНЕСКО.

Древната црква првпат е откриена 2017 година при истражувачки електронски истражувања под современата црква Свети Никола. Читањата покажаа дека има празнини меѓу подот и земјата. Екипата потоа објави дека можеби го пронашле гробот на Свети Никола, но сепак следеше внимателно отстранување на подот од византиската црква, за да не се оштети ништо.

Како побожен христијанин, Свети Никола го следел Исусовото учење за продажба на целиот свој имот во полза на сиромашните - и го сторил тоа. Но, неговите дела не се потврдени во историски документи, туку во преданијата.

Станал епископ на Мира во 4. век, но набрзо бил затворен од римскиот император Диоклецијан – во времето кога христијаните биле прогонувани. Записите покажуваат дека Свети Никола бил погребан во црква изградена во негово име. Сепак, точното место на гробот отсекогаш било мистерија. Научниците веруваат дека времето на неговата смрт било 343 година од нашата ера. Досега се сметаше и оти во црквата во Демре, тој почивал до 11 век, т.е. 1087 година, кога италијански морнари и трговци, наводно, ги украле неговите останки од гробот и ги однеле во Бари на Апенинскиот Полуостров.

Меѓутоа, турските археолози сега посочуваат дека се украдени погрешни коски – оние што Италијанците ги украле, биле од друг, засега непознат свештеник.

The post Во Турција пронајдена гробницата на Свети Никола appeared first on Република.

]]>

Откриена е гробницата на Свети Никола откако археолози пронашле остатоци од древна црква во градот Демре во Турција. Наодите на археолозите потврдиле дека Свети Никола живеел и умрел во 4. век, во подрачјето на денешна Турција. Црквата првично била потопена поради подигнување на нивото на морето во средниот век. Втората црква била изградена на врвот на старата базилика за да го заштити гробот на Свети Никола, но дури неодамна археолозите го откриле мозаикот и камениот под од претходното светилиште – што ги одвело до последното почивалиште на светителот, според Осман Еравсар, раководител на Комитетот за зачувување на културното наследство во Анталија. Откритието е објавено пред седум дена.
Сега стигнавме до остатоците од првата црква и подот по којшто одел Свети Никола - порача Еравсар.
Византиската црква изградена на постари темели била свето место за православните христијани меѓу 5. и 12. век и е опкружена со статуи на Свети Никола. Таа во 1982 година беше додадена на списокот Светско наследство на УНЕСКО. Древната црква првпат е откриена 2017 година при истражувачки електронски истражувања под современата црква Свети Никола. Читањата покажаа дека има празнини меѓу подот и земјата. Екипата потоа објави дека можеби го пронашле гробот на Свети Никола, но сепак следеше внимателно отстранување на подот од византиската црква, за да не се оштети ништо. Како побожен христијанин, Свети Никола го следел Исусовото учење за продажба на целиот свој имот во полза на сиромашните - и го сторил тоа. Но, неговите дела не се потврдени во историски документи, туку во преданијата. Станал епископ на Мира во 4. век, но набрзо бил затворен од римскиот император Диоклецијан – во времето кога христијаните биле прогонувани. Записите покажуваат дека Свети Никола бил погребан во црква изградена во негово име. Сепак, точното место на гробот отсекогаш било мистерија. Научниците веруваат дека времето на неговата смрт било 343 година од нашата ера. Досега се сметаше и оти во црквата во Демре, тој почивал до 11 век, т.е. 1087 година, кога италијански морнари и трговци, наводно, ги украле неговите останки од гробот и ги однеле во Бари на Апенинскиот Полуостров. Меѓутоа, турските археолози сега посочуваат дека се украдени погрешни коски – оние што Италијанците ги украле, биле од друг, засега непознат свештеник.

The post Во Турција пронајдена гробницата на Свети Никола appeared first on Република.

]]>