Свети Климент Охридски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-kliment-ohridski/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 06:17:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Свети Климент Охридски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-kliment-ohridski/ 32 32 Ги празнуваме Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/gi-praznuvame-sveti-kliment-ohridski-i-sveti-pantelejmon/ Fri, 09 Aug 2024 06:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=804765

Македонската парвоалсвна црква - Охридска архиепископија денеска го празнува споменот на св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година. Исто така, на овој ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици, како и на големиот исцелител свети Пантелејмон.

Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 8 декември (25 ноември с.с.) на празникот на Св. свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник бил поместен на овој датум, а на денешен ден се празнувал заедничкиот спомен на седумтемина рамноапостолни словенски светители познати како свети Седмочисленици (св. Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј). Св. Климент Охридски Чудотворец е најпознатиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, последен од нив починал и поради тоа денот на неговото упокојување бил земен за нивни заеднички празник.

Светиот великомаченик Пантелејмон спаѓа меѓу најпознатите исцелители што лечеле со Божја помош. Настрадал за време на царот Максимилијан кога е вршен страшен прогон на христијаните. Роден е во Никомидија во областа Витанија во Мала Азија. Најпрвин се викал Пантелеон, што значи „лав во сè", а подоцна бил наречен Пантелејмон што значи „семилостив". Татко му бил паганин, а мајка му христијанка, којашто од мал го воспитувала во христијански дух. Но таа умрела додека тој бил мал, а татко му го дал да го изучува лекарскиот занает кај познатиот лекар Евстрогиј кој го лекувал и царското семејство. Така младиот Пантелејмон се стекнал со симпатии и од царот Максимилијан кој од учителот барал да не го жали трудот кога се работи за образованието на младиот ученик. Така Пантелејмон со многу желба од своја страна, но и со внимание од страна на познатиот лекар го изучувал лекарскиот занает, се стекнал со многу симпатии и од пошироката средина и бргу напредувал во медицинските науки.

Пантелејмон секој ден го посетувал својот учител Евстрогиј. Патот минувал покрај една бедна куќичка во која живеел еден стар свештеник по име Ермолај. Тој посакал Пантелејмона да го воведе во вистинската вера. Најпрвин го повикал и го распрашувал за неговите родители и за неговото верување. Тој му раскажал за сè искрено дека мајка му била христијанка и додека била жива го воспитувала во тој дух, а дека татко му е паганин зашто сака да остане во служба на царот. Потоа свештеникот му зборувал на Пантелејмон за вистинскиот Бог Исус Христос, за неговите чуда, за исцелувањето болни, за воскреснувањето мртви итн. Тие раскажувања го потсетиле на зборовите на мајка му за вредностите на вистинската вера и кај него се разгорела љубовта кон Бога. Така кога почнал да лекува Пантелејмон се повикувал на Господ. Еднаш на враќање од кај учителот на патот видел мртво дете каснато од змија, којашто лежела покрај детето. Пантелејмон најпрвин се исплашил, но кога се сетил на зборовите од свештеникот дека Господ е семоќен, се наведнал над детето и побарал за него лек повикувајќи ја Божјата сила. Тогаш детето се разбудило, а змијата умрела. Потоа Пантелејмон веднаш отишол кај свештеникот и се крстил. Подоцна лекувал и слеп човек кого не можел да го излекува ниту еден лекар во империјата. Кога и него го излекувал кај свештеникот дошол и татко му и тој се крстил.

Свети Пантелејмон бил многу популарен лекар што лечел од разни телесни и душевни болести. Кога умрел и татко му имотот го раздал на сиромасите, а тој лечел бесплатно. Особено внимателно ги лекувал христијаните што имале рани од мачењето. Поради завист од лекарите бил наклеветен кај царот кој најпрвин се обидел да го врати во идолопоклонство, но Пантелејмон му одговорил дека ниту по цена на животот нема да се откаже од својот единствен Бог Исус Христос. За да му докаже на царот кој е вистинскиот Бог побарал од царот еден безнадежно болен што требало да го лекуваат идолските жреци, односно лекарите неверници. Откако тие не успеале да го излекуваат Пантелејмон и над него го повикал името на Исус по што болниот веднаш оздравел.

Промотивната конференција за проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ на ИКОМОС Македонија денеска ќе се одржи во манастирот „Св.Пантелејмон“, во Нерези, со почеток во 11:00

По тој настан популарноста на Пантелејмон уште повеќе пораснала, а многумина поверувале во Исус Христос и се крстиле. Тоа, пак, уште повеќе ги разгневило лекарите кои од царот побарале да го погуби за да не привлече многумина во христијани. Поради тоа бил мачен, бесен, гребан по телото со остри предмети и горен со оган, а потоа фрлен во казан со растопено олово, но сето тоа јуначки го поднесол. Најпосле царот наредил да се исече со меч заедно со свештеникот Ермолај. Откако бил осуден на смрт, не со страв туку со радост тргнал кон губилиштето пеејќи ги Давидовите псалми. Потоа клекнал да се моли, а во тоа време џелатот замавнал со сабјата и го удрил по вратот, но на општо изненадување на насобраниот народ сабјата се искршила на безброј делови. Додека се молел Пантелејмон џелатот не можел да го погуби, иако повеќепати се обидувал. Дури откако ја завршил молитвата самиот побарал да го погубат. Тоа се случило во родното место Никомидија на 27 јули според стариот (или на 9 август според новиот) календар во 305 година.

На Света Гора има голем манастир посветен на свети Пантелејмон во кој според преданието се наоѓаат дел од моштите на светецот. Во Македонија впечатливи градби посветени на св. Пантелејмон се Светиклиментовата црква на Плаошник, потоа црквите во Горно Нерези, Скопско, во Велес, манастирите во Кочанско, Штипско и други места.

Тропар

Свети великомаченик Пантелејмон

Страдалнику свети и лекару Пантелејмоне, моли го милостивиот Бог да ни дарува прошка на гревовите на нашите души.

The post Ги празнуваме Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон appeared first on Република.

]]>

Македонската парвоалсвна црква - Охридска архиепископија денеска го празнува споменот на св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година. Исто така, на овој ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици, како и на големиот исцелител свети Пантелејмон. Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 8 декември (25 ноември с.с.) на празникот на Св. свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник бил поместен на овој датум, а на денешен ден се празнувал заедничкиот спомен на седумтемина рамноапостолни словенски светители познати како свети Седмочисленици (св. Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј). Св. Климент Охридски Чудотворец е најпознатиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, последен од нив починал и поради тоа денот на неговото упокојување бил земен за нивни заеднички празник. Светиот великомаченик Пантелејмон спаѓа меѓу најпознатите исцелители што лечеле со Божја помош. Настрадал за време на царот Максимилијан кога е вршен страшен прогон на христијаните. Роден е во Никомидија во областа Витанија во Мала Азија. Најпрвин се викал Пантелеон, што значи „лав во сè", а подоцна бил наречен Пантелејмон што значи „семилостив". Татко му бил паганин, а мајка му христијанка, којашто од мал го воспитувала во христијански дух. Но таа умрела додека тој бил мал, а татко му го дал да го изучува лекарскиот занает кај познатиот лекар Евстрогиј кој го лекувал и царското семејство. Така младиот Пантелејмон се стекнал со симпатии и од царот Максимилијан кој од учителот барал да не го жали трудот кога се работи за образованието на младиот ученик. Така Пантелејмон со многу желба од своја страна, но и со внимание од страна на познатиот лекар го изучувал лекарскиот занает, се стекнал со многу симпатии и од пошироката средина и бргу напредувал во медицинските науки. Пантелејмон секој ден го посетувал својот учител Евстрогиј. Патот минувал покрај една бедна куќичка во која живеел еден стар свештеник по име Ермолај. Тој посакал Пантелејмона да го воведе во вистинската вера. Најпрвин го повикал и го распрашувал за неговите родители и за неговото верување. Тој му раскажал за сè искрено дека мајка му била христијанка и додека била жива го воспитувала во тој дух, а дека татко му е паганин зашто сака да остане во служба на царот. Потоа свештеникот му зборувал на Пантелејмон за вистинскиот Бог Исус Христос, за неговите чуда, за исцелувањето болни, за воскреснувањето мртви итн. Тие раскажувања го потсетиле на зборовите на мајка му за вредностите на вистинската вера и кај него се разгорела љубовта кон Бога. Така кога почнал да лекува Пантелејмон се повикувал на Господ. Еднаш на враќање од кај учителот на патот видел мртво дете каснато од змија, којашто лежела покрај детето. Пантелејмон најпрвин се исплашил, но кога се сетил на зборовите од свештеникот дека Господ е семоќен, се наведнал над детето и побарал за него лек повикувајќи ја Божјата сила. Тогаш детето се разбудило, а змијата умрела. Потоа Пантелејмон веднаш отишол кај свештеникот и се крстил. Подоцна лекувал и слеп човек кого не можел да го излекува ниту еден лекар во империјата. Кога и него го излекувал кај свештеникот дошол и татко му и тој се крстил. Свети Пантелејмон бил многу популарен лекар што лечел од разни телесни и душевни болести. Кога умрел и татко му имотот го раздал на сиромасите, а тој лечел бесплатно. Особено внимателно ги лекувал христијаните што имале рани од мачењето. Поради завист од лекарите бил наклеветен кај царот кој најпрвин се обидел да го врати во идолопоклонство, но Пантелејмон му одговорил дека ниту по цена на животот нема да се откаже од својот единствен Бог Исус Христос. За да му докаже на царот кој е вистинскиот Бог побарал од царот еден безнадежно болен што требало да го лекуваат идолските жреци, односно лекарите неверници. Откако тие не успеале да го излекуваат Пантелејмон и над него го повикал името на Исус по што болниот веднаш оздравел. Промотивната конференција за проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ на ИКОМОС Македонија денеска ќе се одржи во манастирот „Св.Пантелејмон“, во Нерези, со почеток во 11:00 По тој настан популарноста на Пантелејмон уште повеќе пораснала, а многумина поверувале во Исус Христос и се крстиле. Тоа, пак, уште повеќе ги разгневило лекарите кои од царот побарале да го погуби за да не привлече многумина во христијани. Поради тоа бил мачен, бесен, гребан по телото со остри предмети и горен со оган, а потоа фрлен во казан со растопено олово, но сето тоа јуначки го поднесол. Најпосле царот наредил да се исече со меч заедно со свештеникот Ермолај. Откако бил осуден на смрт, не со страв туку со радост тргнал кон губилиштето пеејќи ги Давидовите псалми. Потоа клекнал да се моли, а во тоа време џелатот замавнал со сабјата и го удрил по вратот, но на општо изненадување на насобраниот народ сабјата се искршила на безброј делови. Додека се молел Пантелејмон џелатот не можел да го погуби, иако повеќепати се обидувал. Дури откако ја завршил молитвата самиот побарал да го погубат. Тоа се случило во родното место Никомидија на 27 јули според стариот (или на 9 август според новиот) календар во 305 година. На Света Гора има голем манастир посветен на свети Пантелејмон во кој според преданието се наоѓаат дел од моштите на светецот. Во Македонија впечатливи градби посветени на св. Пантелејмон се Светиклиментовата црква на Плаошник, потоа црквите во Горно Нерези, Скопско, во Велес, манастирите во Кочанско, Штипско и други места. Тропар Свети великомаченик Пантелејмон Страдалнику свети и лекару Пантелејмоне, моли го милостивиот Бог да ни дарува прошка на гревовите на нашите души.

The post Ги празнуваме Свети Климент Охридски и Свети Пантелејмон appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Да го следиме аманетот на Свети Климент Охридски да се посветиме на добри дела, човекољубието и ревносна работа за својот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-da-go-sledime-amanetot-na-sveti-kliment-ohridski-da-se-posvetime-na-dobri-dela-chovekolubieto-i-revnosna-rabota-za-svojot-narod/ Fri, 08 Dec 2023 08:59:23 +0000 https://republika.mk/?p=720934

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ испрати честитка по повод денепниот празник свети Климент Охридски

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честитам големиот празник свети Климент Охридски, еден од втемелувачите на словенската писменост и основачот на првиот словенски универзитет.

Во времиња кога сите се соочуваме со распад на системот и на општествените и хуманите вредности, делото на светителот нека биде нашата ѕвезда водилка како да се избавиме од темнината која надвиснува врз нас.

Вербата во Бога, вербата во доброто и силната волја која светиот Климент Охридски ја покажал пред повеќе од еден милениум помогнала целиот словенски род да се избави од културниот јарем кој му бил наметнат.

Во исто време неговата непоколебливост и истрајност во делото било искрата на надеж и светлината на патот кој го водел народот низ мракот. Затоа неговиот придонес е толку голем и затоа неговото име е запишано со најсветлите букви во историјата и меморијата. Тоа е неговиот аманет кој треба да го следиме, да бидеме посветени кон добрите дела, да бидеме човекољупци пред се и ревносно да работиме за доброто на својот народ.Како прв словенски епископ, Климент Охридски го посветил својот живот на просветување и просветлување на народот, во правење епохални дела кои траат повеќе од еден милениум, и во директно соживување со својата паства и во доброто и во злото.

Живееме во времиња на предизвици, на голема сиромаштија која предизвикува безнадежност, која води кон рушење на моралните и духовните вредности на човекот.
Тоа е директен атак и кон нас како поединци и како семејства и како општество. Затоа мораме да бидеме сплотени и со сите сили и капацитети да работиме на менување на работите кон подобро. Животот е еден и тој треба да го посветиме кон градење на добри дела, кон градење на добра иднина за себе и за поколенијата после нас, но пред се кон зачувување на хуманите принципи во нашето македонско општество.

Делото на Климент Охридски својот никулец го имало во македонската земја, и затоа Македонија мора да биде и да остане најголемиот чувар на тие свети вредности.

Нека е честит празникот.Нека е вечно делото на свети Климент Охридски.
Нека е вечна Македонија.

The post Мицкоски: Да го следиме аманетот на Свети Климент Охридски да се посветиме на добри дела, човекољубието и ревносна работа за својот народ appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ испрати честитка по повод денепниот празник свети Климент Охридски
Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честитам големиот празник свети Климент Охридски, еден од втемелувачите на словенската писменост и основачот на првиот словенски универзитет. Во времиња кога сите се соочуваме со распад на системот и на општествените и хуманите вредности, делото на светителот нека биде нашата ѕвезда водилка како да се избавиме од темнината која надвиснува врз нас. Вербата во Бога, вербата во доброто и силната волја која светиот Климент Охридски ја покажал пред повеќе од еден милениум помогнала целиот словенски род да се избави од културниот јарем кој му бил наметнат. Во исто време неговата непоколебливост и истрајност во делото било искрата на надеж и светлината на патот кој го водел народот низ мракот. Затоа неговиот придонес е толку голем и затоа неговото име е запишано со најсветлите букви во историјата и меморијата. Тоа е неговиот аманет кој треба да го следиме, да бидеме посветени кон добрите дела, да бидеме човекољупци пред се и ревносно да работиме за доброто на својот народ.Како прв словенски епископ, Климент Охридски го посветил својот живот на просветување и просветлување на народот, во правење епохални дела кои траат повеќе од еден милениум, и во директно соживување со својата паства и во доброто и во злото. Живееме во времиња на предизвици, на голема сиромаштија која предизвикува безнадежност, која води кон рушење на моралните и духовните вредности на човекот. Тоа е директен атак и кон нас како поединци и како семејства и како општество. Затоа мораме да бидеме сплотени и со сите сили и капацитети да работиме на менување на работите кон подобро. Животот е еден и тој треба да го посветиме кон градење на добри дела, кон градење на добра иднина за себе и за поколенијата после нас, но пред се кон зачувување на хуманите принципи во нашето македонско општество. Делото на Климент Охридски својот никулец го имало во македонската земја, и затоа Македонија мора да биде и да остане најголемиот чувар на тие свети вредности. Нека е честит празникот.Нека е вечно делото на свети Климент Охридски. Нека е вечна Македонија.

The post Мицкоски: Да го следиме аманетот на Свети Климент Охридски да се посветиме на добри дела, човекољубието и ревносна работа за својот народ appeared first on Република.

]]>
Македонците во Белград не го забораваат Св.Климент Охридски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedoncite-vo-belgrad-ne-go-zaboravaat-sv-kliment-ohridski/ Thu, 08 Dec 2022 20:21:40 +0000 https://republika.mk/?p=583455

Во просторите на Здружението на писателите на Србија во Белград вечерва Македонците во Србија во организација на здружението Македониум, заедно со членови на здруженијата на писатели на Србија и на Македонија, го чествуваа државниот празник Свети Климент Охридски, јави дописникот на МИА од Белград.

За ликот и делото на Св. Климент Охридски говореше претседателот на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Христо Петрески, кој за МИА изјави дека на ова чествување, покрај тоа што ќе се говори за заслугите на Св Климент како зачетник на Охридската книжевна школа, на преродбеничката мисија и неговата улога во свештенството како прв словенски епископ, тоа има големо значење и има симболика.

Многу е битно што Македонците од Белград не го забораваат Св.Климент Охридски и што ги продолжуваа мостовите кои што постојат меѓу македонците во татковинат и тие овде, но и двете писателски асоцијации кои што ја продолжуваат соработката која неодамна беше официјализирана со спогодба за соработка, и тоа на денешниот празник на Св.Климент Охридски, изјави Христо Петревски.

Тој информираше и дека е постигнат договор за формирање асоцијација „Книжевност без граници“ или Отворен Балкан на културен план меѓу ДПМ и Здружението на писатели на Србија, и Здружението на писатели од Црна Гора, иницијатива во која е планирано да се вклучат и писателите од Албанија.

На чествувањето учествуваше и потпретседателот на Здружението на писатели на Србија, Видак Масловариќ, кој е воедно и уредник на престижната Трибина Француска 7.

Во рамките на програмата, новинарот Кирил Панов говореше за неодамна починатиот македонист проф. Радомир Ивановиќ, а беше споменато и барањето и потребата по повеќедецениска на пауза на отварање на лекторат за македонски јазик во Србија.

Во културно уметничката програма настапи пејачката група „Македониум” од Белград.

The post Македонците во Белград не го забораваат Св.Климент Охридски appeared first on Република.

]]>

Во просторите на Здружението на писателите на Србија во Белград вечерва Македонците во Србија во организација на здружението Македониум, заедно со членови на здруженијата на писатели на Србија и на Македонија, го чествуваа државниот празник Свети Климент Охридски, јави дописникот на МИА од Белград. За ликот и делото на Св. Климент Охридски говореше претседателот на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), Христо Петрески, кој за МИА изјави дека на ова чествување, покрај тоа што ќе се говори за заслугите на Св Климент како зачетник на Охридската книжевна школа, на преродбеничката мисија и неговата улога во свештенството како прв словенски епископ, тоа има големо значење и има симболика.
Многу е битно што Македонците од Белград не го забораваат Св.Климент Охридски и што ги продолжуваа мостовите кои што постојат меѓу македонците во татковинат и тие овде, но и двете писателски асоцијации кои што ја продолжуваат соработката која неодамна беше официјализирана со спогодба за соработка, и тоа на денешниот празник на Св.Климент Охридски, изјави Христо Петревски.
Тој информираше и дека е постигнат договор за формирање асоцијација „Книжевност без граници“ или Отворен Балкан на културен план меѓу ДПМ и Здружението на писатели на Србија, и Здружението на писатели од Црна Гора, иницијатива во која е планирано да се вклучат и писателите од Албанија. На чествувањето учествуваше и потпретседателот на Здружението на писатели на Србија, Видак Масловариќ, кој е воедно и уредник на престижната Трибина Француска 7. Во рамките на програмата, новинарот Кирил Панов говореше за неодамна починатиот македонист проф. Радомир Ивановиќ, а беше споменато и барањето и потребата по повеќедецениска на пауза на отварање на лекторат за македонски јазик во Србија. Во културно уметничката програма настапи пејачката група „Македониум” од Белград.

The post Македонците во Белград не го забораваат Св.Климент Охридски appeared first on Република.

]]>
Свечен настан на ВМРО-ДПМНЕ по повод 8 Декември: „Свети Климент Охридски, стожерот на македонската грамотност“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/svechen-nastan-na-vmro-dpmne-po-povod-8-mi-dekemvri-sveti-kliment-ohridski-stozerot-na-makedonskata-gramotnost/ Thu, 08 Dec 2022 16:37:46 +0000 https://republika.mk/?p=583370

Денес во домот на културата „Билјана Беличанец“ – Скопје по повод празникот 8-ми Декември, Свети Климент Охридски, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Централната комисија за култура организираа свечен настан на тема – „Св. Климент Охридски, стожерот на македонската грамотност“.

На настанот се обрати  Александар Какасули кој што истакна дека јазикот е нашиот идентитет, Свети Климент е нашиот идентитет и Свети Климент е творецот на македонската нација, култура, и темелот со кој ја градиме нашата културна историја.

„Имам идентитет тоа значи дека имам нешто исто заедничко со моите претходници, со моите предци, за да го имам духот и благословот на моите предци потребно е да ги почитувам и да се борам да ги задржам делата што ни ги оставиле нам. Нивната борба, нивниот подвиг, нивната самоопределба да продолжи. За да го зачувам својот идентитет и својот јазик треба да ги почитувам нив, бидејќи така сме настанале ние. Особено ние како Македонци мора да внимаваме и да се бориме за нашиот македонски јазик бидејќи тој е нашата светост. Јазикот е нашиот идентитет, Свети Климент е нашиот идентитет, Свети Климент е творецот на македонската нација, култура, и темелот со кој ја градиме нашата културна историја. Свети Климент е деецот на историското проникнување на историската цивилизациска свест во македонската современа духовна и културна традиција. Токму дејноста на светите Климент и Наум Охридски се втемелени во континуитетот на македонската културна историска насока и идентитет. Има работи во животот за кои вреди да се бориш ова е тоа време ова е таа наша борба ова е борбата за иднината на Македонија“, истакна Александар Какасулис.

Претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска истакна дека словенската писменост во Македонија е наша непроценлива културна оставнива која вечно ќе сведочи дека овде живее народ со корен.

„Во црквите што ги изгради Климент и во Охридската книжевна школа свети огнот на писменоста, свети огнот на верата, свети огнот на вистината. Овој оган вечно ќе свети и ќе сведочи за тие што овде суштествувале многу пред нас, за нивните мисли, фантазии, за нашето минато. Словенската писменост во Македонија е нашата непроценлива културна оставнина, оти таа вечно ќе сведочи дека овде живее народ со корен, дека овде живее народ со традиција, народ со историја“, истакна Пешевска и додаде:

„Во ова време кога македонскиот народ е соочен со тоа што некој од надвор се обидува да ни каже кои сме и што сме ние Македонците, да некој од надвор сака да ни наметне некаква заедничка историја, нашиот одговор е овој: „Македонскиот народ има свој јазик и своја историја како основа на македонската посебност, а Свети Климент Охридски е доказ за тоа“.

Свое обраќање имаше и  Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој што истакна дека тука се мисиите и на Кирил и Методиј, создавањето на глаголицата, преведувачките школи и можеби она најважното црковната и просветителската дејност на Свети Климент Охридски.

„Тука на Балканот, во Македонија се родила македонската ренесанса. Знам чудно е, многумина од нас не слушнале досега за терминот македонска ренесанса, и јас немав слушнато затоа што и не сме го учеле како тема по историја. Патем онаа ренесанса што сите ја знаеме започнува во 15-тиот век под влијание на италијанските хуманисти. Со овој поим се означува периодот на македонската династија која владеела со Источното Римско Царство. Односно Византија и тоа од 867 до 1056-та година. Овој термин во историјата на уметноста позната како средна византиска ренесанса или прва византиска ренесанса. Терминот македонска ренесанса првпат е употребен на Универзитетот Пристон во 1948 година од страна на Курт Вајцмен. Македонската ренесанса во уметноста е во директна врска со христијанството најмногу во црковната архитектура и сликарство односно фреско сликарство. Сите знаеме дека Ангелот од Курбиново и Оплакувањето на Христос во Св. Пантелејмон се ренесанса пред ренесансата на Џото“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Љутков додаде дека тука се мисиите и на Кирил и Методиј, создавањето на глаголицата, преведувачките школи и можеби она најважното црковната и просветителската дејност на Свети Климент Охридски.

„Свети Климент е темелот на образованието. Па така ако ги бараме корените на нашиот образовен систем секако ќе стигнеме до Свети Климент Охридски. Неговиот Универзитет е прв во светот. Свети Климент имал 4.000 студенти“, појасни Љутков.

Тој нагласи дека да се имаат во континуитет Аристотел, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, Пејчиновиќ, Санаидски, Крчовски, а потоа и Жинзифов, Пулески, Чуповски и пред се Мисирков како и Рацин и Конески, и денес образовниот систем во Македонија и науката да исчазнуваат не е воопшто за пофалба. Но, сеќавајќи се на овие просветители Македонија има можност да се промени и да се врати образованието на правиот пат.

Проф. м-р Мими Ѓорѓоска – Илиевска истакна дека во Македонија постои огромна почит кон светецот Свети Климент Охридски кој дејствиено се вградува во колективната свест и во трајната меморија на македонскиот народ.

„Човековата минливост му пркоси на времето и на заборавот со големи дела. На овој значаен празнуван христијански ден кога го славиме светецот, мисионерот епископот проповедникот народниот заштитник исцелителот книжевникот музичкиот педагог билкарот возвишениот Свети Климент Охридски ја разбираме вредноста на вечната вистина. Бројни се податоците за Свети Климент Охридски поврзани со неговата дејност и неговите дела. Имаме изобилство на текстови во кои е претставена и опишана дејноста на светецот и ја покажуваат трајната вредност на она што како дело го оставаме зад себе. Големиот светец со својата просветна дејност вградена во безпоштедната борба и одбрана на Кирилометодиевсите наследства ука и традиција олицетворена преку Охридската книжевна школа и нејзиниот културен и духовен плашт раширен врз голем дел од словенскиот род како и со секојдневното животно подучување на обичните луѓе ја потврдува длабоката констатација дека почитта не може да се побара а потоа лесно да се добие. Почитта единствено може само да се заслужи. Со блискоста и непосредноста на Климент кон обичниот народ, со својот татковски совет тој на народот му изгледал пристапен и дофатен. Народот во него почнал да ја наоѓа заштитата и поткрепата во тешките моменти. почитта на Македонците кон Свети Климент не е условена таа е изградена на она едноставно човечко чувство кое може да се опише како внатрешен мир и спокој кој необјасниво доаѓа во нас со нечие присуство. Во Македонија не постои само култ кон светецот, туку во Македонија постои огромна почит кон светецот кој дејствиено се вградува во колективната свест и во трајната меморија на македонскиот народ“ нагласи Мими Ѓорѓоска – Илиевска.

Александар Јорданоски, член на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Свети Климент е најсилниот ластар кој израсна во стебло стожарник од никулецот што почна да рти писменоста и која се рашири во половина Европа.

„Свети Климент е најсилниот ластар кој израсна во стебло стожарник од никулецот што почна да рти писменоста и која се рашири во половина Европа и почетокот на рушење на табуата дека писменоста, науката и културата се привилегија на тогашните елитни јазици, латинскиот и старо грчкиот. А, нашите први учени Свети Кирил и Методиј уште пред десетина века ја зачнаа авангардата на самостојно критичко размислување и покажаа дека овој простор раѓал, раѓа и во иднина ќе раѓа личности кои ќе ја чуваат самобитноста на националните признаци“, истакна м-р Александар Јорданоски, член на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Јорданоски посочи дека Свети Климент како еден од најпроникливите следбеници на вон сериското дело на Светите Кирил и Методиј, тој не само што ја продолжи нивната мисија на описменување и просветлување, на Охридскиот рид создаде образовен систем препознаен во науката како Охридска книжевна школа. Тој систем беше зачнат со околу 3.500 ученици кои во вековите кои што претстоеја создаде амбиент за народот кој го прими тоа семе да не биде слеп при очи и глув при уши.

„Далековидоста на неговата упорност ги надминува и државотворните елементи на еден народ и империјалните амбиции и големите влијанија во светот. Образовниот систем на Свети Климент надживеа и краткотрајни средновековни кнежевства и долговечна империја и световни војни. Денешницата пред ваквото дело со сиот систем, технологија и финансии што ги поседува треба да се запраша самата себеси за својата краткотрајност и постојаниот процес на вечните реформи. Овде се поставува прашањето дали единката создава систем или системот ја загрозува единката“,нагласи Јорданоски.

Проф. д-р Михајло Марковиќ истакна дека има историчари кои имаат различни мислења за тоа дали Св. Климент е роден во Солун или Охрид, но тоа што е сигурно е дека се родил во Македонија и со тоа е наш Македонски просветител.

„Свети Климент се родил околу 835 година во Македонија, точно се знае местото на раѓање. Местото на раѓање е Македонија, библиската земја. Некои историчари сметаат дека се родил во Солун, но можеби се родил и во Охрид, но во секој случај станува збор за раѓање во Македонија, на нашата земја на наша почва и тоа е наш македонски просветител“ истакна Марковиќ.

Тој додаде дека Македонците немаат никаква потреба да го бранат македонскиот јазик бидејќи фактите го прават тоа.

„Ние Македонците немаме никаква потреба да го браниме и да се срамиме од нашиот македонски јазик, туку напротив, фактите се на наша страна. Треба силно да удриме со вистината и да ја подржиме само светлината. Македонскиот јазик е основа за сите словенски јазици за што сведочат светите македонски браќа Кирил и Методи и светите духовни браќа Македонци Климент и Наум Охридски“, потенцираше Марковиќ.

The post Свечен настан на ВМРО-ДПМНЕ по повод 8 Декември: „Свети Климент Охридски, стожерот на македонската грамотност“ appeared first on Република.

Пецаков: Македонците низ вековите поминале многу, но секогаш изнаоѓале сила да продолжат по патот на Свети Климент https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pecakov-makedoncite-niz-vekovite-pominale-mnogu-no-sekogash-iznaogjale-sila-da-prodolzat-po-patot-na-sveti-kliment/ Wed, 07 Dec 2022 22:06:52 +0000 https://republika.mk/?p=583157

Општина Охрид вечерва одржа свечена академија во чест на Свети Климент – патронот на градот, на која беа врачени повелбата и признанијата.

Македонија и Македонците низ вековите поминале многу ветрометини, падови и негирања, но секогаш изнаоѓале сила да опстојат, да се исправат и да продолжат по патот Свети Климентов, кој е поплочен со љубовта кон Бога, човекољубие и милосрдие. Тоа нè прави кротки и одлучни, нежни и цврсти, трпеливи и непоколебливи. Тоа е нашето најголемо наследство од Свети Климент Охридски, за кое верувам дека успешно ќе го пренесеме на следните генерации низ вековите, истакна градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков на свечената академија по повод „Свети Климент Охридски“ – патронот на градот.

Вечерва, нагласи тој, душата на секој охриѓанец и Македонец е исполнета со радост, трепет, и блажество, затоа што го славиме нашиот најголем духовен водач и учител, епископ и народен трибун, заштитникот на Охрид и Македонската православна црква, Свети Климент Охридски.

Точно илјада сто и шест години нè делат од земската неприсутност на Свети Климент меѓу нас – Македонците, но и исто толку години не поврзува нераскинлива духовна, културна и морална сплотеност со неговото дело. Ретко кој народ, како македонскиот, може да каже дека има таква нераскинлива историска и духовна вертикала во својата опстојба и битисување. Тоа е затоа што Свети Климент Охридски е нашиот првоучител, чија дејност и мисла е длабоко во темелите на нашето постоење и културно препознавање. Неговото монументално и божествено дело недвојбено ја покажува нашата посебност во светската асамблеа на народите, рече Пецаков.

Создавањето на првиот Словенски универзитет и описменувањето на 3.500 ученици, кои ќе ја шират верата и писменоста во целиот словенски свет, поред градоначалникот, покажува дека Охрид и делото Климентово не е најважно само за Македонците, туку и за целиот словенски род.

А нашиот град е најзначајнииот духовен центар, кој преку Охридската книжевна школа ги промовира универзалните човечки вредности. А тие се промовирале, растеле и развивале врз постулатите кои ни ги остави Свети Климент, подвлече Пецаков.

Потсети на најголемата и најважната етичка порака „Тргај се од злото и прави добро“ како и на постулатот „Да се надминуваме еден со друг со добрина“.

На академијата беа врачени највисоката општинска награда „Свети Климент Охридски“ на годинашниот добитник архимандритот Нектариј, игумен на манастирот Свети Наум Охридски и повелбата – Патрон на градот „Свети Климент Охридски“ на четворицата добитници: Димче Каневче, Летка Филипова и здруженијата за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан медиа“ и за мултиркултурна интеграција „Инклузија“ за нивната хумана дејност.

Архимандрит Нектариј, Свети Климентовата награда ја доби за долгогодишните остварувања и врвни достигнувања за време на неговиот повеќе-децениски јеромонашки чин во манастирот „Свети Наум Охридски“. Тој изрази благодарност за признанието, посочувајќи дека чистењето и уредувањето на дворот на манастирот не е кој знае каква голема заслуга, туку е обврска. Наградата, нагласи, ја дополнила радоста од признавањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, како убава завршница на оваа, иако за светот немирна, 2022 година.

Што и да направиме во овие две свети места со историја подолга од 1100 години, нашето нема трајност повеќе од триесеттина до педесет години, под услов ако се одржува грижливо, рече архимандритот.

Неговиот влог во уредувањето на манастиркиот комплекс го спореди со главица лук, а останатата заслуга им ја прфрли на, како што нагласи, оној кој го поставил во Свети Наум, на неговите претходни и сегашни соработници и на сите кои несебично и макотрпно се вложиле себеси во овие 31 година во Свети Наум.

Ние сме сега свои на своето, она што не бевме не само години и децении, туку столетија наназад. Поминаа многумина императори и администратори, пастири и душегрижници кои малку донесоа, а многу однесоа и си заминаа оставајќи го стадото од устата на волкот во устата на лавот. Ние останавме, бидејќи ова е наше и после секое нивно бегање, моравме да го чистиме и уредуваме растуреното и пустошот, истакна Нектариј.

Пред присутните во полната сала на центарот за култура „Григор Прличев“ порача дека сме должни да ги чуваме езерото, Галичица, Охрид и неговите светилишта.

Мотивот и замислата манастирот Свети Наум да биде уреден и чист, и покрај сета негова природна убавина, е одамнешна желба од самото мое доаѓање во Свети Наум пред повеќе од 30 години. Да се радуваш на туѓата радост и да им приредиш радост на луѓето и да ги видиш нивните задоволни и насмеани лица, тоа е рамно на литургија, а литургијата значи служба, истакна архимандрит Нектариј.

Свети Климентовата повелба, како што порача Летка Филповска, која е еден од иницијаторите за отпочнување на Бадниковата поворка во Охрид, но и позната по својата хумана дејност, нека биде поттик за сите што сакаат да помагаат.

Димче Каневче, кој по трет пат ја добива повелата за Свети Климент им порача на сите што можат да помогнат тоа да го направат и да израдуваат некое семејство.

Се работи за семејства кои те прават тажен со своите приказни, но од друга страна те прават и среќен. Секоја приказна е делче од мозаикот која ја прави таа среќа. Се надевам дека оваа повелба ќе биде мотив за многу луѓе да им помогнат на тие околу себе. Доволно е да се завртиме околу себе да видиме каде има потреба да се помогне па макар и на еден ден да им се подобри животот, порача Каневче.

Чествувањата во чест на Свети Климент – патронот на градот Охрид ќе продолжат утре со поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон” на Плаошник, полагање цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на „Свети Климент Охридски“ и на момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад, како и врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид.

Програмата ќе се заокружи вечерта со настап на Македонските фолклорни ансамбли во чест на Свети Климент Охридски на големата сцена во центарот за култура „Григор Прличев“.

The post Пецаков: Македонците низ вековите поминале многу, но секогаш изнаоѓале сила да продолжат по патот на Свети Климент appeared first on Република.

]]>

Општина Охрид вечерва одржа свечена академија во чест на Свети Климент – патронот на градот, на која беа врачени повелбата и признанијата.
Македонија и Македонците низ вековите поминале многу ветрометини, падови и негирања, но секогаш изнаоѓале сила да опстојат, да се исправат и да продолжат по патот Свети Климентов, кој е поплочен со љубовта кон Бога, човекољубие и милосрдие. Тоа нè прави кротки и одлучни, нежни и цврсти, трпеливи и непоколебливи. Тоа е нашето најголемо наследство од Свети Климент Охридски, за кое верувам дека успешно ќе го пренесеме на следните генерации низ вековите, истакна градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков на свечената академија по повод „Свети Климент Охридски“ – патронот на градот.
Вечерва, нагласи тој, душата на секој охриѓанец и Македонец е исполнета со радост, трепет, и блажество, затоа што го славиме нашиот најголем духовен водач и учител, епископ и народен трибун, заштитникот на Охрид и Македонската православна црква, Свети Климент Охридски.
Точно илјада сто и шест години нè делат од земската неприсутност на Свети Климент меѓу нас – Македонците, но и исто толку години не поврзува нераскинлива духовна, културна и морална сплотеност со неговото дело. Ретко кој народ, како македонскиот, може да каже дека има таква нераскинлива историска и духовна вертикала во својата опстојба и битисување. Тоа е затоа што Свети Климент Охридски е нашиот првоучител, чија дејност и мисла е длабоко во темелите на нашето постоење и културно препознавање. Неговото монументално и божествено дело недвојбено ја покажува нашата посебност во светската асамблеа на народите, рече Пецаков.
Создавањето на првиот Словенски универзитет и описменувањето на 3.500 ученици, кои ќе ја шират верата и писменоста во целиот словенски свет, поред градоначалникот, покажува дека Охрид и делото Климентово не е најважно само за Македонците, туку и за целиот словенски род.
А нашиот град е најзначајнииот духовен центар, кој преку Охридската книжевна школа ги промовира универзалните човечки вредности. А тие се промовирале, растеле и развивале врз постулатите кои ни ги остави Свети Климент, подвлече Пецаков.
Потсети на најголемата и најважната етичка порака „Тргај се од злото и прави добро“ како и на постулатот „Да се надминуваме еден со друг со добрина“. На академијата беа врачени највисоката општинска награда „Свети Климент Охридски“ на годинашниот добитник архимандритот Нектариј, игумен на манастирот Свети Наум Охридски и повелбата – Патрон на градот „Свети Климент Охридски“ на четворицата добитници: Димче Каневче, Летка Филипова и здруженијата за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан медиа“ и за мултиркултурна интеграција „Инклузија“ за нивната хумана дејност. Архимандрит Нектариј, Свети Климентовата награда ја доби за долгогодишните остварувања и врвни достигнувања за време на неговиот повеќе-децениски јеромонашки чин во манастирот „Свети Наум Охридски“. Тој изрази благодарност за признанието, посочувајќи дека чистењето и уредувањето на дворот на манастирот не е кој знае каква голема заслуга, туку е обврска. Наградата, нагласи, ја дополнила радоста од признавањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, како убава завршница на оваа, иако за светот немирна, 2022 година.
Што и да направиме во овие две свети места со историја подолга од 1100 години, нашето нема трајност повеќе од триесеттина до педесет години, под услов ако се одржува грижливо, рече архимандритот.
Неговиот влог во уредувањето на манастиркиот комплекс го спореди со главица лук, а останатата заслуга им ја прфрли на, како што нагласи, оној кој го поставил во Свети Наум, на неговите претходни и сегашни соработници и на сите кои несебично и макотрпно се вложиле себеси во овие 31 година во Свети Наум.
Ние сме сега свои на своето, она што не бевме не само години и децении, туку столетија наназад. Поминаа многумина императори и администратори, пастири и душегрижници кои малку донесоа, а многу однесоа и си заминаа оставајќи го стадото од устата на волкот во устата на лавот. Ние останавме, бидејќи ова е наше и после секое нивно бегање, моравме да го чистиме и уредуваме растуреното и пустошот, истакна Нектариј.
Пред присутните во полната сала на центарот за култура „Григор Прличев“ порача дека сме должни да ги чуваме езерото, Галичица, Охрид и неговите светилишта.
Мотивот и замислата манастирот Свети Наум да биде уреден и чист, и покрај сета негова природна убавина, е одамнешна желба од самото мое доаѓање во Свети Наум пред повеќе од 30 години. Да се радуваш на туѓата радост и да им приредиш радост на луѓето и да ги видиш нивните задоволни и насмеани лица, тоа е рамно на литургија, а литургијата значи служба, истакна архимандрит Нектариј.
Свети Климентовата повелба, како што порача Летка Филповска, која е еден од иницијаторите за отпочнување на Бадниковата поворка во Охрид, но и позната по својата хумана дејност, нека биде поттик за сите што сакаат да помагаат. Димче Каневче, кој по трет пат ја добива повелата за Свети Климент им порача на сите што можат да помогнат тоа да го направат и да израдуваат некое семејство.
Се работи за семејства кои те прават тажен со своите приказни, но од друга страна те прават и среќен. Секоја приказна е делче од мозаикот која ја прави таа среќа. Се надевам дека оваа повелба ќе биде мотив за многу луѓе да им помогнат на тие околу себе. Доволно е да се завртиме околу себе да видиме каде има потреба да се помогне па макар и на еден ден да им се подобри животот, порача Каневче.
Чествувањата во чест на Свети Климент – патронот на градот Охрид ќе продолжат утре со поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон” на Плаошник, полагање цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на „Свети Климент Охридски“ и на момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад, како и врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид. Програмата ќе се заокружи вечерта со настап на Македонските фолклорни ансамбли во чест на Свети Климент Охридски на големата сцена во центарот за култура „Григор Прличев“.

The post Пецаков: Македонците низ вековите поминале многу, но секогаш изнаоѓале сила да продолжат по патот на Свети Климент appeared first on Република.

]]>
Одржана свечена академија по повод утрешното чествување на Свети Климент Охридски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odrzana-svechena-akademija-po-povod-utreshnoto-chestvuvanje-na-sveti-kliment-ohridski/ Wed, 07 Dec 2022 19:40:06 +0000 https://republika.mk/?p=583129

По повод утрешниот црковно-државен празник Свети Климент Охридски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Даријан Сотировски и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан вечерва организираа свечена академија во Музејот на македонската револуционерна борба.

Свечената академија ја отвори хорот „Свети Климент Охридски“ со изведба на химната на Република Македонија и тропар на Свети Климент Охридски од Трајко Прокопиев.

Празнувањето на големите државни празници, како и празнувањето на големите црковни празници пред сè е секогаш причина, проникнувајќи во нијансите на безвременското значење и порака на празничниот ден да размислиме и да се сетиме на применливоста на истото во нашето време, на затскриените можности и на пулсот на животот кој секогаш и по правила надминува една генерација. Ова денес е ден за нашата татковина, за секој Македонец ширум светот, но и нашите браќа од христијанските земји, запирајќи за момент да изразат достојна почит искрена благодарност и да ја утврдат одново својата молитвена посветеност кон големиот Свети Климент Охридски, нашиот закрилник, темелот на славната и древна Охридска архиепископија и патронот на современата Македонска православна црква – Охридска архиепископија, порача Сотировски во своето поздравно обраќање.

Обраќање имаше и ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски, кој истакна дека Свети Климент Охридски е закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја.

Неслучајно по него е именуван и Богословскиот факултет, нашата највисока црковно-просветна институција. Во име на сите професори и студенти да потсетам на неговата скоро полувековна историја, указот за прогласување на уредбата за основање на Богословскиот факултет во Скопје беше објавен на 8 декември 1977 година, па така деновиве се навршуваат точно 45 години од неговиот почеток. Повеќе години беа потребни да се оспособат наставничките кадри и да се стекнат со соодветни знаења, со соодветни звања на разни богословски центри во земјата и светот за да може факултетот од 1 јануари 2009 година да стане придружна членка на УКИМ во Скопје, вели Јанкуловски.

Архиепископот охридски и Македонски г. г. Стефан во своето обраќање порача дека само патот што ни го покажал спасителот, само тој пат доаѓа од Бога и води кон Бога.

Тој пат на вистинската вера, на неисцрпната надеж и на неизмерната љубов на нашите простори го покажал уште апостолот Павле, а потем во црковното рановековие по него оделе, а и другите ги подучувале по него да врват бележити црковни дејатели од нашите краишта, од кои некои дури и се удостоиле да бидат учесници на значајни црковни собири уште во четвртиот и петтиот век. Во шестиот век, пак, евангелскиот пат бил покажуван преку првата организирана самостојна црква на нашите простори Јустинијановата архиепископија, позната како Јустинијана Прима, вели тој.

Најголемото осветлување на патот, како што истакна г. г. Стефан, води во вечен живот се случило по сеопштото упатување на нашите предци во втората половина на деветтиот и првата половина на десеттиот век и тоа најмногу благодарение на неуморното црквољубно и домољубно дело на великанот од нашиот род Свети Климент Охридски.

И ако за Христа е речено дека тој донел се ново во светот, за Св. Климент е правилно да речеме дека тој тоа христово се ново го обзнанил и го пренел за многуброен, богожеден народ. Па токму неговото незаменливо дело овозможило нашите предци конечно да го соблечат стариот и да се облечат во нов човек, создаден според образот на својот создател во вистинска праведност и светост, вели г.г. Стефан во своето обраќање.

Обраќање имаше и професорката д-р Емилија Црвенковска, редовен професор на УКИМ, која порача дека е несомнено оти Свети Климент е фигура со огромно значење за сиот словенски свет. Свечената академија беше затворена со „Химната на Свети Климент“ од Кирил Македонски, „Гласом моим“ и „Богородице прилежно“ од Александар Архангелски, „Сеј ден“ од Дмитриј Боршњански и „Многај лета“.

The post Одржана свечена академија по повод утрешното чествување на Свети Климент Охридски appeared first on Република.

]]>

По повод утрешниот црковно-државен празник Свети Климент Охридски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Даријан Сотировски и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан вечерва организираа свечена академија во Музејот на македонската револуционерна борба. Свечената академија ја отвори хорот „Свети Климент Охридски“ со изведба на химната на Република Македонија и тропар на Свети Климент Охридски од Трајко Прокопиев.
Празнувањето на големите државни празници, како и празнувањето на големите црковни празници пред сè е секогаш причина, проникнувајќи во нијансите на безвременското значење и порака на празничниот ден да размислиме и да се сетиме на применливоста на истото во нашето време, на затскриените можности и на пулсот на животот кој секогаш и по правила надминува една генерација. Ова денес е ден за нашата татковина, за секој Македонец ширум светот, но и нашите браќа од христијанските земји, запирајќи за момент да изразат достојна почит искрена благодарност и да ја утврдат одново својата молитвена посветеност кон големиот Свети Климент Охридски, нашиот закрилник, темелот на славната и древна Охридска архиепископија и патронот на современата Македонска православна црква – Охридска архиепископија, порача Сотировски во своето поздравно обраќање.
Обраќање имаше и ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски, кој истакна дека Свети Климент Охридски е закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја.
Неслучајно по него е именуван и Богословскиот факултет, нашата највисока црковно-просветна институција. Во име на сите професори и студенти да потсетам на неговата скоро полувековна историја, указот за прогласување на уредбата за основање на Богословскиот факултет во Скопје беше објавен на 8 декември 1977 година, па така деновиве се навршуваат точно 45 години од неговиот почеток. Повеќе години беа потребни да се оспособат наставничките кадри и да се стекнат со соодветни знаења, со соодветни звања на разни богословски центри во земјата и светот за да може факултетот од 1 јануари 2009 година да стане придружна членка на УКИМ во Скопје, вели Јанкуловски.
Архиепископот охридски и Македонски г. г. Стефан во своето обраќање порача дека само патот што ни го покажал спасителот, само тој пат доаѓа од Бога и води кон Бога. Тој пат на вистинската вера, на неисцрпната надеж и на неизмерната љубов на нашите простори го покажал уште апостолот Павле, а потем во црковното рановековие по него оделе, а и другите ги подучувале по него да врват бележити црковни дејатели од нашите краишта, од кои некои дури и се удостоиле да бидат учесници на значајни црковни собири уште во четвртиот и петтиот век. Во шестиот век, пак, евангелскиот пат бил покажуван преку првата организирана самостојна црква на нашите простори Јустинијановата архиепископија, позната како Јустинијана Прима, вели тој. Најголемото осветлување на патот, како што истакна г. г. Стефан, води во вечен живот се случило по сеопштото упатување на нашите предци во втората половина на деветтиот и првата половина на десеттиот век и тоа најмногу благодарение на неуморното црквољубно и домољубно дело на великанот од нашиот род Свети Климент Охридски.