Свети Кирил и Методиј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-kiril-i-metodij/ За подобро да се разбереме Fri, 24 May 2024 13:34:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Свети Кирил и Методиј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-kiril-i-metodij/ 32 32 Мицкоски: Да ги надминиме сите поделби, да ја победиме секоја омраза и да ги соочиме изворите на тоа зло со одговорноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-da-gi-nadminime-site-podelbi-da-ja-pobedime-sekoja-omraza-i-da-gi-soochime-izvorite-na-toa-zlo-so-odgovornosta/ Fri, 24 May 2024 13:34:57 +0000 https://republika.mk/?p=781424

„Денес во Македонија десетици илјади деца се надвор од образовниот процес, над 80 илјади живеат во тешка сиромаштија обременети со голата борба за живот. Одбивам да говорам за образованието на ниво на зборови и флоскули, туку тоа мора да се заоснова на дела. Поразително е што многу деца, многу луѓе не само што не се вклучени во образовниот процес, туку им се одзема шансата да бидат како другите свои врсници и да ги имаат истите услови за образование. Многу од младите луѓе се приморани да работат, од мали нозе, откажувајќи се од својот сон за шанса преку образованието. Уште позагрижувачки е моралната дисторзија во општеството каде неморалното се преставува за морално, а неморалното за принцип кој треба да се следи“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Струга на свеченоста по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј.

Тој додаде дека корупцијата ја јаде секоја слободна пора во општеството. Таа ги руши сите стандарди, создава декаденција и станува дел од една култура на владеење, каде да се даде мито, да се даде поткуп е сосема нормална и неизбежна работа. Од друга страна чесниот народ, мнозинството од народот, кој чесен, трудољубив, и кој премногу долго само сонуваше без да го оствари тој реален сон е веќе изморен од чекање.

Го знам копнежот на секој еден вас тука, но и копнежот на илјадници други низ нашата Македонија кои велат ова е последната шанса за нашата држава. Премногу добри луѓе веќе ја напуштија државата или пак живеат живот на постојано патување од родната грутка до својата нова држава каде работат и се борат. Никогаш не смееме да ги обвиниме овие луѓе, туку вината треба да се бара безмалку во сите тие кои над 3 години велеа дека го следат сонот, но реално потфрлија за градба на слободна, просперитетна и успешна Македонија“, укажа Мицкоски.

Мицкоски посочи дека со многу поделби кои редовно се завесата зад кои се кријат поединечни и најчесто лукративни интереси. Со многу посеана омраза едни кон други и вештачки ѕидови кои се подигнати меѓу реалните луѓе на кое им се сервира тоа семе на злото.

„Тоа семе на зло, роди затруени плодови. И тоа го прават затоа што се уплашени, затоа што знаат дека ако не се власт, не се достојни за привилегии, и немаат додадена вредност во општеството. Народот премногу губеше, премногу е сериозна работата за да мислат тие кои се закануваат дека има нешто повеќе да се загуби во ситуација кога сите ние сме доведени до работ, до линијата преку која не можеме да поминеме, и која се сведува на тоа или ќе не биде, или не, како и тоа дека го немаме изборот, ниту луксузот овој пат да не успееме, рече Мицкоски.

„Мојата цел е да ги надминиме сите поделби, да ја победиме секоја омраза и да ги соочиме изворите на тоа зло со одговорноста која мора да биде неодминлива, апсолутна и неселективна“, порача тој.

Тој укажа дека народот знае дека за сите нас постои едно исто небо под кое живееме, тагуваме и се радуваме.

„Позади мене е Охридското езеро чиј брег илјадници години обединува луѓе од различни етнички и верски припадности. Не постои лева или десна, на власта или на опозицијата, не постои нешто како лош или добар народ, постои само една, Македонија, со пристојни луѓе кои заслужуваат среќа. Постои само една наша Македонија. Со историја пред која се поклонуваме, и иднина која мораме да ја создаваме сами и за која сме подготвени да се бориме. Немаме време да трошиме за жалење над неправдите врз нас, ниту пак за промашените шанси на тие пред нас. Ние самите мораме да ги создадеме наредните шанси и да ги издвојуваме заедничките победи“, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Да ги надминиме сите поделби, да ја победиме секоја омраза и да ги соочиме изворите на тоа зло со одговорноста appeared first on Република.

]]>

„Денес во Македонија десетици илјади деца се надвор од образовниот процес, над 80 илјади живеат во тешка сиромаштија обременети со голата борба за живот. Одбивам да говорам за образованието на ниво на зборови и флоскули, туку тоа мора да се заоснова на дела. Поразително е што многу деца, многу луѓе не само што не се вклучени во образовниот процес, туку им се одзема шансата да бидат како другите свои врсници и да ги имаат истите услови за образование. Многу од младите луѓе се приморани да работат, од мали нозе, откажувајќи се од својот сон за шанса преку образованието. Уште позагрижувачки е моралната дисторзија во општеството каде неморалното се преставува за морално, а неморалното за принцип кој треба да се следи“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Струга на свеченоста по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј. Тој додаде дека корупцијата ја јаде секоја слободна пора во општеството. Таа ги руши сите стандарди, создава декаденција и станува дел од една култура на владеење, каде да се даде мито, да се даде поткуп е сосема нормална и неизбежна работа. Од друга страна чесниот народ, мнозинството од народот, кој чесен, трудољубив, и кој премногу долго само сонуваше без да го оствари тој реален сон е веќе изморен од чекање.
Го знам копнежот на секој еден вас тука, но и копнежот на илјадници други низ нашата Македонија кои велат ова е последната шанса за нашата држава. Премногу добри луѓе веќе ја напуштија државата или пак живеат живот на постојано патување од родната грутка до својата нова држава каде работат и се борат. Никогаш не смееме да ги обвиниме овие луѓе, туку вината треба да се бара безмалку во сите тие кои над 3 години велеа дека го следат сонот, но реално потфрлија за градба на слободна, просперитетна и успешна Македонија“, укажа Мицкоски.
Мицкоски посочи дека со многу поделби кои редовно се завесата зад кои се кријат поединечни и најчесто лукративни интереси. Со многу посеана омраза едни кон други и вештачки ѕидови кои се подигнати меѓу реалните луѓе на кое им се сервира тоа семе на злото.
„Тоа семе на зло, роди затруени плодови. И тоа го прават затоа што се уплашени, затоа што знаат дека ако не се власт, не се достојни за привилегии, и немаат додадена вредност во општеството. Народот премногу губеше, премногу е сериозна работата за да мислат тие кои се закануваат дека има нешто повеќе да се загуби во ситуација кога сите ние сме доведени до работ, до линијата преку која не можеме да поминеме, и која се сведува на тоа или ќе не биде, или не, како и тоа дека го немаме изборот, ниту луксузот овој пат да не успееме, рече Мицкоски.
„Мојата цел е да ги надминиме сите поделби, да ја победиме секоја омраза и да ги соочиме изворите на тоа зло со одговорноста која мора да биде неодминлива, апсолутна и неселективна“, порача тој. Тој укажа дека народот знае дека за сите нас постои едно исто небо под кое живееме, тагуваме и се радуваме.
„Позади мене е Охридското езеро чиј брег илјадници години обединува луѓе од различни етнички и верски припадности. Не постои лева или десна, на власта или на опозицијата, не постои нешто како лош или добар народ, постои само една, Македонија, со пристојни луѓе кои заслужуваат среќа. Постои само една наша Македонија. Со историја пред која се поклонуваме, и иднина која мораме да ја создаваме сами и за која сме подготвени да се бориме. Немаме време да трошиме за жалење над неправдите врз нас, ниту пак за промашените шанси на тие пред нас. Ние самите мораме да ги создадеме наредните шанси и да ги издвојуваме заедничките победи“, истакна Мицкоски.
 
The post Мицкоски: Да ги надминиме сите поделби, да ја победиме секоја омраза и да ги соочиме изворите на тоа зло со одговорноста appeared first on Република.

]]>
Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/den-na-seslovenskite-prosvetiteli-sveti-kiril-i-metodij/ Fri, 24 May 2024 06:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=781315

Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова престојува во Рим и во Ватикан каде што ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамки на манифестацијата „Ден на светите Кирил и Методиј“, а имаше и аудиенција кај папата Франциск.

Во пресрет на Денот на 24 Мај, владина делегација предводена од министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, вчера положи цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј, на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

По повод Денот на сесловенските просветители, на Православниот-богословски факултет „Св. Климент Охридски“ беа одржани Првите Кирилометодиеви научни средби. Научните средби се во организација на Институтот за национална историја и Православниот-богословски факултет „св. Климент Охридски“ со цел одбележување на патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и зачувување и афирмирање на вековните македонски историски и црковни традиции.

Со низа манифестации и настани, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, се одбележува во Охрид. Чествувањата ќе бидат заокружени вечер во црквата „Св. Софија“ со концертот „Уметниците во чест на Свети Кирил и Методиј“ на растечката генерација музичари од класата на м-р Даниел Чуркоски, Елица Рашкова и Викторија Митеска Малезан. Предвидена е и беседа за свети Кирил и Методиј на проф. д-р Красимира Илиевска. Во „Св. Софија“ ќе биде прикажан документарниот филм „Кирилицата – Кодот на Македонија“ од проф. д-р Илија Велев.

Светите Кирил и Методиј иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, Црквата одредила и заедничко празнување на 24/11 мај. На почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Св. Кирил на 27/14 февруари и на Св. Методиј на 19/6 април, но подоцна се увидела потреба за нивен заеднички празник. Родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија.

За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија. Замолил да му испратат луѓе кои божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но, и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. Тие мисионери биле Кирил и Методиј.

Тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината. Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година и денес неговите мошти почиваат во римската црква „Свети Климент“. Методиј починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград. По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани на југ. Светите Климент и Наум делото на своите учители го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид.

Во согласност со Законот за празниците во земјава, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани.

The post Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>

Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите. Државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова престојува во Рим и во Ватикан каде што ќе се поклони на гробот на Свети Кирил, во рамки на манифестацијата „Ден на светите Кирил и Методиј“, а имаше и аудиенција кај папата Франциск. Во пресрет на Денот на 24 Мај, владина делегација предводена од министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, вчера положи цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј, на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По повод Денот на сесловенските просветители, на Православниот-богословски факултет „Св. Климент Охридски“ беа одржани Првите Кирилометодиеви научни средби. Научните средби се во организација на Институтот за национална историја и Православниот-богословски факултет „св. Климент Охридски“ со цел одбележување на патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и зачувување и афирмирање на вековните македонски историски и црковни традиции. Со низа манифестации и настани, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, се одбележува во Охрид. Чествувањата ќе бидат заокружени вечер во црквата „Св. Софија“ со концертот „Уметниците во чест на Свети Кирил и Методиј“ на растечката генерација музичари од класата на м-р Даниел Чуркоски, Елица Рашкова и Викторија Митеска Малезан. Предвидена е и беседа за свети Кирил и Методиј на проф. д-р Красимира Илиевска. Во „Св. Софија“ ќе биде прикажан документарниот филм „Кирилицата – Кодот на Македонија“ од проф. д-р Илија Велев. Светите Кирил и Методиј иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, Црквата одредила и заедничко празнување на 24/11 мај. На почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Св. Кирил на 27/14 февруари и на Св. Методиј на 19/6 април, но подоцна се увидела потреба за нивен заеднички празник. Родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија. За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија. Замолил да му испратат луѓе кои божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но, и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. Тие мисионери биле Кирил и Методиј. Тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината. Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година и денес неговите мошти почиваат во римската црква „Свети Климент“. Методиј починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград. По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани на југ. Светите Климент и Наум делото на своите учители го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид. Во согласност со Законот за празниците во земјава, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани.

The post Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-vo-poseta-na-italijanskata-republika-i-svetiot-prestol-po-povod-manifestatsijata-makedonija-vo-chest-na-sv-kiril/ Wed, 22 May 2024 08:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=780715

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува и ја предводи државно-црковната делегација во посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

На 23 мај, четврток, во Апостолската палата, претседателката Сиљановска Давкова ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин.

На 24 мај, петок, претседателката Сиљановска Давкова во базиликата „Сан Клементе“ ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил. Претседателката Сиљановска Давкова ќе ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, кадешто ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

На 24 мај, петок, претседателката Сиљановска Давкова ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, по што е предвидена пленарна средба на делегациите на двете земји.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска Давкова во Рим ќе присуствува на концертот на Националната установа „Камерен оркестар од Битола“, настан во организација на Министерството за култура.

Во состав на државно-црковната делегација, што ја предводи претседателката Сиљановска Давкова се заменик министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди,  амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Европски, г. Пимен.

The post Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ appeared first on Република.

По примерот на Светите Кирил и Методиј должност ни е да ги одбраниме македонскиот идентитет и јазик, се порача на трибината за сесловенските просветители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-primerot-na-svetite-kiril-i-metodij-dolzhnost-ni-e-da-gi-odbranime-makedonskiot-identitet-i-jazik-se-poracha-na-tribinata-za-seslovenskite-prosvetiteli/ Wed, 24 May 2023 16:19:29 +0000 https://republika.mk/?p=644318

По примерот на Светите Кирил и Методиј соочени пред големи предизвици и национални искушенија должност ни е да ги одбраниме македонскиот идентитет и јазик, е пораката на денешната трибина посветена на сесловенските просветители која беше организирана во Охрид.

Пред големи егзистенцијални пречки и национални искушенија, се сочуваме со некакви современи тројазичници, пред кои треба да браниме и одбраниме нашиот неприкосновен македонски идентитет, да ја браниме и одбраниме посебноста на нашиот македонски јазик. И жестоко храбро и мудро да го браниме и одбраниме вековното име на нашата татковина Македонија, изјави Мими Ѓоргоска Илиевска претседателка на централна Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека веројатно во нашиот национален код длабоко е запишано постојано да го браниме, она што природно ни припаѓа.

Токму сега кога сме соочени со големи предизвици ја чувствуваме блискоста и големото значење на просветителското дело на солунските браќа. Озарени од нивната светост, од нивниот христијански подвиг, од нивната посветеност, светите браќа Свети Кирил и Методиј, јасно ни посочуваат и мудро не советуваат како на ранливото човечко битие треба да им пркоси на времето, рече Ѓоргоска Илиевска.

Професорот Михајло Марковиќ истакна дека да не биле Свети Кирил и Методиј ние ќе останевме слепи при очи и глуви при уши.

Светите браќа ни ги отвораат ушите и ни ја отвораат целосно светогледот кон светот не просветлуваат не само нас туку сите словенски народи. Потребно е да бидеме силни и моќни со знаење, да го сакаме и чуваме мајчиниот јазик. Ние сме должни да продолжиме да се бориме и да не отстапуваме од македонскиот идентитет, нагласи тој.

Марковиќ потенцираше дека можеме да констатираме дека Светите Кирил и Методиј македонските и сесловенските рамноапостоли пред се претставуваат централни фигури од етичка и морална гледна точка што може да се согледа од нивната мисионерска работа.

Професорката Наташа Котлар истакна дека 24 мај е датумот кога почнала Моравската мисија 863 година, претставувајќи ја живата поврзаност на македонскиот јазик со историјата на македонската историска посебност, македонската генетска специфика.

Потоа оваа историска посебност ја бележи и кодификацијата на старословенскиот јазик, глаголицата на светите браќа Кирил и Методиј создадена во 855 година врз автохтона, жива, народна и говорна практика, како и на книжевната школа на охридските заштитници, просветителите Климент и Наум во Охрид и нивните ученици. На ова, пак, се надоврзува запишаното богато усно народно творештво во делата на Миладиновци, Цепенков, Шапкарев и други, рече професорката Котлар.

Таа додаде дека особен придонес во стандардизацијата на македонскиот јазик имаат книгите на Ѓорѓија Пулевски и дејноста на членовите на македонската млада книжевна дружина и нивното списание „Лоза“, потоа делата на Мисирков, па АСНОМ-ското решение за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава, како и решението на Президиумот на на АСНОМ од 5 мај 1945 година за македонската азбука и официјалното освојување на македонскиот правопис од 7 јуни 1945 година, односно кодификацијата.

Маја Ангеловска Панова истакна дека треба да се укаже на значењето и на историското фундаменталната улога на Константин Кирил и неговиот постар брат Методиј за Македонија, но и пошироко за просторот на Балканот и Европа имајќи ја предвид универзалноста на нивниот хуманистичко просветителски потфат.

Нивното дело се одликува и со длабок хуманизам кој во најширока смисла на зборот значи пројава и израз на љубов кон човекот опфаќајќи и филозофски правци. Освен на писменост ги поттикнало луѓето да се научат и на добрина. Евидентно делото на Св. Кирил и Методиј, кои живееле и твореле во периодот на 9-от век антиципира во современите вредности на кои денес почива Европа, рече таа.

Ангеловска Панова нагласи дека иако биле мобилизирани во својство на византиски мисионери тие својот животен век целосно го посветиле на словенството што претставува главна причина византиските писатели да избегнуваат да говорат за нивната дејност.

The post По примерот на Светите Кирил и Методиј должност ни е да ги одбраниме македонскиот идентитет и јазик, се порача на трибината за сесловенските просветители appeared first on Република.

]]>

По примерот на Светите Кирил и Методиј соочени пред големи предизвици и национални искушенија должност ни е да ги одбраниме македонскиот идентитет и јазик, е пораката на денешната трибина посветена на сесловенските просветители која беше организирана во Охрид.
Пред големи егзистенцијални пречки и национални искушенија, се сочуваме со некакви современи тројазичници, пред кои треба да браниме и одбраниме нашиот неприкосновен македонски идентитет, да ја браниме и одбраниме посебноста на нашиот македонски јазик. И жестоко храбро и мудро да го браниме и одбраниме вековното име на нашата татковина Македонија, изјави Мими Ѓоргоска Илиевска претседателка на централна Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа додаде дека веројатно во нашиот национален код длабоко е запишано постојано да го браниме, она што природно ни припаѓа.
Токму сега кога сме соочени со големи предизвици ја чувствуваме блискоста и големото значење на просветителското дело на солунските браќа. Озарени од нивната светост, од нивниот христијански подвиг, од нивната посветеност, светите браќа Свети Кирил и Методиј, јасно ни посочуваат и мудро не советуваат како на ранливото човечко битие треба да им пркоси на времето, рече Ѓоргоска Илиевска.
Професорот Михајло Марковиќ истакна дека да не биле Свети Кирил и Методиј ние ќе останевме слепи при очи и глуви при уши.
Светите браќа ни ги отвораат ушите и ни ја отвораат целосно светогледот кон светот не просветлуваат не само нас туку сите словенски народи. Потребно е да бидеме силни и моќни со знаење, да го сакаме и чуваме мајчиниот јазик. Ние сме должни да продолжиме да се бориме и да не отстапуваме од македонскиот идентитет, нагласи тој.
Марковиќ потенцираше дека можеме да констатираме дека Светите Кирил и Методиј македонските и сесловенските рамноапостоли пред се претставуваат централни фигури од етичка и морална гледна точка што може да се согледа од нивната мисионерска работа. Професорката Наташа Котлар истакна дека 24 мај е датумот кога почнала Моравската мисија 863 година, претставувајќи ја живата поврзаност на македонскиот јазик со историјата на македонската историска посебност, македонската генетска специфика.
Потоа оваа историска посебност ја бележи и кодификацијата на старословенскиот јазик, глаголицата на светите браќа Кирил и Методиј создадена во 855 година врз автохтона, жива, народна и говорна практика, како и на книжевната школа на охридските заштитници, просветителите Климент и Наум во Охрид и нивните ученици. На ова, пак, се надоврзува запишаното богато усно народно творештво во делата на Миладиновци, Цепенков, Шапкарев и други, рече професорката Котлар.
Таа додаде дека особен придонес во стандардизацијата на македонскиот јазик имаат книгите на Ѓорѓија Пулевски и дејноста на членовите на македонската млада книжевна дружина и нивното списание „Лоза“, потоа делата на Мисирков, па АСНОМ-ското решение за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава, како и решението на Президиумот на на АСНОМ од 5 мај 1945 година за македонската азбука и официјалното освојување на македонскиот правопис од 7 јуни 1945 година, односно кодификацијата. Маја Ангеловска Панова истакна дека треба да се укаже на значењето и на историското фундаменталната улога на Константин Кирил и неговиот постар брат Методиј за Македонија, но и пошироко за просторот на Балканот и Европа имајќи ја предвид универзалноста на нивниот хуманистичко просветителски потфат.
Нивното дело се одликува и со длабок хуманизам кој во најширока смисла на зборот значи пројава и израз на љубов кон човекот опфаќајќи и филозофски правци. Освен на писменост ги поттикнало луѓето да се научат и на добрина. Евидентно делото на Св. Кирил и Методиј, кои живееле и твореле во периодот на 9-от век антиципира во современите вредности на кои денес почива Европа, рече таа.
Ангеловска Панова нагласи дека иако биле мобилизирани во својство на византиски мисионери тие својот животен век целосно го посветиле на словенството што претставува главна причина византиските писатели да избегнуваат да говорат за нивната дејност.

The post По примерот на Светите Кирил и Методиј должност ни е да ги одбраниме македонскиот идентитет и јазик, се порача на трибината за сесловенските просветители appeared first on Република.

]]>
„Kирил и Методиј“ годинава куртулија од „добрососедството“ на Тачe и Османи со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kiril-i-metodij-godinava-kurtulija-od-dobrososedstvoto-na-tache-i-osmani/ Wed, 24 May 2023 06:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=644007

Денешниот празник на Светите браќа Кирил и Методиј власта го прославува скромно. Заладените односи со Бугарија и повремениот излив на патриотизам од страна на Ковачевски за однесувањето на Бугарија кон нивната „Северна“ и извинувањето на Османи не остават простор дека власта ќе се однесува поинаку кон словенските просветители кои власта во Софија си ги присвои за бугарски.

Годинава во Рим е претседателот на Собранието Талат Џафери кој најави дека со бугарска делегација ќе положат цвеќе во базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде што се наоѓа спомен плочата на македонски јазик во чест на Св.Кирил.

Професорот Митко Панов во интервјуто за „Република“ нагласува оти е очигледна намерата на Бугарија за присвојување на Кирил и Методиј.

https://www.youtube.com/watch?v=HdMilbhY-zw

Тоа доаѓа до израз во 19-от век кога под влијание на Русија и градењето на проектот Голема Бугарија ја инкорпорира историјата за Кирил и Методиј претставувајќи ја како дел од тој наратив и да се оправда тој проект а со цел да се инкорпорира Македонија во таа Голема Бугарија. Самите руски автори во тоа време говореле дека азбуката потекнува од Македонија и е создадена врз основа на говорот на македонките Словени во околинта на Солун. Методиј дури и работел на заштита на пограничните области од нападите од Бугарија. Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија, ниту ја посетиле ниту имале некаква реакција со бугарската држава.Нивната дејност била насочена наспроти бугарската држава а во тоа време бугарските владетели биле и пагани.Така што христијанизацијата на Кирил и Методиј и словенската азбука биле во функција на обединување на словенскиот свет во контекст на обезбедување рамноправност на Словените со другите народи -објаснува историчарот.

Што договорија историчарите за Кирил и Методиј

Мисионерското дело на Светите браќа Кирил и Методиј ги поставува основите на
христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик. Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа. Тоа дава суштествена основа на современите држави Република Македонија и Република Бугарија заеднички да го одбележуваат денот на Св.Кирил и Методиј.Бурните културни процеси, кои започнуваат во текот на 19. век, наоѓаат израз и возасилениот интерес кон животот и делото на Св. Кирил и Методиј. Во средината на 19. век сеќавањето за Св. Кирил и Методиј станува дел од светската културна традиција, а денот на нивниот црковен празник започнува да се одбележува во училиштата. За првпат тоа се случува во Пловдив во 1851 година. Процесот на духовно будење и еманципација наоѓа израз во сеприсутното одбележување на празникот во многу училишта на територијата на современа Република Македонија и Република Бугарија. Следствено, делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици започнува да се одбележува и во други словенски земји, а нивниот придонес за европската цивилизација е признат и од Католичката црква, која ги прогласи за заштитници на Европа.До сега кажаното дава основа и ги задолжува двете држави со одговорност за зачувување на сеќавањето за делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици преку годишни заеднички чествувања.

The post „Kирил и Методиј“ годинава куртулија од „добрососедството“ на Тачe и Османи со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Денешниот празник на Светите браќа Кирил и Методиј власта го прославува скромно. Заладените односи со Бугарија и повремениот излив на патриотизам од страна на Ковачевски за однесувањето на Бугарија кон нивната „Северна“ и извинувањето на Османи не остават простор дека власта ќе се однесува поинаку кон словенските просветители кои власта во Софија си ги присвои за бугарски. Годинава во Рим е претседателот на Собранието Талат Џафери кој најави дека со бугарска делегација ќе положат цвеќе во базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде што се наоѓа спомен плочата на македонски јазик во чест на Св.Кирил. Професорот Митко Панов во интервјуто за „Република“ нагласува оти е очигледна намерата на Бугарија за присвојување на Кирил и Методиј. https://www.youtube.com/watch?v=HdMilbhY-zw
Тоа доаѓа до израз во 19-от век кога под влијание на Русија и градењето на проектот Голема Бугарија ја инкорпорира историјата за Кирил и Методиј претставувајќи ја како дел од тој наратив и да се оправда тој проект а со цел да се инкорпорира Македонија во таа Голема Бугарија. Самите руски автори во тоа време говореле дека азбуката потекнува од Македонија и е создадена врз основа на говорот на македонките Словени во околинта на Солун. Методиј дури и работел на заштита на пограничните области од нападите од Бугарија. Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија, ниту ја посетиле ниту имале некаква реакција со бугарската држава.Нивната дејност била насочена наспроти бугарската држава а во тоа време бугарските владетели биле и пагани.Така што христијанизацијата на Кирил и Методиј и словенската азбука биле во функција на обединување на словенскиот свет во контекст на обезбедување рамноправност на Словените со другите народи -објаснува историчарот.

Што договорија историчарите за Кирил и Методиј

Мисионерското дело на Светите браќа Кирил и Методиј ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик. Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа. Тоа дава суштествена основа на современите држави Република Македонија и Република Бугарија заеднички да го одбележуваат денот на Св.Кирил и Методиј.Бурните културни процеси, кои започнуваат во текот на 19. век, наоѓаат израз и возасилениот интерес кон животот и делото на Св. Кирил и Методиј. Во средината на 19. век сеќавањето за Св. Кирил и Методиј станува дел од светската културна традиција, а денот на нивниот црковен празник започнува да се одбележува во училиштата. За првпат тоа се случува во Пловдив во 1851 година. Процесот на духовно будење и еманципација наоѓа израз во сеприсутното одбележување на празникот во многу училишта на територијата на современа Република Македонија и Република Бугарија. Следствено, делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици започнува да се одбележува и во други словенски земји, а нивниот придонес за европската цивилизација е признат и од Католичката црква, која ги прогласи за заштитници на Европа.До сега кажаното дава основа и ги задолжува двете држави со одговорност за зачувување на сеќавањето за делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици преку годишни заеднички чествувања.

The post „Kирил и Методиј“ годинава куртулија од „добрососедството“ на Тачe и Османи со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Веќе биле „дадени“: Власта три години глумела дека преговара за Кирил и Методиј и Цар Самоил https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vekje-bile-dadeni-vlasta-tri-godini-glumela-deka-pregovara-za-kiril-i-metodij-i-car-samoil/ Tue, 06 Sep 2022 06:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=547794

Oткако вчера беше откриен протоколот на меѓувладината комисија одржан на 10 јуни 2019 година, во делот за политичкиот дел за спроведување на Договорот за добрососедство на кој јасно се гледа дека уште тогаш било договорено дека 24 мај е „Ден на бугарското образование и словенското писмо“ се чини дека истата игра е применета и за Цар Самоил.

Најголем доказ за тоа се текстовите на Наум Кајчев од една и Огнен Вангелов и Љупчо Ристески од друга страна. Првиот е дел од бугарската а другите двајца од македонската комисија.

Ако била согласност уште пред три години за Цар Самоил тогаш на што се должи нивната меѓусебна дебата од јуни и јули 2021 година.

Прво се јави Кајчев со текст насловен како „За обединувањето околу нашата заедничка историја-Цар Самоил erga omnes“. На ова реплицираа Вангелов и Ристевски , исто така со текст насловен како „Обединување околу „историските вистини“ или околу различности“? за веднаш потоа да се јави повторно Кајчев со текст со идентичен наслов како првиот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ushte-vo-2019-godina-prifatila-deka-24-maj-e-den-na-bugarskoto-obrazovanie-kultura-i-slovensko-pismo/

Од самите наслови произлегуваат и недоразбирањата што ги имале членовите на двете комисии и се потврда дека решението за Цар Самоил не било донесено во 2019 година. Инаку зошто би се водела полемика две години подоцна!?

Конечното решение пак говори дека нашите од комисијата целосно се согласиле со бугарскиот наратив за сите пет историски личности.

The post Веќе биле „дадени“: Власта три години глумела дека преговара за Кирил и Методиј и Цар Самоил appeared first on Република.

]]>

Oткако вчера беше откриен протоколот на меѓувладината комисија одржан на 10 јуни 2019 година, во делот за политичкиот дел за спроведување на Договорот за добрососедство на кој јасно се гледа дека уште тогаш било договорено дека 24 мај е „Ден на бугарското образование и словенското писмо“ се чини дека истата игра е применета и за Цар Самоил. Најголем доказ за тоа се текстовите на Наум Кајчев од една и Огнен Вангелов и Љупчо Ристески од друга страна. Првиот е дел од бугарската а другите двајца од македонската комисија. Ако била согласност уште пред три години за Цар Самоил тогаш на што се должи нивната меѓусебна дебата од јуни и јули 2021 година. Прво се јави Кајчев со текст насловен како „За обединувањето околу нашата заедничка историја-Цар Самоил erga omnes“. На ова реплицираа Вангелов и Ристевски , исто така со текст насловен како „Обединување околу „историските вистини“ или околу различности“? за веднаш потоа да се јави повторно Кајчев со текст со идентичен наслов како првиот. https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ushte-vo-2019-godina-prifatila-deka-24-maj-e-den-na-bugarskoto-obrazovanie-kultura-i-slovensko-pismo/ Од самите наслови произлегуваат и недоразбирањата што ги имале членовите на двете комисии и се потврда дека решението за Цар Самоил не било донесено во 2019 година. Инаку зошто би се водела полемика две години подоцна!? Конечното решение пак говори дека нашите од комисијата целосно се согласиле со бугарскиот наратив за сите пет историски личности.

The post Веќе биле „дадени“: Власта три години глумела дека преговара за Кирил и Методиј и Цар Самоил appeared first on Република.

]]>
Груевски: Нека е честит државниот и верски празник посветен на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-neka-e-chestit-drzavniot-i-verski-praznik-posveten-na-seslovenskite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/ Tue, 24 May 2022 10:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=506343

Колку требало некој да е заслужен, способен, паметен и истакнат да византискиот цар во деветиот век, од сите во Византија го одбере и испрати во Моравија на барање на тамошниот кнез некој да дојде, да биде испратен за да ја прошири христијанската вера.
Колку требало некој да е моќен за да ја создаде првата словенска азбука - глаголицата, како прва азбука искористена да се препише старословенскиот јазик, пишува во својот статус на Фејсбук Никола Груевски.

Колку требало некој да е заслужен, умен, славен, почитуван и нашироко прифатен за векови по раѓањето и воскреснувањето на Исус Христос и векови по заминувањето од овој свет на 12 апостоли- следбеници и ученици на Исус Христос, кои оставиле богато духовно наследство за човештвото и христијанството пред се, Светата црква да го прогласи за рамноапостолен, или рамен на апостолите, светци Еднакви со апостолите, заради заслугите за афирмацијата на христијанската вера, како што ги има прогласено двата брата од Солун Св.Кирил и Методиј кои го прават веројатно најголемиот продор во ширењето на христијанството и паралелно и првото словенското писмо девет века после Христос.

Колку требало некој во деветиот век да е славен и почитуван и меѓу властите, и во црквите и меѓу народот, и во Цариград и во Рим, и во Солун и во Венеција, и кај Хазарите (територии на денешна Украина, делови од Русија, Грузија, Ерменија, Азербејџан…), и во Моравија (територија на денешна Чешка, Словачка, јужна Полска, северните делови на Унгарија и Австрија…), каде отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи, престојувале и во Панонија итн, но и на територите помеѓу нив, а и пошироко од нив? На мисија биле испратени дури и кај Арапите (Сарацените) во Багдад, како дел од дел од политичката програма на Византија чија основна цел била да ги христијанизираат народите на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт.

По смртта на Кирил, Методиј меѓу другото се посветил на државна и воена служба и подолго време управувал со брегалничката област.

Ја надминале славата во Источната православна црква со тоа што во 1880 година Папата Лав 13. ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за созаштитници на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.

Насекаде славени, со радост, почести и големо внимание пречекувани на највисоко државно и црковно ниво, но и често клеветени, затворани, па потоа ослободувани. Болни и со кревко здравје, но упорни. Познавачи на повеќе јазици и преведувачи од еврејски, латински, грчки и сириски на словенски, и тоа не на било што, туку на пример Библијата од еврејски. Најголеми мисионери на христијанството помеѓу Словените. Св. Кирил кој посетувал најсилни школи во тоа време е нарекуван како Кирил филозоф.

Колку требало некој да е заслужен за папата во Рим во тоа време свечено да прими некого со најголеми почести и да на негово инсистирање и аргументирање дозволи црковните книги и читања освен на дотогаш дозволените три јазици (еврејски, латински и грчки), од тој момент да може да се одвива и на словенски јазик.

Колку требало некој да е голем, влијателен и моќен, за по него неговите ученици едни да ги прогонуваат и мачат (на пример германските свештеници ги обвинувале за ерес и биле прогонувани, а некои завршиле и како робови), а други да ги бараат (кнезови, цареви…) и да ги ангажираат низ други земји и територии да ја продолжат мисијата за ширење на христијанството и писменоста.

И колку голема инспирација требало некој да биде за Глигор Прличев да го каже за него следното, како што го има кажано за Св. “Кирил и Методиј”: „Иако биле болни тие многу направиле за афирмација на Христовата вера, тие пак се трудеа, неуморно се трудеа додека го извршија великото дело, коешто не би можеле да го извршат ни цареви, ни императори, ни самите можеби Христови апостоли, ниеден од апостолите не покрстил толку души колку св. Кирил и Методи.“ Не само на Глигор Прличев, тие се инспирација на бројни уметници, сликари, поети, композитори, просветители, писатели, образовни институции, владетели…

Не случајно денот на Св. Кирил и Методиј е празник во многу христијански словенски земји, како што од 8. Фебруари 2007 година, по предлог на Владата а во претходни консултации со МПЦ, парламентот на Република Македонија денешниот празник го издигна на ниво на државен празник и неработен ден, афирмација на двата светци и просветители каква што немало претходно во Македонија.

Не случајно, Св. Кирил и Методиј во 2010 година добија свој огромен споменик во центарот на Скопје, нивното име почна да го носи еден од клучните булевари во центарот на главниот град од 2012 година, а нивните имиња се најдоа како имиња на повеќе спортски сали, спортски игралишта и нови училишта и образовни институции.

Светите браќа како основоположници на словенската писменост и литература и заслужни за културниот развој на сите словенски народи, вклучувајќи го и македонскиот, заслужено добија фигури изработени од восок во новиот археолошки музеј на Република Македонија поставени во поставка со артефакти и уметнички слики поврзани со периодот на нивното просветителство и по него, а владата која ја предводев финасираше пишување и издавање на мноштво книги, истражувања, организирање научни конференции, изработка на монографии, енциклопедии, трудови и други дела поврзани со Св. Кирил и Методиј, како и со Св.Климент и Наум исто така.

Се финасираше и изработка на документарен филм за Св.”Кирил и Методиј” и редица други активности во правец на афирмација на нивниот лик, живот, мисија, дело и наследство.

Ништо не е случајно…
Нека е честит државниот и верски празник посветен на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј!

На оние кои го носат нивното име нека им е честит именденот.

The post Груевски: Нека е честит државниот и верски празник посветен на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј! appeared first on Република.

]]>

Колку требало некој да е заслужен, способен, паметен и истакнат да византискиот цар во деветиот век, од сите во Византија го одбере и испрати во Моравија на барање на тамошниот кнез некој да дојде, да биде испратен за да ја прошири христијанската вера. Колку требало некој да е моќен за да ја создаде првата словенска азбука - глаголицата, како прва азбука искористена да се препише старословенскиот јазик, пишува во својот статус на Фејсбук Никола Груевски. Колку требало некој да е заслужен, умен, славен, почитуван и нашироко прифатен за векови по раѓањето и воскреснувањето на Исус Христос и векови по заминувањето од овој свет на 12 апостоли- следбеници и ученици на Исус Христос, кои оставиле богато духовно наследство за човештвото и христијанството пред се, Светата црква да го прогласи за рамноапостолен, или рамен на апостолите, светци Еднакви со апостолите, заради заслугите за афирмацијата на христијанската вера, како што ги има прогласено двата брата од Солун Св.Кирил и Методиј кои го прават веројатно најголемиот продор во ширењето на христијанството и паралелно и првото словенското писмо девет века после Христос. Колку требало некој во деветиот век да е славен и почитуван и меѓу властите, и во црквите и меѓу народот, и во Цариград и во Рим, и во Солун и во Венеција, и кај Хазарите (територии на денешна Украина, делови од Русија, Грузија, Ерменија, Азербејџан…), и во Моравија (територија на денешна Чешка, Словачка, јужна Полска, северните делови на Унгарија и Австрија…), каде отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи, престојувале и во Панонија итн, но и на територите помеѓу нив, а и пошироко од нив? На мисија биле испратени дури и кај Арапите (Сарацените) во Багдад, како дел од дел од политичката програма на Византија чија основна цел била да ги христијанизираат народите на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. По смртта на Кирил, Методиј меѓу другото се посветил на државна и воена служба и подолго време управувал со брегалничката област. Ја надминале славата во Источната православна црква со тоа што во 1880 година Папата Лав 13. ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за созаштитници на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски. Насекаде славени, со радост, почести и големо внимание пречекувани на највисоко државно и црковно ниво, но и често клеветени, затворани, па потоа ослободувани. Болни и со кревко здравје, но упорни. Познавачи на повеќе јазици и преведувачи од еврејски, латински, грчки и сириски на словенски, и тоа не на било што, туку на пример Библијата од еврејски. Најголеми мисионери на христијанството помеѓу Словените. Св. Кирил кој посетувал најсилни школи во тоа време е нарекуван како Кирил филозоф. Колку требало некој да е заслужен за папата во Рим во тоа време свечено да прими некого со најголеми почести и да на негово инсистирање и аргументирање дозволи црковните книги и читања освен на дотогаш дозволените три јазици (еврејски, латински и грчки), од тој момент да може да се одвива и на словенски јазик. Колку требало некој да е голем, влијателен и моќен, за по него неговите ученици едни да ги прогонуваат и мачат (на пример германските свештеници ги обвинувале за ерес и биле прогонувани, а некои завршиле и како робови), а други да ги бараат (кнезови, цареви…) и да ги ангажираат низ други земји и територии да ја продолжат мисијата за ширење на христијанството и писменоста. И колку голема инспирација требало некој да биде за Глигор Прличев да го каже за него следното, како што го има кажано за Св. “Кирил и Методиј”: „Иако биле болни тие многу направиле за афирмација на Христовата вера, тие пак се трудеа, неуморно се трудеа додека го извршија великото дело, коешто не би можеле да го извршат ни цареви, ни императори, ни самите можеби Христови апостоли, ниеден од апостолите не покрстил толку души колку св. Кирил и Методи.“ Не само на Глигор Прличев, тие се инспирација на бројни уметници, сликари, поети, композитори, просветители, писатели, образовни институции, владетели… Не случајно денот на Св. Кирил и Методиј е празник во многу христијански словенски земји, како што од 8. Фебруари 2007 година, по предлог на Владата а во претходни консултации со МПЦ, парламентот на Република Македонија денешниот празник го издигна на ниво на државен празник и неработен ден, афирмација на двата светци и просветители каква што немало претходно во Македонија. Не случајно, Св. Кирил и Методиј во 2010 година добија свој огромен споменик во центарот на Скопје, нивното име почна да го носи еден од клучните булевари во центарот на главниот град од 2012 година, а нивните имиња се најдоа како имиња на повеќе спортски сали, спортски игралишта и нови училишта и образовни институции. Светите браќа како основоположници на словенската писменост и литература и заслужни за културниот развој на сите словенски народи, вклучувајќи го и македонскиот, заслужено добија фигури изработени од восок во новиот археолошки музеј на Република Македонија поставени во поставка со артефакти и уметнички слики поврзани со периодот на нивното просветителство и по него, а владата која ја предводев финасираше пишување и издавање на мноштво книги, истражувања, организирање научни конференции, изработка на монографии, енциклопедии, трудови и други дела поврзани со Св. Кирил и Методиј, како и со Св.Климент и Наум исто така. Се финасираше и изработка на документарен филм за Св.”Кирил и Методиј” и редица други активности во правец на афирмација на нивниот лик, живот, мисија, дело и наследство. Ништо не е случајно… Нека е честит државниот и верски празник посветен на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј! На оние кои го носат нивното име нека им е честит именденот.

The post Груевски: Нека е честит државниот и верски празник посветен на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј! appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Сесловенските просветители Кирил и Методиј со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-seslovenskite-prosvetiteli-kiril-i-metodij-so-svoeto-delo-se-vtemelija-vo-velikanite-na-evropskata-i-svetskata-civilizacija/ Tue, 24 May 2022 08:44:02 +0000 https://republika.mk/?p=506313

Денес Македонија го чествува празникот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, кои со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација. До ден денес Македонците и светот им се благодарни на нашите просветители, чествувајќи го нивното дело, напиша во честитката лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.

Нивната света мисија за просветувањето и продуховување на словенските народи, како што посочи, е само показател за силниот човечки дух и исконскиот порив да се зачува јазичната, културната и идентитетската посебност.

Во денешно време кога Македонија се соочува со негирање на македонскиот идентитет, култура и историја, потребна ни е сплотеност и обединување на македонските граѓани со цел да ги победиме лошите политики, да ги направиме промените во Македонија и да обезбедиме подобра иднина. Не смееме да дозволиме тргување со нашиот идентитет, и наша обврска е да се избориме за почитување на нашето наследство што е заложбина и аманет на нашите предци. Светлиот пример на нашите просветители истовремено е и аманет да продолжиме на патот за обезбедување подобро образование и научна работа, напиша Мицкоски во честитката.

The post Мицкоски: Сесловенските просветители Кирил и Методиј со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација appeared first on Република.

]]>

Денес Македонија го чествува празникот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, кои со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација. До ден денес Македонците и светот им се благодарни на нашите просветители, чествувајќи го нивното дело, напиша во честитката лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Нивната света мисија за просветувањето и продуховување на словенските народи, како што посочи, е само показател за силниот човечки дух и исконскиот порив да се зачува јазичната, културната и идентитетската посебност.
Во денешно време кога Македонија се соочува со негирање на македонскиот идентитет, култура и историја, потребна ни е сплотеност и обединување на македонските граѓани со цел да ги победиме лошите политики, да ги направиме промените во Македонија и да обезбедиме подобра иднина. Не смееме да дозволиме тргување со нашиот идентитет, и наша обврска е да се избориме за почитување на нашето наследство што е заложбина и аманет на нашите предци. Светлиот пример на нашите просветители истовремено е и аманет да продолжиме на патот за обезбедување подобро образование и научна работа, напиша Мицкоски во честитката.
 
The post Мицкоски: Сесловенските просветители Кирил и Методиј со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација appeared first on Република.

]]>
Пола Влада сосе ќерката на Ковачевски кај папата во Ватикан и на гробот на Св.Кирил https://arhiva3.republika.mk/vesti/pola-vlada-sose-kjerkata-na-kovachevski-kaj-papata-vo-vatikan-i-na-grobot-na-sv-kiril/ Sun, 22 May 2022 17:49:35 +0000 https://republika.mk/?p=505622

Во владиното соопштението се вели дека на 24 мај официјалниот дел од програмата започнува со оддавање почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата Сан Клементе, каде што митрополитите Пимен и Јосиф ќе одржат молебен во чест на Св. Кирил на кој ќе присуствува целата делегација на Република  Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од ќерката, Тамара Ковачевска, на 23 и 24 мај ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија во Италија и Ватикан во официјална и работна посета во рамките на одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, соопшти Владата.

Од таму велат дека премиерот Ковачевски програмата на посетата на Светата Столица ќе ја започне на 23 мај со тет-а-тет средба со неговата светост папата Франциск.

„Програмата во Ватикан потоа продолжува со аудиенцијата кај папата Франциск на која заедно со премиерот Ковачевски ќе присуствуваат и ќерката Тамара Ковачевска, како и членовите на делегацијата Бујар Османи, министер за надворешни работи, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура, Мартин Попов, шеф на Кабинет на претседателот на Владата, Ана Андреева, секретар за комуникации, односи со јавност и протокол на претседателот на Владата, Даријан Сотировски, директор на комисијата за односи со верски заедници, Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ, Пимен Илиевски, митрополит на МПЦ-ОА, Јосиф Тодоровски, митрополит на МПЦ-ОА и Зоран Стојанов, декан на струмичка епархија на Католичката црква“,

The post Пола Влада сосе ќерката на Ковачевски кај папата во Ватикан и на гробот на Св.Кирил appeared first on Република.

]]>

Во владиното соопштението се вели дека на 24 мај официјалниот дел од програмата започнува со оддавање почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата Сан Клементе, каде што митрополитите Пимен и Јосиф ќе одржат молебен во чест на Св. Кирил на кој ќе присуствува целата делегација на Република  Македонија Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од ќерката, Тамара Ковачевска, на 23 и 24 мај ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија во Италија и Ватикан во официјална и работна посета во рамките на одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, соопшти Владата. Од таму велат дека премиерот Ковачевски програмата на посетата на Светата Столица ќе ја започне на 23 мај со тет-а-тет средба со неговата светост папата Франциск.