свети јован Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-jovan/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jan 2024 14:42:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свети јован Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-jovan/ 32 32 Се сеќавам, значи постојам! Паметам, значи живеам! https://arhiva3.republika.mk/kolumni/se-sekavam-znachi-postojam-pametam-znachi-zhiveam/ Sat, 20 Jan 2024 12:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=734913

Васко Шутаров

Свети Јован е!

Чинам, нема друг месец во годината, во кој ни се остава толку многу простор да нурнеме подлабоко во сеќавањата, поврзани како со личното, така и со колективното сеќавање, преку трајно меморираните верувања, обичаи, обреди и ритуали од раскошно богатата македонска фолклорна традиција или црковно-верските празнувања и славења посветени на православните светци.

Свети Јован е еден од тие празници, за кој нема потреба да ѕирнувам во верскиот календар, за да се потсетувам кога се слави! Дедо ми од мајчина страна се викаше Јован и многу добро се сеќавам, уште од најмала возраст, со каква радост се славеше овој празничен ден!

Дедо ми Јован, иако останал сирак без татко од многу мал, успеал и покрај сите животни несреќи што го снашле, да создаде и свој дом и свој имот, големо четиридетно семејство и свој голем круг на пријатели! И денес ми е пред очи како се радува, кога ќе му се наполнеа со гости четирите одаи од куќата за Свети Јован! Долу, покрај разгорениот оган од дрвја, на долгата маса и двата кауча, ќе испоседнеа повозрасните, а горе, преку тремот кој мирисаше на дуњи и бело грозје обесено на гредите, се качуваа младите, другарите на вујко ми. За мене, тогаш неговиот единствен внук, ова беше празник на празниците!

Дење, по утринската црковна служба на која задолжително ме водеше баба ми, заради обврските околу подготовките за славата, сите ќе подзаборавеа на мене, па ќе си дозволев да правам сè она што внук кај баба и дедо може да прави! Најпрво, ќе се пуштев на прсти поткренат по фино стокмените послужавници со бомбици и колачи за гости, ќе грабнев неколку, патем наросувајќи мелени ореви и кокос, насекаде! Потоа, во најтемниот дел од тремот од каде мамеше мирисот на дуњи и грозје, повторно поткренат на прсти, ќе пуштев прсти по штотуку премачканиот шлаг на тортата, оставена да отстои таму, а времето околу ручек и подаденото прво испржено ќофте од баба ми, кое демек, случајно ќе ми паднеше на земја, ќе „морав“ да и’ го дадам на кучката која таа зима доеше мали кутриња.

А вечерта, нова тура радости! Живо заитан кон секого од новодојдените гости, подеднакво среќен како дедо ми, па некое време затаен под масата со гости, подзачуден зошто жените одвреме-навреме ќе ги нагазат мажите по нозе (и некој познат глас од масата, кој нервозно ќе подвикне: „Доста ме газеше, ма“!), па некое време седнат во скутот на дедо ми или на некој друг близок роднина, милно местејќи се да ме чешкаат по грб, додека гостите си мезат и слатко се смеат на приказните на дедо ми! (една од тие приказни, од неговите војнички денови, кога златната фолија од чоколадото братски си ја поделиле, а темното чоколадо го фрлиле, подоцна ја слушав редовно, во различни верзии, на секоја домашна слава на св. Јован!)

Оваа и мноштво други анегдоти од животот на дедо ми, познат трговец со јаболко и грозје кого го познаваа сите и не само во мојот крај, ги слушав седнат покрај него и веќе потпораснат, кога се проретчија неговите пријатели и кога почесто остануваше сам! Тогаш, ќе земеше јаболко, како да држи нешто највозвишено во раце, ќе ја излупеше мајсторски лушпата во еден потег и ќе почнеше да ни подава од неа, мене и на останатите внуци, додека живо ги голтавме соковите од неговите, не секогаш весели животни приказни.

И секој Св. Јован, низ годините потоа, ваквите сеќавања (и кога сум немал многу време за нив) ме исполнувале со топлина и чинам, ми осветлувале цели араели од семејното животно стебло, од чии гранки сè уште се подаваат јаболки, како од времето на дедо ми.
И мораме почесто да се сеќаваме! И кога сеќавањата стануваат луксуз („времето е пари и јас немам време за тоа!“, ќе каже некој) и кога навраќањата на минатото стануваат демоде („нема ништо таму во минатото, освен одредени поуки“, ќе каже некој друг!) или кога културата на сеќавање станува модерна наука и добра практика („среќните луѓе имаат слабо паметење, но богато сеќавање“, ќе каже некој трет) - ние можеме и треба да се сеќаваме!

Затоа што никој друг, освен нас самите, не може да се сеќава и да ги раскажува нашите лични или колективни животни приказни! Затоа што, оние кои не го паметат своето минато, се осудени на вечно повторување на истото! Затоа што и науката потврдува дека не постои нешто што се вика комплетно заборавање или целосно бришење на податоците од меморијата! Затоа што и кога не се сеќаваме, нашето тело се сеќава! И нашата душа се сеќава! И природата совршено памети! Затоа што секоја наша воздишка и секој здив што го вдишуваме, веќе следниот миг стануваат, сеќавање!Затоа што без сеќавање, немаме чувство за времето, а без тоа чувство, немаме ни простор кој ќе се именува со нашето постоење! Затоа што без паметење и сеќавање се претвораме во пеперутки, кои живеат само еден ден!

Како пеперутки што живеат само еден ден!

Тоа што поворно ме поттикнува да пишувам за сеќавањето и паметењето, се најнапред добрите примери на култура на сеќавање која ја негуваат одредени култури (и од нашето непосредно соседство), кои токму заради тоа својство, остануваат постојано моќни, актуелни и секогаш привлечни! Неодамна пишував за „Годината на Марија Калас“ низ цел свет, но најмногу во Грција, по повод 100-годишнината од нејзиното раѓање, а деновиве читам дека Италија и Венеција веќе се подготвени за одбележување на 700-годишнината од смртта на еден од најголемите светски трговци и патеписци, Марко Поло.
Програмата за славење и сеќавање на Марко Поло, подготвена од Министерството за култура на Италија и Венеција, ќе трае не една, туку цели три години, а започнува токму деновиве со изложување на неговиот тестамент, во специјална климатизирана кутија! Централниот годишен настан, планиран во пикот на летната туристичка сезона, од април до септември годинава, предвидува изложба на преку 300 музејски експонати, од кои дел позајмени за оваа прилика, од музеите во Кина, Ерменија, Катар и Канада.

Сеќавајќи се, како Италија ги одбележа годишнините на Микеланџело и на Леонардо да Винчи, во 2015 и 2019 година, убеден сум дека и од овој јубилеен настан, Италијаните ќе умеат да направат првокласна културна и туристичка сензација.

Тоа што посебно ме поттикнува одново и одново да пишувам за културата на сеќавањето, не е отсуството на личното или недостаток во колективното негување на спомените и сеќавањето, ниту е тоа само инспиративниот поттик од големите култури и нивниот влог во културата на сеќавање, туку тоа е неколкугодишното комплетно отсуство на домашна државна иницијативност, стратешка и оперативна програмска активност во негувањето култура на сеќавање во Македонија!

Веќе седум години, македонското Собрание не ја уважува сопствената Одлука за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија, донесена во мај 1998 и изменета и дополнета во 2003 и во 2009 година.

Дваесет години по ред, македонското Собрание беше родно место од каде извираше, се негуваше и се охрабруваше официјална државна политика на културата на сеќавање, преку која се овластуваа највисоките државни органи, органите на локалната самоуправа и државните и локалните институции, граѓанските организации и заедници, да се вклучат во одбележувањето на она што пратениците оцениле, и изгласале дека како Годишна програма е од исклучителна важност за државата.

Седма година по ред како државата се откажува од една од своите најважни функции, да креира заедничка култура на сеќавање и седма година по ред, како државноста се ништи, пред наши очи, токму преку оваа евидентна култура на амнезија, или култура на организирано заборавање. А народи и држави, без свое паметење, без сопствена култура на сеќавање и без сопствена приказна која би му ја раскажале на светот, се осудени на пропаст и бришење од светската меморија.

Нема сомнеж дека честа на културата на сеќавањето и одбележувањето на значајни годишнини и во 2024 година, ќе ја спасуваат лични иницијативи на луѓе достојни на своето минато и на институции достојни на својата репутација и институционална меморија, па ќе има кој да ги одбележи и без официјална годишна државна програма! А годинава, меѓу другите, се паѓаат и значајни годишнини, поврзани со Крсте Петков Мисирков (150 години од раѓањето), Васил Чакаларов (150 години од раѓањето) Арсениј Јовков (100 години од смртта), Димо Хаџи Димов (100 години од смртта), 110 годишнините од раѓањето на Јосиф Јосифовски Свештарот и на Неџат Аголи, 100 годишнината од раѓањето на академик Крум Томовски, 90 годишнината од раѓањето на цела плејада културни, научни и спортски дејци, Петре М. Андреевски, Томислав Зографски, Александар Ѓурчинов, Љупка Џундева, Видое Подгорец, Нико Нестор и Живко Поповски, 80-годишнината од ослободувањето од фашизмот и одлуките на АСНОМ, 80-годишнината на Националната и универзитетска библиотека, 80 години Македонско радио и 60 години Македонска телевизија и уште мноштво други важни настани.

Она што сигурно знам и за што немам трошка сомнеж е дека културата на сеќавање, допрва ќе станува и модерна научна дисциплина на бројни европски универзитети и добра европска практика, бидејќи во својата суштинска природа, културата на сеќавање, посебно критичката, нема за цел да ги продлабочува конфликтите помеѓу културите, туку да ги упатува едни на други! (и да ги хармонизира и кога тие не секогаш  создаваат хомогена сфера од култури на сеќавања!).

Она, за што исто така немам сомнеж е, дека нема вечни цивилизации и вечни култури, но, најдолговечни се оние кои умеат и знаат да ја негуваат сопствената култура на сеќавање! И дека тешко е да се очекува адекватна култура на сеќавање во општества во кои има сè помалку култура! Она за што исто така сум сосем убеден, е дека историските процеси преку кои „културната нација“ во еден момент станува национална држава, циклично ќе завртат цел еден круг и ќе се претворат во своја спротивност, токму кога културата на заборавање ќе биде помоќна од културата на паметење и сеќавање. Уште поубеден сум, дека народите кои ќе престанат да се интересираат за критичко осознавање, за негување и за живеење со своето минато, не може да се пронајдат во креирањето сопствена иднина!

Меѓу паметењето и сеќавањето, од една страна и заборавањето, од друга страна, лежи само мал напор! Мал напор за секој од нас поединечно, но толку значаен за сите нас заедно, да си го спасиме и однегуваме животното дрво, без кое би било никои и ништо! Како пеперутки кои живеат само еден ден!

The post Се сеќавам, значи постојам! Паметам, значи живеам! appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Свети Јован е! Чинам, нема друг месец во годината, во кој ни се остава толку многу простор да нурнеме подлабоко во сеќавањата, поврзани како со личното, така и со колективното сеќавање, преку трајно меморираните верувања, обичаи, обреди и ритуали од раскошно богатата македонска фолклорна традиција или црковно-верските празнувања и славења посветени на православните светци. Свети Јован е еден од тие празници, за кој нема потреба да ѕирнувам во верскиот календар, за да се потсетувам кога се слави! Дедо ми од мајчина страна се викаше Јован и многу добро се сеќавам, уште од најмала возраст, со каква радост се славеше овој празничен ден! Дедо ми Јован, иако останал сирак без татко од многу мал, успеал и покрај сите животни несреќи што го снашле, да создаде и свој дом и свој имот, големо четиридетно семејство и свој голем круг на пријатели! И денес ми е пред очи како се радува, кога ќе му се наполнеа со гости четирите одаи од куќата за Свети Јован! Долу, покрај разгорениот оган од дрвја, на долгата маса и двата кауча, ќе испоседнеа повозрасните, а горе, преку тремот кој мирисаше на дуњи и бело грозје обесено на гредите, се качуваа младите, другарите на вујко ми. За мене, тогаш неговиот единствен внук, ова беше празник на празниците! Дење, по утринската црковна служба на која задолжително ме водеше баба ми, заради обврските околу подготовките за славата, сите ќе подзаборавеа на мене, па ќе си дозволев да правам сè она што внук кај баба и дедо може да прави! Најпрво, ќе се пуштев на прсти поткренат по фино стокмените послужавници со бомбици и колачи за гости, ќе грабнев неколку, патем наросувајќи мелени ореви и кокос, насекаде! Потоа, во најтемниот дел од тремот од каде мамеше мирисот на дуњи и грозје, повторно поткренат на прсти, ќе пуштев прсти по штотуку премачканиот шлаг на тортата, оставена да отстои таму, а времето околу ручек и подаденото прво испржено ќофте од баба ми, кое демек, случајно ќе ми паднеше на земја, ќе „морав“ да и’ го дадам на кучката која таа зима доеше мали кутриња. А вечерта, нова тура радости! Живо заитан кон секого од новодојдените гости, подеднакво среќен како дедо ми, па некое време затаен под масата со гости, подзачуден зошто жените одвреме-навреме ќе ги нагазат мажите по нозе (и некој познат глас од масата, кој нервозно ќе подвикне: „Доста ме газеше, ма“!), па некое време седнат во скутот на дедо ми или на некој друг близок роднина, милно местејќи се да ме чешкаат по грб, додека гостите си мезат и слатко се смеат на приказните на дедо ми! (една од тие приказни, од неговите војнички денови, кога златната фолија од чоколадото братски си ја поделиле, а темното чоколадо го фрлиле, подоцна ја слушав редовно, во различни верзии, на секоја домашна слава на св. Јован!) Оваа и мноштво други анегдоти од животот на дедо ми, познат трговец со јаболко и грозје кого го познаваа сите и не само во мојот крај, ги слушав седнат покрај него и веќе потпораснат, кога се проретчија неговите пријатели и кога почесто остануваше сам! Тогаш, ќе земеше јаболко, како да држи нешто највозвишено во раце, ќе ја излупеше мајсторски лушпата во еден потег и ќе почнеше да ни подава од неа, мене и на останатите внуци, додека живо ги голтавме соковите од неговите, не секогаш весели животни приказни. И секој Св. Јован, низ годините потоа, ваквите сеќавања (и кога сум немал многу време за нив) ме исполнувале со топлина и чинам, ми осветлувале цели араели од семејното животно стебло, од чии гранки сè уште се подаваат јаболки, како од времето на дедо ми. И мораме почесто да се сеќаваме! И кога сеќавањата стануваат луксуз („времето е пари и јас немам време за тоа!“, ќе каже некој) и кога навраќањата на минатото стануваат демоде („нема ништо таму во минатото, освен одредени поуки“, ќе каже некој друг!) или кога културата на сеќавање станува модерна наука и добра практика („среќните луѓе имаат слабо паметење, но богато сеќавање“, ќе каже некој трет) - ние можеме и треба да се сеќаваме! Затоа што никој друг, освен нас самите, не може да се сеќава и да ги раскажува нашите лични или колективни животни приказни! Затоа што, оние кои не го паметат своето минато, се осудени на вечно повторување на истото! Затоа што и науката потврдува дека не постои нешто што се вика комплетно заборавање или целосно бришење на податоците од меморијата! Затоа што и кога не се сеќаваме, нашето тело се сеќава! И нашата душа се сеќава! И природата совршено памети! Затоа што секоја наша воздишка и секој здив што го вдишуваме, веќе следниот миг стануваат, сеќавање!Затоа што без сеќавање, немаме чувство за времето, а без тоа чувство, немаме ни простор кој ќе се именува со нашето постоење! Затоа што без паметење и сеќавање се претвораме во пеперутки, кои живеат само еден ден! Како пеперутки што живеат само еден ден! Тоа што поворно ме поттикнува да пишувам за сеќавањето и паметењето, се најнапред добрите примери на култура на сеќавање која ја негуваат одредени култури (и од нашето непосредно соседство), кои токму заради тоа својство, остануваат постојано моќни, актуелни и секогаш привлечни! Неодамна пишував за „Годината на Марија Калас“ низ цел свет, но најмногу во Грција, по повод 100-годишнината од нејзиното раѓање, а деновиве читам дека Италија и Венеција веќе се подготвени за одбележување на 700-годишнината од смртта на еден од најголемите светски трговци и патеписци, Марко Поло. Програмата за славење и сеќавање на Марко Поло, подготвена од Министерството за култура на Италија и Венеција, ќе трае не една, туку цели три години, а започнува токму деновиве со изложување на неговиот тестамент, во специјална климатизирана кутија! Централниот годишен настан, планиран во пикот на летната туристичка сезона, од април до септември годинава, предвидува изложба на преку 300 музејски експонати, од кои дел позајмени за оваа прилика, од музеите во Кина, Ерменија, Катар и Канада. Сеќавајќи се, како Италија ги одбележа годишнините на Микеланџело и на Леонардо да Винчи, во 2015 и 2019 година, убеден сум дека и од овој јубилеен настан, Италијаните ќе умеат да направат првокласна културна и туристичка сензација. Тоа што посебно ме поттикнува одново и одново да пишувам за културата на сеќавањето, не е отсуството на личното или недостаток во колективното негување на спомените и сеќавањето, ниту е тоа само инспиративниот поттик од големите култури и нивниот влог во културата на сеќавање, туку тоа е неколкугодишното комплетно отсуство на домашна државна иницијативност, стратешка и оперативна програмска активност во негувањето култура на сеќавање во Македонија! Веќе седум години, македонското Собрание не ја уважува сопствената Одлука за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија, донесена во мај 1998 и изменета и дополнета во 2003 и во 2009 година. Дваесет години по ред, македонското Собрание беше родно место од каде извираше, се негуваше и се охрабруваше официјална државна политика на културата на сеќавање, преку која се овластуваа највисоките државни органи, органите на локалната самоуправа и државните и локалните институции, граѓанските организации и заедници, да се вклучат во одбележувањето на она што пратениците оцениле, и изгласале дека како Годишна програма е од исклучителна важност за државата. Седма година по ред како државата се откажува од една од своите најважни функции, да креира заедничка култура на сеќавање и седма година по ред, како државноста се ништи, пред наши очи, токму преку оваа евидентна култура на амнезија, или култура на организирано заборавање. А народи и држави, без свое паметење, без сопствена култура на сеќавање и без сопствена приказна која би му ја раскажале на светот, се осудени на пропаст и бришење од светската меморија. Нема сомнеж дека честа на културата на сеќавањето и одбележувањето на значајни годишнини и во 2024 година, ќе ја спасуваат лични иницијативи на луѓе достојни на своето минато и на институции достојни на својата репутација и институционална меморија, па ќе има кој да ги одбележи и без официјална годишна државна програма! А годинава, меѓу другите, се паѓаат и значајни годишнини, поврзани со Крсте Петков Мисирков (150 години од раѓањето), Васил Чакаларов (150 години од раѓањето) Арсениј Јовков (100 години од смртта), Димо Хаџи Димов (100 години од смртта), 110 годишнините од раѓањето на Јосиф Јосифовски Свештарот и на Неџат Аголи, 100 годишнината од раѓањето на академик Крум Томовски, 90 годишнината од раѓањето на цела плејада културни, научни и спортски дејци, Петре М. Андреевски, Томислав Зографски, Александар Ѓурчинов, Љупка Џундева, Видое Подгорец, Нико Нестор и Живко Поповски, 80-годишнината од ослободувањето од фашизмот и одлуките на АСНОМ, 80-годишнината на Националната и универзитетска библиотека, 80 години Македонско радио и 60 години Македонска телевизија и уште мноштво други важни настани. Она што сигурно знам и за што немам трошка сомнеж е дека културата на сеќавање, допрва ќе станува и модерна научна дисциплина на бројни европски универзитети и добра европска практика, бидејќи во својата суштинска природа, културата на сеќавање, посебно критичката, нема за цел да ги продлабочува конфликтите помеѓу културите, туку да ги упатува едни на други! (и да ги хармонизира и кога тие не секогаш  создаваат хомогена сфера од култури на сеќавања!). Она, за што исто така немам сомнеж е, дека нема вечни цивилизации и вечни култури, но, најдолговечни се оние кои умеат и знаат да ја негуваат сопствената култура на сеќавање! И дека тешко е да се очекува адекватна култура на сеќавање во општества во кои има сè помалку култура! Она за што исто така сум сосем убеден, е дека историските процеси преку кои „културната нација“ во еден момент станува национална држава, циклично ќе завртат цел еден круг и ќе се претворат во своја спротивност, токму кога културата на заборавање ќе биде помоќна од културата на паметење и сеќавање. Уште поубеден сум, дека народите кои ќе престанат да се интересираат за критичко осознавање, за негување и за живеење со своето минато, не може да се пронајдат во креирањето сопствена иднина! Меѓу паметењето и сеќавањето, од една страна и заборавањето, од друга страна, лежи само мал напор! Мал напор за секој од нас поединечно, но толку значаен за сите нас заедно, да си го спасиме и однегуваме животното дрво, без кое би било никои и ништо! Како пеперутки кои живеат само еден ден!

The post Се сеќавам, значи постојам! Паметам, значи живеам! appeared first on Република.

]]>
Во петок е Свети Јован, за денот има посебни верувања: Дали трпезата треба да биде посна или мрсна? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-petok-e-sveti-jovan-za-denot-ima-posebni-veruvana-dali-trpezata-treba-da-bide-posna-ili-mrsna/ Mon, 16 Jan 2023 21:15:03 +0000 https://republika.mk/?p=597658

На 20 јануари се празнува Крштевањето на Свети Јован, а дали трпезата ќе биде мрсна или посна зависи од тоа во кој ден се паѓа овој празник.

Јован Крстител се слави неколку пати во текот на годината, но православната црква го слави празникот Крштение на 20 јануари. Празникот е посветен на светецот и пророк кој го крсти Исус Христос во реката Јордан.

На Свети Јован е мрсна гозба, освен кога се паѓа во среда или петок, во тие два случаи се подготвува посна трпеза. Оваа година 20 јануари се паѓа во петок, што значи дека на Свети Јован се пости.

Многу народни обичаи се поврзани со овој празник. Според верувањата, на тој ден жените никако не треба да допираат игли за плетење, ножици или игли.

На денот на Свети Јован верниците не треба да земаат нож во раце, во знак на сеќавање на мачеништвото на Јован, ниту да јадат и пијат нешто што е во црвена боја, бидејќи таа боја ја симболизира невино пролеаната крв на светителот. На децата исто така не им се дава ништо црвено на овој ден.

Исто така, според верувањата, 20-ти јануари е идеален ден за одење на патување, бидејќи ќе ја имате заштитата на овој светец.

The post Во петок е Свети Јован, за денот има посебни верувања: Дали трпезата треба да биде посна или мрсна? appeared first on Република.

]]>

На 20 јануари се празнува Крштевањето на Свети Јован, а дали трпезата ќе биде мрсна или посна зависи од тоа во кој ден се паѓа овој празник. Јован Крстител се слави неколку пати во текот на годината, но православната црква го слави празникот Крштение на 20 јануари. Празникот е посветен на светецот и пророк кој го крсти Исус Христос во реката Јордан. На Свети Јован е мрсна гозба, освен кога се паѓа во среда или петок, во тие два случаи се подготвува посна трпеза. Оваа година 20 јануари се паѓа во петок, што значи дека на Свети Јован се пости. Многу народни обичаи се поврзани со овој празник. Според верувањата, на тој ден жените никако не треба да допираат игли за плетење, ножици или игли. На денот на Свети Јован верниците не треба да земаат нож во раце, во знак на сеќавање на мачеништвото на Јован, ниту да јадат и пијат нешто што е во црвена боја, бидејќи таа боја ја симболизира невино пролеаната крв на светителот. На децата исто така не им се дава ништо црвено на овој ден. Исто така, според верувањата, 20-ти јануари е идеален ден за одење на патување, бидејќи ќе ја имате заштитата на овој светец.

The post Во петок е Свети Јован, за денот има посебни верувања: Дали трпезата треба да биде посна или мрсна? appeared first on Република.

]]>
Бигорски манастир денеска го слави својот заштитник Јован https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bigorski-manastir-deneska-go-slavi-svojot-zashtitnik-jovan/ Sun, 11 Sep 2022 10:41:29 +0000 https://republika.mk/?p=549675

Со песни и торжество, со благодарности и славословија, Бигорски манастир го слави богопрославениот патрон, својот заштитник, закрилник и небесен застапник, светиот славен и чесен пророк, Претеча и Крстител Господов, Јован.

Неговата чудотворна Бигорска икона и светите мошти во цветно украсениот храм излеваат благомирис и радост низ неговиот дом на падините од Бистра и ги напојуваат и успокојуваат душите на населниците и на поклониците.

Стотици верници беа синоќа во илјадалетното светилиште на свети Јован, за да му оддадат чест и пофалба, да го прослават, да му се помолат и да примат големи дарови од „земниот ангел и небесен човек”, чудесниот и чудотворен Крстител Господов.

Монашките заедници, под татковската грижа на нивниот возљубен старец, епископот Антаниски и игумен бигорски г. Партениј, со најголема љубов и пожртвуваност се вложија во подготовките за прославата на „најголемиот меѓу родените од жена”, примерот и заштитникот на монашкиот живот и подвиг, гласот кој вика од пустината: „Покајте се!”

Со сеноќно празнично бдение свештената бигорска обител го прослави громогласниот проповедник Божји од реката Јордан, раката која го покажа и го крсти Јагнето Божјо, сечесната глава која беше отсечена за вистината.

Соборното празнично ликување беше збогатено со духовниот раскош од присуството на почесните и почитувани гости: претставникот од Вселенската Патријаршија во Константинопол, великиот свештенопроповедник на великата Христова црква, архимандрит г. Панарет Псаравтис, долгогодишен пријател и брат од црквата на Грција, архимандрит г. Матеј Псомас, како и свештенопроповедникот на митрополијата на Верија и протопсалт архимандрит г. Херувим Мустакас, кој со својот прекрасен хор го украси бдението со благодатното светогорско византиско пеење.

Молитвениот благодарствен израз кон свети Јован, на почетокот од бдението го даде епископот г. Партениј, со својата пригодна беседа.

Крстителот Господов ја развива теологијата на духовната радост, на ликувањето на внатрешниот човек, кое произлегува од близината, од другарувањето со Христа. Ваквото вишно богословие е, всушност, основата на христијанското живеење, па затоа и главната книга на христијанското откровение се нарекува блага, радосна вест, односно Евангелие…

Конформизмот, телесните наслади и удопството во кои живее денешното општество, делуваат разорно и целосно го опустошуваат духот на современиот човек, па затоа тој сè помалку го доживува чувството на внатрешната радост и дишењето во слобода, за сметка на рамнодушноста, меланхолијата и очајот. Овој факт го прави уште погласен повикот на Јована Крстителот за покајание, за урамнотежена аскеза, за плодоносна самодисциплина и за еден нов молитвен живот, рече владиката Партениј.

Во своето повратно обраќање, пак, високопреподобниот архимандрит Панарет, кој допатува со група од педесетина словенојазични верници од Цариград, на голема радост и чест, го пренесе поздравот и благословот од Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј.

Преосвештен епископе Антаниски г. Партение, сечесни отци и браќа на оваа света Обител, браќа и сестри Христијани, дојдовме од маченичкиот Фанар, од Првопрестолната Црква Константинополска, за да го пренесеме татковскиот молитвен поздрав и патријаршискиот благослов на нашиот Вселенски Патријарх. Дојдовме да се поклониме, да богослужиме, да заедничариме од единствената Чаша, од едното Тело Господово. Пристигнавме со една славојазична парохиска заедница која во своето стадо вклучува Руси, Украинци, Грузијци, Молдавци, Кавкасци. А дојдовме тука затоа што знаеме колку е тешко да бидеш осамен и изолиран на едно место; дојдовме, значи, за да општиме заедно и на тој начин ни се дава можност да ве запознаеме, да нè запознаете и да ви посакаме многу години. А како спомен за нашата посета, Ви ја принесуваме оваа енколпија, со желба да имате долгогодишно архијерејство во оваа Обител. На многаја и благаја лета, посака тој.

Во продолжение, хорот од горенаведената парохија од Константинопол му испеаја многулетие на црковнословенски на владиката Партениј, кој срдечно им се заблагодари и ним и на почитуваниот отец Панарет, подарувајќи му архимандритски крст од илјадагодишнината на Бигорската Обител.

Денеска на денот на партонот по пречекот на надлежниот митрополит дебарско-кичевски, неговото високопреосвештенство г. Тимотеј и на некогашниот собрат на Бигорската обител, митрополитот тетовско-гостиварски, неговото високопреосвештенство г. Јосиф во 9 часот почнува света архиерејска Златоустова Литургија.

The post Бигорски манастир денеска го слави својот заштитник Јован appeared first on Република.

]]>

Со песни и торжество, со благодарности и славословија, Бигорски манастир го слави богопрославениот патрон, својот заштитник, закрилник и небесен застапник, светиот славен и чесен пророк, Претеча и Крстител Господов, Јован. Неговата чудотворна Бигорска икона и светите мошти во цветно украсениот храм излеваат благомирис и радост низ неговиот дом на падините од Бистра и ги напојуваат и успокојуваат душите на населниците и на поклониците. Стотици верници беа синоќа во илјадалетното светилиште на свети Јован, за да му оддадат чест и пофалба, да го прослават, да му се помолат и да примат големи дарови од „земниот ангел и небесен човек”, чудесниот и чудотворен Крстител Господов. Монашките заедници, под татковската грижа на нивниот возљубен старец, епископот Антаниски и игумен бигорски г. Партениј, со најголема љубов и пожртвуваност се вложија во подготовките за прославата на „најголемиот меѓу родените од жена”, примерот и заштитникот на монашкиот живот и подвиг, гласот кој вика од пустината: „Покајте се!” Со сеноќно празнично бдение свештената бигорска обител го прослави громогласниот проповедник Божји од реката Јордан, раката која го покажа и го крсти Јагнето Божјо, сечесната глава која беше отсечена за вистината. Соборното празнично ликување беше збогатено со духовниот раскош од присуството на почесните и почитувани гости: претставникот од Вселенската Патријаршија во Константинопол, великиот свештенопроповедник на великата Христова црква, архимандрит г. Панарет Псаравтис, долгогодишен пријател и брат од црквата на Грција, архимандрит г. Матеј Псомас, како и свештенопроповедникот на митрополијата на Верија и протопсалт архимандрит г. Херувим Мустакас, кој со својот прекрасен хор го украси бдението со благодатното светогорско византиско пеење. Молитвениот благодарствен израз кон свети Јован, на почетокот од бдението го даде епископот г. Партениј, со својата пригодна беседа.
Крстителот Господов ја развива теологијата на духовната радост, на ликувањето на внатрешниот човек, кое произлегува од близината, од другарувањето со Христа. Ваквото вишно богословие е, всушност, основата на христијанското живеење, па затоа и главната книга на христијанското откровение се нарекува блага, радосна вест, односно Евангелие…
Конформизмот, телесните наслади и удопството во кои живее денешното општество, делуваат разорно и целосно го опустошуваат духот на современиот човек, па затоа тој сè помалку го доживува чувството на внатрешната радост и дишењето во слобода, за сметка на рамнодушноста, меланхолијата и очајот. Овој факт го прави уште погласен повикот на Јована Крстителот за покајание, за урамнотежена аскеза, за плодоносна самодисциплина и за еден нов молитвен живот, рече владиката Партениј. Во своето повратно обраќање, пак, високопреподобниот архимандрит Панарет, кој допатува со група од педесетина словенојазични верници од Цариград, на голема радост и чест, го пренесе поздравот и благословот од Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј.
Преосвештен епископе Антаниски г. Партение, сечесни отци и браќа на оваа света Обител, браќа и сестри Христијани, дојдовме од маченичкиот Фанар, од Првопрестолната Црква Константинополска, за да го пренесеме татковскиот молитвен поздрав и патријаршискиот благослов на нашиот Вселенски Патријарх. Дојдовме да се поклониме, да богослужиме, да заедничариме од единствената Чаша, од едното Тело Господово. Пристигнавме со една славојазична парохиска заедница која во своето стадо вклучува Руси, Украинци, Грузијци, Молдавци, Кавкасци. А дојдовме тука затоа што знаеме колку е тешко да бидеш осамен и изолиран на едно место; дојдовме, значи, за да општиме заедно и на тој начин ни се дава можност да ве запознаеме, да нè запознаете и да ви посакаме многу години. А како спомен за нашата посета, Ви ја принесуваме оваа енколпија, со желба да имате долгогодишно архијерејство во оваа Обител. На многаја и благаја лета, посака тој.
Во продолжение, хорот од горенаведената парохија од Константинопол му испеаја многулетие на црковнословенски на владиката Партениј, кој срдечно им се заблагодари и ним и на почитуваниот отец Панарет, подарувајќи му архимандритски крст од илјадагодишнината на Бигорската Обител. Денеска на денот на партонот по пречекот на надлежниот митрополит дебарско-кичевски, неговото високопреосвештенство г. Тимотеј и на некогашниот собрат на Бигорската обител, митрополитот тетовско-гостиварски, неговото високопреосвештенство г. Јосиф во 9 часот почнува света архиерејска Златоустова Литургија.

The post Бигорски манастир денеска го слави својот заштитник Јован appeared first on Република.

]]>