свети јован бигорски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-jovan-bigorski/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 09:19:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свети јован бигорски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-jovan-bigorski/ 32 32 Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава https://arhiva3.republika.mk/vesti/bigorski-gi-kani-vernitsite-na-traditsionalno-odbelezhuvane-na-glavnata-manastirska-slava-2/ Sun, 08 Sep 2024 09:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=814295

Манастирот „Свети Јован Бигорски“ ги кани верниците на традиционалното одбележување на главата манастирска слава Свештената Бигорска Обител, во спомен на Отсекувањето на чесната главата на Свети Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован.

За таа цел од манастирот посочуваат дека во вторник во 18 часот ќе има празнична Вечерна богослужба, на која ќе претстои Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во текот на богослужбата, тројца членови од нашето братство ќе бидат вброени кон рамноангелскиот монашки чин.

За среда е предвидено во 7:30 часто да почне утринската богослужба

- во 8:45 ч. – пречек на Архиереите: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Епископот Антаниски г. Партениј.

- 9:00 ч. – Света архиерејска Златоустова Литургија.

По завршетокот на Божествената Литургија ќе бидат осветени темелите на новата манастирска гробишна црква со костурница, посветена на Св. Наум Охридски.

„Славното Бигорско Светилиште, кое низ вековите било и останало гордост и пофалба на нашите предци и столб на нивната православна вера и самобитност, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ја јакне верата на народот. Затоа, да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно Светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на Светиот Претеча. Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот Пророк и Крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани и почитувачи на свештеното дело на Свети Јован, да се присоединат кон неговото големо торжество, бидејќи тој, во денот на својот најголем празник – Усекновение на неговата чесна глава, е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и преку неговите свети мошти што се чуваат во нашиот Манастир, ги слуша и исполнува молитвите на оние што со љубов и вера го повикуваат; тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите што ревносно го чествуваат неговиот спомен. И кога секој човек неизмерно се радува кога ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својата свеченост, тогаш колку ли, пак, повеќе Светиите Божји ги милуваат оние кои ги чествуваат! Молитвите на Свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас“ се додава во соопштението на Бигорскиот Манастир.

The post Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава appeared first on Република.

]]>

Манастирот „Свети Јован Бигорски“ ги кани верниците на традиционалното одбележување на главата манастирска слава Свештената Бигорска Обител, во спомен на Отсекувањето на чесната главата на Свети Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован. За таа цел од манастирот посочуваат дека во вторник во 18 часот ќе има празнична Вечерна богослужба, на која ќе претстои Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во текот на богослужбата, тројца членови од нашето братство ќе бидат вброени кон рамноангелскиот монашки чин. За среда е предвидено во 7:30 часто да почне утринската богослужба - во 8:45 ч. – пречек на Архиереите: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Епископот Антаниски г. Партениј. - 9:00 ч. – Света архиерејска Златоустова Литургија. По завршетокот на Божествената Литургија ќе бидат осветени темелите на новата манастирска гробишна црква со костурница, посветена на Св. Наум Охридски.
„Славното Бигорско Светилиште, кое низ вековите било и останало гордост и пофалба на нашите предци и столб на нивната православна вера и самобитност, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ја јакне верата на народот. Затоа, да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно Светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на Светиот Претеча. Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот Пророк и Крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани и почитувачи на свештеното дело на Свети Јован, да се присоединат кон неговото големо торжество, бидејќи тој, во денот на својот најголем празник – Усекновение на неговата чесна глава, е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и преку неговите свети мошти што се чуваат во нашиот Манастир, ги слуша и исполнува молитвите на оние што со љубов и вера го повикуваат; тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите што ревносно го чествуваат неговиот спомен. И кога секој човек неизмерно се радува кога ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својата свеченост, тогаш колку ли, пак, повеќе Светиите Божји ги милуваат оние кои ги чествуваат! Молитвите на Свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас“ се додава во соопштението на Бигорскиот Манастир.
 
The post Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава appeared first on Република.

]]>
Верници од повеќе градови од земјава во Бигорски на именденот на владиката Партениј https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vernici-od-povekje-gradovi-od-zemjava-vo-bigorski-na-imendenot-na-vladikata-partenij/ Mon, 21 Feb 2022 08:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=461260

Во присуство на верници од многу делови на државава, со запазување на пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19, беше одбележан именденот на игуменот на свештената Бигорска Обител, неговото Преосвештенство г. Партениј.

Бескрајно ви благодарам мили мои гости и духовни чеда, што допатувавте дотука за да ја споделите заедно со нас радоста и убавината од денешното црковно празнување – попразненството на Сретението Господово и споменот на големиот Христов угодник и чудотворец, Свети Партениј, епископот Лампсакиски. Особено сакам да му се заблагодарам на мојот возљубен брат во Христа, Архимандрит г. Доситеј, старецот и игумен на Манастирот Гргетег во Србија, кој ни сотвори голема чест и радост со своето ценето присуство. Имено, тој е пријател на нашиот Манастир и на нашето Братство и за него можам да кажам само дека е човек на Христова љубов - изјави меѓу другото во обраќањето г. Партениј.

Од името на братството и сестринствата именденот на владиката Партениј му го честиташе неговото Високопреподобие, архимандрит Доситеј. Тој порача дека и оваа година благодатта Божја ги собрал заедно, за соборно да се помолат на големиот Христов чудотворец, епископот Лампсакиски, Свети Партениј, а истовремено со ова молитвено чествување, да го „одбележат и именденот на Владиката на нивните срца, духовниот татко на повеќето од нив таму присутни, како и на уште многу повеќе телесно отсутни, но со духот дојдени овде во храмот на Чесниот Претеча“.

Ако секојдневието на еден обичен монах е распнувањето на стариот, паднат човек во нас, борбата со страстите и со разноразните демонски искушенија, како што тоа, впрочем, е мошне сликовито прикажано на фреската во ексонартексот, тогаш многу поголемо е катадневното распетие на нашиот Старец и Игумен, кој, згора на нашите лични страданија и искушенија, како и искушенијата и маките на уште илјадници свои духовни чеда, со љубов и проштавање ги трпи навредите и клеветите од надворешни луѓе кои не го ни познаваат добро, а ете си зеле или добиле задача да го оцрнуваат. Ваше преосвештенство, честит именден и на многаја лета - порача архимандрит Доситеј.

Освен молитвите произнесени од своите срца за време на богослужението, духовните чеда на г. Партениј, од „Ѓорче Петров“-Скопје, од Охрид, Дебар, Ростуше, кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“, од Битола и друг градови, ја изразија својата благодарност и љубов кон својот духовен татко и преку неколку посвети, пригодни подароци и цвеќиња, а Билјана Андоновска од Битола и со поема.

-Ви се заблагодарувам уште еднаш на сите, од сето срце свое и од сета душа своја, за обилната љубов со која ме опсипавте, за вашите искрени молитви и желби, коишто се толку драгоцени за мене и без кои не ќе можев да го носам тешкиот крст на архиерејската и игуменска служба, за вашите радосни лица и за вашите христољубиви души. Благословот на нашиот Отец меѓу Светиите, Партениј Лампсакиски Чудотворец нека биде со сите вас! За многу години, посака г. Партениј.

До владиката Партениј пристигнаа и голем број честитки од разни краеви на државава и надвор од неа.

The post Верници од повеќе градови од земјава во Бигорски на именденот на владиката Партениј appeared first on Република.

]]>

Во присуство на верници од многу делови на државава, со запазување на пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19, беше одбележан именденот на игуменот на свештената Бигорска Обител, неговото Преосвештенство г. Партениј.
Бескрајно ви благодарам мили мои гости и духовни чеда, што допатувавте дотука за да ја споделите заедно со нас радоста и убавината од денешното црковно празнување – попразненството на Сретението Господово и споменот на големиот Христов угодник и чудотворец, Свети Партениј, епископот Лампсакиски. Особено сакам да му се заблагодарам на мојот возљубен брат во Христа, Архимандрит г. Доситеј, старецот и игумен на Манастирот Гргетег во Србија, кој ни сотвори голема чест и радост со своето ценето присуство. Имено, тој е пријател на нашиот Манастир и на нашето Братство и за него можам да кажам само дека е човек на Христова љубов - изјави меѓу другото во обраќањето г. Партениј.
Од името на братството и сестринствата именденот на владиката Партениј му го честиташе неговото Високопреподобие, архимандрит Доситеј. Тој порача дека и оваа година благодатта Божја ги собрал заедно, за соборно да се помолат на големиот Христов чудотворец, епископот Лампсакиски, Свети Партениј, а истовремено со ова молитвено чествување, да го „одбележат и именденот на Владиката на нивните срца, духовниот татко на повеќето од нив таму присутни, како и на уште многу повеќе телесно отсутни, но со духот дојдени овде во храмот на Чесниот Претеча“.
Ако секојдневието на еден обичен монах е распнувањето на стариот, паднат човек во нас, борбата со страстите и со разноразните демонски искушенија, како што тоа, впрочем, е мошне сликовито прикажано на фреската во ексонартексот, тогаш многу поголемо е катадневното распетие на нашиот Старец и Игумен, кој, згора на нашите лични страданија и искушенија, како и искушенијата и маките на уште илјадници свои духовни чеда, со љубов и проштавање ги трпи навредите и клеветите од надворешни луѓе кои не го ни познаваат добро, а ете си зеле или добиле задача да го оцрнуваат. Ваше преосвештенство, честит именден и на многаја лета - порача архимандрит Доситеј.
Освен молитвите произнесени од своите срца за време на богослужението, духовните чеда на г. Партениј, од „Ѓорче Петров“-Скопје, од Охрид, Дебар, Ростуше, кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“, од Битола и друг градови, ја изразија својата благодарност и љубов кон својот духовен татко и преку неколку посвети, пригодни подароци и цвеќиња, а Билјана Андоновска од Битола и со поема. -Ви се заблагодарувам уште еднаш на сите, од сето срце свое и од сета душа своја, за обилната љубов со која ме опсипавте, за вашите искрени молитви и желби, коишто се толку драгоцени за мене и без кои не ќе можев да го носам тешкиот крст на архиерејската и игуменска служба, за вашите радосни лица и за вашите христољубиви души. Благословот на нашиот Отец меѓу Светиите, Партениј Лампсакиски Чудотворец нека биде со сите вас! За многу години, посака г. Партениј. До владиката Партениј пристигнаа и голем број честитки од разни краеви на државава и надвор од неа.