свети ѓорѓи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-gorgi/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 10:17:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свети ѓорѓи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-gorgi/ 32 32 Ахмети и ИВЗ против музеј на местото на Свети Ѓорги и Јени џамија во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-i-ivz-protiv-muzej-na-mestoto-na-sveti-gorgi-i-jeni-dhamija-vo-bitola/ Fri, 22 Nov 2024 10:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=840746

ДУИ и ИВЗ се огласија со реакции изразувајќи ја нивната „длабока загриженост’ откако Националната установа Завод и Музеј Битола синоќа во градот на конзулите го отвори Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Јени џамијата, под која беа откриени и темели на црквата „Св. Ѓорѓи“.

Тоа е и еден од проектите со кои НУ Завод и Музеј Битола го одбележува својот јубилеј – 90 години од формирањето.

Директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, на вечерашното отворање потенцира дека Музејот на христијанско и исламско културно наследство е спој на она што сите треба да го прават во секојдневниот живот – да се спојат преку љубовта, преку молитвата, преку соживотот.

„Јени џамијата и црквата „Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Алах или како Господ Исус Христос… Всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов. Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме – не, ширејќи љубов“, посочила директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи при синоќешното отворање на Музејот на христијанско и исламско културно наследство во Битола.

Јени Џамијата се наоѓа во центарот на Битола, на десната страна на реката Драгор, покрај некогашниот Пекмез пазар. Првите археолошки ископување во Јени џамијата кои почнаа во 2003 година во рамките на проектот на „Убикација на средновековна Битола”, покажаа дека таа крие темели на три цркви кои датираат од 7, 11 и 13 век, меѓу кои и некогаш најголемата црква во Битола, „Св. Ѓорѓи“. При ископувањата биле пронајдени два печата, еден сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на со ликот на Мајката Божја, а за највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон врз кого се изгравирани позлатени фигури на светци.

The post Ахмети и ИВЗ против музеј на местото на Свети Ѓорги и Јени џамија во Битола appeared first on Република.

]]>

ДУИ и ИВЗ се огласија со реакции изразувајќи ја нивната „длабока загриженост’ откако Националната установа Завод и Музеј Битола синоќа во градот на конзулите го отвори Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Јени џамијата, под која беа откриени и темели на црквата „Св. Ѓорѓи“. Тоа е и еден од проектите со кои НУ Завод и Музеј Битола го одбележува својот јубилеј – 90 години од формирањето. Директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, на вечерашното отворање потенцира дека Музејот на христијанско и исламско културно наследство е спој на она што сите треба да го прават во секојдневниот живот – да се спојат преку љубовта, преку молитвата, преку соживотот.
„Јени џамијата и црквата „Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Алах или како Господ Исус Христос… Всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов. Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме – не, ширејќи љубов“, посочила директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи при синоќешното отворање на Музејот на христијанско и исламско културно наследство во Битола.
Јени Џамијата се наоѓа во центарот на Битола, на десната страна на реката Драгор, покрај некогашниот Пекмез пазар. Првите археолошки ископување во Јени џамијата кои почнаа во 2003 година во рамките на проектот на „Убикација на средновековна Битола”, покажаа дека таа крие темели на три цркви кои датираат од 7, 11 и 13 век, меѓу кои и некогаш најголемата црква во Битола, „Св. Ѓорѓи“. При ископувањата биле пронајдени два печата, еден сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на со ликот на Мајката Божја, а за највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон врз кого се изгравирани позлатени фигури на светци.

The post Ахмети и ИВЗ против музеј на местото на Свети Ѓорги и Јени џамија во Битола appeared first on Република.

]]>
Под Јени џамија откриени темелите на црквата „Св. Ѓорѓи“: Отвоен Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pod-jeni-dhamija-otkrieni-temelite-na-tsrkvata-sv-gorgi-otvoen-muzejot-na-hristijanskoto-i-islamskoto-kulturno-nasledstvo-vo-bitola/ Thu, 21 Nov 2024 20:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=840555

Националната установа Завод и Музеј, во Битола отвори Музеј на христијанското и исламското културно наследство, прв ваков објект во државата, на кој на иста локација се наоѓаат Јени џамија, а под неа откриените темели на црквата „Св. Ѓорѓи“.

Според Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, овој споменик говори што значи да се биде едно, бидејќи на едно место почиваат темелите на една света црква и на една света џамија и тука не постои поделба.

Јени џамија и црквата „Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Алах или како Господ Исус Христос...всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов. Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме не, ширејќи љубов, посочи Трајковска.

Со овој мега проект, Националната установа Завод и Музеј го одбележува својот јубилеј, 90 години од формирањето, нагласи Зоран Николовски, директор на установата.

Првите археолошки ископување во Јени џамија почнаа во 2003 година под раководство на археологот Томе Јанакиевски, а подоцна и со други стручни лица кои работеа долги години и успеаја целосно да го реставрираат првиот дел од џамијата или тремот. Археолошкиот објект во иднина ќе биде Музеј и целосно отворен за јавноста и посетителите ќе се запознаат со историјатот кој датира од 7 до 11 век, истакна Николовски.

Според градоначалникот Тони Коњановски, новиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство, ја потврдува историјата и значењето на Битола.

На овие балкански и европски простори Битола е еден светилник, раскрсница на христијанството и исламот, но и на разни премрежија кои градот ги минал низ вековите. Битола доби објект кој значи нова туристичка понуда со историска вредност, посочи Коњановски.

Новиот Музеј во Битола се наоѓа спроти градскиот часовник или како што вечерва на свеченото отворање беше нагласено, тоа е објект со длабоки темели на црквата „Св. Ѓорги“ и високо издигната Јени џамија.

The post Под Јени џамија откриени темелите на црквата „Св. Ѓорѓи“: Отвоен Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Битола appeared first on Република.

]]>

Националната установа Завод и Музеј, во Битола отвори Музеј на христијанското и исламското културно наследство, прв ваков објект во државата, на кој на иста локација се наоѓаат Јени џамија, а под неа откриените темели на црквата „Св. Ѓорѓи“. Според Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, овој споменик говори што значи да се биде едно, бидејќи на едно место почиваат темелите на една света црква и на една света џамија и тука не постои поделба.
Јени џамија и црквата „Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Алах или како Господ Исус Христос...всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов. Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме не, ширејќи љубов, посочи Трајковска.
Со овој мега проект, Националната установа Завод и Музеј го одбележува својот јубилеј, 90 години од формирањето, нагласи Зоран Николовски, директор на установата.
Првите археолошки ископување во Јени џамија почнаа во 2003 година под раководство на археологот Томе Јанакиевски, а подоцна и со други стручни лица кои работеа долги години и успеаја целосно да го реставрираат првиот дел од џамијата или тремот. Археолошкиот објект во иднина ќе биде Музеј и целосно отворен за јавноста и посетителите ќе се запознаат со историјатот кој датира од 7 до 11 век, истакна Николовски.
Според градоначалникот Тони Коњановски, новиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство, ја потврдува историјата и значењето на Битола.
На овие балкански и европски простори Битола е еден светилник, раскрсница на христијанството и исламот, но и на разни премрежија кои градот ги минал низ вековите. Битола доби објект кој значи нова туристичка понуда со историска вредност, посочи Коњановски.
Новиот Музеј во Битола се наоѓа спроти градскиот часовник или како што вечерва на свеченото отворање беше нагласено, тоа е објект со длабоки темели на црквата „Св. Ѓорги“ и високо издигната Јени џамија.

The post Под Јени џамија откриени темелите на црквата „Св. Ѓорѓи“: Отвоен Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Битола appeared first on Република.

]]>
Иконостас од мермер и дрвена резба, галерија икони, стари ракописи: Црквата Свети Ѓорѓи во Струга важен споменик на уметноста https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ikonostas-od-mermer-i-drvena-rezba-galerija-ikoni-stari-rakopisi-tsrkvata-sveti-gorgi-vo-struga-vazhen-spomenik-na-umetnosta/ Sun, 10 Mar 2024 09:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=753228

Најстариот христијански верски објект во Струга, црквата „Свети Ѓорѓи“, датира од средината на 13 век и претставува круцијален споменик на уметноста од 19 век во Струшкиот регион. Таа е едно од најстарите духовни светилишта на Балканот и во Европа.

Според историските записи, денешната црква е обновена во 1835 година врз темели на постарата средновековна црква, за која постојат сочувани стари ракописи.

Историчарот на уметност, член на МАНУ и одличен познавач на културното наследство во црквите во Западна Македонија, професор доктор Сашо Цветковски за МИА информира дека најстарата историја на црквата ја следат со иконата на Свети Ѓорѓи од 13 век. Оваа икона пак, е меѓу петте најстари во државата, датира од 1267 година. Пред седум-осум години во црковното депо беше пронајден фрагмент на фреска од Свети Ѓорѓи, што го потврдува податокот дека ова е најстар христијански верски објект во Струга, кој датира од средината на 13 век.

Цветковски посочува дека денешниот храм е изграден за само два месеци, во 1835 година, на местото каде имало многу помала црква.

Додека траела градбата бил даван поткуп, големи материјални средства на турските власти во Струга, во Охрид, па дури и во Скадар како административен центар на овој дел од територијата на Османлиската империја. Тоа било голем предизвик и напор на нашите претци, кои ова го отпочнале во средината на 19 век, вели Цветковски.

Иконостас од мермер и дрвена резба

Интересен во оваа црква е иконостасот, кој е составен од два дела. Долниот е мермерен, парапетите се со убави мермерни плочи кои се резбани, а горниот дел е со убава дебарско мијачка резба - копаница, резбана од нашите најдобри копаничари на 19 век, дебарските мајстори.

Иконостасот бил поставен 1849-та година, дрвениот резбан дел. Иконите се сликани 1850-1851 година, дело на зографи, припадници на Пелагониската зографска традиција, од работилницата во Магарево. Живописот ќе биде завршен 1874 година и тогаш е комплетирана целата декорација за внатрешното уредување на православните храмови. од поставување на иконостасот до поставување на иконите и фрескоживописот, раскажува историчарот на уметност.

Анализирајќи ги фазите на внатрешното уредување, вредноста на архитектурата и просторната концепција, црквата Свети Ѓорѓи, е силен објект од архитектонска гледна точка.

Однадвор изгледа како базилика, но внатре има пет скриени куполи, просторот е многу расчленет и многу интересен. Тоа овозможило и внатре да се наслика голема, обемна и богата програма со извонредни иконографски решенија. Зографите - браќата Макариеви од Галичник, направиле вистинско ремек дело. Тоа е нивно најуспешно и најобемно сликано остварување, додава Цветковски.

Галерија со икони и дела од богатата културна историја во црквата „Свети Ѓорѓи“

Во 90-тите години од минатиот век, во кровот на црквата „Свети Ѓорѓи“ откриени се 50-тина икони, што било мотив да се оформи и галерија.

Иконите беа пронајдени, скриени во кровот на црквата, потоа следеше нивна конзервација, чистење, реставрирање и во 2010 година оформивме галерија на икони каде баа изложени. Покрај најстарата на Свети Ѓорѓи од втората половина на 13 век, тука има икони од 15, 16 и 17 век. Во иконописот на Свети Ѓорѓи доминира поствизантискиот период, појаснува Цветковски.

Тоа, според него, се икони кои припаѓале на црквата „Свети Ѓорѓи“, но и икони кои се носени од струшките цркви, во периоди кога имало реална опасност од воени судири, кои до средината на 19 век постојано се одвивале на овие предели.

Скриени во горните парти на црквата, било еден начин да се сочуваат тие икони, да се заштитат. Таа бројка од околу 50 вредни, значајни икони е дел од нашата уметност од пост византискиот период, вели Цветковски.

Дел од богатата културна историја во црквата Свети Ѓорѓи се и 10-тината ракописи од периодот на 15, 16 и 17-тиот век.

Годинава навршуваат 170 години од завршување на живописот внатре во црквата, а по повод јубилејот тимот на професорот Цветковски подготвува монографија, односно студија, која ќе ги содржи фазите на настанувањето на фрескоживописот, иконостасот, резбата на иконостасот, иконите, вредноста на архтектурата и просторната концепција на црквата.

The post Иконостас од мермер и дрвена резба, галерија икони, стари ракописи: Црквата Свети Ѓорѓи во Струга важен споменик на уметноста appeared first on Република.

]]>

Најстариот христијански верски објект во Струга, црквата „Свети Ѓорѓи“, датира од средината на 13 век и претставува круцијален споменик на уметноста од 19 век во Струшкиот регион. Таа е едно од најстарите духовни светилишта на Балканот и во Европа. Според историските записи, денешната црква е обновена во 1835 година врз темели на постарата средновековна црква, за која постојат сочувани стари ракописи. Историчарот на уметност, член на МАНУ и одличен познавач на културното наследство во црквите во Западна Македонија, професор доктор Сашо Цветковски за МИА информира дека најстарата историја на црквата ја следат со иконата на Свети Ѓорѓи од 13 век. Оваа икона пак, е меѓу петте најстари во државата, датира од 1267 година. Пред седум-осум години во црковното депо беше пронајден фрагмент на фреска од Свети Ѓорѓи, што го потврдува податокот дека ова е најстар христијански верски објект во Струга, кој датира од средината на 13 век. Цветковски посочува дека денешниот храм е изграден за само два месеци, во 1835 година, на местото каде имало многу помала црква.
Додека траела градбата бил даван поткуп, големи материјални средства на турските власти во Струга, во Охрид, па дури и во Скадар како административен центар на овој дел од територијата на Османлиската империја. Тоа било голем предизвик и напор на нашите претци, кои ова го отпочнале во средината на 19 век, вели Цветковски.

Иконостас од мермер и дрвена резба

Интересен во оваа црква е иконостасот, кој е составен од два дела. Долниот е мермерен, парапетите се со убави мермерни плочи кои се резбани, а горниот дел е со убава дебарско мијачка резба - копаница, резбана од нашите најдобри копаничари на 19 век, дебарските мајстори.
Иконостасот бил поставен 1849-та година, дрвениот резбан дел. Иконите се сликани 1850-1851 година, дело на зографи, припадници на Пелагониската зографска традиција, од работилницата во Магарево. Живописот ќе биде завршен 1874 година и тогаш е комплетирана целата декорација за внатрешното уредување на православните храмови. од поставување на иконостасот до поставување на иконите и фрескоживописот, раскажува историчарот на уметност.
Анализирајќи ги фазите на внатрешното уредување, вредноста на архитектурата и просторната концепција, црквата Свети Ѓорѓи, е силен објект од архитектонска гледна точка.
Однадвор изгледа како базилика, но внатре има пет скриени куполи, просторот е многу расчленет и многу интересен. Тоа овозможило и внатре да се наслика голема, обемна и богата програма со извонредни иконографски решенија. Зографите - браќата Макариеви од Галичник, направиле вистинско ремек дело. Тоа е нивно најуспешно и најобемно сликано остварување, додава Цветковски.

Галерија со икони и дела од богатата културна историја во црквата „Свети Ѓорѓи“

Во 90-тите години од минатиот век, во кровот на црквата „Свети Ѓорѓи“ откриени се 50-тина икони, што било мотив да се оформи и галерија.
Иконите беа пронајдени, скриени во кровот на црквата, потоа следеше нивна конзервација, чистење, реставрирање и во 2010 година оформивме галерија на икони каде баа изложени. Покрај најстарата на Свети Ѓорѓи од втората половина на 13 век, тука има икони од 15, 16 и 17 век. Во иконописот на Свети Ѓорѓи доминира поствизантискиот период, појаснува Цветковски.
Тоа, според него, се икони кои припаѓале на црквата „Свети Ѓорѓи“, но и икони кои се носени од струшките цркви, во периоди кога имало реална опасност од воени судири, кои до средината на 19 век постојано се одвивале на овие предели.
Скриени во горните парти на црквата, било еден начин да се сочуваат тие икони, да се заштитат. Таа бројка од околу 50 вредни, значајни икони е дел од нашата уметност од пост византискиот период, вели Цветковски.
Дел од богатата културна историја во црквата Свети Ѓорѓи се и 10-тината ракописи од периодот на 15, 16 и 17-тиот век. Годинава навршуваат 170 години од завршување на живописот внатре во црквата, а по повод јубилејот тимот на професорот Цветковски подготвува монографија, односно студија, која ќе ги содржи фазите на настанувањето на фрескоживописот, иконостасот, резбата на иконостасот, иконите, вредноста на архтектурата и просторната концепција на црквата.