Свети Георгиј Победоносец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-georgij-pobedonosec/ За подобро да се разбереме Sun, 07 May 2023 08:06:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Свети Георгиј Победоносец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-georgij-pobedonosec/ 32 32 Традиционалната Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ денеска низ струшките улици https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/traditsionalnata-litija-so-moshtite-na-sveti-georgij-pobedonosets-deneska-niz-strushkite-ulitsi/ Sun, 07 May 2023 08:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=637877

На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, денеска во Струга ќе се одржи познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица.

На Еордијата, како што појасни за МИА сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица, ќе и претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста. Меѓу возилото и литијата ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време. Дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.

– На чело на Еордијата ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот во раскошно украсен епитаф, изјави сестра Ефимија.

Моштите, додаде, и овој пат ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на кој е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец.

– Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од нашиот манастир во Рајчица, а чудотворната икона на Пресвета Богородица од манастирот Пречиста во Кичево. Овие големи светињи ќе бидат поставени за поклонение во храмот „Свети Георгиј“ во Струга. Во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, после што ќе следи Еордијата, која ќе започне веднаш по богослужбата во 17 часот. Литијата ќе тргне од храмот на светителот, ќе поминува низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, истакна сестра Ефимија.

Верниците и сите добронамерници, како што посочи отец Васко Голабоски, кој е дел од организацискиот одбор на Струшката Еордија, ќе се движат после гардата, а оние што не можат да се вклучат поради многубројниот народ, ќе останат на двете страни од улиците и заедно со дечињата облечени во народна носија ќе ги поздравуваат моштите со зборовите „Христос воскресна! Навистина воскресна!”.

По завршувањето на свечената Литија, во дворот на храмот „Свети Георгиј Победоносец” во Струга, со своја културно-уметничка програма ќе настапи кичевското играорно друштво „Бисер“, како и хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кои за Струшката Еордија подготвиле специјална програма.

За време на Еордијата, струшката полиција ќе спроведе посебен сообраќаен режим, а за поголема безбедност градоначалникот Рамис Мерко оствари координативен состанок со со претставници од црквата „Свети Георгиј“ и Полициската станица во Струга.

The post Традиционалната Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ денеска низ струшките улици appeared first on Република.

]]>

На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, денеска во Струга ќе се одржи познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица. На Еордијата, како што појасни за МИА сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица, ќе и претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста. Меѓу возилото и литијата ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време. Дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.
– На чело на Еордијата ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот во раскошно украсен епитаф, изјави сестра Ефимија.
Моштите, додаде, и овој пат ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на кој е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец.
– Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од нашиот манастир во Рајчица, а чудотворната икона на Пресвета Богородица од манастирот Пречиста во Кичево. Овие големи светињи ќе бидат поставени за поклонение во храмот „Свети Георгиј“ во Струга. Во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, после што ќе следи Еордијата, која ќе започне веднаш по богослужбата во 17 часот. Литијата ќе тргне од храмот на светителот, ќе поминува низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, истакна сестра Ефимија.
Верниците и сите добронамерници, како што посочи отец Васко Голабоски, кој е дел од организацискиот одбор на Струшката Еордија, ќе се движат после гардата, а оние што не можат да се вклучат поради многубројниот народ, ќе останат на двете страни од улиците и заедно со дечињата облечени во народна носија ќе ги поздравуваат моштите со зборовите „Христос воскресна! Навистина воскресна!”. По завршувањето на свечената Литија, во дворот на храмот „Свети Георгиј Победоносец” во Струга, со своја културно-уметничка програма ќе настапи кичевското играорно друштво „Бисер“, како и хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кои за Струшката Еордија подготвиле специјална програма. За време на Еордијата, струшката полиција ќе спроведе посебен сообраќаен режим, а за поголема безбедност градоначалникот Рамис Мерко оствари координативен состанок со со претставници од црквата „Свети Георгиј“ и Полициската станица во Струга.

The post Традиционалната Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ денеска низ струшките улици appeared first on Република.

]]>
Литијата со моштите на Свети Георгиј Победоносец минаа низ струшките улици https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/litijata-so-moshtite-na-sveti-georgij-pobedonosec-minaa-niz-strushkite-ulici/ Sat, 07 May 2022 07:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=498899

На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, денеска во Струга ќе се одржи познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец”, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица.

На Еордијата, како што информира сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица, ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста.

Меѓу возилото и литијата, ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, којашто е изработена од автентични материјали и е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата. На чело на Еордијата (Литијата) ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на град Скопје, чудотворните иконите на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот раскошно украсениот епитаф, појасни сестра Ефимија за МИА.

Моштите, додаде, ќе бидат носени од четворица видни граѓани, меѓу кои и поп пејачот Ламбе Алабакоски, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во раскошната традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец.

Верниците и сите добронамерници ќе се движат после гардата, а оние што неможат да се вклучат во литијата поради многубројниот народ, ќе останат на двете страни од улиците ќе се поклонат пред моштите и заедно со дечиња во народна носија ќе ги поздравуваат со зборовите „Христос воскресе – Навистина воскресе” и фрлање цветни ливчиња.

Го покануваме целиот народ да земе учество во најсвеченото чествување на Свети Георгиј на овие простори, чии што свети мошти и чудотворна икона, збогатени со благословот на Пресвета Богородица преку нејзината чудотворна икона Крнинска, се главно обележје на големиот сенароден настан, истакна сестра Ефимија.

За време на литијата, полицијата ќе врши кратко запирање на возилата во сообраќајот при премин на поворката од литијата на улиците „Владо Малески” и „15 Корпус”.

Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф во црквата „Свети Георгиј” во Струга. Според најавата од Бигорскиот манастир, во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, проследена со молитвената Литија, која почнува да се движи низ Струшките улици по вечерната богослужба во 17 часот. Молитвената поворка од храмот на светителот, според тардицијата, ќе оди низ централните градски улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се враќа во црквата, каде верниците ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј.

По завршувањето на свечената литија, во дворот на храмот „Свети Георгиј Победоносец”, во Струга со своја културно-уметничка програма ќе настапи ансамблот „Македонија” со чуварите на македонската народна музика и фолклор.

The post Литијата со моштите на Свети Георгиј Победоносец минаа низ струшките улици appeared first on Република.

]]>

На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, денеска во Струга ќе се одржи познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец”, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица. На Еордијата, како што информира сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица, ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста.
Меѓу возилото и литијата, ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, којашто е изработена од автентични материјали и е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата. На чело на Еордијата (Литијата) ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на град Скопје, чудотворните иконите на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот раскошно украсениот епитаф, појасни сестра Ефимија за МИА.
Моштите, додаде, ќе бидат носени од четворица видни граѓани, меѓу кои и поп пејачот Ламбе Алабакоски, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во раскошната традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец. Верниците и сите добронамерници ќе се движат после гардата, а оние што неможат да се вклучат во литијата поради многубројниот народ, ќе останат на двете страни од улиците ќе се поклонат пред моштите и заедно со дечиња во народна носија ќе ги поздравуваат со зборовите „Христос воскресе – Навистина воскресе” и фрлање цветни ливчиња.
Го покануваме целиот народ да земе учество во најсвеченото чествување на Свети Георгиј на овие простори, чии што свети мошти и чудотворна икона, збогатени со благословот на Пресвета Богородица преку нејзината чудотворна икона Крнинска, се главно обележје на големиот сенароден настан, истакна сестра Ефимија.
За време на литијата, полицијата ќе врши кратко запирање на возилата во сообраќајот при премин на поворката од литијата на улиците „Владо Малески” и „15 Корпус”. Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф во црквата „Свети Георгиј” во Струга. Според најавата од Бигорскиот манастир, во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, проследена со молитвената Литија, која почнува да се движи низ Струшките улици по вечерната богослужба во 17 часот. Молитвената поворка од храмот на светителот, според тардицијата, ќе оди низ централните градски улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се враќа во црквата, каде верниците ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј. По завршувањето на свечената литија, во дворот на храмот „Свети Георгиј Победоносец”, во Струга со своја културно-уметничка програма ќе настапи ансамблот „Македонија” со чуварите на македонската народна музика и фолклор.

The post Литијата со моштите на Свети Георгиј Победоносец минаа низ струшките улици appeared first on Република.

]]>