Свети Димитрија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-dimitrija/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Nov 2023 07:39:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Свети Димитрија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-dimitrija/ 32 32 Храмова слава на Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/hramova-slava-na-soborniot-hram-sv-velikomachenik-dimitrij-vo-bitola/ Wed, 08 Nov 2023 07:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=699335

Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, изграден во 1830 година во Битола, синоќа и денеска, одбележува храмова слава, која почна со празнична вечерна богослужба, а продолжи утрово со празнична света архиерејска литургија.

Годинава храмовата слава е збогатена со гостување и празничен концерт на хорот „Прво белградско пејачко друштво“ („Прво београдско певачко друштво“), кое како што беше речено, во Битола гостува со благослов на српскиот патријарх Порфириј.

Сакам да искажам благодарност до српскиот патријарх господин Порфириј кој покажа најголема смелост од сите досегашни патријарси, најголема жртва и најголема љубов кон нас Македонците и кон нашата Света црква за да бидеме признаени со сите помесни цркви и тоа под нашето уставно име Македонска православна црква – Охридска Аехиепископија. Исто така се заблагодарувам на овој хор кој вечерва приреди радост со убавото пеење, рече меѓудругото митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозландски г. Петар.

Хорот од Белград е основан во 1853 година, а од 2004 година го предводи Светлана Вилиѓ која како диригент заедно со членовите на хорот и солисти, исполнија дел од својот музички репертоар.

The post Храмова слава на Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, изграден во 1830 година во Битола, синоќа и денеска, одбележува храмова слава, која почна со празнична вечерна богослужба, а продолжи утрово со празнична света архиерејска литургија. Годинава храмовата слава е збогатена со гостување и празничен концерт на хорот „Прво белградско пејачко друштво“ („Прво београдско певачко друштво“), кое како што беше речено, во Битола гостува со благослов на српскиот патријарх Порфириј.