свети атанасиј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-atanasij/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jan 2024 08:15:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свети атанасиј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveti-atanasij/ 32 32 „И тој што е за умирање не се предава“ – в среда ни доаѓа празникот по кој сè e полесно https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/i-toj-shto-e-za-umirane-ne-se-predava-v-sreda-ni-doaga-praznikot-po-koj-se-e-polesno/ Mon, 29 Jan 2024 17:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=738278

Последниот ден од месец јануари во православниот календар му е посветен на Св. Атанасиј Велики, кој голем борец за вистинското православие.

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Нашиот народ двапати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.

На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

The post „И тој што е за умирање не се предава“ – в среда ни доаѓа празникот по кој сè e полесно appeared first on Република.

]]>

Последниот ден од месец јануари во православниот календар му е посветен на Св. Атанасиј Велики, кој голем борец за вистинското православие. Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте… Нашиот народ двапати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен. Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците. Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава. На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

The post „И тој што е за умирање не се предава“ – в среда ни доаѓа празникот по кој сè e полесно appeared first on Република.

]]>
Пренос на моштите на Св. Атанасиј Велики и чудата произлезени од нив https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/prenos-na-moshtite-na-sv-atanasij-veliki-i-chudata-proizlezeni-od-niv/ Mon, 15 May 2023 08:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=640866

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 мај и се празнува преносот на моштите на Св. Атанасиј Велики и чудата произлезени од нив.

Покрај зимскиот празник Танасовден нашиот народ празнува уште еден празник посветен на овој светец. Во Македонија свети Атанасиј има силен култ. Како еден од столбовите на христијанската црква, нему му се посветени многу цркви.

Свети Атанасиј се роди во Александрија, во 296 година. Уште како мал покажуваше голема љубов за Христа. Беше многу близок со тогашниот епископ на Александрија, светиот Александар. По смртта на свети Александар беше избран за епископ на истата катедра. Многу претрпе од тогашните еретици, аријанците, а Господ му даде долг и плоден живот. Се упокои во 373 година. На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив, а неговиот посебен празник е на 18 јануари (според стариот календар).

The post Пренос на моштите на Св. Атанасиј Велики и чудата произлезени од нив appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 мај и се празнува преносот на моштите на Св. Атанасиј Велики и чудата произлезени од нив. Покрај зимскиот празник Танасовден нашиот народ празнува уште еден празник посветен на овој светец. Во Македонија свети Атанасиј има силен култ. Како еден од столбовите на христијанската црква, нему му се посветени многу цркви. Свети Атанасиј се роди во Александрија, во 296 година. Уште како мал покажуваше голема љубов за Христа. Беше многу близок со тогашниот епископ на Александрија, светиот Александар. По смртта на свети Александар беше избран за епископ на истата катедра. Многу претрпе од тогашните еретици, аријанците, а Господ му даде долг и плоден живот. Се упокои во 373 година. На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив, а неговиот посебен празник е на 18 јануари (според стариот календар).

The post Пренос на моштите на Св. Атанасиј Велики и чудата произлезени од нив appeared first on Република.

]]>
Црквата „Св. Атанасиј“ во Свеќани ќе биде прогласена за културно наследство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/crkvata-sv-atanasij-vo-svekjani-kje-bide-proglasena-za-kulturno-nasledstvo/ Wed, 20 Jul 2022 17:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=531530

Oпштина Градско даде позитивно мислење на предлогот за донесување решение за прогласување на црквата „Св. Атанасиј“ во напуштеното село Свеќани за значајно културно наследство, донесен од Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура.

-Со позитивното мислење дадено од Општина Градско ова културно добро се става во соодветна категорија, со што добива посебен режим на заштита и се обезбедува негово соодветно управување и одржување. Ова наше културно наследство претставува неспорно сведоштво од значење за историјата на селото Свеќани и општина Градско, појаснуваат од Општина Градско.

Како што информира за МИА историчарот на уметноста, советник конзерватор од Управата за заштита на културно наследство Дарко Николовски станува збор за законска процедура со која повторно се прави ревалоризација со која се одредува вредноста во која категорија е оваа црква.

Со законот, кој е од пред 15 години, повторно се прави ревалоризација со цел да се категоризира овој споменик на културата, кој е значајно културно наследство, од локални вредности.

Николовски појаснува дека на пример црквата „Св.Софија“ во Охрид е од исклучително значење, која е највисока категорија, потоа има споменици од национално значење и од локално значење во која е сместена и оваа црква во село Свеќани.

-Оваа црква правно е заштитена и добива и категорија и според тоа може да бараат средства од државата за нејзина заштита. Ако  тоа не е направено не можете за тоа да побарате средства од Министерството за култура, појасни Николовски.

Николовски информира дека во црквата има фрески и дека  е од 17 век. Појасни дека пред неколку години тие имале проект, кој за жал не се реализирал.

-Со проектот беше предвидено во олтарниот дел, каде има остатоци од 17 век, од Богородица со Христос и архиереите и имавме намера тоа да се отвори за да се презентира автентичен состав, но за жал од разни причини до сега не е реализиран, појасни Николовски.

Миља Стефановска која била  вклучена во овој проект од Управата за заштита на културното наследство за МИА информира дека таа го направила овој правен акт за ревалоризација, каде оваа црква се прогласува за значајно културно наследство.

-Во оваа црква е вреден живописот во олтарот којшто потекнува од 17 век и затоа и понатаму треба  да се истражува. Целта е да се отвори некој живопис бидејќи се знае дека одоздола има друг живопис. Воедно треба  нешто и од архитектурата да се среди, како прередување на ќерамиди, на покривот и дрвена конструкција и слично. Црквата е покриена со оригинални камени плочи од 17 век. До сега на неа со архитектура ништо не е работено, но поради временски услови и течење на вода привремено е покриена од свештениците  со најлони, што го увидов и јас пред околу три месеци кога бев таму. Тоа  треба да се смени, се со цел да се заштити оваа вредно културно наследство, појасни Стефановска.

„Св. Атанасиј“ е православна црква во село Свеќани, Општина Градско и припаѓа на Велешкото архиерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ-ОА. Прогласена е за културно наследство.

The post Црквата „Св. Атанасиј“ во Свеќани ќе биде прогласена за културно наследство appeared first on Република.

]]>

Oпштина Градско даде позитивно мислење на предлогот за донесување решение за прогласување на црквата „Св. Атанасиј“ во напуштеното село Свеќани за значајно културно наследство, донесен од Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура.
-Со позитивното мислење дадено од Општина Градско ова културно добро се става во соодветна категорија, со што добива посебен режим на заштита и се обезбедува негово соодветно управување и одржување. Ова наше културно наследство претставува неспорно сведоштво од значење за историјата на селото Свеќани и општина Градско, појаснуваат од Општина Градско.
Како што информира за МИА историчарот на уметноста, советник конзерватор од Управата за заштита на културно наследство Дарко Николовски станува збор за законска процедура со која повторно се прави ревалоризација со која се одредува вредноста во која категорија е оваа црква. Со законот, кој е од пред 15 години, повторно се прави ревалоризација со цел да се категоризира овој споменик на културата, кој е значајно културно наследство, од локални вредности. Николовски појаснува дека на пример црквата „Св.Софија“ во Охрид е од исклучително значење, која е највисока категорија, потоа има споменици од национално значење и од локално значење во која е сместена и оваа црква во село Свеќани.