Света Софија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveta-sofija/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 12:39:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Света Софија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveta-sofija/ 32 32 Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetski-portret-na-laureatot-na-svp-zhan-pjer-simeon-vecherva-vo-tsrkvata-sveta-sofija-vo-ohrid/ Sat, 24 Aug 2024 11:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=809677

Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2024 година француски поет Жан-Пјер Симеон, во црквата „Света Софија“ во Охрид, вечер продолжува 63. издание на Меѓународната поетска манифестација.

Во рамките на програмата се поетските читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година.

На Струшките вечери на поезијата синоќа беа претставени портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова.

Добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, за најдобра поетска книга помеѓу две фестивалски изданија, академик Ќулавкова, истакна дека книгата „Небото ми е дома“ е пишувана подолго време, но, според неа, е свесно устроена како целина последниве три години.

- Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата „Браќа Миладиновци“ за книгата „Жедби“, со поднаслов „Престапни песни“. Таа година ми се роди синот Васил. Оваа 2024 година, по втор пат ја добив наградата, сега за книгата „Небото ми е дома“. Првиот циклус од книгата „Жедби“, посветен на небесните работи, прерасна во книга. Оваа година добив внук од син ми, Марин. Има некоја нежна лична симболика во исцртувањето на овој творечки круг. Ако не друго, таа покажува дека творештвото има видлива и невидлива логика на синхроницитет со животот и биографијата на авторот. И дека радоста не доаѓа сама. И дека може да ја засени тагата, рече Ќулавкова.

За добитничката на наградата „Мостови на Струга“ Катрин Пиц, говореше професорот Владимир Мартиновски, кој истакна дека лириката на Пиц е суштински поврзана со поетското преиспитување на настаните од секојдневјето, на деновите во кои се случило нешто вредно за паметење.

- Во импресивнта поетска листа на 20 добитници на престижната меѓународна награда „Мостови на Струга”, која од пред точно две децении (т.е. од 2004 година), СВП и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра поетска збирка од поет-дебитант од светот по пат на меѓународен конкурс, годинава се придружува германската поетеса и преведувачка Пиц за нејзината поетска книга „Вакви денови имало отсекогаш“, потенцираше Мартиновски.

За добитничката, пак, за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант, „Млада Струга“, Филипа Сара Попова, говореше македонската поетеса Виолета Танчева - Златева, која истакна дека Попова смело ги кажува работите со нивните вистински имиња и дека отворено и искрено, без затскривање зад метафори и алузии, таа е сеизмограф на своето време.

- Дебитантската поетска книга „Скршен терариум“ е силна потврда на ставот на Тарковски за поезијата. Филипа Сара Попова потпивнува од својот немир додека ги брои вдишувањата на самракот, ни се насмевнува од зад слоговите, ја буди заспаната совест со избрани зборови, поставува прашања во стиховите и меѓу редовите, ни ја глочка свеста како зрнца песок заглавени на дното на самотијата, рече Танчева-Златева.

Струшките вечери на поезијата завршуваат утре со манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“„Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ на годинашните лауреати Жан Пјер Симеон, “,Катрин Пиц, Катица Ќулафкова и Филипа Сара Попова.

The post Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2024 година француски поет Жан-Пјер Симеон, во црквата „Света Софија“ во Охрид, вечер продолжува 63. издание на Меѓународната поетска манифестација. Во рамките на програмата се поетските читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година. На Струшките вечери на поезијата синоќа беа претставени портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова. Добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, за најдобра поетска книга помеѓу две фестивалски изданија, академик Ќулавкова, истакна дека книгата „Небото ми е дома“ е пишувана подолго време, но, според неа, е свесно устроена како целина последниве три години. - Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата „Браќа Миладиновци“ за книгата „Жедби“, со поднаслов „Престапни песни“. Таа година ми се роди синот Васил. Оваа 2024 година, по втор пат ја добив наградата, сега за книгата „Небото ми е дома“. Првиот циклус од книгата „Жедби“, посветен на небесните работи, прерасна во книга. Оваа година добив внук од син ми, Марин. Има некоја нежна лична симболика во исцртувањето на овој творечки круг. Ако не друго, таа покажува дека творештвото има видлива и невидлива логика на синхроницитет со животот и биографијата на авторот. И дека радоста не доаѓа сама. И дека може да ја засени тагата, рече Ќулавкова. За добитничката на наградата „Мостови на Струга“ Катрин Пиц, говореше професорот Владимир Мартиновски, кој истакна дека лириката на Пиц е суштински поврзана со поетското преиспитување на настаните од секојдневјето, на деновите во кои се случило нешто вредно за паметење. - Во импресивнта поетска листа на 20 добитници на престижната меѓународна награда „Мостови на Струга”, која од пред точно две децении (т.е. од 2004 година), СВП и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра поетска збирка од поет-дебитант од светот по пат на меѓународен конкурс, годинава се придружува германската поетеса и преведувачка Пиц за нејзината поетска книга „Вакви денови имало отсекогаш“, потенцираше Мартиновски. За добитничката, пак, за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант, „Млада Струга“, Филипа Сара Попова, говореше македонската поетеса Виолета Танчева - Златева, која истакна дека Попова смело ги кажува работите со нивните вистински имиња и дека отворено и искрено, без затскривање зад метафори и алузии, таа е сеизмограф на своето време. - Дебитантската поетска книга „Скршен терариум“ е силна потврда на ставот на Тарковски за поезијата. Филипа Сара Попова потпивнува од својот немир додека ги брои вдишувањата на самракот, ни се насмевнува од зад слоговите, ја буди заспаната совест со избрани зборови, поставува прашања во стиховите и меѓу редовите, ни ја глочка свеста како зрнца песок заглавени на дното на самотијата, рече Танчева-Златева. Струшките вечери на поезијата завршуваат утре со манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“„Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ на годинашните лауреати Жан Пјер Симеон, “,Катрин Пиц, Катица Ќулафкова и Филипа Сара Попова.

The post Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Вечерва на „Охридско лето“ концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-na-ohridsko-leto-kontsert-posveten-na-tomislav-zografski-i-stojche-toshevski/ Fri, 09 Aug 2024 07:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=804792

Вечерва во рамките на 64-то издание на Охридско Лето, во црквата Св. Софија во Охрид, со почеток во 21:00 часот ќе може да го проследите концертот посветен на нашите истакнати композитори Томислав Зографски и Стојче Тошевски. Настапуваат: Анастасија Грговска – пијано, Шкељзен Бафтиари-пијано и Васил Богоевски – виолина.

Анастасија Грговска е родена во Куманово каде го започнува своето музичко образование во класата на проф. Драган Грговски, а го продолжува во класата на проф. Славица Мицовска. Средно образование завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“, во Скопје. Во 2013 година дипломира со највисока оценка Кум Лауде на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Марија Ѓошевска. Добитничка е на голем број награди и признанија на државни и меѓународни натпревари. Зад себе има солистички концерти во Куманово, Скопје и Прокупље, концерти со камерни состави и настапи на реномирани фестивали како „Охридско лето”, „Скопско лето”, „Денови на македонска музика” и „Есенски музички свечености”. Во 2009 година настапува како солист со Камерниот оркестар на градот Перник, во Бугарија, а во 2013 и 2017 година како солист со Македонската филхармонија во Скопје. Лауреат е на Фондацијата „Томислав Зографски“ во 2014 година, a добитник е и на наградата Гран при за 2021 година која ја доделува Одборот на Фондацијата. Дел е од камерното дуо „Дистанца“ со пијанистката Бриџида Мијоре од Италија. Активно се занимава со педагогија и корепетиција. Се надоградува на семинари со познати светски имиња од класичната музичка сцена како Х. Холтман, Ј. Кот, Н. Трул, А. Диев, Ж. Захариева, А. Гиндин, Ф. Турисини, Г. Грузман, Љ. Гашпаровиќ. Магистрира, со највисока оценка на Руската музичка академија „Гњесин” во Москва, во класата на проф. Јулија В. Фјодорова, каде што како редовен студент бележи настапи на концерти на класата и во камерни ансамбли.

 

Шкељзен Бафтиари дипломира со највисоки оценки Кум Лауде на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Борис Романов, а постдипломските студии ги завршува во класата на светски познатиот пијанист Симон Трпчески. Пијано почнува да учи од 10 годишна возраст со проф. Симона Зафировска во ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец”- Тетово, а основното и средното музичко образование ги завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Људмила Романова. Добитник е на бројни меѓународни награди во Париз, Рим, Торино, Пловдив, Благоевград и Белград. Одржува солистички концерти во Тетово, Скопје, Струга, Приштина Тирана, Софија, Охрид, а настапувал на фестивали меѓу кои „Охридско лето“, „Есенски музички свечености“, „Скопско лето“, „Денови на македонската музика“, ДАМ, „Шопен Пијано фест“, „Косова Камерфест“, „РеМузика“, „Сцена на Албанската сериозна музика“ и др. Соработувал со познати диригенти и инструменталисти како Симон Трпчески, Шкељзен Доли, Сихана Бадивуку, Марија Ѓошевска, Дерек Хан, Саша Николовски – Ѓумар, Борјан Цанев, Томас Херцог итн. Како солист со оркестар настапува со Лондон Сити Филхармоник, Македонската филхармонија, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Косовската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Албанската РТВ. Остварува бројни снимки за радио и ТВ и редовно активно учествува на семинарите под раководство на проф. Борис Романов во Охрид.

Васил Богоевски е роден во 2001 година во Велес. Започнува да свири виолина на 7-годишна возраст, инспириран од својата мајка. Основното музичко образование го завршува во ООМУ ,,Стефан Гајдов“ во Велес, во класата на наст. Марија Богданоска. Продолжува да се школува на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје во класата на проф. Билјана Весковска. Високото образование го започнува на Конзерваториумот „Д-р Хох“ во Франкфурт, Германија, во класата на д-р Фабиан Ризер, а дипломира на Факултетот за музика во Мајнц, во класата на проф. Ливиу Каслеану. За време на неговото образование посетува приватна настава кај проф. Лазар Милетиќ и проф. Рамадан Еминовиќ и редовно учествува на интернационални семинари: Арлемм (Србија), Кронберг (Германија), проф. Петру Мунтеану, проф. Ерик Шуман . . . Има учествувано на натпревари и е добитник на бројни награди во Македонија, Бугарија, Србија, Романија, Молдавија, Украина, Словенија, Италија, Австрија, Малезија . . . . Во август 2022 добитник е на стипендија од здружението „Рихард Вагнер“ во Франкфурт, со што посетува изведби на опери во Бајројт и настапува на концерт во рамки на фестивалот како најмлад учесник. Добитник е на деветтоноемвриска награда во 2023 година за достигнување и афирмација на Велес на меѓународна сцена преку достигнувања во областа на класичната музика. Во август 2023 со Трио „Дамар“ од Велес: Менка Богоевска-виолина и Илија Настовски-пијано, имаше концерт во Театро Марчело, Рим (Италија). Стипендист е во Ложата „За единство“ во Франкфурт и добитник на стипендии од здружението на покровители на д-р Хох.

 

Програма:

С. Тошевски: Соната за две пијана

 

 

Allegro

Scherzo

Largo

Rondo

 

Т. Зографски: Рапсодија за виолина и пијано оп. 103

 

Т. Зографски: Соната за две пијана

 

Allegro moderato

Larghetto

Allegro risoluto

Allegro con moto

 

Цена на билет: 200 денари.

The post Вечерва на „Охридско лето“ концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски appeared first on Република.

]]>

Вечерва во рамките на 64-то издание на Охридско Лето, во црквата Св. Софија во Охрид, со почеток во 21:00 часот ќе може да го проследите концертот посветен на нашите истакнати композитори Томислав Зографски и Стојче Тошевски. Настапуваат: Анастасија Грговска – пијано, Шкељзен Бафтиари-пијано и Васил Богоевски – виолина.
Анастасија Грговска е родена во Куманово каде го започнува своето музичко образование во класата на проф. Драган Грговски, а го продолжува во класата на проф. Славица Мицовска. Средно образование завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“, во Скопје. Во 2013 година дипломира со највисока оценка Кум Лауде на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Марија Ѓошевска. Добитничка е на голем број награди и признанија на државни и меѓународни натпревари. Зад себе има солистички концерти во Куманово, Скопје и Прокупље, концерти со камерни состави и настапи на реномирани фестивали како „Охридско лето”, „Скопско лето”, „Денови на македонска музика” и „Есенски музички свечености”. Во 2009 година настапува како солист со Камерниот оркестар на градот Перник, во Бугарија, а во 2013 и 2017 година како солист со Македонската филхармонија во Скопје. Лауреат е на Фондацијата „Томислав Зографски“ во 2014 година, a добитник е и на наградата Гран при за 2021 година која ја доделува Одборот на Фондацијата. Дел е од камерното дуо „Дистанца“ со пијанистката Бриџида Мијоре од Италија. Активно се занимава со педагогија и корепетиција. Се надоградува на семинари со познати светски имиња од класичната музичка сцена како Х. Холтман, Ј. Кот, Н. Трул, А. Диев, Ж. Захариева, А. Гиндин, Ф. Турисини, Г. Грузман, Љ. Гашпаровиќ. Магистрира, со највисока оценка на Руската музичка академија „Гњесин” во Москва, во класата на проф. Јулија В. Фјодорова, каде што како редовен студент бележи настапи на концерти на класата и во камерни ансамбли.   Шкељзен Бафтиари дипломира со највисоки оценки Кум Лауде на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Борис Романов, а постдипломските студии ги завршува во класата на светски познатиот пијанист Симон Трпчески. Пијано почнува да учи од 10 годишна возраст со проф. Симона Зафировска во ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец”- Тетово, а основното и средното музичко образование ги завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Људмила Романова. Добитник е на бројни меѓународни награди во Париз, Рим, Торино, Пловдив, Благоевград и Белград. Одржува солистички концерти во Тетово, Скопје, Струга, Приштина Тирана, Софија, Охрид, а настапувал на фестивали меѓу кои „Охридско лето“, „Есенски музички свечености“, „Скопско лето“, „Денови на македонската музика“, ДАМ, „Шопен Пијано фест“, „Косова Камерфест“, „РеМузика“, „Сцена на Албанската сериозна музика“ и др. Соработувал со познати диригенти и инструменталисти како Симон Трпчески, Шкељзен Доли, Сихана Бадивуку, Марија Ѓошевска, Дерек Хан, Саша Николовски – Ѓумар, Борјан Цанев, Томас Херцог итн. Како солист со оркестар настапува со Лондон Сити Филхармоник, Македонската филхармонија, Симфонискиот оркестар на ФМУ, Косовската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Албанската РТВ. Остварува бројни снимки за радио и ТВ и редовно активно учествува на семинарите под раководство на проф. Борис Романов во Охрид. Васил Богоевски е роден во 2001 година во Велес. Започнува да свири виолина на 7-годишна возраст, инспириран од својата мајка. Основното музичко образование го завршува во ООМУ ,,Стефан Гајдов“ во Велес, во класата на наст. Марија Богданоска. Продолжува да се школува на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје во класата на проф. Билјана Весковска. Високото образование го започнува на Конзерваториумот „Д-р Хох“ во Франкфурт, Германија, во класата на д-р Фабиан Ризер, а дипломира на Факултетот за музика во Мајнц, во класата на проф. Ливиу Каслеану. За време на неговото образование посетува приватна настава кај проф. Лазар Милетиќ и проф. Рамадан Еминовиќ и редовно учествува на интернационални семинари: Арлемм (Србија), Кронберг (Германија), проф. Петру Мунтеану, проф. Ерик Шуман . . . Има учествувано на натпревари и е добитник на бројни награди во Македонија, Бугарија, Србија, Романија, Молдавија, Украина, Словенија, Италија, Австрија, Малезија . . . . Во август 2022 добитник е на стипендија од здружението „Рихард Вагнер“ во Франкфурт, со што посетува изведби на опери во Бајројт и настапува на концерт во рамки на фестивалот како најмлад учесник. Добитник е на деветтоноемвриска награда во 2023 година за достигнување и афирмација на Велес на меѓународна сцена преку достигнувања во областа на класичната музика. Во август 2023 со Трио „Дамар“ од Велес: Менка Богоевска-виолина и Илија Настовски-пијано, имаше концерт во Театро Марчело, Рим (Италија). Стипендист е во Ложата „За единство“ во Франкфурт и добитник на стипендии од здружението на покровители на д-р Хох.   Програма: С. Тошевски: Соната за две пијана     Allegro Scherzo Largo Rondo   Т. Зографски: Рапсодија за виолина и пијано оп. 103   Т. Зографски: Соната за две пијана   Allegro moderato Larghetto Allegro risoluto Allegro con moto   Цена на билет: 200 денари.

The post Вечерва на „Охридско лето“ концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски appeared first on Република.

]]>
Вечерва на „Охридско лето“ концерт за виолина и пијано со Климент Тодороски и Марија Вршкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-na-ohridsko-leto-kontsert-za-violina-i-pijano-so-kliment-todoroski-i-marija-vrshkova/ Thu, 08 Aug 2024 07:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=804428

Реномираните македонски уметници, виолинистот Климент Тодоровски и пијанистката Марија Вршкова вечерва ќе имаат концерт во рамки на музичката програма на „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

Климент Тодороски е роден 1984 година во Охрид. Музичкото образование го започнува во Охрид и Битола, а го продолжува на националниот музички конзерваториум во Тулуз,Франција во класата на професор Благоја Димчевски сѐ до 2002 година. Дипломира на ФМУ Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко. Добитник е на повеќе државни и интернационални награди. Во неговите позначајни настапи може да се вбројат и настапите со светски познатиот пијанист Симон Трпчески, на концертната турнеја низ Македонија (2007- 2008), Велигденскиот концерт- Скопје (2008) како и настапот во седиштето на Обединетите Нации, по покана на претседателот Срѓан Керим. Климент Тодороски е солист на концертот со кој диригира светското чудо од дете диригентот Илич Ривас на фестивалот „Скопско лето“ во 2009. Соработува со композиторот Марјан Неќак и ги снима виолинските соло делници за неколку продукции на балети и театарски претстави во Загреб,  Марибор, Нови Сад и Скопје.

Климент Тодоровски работи како концерт-мајстор во Националната опера и балет од 2009 година.

Марија Вршкова е родена во Битола, таму го завршува основното и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност – Скопје со највисоката оцена cum laude, во класата на проф. Т. Светиев каде ги завршува и магистерските студии по пијано. Во текот на образованието е добитник на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија, а нејзината најзначајна меѓународна награда е Трета награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим, Италија. Покрај неколкуте снимени ЦД-а со истакнатите македонски уметници, Ана и Олег Кондратенко, Блерим Груби, Страшо Темков,  во 2010 година, таа го снима и своето прво солистичко ЦД со македонска музика за пијано. Како солист и камерен музичар настапува во следните земји:  Турција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија, Украина, Италија, Бугарија, Русија, Америка, Србија, Австрија, Грција… Вршкова е дел од уметниците кои редовно настапуваат на реномираните фестивали кај нас, како „Охридско лето“, ДММ, „Златна лира“ и „Есенски музички свечености“. Како врв на нејзината уметничка дејност е наградата за специјално уметничко достигнување, добиена од страна на интернационалното жири на Интернационалниот натпревар „Охридски бисери“ во 2009 година, како и три награди „Виртуози“ за музички изведувач во 2013 година и две награди за камерен состав во 2015 и 2016 година. Во моментот Марија Вршкова работи како доцент при ФМУ- Скопје.

The post Вечерва на „Охридско лето“ концерт за виолина и пијано со Климент Тодороски и Марија Вршкова appeared first on Република.

]]>

Реномираните македонски уметници, виолинистот Климент Тодоровски и пијанистката Марија Вршкова вечерва ќе имаат концерт во рамки на музичката програма на „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. Климент Тодороски е роден 1984 година во Охрид. Музичкото образование го започнува во Охрид и Битола, а го продолжува на националниот музички конзерваториум во Тулуз,Франција во класата на професор Благоја Димчевски сѐ до 2002 година. Дипломира на ФМУ Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко. Добитник е на повеќе државни и интернационални награди. Во неговите позначајни настапи може да се вбројат и настапите со светски познатиот пијанист Симон Трпчески, на концертната турнеја низ Македонија (2007- 2008), Велигденскиот концерт- Скопје (2008) како и настапот во седиштето на Обединетите Нации, по покана на претседателот Срѓан Керим. Климент Тодороски е солист на концертот со кој диригира светското чудо од дете диригентот Илич Ривас на фестивалот „Скопско лето“ во 2009. Соработува со композиторот Марјан Неќак и ги снима виолинските соло делници за неколку продукции на балети и театарски претстави во Загреб,  Марибор, Нови Сад и Скопје. Климент Тодоровски работи како концерт-мајстор во Националната опера и балет од 2009 година. Марија Вршкова е родена во Битола, таму го завршува основното и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност – Скопје со највисоката оцена cum laude, во класата на проф. Т. Светиев каде ги завршува и магистерските студии по пијано. Во текот на образованието е добитник на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија, а нејзината најзначајна меѓународна награда е Трета награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим, Италија. Покрај неколкуте снимени ЦД-а со истакнатите македонски уметници, Ана и Олег Кондратенко, Блерим Груби, Страшо Темков,  во 2010 година, таа го снима и своето прво солистичко ЦД со македонска музика за пијано. Како солист и камерен музичар настапува во следните земји:  Турција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија, Украина, Италија, Бугарија, Русија, Америка, Србија, Австрија, Грција… Вршкова е дел од уметниците кои редовно настапуваат на реномираните фестивали кај нас, како „Охридско лето“, ДММ, „Златна лира“ и „Есенски музички свечености“. Како врв на нејзината уметничка дејност е наградата за специјално уметничко достигнување, добиена од страна на интернационалното жири на Интернационалниот натпревар „Охридски бисери“ во 2009 година, како и три награди „Виртуози“ за музички изведувач во 2013 година и две награди за камерен состав во 2015 и 2016 година. Во моментот Марија Вршкова работи како доцент при ФМУ- Скопје.

The post Вечерва на „Охридско лето“ концерт за виолина и пијано со Климент Тодороски и Марија Вршкова appeared first on Република.

]]>
Уметничкиот проект „Од Букурешт до Мадрид“ на Романската вечер на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/umetnichkiot-proekt-od-bukuresht-do-madrid-na-romanskata-vecher-na-ohridsko-leto/ Thu, 01 Aug 2024 09:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=802229

Фестивалот „Охридско лето“ во втората половина од годинешната програма влегува со Романската вечер и избрана музичка програма наречена „Од Букурешт до Мадрид“ во изведба на уметниците Ирина Муртезану на виолина и Даниел дел Пино на пијано.

Романската виолинистка Ирина Мурезану и шпанскиот пијанист Даниел Дел Пино го претставуваат возбудливото музичко патување „Од Букурешт до Мадрид“ инспирирано од нивното лично културно наследство. Како што кажува насловoт, репертоарот музички и географски го следи патот кој води од едниот до другиот град со попатни станици во Унгарија, Австрија, Германија и Франција кои се претставени со делата на значајни композитори од овие земји.

Музичкото партнерство на ова дуо започнува на престижниот фестивал за музика во Њупорт во 2019 година, и од тогаш тие заеднички настапуваат во салите низ САД и Европа. Двајцата уметници имаат завидни солистички кариери, а заедно на подиумот на стандардниот репертоар му носат свежа и моќна енергија. Ирина Мурезану и Даниел дел Пино ги поврзува и заедничкиот интерес да креираат програми кои се музички комплексни, но истовремено подеднакво интересни и едукативни за публика од сите возрасти.

На програмата на вечерашниот концерт се дела на Константинеску од Романија, унгарскиот композитор Барток, Брамс од Германија, Крајслер од Австрија, Равел како претставник на Франција, Де Фаља и де Сарасате како композитори од Шпанија.

Концертот ќе се одржи во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.

The post Уметничкиот проект „Од Букурешт до Мадрид“ на Романската вечер на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Фестивалот „Охридско лето“ во втората половина од годинешната програма влегува со Романската вечер и избрана музичка програма наречена „Од Букурешт до Мадрид“ во изведба на уметниците Ирина Муртезану на виолина и Даниел дел Пино на пијано.
Романската виолинистка Ирина Мурезану и шпанскиот пијанист Даниел Дел Пино го претставуваат возбудливото музичко патување „Од Букурешт до Мадрид“ инспирирано од нивното лично културно наследство. Како што кажува насловoт, репертоарот музички и географски го следи патот кој води од едниот до другиот град со попатни станици во Унгарија, Австрија, Германија и Франција кои се претставени со делата на значајни композитори од овие земји.
Музичкото партнерство на ова дуо започнува на престижниот фестивал за музика во Њупорт во 2019 година, и од тогаш тие заеднички настапуваат во салите низ САД и Европа. Двајцата уметници имаат завидни солистички кариери, а заедно на подиумот на стандардниот репертоар му носат свежа и моќна енергија. Ирина Мурезану и Даниел дел Пино ги поврзува и заедничкиот интерес да креираат програми кои се музички комплексни, но истовремено подеднакво интересни и едукативни за публика од сите возрасти. На програмата на вечерашниот концерт се дела на Константинеску од Романија, унгарскиот композитор Барток, Брамс од Германија, Крајслер од Австрија, Равел како претставник на Франција, Де Фаља и де Сарасате како композитори од Шпанија.
Концертот ќе се одржи во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.

The post Уметничкиот проект „Од Букурешт до Мадрид“ на Романската вечер на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Уникатна вечер во „Света Софија“ со Камерниот оркестар на МММ под диригентската палка на маестро Еминовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/unikatna-vecher-vo-sveta-sofija-so-kamerniot-orkestar-na-mmm-pod-dirigentskata-palka-na-maestro-eminovik/ Wed, 31 Jul 2024 12:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=801980

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ вчеравечер беше дел од музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ .
Оркестарот настапи заедно со солистите Симеон Гошев на виолина и Енис Аљи на виолончело. Диригентската палка му беше доверена на маестро Иван Еминовиќ кој соработува со Музичката младина на Македонија повеќе од една деценија.
Репертоарот според Еминовиќ беше внимателно одбран за фестивалската публика на „Охридсколето“, а беа застапени домашни и странски композитори.
-И оваа година на огромна радост и задоволство доаѓаме со многу интересна програма Доаѓаме со македонски автори, Томислав Зографски, „Скици“ , многу интересно современо дело, потоа „Пролетната симфонија“ од Ристо Аврамовски, како и „Македонското капричо“ од Драган Шуплевски. Застапени беа и странски автори, Давид Копер со солист на виолончело Енис Аљи и „Пролет“ од Вивалди со која како солист настапи Симеон Гошев, вели Еминовиќ.
Диригентот Еминовиќ кој студирал оркестарско диригирање меѓу другото и кај покојниот професор Саша Николовски-Ѓумар чие име го носи и камерниот оркестар на МММ, вели дека и денес се чувствува загубата од големиот уметник, професор, и пред сè човек.
-Најубавите години во мојот живот беа факултетските имагистерски денови кај Саша Николовски-Ѓумар, човек, пријател, професор, така што загубата е голема, сè уште фали меѓу нас. Секогаш имаше што да каже, секогаш имаше што да се научи од него. Чест ми е што диригирам со оркестарот кој го носи неговото име, додава тој.
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска...

The post Уникатна вечер во „Света Софија“ со Камерниот оркестар на МММ под диригентската палка на маестро Еминовиќ appeared first on Република.

]]>

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ вчеравечер беше дел од музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ . Оркестарот настапи заедно со солистите Симеон Гошев на виолина и Енис Аљи на виолончело. Диригентската палка му беше доверена на маестро Иван Еминовиќ кој соработува со Музичката младина на Македонија повеќе од една деценија. Репертоарот според Еминовиќ беше внимателно одбран за фестивалската публика на „Охридсколето“, а беа застапени домашни и странски композитори. -И оваа година на огромна радост и задоволство доаѓаме со многу интересна програма Доаѓаме со македонски автори, Томислав Зографски, „Скици“ , многу интересно современо дело, потоа „Пролетната симфонија“ од Ристо Аврамовски, како и „Македонското капричо“ од Драган Шуплевски. Застапени беа и странски автори, Давид Копер со солист на виолончело Енис Аљи и „Пролет“ од Вивалди со која како солист настапи Симеон Гошев, вели Еминовиќ. Диригентот Еминовиќ кој студирал оркестарско диригирање меѓу другото и кај покојниот професор Саша Николовски-Ѓумар чие име го носи и камерниот оркестар на МММ, вели дека и денес се чувствува загубата од големиот уметник, професор, и пред сè човек. -Најубавите години во мојот живот беа факултетските имагистерски денови кај Саша Николовски-Ѓумар, човек, пријател, професор, така што загубата е голема, сè уште фали меѓу нас. Секогаш имаше што да каже, секогаш имаше што да се научи од него. Чест ми е што диригирам со оркестарот кој го носи неговото име, додава тој. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска...

The post Уникатна вечер во „Света Софија“ со Камерниот оркестар на МММ под диригентската палка на маестро Еминовиќ appeared first on Република.

]]>
Чешка вечер на „Охридско лето“ со концертот на триото „Халир“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/cheshka-vecher-na-ohridsko-leto-so-kontsertot-na-trioto-halir/ Wed, 31 Jul 2024 07:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=801889

Чешката вечер на „Охридско лето“ за публиката ќе го понуди целовечерниот концерт на триото „Халир“, составено од уметниците Едуардо Гарсиа Салас на виолина , Јана Подолска на виолончело и Барбора К. Сејакова на пијано.

Триото „Халир“ е оформено во 2016 година со цел да се одржи споменот на ликот и делото на чешкиот виртуозен виолинист Карел Халир (1859-1909).

По неочекуваната смрт на водечкиот чешки пијанист Вацлав Маха, триото „Халир“ го сочинуваат Едуардо Гарсија Салас (шпански виолинист кој живее во Прага), словачката виолончелистка Јана Подолска и чешката пијанистка Барбора К. Сејакова. Сите членови на ова трио се добитници на награди и признанија на меѓународни натпревари. Настапуваат на фестивали во Шпанија (Махон, Кордоба, Тарагона, Кадиз) како и во повеќе градови во Чешка, Германија и др, секогаш добивајќи позитивни критики за нивните настапи.

Во 2017 година триото го снима својот прв албум „Гранадос-Дворжак“ во Аудиториумот во Леида (Шпанија) за чешката издавачка куќа „АркоДива“ во соработка со „Наксос“. На ЦД- то се поместени Клавирското трио оп. 50 од Гранадос и Клавирското трио оп. 65 од Антонин Дворжак. Второто дело е едно од најзначајните дела за камерни состави од Дворжак, кое Карел Халир го изведува премиерно во Германија, во Манхајм во 1883 година. Следниот албум на триото повторно содржи референца на премиерата на делото за трио од Паул Jуон кое Карел Халир го извел во 1902 година како и Клавирското трио оп. 50 од П. И. Чајковски што легендарниот виолинист го извел во Лајпциг во 1888 во присуство на самиот композитор.

За концертот е резервирана прекрасната акустика на сцената во црквата „Света Софија“ од 21 часот.

The post Чешка вечер на „Охридско лето“ со концертот на триото „Халир“ appeared first on Република.

]]>

Чешката вечер на „Охридско лето“ за публиката ќе го понуди целовечерниот концерт на триото „Халир“, составено од уметниците Едуардо Гарсиа Салас на виолина , Јана Подолска на виолончело и Барбора К. Сејакова на пијано. Триото „Халир“ е оформено во 2016 година со цел да се одржи споменот на ликот и делото на чешкиот виртуозен виолинист Карел Халир (1859-1909). По неочекуваната смрт на водечкиот чешки пијанист Вацлав Маха, триото „Халир“ го сочинуваат Едуардо Гарсија Салас (шпански виолинист кој живее во Прага), словачката виолончелистка Јана Подолска и чешката пијанистка Барбора К. Сејакова. Сите членови на ова трио се добитници на награди и признанија на меѓународни натпревари. Настапуваат на фестивали во Шпанија (Махон, Кордоба, Тарагона, Кадиз) како и во повеќе градови во Чешка, Германија и др, секогаш добивајќи позитивни критики за нивните настапи. Во 2017 година триото го снима својот прв албум „Гранадос-Дворжак“ во Аудиториумот во Леида (Шпанија) за чешката издавачка куќа „АркоДива“ во соработка со „Наксос“. На ЦД- то се поместени Клавирското трио оп. 50 од Гранадос и Клавирското трио оп. 65 од Антонин Дворжак. Второто дело е едно од најзначајните дела за камерни состави од Дворжак, кое Карел Халир го изведува премиерно во Германија, во Манхајм во 1883 година. Следниот албум на триото повторно содржи референца на премиерата на делото за трио од Паул Jуон кое Карел Халир го извел во 1902 година како и Клавирското трио оп. 50 од П. И. Чајковски што легендарниот виолинист го извел во Лајпциг во 1888 во присуство на самиот композитор. За концертот е резервирана прекрасната акустика на сцената во црквата „Света Софија“ од 21 часот.

The post Чешка вечер на „Охридско лето“ со концертот на триото „Халир“ appeared first on Република.

]]>
Премиера на претставата „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски и концерт на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-pretstavata-ratsin-vo-rezhija-na-dejan-projkovski-i-kontsert-na-mmm-sasha-nikolovski-gumar-vecherva-na-ohridsko-leto/ Tue, 30 Jul 2024 08:20:05 +0000 https://republika.mk/?p=801519

Два настани вечерва ќе може да проследи публиката на Охридско лето со почеток во 21 часот. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се случи премиерата на „Рацин“, според Кочо Рацин, во режија на Дејан Пројковски, а продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. Драматург е Сашо Димоски, улогите ги толкуваат: Васил Зафирчев, Исидор Јованоски, Кети Борисовска, Весна Димитровска-Бобевски, Јордан Витанов, Слободанка Чичевска, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Славица Манаскова, Орхидеја Дукова, Кристина Зафирова, Илин Јовановски, Леонида Гулевска, Тодор Стојковски, Бранко Михајлоски, Илина Чонкова.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата – на Раде Василев и Елена Вангеловска. Музиката е дело на Сашко Костов.

Претставата „Рацин“ нема за цел да ги прикаже фактите онакви какви што историјата ги пренесла, а културата ги кодирала во себе, целта е тие да се обојат со автентичен рефлектор, да се фрли светлина врз митологизираниот Рацин, да се деконструира, да се демитологизира и да се дадат неколку возможни одговори на прашањето: Што нам денес ни значи Рацин? Претставата е повеќе рефлексија отколку нарација, повеќе фрагмент отколку целина, повеќе антитеза отколку теза – Рацин од денес, тргнат кон секое возможно утре.

Во истиот час во Света Софија, камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“, ќе одржи концерт, под диригентство на Иван Еминовиќ. Како солисти ќе настапат Енис Аљи, виолончело и Симеон Гошев, виолина.

Роден во Скопје, во 2010 година дипломира со концерт во чест на проф. Коста Трпков, истовремено здобивајќи се со наградата на фондацијата „Томислав Зографски“ како најдобар студент на одделите за диригирање, композиција, музикологија и музичка теорија и педагогија. Во 2012 година магистрира со почести на истиот оддел, со операта „Рита“ од Гаетано Доницети. Како пијанист одржал бројни концерти низ Македонија и странство и добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија. Во јули 2018 година диригира со Сараевската филхармонија по повод отворањето на фестивалот „Башчаршиски ноќи“ во Сараево. Во неговото диригентско портфолио се вбројуваат повеќе продукции на Националната опера и балет меѓу кои: „Травијата“, „Набуко“, „Дамата со камелии“, „Кармина Бурана“, „Севилски бербер“, „Кавалерија Рустикана“, „Жизел“, „Риголето“, „Евгениј Онегин“, „Адриана Лекуврер“, „Дон Џовани“, „Турандот“, „Реквием“ од Моцарт, како и многу други концерти.

Енис Аљи е роден во Скопје. Учествува на државни и меѓународни натпревари во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија и Франција каде што бил наградуван со први и специјални награди. По завршувањето на средното образование, ги продолжува студиите на Академијата за уметности во Тирана, Албанија, под менторство на проф. Дорина Ларо, а мастер студиите исто така ги завршува со највисока оцена на истата академија со истоимениот професор. Учествувал и свирел на повеќе семинари земајќи препораки од реномирани виолончелисти како што се: Анси Картунен, Анатоли Крастев, Карел Брендерхорст, Астрит Селита, Јоана Сахрин, Диего Суарез Фернандез и др. Како оркестарски музичар соработува со значајни диригенти и солисти. Настапува како водач со ансамбли како што се Албанската филхармонија (Албанија) „Ансамбл XXI” (Финска), Музичка младина на Македонија (МММ), ансамблот „АРКО”, гудачкиот оркестар на Скадар „Скендербег”, гудачкиот оркестар „Таденус”. Дел е од состави како што се: гудачките оркестри „Профундис” и „Ајга”, оркестарот „Young Musicians European Orchestra” (Италија) како и националните институции на Филхармонија и Опера и Балет во Македонија и Албанија

Симеон Гошев, роден е во 2003 година во семејство на музичари и со музиката е во контакт од најраното детството. Во октомври 2022 година, тој започнува со студии на Музичката академија во Љубљана во класата на проф. Јанез Подлеска и асист. Ана Должан. Низ годините има освоено награди на многу меѓународни и државни натпревари. Во 2022 година ја добива наградата на „Фондацијата Илија Николовски-Луј“ за високи достигнувања во текот на школувањето, а во 2024 година освојува златна плакета и специјална награда за најдобра изведба на дело од словенечки автор на натпреварот „Темсиг“. Посетува семинари и мастер класи кај реномирани професори како: Благоја Димчевски, Пачалин Павачи, Емилио Перцан, Сихана Бадивуку, Вонџи Ким-Озим, Роберт Лакатош, Марко Симовиќ, Владимир Марковиќ, Галина Којчева, Петра Ковачич, Дан Жу,… Има одржано многу рецитали низ повеќе градови во земјава, а годинава (2024), одржа рецитал и во Љубљана во рамките на циклусот на Музичката академија „Соло е да камера“. Свирел како солист со оркестарот на Филхармонија на Р.Македонија и оркестарот на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Член е и прва виолина на квартетот „Лаит“ и горд член е на камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“, со кој има соработувано на многу проекти. Како хонорарен соработник свири во Словенечката филхармонија, Љубљанската опера и балет и нашата Филхармонија.

Камерниот оркестар на МММ постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска.

The post Премиера на претставата „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски и концерт на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Два настани вечерва ќе може да проследи публиката на Охридско лето со почеток во 21 часот. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се случи премиерата на „Рацин“, според Кочо Рацин, во режија на Дејан Пројковски, а продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. Драматург е Сашо Димоски, улогите ги толкуваат: Васил Зафирчев, Исидор Јованоски, Кети Борисовска, Весна Димитровска-Бобевски, Јордан Витанов, Слободанка Чичевска, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Славица Манаскова, Орхидеја Дукова, Кристина Зафирова, Илин Јовановски, Леонида Гулевска, Тодор Стојковски, Бранко Михајлоски, Илина Чонкова. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата – на Раде Василев и Елена Вангеловска. Музиката е дело на Сашко Костов. Претставата „Рацин“ нема за цел да ги прикаже фактите онакви какви што историјата ги пренесла, а културата ги кодирала во себе, целта е тие да се обојат со автентичен рефлектор, да се фрли светлина врз митологизираниот Рацин, да се деконструира, да се демитологизира и да се дадат неколку возможни одговори на прашањето: Што нам денес ни значи Рацин? Претставата е повеќе рефлексија отколку нарација, повеќе фрагмент отколку целина, повеќе антитеза отколку теза – Рацин од денес, тргнат кон секое возможно утре. Во истиот час во Света Софија, камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“, ќе одржи концерт, под диригентство на Иван Еминовиќ. Како солисти ќе настапат Енис Аљи, виолончело и Симеон Гошев, виолина. Роден во Скопје, во 2010 година дипломира со концерт во чест на проф. Коста Трпков, истовремено здобивајќи се со наградата на фондацијата „Томислав Зографски“ како најдобар студент на одделите за диригирање, композиција, музикологија и музичка теорија и педагогија. Во 2012 година магистрира со почести на истиот оддел, со операта „Рита“ од Гаетано Доницети. Како пијанист одржал бројни концерти низ Македонија и странство и добитник е на повеќе државни и меѓународни награди и признанија. Во јули 2018 година диригира со Сараевската филхармонија по повод отворањето на фестивалот „Башчаршиски ноќи“ во Сараево. Во неговото диригентско портфолио се вбројуваат повеќе продукции на Националната опера и балет меѓу кои: „Травијата“, „Набуко“, „Дамата со камелии“, „Кармина Бурана“, „Севилски бербер“, „Кавалерија Рустикана“, „Жизел“, „Риголето“, „Евгениј Онегин“, „Адриана Лекуврер“, „Дон Џовани“, „Турандот“, „Реквием“ од Моцарт, како и многу други концерти. Енис Аљи е роден во Скопје. Учествува на државни и меѓународни натпревари во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија и Франција каде што бил наградуван со први и специјални награди. По завршувањето на средното образование, ги продолжува студиите на Академијата за уметности во Тирана, Албанија, под менторство на проф. Дорина Ларо, а мастер студиите исто така ги завршува со највисока оцена на истата академија со истоимениот професор. Учествувал и свирел на повеќе семинари земајќи препораки од реномирани виолончелисти како што се: Анси Картунен, Анатоли Крастев, Карел Брендерхорст, Астрит Селита, Јоана Сахрин, Диего Суарез Фернандез и др. Како оркестарски музичар соработува со значајни диригенти и солисти. Настапува како водач со ансамбли како што се Албанската филхармонија (Албанија) „Ансамбл XXI” (Финска), Музичка младина на Македонија (МММ), ансамблот „АРКО”, гудачкиот оркестар на Скадар „Скендербег”, гудачкиот оркестар „Таденус”. Дел е од состави како што се: гудачките оркестри „Профундис” и „Ајга”, оркестарот „Young Musicians European Orchestra” (Италија) како и националните институции на Филхармонија и Опера и Балет во Македонија и Албанија Симеон Гошев, роден е во 2003 година во семејство на музичари и со музиката е во контакт од најраното детството. Во октомври 2022 година, тој започнува со студии на Музичката академија во Љубљана во класата на проф. Јанез Подлеска и асист. Ана Должан. Низ годините има освоено награди на многу меѓународни и државни натпревари. Во 2022 година ја добива наградата на „Фондацијата Илија Николовски-Луј“ за високи достигнувања во текот на школувањето, а во 2024 година освојува златна плакета и специјална награда за најдобра изведба на дело од словенечки автор на натпреварот „Темсиг“. Посетува семинари и мастер класи кај реномирани професори како: Благоја Димчевски, Пачалин Павачи, Емилио Перцан, Сихана Бадивуку, Вонџи Ким-Озим, Роберт Лакатош, Марко Симовиќ, Владимир Марковиќ, Галина Којчева, Петра Ковачич, Дан Жу,… Има одржано многу рецитали низ повеќе градови во земјава, а годинава (2024), одржа рецитал и во Љубљана во рамките на циклусот на Музичката академија „Соло е да камера“. Свирел како солист со оркестарот на Филхармонија на Р.Македонија и оркестарот на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Член е и прва виолина на квартетот „Лаит“ и горд член е на камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“, со кој има соработувано на многу проекти. Како хонорарен соработник свири во Словенечката филхармонија, Љубљанската опера и балет и нашата Филхармонија. Камерниот оркестар на МММ постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска.

The post Премиера на претставата „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски и концерт на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
„Квинтето Адриатико“, проект на италијанскиот пијанист Федерико Ловато, хрватската виолончелистка Латица Аниќ и Хрватско-македонскиот контрабасист Илин -Диме Димовски вечерва на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kvinteto-adriatiko-proekt-na-italijanskiot-pijanist-federiko-lovato-hrvatskata-violonchelistka-latitsa-anik-i-hrvatsko-makedonskiot-kontrabasist-ilin-dime-dimovski-vecherva-na-ohridsko-leto/ Mon, 29 Jul 2024 07:56:53 +0000 https://republika.mk/?p=801215

По вчерашната премиерна изведба на „Кралот Лир“ во рамки на Американската вечер, фестивалската програма на „Охридско лето“ продолжува вечерва со музичка содржина, преку концертот на уметниците од „Квинтето Адриатико“.

Ансамблот „Квинтето Адриатико“ е нов проект на италијанскиот пијанист Федерико Ловато, хрватската виолончелистка Латица Аниќ и Хрватско-македонскиот контрабасист и долгогодишен соработник на фестивалот „Охридско лето“, Илин -Диме Димовски.

Квинтетот е плод на повеќе од дведецениска соработка на Ловато и Димовски кои преку нивното учество и соработка во оркестарот на Фондацијата „Сан Марко“, како и гудачкиот оркестар „Солисти ин Вила“ во Портогруаро (Италија).

Во постојана потрага по нови предизвици и квалитетно заедничко музицирање тие ја контактираат фантастичната виолончелистка Латица Аниќ која гради интернационална кариера како солист и педагог на академијата во Лихтенштајн, како и македонската виолинистка Фросина Богдановска која е концерт-мајстор на оркестарот во Клагенфурт. Заедно, таа и Димовски се долгогодишни соработници во меѓународни ансамбли како оркестарот „No Borders” и „Ингац Фукс“ ансамблот.

Најновиот член на квинтетот е талентираната виолистка Дагмар Корбар, победничка на годинашниот натпревар „Папандопуло“, водач на секцијата виоли во Холандската филхармонија и асистент-професор на музичката академија во Загреб.

На вечерашниот концерт како гостин им се придружува и македонската пијанистка која живее и работи во САД- Јана Павловска Молц.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.

 

The post „Квинтето Адриатико“, проект на италијанскиот пијанист Федерико Ловато, хрватската виолончелистка Латица Аниќ и Хрватско-македонскиот контрабасист Илин -Диме Димовски вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

По вчерашната премиерна изведба на „Кралот Лир“ во рамки на Американската вечер, фестивалската програма на „Охридско лето“ продолжува вечерва со музичка содржина, преку концертот на уметниците од „Квинтето Адриатико“. Ансамблот „Квинтето Адриатико“ е нов проект на италијанскиот пијанист Федерико Ловато, хрватската виолончелистка Латица Аниќ и Хрватско-македонскиот контрабасист и долгогодишен соработник на фестивалот „Охридско лето“, Илин -Диме Димовски.
Квинтетот е плод на повеќе од дведецениска соработка на Ловато и Димовски кои преку нивното учество и соработка во оркестарот на Фондацијата „Сан Марко“, како и гудачкиот оркестар „Солисти ин Вила“ во Портогруаро (Италија).
Во постојана потрага по нови предизвици и квалитетно заедничко музицирање тие ја контактираат фантастичната виолончелистка Латица Аниќ која гради интернационална кариера како солист и педагог на академијата во Лихтенштајн, како и македонската виолинистка Фросина Богдановска која е концерт-мајстор на оркестарот во Клагенфурт. Заедно, таа и Димовски се долгогодишни соработници во меѓународни ансамбли како оркестарот „No Borders” и „Ингац Фукс“ ансамблот.
Најновиот член на квинтетот е талентираната виолистка Дагмар Корбар, победничка на годинашниот натпревар „Папандопуло“, водач на секцијата виоли во Холандската филхармонија и асистент-професор на музичката академија во Загреб.
На вечерашниот концерт како гостин им се придружува и македонската пијанистка која живее и работи во САД- Јана Павловска Молц. Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.  

The post „Квинтето Адриатико“, проект на италијанскиот пијанист Федерико Ловато, хрватската виолончелистка Латица Аниќ и Хрватско-македонскиот контрабасист Илин -Диме Димовски вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Магичниот глас на тенорот Мачидо одекна под сводовите на „Света Софија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/magichniot-glas-na-tenorot-machido-odekna-pod-svodovite-na-sveta-sofija/ Fri, 26 Jul 2024 10:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=800447

„Петте популарни песни“ создадени од композиторот Карлос Лопез Бучардо, „Петте популарни аргентински песни“ од Алберто Гинастера, како и „Триптихот од Кубанска поезија“ од Модеста Бар и „Есенските песни“ на Антонио Естевес прозвучија магично со прекрасниот глас на тенорот Акилес Мачадо кој вчеравечер настапи во црквата „Света Софија“ во пијано придружба на македонскиот пијанист Адреја Наунов.
Концертот се одржа во рамки на традиционалната Шпанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се организира со поддршка на Амбасадата на Кралството Шпанија.
- Долги години работиме со фестивалот „Охридско лето“ и големо е задоволството да се има Шпанска вечер на еден ваков меѓународно-реномиран фестивал. Годинава преку програмата беше прикажана мешавина од латиноамериканска и шпанска култура, истакна заменик-амбасадорката во Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава, Ана Грациа Гајего.
Роден во Баркисимето (Венецуела), тенорот Мачадо започнува да учи музика на Конзерваториумот „Висенте Емилио Сохо“. Студирал во класата на професорот Вилиам Алварадо на Конзерваториумот „Симон Боливар“ во Каракас. Откако се сели во Шпанија, благодарение на стипендијата од Шпанската национална банка и Фондацијата „Моцартеум“ од Венецуала, Мачадо студира на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во класата на Алфредо Краус. Во 1996 дебитира на оперската сцена во Каракас со „Љубовен напиток“, а истата година го има и Европското деби во „Магбет“ во театарот на Канарските острови. Неговата кариера е во постојан подем со настапи во најпознатите оперски куќи.
Пијанистот Андреја Наунов кој го придружуваше тенорот Акилес Мачадо е добитниĸ на државни награди по ĸамерна музиĸа и пијано, а има остварено и бројни солистичĸи рецитали, настапи со Маĸедоснĸата Филхармонија и орĸестарот на Маĸедоснĸата Опера и Балет.Меѓу неговите позначајни настапи се и турнеите со пијанистот и негов професор Симон Трпчесĸи.

The post Магичниот глас на тенорот Мачидо одекна под сводовите на „Света Софија“ appeared first on Република.

]]>

„Петте популарни песни“ создадени од композиторот Карлос Лопез Бучардо, „Петте популарни аргентински песни“ од Алберто Гинастера, како и „Триптихот од Кубанска поезија“ од Модеста Бар и „Есенските песни“ на Антонио Естевес прозвучија магично со прекрасниот глас на тенорот Акилес Мачадо кој вчеравечер настапи во црквата „Света Софија“ во пијано придружба на македонскиот пијанист Адреја Наунов. Концертот се одржа во рамки на традиционалната Шпанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се организира со поддршка на Амбасадата на Кралството Шпанија. - Долги години работиме со фестивалот „Охридско лето“ и големо е задоволството да се има Шпанска вечер на еден ваков меѓународно-реномиран фестивал. Годинава преку програмата беше прикажана мешавина од латиноамериканска и шпанска култура, истакна заменик-амбасадорката во Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава, Ана Грациа Гајего. Роден во Баркисимето (Венецуела), тенорот Мачадо започнува да учи музика на Конзерваториумот „Висенте Емилио Сохо“. Студирал во класата на професорот Вилиам Алварадо на Конзерваториумот „Симон Боливар“ во Каракас. Откако се сели во Шпанија, благодарение на стипендијата од Шпанската национална банка и Фондацијата „Моцартеум“ од Венецуала, Мачадо студира на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во класата на Алфредо Краус. Во 1996 дебитира на оперската сцена во Каракас со „Љубовен напиток“, а истата година го има и Европското деби во „Магбет“ во театарот на Канарските острови. Неговата кариера е во постојан подем со настапи во најпознатите оперски куќи. Пијанистот Андреја Наунов кој го придружуваше тенорот Акилес Мачадо е добитниĸ на државни награди по ĸамерна музиĸа и пијано, а има остварено и бројни солистичĸи рецитали, настапи со Маĸедоснĸата Филхармонија и орĸестарот на Маĸедоснĸата Опера и Балет.Меѓу неговите позначајни настапи се и турнеите со пијанистот и негов професор Симон Трпчесĸи.

The post Магичниот глас на тенорот Мачидо одекна под сводовите на „Света Софија“ appeared first on Република.

]]>
Хорот „Менада“ одржа велигденски концерт во Охрид: Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/horot-menada-odrzha-veligdenski-kontsert-vo-ohrid-se-nadevam-deka-sekoj-ponese-pozitivna-misla-od-kontsertot-veli-maestro-zorik/ Wed, 01 May 2024 12:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=773005

Во духот на предвечерието на големиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден, НУ „Охридско лето“ организира концерт на православна хорска музика со Женскиот хор „Менада“ од Тетово.

Под диригентската палка на професор доктор Ивица Зориќ во Охрид вчера настапија 21 хористки кои изведоа православна духовна музика со што дадоа свој придонес во одбележувањето на овој христијански празник.

Со големо задоволство ја прифативме поканата да земеме учество на овој концерт со единствена желба да дадеме свој придонес, посебно во овој катедрален храм, црквата „Света Софија“. Направивме ретроспектива на православна духовна музика. Имавме неколку византиски напеви, грузиски, македонски, грчки, но и напеви на други јазици. Вечерта ја заокруживме со ретроспектива на композиции кои се во духот на повеќегласното црковно пеење, така што имавме нагорна линија на најсовремени композиции што се пишуваат сега. И на крајот, завршувме со молитва, со „Оче наш“, со желба што повеќе луѓе да го почувствуваат овој голем христијански празник. Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ.

Маестро Зориќ, целиот свој работен век го има посветено токму на Женскиот хор „Менада“, но и на Детскиот хор „Лале“ чиј основач е самиот тој.

Со „Менада“ годинава одбележуваме 43 години постоење. Јас сум од првиот работен ден со овој хор. Исо така, работам и со Детскиот хор „Лале“ кој исто така настапува и во Охрид по разни поводи, а годинава одбележува 47 години постоење. Двата хора ги основав јас и раководам со нив сите изминати години, и навистина е огромно задоволството што човек се посветува самиот себеси. Ме радува што има интерес за нашите настапи. Тетово е град на хорската музика, но патуваме често и во странство. Досега имаме посетено повеќе од 20 земји, појаснува маестро Зориќ.

The post Хорот „Менада“ одржа велигденски концерт во Охрид: Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ appeared first on Република.

]]>

Во духот на предвечерието на големиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден, НУ „Охридско лето“ организира концерт на православна хорска музика со Женскиот хор „Менада“ од Тетово. Под диригентската палка на професор доктор Ивица Зориќ во Охрид вчера настапија 21 хористки кои изведоа православна духовна музика со што дадоа свој придонес во одбележувањето на овој христијански празник.
Со големо задоволство ја прифативме поканата да земеме учество на овој концерт со единствена желба да дадеме свој придонес, посебно во овој катедрален храм, црквата „Света Софија“. Направивме ретроспектива на православна духовна музика. Имавме неколку византиски напеви, грузиски, македонски, грчки, но и напеви на други јазици. Вечерта ја заокруживме со ретроспектива на композиции кои се во духот на повеќегласното црковно пеење, така што имавме нагорна линија на најсовремени композиции што се пишуваат сега. И на крајот, завршувме со молитва, со „Оче наш“, со желба што повеќе луѓе да го почувствуваат овој голем христијански празник. Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ.
Маестро Зориќ, целиот свој работен век го има посветено токму на Женскиот хор „Менада“, но и на Детскиот хор „Лале“ чиј основач е самиот тој.
Со „Менада“ годинава одбележуваме 43 години постоење. Јас сум од првиот работен ден со овој хор. Исо така, работам и со Детскиот хор „Лале“ кој исто така настапува и во Охрид по разни поводи, а годинава одбележува 47 години постоење. Двата хора ги основав јас и раководам со нив сите изминати години, и навистина е огромно задоволството што човек се посветува самиот себеси. Ме радува што има интерес за нашите настапи. Тетово е град на хорската музика, но патуваме често и во странство. Досега имаме посетено повеќе од 20 земји, појаснува маестро Зориќ.

The post Хорот „Менада“ одржа велигденски концерт во Охрид: Се надевам дека секој понесе позитивна мисла од концертот, вели маестро Зориќ appeared first on Република.

]]>
Почна светата архиерејска литургија во „Света Софија“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-svetata-arhierejska-liturgija-vo-sveta-sofija-vo-ohrid/ Mon, 05 Jun 2023 07:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=647868

Во црквата „Света Софија“ во Охрид утрово почна света архиерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ).

Со светата архиерејска литургија чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви.

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА.

На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ.

Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 5 јуни, минатата година.

The post Почна светата архиерејска литургија во „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во црквата „Света Софија“ во Охрид утрово почна света архиерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ). Со светата архиерејска литургија чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви. Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА.
На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ.
Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.
По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 5 јуни, минатата година.

The post Почна светата архиерејска литургија во „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Српскиот патријарх в понеделник ќе ја води службата на обединување во Света Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srpskiot-patrijarh-v-ponedelnik-ke-ja-vodi-sluzhbata-na-obedinuvane-vo-sveta-sofija/ Thu, 01 Jun 2023 18:06:10 +0000 https://republika.mk/?p=646972

В понеделник, на петти јуни, Духовден, во црквата Света Софија во Охрид официјално ќе се обединат Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Православната охридска архиепископија (ПОА), односно четворицата владици на ПОА, заeдно со свештениците ќе се вратат во МПЦ-ОА.

Според информациите на порталот Религија, на заедничката богослужба ќе чиноначалствува српскиот патријарх Порфириј, а единствениот владика од ПОА кој ќе учествува во службата ќе биде новиот дељадровско-илинденски епископ г. Јоаким.

На патријархот Порфириј ќе му сослужуваат архиепископот г.г. Стефан и тројцата владици на МПЦ-ОА кои отстапуваат делови од своите епархии за новите владици, а тоа се преспанско-пелагонискиот г. Петар, кумановско-осоговскиот г. Григориј и брегалничкиот г. Иларион. Со нив ќе служи и дебарско-кичевскиот г. Тимотеј, како домаќин.

Од страна на СПЦ, гости ќе бидат морачкиот епископ Сава и топличкиот Петар.

Целиот настан ќе биде пренесуван во живо на државната телевизија МТВ.

Интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА ќе финишира со заеднички ручек во Хотелот „Изгрев“ во Струга.

 

The post Српскиот патријарх в понеделник ќе ја води службата на обединување во Света Софија appeared first on Република.

]]>

В понеделник, на петти јуни, Духовден, во црквата Света Софија во Охрид официјално ќе се обединат Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Православната охридска архиепископија (ПОА), односно четворицата владици на ПОА, заeдно со свештениците ќе се вратат во МПЦ-ОА. Според информациите на порталот Религија, на заедничката богослужба ќе чиноначалствува српскиот патријарх Порфириј, а единствениот владика од ПОА кој ќе учествува во службата ќе биде новиот дељадровско-илинденски епископ г. Јоаким. На патријархот Порфириј ќе му сослужуваат архиепископот г.г. Стефан и тројцата владици на МПЦ-ОА кои отстапуваат делови од своите епархии за новите владици, а тоа се преспанско-пелагонискиот г. Петар, кумановско-осоговскиот г. Григориј и брегалничкиот г. Иларион. Со нив ќе служи и дебарско-кичевскиот г. Тимотеј, како домаќин. Од страна на СПЦ, гости ќе бидат морачкиот епископ Сава и топличкиот Петар. Целиот настан ќе биде пренесуван во живо на државната телевизија МТВ. Интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА ќе финишира со заеднички ручек во Хотелот „Изгрев“ во Струга.  

The post Српскиот патријарх в понеделник ќе ја води службата на обединување во Света Софија appeared first on Република.

]]>
„Охридско лето“: Концерт на Трио „Џентлмен“ вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ohridsko-leto-kontsert-na-trio-dhentlmen-na-7-mart-vo-tsrkvata-sveta-sofija-vo-ohrid/ Tue, 07 Mar 2023 13:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=616037

По повод 8 март, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на популарното Трио „Џентлмен“,  музички состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко- сценска атракција.

Концертот, кој ќе се одржи на 7 март во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 19 часот ќе биде посветен на припадничките на понежниот пол, велат организаторите.

„Она што претходно го најавивме, дека „Охридско лето“ нема само да биде во рамките на 40 дена, сега го реализираме. По успешниот новогодишен концерт сега реализираме осмомартовски, како подарок за сите припаднички на понежниот пол.  Сакаме врвната култура да живее преку цела година со што од една страна го афирмираме Фестивалот, а од друга страна и Охрид како град и државата во целина. Нудиме квалитет, а тоа го препознава нашата верна публика“, вели директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

По урнекот на светските поп-класични состави, Трио  „Џентлмен“ се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни и секако македонското творештво.

Трио „Џентлмен“ има настапувано низ целата земја со свои целовечерни концерт, тие се дел и од големи манифестации во нашата држава, како и надвор од неа. Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори.

Тие се различни и по тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук интрепетиран од тројца оперски пејачи.

The post „Охридско лето“: Концерт на Трио „Џентлмен“ вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

По повод 8 март, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на популарното Трио „Џентлмен“,  музички состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко- сценска атракција. Концертот, кој ќе се одржи на 7 март во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 19 часот ќе биде посветен на припадничките на понежниот пол, велат организаторите. „Она што претходно го најавивме, дека „Охридско лето“ нема само да биде во рамките на 40 дена, сега го реализираме. По успешниот новогодишен концерт сега реализираме осмомартовски, како подарок за сите припаднички на понежниот пол.  Сакаме врвната култура да живее преку цела година со што од една страна го афирмираме Фестивалот, а од друга страна и Охрид како град и државата во целина. Нудиме квалитет, а тоа го препознава нашата верна публика“, вели директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ. По урнекот на светските поп-класични состави, Трио  „Џентлмен“ се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни и секако македонското творештво. Трио „Џентлмен“ има настапувано низ целата земја со свои целовечерни концерт, тие се дел и од големи манифестации во нашата држава, како и надвор од неа. Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори. Тие се различни и по тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук интрепетиран од тројца оперски пејачи.

The post „Охридско лето“: Концерт на Трио „Џентлмен“ вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Една од најактивните албански пијанистки Мерита  Реџа-Тершана заедно со виолинистот Ермир Абеши настапува во црквата „Света Софија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/edna-od-najaktivnite-albanski-pijanistki-merita-redza-tershana-zaedno-so-violinistot-ermir-abeshi-nastapuva-vo-crkvata-sveta-sofija/ Sun, 17 Jul 2022 14:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=530358

Една од најактивните албански пијанистки Мерита  Реџа-Тершана заедно со нејзиниот колега, виолинистот Ермир Абеши вечерва ќе одржат целовечерен концерт за публиката на фестивалот „Охридско лето“.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“  со почеток во 21 часот, а на репертоарот ќе бидат дела од Лудвиг ван Бетовен и Сергеј Прокофјев.

Абеши е финалист на натпреварот за виолина „Кралица Елизабета“ во Брисел во 2012 година и добитник на втора награда од престижниот натпревар „Липицер“ во 2011 година во Италија. Тој настапува како солист со бројни оркестри во Белгија меѓу кои Белгискиот национален оркестар, Кралскиот камерен оркестар на Валонија, романските оркестри во Плоешти и Бекау, оркестарот на Албанското радио ТВ. Дебитира на 16-годишна возраст со оркестарот „Гедини“ под диригентската палка на Марк Фостер, а настапува и со оркестарот на Конзерваториумот „Њу Ингланд“ во Бостон. Со рецитали настапува во Европа и Тајван. Роден во Елбасан во 1987 година, Ермир Абеши започнува да учи виолина на шестгодишна возраст, а студиите го водат во Кремона, Италија каде дипломира на тамошната академија во класата на Бруно Пињата, а се усовршува кај познатиот италијански виолинист Салваторе Акардо.

Во 2006 година заминува во Бостон, таму ги завршува пост-дипломските студии на конзерваториумот „Њу Ингланд“ каде студира во класата на концерт-мајсторот на Бостонскиот симфониски оркестар- Мартин Лоув. За време на годините во САД редовно посетува мајсторски курсеви и летни кампови под водство на Иља Груберт, Пинкас Цукерман и Григориј Жислин, учи камерна музика со Николас Кичен од гудачкиот квартет „Боромео“ и композиција со Мајкл Гандолфи и Џон Малиа. Во 2010 година Абеши се враќа во Европа продолжувајќи го своето усовршување со Дора Шварцберг и Наталија Пришипенко. Ермир Абеши е активен камерен музичар. Тој е дел од триото „Шпигел“ со Злата Чочиева и виолончелистот Николај Шугајев со кои настапува во некои од најпрестижните европски концертни сали вклучително во „Концертгебау“ во Амстердам, салата „Верди“ во Милано и на фестивалот во Луцерн. Од 2014 година започнува да работи како концерт-мајстор на Чешката филхармонија во Прага и истата позиција ја држи во оркестарот во Оденсе во Данска. Во 2017 година тој е назначен за концерт-мајстор на Германската радио филхармонија  „Сарбрукен-Кајзерслаутерн“.

Критиката, публиката и медиумите ја сметаат Мерита Реџа -Тершана за една од најактивните уметници на албанската територија,  и таа  продолжува да гради кариера полна со нови достигнувања. Добитничка е на импресивна бројка од национални награди како „Изведувач на годината“ на албанскиот фестивал за современа музика во 1996, „Изведувач на годината“ и добитник е на „Култ наградата“ во 2010 и 2016. Родена во Тирана, Мерита Реџа - Тершана дипломира на Универзитетот за уметности во Тирана во класата на проф. Маргарита Кристиди, а се усовршува на пост-дипломски  студии и на мајсторски курсеви кај Паул Бадура-Скода и Тил Енгел.  Тершана работи на Универзитетот во Тирана од 1994, најпрво како корепетитор, а подоцна од 2002 година како педагог. Тершана е професор по пијано  на Универзитетот за уметности во Тирана, продекан на Факултетот за музичка уметност и раководител на одделот за пијано на истиот факултет.

Како солист настапува со повеќе оркестри вклучително со оркестарот на Албанското радио и ТВ, оркестарот на Универзитетот во Тирана, оркестарот на Операта под диригентската палка на:  Ј. Барбулуши, Л. Квадрини, Б. Лапај, А. Лепури, Н. Марин и Д. Савиќ. Како солист е често канета да настапи на познати фестивали во Албанија и Европа меѓу кои Фестивалот „Шлезгвиг- Холштајн“ (Германија), Фестивалот во Брегенц (Австрија), Фестивалот „Гросето“ во Италија како и на бројни фестивали во регионот. Мерита Реџа -Тершана често и за првпат изведува нови дела од албански композитори, а во 2009 снима ЦД со музика од Шуман. Исто така, има снимено две ЦД- а со дела од албански композитори. Помеѓу бројните уметници со кои соработува како камерен музичар се вбројуваат: Клаиди Сахатчи, Руденс Турку, Ермир Абеши, Андреј Бјелов, Арета Жула, Кристи Гјези, Томас Лелу, Премусл Војта, Лоик Шнајдер, Роберто Траинини, Саимир Пиргу и др.

The post Една од најактивните албански пијанистки Мерита  Реџа-Тершана заедно со виолинистот Ермир Абеши настапува во црквата „Света Софија“ appeared first on Република.

]]>

Една од најактивните албански пијанистки Мерита  Реџа-Тершана заедно со нејзиниот колега, виолинистот Ермир Абеши вечерва ќе одржат целовечерен концерт за публиката на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“  со почеток во 21 часот, а на репертоарот ќе бидат дела од Лудвиг ван Бетовен и Сергеј Прокофјев. Абеши е финалист на натпреварот за виолина „Кралица Елизабета“ во Брисел во 2012 година и добитник на втора награда од престижниот натпревар „Липицер“ во 2011 година во Италија. Тој настапува како солист со бројни оркестри во Белгија меѓу кои Белгискиот национален оркестар, Кралскиот камерен оркестар на Валонија, романските оркестри во Плоешти и Бекау, оркестарот на Албанското радио ТВ. Дебитира на 16-годишна возраст со оркестарот „Гедини“ под диригентската палка на Марк Фостер, а настапува и со оркестарот на Конзерваториумот „Њу Ингланд“ во Бостон. Со рецитали настапува во Европа и Тајван. Роден во Елбасан во 1987 година, Ермир Абеши започнува да учи виолина на шестгодишна возраст, а студиите го водат во Кремона, Италија каде дипломира на тамошната академија во класата на Бруно Пињата, а се усовршува кај познатиот италијански виолинист Салваторе Акардо. Во 2006 година заминува во Бостон, таму ги завршува пост-дипломските студии на конзерваториумот „Њу Ингланд“ каде студира во класата на концерт-мајсторот на Бостонскиот симфониски оркестар- Мартин Лоув. За време на годините во САД редовно посетува мајсторски курсеви и летни кампови под водство на Иља Груберт, Пинкас Цукерман и Григориј Жислин, учи камерна музика со Николас Кичен од гудачкиот квартет „Боромео“ и композиција со Мајкл Гандолфи и Џон Малиа. Во 2010 година Абеши се враќа во Европа продолжувајќи го своето усовршување со Дора Шварцберг и Наталија Пришипенко. Ермир Абеши е активен камерен музичар. Тој е дел од триото „Шпигел“ со Злата Чочиева и виолончелистот Николај Шугајев со кои настапува во некои од најпрестижните европски концертни сали вклучително во „Концертгебау“ во Амстердам, салата „Верди“ во Милано и на фестивалот во Луцерн. Од 2014 година започнува да работи како концерт-мајстор на Чешката филхармонија во Прага и истата позиција ја држи во оркестарот во Оденсе во Данска. Во 2017 година тој е назначен за концерт-мајстор на Германската радио филхармонија  „Сарбрукен-Кајзерслаутерн“. Критиката, публиката и медиумите ја сметаат Мерита Реџа -Тершана за една од најактивните уметници на албанската територија,  и таа  продолжува да гради кариера полна со нови достигнувања. Добитничка е на импресивна бројка од национални награди како „Изведувач на годината“ на албанскиот фестивал за современа музика во 1996, „Изведувач на годината“ и добитник е на „Култ наградата“ во 2010 и 2016. Родена во Тирана, Мерита Реџа - Тершана дипломира на Универзитетот за уметности во Тирана во класата на проф. Маргарита Кристиди, а се усовршува на пост-дипломски  студии и на мајсторски курсеви кај Паул Бадура-Скода и Тил Енгел.  Тершана работи на Универзитетот во Тирана од 1994, најпрво како корепетитор, а подоцна од 2002 година како педагог. Тершана е професор по пијано  на Универзитетот за уметности во Тирана, продекан на Факултетот за музичка уметност и раководител на одделот за пијано на истиот факултет. Како солист настапува со повеќе оркестри вклучително со оркестарот на Албанското радио и ТВ, оркестарот на Универзитетот во Тирана, оркестарот на Операта под диригентската палка на:  Ј. Барбулуши, Л. Квадрини, Б. Лапај, А. Лепури, Н. Марин и Д. Савиќ. Како солист е често канета да настапи на познати фестивали во Албанија и Европа меѓу кои Фестивалот „Шлезгвиг- Холштајн“ (Германија), Фестивалот во Брегенц (Австрија), Фестивалот „Гросето“ во Италија како и на бројни фестивали во регионот. Мерита Реџа -Тершана често и за првпат изведува нови дела од албански композитори, а во 2009 снима ЦД со музика од Шуман. Исто така, има снимено две ЦД- а со дела од албански композитори. Помеѓу бројните уметници со кои соработува како камерен музичар се вбројуваат: Клаиди Сахатчи, Руденс Турку, Ермир Абеши, Андреј Бјелов, Арета Жула, Кристи Гјези, Томас Лелу, Премусл Војта, Лоик Шнајдер, Роберто Траинини, Саимир Пиргу и др.

The post Една од најактивните албански пијанистки Мерита  Реџа-Тершана заедно со виолинистот Ермир Абеши настапува во црквата „Света Софија“ appeared first on Република.

]]>
Современи композитори на класична музика со камерниот ансамбл „Нов здив“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sovremeni-kompozitori-na-klasichna-muzika-so-kamerniot-ansambl-nov-zdiv/ Sat, 16 Jul 2022 14:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=530014

Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“  имаше можност да ужива во класична музика од современи композитори преку прекрасната изведба на членовите на камерниот ансамбл „Нов здив“, составен од уметници од Македонската филхармонија и под диригентската палка на францускиот диригент Паскал Галоа.

Во Република Македонија не постојат  многу состави кои се длабински посветени на класичната музика создадена од поновата генерација композитори. Токму оттука, како што вели  виолончелистот Паскал Краповски, се роди и идејата за формирање на камерниот ансамбл „Нов здив“.

Минатата година  на средба со диригентот Паскал Галоа и композиторот  Панде Шахов се  роди  идејата за остварување нов ансамбл за современа музика под раководство на маестро Галоа со која би можеле да се етаблираме на европската сцена на модерни камерни ансамбли. Отворени сме  за секаква посветеност кон класичната музика без разлика на тоа од кој период датира, доцен 20-ти или 21 век. Се разбира, ние свириме и Бетовен и Брамс, но имаме простор да се изразиме таму каде што има повеќе простор за изразување. На Германците не можеме да им го  контрираме Бетовен зашто е нивни, но можеме да се претставиме преку современата  музика во која спаѓаат и македонски композитори  од помладата или последната генерација етаблирани композитори, вели Краповски.

Францускиот диригент Паскал Галоа кој негува голем ентузијазам  кон новата музика, активно работи како  диригент со бројни  ансамбли и оркестри во светот.

Чест ми беше со публиката на фестивалот да ги споделам извонредните композитори како Шенберг и Веберн. Во овој проект имавме и  дело од Валентина  Трајановска кое претставуваше еден вид на мост помеѓу двете школи на современата музика на 20 и 21 век. Овие мостови се многу значајни бидејќи 19 век го означувал романтизмот и Шенберг може да се смета како последен композитор од романтизмот. Горди сме на проектот и нестрпливи да го прикажеме низ Европа, вели маестро Галоа.

На вчерашниот концерт беше изведено делото за соло сопран, кларинет, виолина, виолончело и ударни инструменти од Валентина Велковска-Трајановска, „Омен“, а настапи македонската сопранистка Гонце-Богоромова-Краповски.

Чест, задоволство и привилегија е да се биде на подиумот во „Света Софија“ и на „Охридско лето“ заедно со маестро Галоа и со музичарите од Македонска филхармонија. Ова е прв мој солистички настап на „Охридско лето“, истакна  Богоромова-Краповски.

Македонската Филхармонија, најстариот и единствен симфониски оркестар во Македонија е столб на македонската музичка сцена скоро осум децении. Нејзиниот постојан квалитативен раст, негување на широк репертоар од светската класична музичка литература како и светски премиери на дела од современи автори, оживувајќи ги со особена гордост и делата на македонските музички творци. Со подмладувањето на оркестарот во последнава декада особено, Македонската Филхармонија внесува елан и работи со силен ентузијазам, а со тоа создава простор за зародиш на нови камерни амсамбли и формации, како и за возобновување на долгогодишните добро познати камерни состави.

 

The post Современи композитори на класична музика со камерниот ансамбл „Нов здив“ appeared first on Република.

]]>

Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“  имаше можност да ужива во класична музика од современи композитори преку прекрасната изведба на членовите на камерниот ансамбл „Нов здив“, составен од уметници од Македонската филхармонија и под диригентската палка на францускиот диригент Паскал Галоа. Во Република Македонија не постојат  многу состави кои се длабински посветени на класичната музика создадена од поновата генерација композитори. Токму оттука, како што вели  виолончелистот Паскал Краповски, се роди и идејата за формирање на камерниот ансамбл „Нов здив“.
Минатата година  на средба со диригентот Паскал Галоа и композиторот  Панде Шахов се  роди  идејата за остварување нов ансамбл за современа музика под раководство на маестро Галоа со која би можеле да се етаблираме на европската сцена на модерни камерни ансамбли. Отворени сме  за секаква посветеност кон класичната музика без разлика на тоа од кој период датира, доцен 20-ти или 21 век. Се разбира, ние свириме и Бетовен и Брамс, но имаме простор да се изразиме таму каде што има повеќе простор за изразување. На Германците не можеме да им го  контрираме Бетовен зашто е нивни, но можеме да се претставиме преку современата  музика во која спаѓаат и македонски композитори  од помладата или последната генерација етаблирани композитори, вели Краповски.
Францускиот диригент Паскал Галоа кој негува голем ентузијазам  кон новата музика, активно работи како  диригент со бројни  ансамбли и оркестри во светот.
Чест ми беше со публиката на фестивалот да ги споделам извонредните композитори како Шенберг и Веберн. Во овој проект имавме и  дело од Валентина  Трајановска кое претставуваше еден вид на мост помеѓу двете школи на современата музика на 20 и 21 век. Овие мостови се многу значајни бидејќи 19 век го означувал романтизмот и Шенберг може да се смета како последен композитор од романтизмот. Горди сме на проектот и нестрпливи да го прикажеме низ Европа, вели маестро Галоа.
На вчерашниот концерт беше изведено делото за соло сопран, кларинет, виолина, виолончело и ударни инструменти од Валентина Велковска-Трајановска, „Омен“, а настапи македонската сопранистка Гонце-Богоромова-Краповски.
Чест, задоволство и привилегија е да се биде на подиумот во „Света Софија“ и на „Охридско лето“ заедно со маестро Галоа и со музичарите од Македонска филхармонија. Ова е прв мој солистички настап на „Охридско лето“, истакна  Богоромова-Краповски.
Македонската Филхармонија, најстариот и единствен симфониски оркестар во Македонија е столб на македонската музичка сцена скоро осум децении. Нејзиниот постојан квалитативен раст, негување на широк репертоар од светската класична музичка литература како и светски премиери на дела од современи автори, оживувајќи ги со особена гордост и делата на македонските музички творци. Со подмладувањето на оркестарот во последнава декада особено, Македонската Филхармонија внесува елан и работи со силен ентузијазам, а со тоа создава простор за зародиш на нови камерни амсамбли и формации, како и за возобновување на долгогодишните добро познати камерни состави.  

The post Современи композитори на класична музика со камерниот ансамбл „Нов здив“ appeared first on Република.

]]>
Прекрасна атмосфера на концертот на пијано-дуото АнАнтонио во црквата „Света Софија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prekrasna-atmosfera-na-koncertot-na-pijano-duoto-anantonio-vo-crkvata-sveta-sofija/ Thu, 14 Jul 2022 14:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=528849

Прекрасна атмосфера вчеравечер приреди пијано-дуото АнАнтонио“ музицирајќи во црквата „Света Софија“.

Извонредните уметници Ана Јосимовска –Кањацо и Антонио Кањацо изразувајќи ја својата виртуозност на пијаното донесоа дела од А. С. Аренски, Брамс, Рахмањинов, како и композиција од македонскиот композитор Томислав Зографски.

Првпат на „Охридско лето“ настапив пред 19 години сама, а овојпат настапувам во дуо со Антонио. Охрид е прекрасен. Фестивалската програма ја следам преку социјалните мрежи. Имам многу пријатели кои настапуваат на концертниот подиум на „Охридско лето, изјави пијанистката Ана Јосимовска-Кањацо изразувајќи голема благодарност на поканата да биде дел од годинешната фестивалска програма.

Двајцата признати музичари со македонско и италијанско потекло живеат и творат во Љубљана, Словенија. Паралелно со концертната кариера, двајцата пијанисти предаваат во Валдорфското музичко училиште во Љубљана.

Нивниот репертоар опфаќа дела за соло пијано, пијано дует и за две пијана од Јохан Себастијан Бах до делата на Шчедрин и Куртаг. Како солисти и камерни музичари се добитници на многу награди од меѓународни натпревари и настапувале со Националаната филхармонија на Р.Македонија, Словенечката филхармонија, Оркестарот на музичката академија од Пескара, Младинскиот оркестар од Мартиненго, оркестарот на меѓународниот фестивал во Чиогија, на фестивалот „Охридско лето“, на „Коларац“ во Белград, во Народниот музеј во Софија, на „Камерфест“ во Приштина, во театарот „Паисиело“ во Лече, салата „Пјати“ во Бергамо, во театарот „Марчело“ во Рим, на Словенскиот конзерваториум во Париз, во „Готеанум “ во Дорнах, во „Мајкл Хол“ во Лондон, на Музичката академија во Осло…

 

The post Прекрасна атмосфера на концертот на пијано-дуото АнАнтонио во црквата „Света Софија“ appeared first on Република.

]]>

Прекрасна атмосфера вчеравечер приреди пијано-дуото АнАнтонио“ музицирајќи во црквата „Света Софија“. Извонредните уметници Ана Јосимовска –Кањацо и Антонио Кањацо изразувајќи ја својата виртуозност на пијаното донесоа дела од А. С. Аренски, Брамс, Рахмањинов, како и композиција од македонскиот композитор Томислав Зографски.
Првпат на „Охридско лето“ настапив пред 19 години сама, а овојпат настапувам во дуо со Антонио. Охрид е прекрасен. Фестивалската програма ја следам преку социјалните мрежи. Имам многу пријатели кои настапуваат на концертниот подиум на „Охридско лето, изјави пијанистката Ана Јосимовска-Кањацо изразувајќи голема благодарност на поканата да биде дел од годинешната фестивалска програма.
Двајцата признати музичари со македонско и италијанско потекло живеат и творат во Љубљана, Словенија. Паралелно со концертната кариера, двајцата пијанисти предаваат во Валдорфското музичко училиште во Љубљана. Нивниот репертоар опфаќа дела за соло пијано, пијано дует и за две пијана од Јохан Себастијан Бах до делата на Шчедрин и Куртаг. Како солисти и камерни музичари се добитници на многу награди од меѓународни натпревари и настапувале со Националаната филхармонија на Р.Македонија, Словенечката филхармонија, Оркестарот на музичката академија од Пескара, Младинскиот оркестар од Мартиненго, оркестарот на меѓународниот фестивал во Чиогија, на фестивалот „Охридско лето“, на „Коларац“ во Белград, во Народниот музеј во Софија, на „Камерфест“ во Приштина, во театарот „Паисиело“ во Лече, салата „Пјати“ во Бергамо, во театарот „Марчело“ во Рим, на Словенскиот конзерваториум во Париз, во „Готеанум “ во Дорнах, во „Мајкл Хол“ во Лондон, на Музичката академија во Осло…  

The post Прекрасна атмосфера на концертот на пијано-дуото АнАнтонио во црквата „Света Софија“ appeared first on Република.

]]>