Света Петка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveta-petka/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 15:11:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Света Петка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveta-petka/ 32 32 Девет верувања за денешниот празник посветен на Света Петка Икониска https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/devet-veruvana-za-deneshniot-praznik-posveten-na-sveta-petka-ikoniska/ Sun, 10 Nov 2024 15:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=836121

Православните верници денеска ќе го слават споменот на Светата Маченичка Параскева (Света Петка Икониска).

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка, а покрај денешниот празници посветени на св. Петка има и на 8 август и 27 октомври (нов стил).

Населението верува дека св. Петка е заштитничка на луѓето, ги чува од суша, поплави, неплодност, громови и од многу други несреќи. Празникот Св. Петка повеќе го празнуваат жените.

Верувањата за овој ден велат:

Ако денес пцуете – во староста може да останете сами;

Ако на глас се смеете и се забавувате – наскоро ќе мора горко да плачете;

Ако ја миете косата (но само за слободни девојки) – барем уште една година ќе останат сами;

Ако зборувате лошо за мртвите – фрлате клетви на себе;

Ако започнете нов бизнис – нема да биде успешен.

Меѓу луѓето имало знаци и за временските услови. Така, на пример, ако на 10 ноември има мраз на дрвјата, тогаш цела зима ќе биде многу студена и со мраз.

Ако има магла наутро – следува затоплување.

Ако има круг во близина на Месечината, очекувајте бура.

Случајно да се види верверица на овој ден – ќе имате радост во зимата.

The post Девет верувања за денешниот празник посветен на Света Петка Икониска appeared first on Република.

]]>

Православните верници денеска ќе го слават споменот на Светата Маченичка Параскева (Света Петка Икониска). Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка, а покрај денешниот празници посветени на св. Петка има и на 8 август и 27 октомври (нов стил). Населението верува дека св. Петка е заштитничка на луѓето, ги чува од суша, поплави, неплодност, громови и од многу други несреќи. Празникот Св. Петка повеќе го празнуваат жените. Верувањата за овој ден велат: Ако денес пцуете – во староста може да останете сами; Ако на глас се смеете и се забавувате – наскоро ќе мора горко да плачете; Ако ја миете косата (но само за слободни девојки) – барем уште една година ќе останат сами; Ако зборувате лошо за мртвите – фрлате клетви на себе; Ако започнете нов бизнис – нема да биде успешен. Меѓу луѓето имало знаци и за временските услови. Така, на пример, ако на 10 ноември има мраз на дрвјата, тогаш цела зима ќе биде многу студена и со мраз. Ако има магла наутро – следува затоплување. Ако има круг во близина на Месечината, очекувајте бура. Случајно да се види верверица на овој ден – ќе имате радост во зимата.

The post Девет верувања за денешниот празник посветен на Света Петка Икониска appeared first on Република.

]]>
Православните верници денес ја празнуваат Света Петка https://arhiva3.republika.mk/zivot/pravoslavnite-vernitsi-denes-ja-praznuvaat-sveta-petka/ Sun, 27 Oct 2024 07:29:43 +0000 https://republika.mk/?p=831333

Празникот посветен на Света Петка се слави денес, 27 октомври.

На иконите на кои е прикажана оваа светица, најчесто стои натписот: „Верувам во еден, единствен Бог и во Светото тројство“.

Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка.

Кога и умреле родителите Параскева заминала во Јорданската пустина каде што долго живеела во молитви, пост и плач. Се хранела со пустинска растителна храна, само еднаш во денот, и тоа навечер. Според верувањата, долго време ѓаволот се обидувал да ја одврати од приврзаноста кон Бога. Се преправал во разни форми па и како ѕвер ја напаѓал, но таа не се поколебала.

Еден од обичаите кои се практикуваат на празникот на Света Петка е „петолебие“, кога луѓето носат пет лепчиња во црквата, во спомен на настанот од Библијата, кога Исус Христос со пет леба нахранил 5.000 луѓе. Притоа, петте лепчиња се осветуваат, при што едно му се дава на верникот, а четири остануваат во црквата.

The post Православните верници денес ја празнуваат Света Петка appeared first on Република.

]]>

Празникот посветен на Света Петка се слави денес, 27 октомври.
На иконите на кои е прикажана оваа светица, најчесто стои натписот: „Верувам во еден, единствен Бог и во Светото тројство“. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка. Кога и умреле родителите Параскева заминала во Јорданската пустина каде што долго живеела во молитви, пост и плач. Се хранела со пустинска растителна храна, само еднаш во денот, и тоа навечер. Според верувањата, долго време ѓаволот се обидувал да ја одврати од приврзаноста кон Бога. Се преправал во разни форми па и како ѕвер ја напаѓал, но таа не се поколебала. Еден од обичаите кои се практикуваат на празникот на Света Петка е „петолебие“, кога луѓето носат пет лепчиња во црквата, во спомен на настанот од Библијата, кога Исус Христос со пет леба нахранил 5.000 луѓе. Притоа, петте лепчиња се осветуваат, при што едно му се дава на верникот, а четири остануваат во црквата.

The post Православните верници денес ја празнуваат Света Петка appeared first on Република.

]]>
Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-ja-slavime-sveta-petka-na-son-se-javuva-samo-poradi-dve-prichini/ Sat, 26 Oct 2024 17:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=830102

Македонската православна црква и нејзините верници утре, на 27 октомври, ја слават заштитничката на жената – Света Петка.

Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господа.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белград постои вода (агијазма) на света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.

Празникот посветен на преподобната Мајка Параскева кај нашиот народ со векови се почитува, а има сведоштва во кои ова светица им се јавувала на луѓето во сон. Според народното верување, ако Света Петка ви се појави на сон, тоа може да значи две работи, или ќе бидете наградени или тоа е предупредување и покана за промена.

The post Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква и нејзините верници утре, на 27 октомври, ја слават заштитничката на жената – Света Петка. Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господа.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белград постои вода (агијазма) на света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката. Празникот посветен на преподобната Мајка Параскева кај нашиот народ со векови се почитува, а има сведоштва во кои ова светица им се јавувала на луѓето во сон. Според народното верување, ако Света Петка ви се појави на сон, тоа може да значи две работи, или ќе бидете наградени или тоа е предупредување и покана за промена.

The post Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини appeared first on Република.

]]>
Со можност за поклонение пред моштите на светителката, ќе се одбележи патронот на црквата „Света Петка“ во Дебар https://arhiva3.republika.mk/zivot/so-mozhnost-za-poklonenie-pred-moshtite-na-svetitelkata-ke-se-odbelezhi-patronot-na-tsrkvata-sveta-petka-vo-debar/ Fri, 25 Oct 2024 17:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=831065

Дебарските верници в недела ќе го одбележат патронот на црквата „Света Петка“, со можност да се поклонат пред моштите на светителката.

- Црковниот одбор при храмот „Света Петка“ во Дебар има чест со сите да ја сподели радоста за доаѓањето на чесните мошти на светата Параскева во нашиот град, токму на денот на нејзиниот празничен спомен, 27 октомври 2024 лето Господово, објави Одборот.

Моштите ќе бидат поставени за поклонение во дебарскиот храм посветен на светата Параскева уште на самата Утрена богослужба, која ќе започне во 7:30 часот.

-Овие мошти верно се чуваат од страна на Пречистанското сестринство, од  манастирот „Света Богородица – Пречиста“ или Крнински манастир кај Кичево, кое со благослов на нашиот надлежен владика, митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, благоизволија да го збогатат празничниот спомен со оваа голема светиња, за поткрепа на верните дебрани, се додава во објавата.

Божествената литургија со која ќе чиноначалствува игуменот на Бигорската свештена Обител, епископот г. Партениј, во сослужение со бигорските јеромонаси и архијерејскиот намесник, отец Миле Ангеловски, ќе почне во 8:45 часот.

-Ги покануваме сите верни дебрани и останати празникољупци да земат учество во ова големо торжество и да се поклонат на моштите на светата Параскева, стекнувајќи го нејзиниот штедар благослов, стои во објавата.

Бидејќи празникот е во неработен ден се очекува да присуствуваат и дебрани по потекло, кои живеат во други градови во државава.

Црквата се наоѓа во центарот на градот, во близина на градската болница, изградена е во 14 век, била обновена во 19 век, а реновирана во 1913 година и по катастрофалниот земјотрес, што во ноември 1967 година го погоди градот.

Во дворот на црквата е сместено и седиштето на Дебарската парохија.

The post Со можност за поклонение пред моштите на светителката, ќе се одбележи патронот на црквата „Света Петка“ во Дебар appeared first on Република.

]]>

Дебарските верници в недела ќе го одбележат патронот на црквата „Света Петка“, со можност да се поклонат пред моштите на светителката.
- Црковниот одбор при храмот „Света Петка“ во Дебар има чест со сите да ја сподели радоста за доаѓањето на чесните мошти на светата Параскева во нашиот град, токму на денот на нејзиниот празничен спомен, 27 октомври 2024 лето Господово, објави Одборот.
Моштите ќе бидат поставени за поклонение во дебарскиот храм посветен на светата Параскева уште на самата Утрена богослужба, која ќе започне во 7:30 часот.
-Овие мошти верно се чуваат од страна на Пречистанското сестринство, од  манастирот „Света Богородица – Пречиста“ или Крнински манастир кај Кичево, кое со благослов на нашиот надлежен владика, митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, благоизволија да го збогатат празничниот спомен со оваа голема светиња, за поткрепа на верните дебрани, се додава во објавата.
Божествената литургија со која ќе чиноначалствува игуменот на Бигорската свештена Обител, епископот г. Партениј, во сослужение со бигорските јеромонаси и архијерејскиот намесник, отец Миле Ангеловски, ќе почне во 8:45 часот.
-Ги покануваме сите верни дебрани и останати празникољупци да земат учество во ова големо торжество и да се поклонат на моштите на светата Параскева, стекнувајќи го нејзиниот штедар благослов, стои во објавата.
Бидејќи празникот е во неработен ден се очекува да присуствуваат и дебрани по потекло, кои живеат во други градови во државава. Црквата се наоѓа во центарот на градот, во близина на градската болница, изградена е во 14 век, била обновена во 19 век, а реновирана во 1913 година и по катастрофалниот земјотрес, што во ноември 1967 година го погоди градот. Во дворот на црквата е сместено и седиштето на Дебарската парохија.

The post Со можност за поклонение пред моштите на светителката, ќе се одбележи патронот на црквата „Света Петка“ во Дебар appeared first on Република.

]]>
Пуштени приведените граѓани кои бараа средба со градоначалникот од Врапчиште за црквата Света Петка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pushteni-privedenite-gragani-koi-baraa-sredba-so-gradonachalnikot-od-vrapchishte-za-tsrkvata-sveta-petka/ Tue, 10 Sep 2024 19:47:55 +0000 https://republika.mk/?p=815103

По обидот на десетина граѓани да се сретнат со општинските власти во Врапчиште и да добијат објаснување околу прекинот на работите на уредувањето на дворот околу црквата Св. Петка, полицијата презела мерки и привела две лица. По извршениот разговор во полициската станица, еден од приведените објави фотографија дека околу 20:30 е пуштен на слобода.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информираше дека попладнево околу 18 часот денес во просториите на Општина Врапчиште, каде била присутна поголема група граѓани, две лица се приведени.

Тие се приведени заради тоа што не почитувале наредба од овластено службено лице и агресивно однесување кон полициски службеници. Од страна на СВР Тетово се преземаат мерки за расчистување на случајот, рече за МИА, портпаролот Реџепи.

Тензиите кои се подигнаа околу уредувањето на дворот и околината на црквата Св. Петка која се наоѓа на регионалниот пат што минува низ општина Врапчиште не се смирија и попладнево. Вчера, жители на селото Галате кои иницираа акција за уредување на просторот околу црквата која беше оштетена од пожар во 2001 година, се пожалија дека полицијата по налог на локалната самоуправа ги попречува во намерата и преку полициска интервенција им врши притисок.

Министерството за внатрешни работи, информираше дека вчера постапувајќи по претходна пријава од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште, направен е увид на месноста наречена „топли извори“ (меѓу селата Топлица и Врапчиште) на локацијата на црквата „Света Петка“, каде што, според пријавата се изведувале незаконски градежни работи на црквата.

При увидот полициските службеници разговарале со затекнатите граѓани коишто го чистеле црковниот двор и околината на самиот објект. Притоа не се одземени никакви предмети од затекнатите граѓани, ниту пак е извршено некакво приведување. За настанот е известен надлежен ОЈО, наведува портпаролот Реџепи.

Попладнево, група граѓани ги отстрани лентите кои ги поставил градежниот инспектор и бараа прием кај градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани, но до средба не дојде.

The post Пуштени приведените граѓани кои бараа средба со градоначалникот од Врапчиште за црквата Света Петка appeared first on Република.

]]>

По обидот на десетина граѓани да се сретнат со општинските власти во Врапчиште и да добијат објаснување околу прекинот на работите на уредувањето на дворот околу црквата Св. Петка, полицијата презела мерки и привела две лица. По извршениот разговор во полициската станица, еден од приведените објави фотографија дека околу 20:30 е пуштен на слобода. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информираше дека попладнево околу 18 часот денес во просториите на Општина Врапчиште, каде била присутна поголема група граѓани, две лица се приведени.
Тие се приведени заради тоа што не почитувале наредба од овластено службено лице и агресивно однесување кон полициски службеници. Од страна на СВР Тетово се преземаат мерки за расчистување на случајот, рече за МИА, портпаролот Реџепи.
Тензиите кои се подигнаа околу уредувањето на дворот и околината на црквата Св. Петка која се наоѓа на регионалниот пат што минува низ општина Врапчиште не се смирија и попладнево. Вчера, жители на селото Галате кои иницираа акција за уредување на просторот околу црквата која беше оштетена од пожар во 2001 година, се пожалија дека полицијата по налог на локалната самоуправа ги попречува во намерата и преку полициска интервенција им врши притисок. Министерството за внатрешни работи, информираше дека вчера постапувајќи по претходна пријава од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште, направен е увид на месноста наречена „топли извори“ (меѓу селата Топлица и Врапчиште) на локацијата на црквата „Света Петка“, каде што, според пријавата се изведувале незаконски градежни работи на црквата.
При увидот полициските службеници разговарале со затекнатите граѓани коишто го чистеле црковниот двор и околината на самиот објект. Притоа не се одземени никакви предмети од затекнатите граѓани, ниту пак е извршено некакво приведување. За настанот е известен надлежен ОЈО, наведува портпаролот Реџепи.
Попладнево, група граѓани ги отстрани лентите кои ги поставил градежниот инспектор и бараа прием кај градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани, но до средба не дојде.

The post Пуштени приведените граѓани кои бараа средба со градоначалникот од Врапчиште за црквата Света Петка appeared first on Република.

]]>
Во четврток е Света Петка-Летна, строго се следат два обичаи https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vo-chetvrtok-e-sveta-petka-letna-strogo-se-sledat-dva-obichai/ Mon, 05 Aug 2024 09:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=803450

Православните верници во четврток ја празнувааат летна Света Петка Параскева.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Старите верувале дека овој ден треба да се одвои само за вистинска молитва и дека сè што правите на овој голем ден треба да биде „врзано со небото“. Жените треба да се посветат на молитва и правење добри дела, за здравје и среќа на своите семејства и деца.

Така, не се врши тешка физичка работа, туку мислите и душите се сведуваат на молитва.

Порано жените верувале дека не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за да не им трнат рацете преку цела година.

The post Во четврток е Света Петка-Летна, строго се следат два обичаи appeared first on Република.

]]>

Православните верници во четврток ја празнувааат летна Света Петка Параскева. Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства. Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Старите верувале дека овој ден треба да се одвои само за вистинска молитва и дека сè што правите на овој голем ден треба да биде „врзано со небото“. Жените треба да се посветат на молитва и правење добри дела, за здравје и среќа на своите семејства и деца. Така, не се врши тешка физичка работа, туку мислите и душите се сведуваат на молитва. Порано жените верувале дека не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за да не им трнат рацете преку цела година.

The post Во четврток е Света Петка-Летна, строго се следат два обичаи appeared first on Република.

]]>
В очи на Света Петка вечерва внимавајте на која страна ќе ја свртите главата во текот на спиењето https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/v-ochi-na-sveta-petka-vecherva-vnimavajte-na-koja-strana-ke-ja-svrtite-glavata-vo-tekot-na-spieneto/ Thu, 26 Oct 2023 11:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=695227

Македонската православна црква и нејзините верници утре го слават празникот посветен на преподобната Мајка Параскева – во народот позната како Света Петка.

Во пресрет на овој голем празник, многу е важно да се запазат посебните обичаи, за среќата да ве следи цела година, а Света Петка да биде секогаш со вас.

По вечерата, обично се легнува, се прекрстува три пати и се кажува молитвата:

„Помогај Боже, Света Петко и Света Недела, прости ни ако нешто згрешивме; помогни ми и заштити ме, Боже, од туѓата невидена беда; спаси ме од лоши мисли; Боже дај здравје, добро да спијам, да не сонувам лошо, туку бршлен и босилек; Господе благослови ме со здравје, среќа и напредок за да се сретнеме утре здрави и живи!“

Главата за време на спиењето секогаш се врти кон исток, бидејќи така се тркала. Едната рака се става под главата, а другата е испружена. Секогаш легнете на десната страна, бидејќи така се тркалате. Каде што има деца, собата се разгорува со темјан, да не се плашат децата во сон.

The post В очи на Света Петка вечерва внимавајте на која страна ќе ја свртите главата во текот на спиењето appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква и нејзините верници утре го слават празникот посветен на преподобната Мајка Параскева – во народот позната како Света Петка. Во пресрет на овој голем празник, многу е важно да се запазат посебните обичаи, за среќата да ве следи цела година, а Света Петка да биде секогаш со вас. По вечерата, обично се легнува, се прекрстува три пати и се кажува молитвата: „Помогај Боже, Света Петко и Света Недела, прости ни ако нешто згрешивме; помогни ми и заштити ме, Боже, од туѓата невидена беда; спаси ме од лоши мисли; Боже дај здравје, добро да спијам, да не сонувам лошо, туку бршлен и босилек; Господе благослови ме со здравје, среќа и напредок за да се сретнеме утре здрави и живи!“ Главата за време на спиењето секогаш се врти кон исток, бидејќи така се тркала. Едната рака се става под главата, а другата е испружена. Секогаш легнете на десната страна, бидејќи така се тркалате. Каде што има деца, собата се разгорува со темјан, да не се плашат децата во сон.  

The post В очи на Света Петка вечерва внимавајте на која страна ќе ја свртите главата во текот на спиењето appeared first on Република.

]]>
Денеска е Света Петка – Летна, ден на големи чуда https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-sveta-petka-letna-den-na-golemi-chuda/ Tue, 08 Aug 2023 06:39:18 +0000 https://republika.mk/?p=669815

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули, се празнува летна Света Петка Параскева.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 /14 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.

Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел. Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале со нејзино посредство, многумина ја примиле христијанската вера. Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка во рацете држи чинија во која има очи.

Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого.

Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.

На тој ден се избегнува да се работат тешки работи на нива и дома.

Порано жените верувале дека не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за на жените да не им трнат рацете преку цела година.

The post Денеска е Света Петка – Летна, ден на големи чуда appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули, се празнува летна Света Петка Параскева. Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства. Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 /14 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка. Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел. Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале со нејзино посредство, многумина ја примиле христијанската вера. Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка во рацете држи чинија во која има очи. Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век. На тој ден се избегнува да се работат тешки работи на нива и дома. Порано жените верувале дека не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за на жените да не им трнат рацете преку цела година.

The post Денеска е Света Петка – Летна, ден на големи чуда appeared first on Република.

]]>
Се случуваат чуда: Утре е летна Света Петка https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-sluchuvaat-chuda-utre-e-letna-sveta-petka-eve-shto-treba-da-napravite/ Mon, 07 Aug 2023 13:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=669672

На 8 август се празнува Света Петка – Летна

Во народот позната како света Петка. Неа и е посветена црквата во долниот дел на скопската населба Црниче. Била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград. Родителите и биле имотни и побожни христијани. Таа живела со нив до нивната с*рт, а потоа заминала за Цариград, а оттаму во Јорданската пустина, во денешен Израел, каде се подвизавала во пост и молитва до својата старост. Во староста се вратила во Епиват, каде проживеала уште две години. Се успокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во Романија, во градот Јаши.

Преподобна мајка и чудотворка Параскева

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 /14 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.

Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел. Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале со нејзино посредство, многумина ја примиле христијанската вера. Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка во рацете држи чинија во која има очи.

Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого.

Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.

На тој ден се избегнува да е работата тешки работи на нива и дома.

Порано жените верувале дека на овој ден ден не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за на жените да не им трнат рацете преку цела година.

The post Се случуваат чуда: Утре е летна Света Петка appeared first on Република.

]]>

На 8 август се празнува Света Петка – Летна Во народот позната како света Петка. Неа и е посветена црквата во долниот дел на скопската населба Црниче. Била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград. Родителите и биле имотни и побожни христијани. Таа живела со нив до нивната с*рт, а потоа заминала за Цариград, а оттаму во Јорданската пустина, во денешен Израел, каде се подвизавала во пост и молитва до својата старост. Во староста се вратила во Епиват, каде проживеала уште две години. Се успокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Преподобна мајка и чудотворка Параскева Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства. Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 /14 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка. Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел. Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале со нејзино посредство, многумина ја примиле христијанската вера. Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка во рацете држи чинија во која има очи. Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого. Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век. На тој ден се избегнува да е работата тешки работи на нива и дома. Порано жените верувале дека на овој ден ден не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за на жените да не им трнат рацете преку цела година.  

The post Се случуваат чуда: Утре е летна Света Петка appeared first on Република.

]]>
За многу години Света Петка: Денеска е голем празник кога се случуваат чуда, ни носи љубов и здравје https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/za-mnogu-godini-sveta-petka-deneska-e-golem-praznik-koga-se-sluchuvaat-chuda-ni-nosi-ljubov-i-zdravje/ Thu, 27 Oct 2022 06:38:34 +0000 https://republika.mk/?p=566068

На 27 октомври, православната црква и нејзините верници го слават денот на преподобната мајка Параскева – Света Петка, заштитничка на жените и светица која им помага на болните и сиромашните.

Култот на Света Петка се негува со векови во Југоисточна Европа, и го почитуваат и некои нехристијански народи на истокот. Верниците се молат за помош и спас од болести и други животни неволји. Денот на нејзиното упокојување е обележан со задебелена црна боја во календарот и претставува не само голем христијански празник, туку и еден од најчестите празници за крштевање, а многу верници ја сметаат за нејзина заштитничка (особено жени, деца и стари лица) и ја слават како прослава.

Таа потекнувала од богато и побожно семејство. Таа имала брат, чие име беше Јевтимије, кој се замонашил на многу рана возраст, а подоцна станал епископ на Мадита. Дури и како мало девојче, кога одела со мајка си во црква, била многу побожна. По смртта на нејзините родители го напуштила домот на своите родители и заминала во Цариград, каде што се замонашила во црквата Света Софија, а потоа заминала во Јордан.

Покрај храмовите на Света Петка, често има извори на лековита вода што ја земаат луѓето, верувајќи дека тоа ќе ги залечи нивните рани и ќе ги заштити од болести.

Параскева е родена во Епиват, во близина на градот Каликратија во Мала Азија, на крајот на десеттиот или почетокот на 11 век. Традицијата вели дека ангел и се појавил во сон и ја испратил во нејзината татковина да ја шири верата Христова.

Народните верувања велат дека на овој ден не треба да се пере облека, да се шие, да се работи напорна работа, особено жените не треба да го прават тоа.

На Света Петка се случиле големи чуда. Многу болни оздравиле. Затоа луѓето со здравствени проблеми го чекаат овој празник, верувајќи дека Св. Петка ќе им помогне.

Преподобната мајка Параскева ги теши и ги смирува верниците ако и покажат почит и ја посетат нејзината црква. Понекогаш им носи вести за лекување, но исто така делува и како гласник за пропаста.

Оваа светица се појавува и ги предупредува своите верници главно преку соништата. На нејзиниот ден, 27 октомври, многумина повикуваат на помош, палејќи темјан и заливајќи црвено вино на славски леб, споменувајќи ја во молитвите. Потоа ја пијат водата собрана од изворот во близина на манастирите посветени на неа.

The post За многу години Света Петка: Денеска е голем празник кога се случуваат чуда, ни носи љубов и здравје appeared first on Република.

]]>

На 27 октомври, православната црква и нејзините верници го слават денот на преподобната мајка Параскева – Света Петка, заштитничка на жените и светица која им помага на болните и сиромашните. Култот на Света Петка се негува со векови во Југоисточна Европа, и го почитуваат и некои нехристијански народи на истокот. Верниците се молат за помош и спас од болести и други животни неволји. Денот на нејзиното упокојување е обележан со задебелена црна боја во календарот и претставува не само голем христијански празник, туку и еден од најчестите празници за крштевање, а многу верници ја сметаат за нејзина заштитничка (особено жени, деца и стари лица) и ја слават како прослава. Таа потекнувала од богато и побожно семејство. Таа имала брат, чие име беше Јевтимије, кој се замонашил на многу рана возраст, а подоцна станал епископ на Мадита. Дури и како мало девојче, кога одела со мајка си во црква, била многу побожна. По смртта на нејзините родители го напуштила домот на своите родители и заминала во Цариград, каде што се замонашила во црквата Света Софија, а потоа заминала во Јордан. Покрај храмовите на Света Петка, често има извори на лековита вода што ја земаат луѓето, верувајќи дека тоа ќе ги залечи нивните рани и ќе ги заштити од болести. Параскева е родена во Епиват, во близина на градот Каликратија во Мала Азија, на крајот на десеттиот или почетокот на 11 век. Традицијата вели дека ангел и се појавил во сон и ја испратил во нејзината татковина да ја шири верата Христова. Народните верувања велат дека на овој ден не треба да се пере облека, да се шие, да се работи напорна работа, особено жените не треба да го прават тоа. На Света Петка се случиле големи чуда. Многу болни оздравиле. Затоа луѓето со здравствени проблеми го чекаат овој празник, верувајќи дека Св. Петка ќе им помогне. Преподобната мајка Параскева ги теши и ги смирува верниците ако и покажат почит и ја посетат нејзината црква. Понекогаш им носи вести за лекување, но исто така делува и како гласник за пропаста. Оваа светица се појавува и ги предупредува своите верници главно преку соништата. На нејзиниот ден, 27 октомври, многумина повикуваат на помош, палејќи темјан и заливајќи црвено вино на славски леб, споменувајќи ја во молитвите. Потоа ја пијат водата собрана од изворот во близина на манастирите посветени на неа.

The post За многу години Света Петка: Денеска е голем празник кога се случуваат чуда, ни носи љубов и здравје appeared first on Република.

]]>
Утре е Света Петка: Вечерва е многу важно на која страна ќе ја свртите главата во текот на спиењето https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/utre-e-sveta-petka-vecherva-e-mnogu-vazno-na-koja-strana-kje-ja-svrtite-glavata-vo-tekot-na-spienjeto/ Wed, 26 Oct 2022 14:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=565996

Македонската православна црква и нејзините верници утре го слават празникот посветен на преподобната Мајка Параскева – во народот позната како Света Петка.

Во пресрет на овој голем празник, многу е важно да се запазат посебните обичаи, за среќата да ве следи цела година, а Света Петка да биде секогаш со вас.

По вечерата, обично се легнува, се прекрстува три пати и се кажува молитвата:

„Помогај Боже, Света Петко и Света Недела, прости ни ако нешто згрешивме; помогни ми и заштити ме, Боже, од туѓата невидена беда; спаси ме од лоши мисли; Боже дај здравје, добро да спијам, да не сонувам лошо, туку бршлен и босилек; Господе благослови ме со здравје, среќа и напредок за да се сретнеме утре здрави и живи!“

Главата за време на спиењето секогаш се врти кон исток, бидејќи така се тркала. Едната рака се става под главата, а другата е испружена. Секогаш легнете на десната страна, бидејќи така се тркалате. Каде што има деца, собата се разгорува со темјан, да не се плашат децата во сон.

The post Утре е Света Петка: Вечерва е многу важно на која страна ќе ја свртите главата во текот на спиењето appeared first on Република.