свештеници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveshtenici/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Oct 2023 16:33:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png свештеници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sveshtenici/ 32 32 Во Шпанија свештеници злоставувале над 200.000 малолетници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-shpanija-sveshtenitsi-zlostavuvale-nad-200-000-maloletnitsi/ Fri, 27 Oct 2023 16:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=695670

Повеќе од 200.000 малолетници најверојатно биле жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештениците во Шпанија, се наведува во извештајот на независната истражна комисија за злосторства врз деца во Католичката црква.

Во извештајот не е наведена точната бројка, но содржи анкета спроведена меѓу повеќе од 8.000 луѓе на барање на комисијата, која покажува дека 0,6 отсто од возрасните Шпанци (речиси 39 милиони луѓе) изјавиле дека биле сексуално злоупотребувани од свештеници кога биле малолетни. Дополнително, нешто помал број Шпанци (0,53 проценти) изјавиле дека како деца биле сексуално злоставувани од лаици кои работеле во верски институции.

Извештајот се однесува на период од 70-тите години на минатиот век до денес.

Шпанија, земја со силна католичка традиција, досега немаше спроведено независна истрага за разлика од Франција, Германија, Ирска и САД.

The post Во Шпанија свештеници злоставувале над 200.000 малолетници appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 200.000 малолетници најверојатно биле жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештениците во Шпанија, се наведува во извештајот на независната истражна комисија за злосторства врз деца во Католичката црква. Во извештајот не е наведена точната бројка, но содржи анкета спроведена меѓу повеќе од 8.000 луѓе на барање на комисијата, која покажува дека 0,6 отсто од возрасните Шпанци (речиси 39 милиони луѓе) изјавиле дека биле сексуално злоупотребувани од свештеници кога биле малолетни. Дополнително, нешто помал број Шпанци (0,53 проценти) изјавиле дека како деца биле сексуално злоставувани од лаици кои работеле во верски институции. Извештајот се однесува на период од 70-тите години на минатиот век до денес. Шпанија, земја со силна католичка традиција, досега немаше спроведено независна истрага за разлика од Франција, Германија, Ирска и САД.

The post Во Шпанија свештеници злоставувале над 200.000 малолетници appeared first on Република.

]]>
Католички свештеници во Полска се забавувале со машка проститутка https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/katolichki-sveshtenitsi-vo-polska-se-zabavuvale-so-mashka-prostitutka/ Mon, 02 Oct 2023 09:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=687030

Скандал ја потресува Католичката црква во Полска откако минатата недела во градот Даброва Горница свештенците организирале „секс забава“ со машка проститутка.

„Газета Виборча“ објави дека „забавата излегла од контрола и машката проститутка изгубила свест“, поради што била повикана брза помош, но кога пристигнале болничарите, им било забрането да влезат во просториите. Болничарите потоа наводно повикале полиција, која им помогнала да стигнат до човекот кој бил бессознание.

Портпаролот на локалното обвинителство за весникот изјави дека е почната истрага за евентуално не укажување помош на лице чие здравје е загрозено, што е кривично дело казниво до три години затвор.

Настаните потоа добија дополнителен драматичен пресврт кога маж ги запали вратите на базиликата во парохијата каде што се случи инцидентот. Пожарникарите го изгаснале пожарот и нема повредени. Полицијата подоцна приведе маж осомничен за подметнување на пожар.

Локалната католичка курија потврди дека имало инцидент, како и оти е формирана комисија која итно ќе објасни што се случило. Куријата посочи и дека „досегашните наоди на комисијата се разликуваат од информациите објавени во некои медиуми“.

The post Католички свештеници во Полска се забавувале со машка проститутка appeared first on Република.

]]>

Скандал ја потресува Католичката црква во Полска откако минатата недела во градот Даброва Горница свештенците организирале „секс забава“ со машка проститутка. „Газета Виборча“ објави дека „забавата излегла од контрола и машката проститутка изгубила свест“, поради што била повикана брза помош, но кога пристигнале болничарите, им било забрането да влезат во просториите. Болничарите потоа наводно повикале полиција, која им помогнала да стигнат до човекот кој бил бессознание. Портпаролот на локалното обвинителство за весникот изјави дека е почната истрага за евентуално не укажување помош на лице чие здравје е загрозено, што е кривично дело казниво до три години затвор. Настаните потоа добија дополнителен драматичен пресврт кога маж ги запали вратите на базиликата во парохијата каде што се случи инцидентот. Пожарникарите го изгаснале пожарот и нема повредени. Полицијата подоцна приведе маж осомничен за подметнување на пожар. Локалната католичка курија потврди дека имало инцидент, како и оти е формирана комисија која итно ќе објасни што се случило. Куријата посочи и дека „досегашните наоди на комисијата се разликуваат од информациите објавени во некои медиуми“.

The post Католички свештеници во Полска се забавувале со машка проститутка appeared first on Република.

]]>
Над 150 свештеници од надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребиле повеќе од 600 деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nad-150-sveshtenitsi-od-nadbiskupijata-vo-baltimor-seksualno-zloupotrebile-poveke-od-600-detsa/ Thu, 06 Apr 2023 12:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=627975

Повеќе од 150 католички свештеници поврзани со надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребувале над 600 деца и главно не биле повикани на одговорност за злосторството, се наведува во вчера објавениот државниот извештај, со што се открива обемот на злоупотребата во период од 80 години.

Извештајот содржи сериозни обвинувања против надбискупијата, најстарата римокатоличка епархија во САД, која има ингеренции во поголемиот дел од сојузната држава Мериленд. Во некои парохии, училишта и заедници имало неколку активни насилници во исто време. На пример, 11 насилници живееле и работеле во парохијата Свети Марко во Катонсвил помеѓу 1964 и 2004 година. Еден ѓакон признал дека злоупотребувал повеќе од 100 деца.

Балтиморскиот архиепископ Вилијам Лори им се извини на жртвите и рече дека извештајот „опишува историја на надбискупијата, што треба да се осуди; време кое нема да се занемари, игнорира или заборави“.

Мрежата на жртви на злоупотребата од страна на свештениците, позната како СНАП, истакна дека во извештајот се наведени повеќе имиња на злоупотребувачи отколку што биле јавно објавени од страна на претставници на надбискупијата. Организацијата го повика архиепископот да ја објасни недоследноста.

Во извештајот, исто така, се наведува дека претставниците на Католичката црква повеќе биле фокусирани на прикривање на злоупотребата наместо на заштита на жртвите. Во некои ситуации, жртвите пријавиле злоупотреба на свештеници кои и самите биле насилници.

Во извештајот, од речиси 500 страници, наведени се бројни примери на црковни власти кои ги штитат обвинетите свештеници, на пример, дозволувајќи им да се пензионираат предвремено или да се префрлат во други парохии.

Во 1964 година, отец Лоренс Брет призна дека сексуално злоупотребувал тинејџер на католички универзитет во Конектикат. Тој беше испратен во Ново Мексико под маската на лекување од хепатитис, а потоа во Сакраменто каде друг тинејџер пријавил дека бил малтретиран од Брет. Подоцна бил префрлен во Балтимор каде служел како капелан во католичко средно училиште за момчиња и малтретирал повеќе од 20 деца. Откако беше обвинет за малтретирање од неколку студенти во 1973 година, на Брет му беше дозволено да ја напушти функцијата под изговор дека се грижи за својата болна тетка. Училишните службеници не ја пријавиле злоупотребата кај властите. Тој никогаш не се соочи со кривична пријава и почина во 2010 година.

 

The post Над 150 свештеници од надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребиле повеќе од 600 деца appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 150 католички свештеници поврзани со надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребувале над 600 деца и главно не биле повикани на одговорност за злосторството, се наведува во вчера објавениот државниот извештај, со што се открива обемот на злоупотребата во период од 80 години. Извештајот содржи сериозни обвинувања против надбискупијата, најстарата римокатоличка епархија во САД, која има ингеренции во поголемиот дел од сојузната држава Мериленд. Во некои парохии, училишта и заедници имало неколку активни насилници во исто време. На пример, 11 насилници живееле и работеле во парохијата Свети Марко во Катонсвил помеѓу 1964 и 2004 година. Еден ѓакон признал дека злоупотребувал повеќе од 100 деца. Балтиморскиот архиепископ Вилијам Лори им се извини на жртвите и рече дека извештајот „опишува историја на надбискупијата, што треба да се осуди; време кое нема да се занемари, игнорира или заборави“. Мрежата на жртви на злоупотребата од страна на свештениците, позната како СНАП, истакна дека во извештајот се наведени повеќе имиња на злоупотребувачи отколку што биле јавно објавени од страна на претставници на надбискупијата. Организацијата го повика архиепископот да ја објасни недоследноста. Во извештајот, исто така, се наведува дека претставниците на Католичката црква повеќе биле фокусирани на прикривање на злоупотребата наместо на заштита на жртвите. Во некои ситуации, жртвите пријавиле злоупотреба на свештеници кои и самите биле насилници. Во извештајот, од речиси 500 страници, наведени се бројни примери на црковни власти кои ги штитат обвинетите свештеници, на пример, дозволувајќи им да се пензионираат предвремено или да се префрлат во други парохии. Во 1964 година, отец Лоренс Брет призна дека сексуално злоупотребувал тинејџер на католички универзитет во Конектикат. Тој беше испратен во Ново Мексико под маската на лекување од хепатитис, а потоа во Сакраменто каде друг тинејџер пријавил дека бил малтретиран од Брет. Подоцна бил префрлен во Балтимор каде служел како капелан во католичко средно училиште за момчиња и малтретирал повеќе од 20 деца. Откако беше обвинет за малтретирање од неколку студенти во 1973 година, на Брет му беше дозволено да ја напушти функцијата под изговор дека се грижи за својата болна тетка. Училишните службеници не ја пријавиле злоупотребата кај властите. Тој никогаш не се соочи со кривична пријава и почина во 2010 година.  

The post Над 150 свештеници од надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребиле повеќе од 600 деца appeared first on Република.

]]>
Најавена суспензија, па разрешување на невакцинираните свештеници на Кипар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/najavena-suspenzija-pa-razreshuvanje-na-nevakciniranite-sveshtenici-na-kipar/ Mon, 31 Jan 2022 10:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=451874

Поглаварот на Кипарската православна црква вчера најави дека ќе суспендира десетина свештеници од неговата епархија бидејќи одбиле да го послушаат неговиот повик да се вакцинираат против Ковид-19. Архиепископот Хрисостомос Втори во интервју за државната телевизија „CyBC“ изјави дека повеќето од свештениците се теолози кои принудиле дел од верниците да не се вакцинираат.

Тој ја нарече непослушноста на свештенството „нечуено“ и предупреди дека суспензиите може да бидат продолжени за шест месеци или да доведат до разрешување на свештениците.

Тој предложи некои од невакцинираните свештеници се охрабрени да му пркосат поради неговата лоша здравствена состојба.

Архиепископот Хрисoстомос II гласно ја поддржа вакцинацијата за сите верници, а највисокото црковно одлучувачко тело Светиот синод упати јасен апел до народот за вакцинација.

Бројот на новозаразени лица на Кипар се намалува во последните неколку недели, но сè уште е висок, како и бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19, а здравствените власти тврдат дека системот не е загрозен, наведува АП.

Во јануари беше забележан вториот најголем број на смртни случаи поврзани со коронавирус на Кипар.

The post Најавена суспензија, па разрешување на невакцинираните свештеници на Кипар appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Кипарската православна црква вчера најави дека ќе суспендира десетина свештеници од неговата епархија бидејќи одбиле да го послушаат неговиот повик да се вакцинираат против Ковид-19. Архиепископот Хрисостомос Втори во интервју за државната телевизија „CyBC“ изјави дека повеќето од свештениците се теолози кои принудиле дел од верниците да не се вакцинираат. Тој ја нарече непослушноста на свештенството „нечуено“ и предупреди дека суспензиите може да бидат продолжени за шест месеци или да доведат до разрешување на свештениците.
Тој предложи некои од невакцинираните свештеници се охрабрени да му пркосат поради неговата лоша здравствена состојба. Архиепископот Хрисoстомос II гласно ја поддржа вакцинацијата за сите верници, а највисокото црковно одлучувачко тело Светиот синод упати јасен апел до народот за вакцинација. Бројот на новозаразени лица на Кипар се намалува во последните неколку недели, но сè уште е висок, како и бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19, а здравствените власти тврдат дека системот не е загрозен, наведува АП. Во јануари беше забележан вториот најголем број на смртни случаи поврзани со коронавирус на Кипар.

The post Најавена суспензија, па разрешување на невакцинираните свештеници на Кипар appeared first on Република.

]]>